КАФЕ ПАУЗА

Tag: цена

  • 7 евтини спортски автомобили

    7 евтини спортски автомобили

    Ако размислувате да се подновите со еден убав, брз, спортски автомобил, следните 7 модели се најдобриот избор според перформансите што ги добивате за цената што ја имаат. Цените се однесуваат на пазарот во светски рамки.rn
    rn

    Mazda MX-5 Miata

    rnСпоред многумина оваа Мазда дава најдобри перформанси за парите што ќе ги платите. Мијата е двосед со 167 коњски сили чија цена е скромни 18.000 евра. Отприлика, нуди слични перформанси како, на пример, Порше, но за многу помала сума пари.7 евтини спортски автомобилиrn

    Mini Cooper Hardtop

    rnОва е мал автомобил чиј звук на моторот може малку да иритира, но 121 коњски сили и кул изглед за само 17.000 евра е одлична зделка.7 евтини спортски автомобилиrn

    Ford Mustang

    rnЗа модел со извонредно богата историја на одлични спортски автомобили кој под хаубата има мотор со 305 коњски сили, цената од 18.000 евра изгледа мала. За да нема заблуда, ова е само основниот модел на Мустанг. Останатите се многу помоќни, достигнувајќи и повеќе од 600 коњски сили и секако многу повисока цена.7 евтини спортски автомобилиrn

    Chevrolet Camaro

    rnОвој Шевролет Камаро со прекрасен изглед чини само 19.000 евра. Ова е најмалку силниот модел на Камаро со 6,2 литарски мотор појачан со фантастични 323 коњски сили.7 евтини спортски автомобилиrn

    Mitsubishi Eclipse

    rnЗа жал, конструкторите не се потрудиле премногу за да има дадат поагресивен изглед на оние 162 коњски сили под хаубата. Сепак, со оглед на тоа што за неа се бара помалку од 20.000 евра, таа мора да биде на вашата листа на приоритети ако посакувате релативно евтин спортски автомобил.7 евтини спортски автомобилиrn

    Hyundai Veloster

    rnЗа некаде околу 14.000 евра (кај нас 20.000) можете да си купите нов Хјунади Велостер опремен со 1,6 литарски мотор со извонредни 132 коњски сили. Иако се работи за спортски автомобил не е само за на тркачки патеки. Троши нешто над 7 литри на 100 километри.7 евтини спортски автомобилиrn

    Dodge Challenger

    rnНов Доџ Челенџер како овој на сликата за само 19.000 евра е многу примамлива понуда. Придвижуван е од извонредно силен мотор со 305 коњски сили.7 евтини спортски автомобили
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го подготвите автомобилот за продавање?

    Како да го подготвите автомобилот за продавање?

    Доколку сте се решиле да го продадете вашиот автомобил, фино би било убаво да го припремите пред да го понудите на пазарот. Ова се неколку куси совети кои ќе ви помогнат побрзо да привлечете потенцијални купувачи, кои ќе бидат задоволни од понуденото.Како да го подготвите автомобилот за продавање?rn

    Подобрете го изгледот на ентериерот и екстериерот

    rnКога станува збор за екстериерот, важно е да ги отстраните сите гребаници и вдлабнатини, кои настанале при чукнување на автомобилот. Вдлабнатините е навистина потешко да ги сокриете, бидејќи ќе треба да дадете многу пари за менување на некој дел или коригирање на истиот, но повеќето гребаници можат да се отстранат со полир-паста. Погрижете се да ги отстраните сите ситници на надворешноста на автомобилот, бидејќи тоа е првото нешто што го гледа потенцијалниот купувач.Како да го подготвите автомобилот за продавање?Спрејот за суво чистење е одлично средство за отстранување на разните дамки од седиштата. Истиот проблем можете да го решите и со соодветни навлаки за седиштата кои нема да ве чинат повеќе од 1.500 денари.rnrnОд багажникот исфрлете ги сите елементи кои асоцираат дека автомобилот бил често поправан и оставете ја само основната задолжителна опрема.rn
    rn

    Гуми

    rn

    Автомобилот добива на вредност доколку има сет од зимски гуми или барем две од нив. Тие треба да делуваат дека се во одлична состојба, па затоа е важно да бидат добро исчистени. Истото важи и за гумите кои се веќе поставени на возилото.Како да го подготвите автомобилот за продавање?

    rnrn

    Одлука за продажната цена

    rnНајклучниот чекор за успешна продажба е креирање на цената на автомобилот. Од голема важност е непотценувањето на знаењето и интелигенцијата на купувачот. Во денешно време постојат голем број онлајн-сервиси за продажба на автомобили, на кои лесно може да се провери реалната цена на возилото. Затоа треба да бидете внимателни и реални, за да не оставите погрешен впечаток.Како да го подготвите автомобилот за продавање?Автомобилите во просек годишно поминуваат од 15.000 до 20.000 километри, доколку редовно се користат. Доколку километражата е над просекот, треба да сте спремни и свесни дека морате да ја намалите цената.rn
    rn

    Соодветна документација

    rnПред да го огласите возилото, треба да ја спремите основната документација, која купувачот ќе сака да ја има на увид при купувањето на возилото. Под основни документи се подразбираат сервисна книшка, гарантен лист, полиса за осигурување, сообраќајна дозвола, а доколку предавањето на автомобилот значи и преземање на лизинг, тогаш важен е и склучениот договор за лизинг.Како да го подготвите автомобилот за продавање?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбрзите суперавтомобили во светот

    Најбрзите суперавтомобили во светот

    Погледнете ја оваа неверојатна листа која ги опфаќа најбрзите и најскапите суперавтомобили во светот, почнувајќи од Bugatti Veyron Super Sport, па сè до најпознатиот McLaren F1.rn
    rn

    Bugatti Veyron Super Sport

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил го постигна Гинисовиот рекорд за брзина, со неверојатните 430 км/ч. Bugatti Veyron Super Sport има 4 зголемени турбoкомпресори и поголеми интеркулери. 16-цилиндричниот мотор на овој автомобил има 1.200 коњски сили. Во зависност од дополнителната опрема, неговата цена може да варира од 2,4 до 2,6 милиони долари.rn
    rn

    Hennessey Venom GT

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил развива брзина од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди. Доколку сакате да забрзате до 320 км/ч ќе ви бидат потребни уште 12,8 секунди. Hennessey Venom GT има 6,2-литарски V8 турбо мотор со 1.200 коњски сили и неверојатна цена од околу 1 милион долари. Теоретската максимална брзина на овој автомобил е 440 км/ч, но во пракса покажал брзина до 420 км/ч.rn
    rn

    Koenigsegg Agera R

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил може да достигне брзина до 420 км/ч. Koenigsegg Agera R за 2,9 секунди развива брзина од 0 до 100 км/ч. Компанијата тврди дека моделот кој ќе излезе во 2013 ќе достигнува брзина и до 440 км/ч. Овој автомобил може да се најде со волан и на левата и на десната страна, има Koenigsegg 5-литарски алуминиумски V8 мотор со 1.140 коњски сили. Цената за моделот од 2013 година сè уште не е најавена, но постарите верзии се околу 1,6 милиони долари.rn
    rn

    SSC Ultimate Aero

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотUltimate Aero, кој е произведен од „SSC (Shelby SuperCars) North America,“ развива брзина од 0 до 100 км/ч за 2,78 секунди. Максималната брзина му е 410 км/ч, но од компанијата велат дека теоретската брзина на овој автомобил може да достигне и до 440 км/ч. Ultimate Aero има SSC дизајниран алуминиумски V8 мотор со 1.287 коњски сили. Висината на автомобилот од земјата е само 10 сантиметри, но висината на неговата цена е малку поголема – околу 650.000 долари.rn
    rn

    Saleen S7 Twin Turbo

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил кој е само со 2 врати (купе), има 7-литарски алуминиумски V8 мотор, со 1.000 коњски сили и е дизајниран од Стив Салин. Цената во 2005 година изнесувала околу 585.000 долари. Twin Turborn може да развие брзина од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди. Максимална брзина која овој автомобил може да ја достигне е 400 км/ч.rn
    rn

    Koenigsegg CCX

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил со V8 мотор и 806 коњски сили, може да развие максимална брзина до 390 км/ч и вреди околу 550.000 долари. Произведуван е во Шведска од 2006 до 2010 година.rn
    rn

    McLaren F1

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил развива брзина од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 380 км/ч. Постојат само околу 106 автомобили од овој вид произведени во периодот од 1992 до 1998 година. Најпознат е по неговите врати како „крилја на лилјак“ и V12 моторот со 627 коњски сили. Неговата основна цена била околу 970.000 долари.rn
    rn

    Zenvo ST1

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотZenvo ST1 е првиот Дански дизајниран суперавтомобил, кој е со 7-литарски BMW V8 мотор, 1.200 коњски сили и максимална брзина од 370 км/ч. Основната цена е околу 1,8 милиони долари. Интересна е изјавата на компанијата која вели дека ќе се произведуваат само по 3 автомобили годишно од овој вид.rn
    rn

    Noble M600

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој Британски суперавтомобил развива брзина од 0 до 60 км/ч за 3,7 секунди и максималната брзина му е 360 км/ч. Има двоен турбо 4,4-литарски V8 мотор со 650 коњски сили. Основната цена на Noble M600 е 330.000 долари.rn
    rn

    Gumpert Apollo

    rnНајбрзите суперавтомобили во светотОвој автомобил со 4,2-литарски V8 мотор достигнува максимална брзина од 360 км/ч. Во зависност од дополнителната опрема, цената на Gumpert Apollo се движи помеѓу 300.000 и 450.000 долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Киклот – вежбајте со стил

    Киклот – вежбајте со стил

    Ако вашиот работен ден се базира претежно на седење пред некој дигитален уред, тогаш сигурно барем еднаш во вашиот работен век имате почувствувано болка во грбот. За да се избегне тоа, веројатно многупати сте прочитале дека треба да правите кратки паузи со движење или во идеални услови, кратко вежбање на целото тело. Проблемот, сепак, е тоа што опремата за вежбање најчесто е гломазна и невкусно дизајнирана за да се стави во вашата канцеларија, па дури и во вашиот дом.

    rn

    Но, 31-годишниот дизајнер од Италија, Лука Счиепати, мисли поинаку, а и ние потполно се согласуваме со него. Станува збор за неверојатниот велосипед за вежбање – Киклот.rn(1) Киклот - вежбајте со стилВелосипедот е направен од карбон, челик и специјални стаклени влакна за полесно обликување. Киклот доаѓа во 3 бои: комплетно карбон, сребрена и виолетова.

    rnПостои само еден „мал“ проблем со него – неговата цена. Чини… чекајте… чекајте… 8.300 евра. Тоа е блиску до цената на некој солиден нов автомобил.(2) Киклот - вежбајте со стил(3) Киклот - вежбајте со стил(4) Киклот - вежбајте со стил(5) Киклот - вежбајте со стил(6) Киклот - вежбајте со стил