КАФЕ ПАУЗА

Tag: часовник

  • Тест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!

    Тест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!

    Препуштете ѝ се на интуицијата и изберете еден часовник кој ќе ви открие какви промени ве очекуваат оваа есен!rnrnТест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 1″ active=”false”]Есента ќе ви донесе многу важна лекција. Морате да положите тежок испит доколку сакате работите да се променат на подобро. Напуштете ја вашата удобна зона и обидете се да стекнете нови вештини кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели. Не заборавајте дека сите овие привремени тешкотии се нови можности кои ќе ви отворат нови врати во животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 2″ active=”false”]Доколку почнете активно да се залагате за своите права, да се борите за правда и за вашето топло место под сонцето, тогаш оваа есен дефинитивно ќе победите! Вашиот труд нема да биде залуден затоа што конечно ќе го остварите она за кое што сонувавте и работевте со месеци.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 3″ active=”false”]И покрај тоа што есента за многумина ќе биде симбол на меланхолија, сепак вие нема да ја почувствувате. Ова златно годишно време ќе ви помогне одново да ги пронајдете креативноста и инспирацијата. Така, есента ќе биде идеалниот период за вас да искусите нешто ново. Освен тоа, ќе успеете да соберете храброст и ќе почнете активно да дејствувате во насока на она што го посакувате. Вашата самодоверба ќе се зголемува со секој нов чекор![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете која особина ви помага да се справите со тешкотиите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

    Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

    Времето е релативен поим. Кога ни е здодевно на работа имаме чувство дека бавно минува, а од друга страна кога имаме краток рок за извршување важна задача, ни се чини дека времето лета како лудо. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за времето.rnrnНеверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаелеrn

    1. Живееме во минатото

    rnОва можеби звучи како некое сценарио од научно-фантастичен филм, но секој човек на Земјата живее „во минатото“. Нашиот мозок има моќ да ги перципира настаните приближно 80 милисекунди откако ќе се случат. Затоа, според физичарите не постои „сега“, а живеењето на сегашниот миг е целосна илузија.rn

    2. Денот порано траел 18 часа

    rnПред 1,4 милијарди години, еден ден на Земјата траел околу 18,7 часа. Нашите денови сега се подолги како резултат на гравитацијата на Месечината што ја забавува ротацијата на Земјата. Експертите пресметале дека на секои 100 години денот се продолжува за 0,002 секунди.rn

    3. Во некои делови на Кина Сонцето изгрева во 10 часот

    rnГолемите земји како Канада и САД имаат неколку временски зони. Кина, од друга страна, има само една. Најнаселената земја во светот го утврдила времето во Пекинг за стандардно време за да го поттикне единството меѓу нејзините граѓани. Сепак, ова води и до интересни детали. Два града во истата земја на речиси иста географска широчина можат да го дочекаат изгрејсонцето со временска разлика од неколку часа.rn

    4. Германците први ги поместиле часовниците

    rnГерманците биле првите кои го вовеле летното сметање на времето и тоа за време на Првата светска војна на 30 април 1916 година.rn

    5. Времето се смета околу 12.000 години

    rnНајстариот лунарен календар кој е пронајден досега датира од 10.000 година п.н.е., а е пронајден во близина на Рим, Италија.rn

    6. Часовниците на рекламите секогаш покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути

    rnДоколку сте љубители на часовници, сигурно досега сте забележале дека во повеќето реклами и продавници часовниците покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути. Ова не е никаква случајност, напротив. Кога стрелките на часовникот се наместени во оваа позиција, логото на брендот доаѓа најмногу до израз, а според истражувањата тоа е токму она што нè поттикнува да купуваме повеќе.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливости за времето, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Утринските часови се тешки кота треба рано да се пробудите, но со одлагање на алармот, нештата стануваат поприфатливи. Со притискање на копчето, си дозволувате да си поспиете уште 9 минути ( или 18 минути 27 минути, ако сме искрени).rnrnОва е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10rnrnНо, зошто ова копче ни го одлага будењето за 9 наместо 10 минути?rnrnАвтоматските поставки на вашиот телефон всушност започнале да се креираат  уште пред половина век. Алармните часовници со копчиња биле воведени во 1956 година преку „General Electric-Telechron’s Snooz-Alarm“според некои наоди. Одложувањето на алармот кај овој модел на часовници траело девет минути, но постоеле и неколку теории зошто е тоа така.rnrnКај часовници со аларм претходно не постоела функцијата за одлагање, така што веќе имало стандардна поставка со која требало да работат иноваторите. Не било можно надградбата да се постави на точно 10 минути, така што морале да избираат помеѓу 9 минути и неколку секунди или малку повеќе од 10 минути.rnrnЕве од каде потекнуваат различните теории. Некои луѓе велат дека извештаите во 1950-тите години сугерирале дека 10 минути биле доволно време за поспаниот човек да се врати во длабок сон. Тоа би значело дека тој повторно ќе се разбуди, но 9 минути, „сладок сон“ биле сосема доволни за опуштање.rnrnНекои експерти тврдат дека токму таа 1 минута им овозможува на луѓето да извлечат максимум од својот ден. Таа дополнителна минута нема да направи разлика кога го одлагате будењето, но може да направи разлика во тоа колку време ви е потребно да се подготвите.rnrnСепак, најчестата теорија се чини дека се сведува на едноставноста. Двоцифреното одложување на времето било потешко да се програмира отколку едноцифреното, така што дизајнерите сметале дека е подобро да се направи помалку комплициран дизајн.rnrnПодоцнежните часовници не биле задолжени да ги следат стандардите на „Snooz-Alarm“, но сепак и тие, вклучувајќи ги и апликациите за аларм на „iPhone“, ја почитувале оригиналната поставка на 9 минути.rnrnМожеби сакате да откриете и зошто будењето со аларм ве прави уште поуморни?

  • Загатка: Колку време ви е потребно за да го пронајдете часовникот што покажува различно време?

    Загатка: Колку време ви е потребно за да го пронајдете часовникот што покажува различно време?

    Оваа загатка се состои од многу џебни часовници што покажуваат пет минути до полноќ. Меѓу нив е и еден што покажува погрешно време. Според креаторите на загатката, рекордот за пронаоѓање на погрешниот часовник е девет секунди. Дали вие можете да го пронајдете за пократко време?rnrnЗагатка: Колку време ви е потребно за да го пронајдете часовникот што покажува различно време? rnrnАко сè уште не можете да го пронајдете часовникот, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Загатка: Колку време ви е потребно за да го пронајдете часовникот што покажува различно време?[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnРешете ја и оваа загатка и обидете се да ги пронајдете овцата што спие и кучето што го чува стадото.

  • Изберете часовник и дознајте што ве чека во блиска иднина

    Изберете часовник и дознајте што ве чека во блиска иднина

    Секој од нас сака да знае што го чека во иднина. Ние не можеме да ви ја откриеме вашата судбина, но врз основа на вашиот карактер, црти на личноста и работите кои ве привлекуваат, можеме да ви овозможиме интересен увид. Доволно е да изберете еден од часовниците на сликата и ќе откриете каков животен пат ве чека и што судбината подготвила за вас. Дозволете му на вашиот инстинкт да ве води и немојте премногу да размислувате.rnrnizberete-chasovnik-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-bliska-idnina-www.kafepauza.mkrn

    Часовник А

    rnЌе ги освоите врвовите за кои долго размислувате. Нов налет на енергија ќе го исполни вашиот дух. Целиот универзум работи за вие да ги остварите вашите цели и сигурно ќе успеете во тоа.rn

    Часовник Б

    rnВашата иднина одржува љубезен, почитуван и грижлив ритам на вашиот досегашен живот. Не верувате во карма и тоа е во ред. Сепак, вие сигурно ќе го ожнеете тоа што сте го посеале во животот на другите – љубов и радост.rn

    Часовник В

    rnВашата визија за иднината до неодамна била малку замаглена и мистериозна. Не плашете се! Она што ве очекува изобилува со ветувања, светлост и радост. Продолжете да ги правите работите за кои знаете дека се правилни и наскоро ќе стигнете таму.rn

    Часовник Г

    rnДали размислувате за голема промена? Верувате во советите на најблиските и секогаш размислувате како вашите одлуки влијаат врз другите. За нешто навистина да биде најдобро за вас, од тоа мора да имаат корист и оние кои најмногу ги сакате.rn

    Часовник Д

    rnВашите планови ќе се покажат добро. Наскоро на сите кои се сомневале ќе им покажете колку погрешиле. Верувајте во она што срцето ви го вели и секогаш ќе бидете на вистинскиот пат.rn

    Часовник Ѓ

    rnВаш познаник наскоро ќе ви стане близок пријател. Забавете со проценувањето и ќе сфатите колку нешта имате заеднички. Животот обично ни го испраќа она што ни е потребно и пред да сфатиме дека ни е потребно.rn

    Часовник Е

    rnНаскоро ќе отворите ново поглавје од животот. Ќе доживеете работи кои не сте можеле ниту да ги замислите. Ќе можете да го наречете тој период како врв во вашите животни приказни. Врзете се и подгответе се за возбудувања.rnrnДали сте знаеле и дека вашиот омилен период од денот може да открие многу работи за вашиот карактер? Одберете го времето на часовникот што најмногу ви се допаѓа, кликнете на него и дознајте што открива тоа за вашата потсвест и личност.rnrn

  • Тест на личноста: Одберете го вашиот омилен термин и дознајте што ви се крие во потсвеста

    Тест на личноста: Одберете го вашиот омилен термин и дознајте што ви се крие во потсвеста

    Дали сте знаеле дека вашиот омилен период од денот може да открие многу работи за вашиот карактер? Овој краток и интересен тест на личноста ќе ви го докаже токму тоа! Одберете го времето на часовникот што најмногу ви се допаѓа и дознајте што открива тоа за вашата потсвест и личност.rnrnТест на личноста: Одберете го вашиот омилен термин и дознајте што ви се крие во потсвестаrnrn1. 5.00rnrn2. 9.00rnrn3. Пладнеrnrn4. 17.00rnrn5. 20.00rnrn6. Полноќrn

    5.00 – Вие сте активни, полни со сила и волја

    rnСакате да живеете со полни гради. Многу сте активни, постојано сте во движење, љубопитни сте и отворени кон нови искуства. Не ги сакате ограничувањата од каков било тип и кога некој ќе ви постави граница, задолжително ја рушите, бидејќи ја гледате како предизвик. Сакате авантури, изненадувања, нешто ново и неповторливо секој ден. Интересни сте им на луѓето и тие сакаат да бидат во ваше друштво. Подготвени сте за акција уште во раните утрински часови.rn

    9.00 – Вие сте независни, храбри и секогаш се следите себеси

    rnЈа сакате слободата и знаете како да управувате со времето, бидејќи сметате дека секоја секунда е драгоцена. Имате зацртани цели кои сакате да ги остварите и храбро се стремите кон нив. Вие сте големи индивидуалисти, а сигурно криете и некаква уметничка страна. Живеете по сопствени правила и мерки, поради што честопати се соочувате со обвинувања дека сте себични од страна на другите луѓе. Не обрнувате големо внимание на туѓото мислење, бидејќи секогаш се ставате себеси на прво место.rn

    Пладне – Вие сте практични, реални и добро урамнотежени

    rnВие сте практични и реални. Способни сте јасно да ги дефинирате вашите цели, приоритети, како и луѓето кои ви се важни во животот. Не дозволувате никому да ви го попречи патот кон целта. Вие сте шармантни и духовити и вашиот шарм го користите за да го добиете она што го сакате. Работата, кариерата и угледот ви се на право место, додека забавата и уживањето ги оставате во втор план. Луѓето ви се восхитуваат, бидејќи стоите со двете нозе цврсто на земја и многумина можат да сметаат на вас.rn

    17.00 – Вие имате добро срце, мирољубиви сте и тивки

    rnИмате големо и добро срце поради што многу лесно стекнувате нови пријатели. Љубезни сте дури и со непознати луѓе. Секогаш сте учтиви и фини. Сепак, честопати сакате да се изолирате и да уживате во сопственото друштво. Сакате да побегнете од сѐ и од сите. Потребно ви е да поминувате време во природа, бидејќи така најлесно и најбрзо си ги полните батериите. Се обидувате да воспоставите мир со самите себе и со светот. Го сакате животот и се обидувате да го искористите до максимум.rn

    20.00 – Вие сте аналитични, совесни и одговорни

    rnВие сте одговорни и совесни. Грижата кон другите луѓе ви е секогаш на прво место. Многу често се занемарувате себеси и своите потреби поради останатите. Вие сте одлични психолози и многу добро ги проценувате луѓето. Луѓето ве сметаат за внимателни, грижливи и трудољубиви. Секогаш внимателно набљудувате, анализирате и вашите заклучоци се засноваат на цврсти аргументи и факти.rn

    Полноќ – Вие сте романтични, емотивни и традиционални

    rnВие сте многу чувствителни, интуитивни и приврзани со луѓето кои ве опкружуваат. Честопати се обидувате да ги преземете сите грижи и проблеми на овој свет. Вие сте традиционални и семејството ви е на прво место. Секогаш сте подготвени да им помогнете на пријателите кои ги почитувате и ги сметате за дел од семејството. Лојални сте, доверливи и грижливи кон вашите сакани. Многу сте романтични и внимателни.rnrnДоколку сте расположени да откриете уште некои интересни работи за вашиот карактер, направете го и следниов тест на личноста.

  • Необичен часовник кој го „гравира“ времето

    Необичен часовник кој го „гравира“ времето

    Постојат многу начини за да покажете колку точно е часот, а дизајнерите од швајцарската компанија „42foundry“ создале еден необичен и креативен часовник, наречен „ETCH“.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnНа мазна површина како камен, врамен во алуминиумска рамка, овој часовник на прв поглед не изгледа ништо поразлично од другите декоративни елементи во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални знаци кои го покажуваат точното време.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnТајната е во еластичната мембрана која ја сочинува површината на часовникот и овозможува да се создаде елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната полека се враќа во првобитната состојба.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnДимензиите на часовникот се 40 x 40 сантиметри, тежок е околу 6 килограми, а може да се чува на маса или пак да биде закачен на ѕид.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnСо помош на соодветна апликација од мобилниот телефон, можно е да го усогласите времето кое се прикажува на часовникот со моменталното. Апликацијата овозможува и избирање помеѓу два начина за прикажување на времето.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnРежимот „Syng & Go“ го покажува времето на секои 30 секунди, а „Sync & Sensor“ го активира прикажувањето на времето на секоја половина минута само доколку регистрира звук во просторијата. Часовникот „ETCH“ е добар и ефикасен детаљ во ентериерот, но неговата цена е 1.450 долари.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времето

  • Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    До сега, сигурно сите сте навикнати на полнење на вашиот телефон. Покрај апликациите кои постојано ја трошат батеријата, вие секојдневно сте зависни од вашиот полнач. Од друга страна пак, паметните часовници се малку поразлични.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnЗа разлика од мобилните телефони, паметниот часовник е погоден за носење, не бара многу напор, но сепак некои луѓе може да заборават да го наполнат целосно. Решението за овој проблем го нуди индустријата Матрикс која го создала „PowerWatch“, уред кој добива енергија од топлината на телото. Тие објаснуваат:rn

    „За разлика од денешните паметни часовници кои треба да ги полните на секој ден или два, ‘PowerWatch’ не треба никогаш да го отстраните од вашиот зглоб за да го полните.“

    rnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТој служи за голем број цели, како што е следењето на согорените калории, нивото на активност, како и спиењето. Може да биде безжично синхронизиран со вашиот телефон преку апликации. Тој е водоотпорен и исклучително издржлив.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТимот го создал овој часовник како начин за да ја тестира технологијата за термоелектричен извор на енергија. Со неколку зборови, термоелектричниот генератор е уред кој ја претвора топлината во енергија.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnСо цел да го стори тоа, генераторот мора да одржува две температури: Висока топлина и ниска топлина. Поради оваа причина, овој часовник е одличен: Страната којашто е во допир со вашата кожа останува топла, додека неговата површина останува поладна.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnОваа навидум едноставна разлика во температурата е онаа што му дава сила на часовникот. Кога не е на вашиот зглоб и со тоа не создава енергија, часовникот е привремено исклучен. Поради внатрешната батерија, датумот и времето нема да бидат погодени и сѐ ќе биде онака како што сте го оставиле.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnНесомнено е дека ова е часовникот на иднината, а компанијата очекува тој да биде достапен за испорачување во јули наредната година.

  • 5 причини зошто е добро да носите рачен часовник

    5 причини зошто е добро да носите рачен часовник

    Можеби рачните часовници малку изгубија од својата популарност со појавата на смартфоните, но тие, покрај другото, се и прекрасен моден додаток што истовремено може да зборува многу за вашата личност. Доколку и вие сте од оние коишто го исфрлија од употреба рачниот часовник, погледнете ги овие 5 причини што можеби ќе ве премислат и веднаш ќе отидете до најблиската продавница и ќе го изберете вашиот нов омилен.rnrn5 причини зошто е добро да носите рачен часовникrn

    1. Тој е одлика на успешен бизнисмен

    rnРечиси секаде, и во реалниот живот и во филмовите, секој успешен бизнисмен носи рачен часовник, при што се чини дека ова е нивна одлика. Во бизнисот, на луѓето кои носат рачни часовници се гледа како на сигурни, организирани и професионални личности. Иако го носат и жени, се чини дека рачниот часовник е симбол на машкоста. Поголемиот дел од рекламите за рачни часовници вклучуваат повеќе мажи отколку жени. Сепак, без оглед на вашиот пол, не треба да го исфрлите од употреба овој додаток.rn

    2. Ве чува безбедни

    rnВо брзиот свет во којшто живееме, неретко се среќаваат измамници што ќе ве прашаат колку е часот, а откако ќе го извадите својот телефон, тие ќе ви го украдат и ќе избегаат. Ако носите рачен часовник ќе бидете во можност да одговорите колку е часот без притоа да ја загрозите својата лична безбедност.rn

    3. Прави да изгледате покласично

    rnКолку пати ви се има случено кога ќе седнете во кафуле или ресторан да забележите како луѓето ги вадат своите телефони од џеб или чанта уште пред да седнат? Осмелете се да бидете различни така што не ќе морате постојано да го чепкате својот телефон за да проверите колку е часот. Бидете личност која е независна од својот телефон, а во секое време знае и точно колку е часот.rn

    4. Им покажува на луѓето дека сте организирани

    rnКога ќе отидете на интервју за работа и ќе носите рачен часовник, оној што го води интервјуто ќе ве забележи повеќе во однос на останатите кандидати. Носењето рачен часовник покажува дека сте одговорна и организирана личност која е способна да се прилагоди на новите ситуации. Кога сите други носат телефони со себе, вие со носењето рачен часовник ќе се одвоите од нив, оставајќи им впечаток на другите дека знаете да ги цените вашите време и пари.rn

    5. Ви овозможува да ја изразите својата личност

    rnЖените може да носат голем број модни додатоци, но мажите немаат многу избор, особено на работно место каде што има кодекс на облекување. Рачниот часовник не е нешто што некогаш ќе треба да го сокриете или отстраните. Можете да изберете разни видови часовници: Спортски, шарени, гумени, за секој ден и за секоја ситуација, а со ова ќе се прикажете себе како личност.

  • Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

    Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

    За рекламите и маркетиншките кампањи спроведени од познатите брендови за часовници може да се каже дека се едни од најелегантните и најраскошните, заедно со рекламите и за скапиот накит. Но, дали сте забележале дека показалките на скоро сите рачни часовници во овие реклами го покажуваат истото време, без оглед на брендот, големината или формата на часовникот? Поконкретно, наместени се на 10 часот и 9 минути. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така.rnrnЗошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?rnrnВо некои случаи, покрај 10:09 часот, показалките на рачните часовници можат да бидат наместени со ситна разлика на 10 часот и 10 минути или 13 часот и 50 минути. Според тврдењата на „New York Times“, станува збор за едно непишано правило во маркетингот со кое се истакнува брендот на рачниот часовник и се поттикнува потрошувачот да го купи производот.rnrnЗошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?rnrnИмето на произведувачот, односно името на брендот, најчесто се наоѓа на горниот дел од часовникот, со само неколку исклучоци на модели. Кога показалките ќе се наместат на 10 часот и 9 минути, тие совршено го урамуваат името на брендот и со тоа уште повеќе го истакнуваат и го прават визуелно и естетски попривлечен. Освен тоа, вака наместените показалки прават форма на едно аголно „смајли“ или насмеано лице, кое може посебно да се истакне во некои модели, и да пробуди позитивни и ведри чувства кај потенцијалниот купувач.