КАФЕ ПАУЗА

Tag: бадеми

  • Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета

    Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета

    Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.rnrnmokjta-na-bademite-sovrshen-sojuznik-vo-sekoja-dieta-kafepauza.mkrnrnБадемите се преполни со монозаситени масти и витамин Е, кои штитат од лошите влијанија на УВ-зраците и Алцхамеровата блосет, тврдат дури 6 неодамна презентирани студии.rnrnЗа оние со ризик од дијабетес, бадемите на дневна база го регулираат нивото на глукоза во крвта.rnrnТие се исто така богати со минерали кои им помагаат на нашите коски да бидат јаки, а магнезиумот е важен за мускулите и за нервите, и плус го регулира крвниот притисок.rnrnЗа кожата, тука се групата флавоноиди кои се антиоксиданси и го подобруваат ефектот на витаминот Е заради што изгледаме младолико.rnrnЕдно истражување кое го водел д-р Керол О’Нил од Универзитетот во Луизијана во кое бил вклучен импресивен примерок од 24.0808 возрасни луѓе, потврдило дека со редовно внесување на бадеми доаѓа до подобрување на нашата психолошка состојба.rnrnЗанимливо е и тоа што со умерено конзумирањње на бадеми, учесниците во истражувањето не се дебелееле. Диетата со бадеми по 6 недели ја намалила масата околу стомакот и количината на сало.rnrnПрелиминарните резултати тврдат дека грицкањето бадеми ја намалува количината на масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболички синдром, со што автоматски се намалува шансата за срцеви болести и останати заболувања на крвните садови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јадете јаткасти плодови за подобро здравје

    Јадете јаткасти плодови за подобро здравје

    Јаткастите плодови често може да се најдат на листите со нездрави намирници, но тоа всушност важи кога се обработени, односно пржени, солени или чоколадирани, додека кога се необработени и сирови, тие се одлични за здравјето.rnЕдна студија објавена во „Американското списание за клиничка исхрана“ докажала дека внесувањето на јаткастите плодови во организмот не треба да се ограничува.rnrnЈадете јаткасти плодови за подобро здравјеrnrnЛуѓето кои секојдневно конзумираат јаткасти плодови или ги конзумираат како замена за друга храна, губат повеќе килограми и имаат потенок струк. Иако не може да се зборува за значајно намалување на килограмите и обемот на струкот, резултатите покажуваат дека овие плодови не дебелеат и се одлични за здравиот крвоток.rn

    Го намалуваат стресот

    rnОревите се богати со алфа-линоленска киселина, па така го штитат срцето во периоди на голем стрес, кога тоа е посебно загрозено. Стресот обично доведува до пад на имунитетот, но ќе го одржите доколку јадете бадеми кои се богати со витамини Е, В и магнезиум.rn

    Добри се за срцето

    rnБадемите, лешниците, кикириките, бразилските, индиските и обичните ореви играат важна улога во намалување на ризикот од срцевите болести. Тоа е затоа што јаткастите плодови можат да го намалат лошиот холестерол. Освен тоа, нудат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, како и влакна кои го штитат срцето. Јаткастите плодови се и богати и со аргинин, аминокиселина која помага вените да останат опуштени.rn

    Се борат против ракот на белите дробови

    rnИсхраната богата со фстаци може донекаде да ве заштити од развој на рак на белите дробови. Според научниците, за ова најзаслужен е гама-токоферолот, тип витамин Е.rn

    Го намалуваат лошиот холестерол

    rnСтудија од 2010 година објавена во „Архивата за интерна медицина“ покажува дека со секојдневно внесување на една шолја јаткасти плодови, холестеролот LDL се намалува за 7,4%. Освен тоа, концентрацијата на триглицеридите опаѓа за повеќе од 10%.rn

    Добри се против ракот на простатата

    rnБразилските ореви се полни со селен и можат да помогнат во борбата против напреден рак на простата, покажала студија спроведена во Холандија. Мажите кои имале високо ниво на селен во крвта имале 60% помалку шанси за добивање напреден рак на простата 17 години подоцна.rn

    За здравје на мозокот

    rnПоради здравите количини на витаминот Е, јаткастите плодови се сметаат за храна за мозокот, односно го спречуваат когнитивното опаѓање кое обично настапува со годините. Особено се препорачува да се јадат кикирики бидејќи обилуваат со витамини од групата Б.rn

    Го јакнат машкото репродуктивно здравје

    rnДве раце ореви на ден го подобруваат квалитетот на спермата земајќи ја предвид виталноста, мобилноста и морфологијата, покажува една студија спроведена на УКЛА.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 здрави ужинки во кои ќе уживате

    7 здрави ужинки во кои ќе уживате

    Ако сакате да останете фит и да се ослободите од вишокот килограми, неопходно е да ги замените нездравите грицки со здрави ужинки. Без разлика на тоа дали сте дома, на работа, факултет или во град, не посегнувајте по чипсот или чоколадото, туку каснете нешто здраво.rnrn7 здрави ужинки во кои ќе уживате rnrnКвалитетниот избор на намирници ќе ви овозможи големо количество енергија. Овие седум „грицки“ секогаш нека ви бидат при рака.rn

    1. Бадеми и урми

    rnМешавината од бадеми и урми е една од наједноставните ужини, која можете да ја носите во вашата чанта или да ја чувате на бирото. Бадемите ќе ви дадат доволно протеини и здрави масти, а урмите ќе ви ја задоволат потребата за шеќер. Иако се многу здрави, овие намирници имаат доста калории, па затоа не претерувајте.rn

    2. Овесни снегулки

    rnОвој појадок богат со витамини може да ги задоволи потребите на организмот и во попладневните часови. За уште поздрав оброк, додајте малку цимет и дробени ореви.rn

    3. Туна

    rnАко немате време за планирање на оброците и ужините секој ден, секогаш имајте спремна залиха на конзерви со туна. На овој начин секогаш ќе имате готов оброк, богат со омега 3 масни киселини, протеини и здрави масти.rn

    4. Зеленчук и хумус

    rnЗеленчукот со сигурност е најздравиот избор за грицкање, а хумусот ќе ви послужи како одличен зачин и извор на протеини. Одберете брокула, карфиол или морков, бидејќи тие имаат најмалку калории.rn

    5. Смокви и темна чоколада

    rnВи се јаде нешто слатко? Комбинацијата од смокви и чоколадо сигурно ќе ви ја задоволи потребата. Смоквите се полни со железо, антиоксиданси и калиум, а што се однесува до чоколадата, секогаш бирајте ја онаа што има најмалку 70% какао во својот состав.rn

    6. Грчки јогурт и зрнесто овошје

    rnГрчкиот јогурт содржи многу протеини, а за подобар вкус додајте зрнесто овошје по избор. Најдобар избор се малините, бидејќи имаат најмногу влакна.rn

    7. Смуди

    rnСвежото смуди е одлична ужина. Ваквиот напиток најдобро е да се припреми наутро, а потоа цел ден можете да го чувате во фрижидер и постојано да пиете.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

    Енергетски штангли со многу јаткасти плодови

    Вкусна закуска за многу енергија…rnrnЕнергетски штангли со многу јаткасти плодовиrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 г непечени бадеми
    • rn011

    • 90 г непечени ореви
    • rn011

    • 90 г непечени бразилски ореви
    • rn011

    • 100 г малку засолени кикирики
    • rn011

    • 10 г експандиран ориз
    • rn011

    • 1 лажичка мелено ленено семе
    • rn011

    • 170 г мед
    • rn011

    • 1 лажичка ванила во прав
    • rn011

    • 5 лажици сируп од кафеав ориз
    • rn011

    • ¼ лажичка сол
    • rn011

    • спреј за готвење
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrn1. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Во една тава распоредете ги бадемите, оревите и бразилските ореви и печете ги 10 минути.rnrn2. Додека се печат јаткастите плодови, земете една тава и напрскајте ја со спреј за готвење. Одозгора постелете хартија за печење и повторно испрскајте со спрејот. Тавата тргнете ја настрана.rnrn3. Откако јаткастите плодови ќе се испечат и малку оладат, додадете ги и кикириките и грубо исечкајте ги. Ставете ги во еден сад и додадете го експандираниот ориз и меленото ленено семе. Убаво измешајте ги.rnrn4. Медот, сирупот од кафеав ориз и солта ставете ги во тавче за пржење. Пуштете ја ринглата на средна топлина, а во тавчето ставете термометар за готвење. Мешајте убаво, а кога температурата на смесата ќе достигне 130 степени Целзиусови тргнете го тавчето од оган. Откако ќе го тргнете тавчето од оган додадете ја ванилата и убаво измешајте ја.rnrn5. Во топлата смеса од медот и сирупот исипете ги јаткастите плодови и убаво измешајте.rnrn6. Смесата истурете ја во претходно подготвеното тавче и убаво израмнете ја. Намрсете ги рацете или дното на друго тавче и убаво притиснете врз смесата.rnrnЕнергетски штангли со многу јаткасти плодовиrnrn7. Оставете ја смесата да се лади 2 часа. Потоа превртете ја тавата на работната маса и извадете ја стврднатата смеса. Отстранете ја хартијата за печење. Исечете 20 штангли.rnrnЕнергетски штангли со многу јаткасти плодовиrnrn8. Наредете ги во кутија раздвојувајќи ги редовите со хартија за печење или завиткајте ги сите посебно. Чувајте ги на собна температура околу една недела или во фрижидер доколку сакате да ги консумирате подолго.rnrnЕнергетски штангли со многу јаткасти плодови Енергетски штангли со многу јаткасти плодови
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

    Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

    Можеби една од најдобрите страни на есента е што можете да седите дома и да уживате во шолја топло кафе. Како што лисјата надвор се менуваат од жолти во портокалови, па сè до темноцрвени, така доаѓа време и ладното кафе да го замените со некои потопли варијанти и вкусови. По тој повод, погледнете кои се најдобрите пет есенски состојки кои можете да ги додадете во вашето кафе за подобар вкус.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrn

    Цимет

    rnКафето и циметот се совршена комбинација. Благиот вкус на циметот идеално се надополнува со горчината на кафето. Доколку сакате само малку шмек на цимет, во садот каде што го чувате кафето ставете неколку стапчиња цимет и оставете ги да стојат, сè додека не почнат да испуштаат арома. Ако пак повеќе сте љубители на чистиот, силен вкус на циметот, во садот со кафе ставете мелен цимет и пробајте да направите кафе по ден-два. Веднаш ќе ја почувствувате разликата.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrn

    Јавор

    rnНема ништо поубаво од вкусот на јавор. Ако не ви пречи кафето да биде послатко, едноставно додадете чист јаворов сируп или јаворов шеќер во шолјата. За погорчлив ефект, можете да додадете неколку супени лажички екстракт од јавор, уште пред мелењето на кафето.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrn

    Зачин од тиква

    rnВеднаш упатете се кон најблиската продавница и купете си зачин од тиква. Ако ви е тешко, можете и сами да си направите, на следниов начин. Пред да го сомелете кафето, во теглата кафе додадете 1 лажичка цимет, 1 лажичка мелен ѓумбир, ½ лажичка силен зачин, ½ лажичка морско оревче, и 1 лажичка ванила екстракт, и оставете да отстои два дена, за подобар вкус. Потоа испробајте го. Оди идеално со пита од тиква, како типичен есенски десерт.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrn

    Бадеми

    rnНе знаеме за вас, но ние сметаме дека бадемите заслужуваат поголема примена. Па така, за да си направите кафе со вкус на бадеми, треба добро да ги сомелете бадемите и потоа да ги додадете во теглата со кафе да отстојат. Полесната варијанта пак е да додадете екстракт од бадем во веќе подготвената шолја кафе.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrn

    Карамел

    rnВкусот на карамел е неодолив, а се прави многу едноставно – ставете шеќер и вода во лонче и загревајте го сè додека не добие златнокафеава боја. Ваквата смеса веднаш додадете ја во шолјата кафе или пак доколку истата ви се стврдне, искршете ја на ситни парченца во шолјата, кои потоа сами ќе се стопат.rnrnТоп 5 состојки за совршено есенско кафеrnrnСе надеваме дека ви го разбудивме апетитот и желбата за испробување нови вкусови. Иако кафето е одлично само по себе, сепак ви препорачуваме да направите и некој интересен десерт за уживањето да биде вистинско.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Баклава со Нутела

    Баклава со Нутела

    Највкусната баклава што некогаш сте ја пробале

    rnБаклава со нутелаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 12 лажици мед
    • rn011

    • 120 мл вода
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn011

    • 300 г крем Нутела
    • rn011

    • 60 г печени лешници, исечкани
    • rn011

    • 60 г фстаци, исечкани
    • rn011

    • 45 г печени бадеми, исечкани
    • rn011

    • 35 г печени ореви, исечкани
    • rn011

    • ½ лажиче цимет во прав
    • rn011

    • 1/8 лажиче сол
    • rn011

    • 100 г несолен путер, растопен
    • rn011

    • 24 замрзнати кори
    • rn011

    • спреј за готвење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМедот, водата и стапчето цимет ставете ги во едно тавче на тивок оган, додека не се растопи медот. Потоа, зголемете ја температурата и гответе без мешање уште 7 до 10 минути. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја покриена за да се одржи топлината. Од смесата извадете го стапчето цимет.rnrnРерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Нутелата ставете ја 45 секунди во микробранова печка за да се растопи. Во друг сад ставете ги сите јаткасти плодови, солта и циметот и убаво измешајте.rnrnИспрскајте ја тавата за печење со спреј за готвење. Врз тавата ставете една кора и намачкајте ја со путер користејќи четка. Постапката повторете ја со шест кори, а врз нив намачкајте една третина од нутелата во рамномерен слој. Одозгора распоредете една третина од јаткастите плодови. Потоа повторете ја постапката, завршувајќи ја баклавата со шест кори на врвот. На крајот, нежно притиснете одозгора.rnrnСо остар нож, исечете ја баклавата на 24 еднакви парчиња. Печете ја 35 минути, додека корите не станат златнокафени. Извадете ја од рерна и полијте ја со медот. Чувајте ја на собна температура во кутија која се затвора од сите страни.rnrnБаклава со нутела Баклава со нутелаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

    Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

    Дали сте пресметале колку трошите на гелови за миење лице и слични продукти кои ви ветуваат чистење на вашата кожа и ослободување од акните? Што доколку некој ви каже дека сè што ви треба за стабилизација и смирување на кожата се наоѓа во вашиот фрижидер? Она што го јадете многу се одразува на изгледот на вашата кожа. Затоа, обрнете повеќе внимание на вашата исхрана. Ова се топ 8 продукти кои ќе ви помогнат да се изборите против акните.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Лосос

    rnЛососот е богат со омега 3 масни киселини кои ви помагаат во борба против акните, а воедно придонесуваат за подобро расположение бидејќи ги стабилизираат хормоните. Стресот и хормоните се главни причинители за појава на акните, а здравите масти и протеините од лососот помагаат за покачување на нивото на колаген во кожата.rn

    Спанаќ

    rnСпанаќот лесно може да го комбинирате во секаков оброк, како салата, омлет, сосови од зеленчук и сл. Тој е богат со витамин Е, железо и протеини, со што помага во ослободување од акните, го одржува нивото на колаген во кожата и придонесува за чиста кожа.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Бадеми

    rnСодржат многу витамин Е, магнезиум и Б витамин. Имаат прекрасен ефект врз вашата кожа, богати се со природни влакна, и за разлика од други јаткасти плодови, имаат помалку калории.rn

    Зрнеста храна

    rnОдберете зрнеста храна како семе од сончоглед или тиква, пченка, разни житарки и сл. Зрнестата храна содржи протеини, здрави масти, витамини Е и Б, како и омега 3 и омега 6 масни киселини кои се одлични за вашата кожа, одржувањето на телесната тежина, метаболизмот, срцето и расположението.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Кокосово масло

    rnУпотребата на кокосовото масло е широка. Се користи како хранлива маска за коса, за борба против стрии, инфекции и дамки на кожата, затоа пожелно е да го имате во својот дом. Кокосовото масло е одличен антиоксидант и борец против штетните бактерии. Нанесувајте кокосово масло на чиста кожа и нема да имате потреба од никаков крем против акни.rn

    Краставица

    rnКраставицата ја хидрира вашата кожа и спречува нејзино сушење. Но тоа не е сè. Кората од краставицата содржи силициум, минерал кој се бори против акните и ја разубавува кожата одржувајќи го младешкиот лик. Но бидете внимателни. Доколку ја јадете и кората од краставицата, најдобро е да се снабдите со краставици од домашно производство кои не содржат пестициди.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

    Леблебија

    rnЛеблебијата е богата со цинк кој со бори против инфекции кои водат до појава на акни. Доколку во вашата исхрана месото и рибите се малку застапени, јадете леблебија за да ја балансирате исхраната. Воедно леблебијата содржи растителни влакна кои го стабилизираат крвниот притисок.rn

    Портокалови растенија

    rnБета каротинот и витаминот А се најголеми непријатели на акните. Затоа во вашата исхрана често вклучувајте моркови, тиква, диња, сладок компир и сл.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома

    Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома

    Брзо, лесно и едноставно, без потреба од печење

    rnЕнергетски чоколатца кои можете да ги направите домаrn

    Потреби состојки:

    rn

      rn011

    • 140 г бадеми (можете да додадете и ореви и лешници)
    • rn011

    • 15 урми
    • rn011

    • 60 г суви боровинки (или некое друго суво овошје)
    • rn011

    • 45 г овесни снегулки
    • rn011

    • 2 лажици какао
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги бадемите во блендер и убаво иситнете ги. Додадете го какаото, боровинките и овесните снегулки и повторно убаво измешајте. Додека работи блендерот почнете да ги додавате урмите една по една, но претходно извадете ги семките. Кога ќе добиете хомогена смеса, тестото е спремно.rnrnСтавете го тестото во една тава постелена со хартија за печење. Израмнете го тестото од горната страна и ставете го во ладилник да отстои 1 час. Потоа исечете 6 парчиња и уживајте во вкусот.rnrnЕнергетски чоколатца кои можете да ги направите дома Енергетски чоколатца кои можете да ги направите домаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која го прави вежбањето поефективно

    Храна која го прави вежбањето поефективно

    Многумина го форсираат своето тело правејќи напорни вежби со цел да постигнат совршена фигура каква што посакуваат. Но, покрај физичката активност, многу важен фактор е исхраната. Одредена храна ќе ви даде повеќе енергија во текот на вежбањето и ќе го направи поефективно, во зависност од тоа каков вид вежби ќе практикувате. Затоа, нареден пат, пред да тргнете накај фитнес салата или вашата патека за џогинг, консумирајте храна која ќе ви даде енергија и ќе ви помогне полесно да ги намалите калориите.Храна која го прави вежбањето поефективноrn

    Пред кардио вежби

    rnПри кардиоваскуларни вежби, потребна ви е енергија, па затоа клучно е да го „наполните“ вашето тело со „гориво“. Пред да почнете со кардио вежби, практикувајте да консумирате:rnrnМед – Медот е веќе проверен рецепт за издржливост на светски познатите атлетичари. Медот е природен извор на шеќери и енергија, така што нема да му наштети на вашиот организам. Изедете лажичка мед пред да заминете на вежбање или додадете го во чај. Можете да го додадете во зелен чај, кој меѓу другото е добар за намалување на телесната тежина.rnrnСкроб – Нема ништо полошо од губење на целата енергија во текот на вежбањето, што го прави неефективно и исцрпувачко. Два до три часа пред да започнете со вашите вежби, јадете овесни снегулки, тост со бел леб или житни тестенини. Ваквата храна ќе ви помогне со тешките кардио вежби и ќе ви помогне да изгубите повеќе калории.Храна која го прави вежбањето поефективноОвошје – Овошјето е полно со витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело за да го достигне максималниот капацитет на физичка активност. Природните шеќери ви даваат енергија, а природните влакна во овошјето ви создаваат чувство на ситост. Секогаш е добро да консумирате храна со протеини заедно со овошјето. Така полесно ќе го победите чувството на глад и ќе имате доволно енергија за вашите вежби.rn
    rn

    Храна за зајакнување на мускулната маса

    rnКога кревате тегови или правите слични вежби со отпор, клучно е да ги „нахраните“ мускулите. Одредени видови храна ќе ви помогнат при процесот на зајакнување на вашите мускули, како на пример:rnrnЈајца – Јајцата се еден од најголемите извори на протеини кои ги јакнат мускулите. Иако често се прекинува нивната употреба поради високото ниво на холестерол кој го содржат, недамнешни истражувања покажуваат дека холестеролот од жолчката на јајцето нема значајно влијание на нивото на холестерол во крвта. Во секој случај, поради безбедносни мерки се препорачува да се ограничи консумирањето јајца, максимум до две во денот.rnrnИако многумина ги консумираат живи, тоа не е препорачливо. Јајцата содржат бактерија салмонела, која може да биде многу штетна. Секогаш згответе ги пред да ги вклучите во вашиот оброк.rnrnБадеми – Бадемите содржат многу протеини и ви даваат чувство на ситост. Иако содржат масти, ваквите масти се природни и добри, а воедно помагаат за редукција на лошиот холестерол. Секако, важно е да се препознае границата, и како и со секоја друга храна, така и со бадемите, да не се претерува.Храна која го прави вежбањето поефективноЛосос – Покрај протеинските придобивки, лососот е секогаш здрав избор поради омега 3 масните киселини. Тие воедно го хранат мозокот за да останете фокусирани на вашите техники за вежбање. Откако ќе го зготвите, врз него исцедете малку лимон и јадете го заедно со некаква зеленчукова салата. Пожелно е да изедете до две парчиња леб, за повеќе енергија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Победете го грипот со помош на храната

    Победете го грипот со помош на храната

    Во сезоната на настинки, повеќето луѓе се одлучуваат за пилешка супа кога ќе ги забележат првите симптоми на грипот. Но, ова не е единствената храна со која можете да го победите грипот. Витамините А, Ц и Е, како и некои други хранливи материи кои се наоѓаат во одредени видови храна, се исто така важни за зајакнување на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Црвена пиперка

    rnВитаминот Ц не само што се бори против грипот, туку и ги намалува тежината и времетраењето на симптомите. Вкусната црвена пиперка содржи двојно повеќе витамин Ц во споредба со портокалот, а освен тоа може да биде и составен дел на многу јадења.rn

    Моркови

    rnСпоред едно велнес истражување направено во Њујорк, жолтиот и портокаловиот зеленчук, како што се морковите, соджи големи количетво на бета-каротин. Ова соединение се претвора во витамин А и им помага на клетките во зајакнувањето на имунитетот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Сладок компир

    rnКако морковите, така и слаткиот компир спаѓа во групата на жолт и портокалов зеленчук. Уште една заедничка работа на слаткиот компир и морковот, е големото количество на бета- каротен кој, претворајќи се во витамин А, се бори против респираторните болести. Слаткиот компир е најдобро да се користи во супи и салати.rn

    Бадеми

    rnОвие популарни јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој всушност претставува антиоксидант кој се бори против грипот. Најдобро е бадемите да се консумираат како ужина помеѓу оброците или како засилувачи на вкусот во одредени јадења.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Пилешка супа

    rnПилешката супа е одличен лек за болниот организам од повеќе причини. Пилешката супа содржи многу зеленчук кој е идеален во борбата против грипот. Таа исто така, има и антивоспалителни својства и го намалува производството на слуз и отокот во грлото. Освен тоа, пилешката супа привремено ја зголемува телесната температура, што исто така помага во борбата против инфекциите. Пилешката супа важи за вистински лек за душата во зимските денови, а она што е убаво за душата, е добро и за телото.rn

    Лук

    rnСулфурните соединенија кои ги содржи лукот се покажаа како вистински борци против грипот. Но, едно истражување во Америка покажало дека лукот е најдобро да се косумира само како додаток во јадењето, затоа што дозата на сулфурни соединенија кои тој ги содржи, е доволно голема за да му влијае на организмот.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Ѓумбир

    rnПриродната состојка која се наоѓа во свежиот ѓумбир може многу да помогне во борбата против грипот. Користете го овој корен како зачин во јадењата и ќе бидете изненадени од неговиот ефект.rn

    Печурки

    rnДодатокот без кој не може да се замисли ниедна пица содржи големо количество на селен кој пак, им помага на белите крвни клетки да произведуваат цитокини, за да се борат против грипот. Освен ова, печурките се одговорни и за создавање на бета-глукан, антимикробен вид шеќер, кој исто така се бори против разни инфекции.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrn

    Лосос

    rnЛососот е одличен извор на Омега 3 масни киселини и на рибино масло, кои се покажаа како многу делотворни во зајакнувањето на имунитетот. Оваа риба може да се консумира како главно јадење, но и како додаток во салата.rn

    Темно чоколадо

    rnГолемата доза какао која во себе ја содржи темното чоколадо, ги поттикнува клетките да се борат против грипот и да го подобрат имунолошкиот систем на организмот. Доволно е да изедете само неколку коцки темно чоколадо или да го измешате во некој вкусен десерт.rnrnПобедете го грипот со помош на хранатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.