Овој рачен часовник е изработен од луксузната швајцарска компанија „Piaget“, која се занимава со изработка на часовници и накит. Моделот е направен за да им оддаде почит на 12 легендарни згради на градот Њујорк, во кои е вклучена и Статуата на слободата.
rn
Зградите се поставени на црната основа на часовникот, помеѓу римските броеви кои ги означуваат часовите. Тој е придвижуван од механизам изработен од самата компанија, кој е составен од 163 компоненти, од кои 27 се скапоцени камења.Две прекрасни гравури се наоѓаат на двете страни од часовникот, едната прикажувајќи го Менхетен со двата главни мостови, другата прикажувајќи го Њујорк од Статуата на слободата. Круната на часовникот е направена од 18-каратно бело злато со гламурозен дијамант во средината. Ремчињата се од алигаторска кожа. Од овој модел се изработени само три парчиња, што го прави часовникот уникатен и ексклузивен. Неговата цена засега останува тајна.
rn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
Марк Њусон е еден од најпризнаените и највлијателните дизајнери од неговата генерација. Неговиот опсег на работа е широк и се протега од изработка на секојдневни предмети, велосипеди и автомобили до јахти и неколку препознатливи скулптури изработени за неговите клиенти. Списанието Time Magazine го стави на листата на стоте највлијателни луѓе во светот. Моментално живее во Лондон, а неговите дела се поставени во повеќе галерии низ светот, вклучувајќи ја и најпознатата MoMa во Њујорк.Песочниот часовник е најновата креација на овој австралиски дизајнер. Погледнете го краткото видео и видете одблизу како е направен безвремениот часовник.rn
Што велите за нешто различно, освежувачко, забавно и модерно на вашиот рачен зглоб? Ако сте за, вам дефинитивно ќе ви се допаднат часовниците Fruitz.
rn
Концептот за овие часовници се појави во 2007 година, со цел креирање на колекција модерни, забавни часовници во боја кои можат да влијаат на расположението и чувствата преку т.н. технологијата на природна фреквенција.
rn
Часовниците добија огромно внимание од јавноста. Тие предизвикаа позитивни реакции од многу модни и здравствени организации и беа тема во познатите списанија како Вог, Ел, Гламур, Прада итн, каде беа промовирани како часовници од кои ќе искусувате помалку стрес, подобар сон и подобрена фокусираност.
rn
Носејќи часовник Fruitz, му кажувате на светот кои сте, на начин што кај другите ќе предизвикувате да ве забележат и да ви се насмевнат. Кул и шарени, овие часовници одлично ќе се вклопат во вашиот стил.
rn
Истовремено, како што телото на човекот има придобивки од витамините кои ги внесува преку овошјето, науката вели дека може да се постигнат исто толку придобивки при носење овошен часовник, базиран на технологијата на природна фреквенција. Оваа технологија всушност се поврзува со индивидуалниот биоритам и енергетското поле на оној којшто го носи часовникот. Таа му кажува на телото да се релаксира, изложувајќи го вашето био-поле, главното енергетско поле кое ги регулира функциите на телото, на главните фреквенции и информации.
rn
Овие часовници можат да ве опуштат и смират, како и да го намалат нивото на стерс. Едно клиничко истражување вели дека учесниците кои носеле уреди со оваа технологија искусиле поживи соништа, се чувствувале посвежи наутро, побрзо заспале и помалку се буделе од оние кои не носеле такви уреди.
rn
Луѓето кои секој ден носат часовници Fruitz потврдуваат дека подобро спијат, помалку се нервираат, пофокусирани се, имаат зголемена концентрација и подобро се чувствуваат во целост.
rn
Па, кој е за часовник од Fruitz? Кое овошје би го избрале за вашиот стил? Грозје, банана, лубеница, портокал… или можеби некој егзотичен коктел? Понудата е голема – изберете го вашиот часовник.
Обидувајќи се да бидат поинвентивни, а преку тоа да привлечат поголем интерес кај купувачите, производителите почнаа да ја употребуваат моќта на Фејсбук. Но, овој пат не станува збор за промоција и маркетинг, туку за нешто сосема поинакво. На доста итар начин, многу иноватори се обидуваат да ја искористат популарноста на оваа социјална мрежа и лесно да заработат некоја пара повеќе, преку креирање оригинални производи, кои потсетуваат или носат некое обележје на најмасовната зараза на 21 век. Мора да се признае, некои од нив се доста интересни.
На прв поглед, изгледа како модерен часовник од иднината, со единствена намена да го покажува времето, проектирајќи го на рачниот зглоб. Но, завртете ја раката и оттаму можете да извлечете транспарентен екран со совршена ергономија и дизајн. Зборуваме за Rollerphone, креација на дизајнерот Alexey Chugunnikov.Екранот се излекува до врвот на прстите, така што зазема совршена позиција за држење помеѓу устата и увото.Покрај вообичаените карактеристики на современ мобилен телефон, концептот вклучува и сопствен медија центар, кој овозможува слушање музика, играње игри, четување, гледање видеа и читање е-книги директно од зглобот на раката. Кој не би сакал да си го спакува целиот дигитален свет на својата рака? Оваа алка-часовник-мобилен телефон е толку фенси и толку кул, што и хај тек и модните фанатици ќе посакаат да го имаат на својот зглоб. А вие?
Колку ви е важен состанокот со колегите или пак резервираната вечера? Дали ќе има големо влијание ако задоцните неколку минути? А, ако се замислите подобро, во овие модерни времиња, сите имаме часовник на својот мобилен телефон што ни го покажува точното време во часови и минути. Ова значи дека слободно можете да експериментирате со додатокот што ќе го ставите на вашиот рачен зглоб… нешто минималистичко, моден детаљ, нешто модерно и впечатливо.ZIIIRO часовниците се перфектно надополнување на вашиот животен стил. Делот што се наоѓа во средината на овие часовници кој всушност го покажува времето, може да се отстрани и да се замени со друг, во друга боја. Еден ден имате црн часовник, а веќе следниот, ќе ги изненадите сите околу вас со жолт.Инаку, делот што се менува, се состои од два ротирачки кругови кои избледуваат кон едниот крај, а со другиот крај со којшто ги покажуваат минутите и часовите, завршуваат во полукруг. Часовникот навистина претставува прекрасна уметност за време. Доаѓа во две варијанти во зависност од материјалот и во мнооогу бои.Исто така постои и бесплатна апликација за iPhone со ист интерфејс како и часовнициве и истата можете да ја преземете бесплатно од Apple Store.
Живееме во неверојатно брз свет. Најразличните аларми, потсетници и известувања не водат низ секојдневието со неверојатна прецизност. Спротивно на притисокот и стресот со коишто се соочуваме секојдневно, овој домино часовник, го зема едноставниот и иконски дизајн на доминото и го трансформира во нов начин на прикажување на времето.Трите големи домина се опремени со јасни ротирачки точки коишто имаат само една оска на ротација (напред-назад) и со тоа ја менуваат бојата од црно во бело и обратно, притоа покажувајќи го точното време.Можат да се закачат на ѕид или едноставно да се постават на каква било рамна површина. Меѓусебе комуницираат безжично и воедно создаваат неверојатно релаксирачко искуство. Часовникот е изработен од страна на Carbon Design Group, којшто планираат часовникот да го развиваат и во иднина.rnrn
Индустриските дизајнери секојдневно се обидуваат да ни го направат животот полесен за живеење преку креирање на нови, инвентивни часовници. Во денешно време, нивната магија не е само во покажување на точното време.rnrn„Friendly Clock” е часовник креиран од рускиот дизајнер Максим Максимов. Овој часовник е посебен бидејќи го покажува вашиот дневен распоред кој се менува со изминувањето на часовите, според вашата дневна рутина. Сè што вие треба да направите е да го прилагодите часовникот според вашата дневна рутина и тој ќе ве потсетува што треба да направите во точно определеното време.
Новиот iPod nano со Multi- Touch технологија е прекрасен малечок гаџет со тенок екран, кој е практичен да го носите секаде со вас. Но, за никогаш да не ви се случи да го заборавите дома, компанијата iLoveHandles неодамна го стави на продажба кожното ременче наречено „The Rock Band“, кое го претвора вашиот iPod nano во дигитален рачен часовник – iWatch (се појави како концепт пред 5 месеци).rn
rnРеменчето има специјален жлеб кој е соодветен за прицврстување на гаџетот iPod nano. Не знаеме колку е удобно, но ременчето навистина го прави ова многунаменско високо-технолошко уретче да изгледа како рачен часовник.rnrnrnrn„The Rock Band“ чини 19.95 долари, што е ниска цена доколку одамна сонувате да носите производ на Apple на вашиот рачен зглоб.rnrnСо овој едноставен, но многу креативен изум, не само што ќе имате фенси часовник на вашата рака, туку на истиот ќе можете и да сурфате, да зборувате, да слушате музика и што ли уште не.rnrn
Автор: Теодора ТрповскаrnrnrnКој би предвидел дека мерењето на времето некогаш би се престорило во уметничко изразување на човекот? Од астрономските часовници, па се до модерните часовници кои ги има денес, часовникот е интересен предмет во светот на дизајнот и современото живеење. Со цел да ја прославиме оваа прогресивност на модерните часовници, еве листа на десет модерни и креативни часовници дизајнирани од талентирани дизајнери.rn.rn
1. Numbers LED Clock од Jonas Damon
rnОвој часовник е дизајниран за оние кои сакаат да го мерат времето секцирано, односно да го моделираат и сечат времето на нивен начин. Овие четири индивидуални блокови презентираат самостојни бројки и дозволуваат да го наместите времето онака како што вие сакате.rnrnrn
2. Milky Way Clock од Henrik Amberla
rnОвој часовник е всушност модерен будилник. Освежен во неговиот стил и изглед, со симетричен облик, овој будилник го покажува времето на три одделни начини и има некои интересни карактеристики. Кога звукот на алармот ќе ве разбуди наутро, само свртете го будилникот од другата страна и тој веднаш ќе ја примени функцијата snooze за да си поспиете уште неколку минути. Ако сакате да го наместите алармот повторно да ѕвони, само свртете го будилникот од обратната страна.rnrnrn
3. Furni Knox Chipboard Clock Radio
rnОвој радио часовник е познат под името „стажантски часовник“ бидејќи е направен од стажанти во фирмата Фурни. Махагони, орев и бука се спојот од дрва од кој е направен овој часовник.rnrnrn
4. DigiMech Clock од Duncan Shotton
rnДигиМек часовникот е оригинален по начинот на кој работи. Имено, на него се инсталирани четири слајдови на кои се испишани цртички. Како што работи часовникот, така цртичките се движат и на тој начин ги покажуваат часот и минутите во празнините од часовникот.rnrnrn
5. Jaeger Le Coultre Atmos Clock
rnОвој часовник е дел од 80-годишната традиција и работење на фабриката за производство на часовници, Jaeger Le Coultre. Тој е повеќе уметничко дело, со неговите мајсторски резби во внатрешноста, одошто уред за мерење на времето.rnrnrn
6. Create Your Own Clock од Bomi Kim
rnНема подобро чувство од она кога ќе дадете свој печат на нештата кои ве опкружуваат. Дизајнерот Боми Ким ви ја дава таа единствена можност да си создадете самите, ваш уникатен часовник. Тоа може да го направите ако на постоечкиот модел употребите секојдневен предмет, како молив, стапче или молив за очи. Откако ќе ставите нешто од наведеново во часовникот, тој ќе почне да работи, а вие ќе знаете дека сте дел од неговото движење.rnrnrn
7. Segmentus Clock од Art Lebedev Studio
rnДизајнерот Лебедев е добро познат во уметничките кругови. Овој часовник кој тој го дизајнирал е дигитален и го покажува времето преку серија внатрешни ротациони скалички, кои се менуваат секоја минута. Дисплејот на часовникот е проѕирен и јасно ги покажува движењата на бројките додека тие се поместуваат.rn
rnrn
8. Nixie Concrete Clock
rnОвој часовник е своевидно сеќавање на аналогните часовници кои се заборавени. Тој има шест туби од кои се покажува времето, во секој блок одделно.rn
rnrn
9. Minu Tuner Clock од Antrepo Design
rnОвој дигитален колоритен часовник има LED светло и од левата страна го покажува часот, а од десната минутите. Достапен е во портокалова, црвена, зелена и сина боја.rnrnrn
10. RollOClock Wall Clock
rnОвој уникатен часовник има лизгачка површина на која времето се покажува преку црно-бели линии кои полека се лизгаат по површината, секоја секунда. За жал, овој часовник е само концепт и не е достапен за продажба. Брилијантно би изгледал вклопен во некој модерно уреден простор за живеење или деловна просторија и е одличен пример за нетрадиционален часовник кој би можел да постигне успех на пазарот.rnrnrnrn