КАФЕ ПАУЗА

Tag: бадеми

  • Домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета

    Домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета

    Овој десерт е многу едноставен за подготовка, а потребни ви се само три состојки за да добиете совршен вкус. Покрај тоа што е здрав, истовремено е и вкусен и може да го консумирате и во лето и во зима. Според оригиналниот рецепт, потребни ви се бадеми, урми и суво грозје. Првите две состојки се основа, додека сувото грозје можете да го замените со друго суво овошје по ваш избор, како сливи, смокви, кајсии…rnrn(1) Неверојатно лесни за подготовка: Домашни и здрави енергетски плочкиrn

    Начин на подготовка:

    rnПотребна ви е истата количина од сите три состојки. Количината ја одредувате сами според вашите потреби.rnrnСите три продукти ставете ги во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди, односно додека тие не се измешаат убаво. Потоа, добиената смеса истурете ја на пластична фолија и обликувајте ја по желба (коцки, топчиња, правоаголници…). Добиените форми чувајте ги во фрижидер, а рокот на траење нека не ве загрижува, затоа што во ладилникот можат да останат и неколку недели. Ова е основниот рецепт, но доколку сакате да го збогатите вкусот на овој неверојатно здрав десерт, можете во смесата да додадете цимет, какао, парчиња темна чоколада или кокос.rnrnПокрај тоа што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, бадемите се одлични и доколку внимавате на линијата. Тие ја намалуваат потребата за храна, но помагаат и во оформувањето на мускулите. Урмите претставуваат идеална ужина, која ќе ви обезбеди доволно енергија за остатокот од денот. Поради широкиот спектар на различни хранливи состојки и поради можното позитивно влијание врз здравјето, урмите можат да се сметаат за супер храна. Грицкањето суво грозје го контролира чувството на глад и ја поттикнува ситоста. На тој начин се спречува прекумерното внесување на калории.

  • Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)

    Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)

    Рецепт од соништата!

    rn(1) Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама бадеми
    • rn011

    • 1 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • 1/2 лажичка цимет
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 60 милилитри маслиново масло
    • rn011

    • 60 милилитри мед
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 2 големи јаболка, излупени, исчистени и тенко исечкани
    • rn

    rn(2) Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 160 степени и поставете хартија за печење во тавата која ќе ја користите за овој рецепт. Во среден сад, измешајте ги заедно бадемите, прашокот за печиво, циметот и ванилата. Додека мешате, додајте ги и маслиновото масло, медот и јајцата и не престанувајте сè додека сите состојки не се соединат.rnrnПоставете ја смесата врз хартијата за печење во тавата, а потоа наредете ги парчињата јаболка врз неа, така што ќе формираат ружа. Почнете од средината и движете се кон надвор сè додека не ги искористите сите парчиња. Печете 45 до 60 минути, или сè додека питата не се стврдне, а јаболката добијат светло кафеава боја на краевите.

  • 9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

    9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

    Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае позитивно на хормоналните проблеми. Токму затоа и погледнете како со правилната исхрана можете да го регулирате нивото на хормоните во вашиот организам.rn

    1. Брокула

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБрокулата изобилува со фитохемикалии на ди-индолил метан кои го чистат организмот од отровната форма на естрогенот. Ваквиот тип естроген го има во преработената храна и пестицидите, а неговото внесување во организмот предизвикува низа хормонални проблеми кои можат да резултираат со промена на расположението, депресија и неконтролирано дебелеење.rn

    2. Сладок компир

    rnСлаткиот компир е богат со аминокиселината триптофан која го намалува нивото на кортизолот – стрес хормонот. Тој исто така содржи и витамин Б6 кој го поттикнува метаболизмот и јаглехидратите кои бавно се разградуваат. Со самото тоа што телото добро го вари, подолго го снабдува организмот со серотонин. Со тоа се подигнува расположението и се намалува желбата за храна.rn

    3. Лосос

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnЛососот е богат со аминокиселини и омега-3 киселини кои ги балансираат хормоните и ги задоволуваат дневните потреби од протеини. Протеините се важни бидејќи влијаат на хормоните и ја менуваат работата на мозокот. Со јадењето лосос, телото добива доволна количина неопходни хранливи материи кои ја намалуваат желбата за шеќер, го намалуваат нивото на кортизолот и го поттикнуваат правилното производство на естроген и тестостерон.rn

    4. Јогурт

    rnЈогуртот е богат со протеини, калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум. Овие хранливи материи го намалуваат стресот, ризикот од драстични промени на расположението и обемот на половината. Не се препорачува да јадете овошни јогурти, бидејќи се богати со шеќери кои во истиот момент го зголемуваат шеќерот во вашата крв, но и подеднакво брзо го спуштаат, а со тоа и негативно влијаат врз вашата енергија.rn

    5. Шумско овошје

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnИсто како и брокулата, така и шумското овошје му помага на телото при исфрлувањето на отровниот естроген кој влијае врз расположението и тежината. Тоа меѓу другото го чисти дигестивниот тракт и го зајакнува црниот дроб. Има ниско количество шеќери, па токму затоа е и идеален и здрав додаток во исхраната. Прехранбените производи кои се богати со шеќери можат да предизвикаат хормонални промени кои, пак, потоа можат да предизвикаат дебелеење и претставуваат стрес за организмот. Освен шумско овошје, се препорачува да јадете акаи бобинки, кокос и спирулина.rn

    6. Бадеми

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБадемите изобилуваат со магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум кои ги регулираат организмот и расположението. Се препорачува секој ден да јадете до 20 бадеми, особено кога добивате желба за благи работи. Бадемите ќе ве заситат и нема да го зголемат нивото на шеќерот во вашата крв.rn

    7. Сурутка

    rnТаа е одлична за жените со хормонални проблеми. Не содржи холестерол, масти и лактоза, но обилува со триптофан и Л-глутамин кој го поттикнува производството на глутатионот, главниот антиоксиданс во човечкото тело. Со засиленото производство на овој антиоксиданс се зајакнува имуниот систем, но и се балансира нивото на тестостеронот во телото. Најдобро е да се користи протеински додаток кој содржи стевија, а не преработен шеќер.rn

    8. Зелен листест зеленчук

    rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnКељот, зелената салата, празот и блитвата имаат слично дејство како и шумското овошје и брокулата. Тие го чистат телото од лошиот естроген кој доаѓа со преработената храна и пестицидите. Јадењето на зелениот листест зеленчук, кој е богат со витамини и минерали, го смалува нивото на хормонот кортизол и ја зајакнува крвната слика.rn

    9. Кисела зелка

    rnКиселата зелка ги чисти црниот дроб и телото од отрови и ја регулира крвната слика. Овој зеленчук е богат со пробиотици кои позитивно делуваат на хормоните, го балансираат расположението и го регулираат дигестивниот систем.

  • Летно овошно задоволство: Десерт со малини и бадеми

    Летно овошно задоволство: Десерт со малини и бадеми

    Оваа торта може да стане вашиот омилен летен рецепт

    rnЛетно овошно задоволство: Десерт со малини и бадемиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 јајца
    • rn011

    • 100 грама брашно
    • rn011

    • 75 грама мелени бадеми
    • rn011

    • 325 грама шеќер
    • rn011

    • 40 милилитри ликер од малини
    • rn011

    • 500 грама маскарпоне
    • rn011

    • 500 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 800 грама малини
    • rn011

    • 2 лажици сок од лимон
    • rn011

    • 50 грама шеќер во прав
    • rn

    rn

    Потребни состојки:

    rnЗагрејте ја рерната на 220 степени. Помешајте го брашното со бадемите, а потоа одвојте ги белките од јајцата и изматете ги со 150 грама шеќер. Жолчките додајте ги на брашното и бадемите, измешајте, а потоа додајте ги и изматените белки. Во сад за печење поставете хартија за печење и распоредете ја смесата рамномерно врз неа. Печете ја кората во рерна 12-15 минути, а потоа извадете ја и ставете ја во друг сад и тргнете ја хартијата. Пресечете на половина (или на повеќе делови во зависност од тоа колку слоеви ќе сакате вашата торта да има) и оставете ја да се олади.rnrnСварете сируп од остатокот од шеќерот и 125 милилитри вода, а потоа оставете да се олади. Измешајте ги ликерот и маскарпонето и додека матите додајте 300 милилитри од слатката павлака заедно со 500 грама од малините. Откако ќе завршите, поставете дел од филот над кората, а потоа повторете уште еднаш (или повеќе пати во зависност од тоа колку слоеви сакате). Кога ќе завршите со редењето, покријте ја тортата со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер 6 часа. Остатокот од малините варете го 5 минути и потоа додајте сок од лимон и шеќер во прав. Декорирајте ја тортата со останатата слатка павлака и преливот од малина.

  • Најдобриот природен лек против главоболка

    Најдобриот природен лек против главоболка

    Неиздржливиот притисок во главата можете да го решите со аспирин, но не заборавајте дека тој е синтетички производ кој може да му наштети на вашиот организам. Главната состојка во аспиринот е салицин, кој смирува болки, но кој исто така може да се најде и во jaткастите плодови.rnrnНајдобриот природен лек против главоболкаrnrnДланка полна бадеми може да биде вашиот природен аспирин, која на некој начин дури има и поголем ефект од овој лек, а нема несакани дејства кои можат да му наштетат на вашиот организам. Главоболката обично се појавува во страничниот дел од главата, а тоа предизвикува намалена концентрација, раздразливост и умор.rnrnНајчестите причини за главоболките се обично стрес, напнатост, грип, воспаление на синусите како и проблеми со дигестивниот систем.rnrnЕкспертите велат дека оваа непријатна состојба треба да се третира како симптом, а не како болест. Доколку главоболката не ви се смирува, обидете се да се опуштите, медитирајте, туширајте се и не заборавајте на бадемите – тие можат да ви бидат од огромна корист.rnrn10-тина до 12 бадеми на ден ги намалуваат и спречуваат главоболките, па доколку редовно ги консумирате има големи шанси засекогаш да се збогувате со оваа непријатна состојба.

  • Посни бомбици од суво овошје и јаткасти плодови

    Посни бомбици од суво овошје и јаткасти плодови

    Овие бомбици изгледаат толку украсно што ќе посакате да ги закачите на новогодишната елка, но што е уште поважно – тие се и многу здрави и вкусни

    rnposni-bombici-od-suvo-ovoshje-i-jatkasti-plodovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за 20 бомбици:

    rn

      rn011

    • 100 г мелени бадеми
    • rn011

    • 100 г урми или суви смокви
    • rn011

    • 100 г ореви или лешници
    • rn011

    • Сок од еден портокал
    • rn011

    • Една кесичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1 голема банана
    • rn011

    • Пола кесичка цимет
    • rn011

    • 3 лажички мелен кокос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Бадемите и урмите или смоквите ставете ги во блендер и иситнете ги, а оревите или лешниците исечкајте ги на покрупни парчиња.
    2. rn011

    3. Изгмечете ја бананата.
    4. rn011

    5. Сите состојки промешајте ги, додадете го сокот од портокал и екстрактот од ванила.
    6. rn011

    7. Мешајте додека не добиете компактна смеса од која ќе направите бомбици кои на крајот ќе ги извалкате во кокос, мелен рогач или какао.
    8. rn011

    9. Чувајте ги бомбиците во замрзнувач, но внимавајте колку ќе јадете од нив. Иако се здрави, бидејќи не содржат шеќер, брашно и масло или путер, тие сепак се многу калорични.
    10. rn

  • Најубавата торта со кафе на Џејми Оливер

    Најубавата торта со кафе на Џејми Оливер

    Навистина силен вкус на кафе

    rnНајубавата торта со кафе на Џејми Оливерrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама мелени бадеми
    • rn011

    • 200 грама темно чоколадо
    • rn011

    • 175 грама путер
    • rn011

    • 70 грама шеќер
    • rn011

    • 4 јајца (со одделени жолчки од белки)
    • rn011

    • 20 мл јако еспресо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 170 степени и подгответе го тавчето со масло и хартија за печење. Додека се загрева рерната стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот и еспресото. Потоа матете ги жолчките и шеќерот околу пет минути, односно додека добиете бледа густа смеса. На таа смеса прво додадете ја смесата со растопеното чоколадо, а потоа и мелените бадеми. Во друг сад изматете ги белките, па и нив додајте ги на новата смеса. На крај, останува само уште да ја испечете тортата во добро загреаната рерна околу 25-30 минути.

  • Милкшејк од кафе, чоколадо и бадеми

    Милкшејк од кафе, чоколадо и бадеми

    Автор: Тамара Дамескаrn

    Ако сакате своето утро да го започнете со поинакво кафе, тогаш ова е рецепт што нема да можете да го одбиете. Овој вегански милкшејк е идеален и како појадок и како алтернатива за вашето вообичаено кафе.

    rn1-milkshejk-od-kafe-chokolado-i-bademi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 г бадеми
    • rn011

    • 130 мл вода
    • rn011

    • 1 силно еспресо
    • rn011

    • 1 ½ лажица какао
    • rn011

    • 2 лажици јаворов сируп
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека сосема не се соединат. Ако сакате помазен напиток, процедете го низ газа. Сипете во чаша и пијте го така или прелијте го врз коцки мраз.rnrn1-milkshejk-od-kafe-chokolado-i-bademi-kafepauza.mkrnrnОвој милкшејк може да служи и како замена за млеко во вашите житарки.rnrnБадемовото млеко е одличен вегански напиток со малку јаглехидрати. Тоа не само што е полесно за варење, туку е и богато со протеини.rnrnРецептот можете да го направите и со други млека, од други ваши омилени зрнести плодови, на пример од печени пекани за побогат вкус или од макадамии за полесен и кремаст ефект.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преслатки за да би ги јаделе: Колачиња-мечиња со гушнати бадемчиња

    Преслатки за да би ги јаделе: Колачиња-мечиња со гушнати бадемчиња

    Толку се слатки што би ви било жал да ги ставите во уста. Сепак, одлични се за посебни прилики…

    rn1-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки и материјали:

    rn

      rn011

    • Калап во вид на мечиња
    • rn011

    • 100 грама сенаменско брашно
    • rn011

    • 2 лажици пченкарно брашно
    • rn011

    • 20 грама компиров скроб
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • 40 грама шеќерен сируп (шербет)
    • rn011

    • 10 грама мед
    • rn011

    • 30 грама растително масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Загрејте ја рерната на 160°C
    2. rn011

    3. Измешајте ги обичното и пченкарното брашно и просејте ги заедно 5 пати.
    4. rn011

    5. Потоа брашното помешајте го со компировиот скроб и со солта во голем сад.
    6. rn011

    7. Во посебен мал сад измешајте ги шербетот, медот и растителното масло.
    8. rn011

    9. Течната мешавина измешајте ја со сувата и добро измешајте додека не добиете мазна смеса.
    10. rn011

    11. Потоа добиеното тесто ставете го врз хартија за печење на рамна површина и истанчете го со сукало.
    12. rn011

    13. Со калапот во форма на мече направете ги формите.
    14. rn011

    15. Нацртајте ги лицата (три точки кои можете да ги боцнете со стапче за ражнич или некое друго шилесто кујнско помагало) и ставете бадемчиња на средината, врз стомакот. Потоа земете ги рачињата на секое мече и направете тие да ги гушнат бадемите.
    16. rn011

    17. Со остатоците од тестото направете опавчиња за мечиња свртени одзади.
    18. rn011

    19. Печете 10 минути, потоа намалете на 150°C и печете уште 10.
    20. rn011

    21. Извадете ги од рерна и тие се готови.
    22. rn

    rnСовет: Наместо бадеми можете да употребите други јаткасти плодови или бонбони.rnrn2-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 3-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 4-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 5-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 6-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 7-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 8-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 9-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 10-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 11-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mk 12-preslatki-za-da-bi-gi-jadele-kolachinja-mechinja-so-gushnati-bademchinja-kafepauza.mkrnrnРецептот е базиран на видеото на Маа Тамагосан. Во оригиналниот рецепт се употребува 110 грама брашно за торта, а за сметка на тоа се изоставува пченкарното брашно.

  • 3 вкусни филови за палачинки

    3 вкусни филови за палачинки

    Ако ви здодеало палачинките да ги јадете исклучиво со еурокрем или џем, пробајте ги овие три идеи. Доста се едноставни, а вкусовите се одлични.rn

    Фил со праски

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 8 порции:

    rn

      rn011

    • 145 грама шеќер
    • rn011

    • 2 лажици пченкарно брашно
    • rn011

    • 250 мл вода
    • rn011

    • 8 средно големи праски, излупени и исечени на тенки парчиња
    • rn011

    • 2 лажици путер
    • rn011

    • Половина лажиче екстракт од бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги шеќерот и брашното, ставете ги во сад на оган и додајте им ја водата. Кога овие состојки ќе се соединат, додајте ги путерот и половина од праските. Гответе на среден оган додека смесата стане потенка и почнат да се создаваат меурчиња. Во следните две минути гответе на тивок оган. Потоа тргнете го садот од оган, додајте го остатокот од праските и екстрактот од бадеми и смесата ставете ја во фрижидер за добро да се излади пред да ја употребите.rn

    Кремаст фил со банани

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 12 порции:

    rn

      rn011

    • 3 лажици путер
    • rn011

    • 3 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • 3 средно зрели банани исечкани на парчиња од 7 мм
    • rn011

    • 235 мл кисела павлака
    • rn011

    • 2 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 85 грама излупени и испржени бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги путерот и кафеавиот шеќер во сад на оган и чекајте додека шеќерот не се растопи. Потоа додајте ги бананите и гответе додека не почнат да ја менуваат бојата. Во друг добро измешајте ги киселата павлака и шеќерот во прав. Потоа нанесете од оваа смеса на секоја од палачинките, па врз неа додајте од бананите и наросете од пржените бадеми.rn

    Тирамису фил

    rn3 вкусни филови за палачинкиrn

    Потребни состојки за 22 порции:

    rn

      rn011

    • 225 грама маскарпоне сирење
    • rn011

    • 225 грама крем сирење
    • rn011

    • 190 грама шеќер
    • rn011

    • 60 мл кафе или ликер од кафе
    • rn011

    • 2 лажици екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начина на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги маскарпонето, крем-сирењето и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Додадете ги кафето или ликерот од кафе и екстрактот од ванила и повторно мешајте за добро се соединат. По желба врз палачинките можете да додадете и чоколаден сируп.