Изгледот на ноктите е многу важен за една дама. Не мора да се долги или впечатливо излакирани – најважно е да се средени. Наместо да давате пари по козметички салони, еве совети за тоа како да си направите совршен маникир во домашни услови.rnrn
rn
Соберете ги сите потребни алатки
rnНајважно е да бидете организирани. Најдете широка и рамна површина каде ќе го правите вашиот маникир (како вашата работна масичка на пример), и соберете ги сите потребни материјали. Клучно е да ги имате на дофат за да не си го уништите маникирот барајќи нешто што ви е потребно за следниот чекор.rn
Еве што ќе ви биде потребно:
rn
rn011
- Сапун
rn011
- Четка за нокти
rn011
- Малечка крпа (која ќе ја употребувате само кога правите маникир)
rn011
- Отстранувач на лак за нокти или ацетон
rn011
- Четка со накосен врв
rn011
- Парчиња памук
rn011
- Турпија за нокти
rn011
- Гел за омекнување кутикули
rn011
- Алатка за отстранување кутикули
rn011
- Лосион за раце
rn011
- Основа за лак за нокти
rn011
- Лак/ови во боја
rn011
- Лак за сјај на ноктите (за давање сјај може да се користи проѕирен лак)
rn
rn
rn
Чекор 1
rnОтстранете го лакот кој претходно сте го нанеле на вашите нокти. Доколку бил потемен користете отстранувач на лак кој содржи повеќе ацетон. Не заборавајте целосно да ги избришете вашите нокти, особено обрнувајќи внимание на каревите. Потоа добро измијте ги со сапун, а доколку имате време пожелно е да си направите некаква купка или пилинг за дланките. Додека ги миете дланките, искористете ја четката за нокти и добро протријте ги. Така ќе омекнат и кутикулите и ќе ви биде полесно подоцна да ги отстраните. Откако ноктите се совршено чисти, преминуваме на следниот чекор.rnrn
rn
Чекор 2
rnСредете ги вашите нокти да бидат еднакви по големина. Доколку еден ви се скршил, скратете ги и останатите. Нееднаквата должина не остава убав впечаток колку и маникирот да е добар. Добро истурпирајте ги ноктите по краевите, врвовите и површината. Имајте трпение. Потоа одлучете каква форма ќе им дадете, дали ќе бидат прави, заоблени или заострени на врвовите. Доколку ноктите ви се кршливи, подобро направете го маникирот на сосема кратки нокти. Никој не вели дека кратките нокти не се женствени и слатки, напротив.rn
Чекор 3
rnОткако сте задоволни со должината на ноктите, време е да ги отстраните кутикулите кои не се пожелна појава. Најпрво нанесете гел за омекнување кутикули на едната рака. Почекајте да се впие и отстранете ги со алатка. Избришете ги добро прстите со помош на малечка крпа, а потоа повторете ја оваа постапка на другата рака. Овој чекор не е неопходен секогаш кога правите маникир, туку еднаш или два пати месечно. Измијте ги рацете и нанесете лосион или крем за раце. Нанесете го и добро размачкајте за да се впие во кожата.rnrn
rn
Чекор 4
rnНанесете ја основата за лак за нокти. Пожелно е да одберете некоја со состојки за зацврстување на ноктите. Прво излакирајте ја левата рака, па потоа десната. Не чекајте лакот кој го нанесовте како основа да се исуши сосема, нема потреба. Плус, секако ваквите козметички препарати не бараат долго време за сушење, па вака заштедувате време.rnrnНанесете прво еден тенок слој од лакот во боја кој сте го одбрале. Бидете внимателни, колку помалку неред правите, толку помалку време ќе ви биде потребно за средување подоцна. Не лакирајте ја целата површина на ноктите, избегнувајте ги краевите.rnrnНанесете еден слој на левата рака, па еден слој на десната. Потоа нанесете го вториот слој на ноктите од левата рака. Нанесувајте тенки слоеви и не брзајте. За добар маникир секогаш е потребно внимание и време. Не заборавајте дека секогаш е полесно да се додаде отколку да се одземе. Нанесете уште еден слој доколку сакате бојата да ви биде потемна, но не претерувајте со нанесување.rnrn
rn
Чекор 5
rnСега е време да се среди нередот околу ноктите. Земете ја алатката и внимателно поминете по површината на кожата околу ноктите за да го отстраните лакот кој е таму каде не му е местото. Потоа земете ја четката и внимателно натопете ја во ацетон. Поминете по внатрешните краеви на ноктите.rn
Чекор 6
rnНанесете проѕирен лак за сјај на ноктите и чекајте подолго време за целосно да се исушат ноктите. Не би сакале да се размачкате или да оставите дел од вашиот лак по облеката или предметите околу вас. Откако целосно ќе се исушат ноктите, измијте ги рацете и нанесете лосион. Пожелно е да употребите некое од бебешките масла за подобар ефект и помека кожа.rnrnТоа е тоа, вашиот маникир е готов, а вашите нокти изгледаат совршено. Никој не би помислил дека сте го направиле тоа вие – непрофесионалец во ова поле и тоа во домашни услови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.