КАФЕ ПАУЗА

Category: Истражувања

  • Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

    Зошто малите деца сакаат да бидат секси?

    Пренагласената сексуализација во однесувањето кај децата е тема на обемна дебата во последните неколку години. И додека за оние кои веќе навлегуваат во адолесценција и на кои им лудуваат хормоните може да се разбере таквото однесување, сега започнува да загрижува тоа што многу помали деца се обидуваат да бидат сексуално атрактивни во очите на околината. Навистина делува чудно кога ќе видите дека девојче од десетина години на Фејсбук објавило слика на која позира како да се обидува да привлече некого со својот изглед, а сликата ја надополнуваат и некои дечиња кои се појавуваат на детските фестивали.rnrnЗошто малите деца сакаат да бидат секси?rnrnЗа да ги најдат причините за ваквата појава, психолозите Кристин Стар и Гејл Фергусон неодамна направиле еден експеримент. Тие на неколку девојчиња на возраст од шест до девет години им дале неколку кукли, а тие требало да кажат на која кукла мислат дека личат, на која сакаат да личат, која од куклите би била најпопуларна во реалниот живот и со која од нив би сакале да си играат. Резултатот бил дека најсекси куклата би била најпопуларна, па следствено на тоа девојчињата сакале да изгледаат токму како неа. Интересно, не ја избрале секси куклата кога одговарале на прашањето со која кукла сакаат да си играат.rnrnЗошто малите деца сакаат да бидат секси?rnrnСтар и Фергусон понатаму продолжиле да ги бараат причините кои довеле до ваквиот детски избор. Резултатите од нивните истражувања покажале дека пренагласената сексуалност кај децата доаѓа од содржините кои им се сервираат преку медиумите, но тоа не бил најважниот фактор. Се покажало дека клучно е влијанието на мајките и нивната перцепција за сопствените тела. Кога мајката пред детето покажувала дека е незадоволна од својот изглед, медиумите лесно ја повредувале и перцепцијата за убавото на детето. Но, кога мајката била задоволна од себе и на својата ќерка и укажувала што од она кое се прикажува на телевизија е добро, а што лошо, тогаш девојчињата ретко ја избирале секси куклата како свој идол.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

    Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

    Секој има свој начин на релаксирање, но доколку читањето книга е вашиот начин да се опуштите, тогаш не сте можеле да изберете подобра активност. Едно истражување покажало дека читањето опушта многу подобро отколку добро познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа.rnrnЗошто читањето е најдобар начин за опуштање?rnrnДоволни се само 6 минути поминати пред книга или некое друго четиво за да се смириме, односно нивото на стрес да падне и да се смират отчукувањата на срцето и напнатоста во мускулите. Психолозите веруваат дека тоа се должи на фактот дека при читањето мозокот мора да се сконцентрира на она што го читаме, а таквиот начин на оттргнување на мислите од проблемите и заминување во друг свет делува погодно за срцето и напнатоста во мускулите.rnrnПотребата на човекот за бегство во имагинарен свет доаѓа до израз во време на разни проблеми, кога реалноста не ни се допаѓа и сакаме да побегнеме од неа, тврдат експертите.rnrnВтор најефикасен начин е слушањето музика, трет пиењето кафе, а четврт шетањето – покажало ова истражување. Стресот го намалуваат и видеоигрите, но за разлика од другите методи, тие го зголемуваат отчукувањето на срцето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности

    Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности

    Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони тврди дека карактерот на жените и нивните сексуални склоности, може да се проценат врз основа на обликот и големината на нивните гради. Еве како тој го дефинирал сексуалниот темперамент на неговите „испитанички“:rnrnОбликот на градите говори за нејзините сексуални склоностиrn

    Диња

    rnСпрема мислењето на овој италијански сексолог, жените со големи, кружни гради кои личат на дињи, можеби на прв поглед делуваат мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквите жени обожаваат да јадат, сакаат да им угодуваат и да им се восхитуваат. Воедно, тие не се премногу заинтересирани за секс.rn

    Лимон

    rnГрадите со облик на лимони, укажуваат на „жешка“ партнерка. Таквата жена е полна со живот, умее да се насмее од срце и да се пошегува на своја сметка, а во креветот сака разновидност.rn

    Ананас

    rnОние со овален облик на гради кои наликуваат на ананас, оставаат впечаток на интелигентни жени. Сопственичките на необично наречениот облик на гради, се успешни во својата кариера, а воедно се и романтични и верни љубовници.rn

    Грејпфрут

    rnГрадите кои изгледаат како грејпфрут, укажуваат на жени кои ги одликува скромноста и едноставноста. Таа ќе го разгалува својот партнер и на неа, нежноста ѝ е поважна од сексот. Иако изгледаат многу еротски, сопственичките на такви гради се срамежливи, а во креветот немаат преголеми очекувања.rn

    Портокал

    rnЖените кои имаат два портокали под маицата, се самоуверени и добро знаат кои се нивните животни приоритети.rn

    Цреша

    rnКога градите личат на цреши, станува збор за интелигентни, многу забавни и возбудливи жени. Тие се срдечни, друштвени, разумни, добри, сигурни во себе, но и малку површни. Тие се прилично посветени во сексот.rn

    Круша

    rnЖените со гради со облик на крушки ја сакаат љубовта и сите нејзини варијанти. Пријатни се, но и нескротливи и самостојни. И покрај тоа што не се премногу интелигентни, а честопати се и несмасни, тие сепак знаат како да ги повлечат мажите за нос. Неверни се, бидејќи ги сакаат авантурите, а сексот за нив најчесто претставува чиста екстаза.rn

    Јаболко

    rnЖените со јаболкови гради наводно се фригидни домаќинки, кои тешко доживуваат оргазам, но во креветот би пробале баш сѐ. Не сакаат да ги менуваат партнерите и најчесто се попаметни од своите мажи.rn

    Домат

    rnЖените кои имаат гради со облик на домати, според Лоренцони се преполни со љубов и во животот уживаат со цела своја душа. Тие лесно се заљубуваат и сакаат да бидат доминантни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го сопрете времето околу вас?

    Како да го сопрете времето околу вас?

    Барем еднаш сите сме се почувствувале како да немаме доволно часови во денот за да ги завршиме сите наши обврски, а уште помалку па и за да се одмориме. Барањата од работата и социјалниот живот, комбинирани со нашите потреби за сон, храна и вежбање можат толку многу да се насоберат што ќе направат да се чувствуваме како времето да ни бега и како постојано да сме во трчање.rnrnВремето можеби е ограничено, но не мора постојано да го чувствувате тоа на вашата кожа. Новите истражувања покажале дека ако ја промените вашата моментална свесност, вашиот моментален начин на кој гледате на светот – ќе можете и да го промените начинот на кој го перцепирате и доживувате времето, а за возврат ќе бидете многу посреќни и позадоволни од животот.rnrnКако да го сопрете времето околу вас?rnrnВо одредени моменти од вашиот живот, сигурно сте се почувствувале како времето да ви запрело. Можеби тоа било кога првпат сте се искачиле на врвот од некоја планина во Македонија или пак, кога сте сфатиле дека сте заљубени. Овие искуства најчесто се проследени со восхит, чувство кое произлегува од перцепцијата за неизмерноста (во однос на значајноста или големината на нештата) и потребата да го промените начинот на којшто во тој момент гледате на светот за да можете да се прилагодите на оваа нова ситуација.rnrnВо својата студија, истражувачите Мелани Руд, Кејтлин Вохс и Џенифер Ејкр испитувале дали чувството на восхит во комбинација со среќата би можело да го намали чувството на луѓето за притисокот на времето и истовремено да им влијае тие повеќе да сакаат да го „волонтираат“ своето време и да избираат искусување нешта пред материјални објекти, како и едноставно да уживаат повеќе во животот.rnrnЗа да ги истражат овие хипотези, истражувачите спровеле три експерименти. Резултатите кои тие ги добиле сугерирале дека за да се чувствуваме како да го имаме целото време на светот (дури и кога го немаме) треба да правиме нешто што ќе инспирираа восхит кај нас. Многу е лесно да се „заглавите“ во секојдневните рутини на животот и да  пропуштите потенцијално прекрасно искуство, кое можеби дури се наоѓа и пред вашиот нос. Понекогаш и самиот факт дека постоите може да биде доволен за да ве инспирира на тој начин.rnrnИстражувачите исто така забележале дека понекогаш е добро да се чувствувате како времето да ви е ограничено, за да можете да завршите со работните обврски на време. Но, од друга страна, со денешниот начин на живот може многу почесто да ви е потребно ова чувство на восхит, кое ќе ви помогне да го сопрете малку времето околу вас и едноставно да можете да уживате во сегашниот момент.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Што слушаш – тоа и си! Многумина млади својот идентитет го градат врз основа на музиката која ја слушаат, токму затоа на другите луѓе музиката може многу да им открие за нивниот карактер. Доколку некој ви го открие својот музички вкус, природно е врз основа на тој податок вие да изградите некој претпоставен став за тој човек, неговите вредности, неговото друштво и неговите навики.rnrnДали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?rnrn rn

    „Музиката е моќно средство за друштвени експресии, која може да ги појача стереотипите и предрасудите“ – вели психологот и водачот на истражувањето за музичките вкусови, Џејсон Рентфроу од Универзитетот Кембриџ.

    rnРезултатите од ова истражување покажале дека љубителите на класична музика, луѓето ги доживуваат како тивки, неатрактивни и досадни. За разлика од нив, љубителите на рокот се сметаат за емоционално нестабилни и бунтовници по природа, како и за многу неодговорни луѓе. Обожавателите на попот повеќето луѓе ги процениле за по малку смотани, оние на рапот за спортски духови и за агресивни луѓе, а покорниците на електронската музика за невротични ликови. Најдобро прошле обожавателите на џезот, бидејќи нив луѓето ги сметаат за вешти, мирољубиви, либерални, љубезни и отворени по природа.rn
    rn

    „На луѓето не можеме на лице место да им направиме психолошка анализа преку прашања, за да изградиме слика за нивната личност. Ова истражување покажува дека, иако нашите претпоставки не мора да бидат точни, си создаваме слика за некој човек според одговорот на прашањето ‘Каква музика слушаш?’“ – заклучува Рентфроу.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите и жените навистина го гледаат светот различно

    Мажите и жените навистина го гледаат светот различно

    Очите на мажите се многу поосетливи на мали детали и објекти кои се во движење, додека пак жените се поперцептивни на промени на боите, според новата студија која вели дека мажите и жените навистина ги гледаат работите на различен начин.rnrnМажите и жените навистина го гледаат светот различноrnrnСо неодамнешен огромен преглед на литературата, се заклучило дека во повеќето случаи жените се посензитивни и подобро ги разликуваат и категоризираат миризбите за разлика од мажите.rn
    rn

    „Покрај другите сетила, како слухот и вкусот, постојат разлики помеѓу половите и во однос на видот,“ вели истражувачот Израел Абрамов од Градскиот универзитет во Њујорк. „Истражувањата исто така ни покажуваат дека жените имаат поосетливи уши и нос за разлика од мажите.

    rnНеговиот тим од Универзитетот го споредиле видот на мажи и жени постари од 16 години кои нормално ги распознавале боите и имале нормален вид, макар коригиран со наочари или со леќи. Во еден дел од студијата, истражувачите побарале од волонтерите да опишат различни видови бои кои им биле покажувани. Тие исто така откриле дека на мажите им било потребно малку подолга бранова должина од бои за да ја забележат истата нијанса како жените. Мажите биле помалку способни и во препознавањето на разлики помеѓу тоновите.rnrnМажите и жените навистина го гледаат светот различноrnrnИстражувачите исто така им покажувале на испитаниците слики кои биле составени од светли и темни линии кои се разликувале во ширината и во боите за да изгледаат како да трепкаат, со коишто ја мереле нивната сензитивност за контраст. Во споредба со жените, мажите биле многу подобри во идентификување на боите од сликите кои побрзо се менувале и кои биле направени од потенки линии. Абрамов објаснил дека овие елементи на видот се поврзани со специфични делови од таламичните неврони во примарниот визуелен кортекс од мозокот. Развивањето на овие неврони е контролирано од машките хормони наречени андрогени кога ембрионот се развива во фетус.rn
    rn

    „Бидејќи овие неврони се водени од кортексот за време на ембриогенезата, ние сметаме дека тестостеронот игра огромна улога во формирање на видот и на некој начин води до различна поврзаност помеѓу мажите и жените. Еволутивната движечка сила помеѓу овие разлики е сè помалку јасна.“

    rnПретходна студија покажала дека мажите и жените се фокусираат на различен начин. Преку серија од експерименти спроведена од Универзитетот во Јужна Калифорнија, истражувачите откриле дека мажите повеќе се фиксираат на устата на личноста со која разговараат и дека нивното внимание може полесно да биде одвлечено од движење позади таа личност. Додека пак, жените повеќе го движат нивниот поглед помеѓу очите и телото на нивниот соговорник и дека нивното внимание може полесно да биде одвлечено од други луѓе.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

    Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.rn
    rn

    Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.

    rnРаботи од кои се срамиме кога сме во јавностrnrnПогледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:rnrn1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.rnrn2. Сопнување и паѓање на сред улица.rnrn3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.rnrn4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.rnrn5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.rnrn6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.rnrn7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.rnrn8. Кога доцните.rnrn9. Кога заборавате каде сте се паркирале.rnrn10. Кога случајно ќе подждригнете.rnrn11. Кога ќе се изгубите.rnrn12. Кога имате дамка од пот на облеката.rnrn13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.rnrn14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.rnrn15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.rnrn16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.rnrn17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.rnrn18. Кога ќе се опијаните на свадба.rnrn19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.rnrn20. Кога имате кармин на забите.rnrn21. Кога ќе облечете нешто наопаку.rnrn22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.rnrn23. Кога ќе паднете од велосипед.rnrn24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.rnrn25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.rnrn26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бојата на собата влијае колку често имате секс

    Бојата на собата влијае колку често имате секс

    Според резултатите од последното истражување, луѓето кои имаат виолетови спални соби имаат најмногу секс. Во просек тие неделно имаат 3,49 пати секс, што е значително повеќе за разлика од оние луѓе чии ѕидови на спалната соба и мебелот им се во друга боја.rnrnБојата на собата влијае колку често имате сексrnrnВеднаш зад нив се наоѓаат оние чија спална соба е црвена, а на трето место се оние во чија соба доминира небесно сината боја. Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, а со него се докажало и дека луѓето кои имаат свилена постела имаат 4,25 пати секс во просек неделно.rn

    Комплетната листа:

    rn1. Виолетова – 3,49rnrn2. Црвена – 3,18rnrn3. Небесно сина – 3,14rnrn4. Розова – 3,02rnrn5. Црна – 3,0rnrn6. Сина – 2,76rnrn7. Жолта – 2,43rnrn8. Портокалова – 2,36rnrn9. Кафена – 2,10rnrn10. Бела – 2,02rnrn11. Окер – 1,97rnrn12. Зелена – 1,89rnrn13. Сива – 1,80rn

    Како постелата влијае врз сексуалниот живот (просечно во неделата):

    rn1. Свила – 4,35rnrn2. Памук – 2,72rnrn3. Најлон – 2,35rnrn4. Полиестер – 2,33rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

    Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

    Најновите истражувања покажуваат дека возрасните луѓе кои тренираат помалку време дневно, можат да изгубат исто толку килограми колку оние кои имаат редовен долготраен тренинг. Ова истражување го направиле научници од Универзитетот во Копенхаген и со него се покажало дека со 30-минутен активен тренинг можат да се изгубат исто калории, колку и со 60-минутното потење.rnrnКако да вежбате помалку, а да слабеете побргу? rnrnСо ова истражување се докажало дека испитаниците кои трчаат или возат велосипед 30 минути секој ден, после три месеци губат во просек по 3 и пол килограми, додека оние кои вежбаат по час губат еден килограм помалку.rnrnИстражувањето вклучувало 60 мажи од Данска кои одговарале на описот „крупни“, но „здрави“. Сите од нив сакале да постигнат подобра форма за три месеци. Научниците ги поделиле во две групи, од кои едната вежбала по еден час дневно, а другата по 30 минути. Се заклучило дека за 30 минути се троши доволно енергија за да почнат да се топат масните наслаги.rn
    rn

    „Тренингот беше смислен да предизвикува бавно потење, но од учесниците очекувавме 3 пати неделно да го зголемуваат интензитетот. Се покажа дека едночасовното вежбање не придонесува за дополнително губење на килограмите или за топење на повеќе масни наслаги“ – објаснува истражувачот Розенкилде.

    rnТој вели дека не може со сигурност да потврди зошто оние кои тренираат повеќе, не губат повеќе калории. Една од можните теории е дека после понапорен и подолготраен тренинг, потребно ни е да внесеме и повеќе храна и со тоа го надокнадуваме оној минус калории кои претходно сме ги изгубиле.rnrnКако да вежбате помалку, а да слабеете побргу?rnrnПознато е дека дебелината е еден од главните здравствени проблеми во современиот свет. Затоа сите лекари во светот препорачуваат редовна физичка активност. Според процените на британското Министерство за здравство, на секој возрасен човек му се потребни барем час и 15 минути пофизички активности неделно, како што е трчањето или играњето некој спорт. Ова би требало да се надополни и со два часа неделно полесни активности, како брзо одење, шетање или слични активности.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

    7 неочекувани придобивки од користењето на Фејсбук

    Корисниците на Фејсбук поминуваат повеќе од 15 часа месечно на оваа социјална мрежа. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека неговата интензивна употреба е негативна, постојат неколку студии кои покажуваат дека покрај лошите влијанија, тој сепак има и добри страни.rn

    Ја подобрува работата на вашето срце

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnПоминувањето време на Фејсбук може да им помогне на луѓето да се опуштат така што го успорува отчукувањето на срцето и го намалува стресот, според истражување спроведено од Институтот за Технологија во Масачусетс и Универзитетот во Милано. Во оваа студија се истражувало влијанието на панорамски пејсажи, решавањето на комплицирани математички задачи и употребата на социјалната мрежа врз 30 студенти. И покрај тоа што Фејсбук го заземал второто место на листата за опуштање на студентите, сепак се покажала чудна привлечност и возбуда при неговото користење.rn

    Може да ви помогне да пронајдете работа

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnГолем број компании покрај класичните интервјуа и психолошки тестови за личноста, употребуваат и Фејсбук „истражување“ преку кое бараат потенцијални вработени. Тие ги проценуваат нивните вкусови за музика и книги, интереси, хоби, како и социјалноста и комуникативноста според фотографиите и постовите. Најчесто впечатокот кој се добива преку оваа социјална мрежа е многу поточен од оној кој тие го добиваат за време на интервјуто.rn

    Ја зголемува вашата самодоверба

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnСпоред неколку истражувања, поминувањето повеќе време на оваа социјална мрежа им помага на луѓето да се чувствуваат добро во својата кожа. Студија спроведена од Универзитетот Корнел, која била една од првите кои ги истражувале психолошките придобивки од користењето на Фејсбук, покажала дека доволно е да го погледнете вашиот ѕид и веднаш ќе се почувствувате посамоуверено.rn

    „За разлика од огледалото, кое нè потсетува какви сме навистина ние и на тој начин може да има негативен ефект врз нас бидејќи не се согласува со нашите идеали, Фејсбук ни ја покажува позитивната верзија од нас, онаква каква што ние сакаме да ја видиме. Не велиме дека тој претставува лажна слика за нас, туку дека ги нагласува нашите позитивни страни,“ вели истражувачот Џефри Ханок.

    rn

    Ги зголемува цените на акциите

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук не само што може да биде добар за вашето физичко и ментално здравје, тој може да ви помогне и при вашите инвестиции. Една студија од Универзитетот Пејс покажала дека колку е попопуларна одредена компанија на Фејсбук, толку повисоки акции има.rn

    Ја зголемува продуктивноста

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnИ покрај тоа што повеќето сметаат дека Фејсбук само им го одвлекува вниманието на вработените, истражувачите покажале дека вистината може да биде и сосема спротивна. Истражување спроведено од сајтот Кеас покажало дека доволна е 10-минутна пауза на Фејсбук за вработените да бидат посреќни, поздрави и попродуктивни.rn

    „Кратки и ненаметливи паузи, како брзо „сурфање“ на интернет, му помага на мозокот да се одмори, што води до повисока концентрација во текот на денот, како и до повисока продуктивност,“ вели Брент Кокер од Универзитетот Мелбурн, Австралија.

    rn

    Ви помага за добивање диплома

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук може да им помогне на студентите да ја добијат дипломата која ја посакуваат. Едно истражување покажало дека студентите кои се активни на Фејсбук во помал број се откажуваат од оние кои не ја употребуваат социјалната мрежа. Ова истражување опфатило скоро 400 студенти од прва и втора година на факултет и меѓу другото се покажало и дека студентите кои се активни на Фејсбук се одликувале со повеќе ентузијазам во нивната факултетска околина.rn

    Го подобрува вашиот љубовен живот

    rn7 неочекувани придобивки од користењето на ФејсбукrnrnФејсбук дефинитивно одлично се покажал како стројник. Истражувањата покажале дека околу 60% од слободните корисници додаваат нови пријатели веднаш откако ќе ги запознаат во живо. Доколку им се допаѓа тоа што ќе го видат, 25% од нив веднаш ја контактираат личноста за која се заинтересирани преку порака или чет.rnrnИ за крај, не заборавајте дека за сè постојат граници. Фактите кои се прикажуваат во овие истражувања не треба да ве охрабрат уште повеќе да го користите Фејсбук, бидејќи на тој начин дефинитивно нема да можете да ги почувствувате неговите придобивки. Умереноста секогаш е позитивна и обидете се постојано да ја одржувате  при употребата на оваа социјална мрежа.