Постојат тајни кои жените сакаат да си ги задржат за себе и кои никогаш не планираат да ги споделат со својот партнер. Американски научници анонимно испитале 700 жени и дошле до интересни податоци за најинтимните женски тајни.rn
За што жените најмногу ги лажат мажите?
rn
За бројот на мажи со кои што спиеле
rnЖените коишто во минатото имале поголем број партнери со кои имале сексуални односи, на својот сегашен партнер никогаш нема да му ја признаат точната бројка.rnrn
rn
За неверство
rnМинатото би требало да остане минато, барем така размислуваат дури 32% од испитаничките, кои признале дека во минатите или во сегашната врска биле неверни. Најчестите причини за неверството биле незадоволство, досада, брзо минлива заљубеност, чувство дека се посакувани или едноставно поради магнетна привлечност.rn
За доживувањето оргазам
rnДури 48% од испитаните жени признале дека во сексот барем еднаш одглумиле оргазам и тоа затоа што не сакале да го разочараат или повредат својот партнер.rn
За контактирањето со бившиот
rnСкоро 75% од испитаните жени барем еднаш го премолчиле пред својот партнер разговарањето (телефонско или преку имејл-пораки) или одењето на пијалак со бившиот партнер.rn
За фантазирањето и мечтаењето по други мажи
rnИако станува збор за нормална појава, ретко која жена ќе му признае на својот партнер дека во текот на сексот си замислува друг маж.rn
За мастурбирањето
rnСекоја четврта жена која што е во врска, мастурбира неколку пати неделно. Воедно секоја трета жена признала дека понекогаш гледа порно филмови кога е сама дома.rn
За што мажите најмногу ги лажат жените?
rnРечиси да не постои жена која се бори со барем еден комплекс кој ѝ е главна преокупација, како на пример комплексот и лажењето за зголемената телесна тежина или бројот на години. Сепак и мажите не се ослободени од ваков сличен товар.rnrn
rn
За годините
rnВо текот на тинејџерските години мажите со цел да освојат некоја девојка лажат дека се барем 5 години постари отколку што се. Како што проаѓаат годините, ситуацијата почнува да се менува, па така четириесеттите години пополека стануваат триесетти.rn
За висината
rnЕден од најголемите машки комплекси е токму висината. Мажите коишто се пониски, честопати се чувствуваат несигурно покрај некоја убавица поткачена на високо, па ако и вашиот партнер е висок приближно колку вас, не претерувајте со потпетиците.rn
За примањата
rnИмањето пари и добар автомобил се сон на речиси секој маж. Во денешно време кога имиџот на луѓето е попривлечен од онаа вистинската внатрешна убавина, тешко е да се остане прибран. Токму поради тоа мажите се чувствуваат помоќно доколку во дадена прилика спомнат дека се финансиски добро ситуирани.rn
За негувањето со козметички препарати
rnИако козметиката е женска област, сè повеќе и повеќе мажи започнаа да ја откриваат магијата на мазната и сјајна кожа и мирисливата коса. Иако нема да ви признаат, повеќето мажи со задоволство би испробале производи за нега на лице, тело и коса.rn
За тежината
rnТежината е дефинитивно нешто за кое не сакаат да зборуваат повеќето жени, па ако е потребно без никаква грижа на совест ќе кажат лага. Слично е и кај мажите, но во двете насоки. Истражувањата покажале дека 60% од мажите ќе кажат помал број на килограми, а 40% ќе додадат килограми, во зависност од комплексот – преслаба или дебела фигура.rn
За сексуалната активност
rnСексуалната моќ е многу јако оружје за мажите, особено во текот на машките разговори. Токму поради тоа во таквите муабети многу често ќе се провлече и по некоја лага. Лагата за поголем број сексуални активности е посебно присутна кај слободните мажи кои меѓусебно се натпреваруваат.rn
За големината на половиот орган
rnОваа тема навистина не е потребно да се објаснува, бидејќи од памтивек големината на половиот орган била доказ за машкоста. Без разлика што големината не гарантира квалитет во сексот, што можат да го потврдат поголемиот број жени, нема да навлегуваме во деталите бидејќи што и да речат тие, мажите ќе го тврдат спротивното.rn
За мастурбирањето
rnБез разлика што мажот ѝ зборува на својата партнерка, жените мораат да бидат свесни дека 99,9% од мажите редовно мастурбираат. Ако на жените не им се допаѓа овој податок, најдобро ќе биде ништо да не ги прашуваат своите партнери.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnНаучниците исто така откриле дека големината на роденото бебе, зависи и од тоа колку часови во текот на работниот ден, бремената жената поминува стоејќи. Така, кај оние жени кои почесто стојат, како што се учителките или оние кои работат во продажба, постои поголема веројатност да родат помали деца.rnrnЕдно од објаснувањата за оваа појава е фактот дека кај жените кои почесто мораат да стојат на нозе во текот на работниот ден, се намалува протокот на крв до плацентата, што од своја страна, го лимитира количеството на хранливи материи и кислород до фетусот. И покрај тоа што помало бебе не значи и нездраво бебе, сепак се смета дека кај вторите има поголем ризик од појава на проблеми со дишењето, срцеви дефекти, проблеми со дигестивниот систем, тешкотии со учењето и отежнат развој.rnrnЕкспертите не знаат зошто работењето повеќе од 25 работни часови во текот на неделата би можело да доведе до раѓање помали деца, но претпоставуваат дека тоа се случува како резултат на стресот. Авторите на истражувањето велат дека работодавачите треба да се потрудат што е можно повеќе да ја направат работата удобна за бремените жени кои работат таму.rnrnДруго истражување од Универзитетот во Осло, спроведено на 2.206 жени кои биле 32 седмици трудни, открило дека кај жените кои се нервозни додека се пораѓаат, породувањето трае подолго, односно час и половина плус во однос на оние жени кои не се уплашени од чинот.rnrnНервозните жени најчесто се пораѓаат околу 8 часа, а оние кои не се уплашени околу 6,5 часа. Се смета дека една петина од жените се уплашени од пораѓањето, појава позната како токофобија.rnrnОва истражување исто така открило дека на жените кои се исплашени поголема е веројатноста да им е потребна епидурална анестезија или царски рез. Тие исто така помалку комуницирале со бабиците за нивните проблеми, па не ја добиле потребната асистенција и помош за да се намали нивниот страв.rnrnЗатоа, доколку очекувате принова работете помалку, смејте се почесто и не плашете се од породувањето – тоа е сепак најприродната работа на светот, нели!?rnrn rnrn
rnrnИстражувачот Роналд Ронер од универзитетот Конектикат со неговиот тим откриле дека понекогаш татковците влијаат повеќе врз развојот на децата одошто мајките. Тој со своите колеги го анализирал односот помеѓу децата и родителите ширум светот и открил дека родителите имаат многу големо влијание врз своите деца. Кога децата ќе почувствуваат дека не се сакани и нивните родители не ги прифаќаат, голема е веројатноста да станат агресивни и емотивно нестабилни. Родителското одбивање воедно доведува и до ниско самопочитување и севкупни негативности во карактерот на децата.rnrnОва се однесува на двајцата родители, но во некои случаи таткото е поважен фактор од мајката. Така на пример, проблемот со дрското или деликвентно однесување, депресијата и користењето наркотици се поврзани со неприфаќањето на детето од страна на таткото – објаснува Ронер. Личната среќа и задоволство на таткото од неговиот живот, се во директна релација со правилниот развој на неговото дете во адолесценцијата, а не со љубовта која доаѓа од мајката.rnrn
rnrnИстражувачите ја анализирале улогата на татковците, при што ги земале предвид и оние кои не се биолошки, а не ги земале предвид оние кои се отсутни од животот на своите деца. Научниците не се сигурни зошто во некои случаи татковците се поважни од мајките во развојот на децата.rnrn
rnrnТаквото воспитување се нарекува авторитативно родителство, кое го отсликува топлина и љубов од една страна, но и почитување на правилата кои ги поставува родителот и давање соодветна автономија на детето.rnrn
rnrnЗа среќа на татковците, билогијата е тука да го поддржи доброто родителство. Истражувањето на хормоните спроведено во 2010 година, открило дека кај татковците се покачува нивото на окситоцин во првите неколку недели по раѓањето на бебето. Овој хормон на љубовта, го интензивира чувството на зближување, а таткото го добива додека си игра со неговото бебе.rnrnТатковството исто така го намалува нивото на тестостеронот или т.н. „мачо“ хормон кој се поврзува со агресивното однесување кај мажите. Таа промена е помоќна доколку таткото е вклучен во грижата за детето.rnrnДоброто родителство не значи одење со семејството на скапи одмори и купувањето подароци за децата.rnrn
rn
rnrnНивата процена тие ја направиле користејќи податоци за тежината и висината на жители од одредена земја, па така ја добиле просечната тежина на еден човек на планетата. На светско ниво, просечната телесна маса не еден возрасен човек изнесува 62 килограми.rn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Торонто откриле и дека биолошкиот часовник на луѓето кои ја преферирале ноќта бил „несинхронизиран“ со нивните дневни социјални активности. За разлика од нив, оние кои биле утрински типови често се чувствувале побудно, посреќно и помотивирано при совладување на секојдневните предизвици. Тие меѓу другото имале и подобар имунитет. Нивната студија, која била објавена во весникот „Emotion“ покажала дека оние кои повеќе живееле навечер, со текот на годините полека преминувале во категоријата на ранобудниците.rnrnРене Бис, водачот на студијата изјавил за „Дејли Телеграф“ дека нивните резултати за првпат успешно покажале дека постарите возрасни луѓе се чувствуваат многу подобро од помладите кога стануваат порано. Додека пак, некои претходни истражувања покажале и дека младите ранобудници биле многу посреќни од нивните врсници, ноќните птици.rnrn
rnrnНаучниците од колеџот „Алберт Ајнштајн“ ја анализирале структурата на личноста и генетската наследност на 243 лица на возраст од 95 до 107 години. Се покажало дека долговечноста е поврзана со човековите особини, како екстравертност, оптимизам, полесното искажување на емоции и склоност кон смеење.rnrnСпоред прибраните податоци во САД, дури 0,2% од населението имаат над 100 години, а бројот од година во година се зголемува. Некои претходни истражувања покажале дека структурата на личноста може да има големо влијание на физичкото здравје на поединецот. Спрема други процени на научниците, генетското наследство за една третина ги зголемува шансите за долговечност.rnrnТокму затоа не заборавајте секој ден да го поминувате во смеа и во позитивна атмосфера.rnrn rnrn
rnrnИспитаниците откриле неколку ситуации кога вистината би можела да предизвика поголема штета од лагата. На пример, тие велат дека лагата е соодветна кога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа. Понекогаш кога тој/таа не изгледа добро, употребата на алтернативен одговор, дури и некој што не е целосно искрен би бил поприкладен. Во студијата скоро половина од учесниците изјавиле дека биле неискрени со својот партнер во минатото и 65% велеле дека било сосема прифатливо да се излаже во одредени ситуации. Сексуалната изведба, поранешните љубовни интересирања, конзумирањето алкохол и вистинската цена на облеката се работите за кои тие најчесто лажеле…rnrnСилвија Бенович, клинички психолог кој работи со компулсивни лажливци вели дека е сосема нормално луѓето да лажат. Лажењето им овозможува да создадат „совршена“ слика за себе во очите на оние околу нив. Лагата може да им послужи и како начин за зголемување на ниската самодоверба, а некои пак ја употребуваат само за да ги повредат оние кои ги сакаат. Џастин Оукли, професор по морална психологија на Универзитетот Монаш вели дека лажењето не секогаш е лошо. Но, на крај тој додал:rnrn
rnrnНајсигурниот пат до водење љубов и кај мажите и кај жените е преку вечера и шише вино. Околу 24% од мажите и 26% од жените одговориле дека ова е магичната комбинација за разгорување на нивните страсти. Кај помладите мажи и жени (18-34 години) слично влијание има и СМС-порака или имејл со секси содржина (22% во споредба со само 12% од нивните постари двојници). И скоро половина од сите возрасни (50% од мажите и 43% од жените) имале барем еднаш „жешки разговори“ преку телефон за да ги „загреат“ работите.rnrnМала помош за мажите: најдобриот пат да направите вашата девојка да се чувствува секси е да и кажете „Те сакам.“ Скоро половина од жените (42%) велат дека на тој начин нивното либидо најбрзо се зголемува. Двојно помал е бројот на жените кои одговориле дека овој ефект го има реченицата „Жешка си“ (25%).rnrnДали некогаш сте се запрашувале дали другите луѓе имаат повеќе секс од вас? Одговорот зависи од тоа дали сте венчани или „официјално“ слободни. Паровите кои се венчани или живеат заедно во просек имаат секс околу 2,4 пат неделно, за разлика од оние кои се слободни (не живеат заедно), велат дека се многу зафатени на тоа поле – во просек околу 5,3 пати неделно.rnrn
rnrnДобрите вести за паровите се дека 38% од нив фантазираат за нивниот партнер додека пак, 19% фантазираат за колега и 8% за сопругот/сопругата на нивните пријатели. Лошите вести за оваа тема се дека 38% исто така фантазираат и за одредена позната личност.rnrnШто се однесува до должината на сексуалниот однос, интересно е што жените велат дека во просек трае околу 39 минути од предиграта до големото „О“ додека пак мажите велат дека трае околу 45 минути. Мислите дека само се надеваат на тоа? Мажите исто така сакаат да поминуваат повеќе време „под чаршафите“ отколку жените: 53% од мажите се задоволни со должината на времетраењето на односот, во споредба со 65% од жените.rnrnЗначително повеќе мажи би одбрале секс доколку добијат еден час повеќе во денот. 46% од мажите велат дека токму тоа би го направиле во овој дополнителен час, за разлика од жените (24%). Всушност поголем број жени (26%) би сакале повеќе да спијат отколку да имаат сексуален однос. Можеби тоа е затоа што нивните партнери ги одржувале будни до доцните вечерни часови со многу добар секс? Се надеваме дека е така…
rnrnНаучниците тврдат дека младите луѓе и адолесцентите со наполнети 18 години, смеат да возат, сами одлучуваат дали ќе пушат цигари или дали ќе пијат алкохол, а последица од овие работи е високата стапка на смртност на таа возраст.rnrnМладите луѓе сè до средината на третата декада од својот живот не ги разбираат последиците од водењето бурен живот, вечерните заглавувања, експериментирањето со наркотици и алкохолни пијалаци, менувањето партнери, лудото возење по улиците и слично. Затоа научниците предупредуваат дека на ваквите работи треба да се обрне повеќе внимание, бидејќи младите се оние кои ја носат енергијата, инвентивноста, продуктивноста и меѓучовечката толеранција.rnrn rnrn
rnrnВо истражувањето биле вклучени 80.000 луѓе, на кои им биле поставувани многу прашања, како на пример: „Колку сте задоволни од својот живот?“, „Колку среќни бевте вчера?“ или „Колку мислите дека вреди вашиот живот?“. На прашањето се одговарало со бодови од 1 до 10, а просечна оценка била 7.rnrnПри анализата се докажало дека луѓето кои имаат две или повеќе деца давале најголеми оценки за задоволството и среќата во животот, додека најмали оценки ставале луѓето кои немаат деца и се сами.rnrn