КАФЕ ПАУЗА

Tag: цена

  • 5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

    5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

    Со години многу производители наплаќаат повеќе за одредени продукти само затоа што се брендирани за жени. Ова не е ништо ново и истражување од 2010-та година покажало дека продуктите за жени, кои се разликувале само по дезенот на пакувањето, чинеле до 50% повеќе од истите производи наменети за мажи.rnrn5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажитеrnrnОва зголемување на цените, познато и како „розов данок“ се случува барем 20 години. Па зошто е ова вака? Можеби повеќе чини пакувањето или женските продукти содржат повеќе скапи состојки? Но, кога ќе ги погледнете состојките ќе сфатите дека и нема некоја разлика. Па, погледнете кои се најчестите продукти за жени кои се речиси секогаш со повисока цена.rn

    1. Жилети и креми за бричење

    rnКај жилетите постои најголема разлика во цена и понекогаш женските можат да чинат дури 108% повеќе од машките. Жените кои се уморни од давање премногу пари за жилети можат слободно да ги купуваат машките.rn

    2. Шампони и продукти за нега на коса

    rnЕдно истражување од 2015-та година открило дека женските продукти за нега на коса се и до 48% поскапи од машките. Дали причината е тоа што жените би дале повеќе пари за овие продукти? Дали производителите им ја набиваат цената на продуктите само затоа што можат? Па, следниот пат размислете подобро пред да купите скап шампон за коса.rn

    3. Секојдневни услуги

    rnЖените кои ги користат истите услуги како и мажите понекогаш треба да платат поскапо. Ова најмногу важи во фризерските салони каде што потстрижувањето на жените трае подолго, па веројатно и затоа е поскапо. Но што е со хемиското чистење? Дали е вистина дека машините се направени за машка облека, па потребна е дополнителна работа за женската?rn

    4. Тампони и женски хигиенски продукти

    rnПроизводителите на хигиенски продукти за жени се обидуваат да звучат што е можно поскромно, но вистината е дека овие нешта се неопходни и скапи. Покрај тоа, на мажите не им се потребни овие хигиенски продукти поради месечна биолошка функција. Поради ова се поставува прашањето дали е фер да се додава финансиски товар на жените со ова? Исто така, обележувањето на овие продукти како луксузни е смешно.rn

    5. Детски играчки

    rnРозовиот данок важи и за играчките за девојчиња. Всушност, играчките кои им ги рекламираат на девојчињата во просек чинеле 7% до 11% повеќе од оние за момчињата. Сепак, овде не може да се направи вистинска споредба бидејќи повеќето деца сакаат и „машки“ и „женски“ играчки.rn

    Што можете да направите?

    rnИако продуктите за лична нега и здравје се најчесто поврзани со розовиот данок, проблемот е распространет многу повеќе. Во едно истражувањето биле вклучени 800 разни продукти со машка и женска верзија и се открило дека женската верзија чинела повеќе во 42% од случаите. Оваа разлика може да чини илјадници евра во текот на животот на една жена. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја подигнете свеста и да купувате попаметно. Барајте компании со компатибилни вредности или едноставно купувајте ги „машките“ верзии на истите производи.

  • 13-те најскапи раси на мачки

    13-те најскапи раси на мачки

    Нашите миленичиња ни се како семејство, и некои луѓе навистина не штедат за додавање нов член на семејството, особено кога станува збор за мачки. Погледнете кои раси на мачки се најскапи во светот.rn

    1. Американска мачка со тврдо крзно

    rn(1)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 900 до 1.000 евра.rnrnАко сте обожаватели на мачки со уникатен изглед, овој вид е за вас. Оваа мачка има необично тврдо крзно. Првата од видот била откриена во 1966 година во Њујорк. И машките и женските може да достигнат тежина до 5 килограми.rn

    2. Рагдол

    rn(2)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 700 до 1.100 евраrnrnОвој вид е создаден во Калифорнија, во 1960-тите. Овие мачки се едни од најголемите. Возрасните мажјаци може да достигнат тежина и до 9 килограми.rn

    3. Кадрава американска мачка

    rn(3)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 700 до 1.100 евраrnrnИмето го добила поради обликот на ушите. Првата мачка од овој вид е забележана во Калифорнија, околу 1981 година. Во 1963 почнало нејзиното селективно размножување, со цел да се зачува генот.rn

    4. Кадрава шкотска мачка

    rn(4)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 700 до 1.300 евраrnrnЦената на овој вид зависи од шарите и од потеклото. Овие мачиња не само што се едни од најскапите, туку и нивното осигурување има највисока цена.rn

    5. Сибирска мачка

    rn(5)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 1.100 до 1.400 евраrnrnАко сакате големи бушави мачиња, можеби ќе ви се допаднат овие. Прв пат се забележани околу 1000-тата година од нашата ера. Тие потекнуваат од сибирските шуми, па од таму го добиле и името.rn

    6. Британска мачка со кратко крзно

    rn(6)13-te-najskapi-rasi-na-machki-kafepauza.mkrnrnЦена: од 700 до 1.500 евраrnrnОвој вид бил донесен од Египет во Велика Британија. Години подоцна, видот бил вкрстен со Персиската мачка што довело до пократко крзно. Овие мачки се со среден раст.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Совршенството има цена: Негативните страни на перфекционизмот

    Совршенството има цена: Негативните страни на перфекционизмот

    Постојаното тежнеење кон совршенство може да ви изгледа како особина која сакате да ја поседувате, меѓутоа, токму оваа карактеристика може да биде голем товар кога е во прашање работата, но и приватниот живот. Перфекционизмот се смета за психолошко нарушување, кое најчесто не се појавува само. Депресијата, па дури и нарушувањата во исхраната често ја придружуваат оваа состојба, што може дополнително да ја обесхрабри личноста која пати од него. Еден од факторите кои се присутни кај перфекционистите доколку не научат да го контролираат својот нагон за да стигнат до идеалното, е хроничното незадоволство од сопствениот живот. Токму овие симптоми создаваат разлика помеѓу перфекционизмот и желбата за напредување на работното место.rnrnСовршенството има цена: Проверете дали сте перфекционистrn

    Грешките се неприфатливи

    rnОвој принцип не важи само за нивниот живот и работата, туку тие го пренесуваат на сѐ во што го вложуваат своето внимание. Дури и најмалото отстапување од совршенството, кое е забележано од перфекционистите, мора да биде уредено по нивна замисла и нивни правила кои само ним им се познати.rn

    Сѐ или ништо

    rnКај овие личности има правила за извршување одредени активности, но истите правила важат и при размислувањето. Кај нив не постои „златна средина“, само исправно или погрешно.rn

    Не прифаќаат критики

    rnДури и позитивната критика, која во иднина може да придонесе за подобрување на работата, за перфекционистите е целосно неприфатлива. Кога ќе се најдат во ваква ситуација, тие прават сѐ што е во нивна моќ за да се одбранат.rn

    Желба за контрола

    rnПерфекционистите многу често се обидуваат да ги контролираат мислите и постапките на нивната околина, за да не дојдат до ситуација во која ќе доживеат неуспех. Токму поради неможноста за манипулирање со одредени личности, тие ги прекинуваат односите и се затвораат во себе.rnrn(2) sovrshenstvoto-ima-cena-proverete-dali-ste-perfekcionist-kafepauza.mkrn

    Како да ја прекинете оваа опасна навика?

    rn

    Научете да кажете „НЕ“

    rnПостојаното задоволување на другите и прифаќањето на секоја понуда или задача е една од главните особини на перфекционистите, а ова се случува поради тоа што тие сакаат да ја задржат својата титула за најдобар пријател, сосед, работник… Време е да ја прекинете оваа навика и да се посветите на личното задоволство.rn

    Саботирајте се себеси

    rnКако ќе почувствувате нагон да направите нешто според своите прописи, без простор за грешка, застанете и размислете, а потоа намерно направете нешто со што ќе ја уништите својата тенденција кон совршеност. Доколку го направите ова уште на почетокот, брзо ќе забележите големо олеснување.rn

    Зборувајте јавно за своите неуспеси

    rnСоцијалните мрежи може да се искористат како алатка за прекинување на своите лоши навики. Откако ќе доживеете неуспех, наместо да се сожалувате самите, споделете го тоа со пријателите на Фејсбук или Инстаграм, за заедно да пронајдете убавина во она што е неизоставен дел од животот – грешките.rn

    Пронајдете креативно хоби

    rnХобито кое бара креативност и инспирација ќе ве научи дека не можете да го решите секој проблем со правилата на кои сте навикнати. Кога се во прашање ваквите активности, не барајте совршеност во нивните изведувања.rnrnДоколку сакате повеќе да се анализирате себеси, погледнете ги и овие 7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист.

  • 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

    6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаете

    Многу луѓе редовно одат во ресторани и таму ја нарачуваат својата омилена храна. Но, дали знаете дека во менијата се кријат голем број стапици, за кои гостите воопшто не се свесни? Тие се првото нешто што го барате во ресторан, па логично е и да се уредени на начин на кој гостите би се убедиле да земат повеќе храна и пијалаци. Издвоивме 6 најчести тајни на менијата.rn

    1. Фотографии од храната

    rn(1) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnРестораните знаат дека доколку покрај името и описот на јадењето, стават и прекрасно дизајнирана фотографија, постојат поголеми шанси луѓето да го нарачаат тој специјалитет. Фотографиите ги обземаат луѓето при нарачувањето, па малкумина се тие кои ќе се заинтересираат за цената. Таа е речиси незабележлива покрај вкусната риба, печеното месо или убаво сервираните салати.rn

    2. Најевтините јадења се на дното од листата и на крај од менито

    rn(2)6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnИако знаете дека на менито можете да најдете хамбургер или некое јадење по многу прифатлива цена, додека да дојдете до него ќе ги видите сите вкусни јадења кои ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви отворат апетит. На крај, иако сте мислеле тој ден да поминете со поевтин ручек, сепак ќе нарачате некој специјалитет кој е неколку пати поскап од сендвичот кој првично сте мислеле да го нарачате.rn

    3. Ако некое јадење ви изгледа многу скапо, тоа навистина е многу скапо

    rn(3) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnВо менијата, веројатно многу често сте виделе некои понуди со вртоглаво високи цени. Во првиот миг ќе си помислите дека најверојатно тоа е неколку пати повисока цена од реалната и верувајте, во право сте. Но, и покрај тоа, многумина ја нарачуваат токму таа порција со месо, морски плодови или разни зеленчуци. Во моментите кога ја нарачуваат си мислат „Висока е цената, но веројатно вреди“.rn

    4. Различната големина на порциите е уште една мамка

    rn(4) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnВеројатно некогаш сте се нашле во тешка ситуација во која требало да одлучите дали да нарачате мала, средна или голема порција од вашите омилени шпагети, лазањи, пржени компирчиња… Тоа создава чувство дека малата порција нема да ви биде доволна, иако многупати се покажало дека не е така. Па затоа ќе нарачате поголема порција, а количината на храна е речиси иста. Затоа, најдобро би било да го замолите келнерот да ви ја покаже разликата во големината на чиниите во кои се служат различните порции од јадењата.rn

    5. Избегнувајте додатоци

    rn(5) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnМногу ресторани, покрај основните јадења, нудат и одредени додатоци кои би требало да го збогатат вашиот ручек или вечера. Тие го привлекуваат вниманието, затоа што се најчесто различни сосови, компирчиња, зеленчук на скара. Иако на прв поглед изгледа како нешто што природно треба да го нарачате, на крајот ќе сфатите дека сте можеле да поминете и без нив, а сметката е многу повисока со нив.rn

    6. Рецептите на „баба“

    rn(6) 6 тајни што се кријат во менијата за кои рестораните не сакаат да знаетеrnrnРечиси и да нема менија во рестораните, каде што покрај неколку јадења не е допишано дека тоа се прави „По рецептот на баба“. Кај луѓето тоа предизвикува топлина, убави емоции и носталгија, па поради тоа без размислување нарачуваат некоја пита, супа или печено месо, кое би требало да биде направено по некој рецепт кој со години се пренесува од колено на колено. Овие јадења обично имаат повисоки цени, затоа што треба да потсетуваат на дом и на топлина, но најчесто се покажува дека не е така.

  • Поучна приказна за цената на желбите

    Поучна приказна за цената на желбите

    Некогаш некаде во универзумот имало една мала продавница. Долго време таа немала никаков знак на неа бидејќи бил одвеан од ураганот и сопственикот решил да не закачува нов кога веќе сите жители и онака знаеле дека во продавницата се продавале желби.rnrnТаму можело да се купи буквално сѐ: Огромни јахти, големи апартмани, брак, позицијата на потпретседател во голема компанија, пари, деца, омилената професија, совршено тело, победа на натпревар, луксузни автомобили, фудбалски клубови, моќ, успех, дијамантски прстени и уште многу други работи. Единствените работи кои не биле за продавање биле животот и смртта: Овие добра биле под контрола на главната канцеларија која се наоѓала во друга галаксија.rnrnПоучна приказна за цената на желбитеrnrnСекој посетител на продавницата морал прво да ја дознае цената на неговата желба. Имало и луѓе кои никогаш не влегувале во неа, само седеле дома и не преземале ништо за да ги остварат нивните соништа. Цените во продавницата многу варирале. На пример, за да ја добиете работата од соништата, требало да се откажете од стабилноста и предвидливоста која сте ја имале во животот претходно. Морало да бидете подготвени да ја планирате сопствената иднина, да верувате во сопствената сила и да си дозволите да го правите она што ви причинува задоволство, наместо она што морате да го правите.rnrnЦената на моќта и авторитетот била поголема: Човек морало да ги смени своите верувања и да има високо мислење за себе, без да се грижи што другите луѓе мислат за него. Тие исто така морале да бидат способни да даваат рационални аргументи и да знаат како да им кажат „не“ на другите.rnrnНекои цени биле многу чудни. Бракот не чинел речиси ништо, но среќниот брачен живот бил многу скап: Целосна одговорност за сопствената среќа, способност да се ужива во животот, да се познаваат сопствените желби, да се отфрли потребата да им се угоди на другите, способност да го цените она што веќе го имате, да си дадете дозвола да бидете среќни и да ја разберете сопствената вредност и значење, да го отфрлите концептот да се биде „жртва“, да бидете подготвени да изгубите некои од вашите пријатели.rnrnНе биле сите што ќе дошле во продавницата подготвени да платат за нивните желби. Некои си заминувале веднаш штом ќе ги виделе цените. Другите стоеле и размислувале, внимателно ги броеле парите во рака и се прашувале од каде да најдат уште. Некои муштерии се жалеле дека цените се премногу високи и се обидувале да добијат попуст.rnrnИмало и такви кои штеделе за нивните најпосакувани желби и си заминувале од продавницата со нивните соништа завиткани во прекрасна декоративна хартија. Останатите муштерии ги гледале завидливо овие среќни луѓе и мислеле дека тие ја добиле својата желба бесплатно, без многу труд, само затоа што биле пријатели на сопственикот.rnrnПостојано барале од сопственикот да ги симне цените, но тој секогаш одбивал. Веле дека квалитетот на желбите ќе настрада доколку не се високи цените.rnrnКога и да го прашале дали се плаши да не банкротира, тој одмавнувал со главата и велел: „Секогаш ќе има такви што се доволно храбри да преземат ризик, да го сменат животот и да ги напуштат познатите и предвидливи работи. Тие се способни да веруваат во себе и нивните соништа и тие ќе најдат начин да платат за да ги остварат своите соништа“.rnrnП.С. На продавницата имало постер на кој пишувало: „Ако желбата ви се нема остварено, сѐ уште не сте платиле за неа доволно“.

  • Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

    Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

    Кога имате нешто добро, штитете го. Чувајте го. Заштитете го. Погрижете се дека никој нема да ви го земе. Знајте ја неговата вредност, разберете ја неговата цена и не кажувајте никому за него. Не дозволувајте луѓето да се посомневаат во неговата незаменливост. Не кажувајте дека ви е страв дека ќе го изгубите или дека не сте биле сигурни кога сте инвестирале во него. Кога имате нешто добро, држете го во безбедни раце и не ризикувајте да го изгубите само затоа што не знаете што да направите со него.rnrnКога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подоброrnrnКога имате нешто добро, сакајте го. Бидете љубезни. Гледајте преку малите несовршености и малите дамки, не обидувајте се повторно да го направите цело, сакајте го онакво какво што е, во онаа состојба во која што сте го нашле и сетете се на моментот кога не сте можеле да ги тргнете очите од него, кога првпат сте го виделе. Сакајте го по секоја цена. Сакајте го дури и во оние моменти кога нема да разберете зошто сте го добиле или купиле или зошто сте го посакувале толку многу. Кога имате нешто добро, восхитувајте му се и немојте да го изгубите само затоа што мислите дека не го заслужувате.rnrnКога имате нешто добро, немојте да барате нешто подобро. Кога покрај вас е вистинското нешто или некој, немојте да гледате во останатото, во полошите верзии, во поновите модели или подобрените функции. Сетете се да го цените она што е покрај вас. Доколку секогаш барате нешто подобро, тогаш нема да сфатите дека она што го имате е веќе најдоброто за вас.

  • Како да одберете облека за вашето бебе?

    Како да одберете облека за вашето бебе?

    Бебешката облека е премногу слатка, а самото нејзино купување им пружа големо задоволство на новите родители. Сите родители сакаат да ги облекуваат децата според нивниот вкус, па така честопати нивниот моден стил се пренесува и на нивните деца. Облекувањето на бебето е своевидна игра особено за мајките, но постојат и работи на кои треба да обрнете внимание при купувањето гардероба за малечкото. Како да одберете облека за вашето бебе?rn

    Големината на облеката за бебето

    rnНовороденчињата растат многу брзо во првите месеци од нивниот живот. Можеби вашите пријатели и роднини кои имаат мало детенце, ќе ви ја подарат облеката која ја надраснало нивното дете и ќе забележите дека таа е сè уште нова и неносена. Тоа ви кажува дека не треба да претерувате со шопингот за вашето новороденче, бидејќи потоа ќе ви биде жал што бебенцето само неколку пати го облекло слаткото комплетче кое сте му го купиле. Затоа, кога купувате облека, секогаш гледајте да биде за 2-3 броја поголема од вашето дете. Па така, купувањето облека за 6 до 9-месечно бебе, кога вашето бебе е старо 3 месеци, ќе ви биде многу мудра одлука. Најдобро е да не купувате многу облека за новороденчето.rn
    rn

    Боја на бебешката гардероба

    rnКако што сите знаеме, розовата боја е резервирана за девојчињата, а сината за момчињата. Но, доколку бебето е сè уште на пат, најдобро е да купувате облека со неутрална боја. Никогаш не можете да бидете сигурни кој пол ќе бидете детето, додека не го родите. Некои родители пак, не ни сакаат да знаат однапред. Затоа, одличен избор би биле светлите тонови како што се светложолта, светлозелена, боја на лаванда, светлопортокалова и сл.Како да одберете облека за вашето бебе?rn

    Купете дневна и ноќна гардероба

    rnПоделете ја облеката на дневна и ноќна. Одберете полесна облека за преку ден и подебела за навечер. Додека спијат, на бебињата не треба да им биде ни премногу топло ни премногу ладно, бидејќи во спротивно можете да имате проблеми со заспивањето. Секако, облеката треба да биде соодветна и на годишното време, без оглед на тоа колку добро ја одржувате температурата на вашиот дом во текот на годината.Како да одберете облека за вашето бебе?rn

    Избор на соодветна ткаенина

    rnКупувајте облека од меки материјали. Бебешката облека мора да биде удобна. Најдобро е да одбирате облека со голем процент на памук во составот, со цел кожата на вашето бебенце да може да дише. Погрижете се материјалот да не ја гребе неговата нежна кожичка. Острите рабови на фустанчињата можат да предизвикаат иритации. Без разлика колку цената на гардеробата да ви изгледа примамливо, попаметен избор е да купувате облека со добар квалитет, бидејќи таа подолго ќе трае. Во случај да планирате уште едно дете, тоа дефинитивно ќе може да ја наследи.rn
    rn

    Перење на новата облека

    rnКожата на бебињата е многу почувствителна од кожата на возрасните и е склона на иритации. Секогаш перете ја новокупената облека пред да го облечете вашето бебе во неа. Не знаете колку долго таа облека седела во бутикот и собирала прашина и колку мајки детално ја пипкале. Освен тоа, перењето ќе ја направи облеката помека и поудобна за вашето бебенце.rn
    rn

    Видови облека

    rnПроизводителите на облека за бебе најчесто се многу претпазливи при нејзината изработка, но сепак има работи на кои треба да обрнете внимание. Никогаш не купувајте облека на која копчињата, монистрата или други детали се лабаво сошиени/залепени. Тие детали бебето може да ги откорне и да ги пика в уста.Како да одберете облека за вашето бебе?rn

    Чорапчиња за бебе

    rnЧорапите се од голема важност за бебето. Некои родители не им купуваат чевличиња на новороденчињата, но чорапите се задолжителен дел од неговата гардероба, особено доколку бебето е родено во студените месеци од годината. Пазете ластикот на чорапите да не биде премногу јак. Доколку забележите дека на нозете на бебето има трага од стегнат ластик, тоа значи дека тие чорапи веќе не треба да му ги облекувате.Како да одберете облека за вашето бебе?rn

    Бидете практични

    rnИако е многу возбудливо купувањето бебешка облека, сепак немојте да претерувате во тоа. Имањето бебе значи многу трошоци за родителите. Затоа, размислете двапати пред да потрошите многу пари на гардероба. Размислете дали вашето бебе ќе ја носи. Иако некои работи може да ви изгледаат премногу неодоливо, сепак секогаш треба да го изберете она што е најсоодветно и најсигурно за вашето бебе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Работи за кои вреди да платите повеќе

    Работи за кои вреди да платите повеќе

    Кога се пазарува нешто најдобро е да се одбере најевтината опција која истовремено ги задоволува и нашите барања во поглед на квалитетот. Купувањето скапи предмети коишто можат да се добијат и за помалку пари обично не е добра идеја, но во случаите кои следуваат вреди да се издвојат и малку поголеми средства.rn

    Квалитетна храна

    rnСекој залак влијае на здравјето. Кај нас не е евтино постојано да се јаде здрава и квалитетна храна, но морате да се обидете да купувате најдобра храна за тоа што ви го дозволува буџетот.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Добар душек

    rnКвалитетниот сон е толку важен што по некое време дури и скапиот душек може да ви се чини евтин, со оглед на резултатите што ги дава.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Кондоми

    rnЦелта на употребата на кондоми е да се избегнат несакана бременост и сексуално преносливи болести, така што влогот е преголем за да се штеди и да се ризикува.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Удобни чевли

    rnКупувањето скапи чевли поради нивниот изглед е неоправдано ако не се поклопува со вашите финансиски можности. Но, купување на поскапиот пар заради тоа што така ѝ е поубаво на вашата нога веќе е нешто друго.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Компјутер

    rnБрендот на компјутерот може многу да му ја покачи цената во однос на другите без разлика на квалитетот, но треба да внимавате што всушност добивате со купување на поевтин компјутер. Поевтините модели обично доаѓаат со елементи кои ги задоволуваат основните потреби на почетокот, но по некое време може да биде тешко и скапо да се надградат, па затоа вреди да ги разгледате поквалитетните и поскапи алтернативи.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Електрични алати

    rnВакви нешта можат да ви ја исечат раката, да ви го сомелат прстот и да ви остават лузна, а најчесто се купуваат само еднаш или два пати во животот. Тоа не е момент да се размислува за штедење.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Зимска облека

    rnСигурно досега ви се случило да облечете не многу скапа зимска јакна која не ве стоплува додека сте надвор. Следниот пат вложете некој денар повеќе и помалку ќе мислите на студот и неговите последици по здравјето. Важно е зимно време да сте облечени со облека која без оглед на условите ќе остане топла и сува.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Автомобил

    rnНајевтиниот автомобил е веќе употребуван, може да се расипе во секое време и му се потребни редовни поправки. Со плаќањето на малку повисока сума се добива нов или помалку стар, но поквалитетен и побезбеден автомобил, а трошоци за услуги на автомеханичар се реткост.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Музички инструменти

    rnИзработката на добар музички инструмент бара голема вештина од изработувачот, а тоа се наплаќа. Ако барате нешто кое ќе произведува добар звук, тогаш вреди да се плати повеќе.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќеrn

    Животни искуства

    rnНа крајот на краиштата, спомените се она што останува. Што и да ви причинува задоволство и еуфорија, за тоа вреди да се плати повеќе.rnrnРаботи за кои вреди да платите повеќе

  • Филм: Ветена земја (Promised Land)

    Филм: Ветена земја (Promised Land)

    Дали сè си има своја цена?rnrnФилм: Ветена земја (Promised Land)Режија: Гас Ван СантrnrnУлоги: Мет Дејмон, Френсис МекДорманд, Хал Холбрук, Џон КрасинскиrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 јануари 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnДосега можеби сте чуле за „Ветена земја“, но ако тоа не е случај виновен е само слабиот маркетинг кој беше опструиран од компаниите кои се бават со експлоатација на природен гас кои не сакале широка публика да го види филмот. Иако пред снимањето беше најавуван како потенцијален голем хит, уште пред да се појави се соочи со невидена антикампања поддржана од енергетскиот сектор во САД. Тие излегоа со предупредување до публиката дека овој филм „непотребно ќе ја зголеми загриженоста околу хидрауличното разбивање“, спорен метод на експлоатација на природен гас кој го применуваат некои компании, а кој носи големи еколошки и здравствени ризици.Филм: Ветена земја (Promised Land)Стив Батлер (Мет Дејмон) воопшто не се сомнева во хидрауличното разбивање. Тој потекнува од мало гратче во рурална Америка многу слично на она во кое треба да ја изврши задачата со колешката Сју Томасон (Френсис МекДорманд), каде што се пратени од големата компанија Глобал за да ги убедат локалните жители да го продадат своето земјиште на компанијата која сака тука да експлоатира природен гас.Филм: Ветена земја (Promised Land)Гратчето полека пропаѓа во неможност економски да се издигне, луѓето стануваат сè посиромашни, а тој е убеден дека оди таму за да им донесе милиони кои ќе им го сменат животот. Кога оди од врата на врата кажувајќи им ги примамливите бројки на локалните жители се чини дека ја има најлесната задача на светот. Така ќе биде сè додека на еден граѓански собир професор од средното училиште не го покрене прашањето за еколошките последици од процесот на ископувањето, по што ќе решат прашањето да го стават на гласање после три недели. Филм: Ветена земја (Promised Land)Тоа делува само како мала сопка за Стив и Сју, но станува сериозен проблем кога ќе се појави Дастин (Џон Красински), млад еко-активист кој израснал на фарма која денес не постои затоа што ископувањата на Глобал довеле до еколошка катастрофа која убила сè наоколу. Тогаш следуваат тешкотиите за нив, а таа драма ја следиме низ призма на Стив, кој поради своето потекло сочувствува со локалното население и прави сè за да го убеди дека продажба на нивните имоти е оној економски пресврт кој беспомошно го очекуваат од животот, но во исто време мора да се бори со агилниот еко-активист, чии докази делуваат несоборливо. Филм: Ветена земја (Promised Land)Тоа што дејството е дадено низ перспективата на главниот лик веројатно го скратува задоволството да се доживее поголема драма низ самото дејство. Сепак, и такво какво што е, сигурно ќе биде доволно за да ве држи заинтересирани пред екранот, и самите прашувајќи се која од двете опции е подобра: отстранувањето на секаков еколошки и здравствен ризик или парите кои ги носат толку посакуваните промени на подобро. Поради тоа „Ветена земја“ е филм кој заслужува внимание и кој со голема веројатност по завршувањето ќе ве остави да размислувате за прашањата кои ги третира. Филм: Ветена земја (Promised Land)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Американска реклама за легендарното „Југо“ од 1988 година

    Американска реклама за легендарното „Југо“ од 1988 година

    Оваа реклама е снимена во далечната 1988 година, а на неа е претставено легендарното „Југо“ како многу издржливо возило по фантастично ниска цена, кое конкуренцијата не може да го следи.Американска реклама за легендарното „Југо“ од 1988 година

    rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.