Сите сме свесни дека возењето велосипед е одличен метод за слабеење и одржување на телото, но најновите истражувања докажале уште еден бенефит од овој вид вежбање. Имено, се докажало дека не се важни само поминатите километри, туку и интензитетот со кој возите.rnrn
rnrnИстражувањето е направено на велосипедисти од Данска, а покажало дека мажите кои возат брзо и со јак интензитет живеат 5,3 години подолго, додека пак мажите кои возат со нормална брзина живеат за скоро 3 години подолго од оние кои возат бавно. За женските велосипедисти истражувањата покажале дека оние кои возат брзо живеат скоро 4 години подолго од оние кои возат бавно, а оние кои возат нормално 2,2 години повеќе од нив.rnrnОва истражување го спровел професорот Питер Шнор од Европскиот совет за кардиологија, кој го споредувал здравјето на велосипедистите со нивните резултати од возењето. Велосипедизмот се покажал како спорт кој ја намалува смртната стапка во целина, најизразено намалувајќи ги коронарните срцеви заболувања. Според најновите препораки, најмалку 30 минути физичка активност секој ден, го намалува ризикот од срцеви проблеми. Брзите велосипедисти кои поминуваат не повеќе од еден час на ден на својот велосипед, имаат најголеми шанси да избегнат какви било смртни заболувања.rnrn
„Овие истражувања покажуваат дека секојдневната физичка активност треба да е енергична, зависно од индивидуалната перцепција колкав интензитет е доволен. – вели професорот“
rn
rnrnДобиените резултати биле презентирани на конгресот на Европската заедница за кардиологија одржан во Париз, а во истражувањето биле земени предвид и други фактори за велосипедистите, како што е пушачката навика, телесната тежина, консумирањето алкохол и медикаменти и крвниот притисок. Најдраматично сознание било намалувањето за 82% на ризикот за срцев удар кај двата пола, доколку секојдневно возат барем 30 минути со брзо темпо. Ризикот за смртни заболувања бил намален за повеќе од 50% за брзите велосипедисти кои возат од 30 до 60 минути дневно, додека оние кои возат со нормална брзина ризикот го намалуваат за 33%.rnrnСпоред Шнор невозможно е да определите колку време е потребно за да се помине одреден пат, кој ќе треба да се извози со брзо темпо.rnrn
„Ние не очекуваме 80-годишен човек да вози како 20-годишен. Важно е вие самите да си го процените максималниот интензитет, кој малку ќе ве остава без здив.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnИстражувачите вршеле испитувања на група доброволци на кои рацете им ги изложувале на висока температура, до граница на издржливост. Оние кои својата рака ја гледале во огледало, можеле да издржат за три степени повисока температура од оние чија рака била скриена. Кога раката ја гледале во огледало што зголемува (конкавно), толеранцијата на болка дополнително се зголемувала.rnrnОсвен тоа што истражувачите откриле на кој начин
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnrn