КАФЕ ПАУЗА

Category: Совети

  • Совети за прв успешен состанок

    Совети за прв успешен состанок

    Првиот состанок е полн со очекувања и прашања – дали ќе му се допаднам, дали е тој/таа вистинскиот, дали ќе направам или кажам нешто погрешно и ќе се посрамотам, дали ќе има хемија меѓу нас, дали ќе испаднам смешен/на во разговорот, како ќе помине целата вечер?rnrnСовети за прв успешен состанокrnrnНормално е да ви се мотаат овие прашања низ главата, но не се грижете многу. Клучната работа е да бидете релаксирани, да уживате во вечерта и да не се анализирате себеси многу. Без оглед како ќе помине првиот состанок, најдобро е и двајцата да заклучите дека сепак и тоа е некое добро и вредно искуство. Еве некои мали совети кои ќе ви посочат што треба, а што не треба да правите на првиот состанок.rn.rn

      rn011

    • rn

      Треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Изберете соодветно место за прв состанок

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко вие треба да го одберете местото, тогаш одберете некој кафе-бар, ресторан или некое место кое знаете дека му се допаѓа на вашиот партнер. Пијачка во бар или фин ручек во интимен ресторан е одлично место за прв состанок. Предноста на првиот состанок е тоа што тој може да биде краток, бидејќи може да се случи да не си се допаѓате еден со друг. Па затоа, мали ресторани и барови се одличен избор. Но, ако има хемија меѓу вас, можете да го продолжите состанокот така што ќе отидете на некое друго место или ќе испланирате следен состанок. Обидете се да избегнете бучни места каде што нема да можете да се слушнете еден со друг. Избегнувајте  кино сали, спортски настани или состаноци дома (освен ако не го знаете партнерот многу добро).rn.rn

    Дадете свој придонес

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnОблечете се соодветно како според местото каде што ќе одите, така и според тоа како вие се облекувате и кој е вашиот стил. Тоа ќе покаже дека се грижите за себе и за тоа како изгледате и така ќе оставите добар впечаток. Неизмиена коса, лош здив, извалкани алишта нема да освојат никого. Важно: Не претерувајте со алкохолот, освен ако не ви е во план да станете груби, лоши, смешни, насилни и здодевни.rn.rn

    Бидете љубезни

    rnБез оглед дали помеѓу вас има хемија или не, бидете љубезни спрема другиот. Тоа не ве чини ништо, а сепак ќе предизвика огромно задоволство во неговите очи. Љубезноста не значи дека треба да лажете или да давате лажна надеж. Не му кажувајте на другиот дека ќе му се јавите наредниот ден ако навистина не го мислите тоа.rn.rn

    Го оставите емоционалниот багаж дома

    rnМногу исповеди за вашето минато, лоши навики и поранешни љубовни врски не оставаат добар впечаток, ниту пак го интересираат партнерот. Првиот состанок е како интервју за работа – треба да ги истакнете најдобрите ваши особини, а не да се осврнувате кон слабостите. Секако, ако партнерот ве праша директно прашање како: „Дали сте во врска?“, добро е да му одговорите искрено.rn.rn

    Бидете свои

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnНаправете партнерот да ве види во вистинското светло. Не се обидувајте да бидете тоа што не сте, туку покажете се токму такви какви што навистина сте. Не сакате другиот да се вљуби во некој што вие не сте навистина. Направете партнерот да ве засака и цени такви какви што сте.rn.rn

      rn011

    • rn

      Не треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Доминирате во разговорот

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко во целиот разговор вие сте тој кој зборува, особено ако зборувате за вас, давате лош впечаток дека не сте заинтересирани за другата страна. Партнерот ќе се чувствува убаво ако види дека го слушате и му поставувате прашања. Обидете се колку што зборувате толку и да слушате.rn.rn

    Ги заборавате убавите манири

    rnИгнорирањето на убавите манири иритира и не е воопшто привлечно. Еве некои на кои не треба да заборавите:rn

      rn011

    • Не доцнете, а ако доцните известете го партнерот;
    • rn011

    • Исклучете го мобилниот телефон или ставете го на Silent;
    • rn011

    • Заблагодарете се ако партнерот ја плати сметката.
    • rn

    rnМоже да дознаете многу работи за една личност ако го  набљудувате начинот на кој истата се однесува со келнерот, како реагира ако нешто излезе надвор од контрола, како се однесува во сообраќајна гужва и слично. Не е доволно да бидете љубезни само кон вашиот партнер, туку и кон сите останати луѓе. Тоа добро ќе се одрази и на вас.rn.rn

    Избрзувате со заклучоци

    rnМногу од нас донесуваат брзи заклучоци за некого со само неколку минути поминати заедно. Првиот впечаток во повеќе случаи е погрешен. Потрудете се да не донесувате заклучоци веднаш. Поминете повеќе време со партнерот за да го запознаете подобро. Два до три состаноци треба да се доволни за да оформите прилично добар впечаток за личноста.rn.rn

    Ги избрзувате работите

    rnНе се внесувајте емоционално многу рано, пред да го запознаете партнерот доволно. Сексот е моќна алатка, но ако спиете заедно уште на првиот состанок, многу е голема веројатноста тоа подоцна да доведе до фундаментални проблеми меѓу вас. Кинење алишта и копчиња од кошула, секси деколте, интимни допирања…сето тоа оставете го за малку подоцна.

  • Како да ги употребите тапите од вино?

    Како да ги употребите тапите од вино?

    Дали знаете дека тапите од вино не скапуваат? Освен тоа, тие се толку лесни и интересни по облик и текстура, па наредниот пат кога ќе пиете вино не мора да ги фрлате во корпа за ѓубре. Следниве идеи се одлични ако имате многу тапи и ги чувате во некоја кутија. Еве како да ги искористите.rnrnКако да ги употребите тапите од вино?rn

    Палење оган

    rnНамокрете ја тапата со алкохол и ставете неколку такви тапи во камин под стари хартии. Запалете ги тапите со рачна запалка и огнот брзо ќе почне да гори.rn

    Заштита на алатите

    rnВо тапата направете дупка. Тапата ставете ја на врвот на острите алати за да ја заштитите нивната острина, но и вашата безбедност.rn

    Шкрипење на врати од ормани

    rnОд тапата исечете мало тркалце и залепете го на внатрешниот агол од вратичката од орманот кој шкрипи.rn

    Работна површина

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnАко имате многу тапи кои не сте ги фрлиле, ова е одличен начин да ги искористите. Земете четири штици со должина по ваша желба (зависи колкава работна површина ви треба). Залепете ги штиците за да добиете правоаголен или квадратен облик. Во празнината, ставете ги тапите и лепете ги една до друга, странично. Во празнините во кои не може да се стави цела тапа, исечете делови од тапата и вметнете ги. Така, ќе добиете работна површина во кујната (на која може да ставите жешко тенџере)  или во вашата работилница.rn

    Ѓубриво за почва

    rnЗемете неколку тапи, исечете ги или раздробете ги ситно во гранули. Ставете ги во почвата во вашата градина наместо класично ѓубриво.rn

    Сјаен нож

    rnЗа кујнскиот нож да ви биде сјаен, намачкајте го со средство за чистење и тријте го со тапа, наместо со абразнивно средство. Така, ножот ќе биде сјаен.rn

    Потпирач на врата

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnНа тапата ставете дебела игла, протнете ја низ тапата и иглата забодете ја во подот, низ дупчињата од паркетот. Тоа ќе спречи удирање на вратата во ѕид.rn

    Држач за лампиони

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnЗемете го лампионот и на горниот дел протнете  рибарски конец. Со игла, провлечете го рибарскиот конец низ тапата. Од рибарскиот конец направете отвор во кој ќе можете да го закачите лампионот на новогодишната елка.rn

    Лента за остри ножеви

    rnЗалепете неколку тапи странично, едно до друго. Лентата со тапи ставете ја во фиоката и поставете ја странично каде што доаѓаат врвовите од ножевите. Така, врвовите на ножевите нема да направат дупка во дрвената фиока и ќе останат остри.rn

    Тапа наместо селотејп

    rnИсечете ја тапата по должина. На исечените парчиња ставете течен лепак и лепете на аглите од вашите постери и други хартиени проекти кои ги поставувате на ѕидот. Цврстината на тапата нема да дозволи да се изместуваат.rn

    Држач за картички

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnОва е многу инвентивен начин за вашата забава, роденден или прослава. На тапата со нож направете странична вдлабнатина, доволно длабока за да се стави картичка. Потоа, ставете ја картичката со соодветни информации на секоја маса.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги нервира колегите од работа?

    Што ги нервира колегите од работа?

    Погледнете што ги нервира вашите колеги од работа. Ако се пронајдете во некој дел од текстот, се разбира, потрудете се да не го правите тоа повеќе на работното место.rn

    Прислушување

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnКолегата зборува на мобилен, се допишува на скајп или пишува СМС, а вие упорно се врткате околу него обидувајќи се да дознаете што и на кого му пишува. Таквото однесување многу брзо се забележува, па затоа немојте да мислите дека вашата љубопитност ќе остане незабележана. Воздржете се од такви дејствија, особено на работа, бидејќи сигурно не сакате да ве бие лош глас на прислушкувач, нели?rn

    Фалење

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnИнформациите за тоа каква облека носи вашето момче, кој козметички салон го посетува вашата девојка, колку се паметни, интелигентни  и добри вашите деца оставете ги за поблиските, освен ако имате некоја многу блиска колешка која во исто време ви е и добра пријателка. Фалењето остава негативен впечаток во очите на колегите, па затоа држете се до некои општи теми кои сите би ги интересирале.rn

    Флертување по телефон

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како гласно флертувате со вашето момче или девојката. Тоа ве истакнува како личност, но во негативна смисла. Ако колегите ве слушнат како гласно флертувате по телефон, верувајте дека ќе бидете предмет на потсмев помеѓу колегите. Оставете ги нежните зборови за после работа.rn

    Чистење на грлото (хкм-кање)

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОва е можеби најфрустрирачката работа што дефинитивно ги нервира колегите. Доколку тоа го направите еднаш или двапати не е проблем, но ако го правите на секои две минути претставува и тоа каков проблем. Нервира и вознемирува. Ова важи и за другите звуци кои имате навика често да ги испуштате: шмркање, гласно воздивнување и сл.rn

    Злоупотреба на слушалките

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnДури и вашиот вкус за музика да се совпаѓа со вкусот на музика на вашите колеги, сепак не ги злоупотребувајте слушалките. Звукот нека биде подесен така да само вие ја слушате музиката. Ништо не ви дава за право да правите „журка“ кога другите работат. Ова исто така значи дека не е дозволено да си ги потпевнувате омилените референи од песните кои ги слушате на слушалките.rn

    Не јадете храна со зајадлив мирис

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНепријатно е ако јадете храна со зајадлив мирис кој ќе се шири низ работната просторија. Тука влегуваат хамбургери, виршли, зачинете сосови. Оваа храна оставете ја за дома, а на работа јадете јадења кои нема да предизвикаат гадење кај другите.rn

    Бесконечни дискусии за фудбалски натпревари и ТВ серии

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОвие разговори би биле прифатливи ако ги правите тивко за да не слушаат сите околу вас и со колеги кои ја делат истата страст за фудбал или серии. Сепак, обидете се овие муабети да не ви бидат секојдневни.rn

    Внимавајте на парфемите

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnСилните парфеми оставете ги за вечерните излегувања. На работа ставајте лесни и нежни парфеми кои нема да предизвикаат гадење кај колегите. Има некои луѓе кои се алергични на јаки и опојни мириси. Одржувањето на лична хигиена се подразбира.rn

    Не се смејте гласно

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОбидете се да не се смеете гласно за сите колеги да ве слушнат. Освен што е непристојно, тоа дава слика за вас како несеризона личност и работник кој не е посветен доволно на работата.rn

    Гласно џвакање храна

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како џвакате мастика, како шмркате додека го пиете кафето или како сочно го јадете сендвичот. Тоа е непристојно и предизвикува нервоза кај тие кои се наоѓаат околу вас.

  • 10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    Долгите љубовни врски можат да станат рутински и по малку досадни, а партнерите не смеат да си дозволат тоа да им се случи, доколку сакаат нивната љубов да трае. Што ја одржува една врска да биде свежа после неколку години? – Добриот сексуален живот и слатките секси работи кои нема да ви го одземаат времето, а ќе ја „зачинат“ вашата врска.rnrnНавидум мали и неважни секси постапки можат значително да ви ја подигнат самодовербата, да ги разгорат искрите во кревет, да внесат авантуристички дух во вашата врска, да ја зголемат емоционалната поврзаност со партнерот и да ви го направат секој ден возбудлив и вреден за живеење.rn
    rn

    1. Флертувајте безопасно

    rnДоколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    2. Спијте голи

    rnПонекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    3. Изберете ја долната облека на вашиот партнер

    rnДевојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерици. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    4. Направете заеднички секси фотки

    rnПозирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерици или соблечете се целосно како од мајка родени. Изборот е ваш!rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    5. Напишете ваша лична еротска приказна

    rnСо веб-сајтот hoochymail.com, на вашиот партнер можете да му испратите секси приказна во која вие двајца ќе бидете во главните улоги. Сé што треба да направите е да ги пополните омилените работи на вашиот партнер, како и најубавиот дел од неговото тело и еротичната приказна ќе се напише сама. Сето тоа е бесплатно, а мејлот ќе стигне до двајцата. Звучи примамливо нели?rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    6. Потрошете повеќе време на предиграта

    rnВодете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    7. Споделете сексуална фантазија и пробајте нова секс поза

    rnСподелете некаква сексуална фантазија со вашиот партнер и во детали објаснете му што ќе се случи ако се оствари. Потоа експериментирајте со пробувањето нови секс пози, кои ќе ви помогнат да откриете во која максимално уживате. Отворањето кон вашиот партнер ќе ја зајакне вашата интимност и ќе ја подобри меѓусебната доверба.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    8. Нацртајте ги ерогените зони на партнерот

    rnНацртајте две човечки фигури на хартија кои ве претставуваат вас и вашиот партнер. Без да гледате во цртежот на вашиот партнер, обележете ги деловите од телото кои мислите дека вашиот партнер сака да му ги допирате. На крајот заменете ги цртежите.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    9. Имајте секс на необични места

    rnСексот во спалната може да стане монотон и да наликува на секој претходен. Затоа, променете ја просторијата. Правењето на „таа работа“ во другите соби од вашиот дом каде што готвите, перете или ги пресметувате сметките, ќе направи да се чувствувате „валкано“.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    10. Разбудете го животното во вас

    rnМногу жени велат дека ги „пали“ мирисот на машкото тело, особено делот околу вратот. Во тој контекст, носењето на неговата маица или капењето со неговиот гел за туширање додека е тој на пат, може да направи да се чувствувате поблиску до него и да ви биде попривлечен. За да не се чувствува тој осамен додека е далеку од дома, подарете му еден пар гаќички. Верувајте дека едвај ќе чека да ви се фрли во прегратки.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Водич: одберете ги совршените фармерки

    Водич: одберете ги совршените фармерки

    Фармерките се единственото модно парче кое никогаш не излегува од мода. Мажите и жените ги сакаат еднакво. Во својот пар совршени фармерки, најважно е да се чувствувате удобно и да изгледате убаво. Единствен проблем е да го одберете оној пар фармерки кој совршено ви прилега. Овој водич ќе ви помогне следниот пат кога ќе одите во шопинг, да го одберете совршениот пар фармерки. Прочитајте какви фармерки ви прилегаат според тоа каков е обликот на вашето тело.rn.rn

      rn011

    • rn

      Ако имате големи гради…

      rn

    • rn

    rnизбегнувајте тесни фармерки кои ќе направат горниот дел  (кај градите) да биде многу поголем од долниот дел на телото. Одберете пантолони со широки ногавици.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    а) Ако сте ниски…

    rnодберете фармерки со широки ногавици или фармерки со права линија во делот на ногавиците. Одбегнувајте фармерки кои се стеснуваат во делот кај глуждот, бидејќи ќе ве направат непропорционални. Одберете фармерки кои не се многу темни во однос со она што го носите горе, бидејќи ако направите ваков избор, ќе изгледате стеснети долу и тоа ќе привлече многу внимание.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnодберете фармерки на кои се истакнува делот од коленото па се до долу, бидејќи имате високи нозе. Тие привлекуваат внимание долу, кон линијата на нозете бидејќи создаваат совршен баланс со вашата висина.rn

    Водич: Изберете ги совршените фармеркиrn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Ако имате голем задник…

      rn

    • rn

    rnгенерално, треба да одберете фармерки кои совршено ви прилегаат во задниот дел и на колковите. Одберете фармерки со растеглив материјал, кои на телото ќе му дадат стегнат облик.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    а) Ако сте ниски…

    rnодберете фармерки со рамна линија во делот на ногавиците и со потемна боја. Избегнувајте фармерки кои ја нагласуваат линијата од колениците до долу, односно се шират кон надолу.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnодберете фармерки со повисок струк и фармерки кои се шират од колената па надолу. Исто така, одберете фармерки со права линија. Избегнувајте фармерки со широки ногавици.rn.rn

      rn011

    • rn

      Ако сте широки во половината…

      rn

    • rn

    rnгенерално, вам ви требаат фармерки со средна висина на струкот. Избегнувајте фармерки со низок струк, бидејќи тие дополнително ќе го истакнат вашиот стомак.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    а) Ако сте ниски…

    rnвам ви требаат фармерки кои се малку пошироки во пределот на вашата половина. Затоа, одберете фармерки кои се со темна боја и среден струк.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnодберете фармерки со подебел материјал околу половината (на пример, фармерки со две копчиња) кои ќе импровизираат “рамен стомак„.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn.rn

      rn011

    • rn

      Ако имате облини

      rn

    • rn

    rnГенерално, избегнувајте фармерки со висок струк. Тие ќе ги нагласат колоквите, а вие тоа не го сакате.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    а) Ако сте ниски…

    rnодберете фармерки кои наликуваат на пантолони. Внимавајте да не одберете фармерки со прешироки ногавици, кои веднаш ќе ви направат рамка во која ќе изгледате ниско и дебело. Ако пак сакате тесни фармерки, тогаш одберете ги оние со права линија кај ногавиците.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnФармерки кои наликуваат на пантолони се одличен избор и ако сте високи или со средна височина. Исто така, можете да изберете и фармерки кои ја нагласуваат линијата од колениците па до долу.rn.rn

      rn011

    • rn

      Ако немате облини

      rn

    • rn

    rnАко сте од оние кои не можат да се пофалат со облини, веројатно преферирате да носите облека која најдобро ви прилега. Клучот е да не носите широка облека.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    а) Ако сте ниски…

    rnизбегнувајте фармерки кои се широки и со широки ногавици. Одберете фармерки кои се тесни, со минимално ширење кон колениците па до долу, со рамна линија и во форма на пантолони.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnСо оглед на вашата висина, можете да си играте со машки стилови на фармерки.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn.rn

      rn011

    • rn

      Ако имате екстра облини

      rn

    • rn

    rn

    а) Ако сте ниски…

    rnАко одберете фармерки со широки ногавици, тоа ќе направи идеален баланс на вашето тело. Одберете фармерки со рамна линија.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    б) Ако сте со средна висина или високи…

    rnодберете фармерки со ширење од колениците па до долу. Тоа ќе ги истакне вашите секси облини.rnrnВодич: Изберете ги совршените фармеркиrn

    .rnОстанати пропорции:

    rn

      rn011

    • rn

      Долга половина, кратки нозе:

      rn

    • rn

    rn Одберете фармерки со висок струк, кои ќе го намалат вашето торзо и ќе ја издолжат линијата на нозете.rn

      rn011

    • rn

      Кратка полвина, долги нозе:

      rn

    • rn

    rnОдберете фармерки со низок струк.

  • Како поинаку да го употребите медот?

    Како поинаку да го употребите медот?

    Медот е најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед. rnrnИ денеска медот се користи за повеќе намени, а најдоброто е што е евтин и го има буквално секаде. Сепак, секогаш треба да се внимава тој да е органски, без никакви адитиви, а пчелите кои го создале да не биле изложени на пестициди и вештачки ѓубрива. Еве неколку интересни употреби кои некогаш можат да ви бидат корисни.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Замена за хидратантен крем

    rnМедот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Гел против акни

    rnМедот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.rn
    rn

    Омекнувач за коса

    rnМедот е добар за косата од истите причини поради кои е добар за кожата. Во една чаша измешајте 3 големи лажици мед и една лажица маслиново масло. Смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа убаво измијте ја вашата коса, а по сушењето таа ќе биде мека и свиленкаста како никогаш досега.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Лекувач на рани

    rnСо векови наназад медот бил користен како лекувач на рани. Токму поради антимикробните и хидратантните својства, медот може да и помогне на кожата побрзо да закрепне.rn
    rn

    Освежувач на здив

    rnЗагрижени сте за вашиот здив? Во чаша со вода ставете една лажица со мед, a опционално додадете цимет и процедете лимон. Потоа направете гаргара. Исто така за сладок и свеж здив, секогаш кога пиете чај додавајте една лажичка мед.rnrnКако поинаку да го употребите медот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Прошетка која ги излудува мажите

    Прошетка која ги излудува мажите

    Научниците велат ако одите на улица испрчено, автоматски тоа ве прави да изгледате секси и успешно. Сите знаеме како се оди, нели? Но, истражувањата на универзитетот Queen’s во Канада покажале дека постои едноставна формула за одење која дефинитивно го задржува вниманието на другите. Која е формулата?rn

    Ви текнува на песната Walk this way од Aerosmith?

    rnТоа е успокоена верзија на одот на моделите од Victoria’s secret. Главата горе, рамениците исправени и наназад, градите нанапред. Рацете треба да се движат разлабавено напред-назад, додека колковите се движат од една кон друга страна. Тежината повеќе паѓа на вашите потпетици. Ако ви се чини дека за ваков од треба малку вежба, додека одите, во себе повторувајте ја следнава мантра: Раменици, колкови, потпетици…rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrnrnКога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.rn

    Убиствена самодоверба

    rnОдењето на ваков начин нема само да ве направи да се чувствувате секси. Ќе се чувствувате посекси од која било жена околу вас и ќе бликате од самодоверба, бидејќи вашиот ум веднаш ќе ја „купи“ пораката што му ја праќа телото.rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrn

    Напред за облините

    rnНикој не сака да гледа ковчесто тело и жена на која ѝ се проѕираат коските. Облините секогаш се и ќе бидат во мода. Освен што облините одлично му прилегаат на женското тело, тие даваат една неверојатно силна слика кај оној кој ве набљудува.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронајдете ја среќата

    Пронајдете ја среќата

    Среќата е најпосакуваната цел кон која сите се стремиме. Од неа, понатаму произлегуваат другите цели кон кои се стремиме во животот – успех, просперитет, љубов, спокојство, мир.rnrnПронајдете ја среќатаrnrnЗа разлика од порано, денес сѐ повеќе и повеќе ја бркаме среќата. Колку побрзо трчаме кон неа, толку патеката станува подолга. Во 40-тите години, на прашањето „Колку сте среќни?“, просечната оценка била 7,7 од 10. Денес, на истото прашање просечната оценка е 7,2 од 10.rnrnСите сме во потрага по среќата. Еве неколку начини како да ја пронајдете:rn

    Дефинирајте го поимот среќа

    rnПронајдете ја среќатаrnrnКоја е вашата дефиниција за среќен живот? Дали живеете среќен живот? Размислете внимателно затоа што вашата дефиниција за среќа ќе влијае на другите одлуки кои ќе ги донесете во животот. На пример, ако мислите дека немате среќа, ќе почнете да трагате по неа, ќе се стремите да ја освоите како награда која треба да ја заслужите. Ако пак мислите дека имате среќа во себе, тогаш таа ќе ви биде компас, учител кој ќе ви помогне вашиот живот да биде подобар.rn

    Прифатете ја среќата

    rnПронајдете ја среќатаrnБез себе-прифаќање си ги ограничувате и блокирате среќата, успехот и љубовта во кои целосно треба да уживате. Себе-прифаќањето е всушност прифаќање на среќата која постои во вас. Така, ќе почнете да ја чувствувате и среќата околу вас. Себе-прифаќањето го активира законот на привлекувањето. Ова е првиот чекор кој ќе го истакне најдоброто од вас.rn

    Следете ја радоста

    rnПронајдете ја среќатаrnrnТоа  всушност  значи да се слуша срцето и неговите желби, да се забележи што ве инспирира и да се пронајде сродната душа. Прашањето кое треба да си го поставите е „Кога сум најсреќен?“ Луѓето кои ја следат радоста, имаат можност да откриваат длабоки таленти и голема креативност кои се инспиративни за сите.rn

    Одберете среќа

    rnПронајдете ја среќатаrnrnНекои луѓе ја бркаат среќата, а некои ја избираат. Најдете го местото во вашиот ум во кое веќе сте одлучиле колку убав ќе биде денот, колку успешна ќе биде годината и колку прекрасен ќе биде животот. Тоа е избирање среќа.  Позитивната мисла ќе ви дозволи да уживате во животот како што вие навистина заслужувате.rn

    Среќа без пари

    rnПронајдете ја среќатаrnrnНајчесто среќата се занемарува затоа што не вреди ни една паричка. Погрешно. Таа вреди многу, но не може да се купи со ниедни пари на светот. Ако пак мислите дека може да ја купите среќата со пари, тогаш ќе талкате по „продавниците за среќа“ целиот живот, бесцелно. Едноставно, уживајте во среќата и во сѐ што таа неосетно ви го носи – насмевки, мир, пријателства, љубезност, па дури и ѕвездите во ноќта се производ на среќата.rn

    Сакајте некого

    rnПронајдете ја среќатаrnrnДа се биде среќен, значи да се биде човек полн со љубов и таа љубов да се дарува наоколу. Луѓето кои безрезервно даваат љубов, внимание и енергија на личноста која ја сакаат, се луѓе со најголемите љубовни и животни искуства. Престанете да мислите постојано за сѐ и сешто и да смислувате со кого и како сакате да го поминете животот. Живејте сега и веднаш.rn

    Простувајте

    rnПронајдете ја среќатаrnrnСреќата започнува со простувањето. Не може да очекувате да бидете среќни ако чувствувате омраза спрема некого. Простувањето ќе ве ослободи од минатото и ќе ви ја отвори вратата кон иднината. Среќата е подарок кој си го подарувате на самите себе бидејќи едноставно ве ослободува.rn

    Бидете благодарни

    rnПронајдете ја среќатаrnrnКажете на глас три работи за кои сте благодарни. Направете го тоа сега. Колку сте поблагодарни за работите кои ви се случуваат, толку посреќно ќе се чувствувате.rn

    Бидете присутни

    rnПронајдете ја среќатаrnrnТоа што не живеете сега и веднаш е причина што не сте среќни. Живејте сега и веднаш! Бидете присутни во сѐ она што ви се случува во моментот. Колку сте поприсутни во мигот, толку сте посреќни. Среќата е онаму каде што сте вие.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rn

    Реагирање на вашиот неправеден шеф

    rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn

      rn011

    • Праќаат имејл со лични напади
    • rn011

    • Комуницираат со сарказам или задевање
    • rn011

    • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
    • rn011

    • Ги игнорираат вработените
    • rn

    rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn

      rn011

    • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
    • rn011

    • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
    • rn011

    • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
    • rn

    rnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rn

    Пријавување на неправеден шеф

    rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn

      rn011

    • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
    • rn011

    • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
    • rn011

    • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
    • rn011

    • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
    • rn

    rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrnСправете се со вашиот неправеден шеф

  • Како да научите нов јазик за 90 дена?

    Како да научите нов јазик за 90 дена?

    Најверојатно сите ви зборуваат дека јазик може да се научи само во училиште и доколку посетувате курс за странски јазици. Меѓутоа не е сè така црно-бело. Обидете се да се присетите како сте го научиле вашиот мајчин јазик кога сте биле деца. Тогаш ве интересирало значењето на секој нов збор што ќе го чуете од родителите и постепено низ годините, сте научиле сè што знаете денес.rnrn0-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку имате навистина голема страст добро да познавате некој јазик, не мислејќи дека годините ви се пречка, можете да го научите и тоа за само 90 дена. За да зборувате течно, секако дека се потребни неколку години, меѓутоа основата можете да ја стекнете за многу кратко, со напорна работа.rn

    Гледање

    rnПрвата работа која треба да ја направите кога ќе решите да учите нов јазик, е да почнете да гледате цртани, играни и сериски филмови со синхронизација на тој јазик. Доколку не сте имале претходно контакт со јазикот, првите денови најверојатно нема да разберете ни збор. Но, со тек на време, вашиот мозок ќе почне да го „лови“ значењето на некои едноставни работи, како што се „здраво“, „јаболко“, „чао“ и слично. Најдобар и најзабавен начин да стекнете некое основно познавање на јазикот, е со гледање цртани филмови, бидејќи во нив стилот е едноставен и сè е сликовито прикажано.rnrnCaucasian watching television on sofarn

    Слушање

    rnКога ќе почувствувате дека почнувате да ги разбирате детските емисии и цртани филмови, преминете на гледање покомлицирана категорија – ТВ серии. Почнете со некои полесно разбирливи, како „Пријатели“ (Friends) или „Неочекуван живот“ (Life Unexpected). Кога ќе почнете да ги разбирате поедноставните серии, преминете на некои покомлицирани за разбирање, како што се „Изгубени“ (Lost) или „Декстер“ (Dexter). Ако успеете да ја разберете барем суштината на секоја епизода, најверојатно ќе почнете да разбирате и радио емисии, интервјуа, па дури и аудио книги.rnrn2-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rnrnИмајте на ум дека учењето јазик може да биде многу интересно, сѐ додека ви е грижа за содржината на тоа што го консумирате. Немојте да се разочарувате ако не успеете да разберете некои делови. На почетокот, секако не е возможно да го разберете поголемиот дел од содржината. Наместо да се нервирате, релаксирајте се и оставете им на вашите уши да „уловат“ сѐ што можат. Не мачете се да размислувате што значи секој збор, туку обидете се да го сфатите контекстот. Тоа е одлично за почеток.rn

    Читање

    rnДоколку уживате во читањето книги, тогаш зацртајте си цел да прочитате барем 2 книги овој месец на јазикот кој сте решени да го научите. Започнете со некои детски книги кои имаат лесна содржина, проверувајте го значењето на непознатите зборови во речник, и запишувајте ги во тефтер. Користете онлајн речници за побрзо пронаоѓање на зборот. Доколку учите на курс, професорката најверојатно ќе ви кажува дека граматиката е најбитна, но во реалноста не е така. Многу е побитно секојдневно да го збогатувате вашиот речник со нови зборови и да знаете правилно да се изразите, отколку перфектно да владеете некое сложено време, кое ретко каде се користи во пракса.rnrn3-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Пишување

    rnКолку повеќе одвојувате време за пишување, толку побрзо и ќе научите да пишувате. Зборовите кои ви се потешки, напишете ги повеќе пати. Обидувајќи се да составувате реченици, структурата на јазикот и граматиката ќе ви стануваат сè поблиски. Како што ќе напредувате, можете да се вклучите во онлајн разговори со луѓе, чиј мајчин јазик е оној кои вие го изучувате. Постојат сајтови, специјално создадени за луѓе кои учат јазик, како што е Shared Talk.rnrn4-Kako-da-nauchite-nov-jazik-za-90-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Зборување

    rnПовеќето луѓе сакаат после кратко време поминато учејќи некој странски јазик, веднаш да почнат да зборуваат течно. Меѓутоа тоа најчесто е најтешката задача, па затоа извесен временски период фокусирајте се на гледање ТВ, слушање и читање, пред да почнете да зборувате. И секако, не заборавајте – секогаш наоѓајте забава во учењето. Слушајте музика на тој јазик, дружете се со луѓе кои знаат да го зборуваат, а секогаш кога имате прилика да зборувате со странец – направете го тоа.  Интернетот тоа го направи возможно.rnrnАко сакате да научите јазик за 90 дена или помалку, ќе треба комплетно да се посветите на таа работа. Тоа значи дека ќе треба да одвојувате многу часови од денот за читање, слушање, пишување. Постојат многу начини да бидете постојано во контакт со јазикот. На пример, ако користите Gmail, променете го интерфејсот на конкретниот јазик. Сменете го менито на вашиот мобилен телефон, компјутерските игри кои ги играте и сè што мислите дека ќе ви биде од корист.rnrnУчењето нов јазик е возможно, колку и да ви изгледа недостижно. Не е тешко, но бара истрајност и голема посветеност. Не заборавајте дека за да учите нов јазик, треба истиот да ви се допаѓа доволно, за да успеете да пронајдете забава во целиот процес.