КАФЕ ПАУЗА

Tag: Англија

  • 10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Хенри VIII

    10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за Хенри VIII

    Дали некогаш сте се интересирале за кралските фамилии? Можеби за Тудорите? Па, имаме супер вест за вас. Денес издвојуваме 10 необични факти поврзани со Хенри VIII, кои досега веројатно не сте ги чуле. Хенри всушност бил поразличен од неговото претставување на екраните како темпераментен, крволочен, горд и ненаситен човек. Дека имал многу жени, тоа е точно, но погледнете кои се другите негови особини, кои сигурно ќе ве подзамислат.rnrn(0) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mkrn

    1. Ги знаел слугите по име

    rnДодека повеќето кралеви грубо и понижувачки се однесувале спрема своите поданици, тоа не бил случајот со Хенри VIII. Тој ги знаел имињата на сите негови слуги, што истовремено ги воодушевувало, но и ги плашело. Секогаш знаел кого треба да обвини, но и кого треба богато да го награди.rn

    2. Бил преплашен од чумата

    rnСекако, сите се плашеле од Црната смрт, но Хенри бил толку преплашен, што целосно се повлекол во дворецот и не излегувал. Додека другите се обидувале да се спасат со билки и напитоци, тој се затворил внатре и „хибернирал“.rn

    3. Страстен колекционер

    rnХенри VIII имал најразлични колекции. Обожавал гоблени и се смета дека имал една од најголемите колекции, што некогаш постоела. Исто така, бил заљубен во илјадниците пиштоли и многуте куќи што ги поседувал. Сигурно имал солидна колекција недвижнини.rn

    4. Не умеел со финансиите

    rnДоколку мислите дека вие сте во долгови, замислете си ја истата ситуација во едно кралство. На почетокот на владеењето на Хенри VIII, во касата на Англија имало многу парични средства, но некои негови лоши финансиски одлуки, толку многу го чинеле, што сепак не умрел како богат крал, туку со празна каса и огромни долгови зад себе.rn

    5. Бил среќно оженет… со постара жена

    rn(1) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mkrnrnСите знаеме за 6-те жени на Хенри, но не и дека бил среќно оженет со првата жена, Катерина Арагонска. Таа првин била земена со постариот брат на Хенри, но по неговата смрт, татко му наредил Катерина да се земе со Хенри VIII, за да може полесно да склучи сојуз со Шпанија. Таа била седум години постара од него и биле во брак речиси 20 години. Како крал, Хенри VIII сметал дека има одговорност зад себе да остави машки наследник, но бидејќи Катерина не му родила син, го поништил бракот и преминал на наредната жена.rn

    6. Не му требале доктори

    rnПокрај многуте нешта, Хенри бил и многу независен. Страдал од многу болести и иако имал цел дворец доктори, бил способен да прави свои лекови и самиот да се грижи за себе. Се зборувало дека имал сифилис и дијабетес, но тоа сѐ уште не е докажано.rn

    7. Бил талентиран музичар

    rnСте помислувале ли некогаш дека Хенри VIII би можел да биде талентиран музичар? Се смета дека англиската народна песна „Greensleeves“ е токму негова. Исто така, доколку сте фан на Jethro Tull, тогаш веќе сигурно знаете дека популарната „Pastime with Good Company“ е напишана од Хенри. Поседувал многу флејти, кои исто така биле дел од богатите колекции.rn

    8. Бил наградуван писател

    rnСигурно си мислите „Па добро, бил крал, кој не би му дал награда?“, но вистината е дека Хенри навистина бил талентиран писател, кој зборувал многу јазици и бил добро образован.rn

    9. Бил крупен човек

    rn(3) 10-raboti-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-Henri-VIII-kafepauza.mkrnrnКако што е и прикажано на самите екрани, Хенри VIII навистина бил покрупен човек. Обемот на струкот му изнесувал 122 сантиметри, а бил висок речиси два метри. Па, вие самите заклучите, дали некој можел да му противречи.rn

    10. Женкар… ама и добар крал

    rnХенри бил многу, многу харизматичен. Жените паѓале не само на богатството, туку и на шармот. Без сомнение, огромен женкар. Шест жени и неколку љубовници во текот на еден живот.rnrnКако и да е, лошите финансиски одлуки, наседнувањето на измамите од куртизаните, понекогаш и на сопругите, го докусуриле кралот. Хенри VIII останал запаметен како личност со бескрупулозен карактер, но и како многу посебен и единствен лик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите и најздравите градови во Европа

    Најубавите и најздравите градови во Европа

    Лондон, Париз, Рим, Амстердам, Барселона… Сите овие европски градови се интересни и полни со многу историја и култура, но кога станува збор за прекрасни места кои изобилуваат со природни пејзажи кои ќе ве освежат и инспирираат, наредниве 5 се оние кои се едноставно незаменливи.rn

    1. Езерото Сан Круа, Франција

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСеверниот дел од Франција изобилува со туристи кои уживаат во убавините на Азурниот Брег, но доколку сакате малку помирно место, кое е опколено со природни убавини, насочете се северно од Сен Тропе, кон прекрасното тиркизно езеро Сан Круа. Доколку сте фан на водни активности како пливање, едрење, возење на кајак и слично, ова место ќе биде совршено за вас.rn

    2. Скаген, Данска

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnДоколку Скандинавија е на вашата листа за посета и доколку барате прекрасни места кои не се толку популарни, тогаш ви го препорачуваме градот Скаген. Ова мало рибарско гратче, кое е прекрасен рај за фотографите се наоѓа на најсеверната точка од Данска. Спектакуларниот брег и огромните песочни дини ќе направат да се чувствувате живо, енергично и поздраво од кога било претходно.rn

    3. Чинкве Тере, Италија

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСите љубители на пешачењето и природните пејзажи мора да го посетат ова неверојатно место. Направете пауза од гужвата во Рим, Фиренца и Миланo и упатете се кон тивкото и мирно „ Чинкве Тере. Покрај природните пејзажи, тука можете да уживате и во прекрасно подготвената паста, џелато и други видови вкусна и традиционална италијанска храна.rn

    4. Анси, Франција

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnОвој град е можеби најпрекрасната и најздравата туристичка дестинација во Франција, како и една од најдобро чуваните тајни во земјата. Анси е град со средна големина во кој се наоѓа најбистрото и најчисто езеро во Европа, а самите Алпи се на само еден чекор оддалеченост. Ова место е познато и како „главниот град на спортот“. Не само што можете да ги најдете сите видови водни и планински спортови, туку и пејзажите кои ве опколуваат се толку неверојатни и инспиративни што дури и самите Французи постојано се вчудовидуваат од оваа природна убавина.rn

    5. Лејк дистрикт – Англија

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСо својата локација во северно-западна Англија, оваа област е одлично место за одмор од брзиот Лондон. Доколку некогаш сте на пат кон главниот град, направете мала пауза во Националниот Парк Лејк дитрикт и уживајте во неверојатните пејзажи кои се дел од него. Езерата, шумите и планините кои се наоѓаат во овој предел едноставно ќе ве остават без зборови, а чистиот воздух ќе ве наполни со енергија и здравје.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Докторот (The Physician)

    Филм: Докторот (The Physician)

    Авантура со ориентален шарм

    rnФилм: Докторот (The Physician)Режија: Филип ШтелцлrnrnУлоги: Том Пејн, Ема Ригби, Бен Кингсли, Стелан СкарсгордrnrnВреметраење: 150 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: авантураrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Докторот“ е сниман според роман од жанрот авантура и како и секоја таква добра книга доследно го доловува сето она што може да се најде во неа. Доста лесен е за гледање, возбудлив, без многу напнати сцени, така што екранизацијата на германскиот режисер Филип Штелцл претставува добар избор за моментите кога сакате да се опуштите со филм и да не се заморувате премногу.rnrnФилм: Докторот (The Physician)rnrnГлавен лик е млад човек кој сака да стане лекар во време кога црквата ги лови сите оние кои се дрзнуваат да му се спротивстават на Бог поради науката. Тој млад човек, Роб Кол, уште како мал останува без својата мајка која умира поради болест, а кога ќе порасне почнува да се интересира за причините поради кои луѓето умираат. Сака да научи сѐ за медицината, но не може да најде начин да напредува на ова поле во Англија. Неговите фрустрации се претвораат во надеж кога дознава за Ибн Сина, на запад попознат како Авицена, славен персиски лекар кај кого може да ги научи вештините што го интересираат.rnrn(3) Film-Doktorot-Film-The-Physician-www.kafepauza.mkrnrnПокрај огромниот пат до Персија што треба да го изоди, единствен проблем за да стигне до таму е тоа што е христијанин. Сепак, поради тоа што во тоа време Арапите биле толерантни само кон Евреите, тој лажно ќе се претстави само за да стигне до неговите предавања. Восхитува неговата желба за знаење поради која тргнува на пат кон место кое за него може да се покаже сурово, а која е извонредно прикажана преку глумата на главниот актер Том Пејн.rnrnФилм: Докторот (The Physician)rnrn„Докторот“ е филм чии кадри бргу ќе ве пренесат во еден друг свет. Тој изобилува со сцени од прекрасната англиска природа, па сѐ до мистичните предели на Блискиот Исток. Приказната добро се развива, дејството никогаш не останува предолго на едно место. Напротив, тоа токму навреме се движи кон она што следува. Во него, се разбира, во една од главните улоги има и убава жена која му значи нешто на главниот лик. Кога сето ова ќе се собере, јасно е зошто филмот никогаш не станува здодевен. За ваква добра авантура, која во себе содржи доза ориентален шарм, два и пол часа не се многу.rnrnФилм: Докторот (The Physician)Филм: Докторот (The Physician)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

    Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

    Една од работите кои мора да ги посетите кога одите во Виндзор, Англија, е куклениот дом на кралицата Мери. Најголемиот, најубавиот и најпознатиот куклен дом во светот, изграден за кралицата Мери од страна на британскиот архитект Едвин Латјенс помеѓу 1921-та и 1924-та година, што претставува совршена минијатурна реплика на аристократската куќа во која таа живее.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен домrnrnКуќата е исполнета со илјадници минијатурни предмети, направени од водечки уметници, дизајнери и занаетчии. Почнувајќи од самите скали, преку салонот, па сè до трпезаријата, совршено е запазен аристократскиот изглед и внимавано е на секој можен детаљ. Еден од највпечатливите делови од куклениот дом е секако библиотеката, полна со оригинални дела од врвни книжевни имиња од тоа време. Потоа тука се винарската визба и градината, уредена од Гертруда Џекул. Во куклениот дом исто така има и електрична енергија, топла и ладна вода, тоалети и лифтови кои функционираат.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен домrnrnВо една од собите се изложени две исклучителни француски кукли, Френс и Мериен, со дел од нивната богата облека и накит. Истите им биле претставени на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета, од страна на француската влада, за време на државната посета на Франција во 1938-та, а биле наменети за нивните ќерки, принцезата Елизабета и Маргарет Роуз. Облеката и накитот за куклите биле дизајнирани и направени од водечки париски модни куќи, меѓу кои Ворт, Ланвин, Картиер, Хермес и Витон.rnrnОвој минијатурен, куклен дом вистина вреди да се посети.rnrnДомот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

    18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

    Веројатно може да се напишат стотина нешта што би можеле да ги направите во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, но моравме да издвоиме само 18. Проверете ја листата во продолжение и уживајте. Да почнеме.rn

    1. Посетете го Лондон

    rnБез разлика каде сте, препорачливо е да се посети главниот град на земјата во која патувате. Фактот што Лондон е еден од најдобрите градови во светот е доволна причина зошто е на оваа листа. Посетете ги неверојатните историски знаменитости и музеите. Одете на шопинг, вечерајте во ексклузивен ресторан и забавувајте се во едни од најпрестижните ноќни клубови во светот.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrn

    2. Испијте чај во Девон

    rnПостојат многу места во Јужна и Западна Англија каде се служи традиционален англиски чај, но Девон е најдобриот избор. Тоа е така затоа што таму се прави најдобриот тенок колач, густ крем и џем, кои се послужуваат со чајот за целосно уживање.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrn

    3. Посетете ја палатата Бленхајм

    rnПокрај тоа што е родниот дом на војводите од Марлборо, светско наследство и еден од најдобрите примери за рустикална архитектура во Англија, Палатата Бленхајм, исто така е и родното место на Винстон Черчил, кој бил прогласен за „Најголем Британец“. Но, и без врската со Черчил, куќата и градините се прекрасно нешто што вреди да се искуси во живо.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrnrn

  • Историјата на чајот низ светот

    Историјата на чајот низ светот

    Чајот е топол напиток во кој сите уживаме, особено во овие тмурни, студени есенски денови. Ќе се согласите дека пиењето чај е совршен миг за одмор и уживање во друштво на најблиските. Историјата на чајот и традициите на пиење чај се разликуваат од земја во земја, па во продолжение прочитајте за оние на Англија, Кина, Индија, Јапонија и Америка.rnrnИсторијата на чајот низ светотrn

    Англија

    rnКога ќе се спомне зборот чај, на многумина веднаш им текнува на Велика Британија и популарноста која овој напиток ја ужива таму. Иако чајот за првпат бил донесен во Англија во 1600-та година, земјата го усвоила како свој традиционален пијалак. Најголем пристап до него имале аристократите, поради цената и ограничените количини. Терминот „попладневен чај“ за првпат бил употребен од страна на Ана, војвотката од Бедфорд. Традиционално во Англија, време за пиење чај е од 4 до 5 часот попладне, и обично се служи со различни видови лепчиња и други слатки печива.rn

    Кина

    rnКинезите се можеби првите луѓе кои почнале да ги користат листовите од чајот во други цели. Чајот бил користен како топол напиток, но и како ефикасен лек. Дури и денес, познатиот кинески зелен чај се препишува за лечење на најразлични болести. Тие чајот често го користат и при медитирање. Исто така, кога една кинеска двојка ќе одлучи да стапи во брак, родителите се послужуваат со чај како знак на благодарност. Во Кина чајот се служи со онаква внимателност, како што е случајот со виното во европските земји.rn

    Индија

    rnИндија е еден од најголемите снабдувачи на чај во светот, кој годишно ѝ носи 4% национален профит. Низ земјата има повеќе од 14 илјади плантажи за производство на чај и поради различната клима, чајот има специфичен вкус во зависност од регионот каде што е направен. Постојат три вида чај кои може да се најдат во Индија. Асамот има богат вкус и расте во високопошумените региони во североисточниот дел на Индија. Дарџилин пак, е можеби чајот со еден од најпознатите и најуникатните вкусови. Овој чај може да се најде во високите предели на Хималаите. Последниот вид чај е нилгири – чајот со суптилен и нежен вкус и расте во јужниот регион на Индија.rn

    Јапонија

    rnТрадицијата на чајот во Јапонија е тесно поврзана со калуѓерите и самураите. Чајанките во оваа земја не претставуваат само пиење чај, туку уживање во самата убавина на искуството. Домаќинот го подготвува чајот по вкус на гостинот и притоа секој детаљ од чајанката се организира онака како што ќе посакаат гостите. Ваквата чајанка која денес сè уште се организира, е вид уметност и духовност, и време во кое и домаќинот и гостите уживаат во уникатноста на моментот.rn

    Америка

    rnВо различните држави на САД, чајот има различно значење. Во изминатите години, продажбата на чај во САД се зголемува поради зголемената популарност на напитокот. Многу Американци почнуваат утринското и попладневното кафе да го менуваат со шолја топол чај.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите светилници во светот

    Најубавите светилници во светот

    Неверојатни фотографии од светилниците ширум светот…rnrn

    Најубавите светилници во светот
    Флоренс, Орегон
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Шарлоттаун, Островот Принц Едвард
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Сасекс, јужна Англија
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Марблхед, Охајо
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Ливерпул, Англија
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Бас Харбор во Мејн
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Окракоук во Северна Каролина
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот на островот Хилтон Хед во Јужна Каролина
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Гвантамо Беј, Куба
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Њупорт, Велс
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Провинцијата Њуфаундленд и Лабрадор, Канада
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Островот Корнати, Хрватска
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Кејп Бајрон во Австралија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    По повод европскиот ден на јазиците, ви нудиме интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација. За некои од нив можеби веќе сте чуле, други ќе ве изненадат дури и зачудат.rnrn1. Над 700 милиони луѓе ширум светот го зборуваат англискиот како странски јазик.rnrn2. Светски познатото име Big Ben не се однесува на часовникот туку на едно од ѕвончињата.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација3. Една легенда вели дека ако одлетаат гавраните кои стојат на кулата во Лондон, ќе падне британското кралство.rnrn4. Првата продавница за топло чоколадо во Лондон била отворена од страна на еден Французин во 1657 година и во тоа време топлото чоколадо бил пијалак на елитната класа.rnrn5. Лондонското метро е првата урбана подземна железница која датира од 1863 година.rnrn6. Годишно се губат околу 80.000 чадори во лондонското метро.rnrn7. Во Англија има над 30.000 луѓе кои се викаат Џон Смит.rnrn8. Порција риба и помфрит или fish and chips, е еден од традиционалните англиски оброци, а првиот ресторан за вакви оброци бил отворен во 1860 година од страна на еврејски имигрант.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација9. Битлсите се најпознат англиски бенд во историјата, со 6 дијамантски, 24 мултиплатинести, 39 платинести, 45 златни албуми и 27 хитови број еден.rnrn10. Околу 26% од вокабуларот во англискиот јазик е со германско потекло, 4% од лични имиња, 29% од латинско потекло, 29% француско, 6% од зборовите во англискиот јазик имаат грчко потекло и уште 6% од останати јазици.rnrn11. Англискиот сленг Кукни (Cockney) е еден од најинтересните ритмички сленгови. Еден збор се заменува со фраза, без да имаат било каква поврзаност во значење или употреба, на пример зборот stairs станува apples and pears.rnrn12. Вилијам Шекспир е вториот најцитиран писател во англиската литература. Тој донел 3.000 нови зборови во англискиот јазик.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација13. Окото на Лондон, или The London Eye е највисокото место за набљудување во светот. Со цел да може подобро да се набљудува, окото на Лондон се врти, а секоја негова ротација трае триесетина минути.rnrn14. Вилијам I, познат и како Освојувачот Вилијам кој владеел од 1066 до 1087, донел закон кој наредувал сите да си легнуваат во 8 часот.rnrn15. Во 1945, јато птици слета на стрелките на познатиот часовник, враќајќи го времето 5 минути назад.rnrn16. Авторот на книгите за Џејмс Бонд, Ијан Флеминг бил инспириран за кодот 007 од автобуската линија Кантербери – Лондон 007.rnrn17. Во Англија има повеќе кокошки отколку луѓе.rnrn18. Поштенските марки во Велика Британија се единствени во светот кои не го содржат името на државата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсмртоносната градина во светот

    Најсмртоносната градина во светот

    Градината Алнвик се наоѓа покрај замокот Алнвик во Нортумберланд, Англија. Инспирирана од легендарните ботанички градини во Падуа, војвотка од Англија решила да ја создаде оваа необична градина која е составена од растенија кои се смртоносни и отровни.rnrnНајсмртоносната градина во светотrnrnПозади големата црна порта, на која пишува „Овие растенија можат да убијат“ се наоѓаат околу 100 легендарни убијци како „Atropa belladonna“ (смртоносната ноќна сенка), „Strychnos nux-vomica“ (стрихнин), „Conium maculatum“ (пелин), „Cannabis Sativa“ (канабис) и „Papaver Somniferum“ (опиум). Водачите ги објаснуваат нивните смртоносни карактеристики додека ги одржуваат турите низ градината и постојано ги предупредуваат посетителите да не ги допираат, ниту пак мирисаат растенијата бидејќи тие можат многу лесно да ги убијат.rnrnНајсмртоносната градина во светотrnrnВојвотката која стои позади оваа градина, до 1995 година била позната само како Џејн Перси, мајка на 4 деца. Но, сосема неочекувано нејзиниот сопруг по смртта на неговиот брат станал дванаесеттиот војвода на Нортумберланд. Заедно со новата позиција им следувал и замок за кој тие требале да се грижат. Војвотката веднаш започнала со разгледување на пространите градини и сосема случајно налетала на еден запуштен дел кој неколку пати бил опустошен за време на Втората Светска војна. Во 2005 година таа решила да го обнови на сосема нов и модерен начин.rnrnНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотrnrnБидејќи опасноста која доаѓа од отровните растенија е многу реална, некои од нив се во кафези и градината е под постојана заштита. Уште еден интересен факт е дека доколку подобро го погледнете замокот Алнвик, можеби ќе ви се види како многу познат – тој бил Хогвартс во првите два дела од филмовите „Хари Потер.“rnrnНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лондон во одразот на сопствената дождливост

    Лондон во одразот на сопствената дождливост

    Оние кои го посетиле Лондон добро знаат дека поради честите дождови, моментите на суво време во овој град се вистинска скапоценост. Кога врнежите ќе престанат, Гевин Хамонд, кој покрај многуте други таленти кои ги поседува, знае да прави и извонредни фотографии, излегува со фотоапаратот во рака и ја пронаоѓа убавината на својот роден град таму каде што најмалку може да се очекува. rnrnНеговата црно-бела серија фотографии „Лондон во вирчиња“ ја доловува убавината на англиската метропола токму во вирчињата кои остануваат после дождот. Во нив се огледуваат дел од најпознатите симболи на Лондон, како Тауер Бриџ, Алберт Меморијал, Ројал Алберт Хол, и други.rnrnЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливостЛондон во одразот на сопствената дождливост
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.