Сите знаеме дека бадемите се здрави. Тие се познати по нивните мононезаситени масти, антиоксидантниот витамин Е и протеините од растително потекло. Ново истражување покажало дека тие имаат уште повеќе здравствени придобивки отколку што мислевме, особено во поглед на дигестивниот систем, кожата, па дури и кондицијата.rnrn
rn
Бадемите поволно делуваат на здравјето на цревата
rnДобро познато е дека влакната во бадемите го поттикнуваат здравото варење. Само 35 грама од овие јаткасти плодови содржат 4,5 грама влакна, или 18% од дневниот препорачан внес на влакна за мажи и 12% за жени. Внесувањето доволно количество влакна не само што го олеснува функционирањето на цревата, туку и ги храни добрите бактерии кои го сочинуваат здравиот цревен микробиом.rn
Бадемите се „гориво“ за тренинг
rnБадемите се одличен оброк за пред или после тренинг, благодарение на комбинацијата на сложени јаглехидрати и протеини. Исто така, студија од јануари 2023 година, открила дека бадемите се дури и подобри отколку што претходно мислевме. Според резултатите, бадемите можат значително да помогнат при намалувањето на заморот и напнатоста за време на опоравувањето на мускулите, да ја зголемат силата на нозете и долниот дел на грбот и да го намалат оштетувањето на мускулите после вежбање. Причината за овие импресивни ефекти лежи во уникатната структура на хранливи материи од бадемот. Бадемите содржат неколку клучни хранливи материи кои помагаат при обновување на мускулите после тренинг, вклучувајќи протеини, антиоксиданси и магнезиум. Протеините обезбедуваат есенцијални амино киселини особено корисни за обновување на мускулите, а антиоксидансите, како што се витаминот Е, фитохемиските полифеноли и флавоноидите, помагаат во борбата против оксидативниот стрес.rn
Бадемите се добри за здравјето на кожата
rnКога размислувате за нега на кожата, вашата прва асоцијација може да биде специјални креми или препарати. Но, одредени видови храна, како бадемите, можат да понудат вкусна и поевтина алтернатива. Студија од 2021 година покажала дека јадењето големи количини бадеми (56 цели бадеми дневно) доведува до помалку брчки и намалување на нерамномерниот тон на кожата. Друга студија, пак, од 2021 година ја анализирала способноста на бадемите да ѝ помогнат на кожата да се спротивстави на штетните УВ зраци. Ефектите на бадемите врз кожата веројатно се поврзани со количината на антиоксиданси. Оксидативниот стрес може да доведе до предвремено стареење и оштетување на клетките на кожата. Од друга страна, витаминот Е во бадемите помага во неутрализирање на слободните радикали и придонесува за обновување и подмладување на кожата. Покрај тоа, бадемите содржат и цинк и селен, микронутриенти неопходни за здрава кожа. Цинкот го стимулира производството на колаген и заздравувањето на раните и помага во редовното производство на маснотии, додека селенот е вклучен во антиоксидантната одбрана на организмот.rnrnОткако прочитавте за помалку познатите придобивки од бадемите, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е препорачливо да ги оставите бадемите во вода преку ноќ пред да ги консумирате.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rn
rnrnВо оригиналниот рецепт се наведени суво грозје, бадеми и урми, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје. Можете да додадете цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос.rn
rn
rnrnПостојат неколку причини зошто е добро да ги оставите бадемите во вода преку ноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност. Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите доколку ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.rnrnГлавната причина поради која треба да ги оставите во вода е бидејќи на тој начин се намалува количината на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, што, од друга страна, може да ја намали апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување на големи количини полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот). На овој начин телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи и тие ќе бидат посварливи од вообичаеното.rn

rnrnОргеат традиционално се прави од јачмен, а во последно време се користат и бадеми. Вкусот потсетува на безалкохолно, млечно амарето. Оргеат може да се купи, но можете да го подготвите и дома. Освен бадеми се користи и шеќер, вотка или некој друг алкохол, вода од цветови од портокал или розова вода. Водата од цветовите од портокал е вообичаен додаток во персиската, арапската, индиската и турска кујна кој и дава сладок карактеристичен вкус на храната. Во нашите краеви не е толку популарна, но луѓето сигурно се запознаени со ликерот од цветови од портокал. Овој ликер традиционално се прави во Дубровник во Хрватска.rnrn
rnrnБадемите за оргеат прво треба да се испечат, но ако немате многу време користете бадемово млеко. Во зависност од тоа дали обвивката на бадемот може да биде отстранета или не, сирупот ќе има светла или темна боја. Сирупот ќе биде потемен ако вотката ја замените со потемен пијалак, како што е коњакот. За да се истакне мирисот, дозволено е да додадете и неколку капки екстракт од бадем. Домашниот сируп може да се чува во фрижидер до еден месец.rn

