КАФЕ ПАУЗА

Category: Истражувања

  • Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин

    Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин

    За жените бакнежот претставува начин емотивно да се поврзат со нивниот партнер, додека за мажите, бакнежот служи како средство за постигнување на крајната цел т.е. сексот, покажуваат резултатите од новото американско истражување.rnrnМажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начинrnrnВо истражувањето учествувале преку 1.000 студенти, а резултатите покажале дека двата пола го сметаат бакнежот за важна интимна интеракција помеѓу луѓето. Но, додека за жените бакнежот претставува покажување нежности, мажите во главно го користат за да ја возбудат партнерката.rnrnБакнежите исто така, покажуваат колку сте компатибилни со вашиот партнер. И мажите и жените рекле дека можат само врз основа на еден бакнеж да го изгубат или да го зголемат интересот за некоја личност.rnrnРазликите помеѓу мажите и жените во однос на бакнежот и понатаму се продлабочуваат. Па така, за дамите лошиот бакнеж најчесто значи и крај на состанокот, додека повеќето од мажите веруваат во спротивното, односно за нив лошиот бакнеж не значи дека не би се впуштиле во интимен однос со таа личност.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто толку многу ја сакаме музиката?

    Зошто толку многу ја сакаме музиката?

    Музиката била со нас буквално од кога колективно паметиме за нашето постоење. Пронајдени се и музички инструменти кои датираат од пред десетици илјади години. Но, сепак никој не знае зошто толку сакаме музика или каква е нејзината улога (доколку ја има) во нашиот живот.rnrnЗошто толку многу ја сакаме музиката?rnrnИстражувачите сè уште го немаат пронајдено „центарот за музика“ во нашиот мозок. Како и другите повисоко рангирани процеси, така и слушањето музика е распределено низ неколку области во мозокот.rnrnЕдна студија открила дека кога личноста се фокусира на хармонијата од одредено дело, таа доживува зголемување на активноста кај аудитивните области во десната темпорална зона. Други студии исто така покажале дека темпоралната зона е клучниот регион за разбирање на одредени музички карактеристики.rnrnДруг вид студии се фокусирале повеќе на емоционалните реакции на музиката. Во експеримент спроведен од колеџот МекГил во 2001-та година, со помош на скенирање на мозокот се проучувала невралната механика на „наежување на кожата“ која е предизвикана од музика која испитаникот ја смета за неверојатна. Тие откриле дека структурите во мозокот кои се активираат при оваа ситуација се истите оние региони кои се поврзуваат со одредени силни стимуланси како на пример, за храна, секс и дрога.rnrnПротокот на крвта во мозокот се зголемува и опаѓа во зависност од музиката во деловите кои се поврзуваат со наградување, емоции и возбудување. Бидејќи стимулациите за храна и за сексуални односи се важни за преживувањето на организмот, фактот дека слична неврална активност е забележана и како одговор на музиката ни сугерира дека можно е да постои некаков вид еволутивна придобивка во способноста да се слушне или запее добра мелодија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години

    Сите девојки се разочарани во нивните 20-ти години

    Читателките на магазинот „Glamour“ имале прилика да пополнат анкета во која се работи за турбулентните случувања и искушенија низ кои поминале во текот на нивните 20-ти години од животот. Прашањата се однесувале на теми како што се излегувањата, сексот, нивните финансии и односот спрема алкохолот. Резултатите биле запрепастувачки:rnrnСите девојки се разочарани во нивните 20-ти години rnrnОд вкупно 3.600 читателки кои ги одговориле прашањата од анкетата, 72% рекле дека се каат за барем една личност со којашто се забавувале во нивните 20-ти, додека 77% посакуваат никогаш да не искуселе врска за една вечер.rnrnНа 30 отсто од испитаните читателки им било премногу срам да признаат дека спиеле со маж додека биле пијани, додека 54% имале незаштитен секс, па 12% добиле полово преносливи болести, а 61% после тоа морале да направат абортус или познавале некоја девојка која морала тоа да го стори.rnrnСите девојки се разочарани во нивните 20-ти годиниrnrnКога станува збор за љубовните врски, 18% од жените мислеле дека во нивните дваесетти години ќе имаат значително повеќе секс отколку што навистина имале, додека 28% жалат што останале во нивната врска, само поради удобноста и сигурноста која таа им ја овозможувала.rnrnКога е во прашање иднината, 45% од нив мислеле дека ќе ја работат нивната работа од соништата, додека 44% жалат поради тоа што не откриле навреме, со што сакаат да се занимаваат во животот.rnrnШокантен е податокот дека 20% од жените признале дека се обиделе да ја работат нивната работа додека биле пијани. Алкохолот е кривец и за ред други проблеми. 70% од жените рекле дека сториле нешто коешто никогаш не би го направиле, доколку не пиеле алкохол.rnrnПовеќе од половина, односно 55%, се каат што не биле посамоуверени на работното место и 28% се каат што не се искажале на претпоставениот кога сметале дека треба да им се покачи платата или да добијат унапредување на позицијата.rnrnВо однос на финансиите, 61% трошат повеќе одошто заработуваат, од кои 38% одат во минус на сметката за да преживеат. 46% немаат ништо заштедено, а 69% чувствуваат притисок да бидат финансиски независни.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Паровите во кои мажите почесто чистат и готват, поретко имаат секс

    Паровите во кои мажите почесто чистат и готват, поретко имаат секс

    Кој во вашата заедница почесто го фрла ѓубрето, мажот или жената? Одговорот на ова прашање може да биде еден од факторите кои покажуваат колку сте сексуално активни. Најновото истражување објавено во списанието „American Sociological Review“ покажува дека мажите кои поретко се занимаваат со традиционални „женски“ куќни работи, како готвење, чистење и купување намирници, повеќе време посветуваат на секс со својата партнерка.rnrnПаровите во кои мажите почесто чистат и готват, поретко имаат сексrnrnОд друга страна, мажите кои се занимаваат со мажествените куќни работи како косење трева, фрлање ѓубре, одржување на автомобилот, плаќање сметки, имаат повеќе секс од оние кои ги избегнуваат тие обврски.rnrnБрачните парови кои учествувале во ова истражување се изјасниле дека во просек имаат 5 пати секс месечно, но бројот на сексуални односи во просек бил за 1,6 поголем кај оние парови во кои само жената се бави со „женските работи“ во домаќинството.rnrnВо истражувањето учествувале 4.500 хетеросексуални брачни парови од САД, а податоците биле прибрани во периодот од 1992 до 1994 година, што претставува најновото големо истражувањево во кое е измерена фреквенцијата на сексуални односи на брачни парови во оваа земја.rn

    Жените почесто им помагаат на мажите

    rnОд ова истражување се добил и уште еден интересен резултат. Имено, мажите во просек работат околу 1/5 од женските работи по дома, додека жените работат околу 1/2 од машките работи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Одите по улица како и секој друг ден, кога одеднаш од никаде ви паѓа на памет сеќавање од пред неколку години за личност на која не сте помислиле многу долго време. На само еден момент вие сте транспортирани во време и место за кои сте сметале дека се одамна заборавени. И по само еден миг, сеќавањето исчезнува исто толку брзо колку и што се појавило…rnrnОд каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви „паѓаат на памет“?rnrnОва доживување најчесто се поврзува со нешто за коешто вашиот свесен ум не знае дека постои. Но, можеме да се сретнеме и со уште почуден начин на појавување на овие скриени мисли. На пример, кога одеднаш ќе се сетите на збор или фотографија која нема никаква врска со она за што сте размислувале. Како зборот „портокал“ или замислување на ренде. Тие мисли изгледаат уште почудно бидејќи немаат никаква поврзаност со некое минато искуство, место или личност – мисла без никаква автобиографска основа.rnrnИ покрај тоа што мал дел од луѓето никогаш не се соочиле со вакви искуства, во едно истражување психолозите откриле дека голем број од луѓето имаат вакви мисли барем еднаш дневно. Тие најчесто се појавуваат за време на рутински активности, како додека одите по улица, си ги миете забите или пак, додека се облекувате. Тие исто така се појавуваат и кога вашето внимание е намалено.rnrnЗа некои од овие скриени мисли може да се пронајде причината. Психологот Лија Квавилашвили дава кратко објаснување на оваа тема со свој пример:rn
    rn

    „Додека го фрлав ѓубрето во кантата, зборот „Акапулко“ ми падна на памет и бидејќи немав никакво објаснување зошто баш тој збор ми се појави во мислите, му се обратив на моето семејство за помош. На мое изненадување, ми рекоа дека зборот „Акапулко“ бил спомнат на телевизија пред околу 45 минути.“

    rnОваа способност да се најде изворот на одредена скриена мисла не е само еден изолиран случај. Во своето истражување, Квавилашвили и Мендлер откриле дека зборовите и фотографиите кои случајно се појауваат во нашите мисли, всушност не доаѓаат баш од никаде. Понекогаш тие можат да се објаснат со асоцијации како на пример, разговорот за Божиќ подоцна да доведе до појава на песната „Jingle Bells“ во вашите мисли.rnrnФактот дека на голем дел од мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет не може да им се најде изворот е резултат од тоа колку многу информации се процесираат потсвесно во вашиот мозок. Тоа што е фасцинантно кај овие доживувања е што можат да се појавуваат по неколку недели, месеци, па дури и години по нивното оригинално појавување.rnrnНекои психолози дури веруваат дека овие мисли можат да бидат повразни и со креативноста, бидејќи тие навидум случајни асоцијации можат да ви помогнат на креативен начин да се справите со одреден проблем. Тие исто така се уште еден доказ дека ние ги снимаме сите информации кои ги примаме. За среќа, нашиот мозок прави добра работа при нивното „маскирање“ бидејќи доколку сите тие ни се постојано достапни би ни го одвлекувале вниманието и би имале големи проблеми со концентрацијата.rnrnПа, затоа нареден пат кога ќе ви падне на памет нешто сосема неповрзано со вашата моментална активност, без разлика на тоа колку ви е чудно во тој момент, запомнете дека најверојатно настанало од нешто што сте виделе, слушнале и размислувале пред некое време. Секако, зошто баш на тие работи се присетуваме, сè уште е многу голема мистерија…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како спијат маж и жена во брачен кревет?

    Како спијат маж и жена во брачен кревет?

    Додека сте сингл, царувате со вашиот кревет, но кога ќе почнете да го делите навечер со друг, може да се соочите со една од две ситуации: да продолжите да царувате со него или да бидете истуркани и од вашата половина. Во која од овие ситуации обично се наоѓате?rnrnКако спијат маж и жена во брачен кревет?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледа совршениот маж, а како совршената жена?

    Како изгледа совршениот маж, а како совршената жена?

    Според едно прилично екстремно британско истражување спроведено на 2.000 Британки, еден совршен маж треба да ги содржи следниве карактеристики:rnrnКако изгледа совршениот маж, а како совршената жена?rnrnПокрај наведените особини, пожелно е и да признава кога погледот ќе му „прошета“ по други жени, да може да се подготви за излегување за 17 минути, да има возачка дозвола и да заработува „скромни“ 60.000 евра годишно.rnrnОд друга страна, доколку се земат предвид неколку релевантни истражувања во последно време, мажите мечтаат за секси, слабичка жена со големи гради, која е паметна, образована и добро заработува.rnrnКако изгледа совршениот маж, а како совршената жена?rnrnКога ќе се спојат сите овие карактеристики, ќе го добиеме „совршениот“ љубовен пар, кој е тотално апсурден и нереален. Сосема е во ред секој од нас да мечтае за совршениот/ата сопруг/а, но да бидеме реални, не секогаш можеме да го добиеме она што го сакаме, а вакво совршенство не постои. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали среќата може да биде негативна?

    Дали среќата може да биде негативна?

    Секој сака да биде среќен и тоа чувство е добро. Тоа значи дека би требало секогаш да ги следиме сопствените желби и потреби, да изобилуваме со задоволства и страсти за животот, да го купиме сè она што сакаме да го имаме… или не баш?rnrnОна што можеби ќе ве изненади е фактот што многу истражувања покажале дека среќата има негативна страна. Слепото трагање по среќа може да нè направи себични, неодговорни и да има лоши последици по нашето психичко здравје. Постојаната желба да се биде среќен може да доведе до големи разочарувања кога ќе се соочите со реалниот живот. Докажано е дека луѓето кои ставаат голем акцент на потребата да бидат среќни, може да се соочат со психички проблеми, како тага, депресија и осаменост.rnrnДали среќата може да биде негативна?rnrnВо две неодамнешни истражувања бил нагласен линкот помеќу потрагата по среќа и осаменоста. Во едно од нив, учесниците биле прашани до кој степен се согласуваат со изјавата: „Да бидам среќен/на ми е мноу важно“. Потоа од нив било побарано да водат дневник каде ќе ги запишуваат сите ситуации кои им донеле стрес и сите ситуации кога се почувствувале осамени. Резултатите покажале дека луѓето кои повеќе се опседнати со среќата имаат поголеми шанси да се чувствуваат осамено кога се под стрес.rnrnВо другото истражување, од дел од учесниците било побарано да прочитаат текст во кој се вреднува важноста на среќата како клучен фактор за односите во општеството, професионалниот успех и целокупната благосостојба. Останатите прочитале сличен текст со таа разлика што во нивниот текст бил ставен акцент на правилното расудување на нештата. Сите испитаници после тоа гледале филм за социјалните односи во општеството и интимата.rnrnПотоа, субјектите се изјаснале до кој степен се чувствуваат осамени и оддалечени од луѓето. Исто така, им бил земен примерок од плунка со цел да се тестира нивото на прогестерон, хормон кој е поврзан со чувството на интимност. Оние кои го читале првиот текст, пријавиле осаменост, а нивото на прогестерон им било пониско.rnrnКако заклучок истражувачите изјавиле дека преголемата потреба за среќа води до фокусирање на самиот себе и ги уништува социјалните врски.rn

    Дали тоа значи дека среќата е лоша работа?

    rnЦелта на истражувањата била да се покаже една поинаква страна на среќата, да се нагласи дека мора да има некаква граница во нашата желба за среќа, а не дека чувството на среќа е лошо само по себе. Среќата која доаѓа природно, без да биде форсирана, носи многу бенефиции, а пред сè подобрување на менталното здравје. Големиот парадокс е тоа што опседнатоста со среќата може да донесе спротивен ефект и да има негативни последици. Луѓето кои се опседнати со тоа сè да им биде совршено и да водат среќен и исполнет живот, го прават токму спротивното. Секој сака да е среќен и секој треба да биде, но оваа желба за среќа мора да умееме да ја контролираме.rnrnАко животот си го замислите како река од мед и млеко, секоја година нов автомобил, луксузни одмори и најнови електронски уреди, тогаш голема е веројатноста да бидете разочарани. Всушност вие трагате по утопија, која не постои. Но, ако среќата умеете да ја пронајдете во едноставните работи во животот, тогаш би можеле вистински да ја почувствувате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што жените забележуваат кај другите жени?

    Што жените забележуваат кај другите жени?

    Жените поминуваат повеќе време посматрајќи други жени отколку мажи, затоа што сакаат да видат што носи нивната „конкуренција“, колку целулит има, како ѝ изгледа косата и дали е слаба, велат резултатите од новото истражување.rnrnШто жените забележуваат кај другите жени?rnrnПроценување на чевлите на другите жени, нивната висина, проверување од каде ја купила чантата и дали направила пластична операција, е дел од нормалното течење на мислите кај жените, открива студијата.rnrnПоловина од испитаните жени, поточно 2.000, изјавиле дека уживаат да се споредуваат со другите припаднички на нивниот пол, но не го прават тоа од злоба. 80% од испитаничките одговориле дека најмногу сакаат да ги проценуваат своите „противнички“ кога се на плажа.rnrn1/3 од испитаничките повеќе му се воодушевуваат на изгледот на други жени, отколку на мажи, затоа што тие поседуваат нешто подобро од нив.rn

    Топ 10 работи кои жените најмногу ги забележуваат кај другите жени:

    rn1. Облекатаrnrn2. Фризуратаrnrn3. Тенотrnrn4. Физичкиот изгледrnrn5. Целулитотrnrn6. Бојата на косатаrnrn7. Големината на градитеrnrn8. Чевлитеrnrn9. Чантатаrnrn10. Деколтето

  • Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

    Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

    Според едно ново британско истражување, припадниците на посилниот пол, се најсреќни кога ќе наполнат 37 години, се чувствувале најсреќно во животот кога станале татковци, срцето им затреперува кога ќе се сетат на денот на својата венчавка, но и на победата на клубот за кој навиваат.rnrnКога мажите се чувствуваат најсреќно?rnrnВо својата 37-ма година, просечниот маж се чувствува најдобро, затоа што создал семејство и круг на пријатели со кои ужива. Според  43% од нив, најсреќен момент во животот им бил денот кога се родило нивното дете, за 35% најубав момент била нивната венчавка, додека пак 18% од нив, признаваат дека најсреќни биле во моментот кога нивниот тим освоил некоја важна титула.rnrnОсвен искуствата кои го промениле нивниот живот, на мажите секојдневно може да им измами насмевка на лицето омилената храна, нова облека или некој гаџет, дружењето со пријателите, пиењето кафе, вечера-изненадување од нивната најдрага, слободното време за читање вести и добриот постигнат резултат на видеоигрите.rnrnВо 37-та година, мажите се доволно млади за да не ги измачува некој сериозен здравствен проблем, а се доволно стари за да имаат изградено самодоверба и да стекнат углед и почит на работа и во друштвото. Поради тоа, ова е најсреќниот период од нивниот живот – објаснува Филип Ходсон од Британската асоцијација за советување и психотерапија.rn

    Топ 7 најсреќни моменти според мажите:

    rn1. Раѓањето на првото детеrnrn2. Стапување во бракrnrn3. Победата на омилениот клуб и освојување титулаrnrn4. Купување куќа или станrnrn5. Денот кога ја запросиле својата партнеркаrnrn6. Завршувањето средно училиште или факултетrnrn7. Купување нов автомобилrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.