КАФЕ ПАУЗА

Tag: Англија

  • Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Lake District, планинска област на северозападот на Англија и најголемиот национален парк во земјата, е рај за љубителите на природата кои можат да пешачат со часови и часови истражувајќи ги многубројните патеки со поглед кон магичниот пејзаж.rnrnНајубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во живототrnrnПред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.rnrnОвде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.rnrnСелото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.rnrnПоетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.rnrnВо 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.rnrnОва место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.rnrnОткако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за планинското село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Кловли, лоцирано во Југозападна Англија, е многу повеќе од обично приморско село. Една од необичните карактеристики на селото е дека единствениот начин за пристап е преку центарот за посетители каде се наплаќа билет од 8,50 фунти за возрасни и 4,95 фунти за деца. Втората особеност е отсуството на автомобили кои се заменети со санки секогаш кога локалното население оди на пазарување.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЦентарот за посетители, отворен во 1988 година и санките кои ги замениле магарињата почнувајќи од 70-тите години на минатиот век се начините преку кои ова село со историја долга 1000 години се обидува да го следи текот на модерното време. Сепак, овде и понатаму продолжува да живее духот на минатото.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСо оглед на стрмните патеки во селото, и денес во Кловли нема автомобили. Нема сообраќај ниту светлосно загадување, но затоа селото се одликува со калдрмисани патеки, мали колиби и чамци закотвени на кејот кој датира од 14-ти век.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЗа локалното население, она што е убаво и уникатно за ова село не се должи само на слатките, мали калдрмисани патеки туку пред сè на фактот дека овде минатото сè уште живее.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСпоред историските извори, во 11 век селото било во сопственост на Вилијам I од Англија, познат како Вилијам Освојувачот. Подоцна, селото преминало во сопственост на сопругата на Вилијам I, Матилда од Фландрија, првата крунисана кралица на Англија.rnrnКловли со векови било инспирација на писателите и уметниците меѓу кои Вилијам Турнер и Чарлс Дикенс. Освен тоа, селото послужило и како една од главните локации за снимање на филмот „Разум и чувствителност“ во 2008 година.rnrnОткако прочитавте за ова мало англиско село, можеби сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: bbc.com

  • Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

    Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

    Англиското село Кловели во кое се наоѓа пристаниште, се прослави на социјалните мрежи благодарејќи на својата фотогеничност. Уредните и шармантни куќички, поплочените улици и фармата за магариња се доволни за да привлечат голем број посетители, но и потенцијални купувачи на недвижности. Се наоѓа на југозападната страна на Англија, недалеку од местото кое симболично се нарекува крај на земјата.rnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnБројот на среќните жители е ограничен. Ако живеевте тука, ќе имавте околу 400 соседи во целото место – доволно за да не се чувствувате изолирано, но и да го задржите својот мир. Жителите на ова село од новите соседи очекуваат активно да се вклучат во животот на заедницата, како и во некои од програмите. Целото село е всушност приватен имот, а од 13-тиот век го поседувале три семејства. Дури во 16-тиот век, ова село заживеало како мала заедница, а дотогаш немало траги кои покажуваат дека има живот. Колку е неодоливо селото, пишувал и Чарлс Дикенс во неговата кратка приказна „Пораки од морето“. Во неа опишал живописно место покрај морето. За Кловели пишувал и Рудјард Киплинг, а селото било и чест мотив за уметнички дела. Вредноста на ова место ја препознал сопственикот, кој одлучил да инвестира во него. Изградил два музеи, неколку ресторани и апартмани, а можно било и да се земат под закуп просторни места за посебни пригоди, како што се свадби или родендени.rnrnНо, за да влезете во приватно село, треба да платите влез. Од друга страна, улицата која води низ селото е јавна патека. Со години се воделе битки за оваа улица. Некои успевале да поминат, но некои застанувале да ги замолат чуварите да се вратат или да платат влез. Наплатата на влез се оправдува со трошоците за одржување на инфраструктурата на селото, како и на двата музеи, но многу Британци биле лути поради приватното присвојување на дел од државата.rnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnПрочитајте и за оваа земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата.

  • Капела во Англија изградена во 1855 година е претворена во необичен, но топол дом

    Капела во Англија изградена во 1855 година е претворена во необичен, но топол дом

    За време на трансформацијата во 2006 година, одредени оригинални карактеристики на капелата биле задржани, но внатрешноста на зградата била модернизирана.rnrnСместено е во одморалиште покрај морето и на локација богата со историја. Бројни атракции се наоѓаат многу блиску и може да се стигне по кратка прошетка. Тунелот во карпата води до приватна плажа, а околу капелата има градини.rnrnКапелата е претворена во дом кој има стаклени прозорци и се состои од оригинални камени плочи. Внатре е завршена одлична работа, сега има простор за прием со кујна, а спиралното скалило води до првиот кат. На првиот кат има две големи спални соби и едната бања, додека другата бања е на приземјето. Оригиналните прозорци изгледаат убаво.rnrnКапела во Англија изградена во 1855 година е претворена во необичен, но топол домrnКапела во Англија изградена во 1855 година е претворена во необичен, но топол домrnКапела во Англија изградена во 1855 година е претворена во необичен, но топол домrnrnПрочитајте и за оваа градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело.

  • Англиско село „расте“ по 2 сантиметри годишно

    Англиско село „расте“ по 2 сантиметри годишно

    Девоншаер, Англија, добива многу посетители секоја година. Причината е што ова место е полно со карпи, средновековни градови и национални паркови. Но покрај туристичките атракции, има уште една причина за посетување – селото расте 2 сантиметри годишно, а научниците не знаат зошто.rnrnАнглиско село „расте“ 2 центиметри годишноrnrnНаучниците од Универзитетот Нотингхем биле првите кои ја забележале оваа топографска промена. Помеѓу 2015-та и 2017-та, тие споиле сателитски снимки и ја направиле првата мапа на ниво на држава за движењето на земјиштето во Англија.rnrnПодигнување на земјиштето обично се забележува на места каде што се копало руда. Кога се гасат пумпите, водата постепено се враќа во земјата и ја подигнува. Но, во тој дел немало никакви рудници во минатото, ниту па сега.rn

    „Најверојатно нема никаква структурна штета, но загрижувачки е што низ тој дел поминува автопат“, изјавил еден од научниците.

    rnПодигнатото место има форма на елипса и е широко околу 2 километри. Експертите сметаат дека одговорот на оваа мистерија се крие длабоко под земја бидејќи и полињата и урбаните делови се подигнуваат заедно. Можно е подигнувањето да е предизвикано од празнење или некаков доток.rn

    „Навистина е големо, целиот град се мрда. Мислам дека властите мора да се симнат доле и да истражат што се случува. Ако е течност или некој отпад, тоа може да биде и закана за околината. Ако ова не е природен феномен, треба да се открие што се случува под земјата и која е причината.“

    rnСо помош на мапата која ги прикажува топографските промени во Велика Британија истражувачите можат подобро да разберат какво е влијанието на разните процеси врз пејзажот на Англија.rn

    „Покрај тоа што ни дава детални информации за изучување на индивидуалните механизми на овие процеси, мапата ни овозможува да идентификуваме и разни потенцијални ризици кои можат да имаат влијание на инфраструктурата, општеството и околината“, изјавуваат од Универзитетот Нотингхем.

    rnПогледнете и некои од најживописните села во светот.

  • Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

    Зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?

    На 2-ри јуни 1953-та година одржано е крунисувањето на британската кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон. По повод 65-годишното владеење направен е документарен филм, во кој зборува и самата кралица откривајќи колку всушност целиот настан бил трауматичен за неа.rnrnЗошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?rnrnДо ден денес ова е последното крунисување, а следното ќе се одржи по смртта или абдикацијата на кралицата. Елизабета во текот на крунисувањето имала само 27 години, а нејзиниот сопруг, принц Филип, 31.rnrnНастанот кој го гледале милиони луѓе ќе доживее и своја екранизација. Од BBC премиерно е прикажан документарниот филм за крунисувањето. Првите снимки ги погледнала и самата кралица, која притоа и се отворила.rnrnЗошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?rnrnЦеремонијата започнала со возење кочија низ целиот Лондон и траело речиси 2 часа до стигнувањето во катедралата. Иако на лицето на кралицата не се забележуваат нервоза и негодување, денес таа признава дека возењето било навистина страшно.rn

    „Целата кочија е со кожа, што не е баш најудобно“, изјавила кралицата.

    rnЗошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување?rnrnТаа носела круна со 2.868 дијаманти, како и дијамантот Кулинан II со 317,4 карати. Круната тежела 1,2 килограми! Исто така го носела и сафирот на Свети Едвард кој потекнува од средниот век.rn

    „Постојат неколку недостатоци на круната, но сепак таа е важен дел од нашиот живот“, објаснила кралицата.

    rnПокрај тешката круна и заморното возење, Елизабета помнела и уште едно нешто – тешкиот капут. Таа го носела препознатливиот златен капут кој е навистина тежок и неудобен, а целиот процес на прогласување на кралицата траел 3 часа.rnrnПрочитајте и за најчудните предности во кои ужива само кралицата Елизабета II…

  • Најчудните предности во кои ужива само кралицата Елизабета II

    Најчудните предности во кои ужива само кралицата Елизабета II

    Да бидете дел од кралско семејство дефинитивно си има свои предности. Но не секоја предност е очигледна. Многу од работите кои ги ужива кралското семејство се навистина чудни и специфични. Од забранување на смеата до поседување на сите делфини во Велика Британија, погледнете некои од најчудните бонуси кои доаѓаат кога сте главата на кралското семејство.rn

    1. Кралицата може да вози без возачка дозвола

    rn(1)najchudnite-prednosti-koi-gi-uzhiva-britanskoto-kralsko-semejstvo-kafepauza.mkrnrnЕдна од предностите да бидете кралица на Англија е тоа што немате потреба од возачка дозвола.rn

    2. Некој од послугата ги „разносува“ чевлите на кралицата

    rn(2)najchudnite-prednosti-koi-gi-uzhiva-britanskoto-kralsko-semejstvo-kafepauza.mkrnrnКралицата нема потреба да трпи болка од нови чевли. Таа најмува некој од послугата да го направи тоа за неа.rn

    3. Кралицата може да го забрани смеењето

    rn(3)najchudnite-prednosti-koi-gi-uzhiva-britanskoto-kralsko-semejstvo-kafepauza.mkrnrnКралицата има контрола над сè, па дури и по нејзината смрт. Наводно, 12 дена по нејзината смрт, луѓето на британските телевизиски програми нема да смеат да бидат смешни. Исто така нема да се емитуваат никакви хумористични програми.rn

    4. Кралицата ги поседува сите делфини

    rn(4)najchudnite-prednosti-koi-gi-uzhiva-britanskoto-kralsko-semejstvo-kafepauza.mkrnrnУште една чудна предност е тоа што кралицата ги поседува сите делфини кои се на растојание до 5 километри од британскиот брег.rn

    5. Ги поседува и сите лебеди

    rn(5)najchudnite-prednosti-koi-gi-uzhiva-britanskoto-kralsko-semejstvo-kafepauza.mkrnrnПокрај делфините, сите лебеди кои се наоѓаат во Велика Британија ѝ припаѓаат на кралицата. Исто така, таа ги брои секоја година. Секој јули се одржува церемонија на броење.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Најубавите новогодишни елки ширум светот

    Најубавите новогодишни елки ширум светот

    Новогодишните елки имаат долга и богата традиција, но како што минува времето, луѓето наоѓаат сè понови и покреативни начини да го претстават значењето на божиќното дрво. Во модерно време ни се чини дека забораваме што всушност означува елката и луѓето просто се натпреваруваат кој ќе ја накити подобро, побогато, пооригинално.rnrnНо, што ако светски најпознатите градови и места влезат во трката за најубава елка? Тогаш станува збор за голема конкуренција. Ова се дел до најубавите елки ширум светот кои ќе направат да ја гледате вашата елка дома со сосем поинакви очи.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    1. Рио де Жанеиро, Бразил

    rnОваа новогодишна елка во вториот по големина град во Бразил плови над каналот Родриго џе Фреитас. На сликата се прикажани огнометите од неговото прво претставување на јавноста, но да бидеме искрени и без огнометите изгледа величествено. Секоја година оваа елка симболизира различни нешта, а оваа година беа одбрани сонцето, месечината и ѕвездите како симболи за светлината во животот на луѓето.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrn

    2. Рокфелер центарот во Њујорк

    rnУште од 1933, секоја година на Рокфелер во Њујорк се поставуваат величествени новогодишни елки. Околу 45.000 светилки го осветлуваат ова дрво на официјалната церемонија на неговото поставување секоја година, придружено со концерт во живо.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    3. Плоштадот Трафалгар во Лондон

    rnСекоја година плоштадот Трафалгар во Лондон добива божиќно дрво како подарок од Норвешка. Ова е знак на благодарност за помошта на Англија за време на Втората светска војна. Повеќето од подарените дрва се стари преку 60 години, што значи дека растеле за време на Втората светска војна.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    4. Галери Лафајет, Париз, Франција

    rnВо луксузната стоковна куќа во Париз, секоја година се поставува масивна елка која личи како огромно чудовиште кое го запоседнало местото. Оваа година за декорацијата на елката се погрижил американскиот уметник Пол Мекарти, кој бил критикуван бидејќи дрвото изгледало како секс-играчка. Елката подоцна била уништена од вандали.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    5. Бранденбуршка порта, Берлин, Германија

    rnПостои голема иронија во поставувањето на ова прекрасно новогодишно дрво пред познатата Бранденбуршка порта во Берлин. Иако божиќното дрво е симбол на добрината кон луѓето, Бранденбуршката порта во Берлин некогаш била користена за разни церемонии на нацистите.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    6. Божиќната елка од лего коцки во Лондон, Англија

    rnОваа интересна елка е поставена на познатата железничка станица Свети Панкрас во Лондон. Кога ќе помислите да се пожалите што ќе мора да ги спакувате сите украси од вашата елка на крајот на сезоната, само помислете како им е на оние кои ја склопувале, а треба и да ја расклопат оваа елка.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrn

    7. Плоштадот Св. Петар во Ватикан

    rnБожиќ е свет празник, а тоа секако мора да се почувствува во Ватикан. Со таа цел, плоштадот Св. Петар го краси масивно осветлено божиќно дрво, подарок од германската држава Баварија.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    8. Монте Ингино, Губио, Италија

    rnПланината Ингино над градот Губио ја осветлува не едно, туку повеќе дрва кои заедно даваат форма на голема новогодишна елка. Импресивно, нели? Но, тоа не е сè. Командата за осветлување на оваа елка ја дава папата и тоа со помош на таблет. Што да се прави кога технологијата напреднала толку.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    9. Божиќното дрво во Вашингтон, САД

    rnЗамислете само како му е на претседателот на САД. Покрај сите стресни обврски, треба да се грижи и за големото новогодишно дрво во Вашингтон. Уште од времето на Френклин Рузвелт, претседателот на САД е главен во церемонијата на официјалното претставување на дрвото секоја година.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    10. Кор Делејн, Ајдахо, САД

    rnОва дрво покрај реката Кор Делејн не е центар на внимание само за време на новогодишните и божиќните празници, туку преку целата година. Станува збор за огромно дрво кое се декорира за време на празниците.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    11. Федеративниот плоштад, Мелбурн, Австралија

    rnБожиќ во Австралија е малку поразличен… или многу. Температурата во ова време од годината може да достигне дури до 40˚C, па проценете сами. Но, ова не е пречка за прекрасното божиќно дрво да се издигне на плоштадот, збунувајќи ги децата кои гледаат симбол на снежен Божиќ кога надвор сè се топи од жештината.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    12. Пуерта де Сол, Мадрид, Шпанија

    rnИако можеби не ви изгледа така, божиќното дрво во Мадрид не е вистинско дрво туку скулптура направена од метал и стакло.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    13. Плоштадот Сиам, Бангкок, Тајланд

    rnИако луѓето од Тајланд не доживуваат снежен Божиќ, имаат огромно божиќно дрво на влезот на познатиот трговски центар Central World.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    14. Плоштадот Комерцио, Лисабон, Португалија

    rnОваа елка е најголемата во Европа. Нејзината висина може да варира зависно од дозволената граница, а цврсто се потпира на метал. Импресивно, нели?rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    15. Божиќното дрво во Мурано, Италија

    rnУште од 1291, Мурано е познат како центар за изработување на најфиното стакло. Правењето новогодишна елка од она по што овој дел од Италија е најпознат е одлична идеја.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    16. Emirates PalaceHotel, Абу Даби

    rnЛуксузниот хотел со 7 ѕвезди на Емиратите е достоен за ваква елка. Ако некој се обиде да украде макар дел од украсите на оваа елка ќе се соочи со затворска казна. Дрвото е декорирано со скапоцени украси вредни над 11 милиони долари.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

    17. Божиќниот пазар во Дортмунд, Германија

    rnОваа елка е всушност направена од 1.700 мали борчиња кои се издигнуваат околу 45 метри во висина.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 убави, но потценети градови во Европа

    10 убави, но потценети градови во Европа

    Ретки се оние кои не сакаат да шетаат и да го видат светот. А кога останатиот дел кој сака конечно ќе се одлучи да оди, најчеста дестинација се добро познатите светски метрополи како Париз, Рим, Барселона и многу други. Сепак, светот крие многу места кои можеби не се толку познати, но вреди да се посетат и видат. Па доколку се одлучите да ги спакувате куферите и да фатите пат под нозе, следниве неколку дестинации дефинитивно треба да се најдат на вашиот список.rn

    1. Бијариц, Франција

    rnЛоциран во Бискејскиот Залив, Бијариц е доста популарен кога станува збор за сурферите. Во овој град, секоја година се одржува познатиот Сурферски фестивал кој привлекува сурфери и туристи од целиот свет.rnrn1-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    2. Порто, Португалија

    rnГрад со долга традиција и историја во областа на музиката, уметноста и спортот, домаќин на фудбалскиот клуб Порто и познат по многуте фестивали кои се одржуваат во него (на пр. Свети Џон на крајот на јуни). Единствено доколку го посетите ќе сфатите зошто токму овој град бил главен културолошки центар на Европа во 2001 година.rnrn2-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    3. Ферара, Италија

    rnОпколен со антички ѕидини долги повеќе од 9 километри, овој град може да се пофали со преубави палати кои датираат уште од 14-тиот и 15-тиот век, неверојатни катедрали и фантастични улици кои ќе ве маѓепсаат. Како дом на познати писатели, артисти и музичари, дефинитивно треба да се најде на вашата листа.rnrn3-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    4. Бруж, Белгија

    rnКога станува збор за Белгија, убавината на овој град е засенета од онаа на Антверп и Брисел. Но, по излегувањето на филмот „Во Бруж“ во 2008 година, овој град е сè почеста дестинација овие денови. Тоа воопшто не е зачудувачки кога ќе се земат предвид средновековната архитектура и многубројните канали низ градот поради кој го нарекуваат Венеција на северот.rnrn4-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    5. Хајделберг, Германија

    rnОвој живописен град е лоциран во долината на Олденвалдските Планини и на брегот на реката Некар. Негова најголема знаменитост е замокот Хајделберг, а е познат и по убавиот стар град, универзитетот и историските цркви низ него.rnrn5-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    6. Инсбрук, Австрија

    rnСо сигурност, овој град треба да се најде на вашиот список за шетање низ Европа и тоа меѓу првите неколку. Уникатен по тоа што два пати бил домаќин на Зимските олимписки игри, Инсбрук привлекува со многуте патеки за зимски и летни спортови, како скијање, планинарење и планински велосипедизам.rnrn6-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    7. Брашов, Романија

    rnГрад-мост до едни од најубавите замоци во Романија, Пелеш и замокот на Дракула. Шармантен и тивок, во овој град ќе ве освојат топлината на луѓето кои живеат таму, нивната гостопримливост и љубезност.rnrn7-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    8. Утрехт, Холандија

    rnИако Амстердам е првиот град кој би помислиле да го посетите во Холандија, доколку прашате некој кој веќе ја посетил оваа држава сигурно ќе ве упати накај Утрехт. Изграден околу канал, Утрехт е претежно студентски град кој е избор на студенти од целиот свет. Покрај ова, градот е со интересен историски карактер, а преубавите улички низ него ќе освојат секого.rnrn8-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    9. Бибари, Англија

    rnОва мало гратче може да биде одлична викенд дестинација доколку сакате да се одморите, да дишете малку свеж воздух и целосно да се предадете на природата. Шармантно и едноставно, исполнето со зеленило – не би сакале да го пропуштите.rnrn9-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    10. Дрезден, Германија

    rnРуиниран за време на Втората светска војна, градот е изграден од почеток во елегантен барокен стил кој освојува и шармира. Универзитети, музеи, пивски градини и убавина како на слика. Дрезден сигурно ќе ги исполни сите ваши очекувања.rnrn10-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

  • Луксузен дом во Англија со поглед кон природата

    Луксузен дом во Англија со поглед кон природата

    Овој прекрасен дом во Англија е дизајниран од Alexander James Interiors од Беркшир, а е опкружен со неверојатно живописна и богата природа. До куќата се доаѓа преку приватен заграден простор, со педантно уредена зелена површина. Фасадата на објектот, на прв поглед, ве прави да се запрашате што може да очекувате во самата внатрешност. Несомнено, куќата изобилува со дневна светлина, а убавата тераса на вториот кат го поврзува ентериерот со свежиот пејзаж и околина, што пак просторот, меѓу другото, го прави совршен за одмор и релаксација.rnrnЛуксузен дом во Англија со поглед кон природатаrnrnПрвиот кат е составен од огромен салон, преку кој се доаѓа до кујната, дневната соба и оранжеријата. Тука се наоѓаат и поголем дел од луксузно наместените спални соби. На вториот кат се наоѓа уште една соба за одмор, заедно со просторија, која може да биде искористена како домашно кино или за некои други слични активности. Уживајте во убавиот дом и фотографиите!rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.