КАФЕ ПАУЗА

Tag: часовник

  • Креативен артист создава прекрасен накит од стари делови на часовници

    Креативен артист создава прекрасен накит од стари делови на часовници

    Артистот „Nestre“ од Литванија создава уникатен накит како обетки, ѓердани, прстени, манжетни, алки и шноли за коса. Целиот накит е направен од малите делови од стари часовници. Тие делуваат антички, со бакарна или бронзена основа и видлива внатрешност. Резултатот е дело кое изгледа скоро вечно. Погледнете…rnrn(1) Креативен артист создава прекрасен накит од стари делови на часовници (2) Креативен артист создава прекрасен накит од стари делови на часовнициrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

    Кое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?

    Нашето тело има процеси кои почнуваат и завршуваат во одреден дел од денот или ноќта. Доколку сакате да го искористите максимумот од вашето тело, тогаш треба да ги синхронизирате вашите обврски со вашиот внатрешен часовник. Следете го овој распоред и брзо ќе го постигнете тоа…rnrnКое е најдоброто време во денот за јадење, вежбање и одмарање?rn

    Помеѓу 3 и 5 часот

    rnБелите дробови се најактивни рано наутро, па и покрај тоа што можеби ви изгледа неприродно, ова е одлично време за вежбање. Кинезите во овој период практикуваат таи чи, вежби кои се насочени кон дишењето.rn

    Помеѓу 7 и 11 часот

    rnЖелудникот и панкреасот исто така се најактивни во првиот дел од денот, па токму затоа голем број нутриционисти советуваат да се појадува во овој период.rn

    Помеѓу 9 и 11 часот

    rnМногумина полесно се фокусираат пред 12 часот, бидејќи мисловните процеси имаат најголем потенцијал наутро. Токму затоа, ова време е идеално за работа.rn

    Помеѓу 13 и 15 часот

    rnОдморете се кратко по ручекот. Енергијата во екстремитетите опаѓа и се насочува кон дигестивниот систем, односно организмот црпи енергија од храната која сте ја консумирале, па затоа се чувствуваме малку поспано. Токму затоа периодот под ручекот е идеален период за дремка.rn

    Помеѓу 19 и 21 часот

    rnДоколку би сакале полесно да заспиете и подобро да спиете тогаш пред легнувањето треба да се опуштите. Во овој период од денот, хипофизата лачи помалку серотонин, хормон кој го контролира апетитот и кардиоваскуларниот систем, а почнува да произведува повеќе мелатонин кој ни помага да заспиеме. Опуштете го вашето тело во овој период и збогувајте се со несоницата.

  • Толкување на стрелките на часовникот

    Толкување на стрелките на часовникот

    Погледнете на часовникот и дознајте што ви кажуваат стрелките, освен времето. Кога ќе видиме поклопени стрелки на часовникот често велиме дека некој мисли на нас. Но, да не ги занемаруваме и останатите поконкретни значења кои ги имаат стрелките. Кога стрелките се поклопени некој ве сака, додека се раширени, некој ве посакува.rnrntolkuvanje-na-strelkite-na-chasovnikot-kafepauza.mkrn

    Прво толкување:

    rn 00.00 – Саканата личност многу ве посакува.rn01.01 – Некој со кого сте сака да има секс со вас.rn02.02 – Саканата личност никогаш нема да ве заборави.rn03.03 – Мисли на вас.rn04.04 – Се заљубил/а во вас на прв поглед.rn05.05 – Си игра со вас.rn06.06 – Ја сака вашата насмевка.rn07.07 – Сака нешто да ви каже, но не може.rn08.08 – Заљубен/а е.rn09.09 – Сака да биде со вас.rn10.10 – Ужива во вашиот изглед.rn11.11 – Денес ви е среќен ден.rn12.12 – Ќе ѝ се вратите на старата љубов.rn13.13 – Пати заради вас.rn14.14 – Ве очекува среќаrn15.15 – Љубоморен/на е.rn16.16 – Не сте достојни за него/неа.rn17.17 – Ќе патите.rn18.18 – Ги сака вашите очи.rn19.19 – Нешто крие од вас.rn20.20 – Секогаш ќе ве памети.rn21.21 – Опасност.rn22.22 – Утре ќе бидете среќни.rn23.23 – Ве сака во кревет.rnrn2-tolkuvanje-na-strelkite-na-chasovnikot-kafepauza.mkrn

    Второ толкување:

    rn01.01 – Претстои болест.rn02.02 – Ќе сретнете драга личност.rn03.03 – Многу ве сака.rn04.04 – Никогаш нема да ве заборави.rn05.05 – Ќе се заљуби во вас.rn06.06 – Ќе се смирите.rn07.07 – Ве изневерува.rn08.08 – Љубоморен/на е.rn09.09 – Телефонски повик.rn10.10 – Некој сака да ве види.rn11.11 – Некој со руса коса ве сака.rn12.12 – Секс.rn13.13 – Ве сака некој со темна коса.rn14.14 – Сака да го бакнете.rn15.15 – Сака нов почеток.rn16.16 – нешто ќе се случи помеѓу вас.rn17.17 – Бакнеж.rn18.18 – Долго ќе бидете заљубени.rn19.19 – Некој ве сака, но вие не го забележувате тоа.rn20.20 – Ве чека.rn21.21 – Ѝ се допаѓате на личноста на која мислите.rn22.22 – Ќе го/ја видите.rn23.23 – Ќе ве покани да излезете.rn00.00 – Го/ја сака вашиот/ата пријател/ка.

  • Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Midnight Planétarium“ е неверојатен изум кој прецизно следи 6 планети од нашиот Сончев систем во нивниот пат околу Сонцето. Овој часовник е дизајниран од страна на Ван Клиф & Арпелс во соработка со Кристијан ван дер Клаув. По 3-годишна макотрпна работа, часовникот за првпат бил претставен во јавноста на годишниот настан „Salon International de la Haute Horlogerie“ кој се одржува во Женева. Самиот часовник се состои од 396 делови и ги вклучува 6-те најблиски планети од нашиот Сончев систем кружејќи околу Сонцето.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrnНо, зошто не се вклучени и Уран и Нептун? Бидејќи вие ретко кога би го гледале нивното движење. На Уран му се потребни 84 години за да ја заврши својата орбита, а на Нептун неверојатни 164 години. Што се однесува до планетите кои го пронашле своето место во овој часовник, тие целосна ротација прават за:rn

      rn011

    • Меркур: 88 денови
    • rn011

    • Венера: 224 денови
    • rn011

    • Земја: 365 денови
    • rn011

    • Марс: 687 денови
    • rn011

    • Јупитер: 12 години
    • rn011

    • Сатурн: 29 години
    • rn

    rnСекоја од планетите е претставена од драгоцени и полудрагоцени камења, движејќи се од црвен јаспис, па сѐ до тиркиз. Овој часовник исто така содржи и „среќен ден“, можност сопственикот да одбере еден ден во годината како негов среќен ден во кој Земјата ќе падне под нацртаната ѕвезда на кристалот од часовникот. Цената на овој иновативен часовник изнесува неверојатни 245.000 долари.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

    Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

    Паметниот часовник „Neptune Pine“ ќе биде одличен кул гаџет кој секој ќе сака да го има на својот зглоб. Сè што другите компании ветуваа со своите паметни часовници, а не успеаја да го направат, овој часовник ќе го има. Паметните часовници кои веќе се на пазарот, не функционираат самостојно, па морате да ги користите како помошник на вашиот телефон. Но, не и Neptune Pine.rnrnНајмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено rnrnЧасовникот ќе има целосно функционален Андроид систем, слот за мемориска и СИМ картичка, па слободно ќе можете да го користите како телефон. Со овој паметен часовник можете да сурфате на интернет, да остварувате видео повици, бидејќи има две камери (задната е 5 мегапиксели) со блиц, да инсталирате апликации и многу други работи.rnrnНајмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено rnrnЕдинствената мана му се димензиите, бидејќи уредот е нешто помеѓу мал паметен телефон и голем часовник. Сепак, доброто е тоа што може да се извади од ременчето и да се користи како обичен телефон.rnrnНајмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено rnrnПроектот беше претставен на познатиот сервис „Kickstarter“, а за отпочнување со производство на часовникот беа побарани 100.000 канадски долари. Верувале или не, на скоро два дена до рокот за собирање на сумата, собрани се над 700.000 канадски долари, што значи дека набрзо ќе го видиме овој феноменален паметен часовник на пазарот.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сакаат мажите да добијат за подарок?

    Што сакаат мажите да добијат за подарок?

    Карти за спортски натпревар, убаво парче облека, парфем, балсам за после бричење или цел козметички сет, се само дел од работите кои би можеле да го израдуваат вашиот партнер. Без разлика што ќе одберете за него, имајте на ум дека мажите најмногу ценат подароци кои се практични.rn

    Стереотипот дека мажите сакаат гаџети е точен

    rnБројните истражувања потврдија дека мажите најмногу сакаат поклони од технолошка природа. Притоа се мисли на таблети, смартфони, плеери, делови за компјутер, сет за домашно кино, фотоапарати и слично. Истражувањата откриле дека мажите ќе уживаат и во нивното користење.rnrnШто сакаат мажите да добијат за подарок?rn

    Облеката е практичен подарок

    rnУбави боксерки, маица, кошула или патики, можат да бидат одличен избор за подарок за него. Како што поголемиот дел од мажите не се некои големи љубители на шопинг, особено не на облека, доколку го погодите неговиот стил, ќе ви биде многу благодарен. Пред да се упатите кон бутиците, размислете за тоа што тој навистина би сакал да има и дали ќе одговара на неговиот стил.rn

    И мажите сакаат козметика

    rnПовеќето мажи сакаат да имаат убав и негуван изглед без премногу труд, а како што не се нешто премногу упатени во изборот на козметика, одбирањето на вистинските производи може да им претставува проблем. Квалитетен парфем, сет за бричење, сет за капење и слично, ќе ги задоволи неговите практички потреби за нега.rnrnШто сакаат мажите да добијат за подарок?rn

    Ќе се израдува на карти за натпревар/концерт

    rnКарти за натпревар во кој игра неговиот омилен клуб или карта за неговиот омилен музички бенд, се поклони со кои не можете да погрешите. Исто така можете да му купите и билет за некоја активност која знаете дека сака да ја проба, но никогаш немал прилика, како на пример возење картинг или качување по вештачка карпа.rn

    Видео игрите се забавен поклон

    rnИгриците за Сони Плејстејшн или Нинтендо Ви, како и додатоците како разни џоистици и подлоги со сензори се идеален подарок за мажите кои сакаат на ваков начин да го поминуваат своето слободно време.rn

    Домашно милениче е супер поклон, но само ако сака

    rnНов, бушав пријател е секако еден незаборавен и многу драг подарок, но немојте да му го купувате доколку тој нема услови да го чува или па ако никогаш не изразил желба да го има. Размислете за животното коешто планирате да му го купите и во согласност со неговото слободно време и можности.rn

    Моден додаток

    rnРачен часовник, накит, паричник или практична торбичка, се исто така добар избор за подарок. Пред да одберете поклон размислете за неговиот моден вкус, преку коментирање со него за слични предмети кои сте ги виделе на интернет или во списание.rnrnШто сакаат мажите да добијат за подарок?rn

    Алат или прибор за хоби

    rnМажите обожаваат постојано нешто да поправаат и склопуваат, па ако нема адекватен алат, тоа може да биде одличен подарок за него.

  • Месечев часовник

    Месечев часовник

    Автор: Ема Јакимовскаrnrn„Хаоши дизајнс“ е дизајнерска фирма, основана во 2009-та година, а именувана според кинескиот назив за „добри нешта“. Тие сметаат дека во секојдневниот живот, луѓето често ги повредуваат ситници и како да забораваат на добрите нешта, кои носат среќа и задоволство. Затоа и нивниот дизајнерски концепт е смирувачки и чист. Користат прецизна техничка уметност за изразување на апстрактни концепти и на својата животна филозофија.rnrnМесечев часовник Месечев часовник
    rn

    „Кога ноќта ќе падне, и сѐ е мирно, ноќните животни со радост го истражуваат светот. Месечевата светлина им дава енергија. Месечината е она во што тие веруваат.“ – така Хаоши дизајнс ја опишуваат серијата на месечеви часовници.

    rnrnОваа серија часовници, инспирирана од природниот свет и ноќта, е изработена од калифониум и вклучува четири модели на ѕидни часовници, во зависност од четирите животни – волк, був, врана или мачка.rnrnАко сте од оние луѓе кои секогаш наоѓаат инспирација навечер, тогаш дозволете му на месечевиот часовник да ве топли секоја ноќ. На површината на часовникот има флуоресцентен слој, кој дава нежна светлина ноќе и изгледа како месечината топло да ги прегрнува ноќните животни. Креацијата е навистина магична.rnrnМесечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Часовник кој знае кога ќе умрете

    Часовник кој знае кога ќе умрете

    Сите знаеме дека животот брзо проаѓа, но никој не е свесен колку брзо. За да се реши оваа дилема, шведскиот пронаоѓач Фредрик Колтинг го осмислил „Tikker“, часовникот кој мери колку години, денови, минути и секунди имате до смртта. Настрана од фактот дека звучи морбидно, Фредрик го нарекува „Часовник на среќата“ и тврди дека е дизајниран со цел да им помогне на луѓето да го живеат нивниот живот со полна пареа и да го ценат времето кое им преостанува. Часовник кој знае кога ќе умрете  Пред да почнете да го користете ќе треба да пополните прашалник за вашата здравствена историја, од добиените резултати да ги одземете вашите години и одбројувањето може да започне. Воедно треба да одговорите дали пушите цигари и дали пиете алкохол, дали во фамилијата имате некој болен од рак, дијабетес и други болести, колку често спортувате и колку сте тешки.rnrnПосле двегодишниот развој „Tikker“ е конечно спремен за производство, благодарение на донациите од веб-сервисот за собирање пари, Kickstarter. Часовниците чинат 59 американски долари, а ќе почнат да се продаваат во април, 2014 година.rn
    rn

    „Од години до секунди, часовникот го репрезентира времето коешто постојано се движи и никогаш не запира, како и нашите животи кои полека се упатуваат кон финалниот одмор. Смртта не е изненадувачка појава за никој, но во нашето модерно општество ретко зборуваме за неа. Мислам дека доколку сме повеќе свесни за нашето заминување, ќе правиме подобри избори додека сме живи“ – вели Колтинг.

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најминималистичкиот часовник што сте го виделе

    Најминималистичкиот часовник што сте го виделе

    Crossover“ е унисекс часовник со дијаметар од 40 мм, направен од црн нерѓосувачки челик поврзан со кожно ремче преку скриени држачи. Благо накосените стрелки совршено се ротираат околу центарот украсен со камче. Ваквиот дизајн му овозможува мазен минималистички изглед, погоден за мажи и за жени подеднакво. Чини 140 долари.rn

    rnrn

    rnНајминималистичкиот часовник што сте го виделе Најминималистичкиот часовник што сте го виделе Најминималистичкиот часовник што сте го виделе Најминималистичкиот часовник што сте го виделе Најминималистичкиот часовник што сте го виделеНајминималистичкиот часовник што сте го виделе Најминималистичкиот часовник што сте го виделе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Часовник во вид на стилски прстен

    Часовник во вид на стилски прстен

    Ring Clock е концепт-проект стар 2 години, но сега изгледа дека ќе успее да стане реалност благодарение на сервисот indiegogo. Креаторот на идејата Szikszai Gusztáv бил љубител на часовници, но не го сакал чувството да носи часовник на зглобот. Па така почнал да размислува да го обедини часовникот со прстен и го изработил проектот за кој рекол дека може да биде стварност за 10 години. За среќа, тоа се случува многу порано.Часовник во вид на стилски прстен Часовник во вид на стилски прстен Прстенот го кажува часот, минутите и секундите преку 3 ротирачки прстени. Изработен е од челик кој не ‘рѓосува и не прави алергии, водоотпорен е, но не е погоден за со него да се туширате. Има ЛЕД диоди кои можат да светат во портокалова или во сина боја. Откако ќе видите колку е часот, тој автоматски се гаси за да ја штеди батеријата.Часовник во вид на стилски прстен Часовник во вид на стилски прстенБатеријата трае една недела при нормална употреба (15 активирања во текот на еден ден), а се полни безжично на пад кој доаѓа со него.Часовник во вид на стилски прстенЧасовник во вид на стилски прстенПрстенот е широк 14 мм, дебел 3-3,5 мм, а внатрешниот дијаметар може да биде од 15,7 до 23,8 мм.Часовник во вид на стилски прстенЧасовник во вид на стилски прстенrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.