КАФЕ ПАУЗА

Tag: часовник

  • Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден

    Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден

    Постои една пилатес вежба која е истовремено забавна, ефективна и смешна.rnrnЏозеф Пилатес, креаторот и основачот на пилатесот, ја креирал оваа вежба на ист начин како и сите останати – како комбинација од координација, истегнување, порамнување, дишење и временско усогласување. Но, ова е вежба која тој верувал дека секој човек треба да ја прави секое утро и се вика командос, денес повеќе позната како часовник или вртење на часовникот.rnrnДвижењето треба да се направи за една минута и е потешко одошто изгледа.rnrnПрво треба да си замислите дека вие сте стрелките на часовникот. Легнете на грб така што главата ќе ви биде наместена на 12 часот, а долниот дел од телото на 6. Кога ќе се придвижувате, правете го тоа во насока на стрелките на часовникот.rnrn1. Започнете со позиција во која лежејќи на грбот, нозете ви се скупчени кон телото. Подигнете ја главата и држете ги колената со двете раце.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден2. Вдишувајќи, исправете ги рацете зад вас кон 12 часот, додека истовремено ги испружувате нозете кон 6 часот. Притоа грбот треба да ви биде цврсто прилепен за подот, а стомакот затегнат. Рацете и нозете во ниеден момент не треба да го допрат подот. Во зависност од силата што ја имате, ќе ги испружите нозете повеќе или помалку.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден3. Како што ќе издишувате, обидете се да го свртите телото кон 1 часот, вовлекувајќи ги колената кон себе, исто како во првобитната позиција.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден4. Вдишете додека ги истегнувате рацете кон назад, а нозете право кон 7 часот. Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден5. Чекорите 3 и 4 треба да ги повторувате додека не направите цел круг во часовникот.rnrn6. Штом завршите, тргнете обратно од движењето на стрелките на часовникот и повторете ја целата вежба од почеток.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поглед низ прозорец вреден 18 милиони долари

    Поглед низ прозорец вреден 18 милиони долари

    Некогашната исконска кула со часовник во Бруклин според која старите жители на Њујорк си ги местеле рачните часовници, денес е претворена во ултрамодерно поткровје вредно 18 милиони американски долари, со спектакуларен поглед кон Менхетен. Поранешната фабрика за картон, била оригинално изградена во 1915 година и во нејзиниот состав ја имало и оваа убава кула со часовници.rnrnПоглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долариrnrnТрикатната куќа се протега на површина од 632 метри квадратни, во која има 3 спални, 3 тоалети, приватен лифт, како и прекрасна тераса на кров со поглед кон небото. Но, она што е најспектакуларно во овој дом се легендарните часовници на секоја од четирите страни од апартманот, високи 4,2 метри. Висината на таванот се движи од 4,8 до 15,2 метри.rnrnПоглед низ прозорецот вреден 18 милиони долариrnrnКреатор на овој апартман е Дејвид Валентас, а истиот доаѓа комплетно опремен. Имотот во 2009 година чинел 25 милиони долари, но останал непродаден на пазарот. Тоа и не е некој шок бидејќи доколку имало купувач, тој би го купил најскапиот имот што некогаш се продал во Бруклин. Во 2011 цената паднала на 23,5 милиони и била понудена месечна рента од 50.000 долари. Во 2012 цената повторно опаднала на 19 милиони долари, но повторно не биле најдени потенцијални купувачи.rnrnНо, оваа година компанија за недвижен имот Коркоран го купиле апартманот за 18 милиони долари, па доколку некој од вас е заинтересиран, може директно да ги контактира за купување. :)rnrnПоглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долари Поглед низ прозорецот вреден 18 милиони долариrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни и необични ѕидни часовници

    Креативни и необични ѕидни часовници

    Високите температури понекогаш навистина знаат да ни ги „издолжат“ и онака веќе многу долгите летни денови. Секундите стануваат минути, минутите часови, часовите денови… Ви се случило ли некогаш 3 пати да погледнете во часовникот мислејќи дека поминало многу време од претходното погледнување, но всушност сфаќате дека не поминала ни една минута?rnrnБидејќи знаеме какво е чувството, решивме да ви предложиме една идеја која со сигурност ќе направи времето да почне да ви „лета“. Наместо да лежите цел ден пред телевизорот, постојано менувајќи ги програмите, надевајќи се дека така побрзо ќе пристигне вечерта, употребете го вашето време малку поинаку и дизајнирајте си часовник кој постојано ќе ги збунува вашите најблиски за време на нивните посети. Сè што ви е потребно е многу слободно време, малку трпение и инспирација од наредниве несекојдневни часовници:Креативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовнициКреативни и необични ѕидни часовници
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • SmartWatch – рачен часовник и смартфон во едно

    SmartWatch – рачен часовник и смартфон во едно

    Се чини дека им нема крај на олеснувањата на секојдневните активности кои ги овозможува денешната технологија. Ако до пред извесно време бевме импресионирани од можноста каде било да сурфаме на интернет или да гледаме телевизија на мал мобилен уред, сега веќе можеме да проверуваме мејл и да се вклучуваме на социјалните мрежи преку рачен часовник.SmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноSmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноSmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноSmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноНовиот чудесен гаџет е спој од рачен часовник и смартфон. Произведен e од Сони и е наречен Sony SmartWatch. Функционира така што уредот во форма на рачен часовник кој е закачен на раката е поврзан со смартфонот преку блутут технологија. Тоа овозможува на него да се читаат СМС-пораките и мејловите, да се посетат социјалните мрежи, па дури и да се контролира камерата на смартфонот. За да се ужива во сето ова, претходно е потребно само да се инсталира апликацијата LiveWare. Sony SmartWatch е достапен за 150 американски долари.SmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноSmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноSmartWatch – рачен часовник и смартфон во едноrn


    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    Скромни, фалбаџии, сентиментални, практични…, различни сме дури и во неволја. Во тоа ќе се уверите и преку проектот „The Burning house“, кој ни поставува хипотетичко, но многу едноставно и добро прашање: „Што би понеле со себе, ако избувне пожар во вашиот дом?“ Идејата е генијална, а одговорите шаренолики.rnrnПрочитајте како на оваа тема размислуваат луѓе од различни делови на светот, на различна возраст, со различна професија…rn
    rn

    1. Брет Роговски

    rn

      rn011

    • Години: 38
    • rn011

    • Живеалиште: Пенсилванија, САД
    • rn011

    • Професија: програмер, фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: џебно ноже, дрвен украс – татко со бебе (имавме проблеми со зачнувањето на првото дете, затоа овој подарок ми е од особена важност), медали од многу маратони, паричник, моите омилени Мизуно чевли, облека за моите две девојчиња, медицинска цуцла, хартиено маче – Paper mache cat (по едно вакво имавме јас и сопругата кога се сретнавме), мојата гитара (единствениот предмет кој го чувам повеќе од 15 години), вино од 2008 година (од денот кога се роди мојата ќерка), моето верно куче Gimli, пиротехника, кутија со различни цвеќиња (што ми ги подари сопругата пред повеќе од 11 години), црвен пипер, очила, моето омилено пенкало, мемориските картички, ајфон, ајпад, фотоапарат Canon 40D, 50 милиметарски и 125 милиметарски објективи, компјутер Dell 2600 (мојот живот е речиси комплетно дигитализиран во моментов), монохроматска слика од 2005 година.rn
    rn

    2. Алекс Боениш

    rn

      rn011

    • Години: 23
    • rn011

    • Живеалиште: Филаделфија, Пенсилванија
    • rn011

    • Професија: графички дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: фотоапарат Canon Rebel Eos T2i со Tamron 17-50 милиметарски објектив (со него фотографирам), пиштол Sig Sauer P226 (Dark Elite), инхалатор (ќе ми треба после ползењето низ чадот), преклопен нож, мултифункциско ноже, омилената фотографија со мојата девојка, клучеви, визит карти, паричник, стара фотографија од дедо ми и неговиот автомобил, фотографија од баба ми (која ја направил дедо ми), обичен мобилен телефон, а не ајфон. Чудно, нели? 15-инчен лаптоп Macbook Pro.rn
    rn

    3. Кери Пол

    rn

      rn011

    • Години: 19
    • rn011

    • Живеалиште: Њу Џерси
    • rn011

    • Професија: сè уште е студент
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: сите луѓе и домашни миленичиња, велосипед, виолина, првото издание на речникот Вебстер од 1930 (подарок од дечко ми), платна, четки, маслени бои, лаптоп, мојот портокалов паричник, телефон, ајпод, очила, бисерен ѓердан и обетки од прабаба ми, бројаница што ѝ припаѓала на баба ми, прстен од кожа (ми го направи мајка ми), полароид фотографија од моето куче, обувки за планинарење, чантата на мајка ми (купена е во источен Берлин, пред падот на Берлинскиот ѕид), две од моите омилени плишани играчки, стари каубојски чизми од мојата мајка.rn
    rn

    4. Кејт Мекаули

    rn

      rn011

    • Години: 36
    • rn011

    • Живеалиште: Австралијка која моментално живее во Лондон
    • rn011

    • Професија: писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мачка, скршена школка (првото нешто кое мојот сакан ми го подари по кусо време откако се запознавме во Порт Морезби, Папуа, Нова Гвинеја), потоа жад и сребрени обетки (исто така, подарок од мојот сакан, купени се во Мускат, Оман), сребрена нараквица (повторно подарок од него, купена е на пазар во Дуала, Камерун), копии на баба ми од делата на Оскар Вајлд, брезлетна од пазар во Кипар (подарок од саканиот), растенија од градината на мајка ми во Сиднеј и од мојот двор во Дубаи, орхидеите што ги добив за роденденот, еден куп бележници (во кои ги запишувам моите планови и прозата за моите новели), лаптоп Macbook Pro (во него се сместени мојот речиси завршен роман, фотографии и музика), ајфон, бронзена статуетка (купена во Дуала, Камерун), сребро, зелена ткаена шапка од Сиднеј, врамени фотографии од мене и од саканиот (сликани сме кај Гранд Кањон и пред Лувр), кактуси од Икеа.rn
    rn

    5. Марта Васакс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Сан Франциско
    • rn011

    • Професија: инвеститор/колекционер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: уметничка слика од боксер од 1935 година, две стаклени човечиња (подарок кој го купив за мојот татко), сет од моливи од Tombow, стари фотографии и фотографии за лична карта, материјал за цртежите на коишто работам во моментот, папка со скици од завршени портрети, моите чизми, ајпад 2 со слушалки и ајфон.rn
    rn

    6. Кристијан Барон

    rn

      rn011

    • Години: 39
    • rn011

    • Живеалиште: Бон, Германија
    • rn011

    • Професија: фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: моите омилени плочи (Kraftwerk, Kruder & Dorfmeister, Stone Roses, Dj Shadow, Pixies, Smiths, Blumfeld), часовник, телефон, хард диск со поголемиот дел од моите фотографии, мојот leica М7 со 35 милиметарски објектив, еден долар (којшто ми остана од моето прво патување во САД од пред 20 години), омилениот ремен, фармерки ramone (не се прикажани на фотографијата, бидејќи во моментот ги носам на себе), шише џин (ограничена серија), збирка од моите омилени испечатени фотографии, емулзија, мојот Hasselblad со 80 и 180 милиметарски објективи и две папки со најважните негативи.rn
    rn

    7. Матео Сартори

    rn

      rn011

    • Години: 44
    • rn011

    • Живеалиште: Торино, Италија
    • rn011

    • Професија: фотограф, програмер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: лаптоп, надворешен хард диск, телефон, мојата музика, најновите книги (оние кои сè уште не ми се прочитани), моите патувачки записи, неколку семејни фотографии, пасош, удобна облека и обувки, паричник, батериска ламба, повеќенаменско џебно ноже, камера.rn
    rn

    8. Емили Лорк

    rn

      rn011

    • Години: 30
    • rn011

    • Живеалиште: Далас, Тексас
    • rn011

    • Професија: блогер, писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: забавни игри од детството (за носење), омилената чаша за кафе, пасоши, гитарата Гибсон од 1962 година (од мајка ми), омилен ремен, изводи на родените и на венчаните, машина за пишување „Royal Quite Deluxe“ од 1941 година (подарок од драги пријатели), лаптоп Macbook, ајфон, паричник, клучеви, чековна книшка, античка виљушка од коска (подарок од татко ми), кутија со рецепти и книга на баба ми, кожен дневник (со писмата од мене и мојот сопруг, кои си ги пишувавме еден на друг во изминатите 5 години), сина марама од мајка ми (од 1960 година), омилениот соларник и сад за црн пипер (ме потсетуваат на мојата сестра близначка), старомоден сад (подарок од мајка ми), античка кутија со пари (со заштедата за 25-годишнината од нашиот брак), фотоапарат Canon 40D (со него ја направив и оваа фотографија).rn
    rn

    9. Роан Андерсон

    rn

      rn011

    • Години: 35
    • rn011

    • Живеалиште: Баларат, Австралија
    • rn011

    • Професија: фотографија и дизајн
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Часовник за нуркање Никсон, јапонски нож со коскена дршка (го поседувам цели 22 години), батериска LED ламба, ајфон, фотоапарат Nikon и објектив од 50mm f/1.4, 500 гига хард диск, лаптоп Macbook, очила (не гледам без нив), нож, CZ 22 Магнум (омилено оружје за лов), фармерки G-Star и јакна Barbor.rn
    rn

    10. Дејвид Когинс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Њујорк
    • rn011

    • Професија: писател, сценарист
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: првото издание од Големиот Гетсби, две добри пенкала, отворач за шише, часовник, држач за цигари, матарка, омиленото англиско одело, чевли, вратоврска, антички казино чип, картичка за телефон, календар Smythson (п.с. килимите на фотографијата не се вклучени).rn
    rn

    11. Рајли Мекмастер

    rn

      rn011

    • Години: 22
    • rn011

    • Живеалиште: Ванкувер, Канада
    • rn011

    • Професија: нема (невработен)
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Ако мојата куќа се запали, ќе се обидам да зграбам парче пица од фрижидерот. Пламените јазици можат само да го испечат.  И додека седнат во тревникот набљудувам како се кремираат сите мои животни колекции и куп непотребни работи, ќе се тешам со вкусното парче пица. :-)rn
    rn

    12. Кенис Милер

    rn

      rn011

    • Години: 16
    • rn011

    • Живеалиште: средношколец на размена во Загреб, Хрватска (доаѓа од САД)
    • rn011

    • Професија: нема
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: дневник (мојот живот во една книга), шапка од H&M, омилените чевли, чевлите за балет, Nikon D3000, моите зум објективи, Minolta XG-M, мобилен телефон, марама, кафена кожена јакна (не е прикажана на фотографијата), пасош (имам големи амбиции, сакам да ги посетам сите места во светот… не можам да бидам долг период на една локација).rn
    rn

    13.  Викторија Торн

    rn

      rn011

    • Години: 52
    • rn011

    • Живеалиште: Калифорнија
    • rn011

    • Професија: мајчинство, уметник
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: децата, нивните уметнички дела, полароид од најмладот син (фотографиран на 3-годишна возраст), омилените книги (мои и на сестра ми), книга од мајка ми, торбата со мапи на татко ми, белегзија од еден пријател, брош направен од мојата прабаба, кучето, фотографии, намирници, прстен… Но, на крајот на краиштата, сè што навистина ви треба е љубов.rn
    rn

    14. Хариет Хортон

    rn

      rn011

    • Години: 24
    • rn011

    • Живеалиште: Лондон
    • rn011

    • Професија: препаратор на животни
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мојата девојка (не е на фотографијата), препариран Феникс, лаптоп, ајпод, слушалки, Блекбери, паричник, скулптура од светицата Фатима, фотографии од детството, чевли.rn
    rn

    15. Памела Лопс

    rn

      rn011

    • Години: 33
    • rn011

    • Живеалиште: Париз, Франција
    • rn011

    • Професија: дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: водич за тоа како да се изгради дрвена куќа, чекан, кабел, клинци, стари фотографии од семејството и од пријателите.rnrnПроектот е отворен и за вашите одговори, кои слободно можете да ги споделите и тука со нас…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативниот календар на Кен Ло

    Креативниот календар на Кен Ло

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnНовогодишните празнувања се зад нас, а она што од нив ќе ни остане, покрај спомените, веројатно е и рекламниот материјал во вид на пенкала, запалки и календари. Но, ваков календар сигурно не сме добиле. Ова е всушност еден нов формат, комбинација од календар и часовник, идеја на дизајнерот Кен Ло од Хонг Конг. Покрај тоа што го прикажува времето и тековниот месец, на него можат да се видат главните празници, како и да се прочитаат некои пораки и мисли за мотивација. Сè уште не се знае кога ќе почне да се произведува, но според поддршката, луѓето со задоволство би го купиле, ако цената е пристапна.Креативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен ЛоКреативниот календар на Кен Ло
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    Ви ѕвони телефонот, но не можете да го лоцирате во чантата или пак мора да го извадите од џебот пред да седнете во кафуле. Следниот чекор во светот на мобилната технологија се паметните часовници кои можете да ги носите на вашиот рачен зглоб. Сега, сите опции буквално секогаш ќе ви бидат „на рака“.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системI’m watch е производ на Италијанската компанија Blue Sky. Тие го претставуваат како првиот вистински smartwatch (паметен часовник), кој доаѓа со оперативен систем Андроид 1.6.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системОна што доаѓа спакувано во ова мало паметно издание е processor IMX233, можност за поврзување со Андроид-базирани телефони или со Ајфон преку блутут, 64MB RAM и флеш меморија со капацитет од 4GB за чување фајлови. Има аудио излез за поврзување со слушалки за да можете преку него да слушате музика, но и самиот поседува микрофон и звучник.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системНеговиот мултитач-екран е голем 1,54 инчи и е со резолуција од 240 на 240 пиксели. На него можете да ги изведувате сите стандардни движења со прстите кои се карактеристични за екраните осетливи на допир.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    rn

    I’m watch претставува мобилен телефон, на кој можете да сурфате, слушате музика, радио, да си го организирате времето, да гледате слики и видеа, да ги користите социјалните мрежи, како и секакви други апликации кои би ви биле потребни.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    rnЌе биде достапен од јануари, 2012 година. Ќе го има во 7 различни бои (249 евра), плус едно специјално титаниумско издание (499 евра), и како луксузен накит во 4 варијатни: жолто злато, розово злато, бело злато со дијаманти и црно злато (од 9.999 евра).rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Градски часовници изработени од винилски плочи

    Градски часовници изработени од винилски плочи

    Дизајнерот Павел Сидоренко е креатор на овие уникатни ѕидни часовници изработени од стари винилски плочи. Додека во средината на плочите сè уште може да се види оригиналната налепница, рабовите се исечени во облик на специфичните градби и обележја на големите градови во светот. На тој начин, се создадени прекрасни градски силуети, кои го покажуваат времето.rnГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиГрадски часовници изработени од винилски плочиrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 кул дрвени гаџети

    10 кул дрвени гаџети

    Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.rnrnЗа поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.rn.rn

    1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

    rn10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…rn.rn

    2. Слушалки од шперплоча

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.rn.rn

    3. Дрвен УСБ драјв

    rn10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.rn.rn

    4. Вазна од расцепено дрво

    rn10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.rn.rn

    5. Дрвени часовници

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.rn.

    rnrn

    6. Дрвени звучници за мп3 плеери

    rn10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.rn.rn

    7. Дрвен док со звучник за ајпод

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.rn.rn

    8. Дрвена футрола за лаптоп

    rn10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.rn.rn

    9. Дрвено радио

    rn10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.rn.rn

    10. Звучник – дрвено јаболко

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?

    Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?

    Многу е лесно да одберете евтин часовник кој одлично ќе се вклопи во вашиот моден стил, но сепак постојат неколку правила кои ќе ве научат како да го одберете правилниот часовник за на вашиот зглоб, кој ќе ви врши работа од повеќе аспекти.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Првиот чекор е да одлучите за каков часовник ќе станува збор, механички или електронски. Ова може да биде клучно за квалитетот и цената на тоа што го купувате. Двата часовника функционираат на сосема различен начин, но сепак најдобрите светски брендови најчесто се определуваат за механички систем, кои генерално достигнуваат поголема цена.rnrnОткако ќе одберете помеѓу механички и електронски часовник, треба да размислите какви функции сакате тој да има. Секое додатно својство, како отпорност на вода, следење на плима и осека, па дури и интегриран GPS систем, само надодаваат на цената. Затоа добро размислете дали додатните елементи кои ги има часовникот навистина ќе ви користат. Доколку не, определете се за некој поедноставен часовник, кој со сигурност ќе чини помалку пари.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Клучна улога игра големината на часовникот, бидејќи тој треба да е комотен на зглобот без да виси од страните и да има соодветна тежина. Доколку преферирате да купите метален часовник, бидете сигурни дека тој ќе одговара со останатите метални додатоци кои би ги носеле. Исто така можете да размислите и за кожни ремени кои повеќе би се вклопиле во вашиот стил. Покрај функционалноста и вклопувањето во вашиот стил е многу важна работа при одбирањето на часовникот. Часовникот треба да го отсликува вашиот стил и вашиот карактер.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?Од технички аспект, за одржувањето на часовникот нема што многу да се прави. Секогаш гледајте тој да биде чист, па доколку станува збор за метален часовник редовно полирајте го. Единствената работа е промената на батеријата која ќе треба да ја правите одвреме-навреме. Доколку се определите за кожни ремени треба да внимавате на нивното одржување, бидејќи кожата се суши. Доколку имате метални ремени, за да ги исчистите од секојдневното потење и допирот со кожата, исчеткајте ги со малку паста за заби.Како да го одберете вистинскиот часовник за вас?rn

    Лажни и евтини имитации

    rnВо идеалниот свет сите би носеле оригинални часовници на нашите рачни зглобови. Но сепак реалноста е сосема поинаква, пазарот е преполн со имитации кои имаат многу ниски цени и на некој начин ја извршуваат основната функција прикажувајќи го времето. Но доколку не ви е целта да се правите мангуп со вашата „скапа“ имитација, тогаш купете го ако ви се допаѓа. Во спротивно луѓето лесно забележуваат дека не носите оригинално парче на вашиот зглоб, па не обидувајте се да ги излажете. Најубаво би било да си купите оригинален часовник, кој ќе чини колку што ви е долга чергата. Сепак, тоа е една долготрајна инвестиција која ќе ви користи вам, а можеби и на вашите потомци.rn

    Основни правила за носење часовник

    rn

      rn011

    • Часовникот секогаш носете го на понеактивната рака. Доколку сте деснак, на левата и обратно.
    • rn011

    • Никогаш, ама баш никогаш не носете го часовникот на внатрешната страна од зглобот.
    • rn011

    • Часовникот треба да ви е точен, но да не ви е премногу стегнат. Тој треба малку да е слободен и да може да се мрда нагоре-надоле на зглобот, а не да остава трага на раката кога ќе го извадите.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.