КАФЕ ПАУЗА

Tag: чекори

  • 8-те чекори до среќата за кои никој нема да ви каже

    8-те чекори до среќата за кои никој нема да ви каже

    Уште од мали нè учат дека за да ја достигнеме среќата треба да најдеме добра работа, да имаме наш дом, да најдеме партнер и да основаме семејство. Проблемот е што дури и откако ќе го направите сето ова, можно е да чувствувате како нешто да ви недостасува. Уште полошо е што ова се претвора во фрустрација, па ги повредувате нашите најдраги.rnrn8-те чекори до среќата за кои никој нема да ви кажеrnrnВо реалноста, среќата не функционира како што нè учеле. Сепак, сме ги добивале овие лекции од луѓе кои и самите не биле среќни. Па како да ја пронајдете вистинската среќа? За таа цел потребно е да ги имате на ум следниве нешта.rn

    1. Престанете да ја барате среќата во иднината и побарајте ја во сегашниот миг

    rnКако што растеме, се убедуваме дека има некаков магичен сад со среќа на крајот од нашиот пат. Проблемот е што патот е всушност бескраен лавиринт кој ве убедува дека сте стигнале некаде, иако ова не е вистина. Нема да најдете среќа ако постојано гледате кон иднината. Се разбира важно е да ја испланирате, но потребно е и да се приземјите во сегашниот момент. Колку повеќе ќе го правите тоа, ќе откривате секакви нешта што ќе ви причинуваат радост. Најчесто ова се мали нешта што воопшто не сте ги забележувале поради тоа што вашиот фокус бил насочен само кон иднината.rn

    2. Направете ја среќата постојан труд

    rnМногу луѓе веруваат дека среќата е нешто што штом ќе го најдете еднаш, ќе го имате засекогаш. Но ова не е вистина. Ова недоразбирање потекнува најмногу од мислењето дека среќата е предмет. Среќата е состојба, а не предмет или нешто надвор од вас. Среќата секогаш постои во вас како потенцијал, па вие сте тие што треба секојдневно да ја потхранувате. Вежбањето, здравата исхрана и одржувањето на здравите врски се некои од начините да го направите ова.rn

    3. Најдете ја вашата страст и следете ја со целото срце

    rnМожеби ова звучи очигледно, но сигурно никој не ви кажал колку е важно додека сте растеле. Кога следите нешто за коешто сте страсни, вашиот живот има значење и цели кои се заразни. Како што се подобрувате во вашата област, ќе се исполните со енергија која ќе направи да се чувствувате моќно. Па запрашајте се уште денес што навистина сакате и барајте го тоа.rn

    4. Направете сè што е во ваша моќ за да ги одржите силните врски со саканите

    rnСигурно веќе знаете дека врските се важни. Но малкумина кои веруваат во ова ги негуваат нивните врски. Како повеќето да мислат дека важните врски сами ќе се одржуваат. Ова верување кога-тогаш ќе ве повреди. За врските е потребна работа. Потребно е да помислувате на другата личност одвреме-навреме. Да се осигурите дека е ценета и да понудите поддршка доколку има потреба од тоа. Едноставно, одржувањето на силните врски бара огромен напор од двете страни и понекогаш можеби ќе треба да се присилувате да направите нешто. Но штом ќе видите каква разлика сте направиле, и вие и саканата личност ќе бидете многу посреќни.rn

    5. Соочете се со вашите демони

    rnПовеќето луѓе имаат навика да ги тргаат настрана, или да се кријат од нивните проблеми. За ова има многу причини и без разлика која е вашата, ова однесување само ќе ви предизвика болка. За да бидете среќни, потребно е да се соочите со овие демони. Најчесто ова значи да се соочите со вашиот внатрешен дијалог. Како што минува животот, вашите искуства влијаат на вашите верувања кои ги имате за себе. Овој дијалог има влијание на сè што правите во текот на денот и може или да ве направи среќни и успешни, или несреќни и обесхрабрени. Секој ден одвојувајте време за себе и слушајте ги вашите мисли. Бидете добри кон себе и престанете да се уништувате со вашите мисли.rn

    6. Бидете свесни за лажната среќа што ја предизвикуваат материјалните нешта

    rnЧесто купуваме нешта за да се усреќиме и ова е успешно, но само привремено. Новите нешта се возбудливи на почетокот, но потоа се прилагодуваме на нив. Среќата од материјалните нешта може да биде навистина опасна илузија и секогаш ќе ви треба повеќе за да се почувствувате добро. Ова предизвикува нездраво однесување каде што постојано ја барате следната доза.rnrnНормално, ако сте пораснале во посиромашна околина ќе бидете среќни кога ќе можете да си овозможувате работи што никогаш сте ги немале. Но немојте да се задоволите со материјалните нешта. Продолжете подлабоко да ја барате среќата штом ќе ја задоволите таа потреба.rn

    7. Престанете да се споредувате со другите

    rnСпоредувањето често создава целосно нереални и недостижни стандарди кои не ви дозволуваат да ја почувствувате среќата. Секој човек е различен и ако некој може да направи нешто и да биде негде, можеби вие сè уште не можете да го направите тоа. Причината не е бидејќи немате таленти или вештини, туку затоа што сте едноставно различни.rnrnНа почетокот на некој подвиг, копирањето на понапредните и поуспешните луѓе може да биде продуктивно. Но, набрзо потоа треба да почнете да го градите вашиот пат и да престанете да ја бркате нереалната ментална слика на другите.rn

    8. Создајте визија за вашиот живот и најдете ја среќата по пат

    rnСоздавањето визија му дава смисла на вашиот живот. Ова значи да го создадете оптималното опкружување за култивирање на среќата во сегашноста, додека работите и се движите кон идните цели. Вака ќе го добиете најдобриот подарок – среќа во текот на самиот процес. Кога постојано напредувате и се подобрувате, ќе се чувствувате одлично и вашиот живот ќе има смисла. Не заборавајте го најважното нешто – среќата зависи од тоа како живеете сега, а не од нешто што ќе го добиете во иднина.rnrnПробајте ја и оваа вежба од 3 чекори која ќе ви даде храброст да го промените вашиот живот.

  • Во само 7 чекори трансформирајте се од тивок интроверт во бестрашен лидер

    Во само 7 чекори трансформирајте се од тивок интроверт во бестрашен лидер

    Интровертите тешки се гледаат самите себеси на лидерски положби. Тие сакаат да бидат опкружени со луѓе кои ги познаваат, ги избегнуваат гужвите и интеракцијата со голем број личности, односно самотијата воопшто не им пречи. Но, важно е интровертните личности да сфатат дека и тие може да бидат одлични лидери. Ова животно патување можеби изгледа тешко, но не е невозможно.rnrn1-i-toa-e-mozhno-7-chekori-so-koi-introvertnata-lichnost-stanuva-odlichen-lider-www.kafepauza.mk_rn

    1. Подобрете ја комуникацијата „еден на еден“

    rnПовеќето интровертни личности всушност добро функционираат во комуникацијата „еден на еден“. Затоа добра идеја е да продолжите на развивањето на таа вештина за да ја усовршите. Ваквиот вид комуникација бара внимателно слушање и активно учество во разговорот, што ќе ве направи уште подобар лидер.rn

    2. Вежбајте водење разговор со луѓето

    rnМожете да се опуштите додека разговарате со луѓето кои ги познавате, но многу ретко вие сте иницијатор на тој разговор. Токму една од најголемите слабости на интровертните личности е тоа што не преземаат иницијатива. Тоа треба да сакате да го промените, па затоа први обратете се на некого и започнете разговор.rnrnКога сте веќе на некоја лидерска позиција, прашајте ги колегите за нивните идеи, иницирајте разговори, информирајте ги за идните цели и работен напредок. Во почетокот тоа нема да оди лесно, но со време и пракса ќе станете многу подобри.rnrn2-i-toa-e-mozhno-7-chekori-so-koi-introvertnata-lichnost-stanuva-odlichen-lider-www.kafepauza.mk_rn

    3. Напуштете ја вашата удобна зона

    rnДобриот лидер не се плаши да ризикува, а поимот „удобна зона“ не е термин со кој таквата личност се поврзува. Поставете си предизвици, немојте да се плашите да бидете во прв план, бидејќи е подобро што е можно порано да се запознаете со сето она што се наоѓа надвор од вашата удобна зона.rnrnИсто така, однесувајте се како да сте најсамоуверената личност во просторијата. Запрашајте се како би се однесувал екстровертот во одредена ситуација и не покажувајте сомневање во себе. Особено не тогаш кога треба да зборувате пред голем број луѓе.rn

    4. Потпрете се на технологијата

    rnАко сте како повеќето интроверти, тогаш со задоволство избирате праќање електронска пошта. Телефонирањето и разговорите лице во лице не ви се претерано омилен начин на комуницирање, и тоа е во ред. Затоа кога ќе имате шанса, можете да изберете онлајн платформа за да комуницирате со колегите.rn

    5. Наполнете ги вашите батерии

    rnЗа разлика од екстровертите, контактот со други луѓе за вас може да биде и тоа како исцрпувачки. После неколку часа дружење и постојано комуницирање потребен ви е вашиот личен простор. Немојте да се плашите да искористите неколку часа дневно за да се одморите и да се посветите исклучително на себе. Рамнотежата во овој случај се од голема важност.rnrnhappy young woman relax at home on sofarn

    6. Поделете ги вашите очекувања

    rnПовеќето луѓе не се навикнати да работат со интровертни лидери. Тие очекуваат лидер кој постојано ќе им дава совети и упатства. Затоа не сакате да ги изненадите колегите со тивок пристап. Едноставно секому кажувајте ги вашите очекувања, но кажете им и што тие може да очекуваат од вас како лидер.rn

    7. Прифатете дека сочувствителноста е вашата најголема сила

    rnСпособни сте да го видите и разберете она што ги мачи другите луѓе. Токму сочувствителноста е вашата најголема сила и предност. Можете да ги сфатите ставовите на сите личности кои се нашле во конфликт и можете да препознаете кога некому му е потребно охрабрување. Сочувстивителноста секако треба да биде дел од вашите лидерски вештини.rnrnОддалечувањето и оградувањето од конфликти не е нешто што лидерот може да си го дозволи. Искористете ја вашата сочувствителност, потпрете се на вашиот здрав разум, анализирајте ја ситуацијата и предложете правилно решение со кое сите ќе бидат задоволни.rnrnВажно е да запомните дека тоа што сте интровертни не смее да ве спречи да станете добар лидер.rnrnПовлеченоста има свои предности, а еве зошто интровертите се „погласни“ од останатите.

  • Станете подобра личност во 2 едноставни чекори

    Станете подобра личност во 2 едноставни чекори

    Понекогаш работењето на себе може да биде навистина тешко. Можеби сте сакале да имате поголема самодоверба на социјалните настани, но 3 години и 100 книги подоцна вие се наоѓате во „дупка“ и се прашувате како да ја пронајдете целта на вашиот живот. Па вашата самодоверба повеќе не е единствениот проблем. Сега почнувате да се грижите за вашето здравје, активност, духовност, продуктивност, професионален успех, среќа, интегритет… и листата продолжува до бескрај.rnrnstanete-podobra-lichnost-vo-2-ednostavni-chekori-kafepauza.mkrnrnПрво, поставете си го прашањето: „Зарем нема да биде добро работењето на себе повторно да стане едноставно?“rnrnОдговорот на прашањето е: „Да“. Овие 2 чекори ќе ви помогнат во тоа.rn

    Прв чекор: Поставете си 2 едноставни прашања

    rnЦелта на првиот чекор е да направите рефлексија на вашиот живот. Нема потреба да се затворите во соба и цела година да медитирате. Има поедноставен начин. Поставете си ги следниве прашања:rn

      rn011

    • Што е во ред во мојот живот?
    • rn011

    • Што не е во ред во мојот живот?
    • rn

    rnКога ќе ги одговарате, опфатете ја секоја област од вашиот живот – работа, врски, здравје, семејство… Можете да побарате и совет од пријател, или едноставно да ги запишете одговорите. Штом добро ќе размислите за овие прашања, дајте си признание за работите кои се во ред во вашиот живот. Таму не треба да подобрувате ништо.rnrnЗа работите кои не ви одат по план, одберете неколку кои најмногу ве иритираат и направете листа, како оваа:rn

      rn011

    • Сакам да вежбам повеќе, но сакам и да се дружам со пријателите.
    • rn011

    • Премногу се расправам со момчето за тривијални работи, а не знам зошто.
    • rn

    rnОткако ќе го направите ова, подготвени сте за вториот чекор.rn

    Втор чекор: Поправете го она што не ви се допаѓа

    rnСега е време да ја разгледате листата и да барате решение. Во зависност од проблемот, можете да се соочите со 2 сценарија.rn

    Прво сценарио: Ова е лесно, знам како да го средам!

    rnМожеби по некое време ќе сфатите дека пријателите се приоритет, додека вежбањето е непотребно зло. Одењето до теретаната ви одзема многу време, па нема кога да се видите со пријателите. Можеби ќе одлучите да вежбате дома наместо да одите во теретана. На овој начин ќе имате време и за пријателите и за вежбање.rn

    Второ сценарио: Ова е комплицирано. Не знам што да правам!

    rnСте се расправале со момчето за неважни работи, но не знаете што го предизвикува ова. Можеби е време да направите мало истражување. Почнете да учите за оваа тема (или за проблемот кој го имате вие). Разговарајте со некого, читајте книги, гледајте видеа… Иако ова не ви гарантира дека веднаш ќе го решите проблемот, големи се шансите да ја откриете причината.

  • Процес од 3 чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуиција

    Процес од 3 чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуиција

    Иако некогаш сте се чувствувале засрамени кога некој ќе ве „фати“ дека зборувате самите со себе, што најчесто се поврзува со „лудост“, сепак, разговарањето самите со себе може да биде едно од најважните нешта во животот, што ви помага да се смирите во моментите кога сте напнати или нервозни. Многу често одговорите се кријат во самите вас, а нив можете да ги извлечете само доколку имате остварено добар однос со себе. Погледнете ги овие три едноставни чекори што ќе ве водат кон подобро разбирање на самите себе.rnrnПроцес од три чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуицијаrn

    1. Одредете кои гласови не се ваши

    rnПред да можете да го слушнете сопствениот глас, треба да ги отстраните сите оние што не се ваши. Многу е важно да умеете да ги одберете вашите сопствени мисли, без притоа да имате влијание од надвор. Одберете што е она што ви е значајно во животот и следете го тоа, па колку помалку непотребни информации ќе апсорбирате, толку повеќе ќе го засилите вашиот сопствен глас.rn

    2. Забележете што е она што ве заштитува во животот

    rnКога се наоѓате во лоша ситуација, секогаш имате навика да барате совети, предлози, стратегии или начини од списанија, книги и статии за тоа како да бидете „среќни“. Но, колку повеќе барате помош, толку повеќе ќе се уверувате самите дека ви е потребна. Вистината е дека никој не може да ви помогне подобро отколку што можете вие самите. Барајте ги одговорите во себе. Другите може да ви понудат поддршка, но никој не може да ви помогне да бидете подобра верзија од себеси. Отстранете го стравот, затоа што ги имате во себе одговорите речиси на сите прашања.rn

    3. Променете го прашањето „како“ во „зошто“

    rnНаместо да барате на Интернет како да го спречите прекумерното јадење, прашајте се себеси зошто барате утеха во храната во тој момент? Со поставување на прашањето „зошто“, наместо „како“, вие не сте во потрага само по брз лек кој ќе ви даде моментален одговор, туку навлегувате подлабоко во целата ситуација. Со прашањето „зошто“, вие всушност навлегувате подетално во душата и им помагате на свеста и на вашиот ум да бидат појасни.

  • Ставете му крај на негативното размислување во 3 чекори

    Ставете му крај на негативното размислување во 3 чекори

    Размислувањето за негативни работи никогаш не носи ништо корисно. За жал, некои луѓе не можат да го сопрат негативното размислување. Причините за тоа се различни. Можеби се работи за некој настан или низа на случувања кои влијаат на текот на мислите. Можеби причината лежи во домашното воспитување или негативното опкружување. За што и да се работи, крајно време е да продолжите понатаму со животот. Време е да престанете да размислувате негативно, а тоа може да го направите само во 3 чекори…rnrnСтавете му крај на негативното размислување во 3 чекориrn

    1. Бидете свесни за вашите мисли

    rnПонекогаш негативните мисли заземаат толкав дел од нашиот живот, што воопшто не ја ни забележуваме негативноста. Кога ќе станете свесни за вашите мисли, ќе можете да ги замените со позитивни сѐ додека позитивните мисли не станат темелот на мисловниот процес. Зошто е важно да се престане со негативното размислување? Нормално дека сѐ што се наоѓа во нашите мисли, влијае на светот околу нас, на нашата стварност. Негативните мисли привлекуваат само негативни работи.rn

    2. Одбегнувајте користење на негативни изрази

    rnОбрнете внимание на тоа како ги започнувате речениците. Дали обично почнувате со „Јас не можам“ или „Јас не…“? Овие зборови автоматски ги ограничуваат нештата што можете да ги постигнете. Наместо тоа, кажете „Да, можам“. Навистина можете! Нареден пат, започнете ја речениците со овие зборови. Сосредоточете се на „Јас можам“ и ќе видите како нештата што сте ги сметале за невозможни ќе почнат да се остваруваат.rnrnСтавете му крај на негативното размислување во 3 чекориrn

    3. Престанете да им замерувате на луѓето

    rnЗамерките немаат никаква функција. Ниту пак одмаздата. Овие работи се негативни и ја расипуваат душата. Ако навистина решите да ги сопрете негативните мисли, ќе мора да се ослободите од некои ваши стари навики. Научете да го оставате минатото зад себе. Фокусирајте се на сегашноста. Сѐ додека им замерувате на луѓето, никогаш нема да можете да се решите од негативните мисли. Како резултат на тоа никогаш нема да можете да живеете онака како што сакате. Тоа нема да ви биде лесно, особено ако некому му замерувате веќе со години. Меѓутоа, наградите што ќе ги добиете како последица од тоа, се повеќе од вредни за трудот.rnrnДојде време да престанете со негативносто размислување. Време е да почнете да размислувате како победници. Кога ќе почнете да размислувате позитивно, ќе можете да го видите светот на потполно поинаков начин.

  • 8 едноставни вежби за здрави очи

    8 едноставни вежби за здрави очи

    Правите вежби за вашите раце, нозе, стомачни мускули, па и за вашиот задник, но, дали некогаш сте помислиле да правите вежби за вашите очи? Секој лекар би ви кажал дека правењето вежби за очите е одличен начин за да го подобрите нивното здравје. Некои од тие вежби ќе ви помогнат да го подобрите видот, други ќе им помогнат на луѓето со уморни очи, замаглен вид и слично. Погледнете неколку едноставни вежби коишто можете да ги правите додека сте сместени удобно во вашиот дом или пак, кога сте на работа.rn

    1. Затворете ги очите

    rnЗа оваа вежба користете ги вашите прсти. Постапката е следнава:rn

      rn011

    • Затворете ги очите
    • rn011

    • Поставете ги прстите врз очите
    • rn011

    • Притиснете нежно во време од две секунди
    • rn011

    • Повторете го ова од пет до десет пати
    • rn011

    • Откако ќе завршите со вежбата дозволете им на вашите очи повторно да се навикнат на светлината
    • rn

    rnrn

    2. Вртете ги очите

    rnВртењето на очите е нешто што повеќето го прават кога се изнервирани, но ако го правите тоа правилно, можете да го подобрите вашиот вид.rn

      rn011

    • Вртете ги очите во круг налево
    • rn011

    • Повторете го ова од пет до десет пати
    • rn011

    • Вртете ги очите во круг надесно
    • rn011

    • Повторете го ова од пет до десет пати
    • rn

    rnrn

    3. Погледнете настрана

    rnПостојано се вртите налево или надесно, но сигурно повеќето пати ја вртите главата наместо само очите. Но, треба да знаете дека вртењето на очите на една страна може да биде одлична вежба за нив. Поточно, правете го следново:rn

      rn011

    • Седнете или застанете во удобна положба
    • rn011

    • Погледнете на десно и држете го погледот од пет до десет секунди
    • rn011

    • Погледнете на лево и држете го погледот од пет до десет секунди
    • rn011

    • Погледнете во центарот една до две секунди
    • rn011

    • Повторете ја вежбата десет пати
    • rn

    rnrn

    4. Обидете се да гледате искривено

    rnИако оваа вежба може да биде малку болна и прави на другите да им изгледате смешно, всушност со неа вие го подобрувате вашиот вид! Еве што да правите:rn

      rn011

    • Изберете тенок предмет (на пример пенкало) на којшто ќе се фокусирате
    • rn011

    • Држете го пред вас со испружена рака
    • rn011

    • Доближувајте го полека до вашиот нос додека ги насочувате двете очи кон пенкалото
    • rn011

    • Откако ќе го доближите до носот, полека оддалечувајте го
    • rn011

    • Повторете го ова од пет до десет пати
    • rn

    rnrn

    5. Имитирајте израз на изненаденост

    rnИзразот на изненаденост, односно широко отворените очи може да биде одличен кога е во прашање нивното здравје. Постапката за тоа е следнава:rn

      rn011

    • Замижете со очите како да се обидувате да видите нешто подалеку
    • rn011

    • Држете го погледот така пет секунди
    • rn011

    • Отворете ги очите најшироко што можете
    • rn011

    • Држете ги отворени околу пет секунди
    • rn011

    • Повторете ја постапката десет пати
    • rn

    rnrn

    6. Затоплете ги очите со вашите раце

    rnАко чувствувате дека сте изморени и тоа се одразува на вашиот вид, обидете се да им помогнете на вашите очи на следниов начин:rn

      rn011

    • Тријте го долниот дел од вашите дланки за да се загреат
    • rn011

    • Ставете ги нежно на вашите очи
    • rn011

    • Држете ги пет секунди
    • rn011

    • Постапката повторете ја пет пати
    • rn

    rnrn

    7. Сменете го фокусот

    rnДенес многумина работат на компјутер, а екраните може да бидат навистина штетни за видот. Ако ги чувствувате вашите очи уморни или пак сликата на екранот ви изгледа матно, тоа е знак дека треба да ја направите следнава вежба:rn

      rn011

    • Погледнете подалеку од вашиот екран
    • rn011

    • Изберете објект на околу три метри подалеку од вас и друг објект осум до девет метри подалеку (само внимавајте да бидат во иста линија)
    • rn011

    • Ставете го палецот пред вас со испружена рака
    • rn011

    • Тргнете го палецот надолу и погледнете на објектот којшто е оддалечен три метри, а потоа префрлете се на другиот објект оддалечен осум или девет метри
    • rn011

    • Повторно префрлете се на објектот оддалечен три метри, па потоа повторно испружете ја раката и погледнете во палецот пред вас
    • rn011

    • Повторете ја оваа постапка пет до десет пати
    • rn

    rnrn

    8. Затворете ги очите вистински

    rnДоколку вашата работа бара постојано гледање во екранот или пак ако не сте доволно наспиени, понекогаш најдобрата вежба за вашите очи е да ги држите затворени неколку минути. Дури и ако не сте во можност да заспиете, самиот чин на одмарање на очите ќе ви помогне да го подобрите нивното здравје. Потребно е да го направите следново:rn

      rn011

    • Исклучете го мониторот и сместете се некаде каде што нема светла
    • rn011

    • Најдете си соодветна положба
    • rn011

    • Затворете ги очите
    • rn011

    • Држете ги затворени од пет до десет минути
    • rn011

    • Повторувајте го ова два пати на ден
    • rn

    rn

  • Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

    Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

    Станува збор за едноставна, но моќна вежба која ќе ви помогне да ги трансформирате вашите негативни мисли во позитивни и на тој начин ќе можете да ги подобрите сите области од вашиот живот. Сè што треба е да се фокусирате на вашите мисли и потоа со одредени зборови, полека, да го смените нивното значење. Еве како можете да го сторите тоа…rnrnМоќен психолошки метод за справување со негативните мислиrn

    Прв чекор

    rnОдберете една од областите во вашиот живот која сакате да ја подобрите така што ќе ја евалвирате вашата сегашна ситуација. Можете слободно да изберете помеѓу кариерата, љубовната врска, здравјето, парите… Сè што сметате дека би можело да се подобри. Ајде заедно да го направиме ова, така што во овој случај ќе ја земеме кариерата како пример.rn

    Втор чекор

    rnЗапишете ги првите 3 мисли кои ќе ви паднат на памет, а се поврзани со оваа област од вашиот живот. Тие може да бидат слични на следниве примери, или пак, нешто сосема различно, кое ја отсликува вистинската слика за вашата моментална ситуација.rn

      rn011

    • Ја мразам мојата работа.
    • rn011

    • Немам иднина во оваа кариера.
    • rn011

    • Не заработувам доволно пари.
    • rn

    rn

    Трет чекор

    rn

      rn011

    • Сега обидете се да ги претворите овие мисли во попозитивна верзија, фокусирајќи се на добрите нешта кои произлегуваат од нив. На пример:
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна што имам работа и сигурен/сигурна сум дека ќе најдам подобра во блиска иднина.
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна за мојата сегашна работна позиција и секојдневно се обидувам да бидам што подобар/подобра во неа.
    • rn011

    • Јас сум многу благодарен/благодарна затоа што имам доволно пари да ги платам трошоците и да заработам нешто плус за мене.
    • rn

    rnМожеби нема да почувствувате позитивни резултати во истиот момент кога ќе ја завршите оваа вежба, но со нејзиното повторување и доволно време вие ќе ги промените вашите мисли и ќе добиете многу пооптимистичен и позитивен поглед кон светот. На овој начин вие ќе создавате моќни мисли кои не само што ќе ве направат посреќни, туку и ќе ви помогнат полесно да напредувате во секоја област од вашиот живот.

  • Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

    Учете побрзо со помош на овие 5 моќни техники

    Без разлика колку време имате во текот на денот за да научите нови вештини, секогаш можете да го забрзате тој процес. Било тоа да е учење нов јазик или пак учење како да се започне со еден бизнис, побргу ќе научите доколку умеете да ги контролирате работите и да ги преземете во свои раце. Денес ви прикажуваме 5 моќни чекори коишто ќе ви помогнат да го забрзате процесот на вашето учење.rnrnrn

    1. Ставете акцент на методите, пред бројот на посветени часови

    rnКога станува збор за учење нешто ново, методот на учење е поважен од посветените часови. Секако, ова не значи дека бројот на посветените часови не е важен, но пред сè треба да изберете метод којшто ќе ви даде најдобри резултати. За сè што ќе сакате да научите постојат повеќе методи, затоа, потрудете се да сфатите кој е најефикасниот за вас и посветете се на него.rn

    2. Користете го правилото 80/20

    rnОвој концепт е развиен од италијанскиот економист Вилфредо Парето, којшто објаснува дека 80% од посакуваните резултати доаѓаат со само 20% вложување.rnИако тоа варира од ситуација до ситуација, вие ќе откриете дека:rn

      rn011

    • 20% од луѓето во вашиот живот ќе придонесат за 80% од вашата среќа
    • rn011

    • 20% од вашите потрошувачи ќе учествуваат во 80% од вашата продажба
    • rn011

    • 20% од вашите методи на учење ќе придонесат за 80% од вашите резултати
    • rn

    rnКога треба да учите нешто ново, имате чувство дека не знаете многу работи, па лесно е да скокате од една работа на друга. Но, ова ќе биде само залудно потрошено време. Фокусирајте се на она што ќе ви донесе најмногу корист. На пример, доколку сакате да учите шпански јазик само затоа што ова лето сакате да отпатувате во Шпанија, наместо да се фокусирате на читањето и пишувањето, најпрво научете да зборувате, затоа што тоа најмногу ќе ви биде треба!rnrnrn

    3. Учете преку практикување на работите

    rnКако што покажуваат истражувањата, луѓето најмногу го задржуваат наученото преку:rn

      rn011

    • 5% од учење од предавање/лекции
    • rn011

    • 10% од учење преку читање
    • rn011

    • 20% од учење на аудио-визуелни начини
    • rn011

    • 30% од учење преку демонстрирање
    • rn011

    • 50% кога се ангажирани во одредена дискусија
    • rn011

    • 70% кога го применуваат тоа што го научиле
    • rn011

    • 90% кога во истиот момент го изведуваат тоа што го учат
    • rn

    rnПотсетете се како сте научиле да возите велосипед. Наместо да гледате туторијали или да читате како се прави тоа, вие се впуштивте во неговото искусување.rn

    4. Пронајдете тренер

    rnЛуѓето коишто ги карактеризираат високи успеси имаат едно нешто заедничко: тие имаат свој тренер. Тренерот ви овозможува да видите и работи коишто претходно не сте можеле да ги согледате. Тој ве води низ тешките времиња со коишто често ќе се среќавате кога ќе учите нешто ново.rn

    5. Процесот над перформансите

    rnЗаедничката грешка којашто ја прават сите кога се обидуваат да научат нешто ново, е тоа што се фокусираат на резултатите, наместо на процесот. Треба да запаметите дека тешко е да се видат одредени резултати додека не се посвети повеќе работа на тоа. Малите чекори можеби не звучат примамливо, но токму тие водат кон патот до успехот.

  • 4 основни чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубов

    4 основни чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубов

    Не постои универзална тајна која може да му помогне на секој човек брзо да ја пронајде љубовта на својот живот. Но, сепак постојат неколку чекори кои можат да ве насочат кон таа насока. Па, доколку сакате да си ги подобрите вашите шанси за љубовна врска, тогаш погледнете ги следниве 4 чекори кои мора да ги преземете…rnrn4 чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубовrn

    1. Бидете емоционално подготвени и добро расположени

    rnДали има имате интереси кои не вклучуваат пиење алкохол и гледање ТВ серии? Дали целото свое работно време го поминувате во жалење за вашиот живот? Или пак, правите нешто со кое се подобрувате? Не е важно какви интереси имате, но сепак добро е кога имате нешто за кое се грижите, нешто кое го збогатува вашиот живот. Вие треба да бидете најдобрата верзија од себе и да бидете горди на тоа.rnrnАко постојано се изложувате на стрес и често чувствувате анксиозност, тогаш можеби сте премногу ранливи да бидете во моментов во врска. Лесно е да прифатите лош третман или да дозволите некој да ве искористува доколку немате силно мислење и почит за себе. Без разлика колку многу ви е потребно некој да ве прегрнува секоја вечер и да ви кажува дека сè ќе биде во ред, вие најпрво мора да обрнете внимание на себе, а дури потоа да побарате личност со која ќе го делите животот.rn

    2. Оттргнете се од луѓето кои не се за вас

    rnТаканаречените лоши момци, можеби ќе ви овозможат моментална возбуда и забава, но на долг рок тие не се за вас. Многу пати нивната цел е квантитативна, а не квалитативна, па доколку сакате сериозна љубовна врска, тие се најлошиот избор.rnrnОвие момци ќе ги препознаете преку фалењето за нивните лаги или неверства, смеењето на туѓата несреќа и неспособноста да го задржат вниманието доволно долго за да ве ислушаат. Доколку познавате некој кој се однесува на овој начин, не правете оправдувања за него. Едноставно одете си и заборавете го. Зошто би биле во врска со личност која очигледно нема почит за вас?rn

    3. Поставете стандарди

    rnОчекувајте скромен, но пријатен прв состанок. Поставете стандарди и држете се до нив. Исто така, можете да го избегнете сексот на првиот состанок. На овој начин со сигурност ќе му дадете до знаење дека вие сте заинтересирани само за забава, дури и да не е така. Кога станува збор за стандарди, исто така не одговарајте на однесување кое не сакате да биде повторено. На пример, доколку не сакате да добивате пораки по 23 часот, не одговарајте на нив или пак, ако ви делува како тој постојано да флертува со девојки, разговарајте со него и кажете му дека тоа ви пречи.rnrnЕдноставно не се согласувајте на врска во која знаете дека ќе бидете повредени. Бидете свесни за оние нешта кои ви се важни и не прифаќајте ништо помалку од тоа што го сакате. Навистина е толку лесно.rn

    4. Искрено кажете дека барате врска

    rnОва е можеби еден од најважните чекори кои најчесто се избегнуваат од страв. Ако сакате врска, кажете го тоа гласно. Вие не можете да го добиете тоа што го сакате доколку само чекате и се надевате дека ќе се случи. Исто така, кажувањето на овие нешта гласно е добра пракса за сериозната врска, каде што вие треба за сè да зборувате со цел да направите таа да успее.rnrnПа, дали би требало да очекувате момче веднаш по првиот состанок? Не. Но, бидете јасни дека сакате работите да се движат во таа насока. Доколку со овој став го избркате, слободно пуштете го. Вие во моментов не сакате иста работа и тоа е сосема во ред. Имајте на ум дека нема да можете да имате врска со секоја личност која ви се допаѓа бидејќи тие се двонасочна улица и двете страни треба заедно да работат за да успее. Зошто би сакале да го трошите вашето време за некој кој не е соодветен за вас?

  • Заштитете се од скршено срце со помош на овие 7 едноставни чекори

    Заштитете се од скршено срце со помош на овие 7 едноставни чекори

    Постојат многу шармантни мажи кои не бараат сериозна врска, туку едноставно сакаат накратко да си поиграат со некоја девојка, а потоа да продолжат понатаму кон следната. Овие мажи, особено кога се успешни и имаат голема почит од своите врсници, можат својата моќ вешто да ја употребат и да ја заведат скоро секоја жена која ги привлекува.rnrnЗаштитете се од скршено срце со помош на овие 7 едноставни чекориrnrnТокму затоа и без разлика колку е интелигентна жената која тие ја одбрале, кога станува збор за маж кој ѝ ги симнува ѕвездите, таа понекогаш знае да донесе непромислени одлуки кои неизбежно водат кон скршено срце. Повеќето од жените сонуваат за бајки и љубов на прв поглед, па кога ќе почувствуваат дека тоа е нешто што реално би можело да им се случи, пребрзо се препуштаат во врската, дури и кога длабоко во себе знаат дека тој не го чувствува истото. Но, време е да научите да се заштитите, па токму затоа погледнете ги следниве 7 чекори кои ќе ви помогнат во таа цел…rnrn1. Ништо не сфаќајте премногу лично.rnrn2. Не се впуштајте пребрзо во сексуален однос. Тоа може да ви го „замагли“ логичното размислување.rnrn3. Не се губете себеси, останете фокусирани на тоа што ви е најважно и дишете длабоко.rnrn4. Не се обидувајте да најдете одговор на прашањето „Што мислеше тој кога го кажа/направи тоа?“rnrn5. Уживајте во секој љубовен состанок, а потоа продолжете нормално со вашиот живот.rnrn6. Ако ви се јави, супер. Ако не, прочитајте ја пак првата точка.rnrn7. Не дозволувајте да се приврзете емоционално сè додека не почувствувате дека и тој го посакува истото.