КАФЕ ПАУЗА

Category: Истражувања

  • Жените повеќе се тетовираат од мажите

    Жените повеќе се тетовираат од мажите

    Најновите анкети спроведени во САД, покажуваат дека жените сè почесто и многу повеќе се тетовираат од посилниот пол. Телевизиската куќа „Oxygen“ на која се прикажува емисијата „Best Ink“, заедно со агенцијата „Lightspeed Research“, направиле анкета на повеќе од 1.000 луѓе во САД, прашувајќи ги што мислат за тетовирањето. Според нивните резултати 59% од тетовираните луѓе се жени, додека мажи има само 41%.Жените повеќе се тетовираат од мажитеСепак жените се тетовираат на многу поинакви делови од телото, тетоважите им имаат сосема различен облик и различно значење од оние на мажите, а понекогаш самиот чин на тетовирање е направен во друштво. Дури 40% од тетовираните девојки, тоа го направиле со нивната пријателка или со партнерот.rn
    rn

    Жените понекогаш ставаат тетоважа со подлабоко значење, за разлика од машките кои неретко претеруваат прекривајќи се со огромни слики – вели Џо Капобијанко, кој се занимава со тетовирање веќе 20 години.

    rnЖените повеќе се тетовираат од мажите
    rn

    Младите, особено девојките, се бунтовнички настроени, па се тетовираат за да шокираат некого – вели Сабина Кели, тетовирана манекенка и член на жирито во шоуто „Best Ink“.

    rnПознатите ѕвезди како Анџелина Џоли или Дејвид Бекам, меѓу првите јавно покажаа како го украсуваат своето тело, а тој пример оттогаш го следат многу луѓе и млади ѕвезди, особено жени. Ријана, Лејди Гага и Кети Пери редовно се фалат на Твитер кога ќе направат нова тетоважа.Жените повеќе се тетовираат од мажитеЖените повеќе се тетовираат од мажитеЖените повеќе се тетовираат од мажите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимата придонесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

    Зимата придонесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

    Стручните лица за убавина од една лабораторија во Њујорк потврдиле дека зимското време негативно се одразува на кожата на жената и дека придонесува таа да изгледа многу постаро, понекогаш и до четири години.rnrnЗимата допринесува жените да изгледаат и до 4 години постароrnrnВо ова истражување учествувале 5.000 жени на возраст од 27 до 60 години, чии кожа и очи биле набљудувани за време на лето и за време на зима. Нивниот заклучок бил дека зимата „додавала“ и до 4 години плус на нивната возраст. Лабораторијата „АМА“ како причина го наведува недостатокот на сончева светлина кој придонесува тенот на кожата да биде поблед без никаква свежина, а на лицето подочниците да бидат повоочливи.rnrnПокрај тоа, општата зимска депресија поради постојаното лошо време исто така влијае на изгледот на кожата, а недостатокот на витаминот К е уште една причина за лицето да изгледа уморно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

    Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

    Старата добро позната анегдота дека не треба да се легнува на спиење доколку сме лути или вознемирени, конечно доби и научно потврдување благодарение на невролозите од Универзитетот Амхерст во Масачусетс, САД.rnrnНаучно потврдено: Не си легнувајте на спиење вознемирениrnrnНивното истражување покажува дека доколку имате негативен излив на емоции, тоа можете да го средите само доколку останете будни, а не доколку си легнете да спиете. Доколку вие веднаш после некоја вознемиреност легнете на спиење, ги потиснувате длабоко во себе негативностите, кои повторно можат многу лесно да испливаат на површина и да влијаат исто толку лошо во друга ситуација.rnrnНаучниците ги посочуваат оние лица кои страдаат од пост-трауматско стресно растројство или сведоците на некоја несреќа, како примери за објаснување на нивните заклучоци во пракса. Па така, тие велат дека доколку еден сведок  на грозоморна несреќа остане буден после таквото случување, следниот пат кога ќе види слика или снимка од истото случување, неговата реакција ќе биде далеку помирна, за разлика од случај кога веднаш потоа би заспал. Научниците велат дека мозокот не дозволува лицето да заспие, како еден вид одбранбен механизам.rnrnСекако за ова истражување е земен тежок пример, кој не го доживеале многу лица. Сепак, ова се однесува на каква било негативна емоција, како на пример кавга со партнерот или недоразбирање на работното место кое предизвикало лоши чувства кај вас. Истражувањето потврдува дека е подобро ваквите негативни чувства да се разрешат пред легнување, за да имате порационална реакција за проблемот наредното утро.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали времето влијае на вашето расположение?

    Дали времето влијае на вашето расположение?

    Повеќето истражувања во оваа област покажале зачудувачки резултати – времето многу малку влијае врз луѓето. Поголем фактор кој го одредува расположението се индивидуалните ситуации во кои моментално се наоѓаме. Меѓутоа кога се разговара на оваа тема, поголемиот дел од луѓето цврсто веруваат во влијанието на времето.rnrnДали времето влијае на вашето расположение?rnrnТокму поради оваа причина, Климстра и колегите во своето истражување го испитувале влијанието на времето врз адолесценти и нивните мајки. Студијата резултирала со 4 категории луѓе:rnrnОтпорни на времето: околу половина од нивните испитаници спаѓаат во оваа група. За овој тип луѓе не е важно дали надвор врне или е сончево, топло или ладно, нивното расположение останува исто.rnrnЉубители на летото: оваа категорија очекуваме да ја видиме во ваков вид истражување. За овој тип на луѓе е потребно помалку дожд, повеќе сонце и повисоки температури за добро расположение (15% од адолесцентите и 30% од нивните мајки спаѓаат во оваа категорија).rnrnОние кои го мразат летото: во оваа категорија спаѓаат луѓето кои се сосема спротивни на љубителите на летото. Овој тип луѓе се посреќни кога е дождливо, облачно и поладно (27% од адолесцентите и 12% од нивните мајки припаѓаат на оваа категорија).rnrnОние кои го мразат дождот: расположението на оваа група не се променувало со температурата, сонцето или ветрот, тие едноставно го мразат дождот. Нивното расположение значително опаѓало во дождливи денови. Најмал процент припаѓаат на оваа група, само 8% од адолесцентите и 12% од нивните мајки.rnrnПокрај овие категории, постои и сезонско варирање на расположението кое е многупати досега докажано. Истражувачите најчесто го поврзуваат со недостаток на витаминот Д, што предизвикува ненадеен замор. Лекарите во овој случај препорачуваат мали дози од витаминот Д (големи количини можат да предизвикаат здравствени проблеми) кои помагаат при менувањето на сезоните.rnrnОваа студија се покажала доста веродостојна и помогнала да се расветли зашто во претходните истражувања корелацијата помеѓу расположението и времето била многу ниска. Исто така, студијата покажала и поврзаност во резултатите на адолесцентите и оние на нивните мајки, што може да биде мал знак на генетска предиспозиција за отпорност на времето.rnrnСе пронајдовте ли вие во некоја од овие категории?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сиромашните луѓе се почувствителни од богатите

    Сиромашните луѓе се почувствителни од богатите

    Сиромашните луѓе побрзо го препознаваат страдањето на другите луѓе и повеќе го покажуваат нивното сочувство, во однос на оние од средната и високата класа, вели едно ново истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.rnrnСиромашните луѓе се почувствителни од богатитеrnrnВо студијата биле вклучени 300 млади луѓе, кои биле поделени во групи и им биле направени три експерименти, чија цел била да се процени нивното ниво на соживување и емпатија.rnrnЏенифер Стелар, која е социјален психолог и автор на ова истражување, вели дека резултатите покажале дека постои култура на разбирање и соработка кај индивидуите од пониските класи, кои можеби произлегуваат од нивниот страв од нарушување на благосостојбата.rn
    rn

    „Ова не значи дека богатите луѓе имаат студено срце, туку тие можеби не се толку вешти да ги препознаат знаците и сигналите на туѓото страдање, бидејќи тие не морале да се справуваат со толку многу препреки во нивните животи,“ – објаснува таа.

    rnРезултатите исто така покажале дека луѓето кои имаат пониска социо-економска заднина, подобро функционираат кога работат тимска работа, за разлика од богатите луѓе.rn
    rn

    „Луѓето од повисоката класа се повеќе фокусирани на себеси, бидејќи израснале со поголема слобода и независност,“ – објаснува Стелар. „Тие имаат натпреварувачки дух, поради што подобро им оди кога работат индивидуална работа.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите први велат „те сакам“ и се поискрени после првиот секс

    Мажите први велат „те сакам“ и се поискрени после првиот секс

    Благодарение на бајките и романтичните филмови, цел свет е убеден дека жените се поромантични во однос на мажите. Но, кога станува збор за љубовта, мажите се оние кои први ќе ѝ ги признаат на партнерката нивните искрени чувства. Според едно ново истражување, во 70 проценти од љубовните врски, мажите се тие кои први велат „те сакам“.rnrnМажите први велат „те сакам“ и се поискрени после првиот сексrnrnИстражувањето било направено во училиштето за менаџмент „MIT Sloan“, во Масачусетс, а спроведено на луѓе со возраст од 25 до 60 години. Тимот од социјални психолози открил дека луѓето се посреќни кога партнерот ќе им изјави љубов, откако ќе имаат интимни односи за првпат, одошто кога ваквите изјави настапуваат претходно во врската. Тие ова го објаснуваат, велејќи дека двата пола се генетски програмирани да инвестираат во љубовна врска, која има потенцијал за бременост кај жената.rnrnЏош Акерман, кој го предводел истражувањето, вели дека љубовта не може да се измери на овој начин, бидејќи врз подготвеноста да се каже „те сакам“ и чувството откако некој ќе ви изјави љубов, влијаат различни фактори.rnrnСепак, истражувањето покажало дека мажите кои им велат на нивните партнерки „те сакам“ пред да имаат секс со нив, се помалку заинтересирани за градењето цврста и долготрајна љубовна врска со неа.rn
    rn

    „Ако некој маж вели „те сакам“ пред да се случи првиот сексуален чин, најверојатно тој е малку скептичен во врска со својата љубовна изјава.“ – додава д-р Акерман. „Од друга страна, ако тој ѝ изјавува љубов на партнерката после првиот секс, тоа е подобар индикатор за неговите вистински чувства, бидејќи не постои сомневање дека со таа реченица, тој се обидува да ја однесе девојката в кревет.“

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

    Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

    Љубоморните жени сега имаат причина плус за грижи. Новото британско истражување на „Premier Inn“, во кое биле испитани 2.000 Британци, открило дека секој четврти маж редовно ги сонува неговите поранешни девојки. Резултатите исто така покажале дека тоа што мажите ги сонуваат бившите, не мора да значи дека тие мечтаат за нив во будниот живот. Напротив, поголемиот дел од испитаниците биле целосно задоволни од нивната моментална љубовна врска.rnrnСекој четврти маж ги сонува неговите бивши девојкиrnrnМожеби романтичните девојки си мислат дека главната улога во сонот на нивните мажи ја играат тие, но вистината е дека нивниот лик во текот на доцните часови во ноќта, можеби е узурпиран од колешката или шефицата на нивното момче, бидејќи 26% од испитаниците изјавиле дека ги сонуваат нивните колешки, а некои дури и мајката на нивната жена.rnrnСпротивно на тоа, повеќе од третина од Британките кажале дека тие ги поминуваат ноќите сонувајќи го нивниот моментален партнер, како и нивните родители или децата. Воедно, било откриено дека блиските пријателки на жените, имаат силно влијание врз нивните соништа, бидејќи една третина од нив тврделе дека честопати им се појавуваат другарките на сон. Како и да е, очигледно и жените се способни за фантазирање во сон, бидејќи 20% од испитаните кажале дека често сонуваат луѓе кои никогаш не ги сретнале во нивниот живот.rnrnПо сè изгледа, стресот и напорот кој го чувствуваме во секојдневието исто така влијае врз она што го сонуваме. 31% од луѓето кажале дека сонуваат соништа поврзани со битните работи кои им го оптоваруваат умот. Со оглед на моменталната светска економска состојба, не е изненадувачки податокот дека 20% од Британците почесто сонуваат кога се под некаков притисок, потенцирајќи дека сè помалку се способни да престанат да мислат на нивната работа.rn
    rn

    Клер Хеј, претставничката на Премиер Ин вели: „Соновите се дел од нашите животи, врз кој немаме никаква контрола. И покрај тоа што можеби некои луѓе не ги гледаме често, тие сепак можат често да се појавуваат во нашите соништа. Истражувањето покажа дека почесто сонуваме кога нешто ни го „мати умот“ или кога сме под стрес, така што одмор кој ќе ви овозможи накратко да избегате од проблемите, може да ви помогне да го „исклучите“ мозокот додека спиете и да уживате во одморањето.

    rnСекој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки
    rn

    Експертот за соништа, Давина Меккејл се надоврзува: „Нашите сонови ни помагаат да ги сфатиме, развиеме и процесираме емоциите. Поради тоа, не е чудно што почесто имаме кошмари кога сме под некаков стрес и ги сонуваме проблемите од нашиот буден живот, бидејќи заспаниот ум се труди да ги реши наместо нас. Мирно, релаксирачко опкружување и квалитетно спиење ќе ви обезбедат поспокојни соништа.

    rnЖените најчесто се емоционално поотворени во љубовните врски во однос на партнерот, па поради тоа почесто сонуваат сонови поврзани со нивните моментални проблеми во врската. Од друга страна, мажите имаат тенденција да не ги покажуваат нивните чувства надворешно. Ова значи дека тие се склони да ги решаваат нивните проблеми преку соништата, па оттука произлегуваат соновите со нивните бивши девојки. Според Давина Меккејл, сонувањето на бившите може да илустрира некаква емоционална ранливост или несигурност во врска со нивната моментална партнерка, која ја анализираат преку сонот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува.rnrnЈаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалациrnrnПрофесорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите заби.rn

    „Докторите постојано велат дека јадењето јаболка е многу здраво, но ако ги јадете бавно, високата киселост која ја содржат, може да ви ги нагризе забите. Газираните пијалаци, како Кока-кола, не покажаа негативни резултати за забите. Резултатите потенцираат дека треба да се внимава со консумирањето храна и пијалаци кои содржат висока киселост, а не со газираните пијалаци.“

    rnВо студијата, во која учествувале повеќе од 1.000 мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу оштетеноста на глеѓта до длабочина од 2 мм и внатрешната структура на забите со храната која ја консумирале учесниците.rnrnКај луѓето кои јаделе јаболка имало за 3,7 пати поголема веројатност за оштетување на забите, додека кај оние кои пиеле газирани пијалаци, немало таква опасност.rnrnКонсумирањето овошен сок ја зголемува за четири пати веројатноста за оштетување на забната глеѓ околу врвот на забите, близу коренот, а светлото пиво, кое е исто така кисело, ги зголемува шансите за забно оштетување за три пати.rnrnД-р Гленис Џоунс вели дека никој не треба да се обесхрабри од овие резултати и да престане да консумира овошје или овошни сокови. Таа сугерира да јадете јаболко во комбинација со млеко или парче сирење, бидејќи двете содржат калциум, кој ја неутрализира јаболковата киселина. Пиењето вода веднаш после грицкањето јаболко, е исто така од помош, бидејќи на тој начин „ќе се измијат“ штетните ефекти. Пиењето сок со цевка е уште еден начин за заштита на вашите заби, додава таа. Миењето заби пред да јадете храна која содржи киселини, исто така може да помогне, бидејќи обезбедува бариера помеѓу храната и забите.

  • Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

    Ако чувствувате дека сте под стрес, можеби е добра идеја да се видите со вашиот најдобар пријател. Според едно ново истражување спроведено на деца, дојдено е до констатација дека присуството на најдобриот пријател, може да го намали нашето ниво на стрес.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrn rn

    „Интересно е тоа што истражувањето покажа дека стресот не може да го намали кој било другар, туку само најдобриот другар“ – вели Рајан Адамс, водечкиот автор на студијата и асистент по педијатрија на Детскиот Медицинскиот Центар во Синсинати.

    rnНа 100 деца на возраст од 10 до 12 години, им било кажано да запишуваат во дневник како се чувствуваат во врска со нешто што го искусиле во текот на изминатите 20 минути, пет пати на ден, во текот на 4 школски денови. Воедно им било кажано да запишат, дали во тој момент биле сами или со родителите, со роднини, со најдоброто другарче, со некој другар или другарка, со соученик, странец, професор или некоја друга личност. Децата давале и примерок од нивната плунка, за да може да се измери нивното ниво на „хормонот на стресот“ кортизол.rnrnНајдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресотrnrnИстражувачите откриле дека присуството на најдобриот пријател најмногу ги ублажува телесните ефекти предизвикани од негативните искуства, бидејќи во негово/нејзино присуство децата имале помало ниво на кортизол. Кога немале до себе пријател, а биле под стрес, нивното ниво на кортизол било покачено. И покрај тоа што истражувањето е спроведено на деца, експертите велат дека добиените резултати би требало да се однесуваат и на возрасните.rnrnД-р Керен Мејџорс, едукативен психолог во Образовниот Психолошки Сервис во општината Баркинг и Дагенхем вели:rn
    rn

    „Најблиските другари на децата може да бидат проблематични и да ги одведат на погрешен пат, но тие можат да имаат и неверојатно позитивно влијание врз нив и да им ја дадат својата поддршка. Пријателите имаат навистина важна улога во нашиот социјален и емотивен живот. Упатени се во него и ни помагаат и нè расположуваат со нивното присуство. На пример, едно претходно истражување покажа дека ако се запишете во училиште заедно со вашите пријатели, имате поголеми шанси да стекнете нови.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто чоколадото е добро за здравјето?

    Зошто чоколадото е добро за здравјето?

    Едно неодамнешно истражување за чоколадото покажа дека тоа може да игра добра улога во креирањето на вашето здравје. Според истражувањето, оние луѓе кои консумираат повеќе чоколадо ги намалуваат шансите за кардиоваскуларни болести за дури 37% и шансите за срцев удар за 29% во споредба со оние луѓе кои многу малку консумираат чоколадо.rnrnЗошто чоколадото е добро за здравјето?rnrnИако експертите тврдат дека треба да се избегнува внесување на високо калорично чоколадо во организмот, сепак невозможно е да се прескокне фактот дека тоа е многу здрав додаток во исхраната. Многу истражувања досега покажале дека темното чоколадо содржи антиоксиданси кои го одржуваат срцето здраво и можат да помогнат при заштитата од некои други закани по здравјето. Ова се 5 додатни причини зошто чоколадото е здраво и добро за вас.rnrn

    1. Чоколадото може да ви помогне со математиката

    rnСоединенијата во чоколадото содржат антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, вклучувајќи го и протокот на крв кон мозокот. Во едно истражување направено во 2009 година, учесниците биле поделени во групи по тројца и им била дадена задача да бројат наназад почнувајќи од некој број помеѓу 800 и 999. Откако се напиле топло чоколадо, тие почнале да бројат многу побрзо и поточно, без притоа да се заморуваат или ментално да се исцрпуваат.rnrn

    2. Најадува

    rnДоколку како помали, мајките не ви дозволувале да каснете чоколадо пред да јадете оброк, за да не си го расипете апетитот, тогаш да знаете дека биле во право. Дански истражувачи им дале на 16 учесници, по 100 грама црно или млечно чоколадо по избор. После 2 часа, учесниците биле ставени на искушение со пица. Оние кои претходно одбрале темно чоколадо, овој пат внеле за 15% помалку калории од оние кои јаделе млечно чоколадо и имале одбивност кон секаков тип богата храна.rnrn

    3. Прави да се чувствувате подобро

    rnЧоколадото содржи состојка која предизвикува ослободување на ендорфин. Оваа реакција е многу слична на онаа која луѓето ја чувствуваат кога се заљубуваат. Доктори од лабораторијата за испитување на мозокот во Лондон, викнале 6 пара. Им дале задолжение да остават по неколку коцки темно чоколадо да се стопи во нивната уста, а потоа да се бакнуваат додека нивните мозок и срце се скенираат. Двете акции направиле срцата и мозоците на учесниците да зујат, но чоколадото двојно ја зголемило возбудата во центрите за задоволство во мозокот, особено кај жените.rnrn

    4. Чоколадото помага да се опуштите

    rnПостои биолошки објаснива причина, зошто посегнувате по благо кога сте вознемирени. Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи состојка наречена анандамид, која ги активира истите мозочни рецептори како и марихуаната.rnrn

    5. Помага за продолжување на животот

    rnЕдно истражување во британското медицинско списание открива дека консумирањето на благо може да ви помогне да живеете подолго од оние луѓе кои не консумираат благо. Учесниците во истражувањето кои јаделе благо од еднаш до три пати месечно имале најниска смртна стапка во групата, а истражувачите претпоставиле дека ова е поради антиоксидансите во чоколадото. Во 2009 година едно друго истражување докажало дека луѓето кои преживеале срцев удар, а консумираат чоколадо, имаат помала шанса за компликации од оние кои не јадат.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn