КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • Опијането желе од кафе

    Опијането желе од кафе

    Уникатно кафе во цврст облик за оние кои сакаат да експериментираатrnrnВи се случило ли некогаш да сакате да примите уште една доза кофеин во денот за да се освежите, но не ви се пие кафе бидејќи сте премногу гладни или премногу најадени? Ако одговорот е да, тогаш ова е дефинитивно вистинскиот кафе-рецепт за вас.Опијането желе од кафеПотребни состојки:rn

      rn011

    • 120 мл ладна вода
    • rn011

    • 415 мл штотуку сварено еспресо (8 супени лажици кафе и 470 ml вода)
    • rn011

    • 415 мл засладено кондензирано млеко
    • rn011

    • 80 грама желатин
    • rn011

    • 3 супени лажици Калуа или друг ликер од кафе
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnНајпрво подгответе го кафето во машина за еспресо. Потоа во еден голем сад сипете ја водата.Опијането желе од кафеИстресете ги кесичките со желатин во водата и мешајте за да се изедначат состојките.Опијането желе од кафеТреба одма да почне да се згуснува.Опијането желе од кафеОставете го да постои 10 минути, за да стане меко и еластично како гума.Опијането желе од кафеДодадете го топлото сварено еспресо во желатинот.Опијането желе од кафеСо мешалка за јајца убаво промешајте за да се изедначи желатинот со кафето.Опијането желе од кафеДодадете го засладеното кондензирано млеко и нежно мешајте за да се соедини со желето.Опијането желе од кафеВо смесата додадете Kahlua или некој друг ваш омилен ликер кој оди со кафе како на пример Amaretto, Frangelico и др.Опијането желе од кафеПромешајте нежно за да не ви се направат премногу меурчиња.Опијането желе од кафеПодготвената смеса сипете ја во стаклена тава. Тавата нема потреба претходно да ја мастите или обложувате со хартија бидејќи желето не се лепи за стакло.Опијането желе од кафеОпијането желе од кафеСтавете ја тавата во замрзнувач и оставете ја внатре неколку часа, додека смесата не се стегне убаво. Доколку забележите дека се створиле многу меурчиња на површината, ставете го садот 20 минути во фрижидер за да се одмрзне малку и потоа отстранете го горниот слој со лажица.Опијането желе од кафеКога вашето опијането желе од кафе ќе биде подготвено, треба да изгледа вака.Опијането желе од кафеИсечете го на коцки или дадете му уникатен облик со некое интересно калапче и послужете го во хартиички за колачиња.Опијането желе од кафеОпијането желе од кафе
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шпанско кафе

    Шпанско кафе

    Ова е кафето кое ви е потребно за да ве загрее во ладните зимски денови кои претстојат.rnrnШпанско кафеrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 30 ml ликер од кафе
    • rn011

    • 30 ml рум
    • rn011

    • матен шлаг
    • rn011

    • 60 ml еспресо кафе
    • rn011

    • морско оревче
    • rn011

    • шеќер во гранули
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во шејкер измешајте ги ликерот, румот и кафето. Чашата навлажнете ја со вода и обложете ја со шеќер по рабовите. Претурете го кафето. Врз него, ставете го шлагот и од горе изрендајте малку морско оревче.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #7

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #7

    Доколку сакате едноставна позадина, со скоро еднобојна површина од која мистично и изненадувачки ќе ѕирка некој кафе мотив, можеби ќе ви се допадне оваа. Имате доволно простор да ги чувате вашите икони видливи на десктопот, а сепак кафето неизбежно и овој пат ќе биде дел од него.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и доколку ви одговараат димензиите, преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #7

  • Еспресо Мартини

    Еспресо Мартини

    Страствен кафеџија и љубител на коктели се две особини кои се кријат во секого од нас. Овој пијалак е исто што и млекото за мали деца. Јакото еспресо и чистата вотка се надополнуваат совршено, а уште кога тоа ќе се сервира во чаша за мартини, забавата може да започне.rn

    rnЕспресо МартиниЗа да го направите овој кафе коктел потребни ви се:rn

      rn011

    • 30 ml оладено еспресо
    • rn011

    • 15 ml ликер од кафе
    • rn011

    • 30 ml квалитетна вотка од ванила
    • rn011

    • 15 ml Baileys
    • rn

    rnВо шејкер за коктели ставете ги сите состојки, додадете неколку коцки мраз и мешајте се додека не се соединат состојките и течноста стане ладна. Коктелот претурете го во чаша за мартини и декорирајте го со неколку цели зрна кафе.

  • Lavazza календар за 2011 година

    Lavazza календар за 2011 година

    Едно е сигурно – срцето не може да се контролира. Секој оној кој бил во Италија, знае дека тоа е така. Италија е земја на љубовта и земја каде што сигурно ќе се заљубите.  Тоа е земја каде страста е најчиста. Предрасудите се напуштаат, чувствата се „фаќаат во момент“ и за миг во воздухот може да го почувствувате вистинското задоволство.rnrn

    (2) Lavazza календар 2011 година
    Насловна страница
    rnrnМногу филмови, книги и песни се напишани и испеани во име на љубовта. А кафето? Тоа одлично се испреплетува во секоја љубовна приказна. Погледнете го календарот на Lavazza (Италијански производител на кафе со многубројни кафе-продавници низ целиот свет) за 2011 година, ироничен и нереален, страствен и љубовен. Доживејте го патувањето во Италија, читајќи само од фотографиите. Исто како одличен романтичен филм.rnrn
    (2) Lavazza календар 2011 година
    Јануари-февруари
    rnrn
    Lavazza календар 2011 година
    Март-април
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Мај-јуни
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Јули-август
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Септември-октомври
    rnrn
    Lavazza календар за 2011 година
    Ноември-декември
    rnrnЦелата приказна, во интерактивна, мултимедијална варијанта е достапна на официјалниот веб-сајт на производителот, на страницата резервирана за календарот на Lavazza за 2011 година.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #6

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #6

    Зрна кафе, коцки шеќер и темна позадина која ќе ви дозволи едноставно лоцирање на иконите – одличен контраст кој совршено ќе „легне“ на вашата десктоп позадина оваа недела.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #6

  • Како да направите оригинално турско кафе?

    Како да направите оригинално турско кафе?

    Tурското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.

    rn

    Како да направите оригинално турско кафе

    rnАко одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:rn

      rn011

    • Türk kahvesi Sade – Горко турско кафе
    • rn011

    • Türk kahvesi Orta – Турско кафе со малку шеќер
    • rn011

    • Türk kahvesi Sekerli – Многу благо турско кафе
    • rn

    rnСите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.rnrnЗа да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафето.rn

    Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:

    rn

    Како да направите оригинално турско кафе

    rn1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).rnrn2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.rnrn3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини.rnrn4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.rnrn5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.rnrn6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.rnrnКако да направите оригинално турско кафеrnrnТурското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.rnrnВистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте. Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капучино колачиња

    Капучино колачиња

    Вкусно колаче, кое истовремено ќе ве освежува и заблажува секое утро

    rnКапучино колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 филџани саморастечко брашно
    • rn011

    • ¾ филџан ванилин шеќер
    • rn011

    • 1 филџан млеко
    • rn011

    • 2 супени лажици еспресо во прав
    • rn011

    • ½ филџан стопен путер
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • ½ филџан издробено чоколадо за готвење како чипс
    • rn011

    • зрна од кафе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.rnrnКапучино колачињаrn

    Потребни состојки за врвот од капучино:

    rn

      rn011

    • 170-220 грама маскарпоне сирење
    • rn011

    • 1 супена лажица ванилин шеќер
    • rn011

    • ½ супена лажица еспресо во прав
    • rn011

    • ¼ чоколаден чипс
    • rn

    rn

    Начин на подготовка на врвот од капучино:

    rnВо длабок сад ставете ги италијанското сирење маскарпоне, шеќерот и еспресото и толчете со толчник додека не се измешаат убаво. Подготвената смеса распределете ја на секое колаче и на крајот декорирајте со чоколаден чипс.rnrnКапучино колачињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе за 60 секунди

    Кафе за 60 секунди

    Брзо, лесно и ладно кафе кое ќе ве расони наутро и ќе ве размрда попладнеКафе за 60 секундиПотребно време за подготовка: 60 секундиrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл оладено филтер кафе (подготвено претходниот ден)
    • rn011

    • 100 мл млеко
    • rn011

    • неколку капки екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 -3 коцки мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во голема чаша ставете ги кафето и млекото. Капнете неколку капки екстракт од ванила и промешајте. На крајот, ставете ги коцките мраз. На здравје брзо кафе.

  • Видот на кафето ја дефинира вашата личност

    Видот на кафето ја дефинира вашата личност

    Кафето кое секојдневно го пиете, не е само пена на врвот и шеќер на дното, туку во него се крие и вашиот карактер. Видот на кафето кое најмногу ви се допаѓа, зборува многу за вас.rnrnЏуди Џејмс и Џејмс Мур, експерти за говор на телото, открија дека преферирањето на одреден вкус кафе, зборува многу за самодовербата, сексуалниот живот, и нивоата на стрес на личноста. Во нивната книга „The you code“ тие прават еден интересен осврт на оваа тема.rn

    Љубители на еспресо

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnЛуѓето кои сакаат силно еспресо кое ќе ги разбуди наутро и ќе ги освестува во текот на целиот ден, се многу вредни луѓе на кои најбитно им е сите обврски да им се завршени на време. Настојуваат да си ги остварат целите најбрзо што можат и се одлични лидери. На љубовен план тие се страсни и посветени партнери, но може да не се доволно лојални и доверливи.rn

    Љубители на филтер кафе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОние кои преферираат филтер кафе, се најчесто луѓе со поконзервативен поглед кон животот. Тие се тивки, ретко ги искажуваат своите чувства и имаат променливо расположение. „Нивниот карактер е малку поспецифичен, но потенцијално можат да бидат одлични другари, колеги или љубовни партнери“ – констатираат Џејмс и Мур.rn

    Љубители на лате

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnНежни личности, кои имаат силна потреба да бидат сакани и почитувани од страна на другите луѓе. „Ако вашиот шеф пие лате, тој најверојатно ви дава работни инструкции со милозвучен бебешки глас“ – велат Џејмс и Мур. Сакаат да оставаат впечаток на самоуверени, успешни и шармантни личности, но со самото тоа што мешаат со млекце толку силно и чисто кафе какво што е еспресото, укажува дека тие имаат незрела страна.rn

    Љубители на капучино

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnДеталите на ситуациите и наклонетоста од другите луѓе, не ги интересира оние кои уживаат во прекрасното пенливо капучино. Она што ги фасцинира е материјалниот свет. Тие уживаат во сексот и бараат партнери кои знаат да фантазираат и да ги покажуваат емоциите. Љубовник без идеи и иницијатива, може многу брзо да им досади.rn

    Љубители на инстант кафе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОвие се весели, активни луѓе, кои често се смеат и шегуваат. Тие живеат според максимата „Ако не пробам, нема да знам“. Но, овие личности не се доволно амбициозни да направат голема кариера и најчесто завршуваат работејќи некоја обична работа, за просечна плата. Се држат настрана од вообразени луѓе кои се прават нешто што не се. Во сексот не се доволно опуштени и имаат тешкотии во приврзувањето со партнерот. Не е чудно доколку слушнете дека овие луѓе носат чорапи во текот на сексуалниот однос, бидејќи целосното разголување е преголем чекор за нив.rn

    Љубители на фрапе

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnЛекомислени и површни луѓе, кои сакаат да пробаат сè одеднаш, особено ако претходно тоа нешто припаѓало на некоја позната медиумска личност. Сакаат да се преставуваат себеси како модни икони и нечии идоли, но придаваат поголемо значење на стилот на однесување, отколку на некои посуштински работи. Во љубовта се исто така површни и непосветени на партнерот.rn

    Љубители на безкофеинско кафе со соино млеко

    rnВидот на кафето ја дефинира вашата личностrnrnОвие луѓе се најчесто големи екологисти, кои сакаат да филозофираат и да се прават сезнајковци. Уживаат кога вниманието е свртено кон нив, но знаат да бидат доста пребирливи и критични. Во кревет се однесуваат вештачки и стегнато со партнерот. Изборот на кафе без кофеин, зборува за тип на личност, која е вообразена и пренагласена, која го сака она што не може да го има и поради тоа често става маска на своето лице, за да се прикаже во подобро светло.rn

    Оние кои воопшто не пијат кафе

    rnСпоред Џејмс и Мур, оние луѓе кои воопшто не консумираат кафе, најверојатно се плашат од него, а истовремено и од животните предизвици. „Ако не ти се допаѓа вкусот на кафето, тогаш мора да си дете и веќе е крајно време да влезеш во светот на возрасните“ –констатираат тие. Но, не е крај на светот. Потребен е само 21 ден за да го надминете гадењето од вкусот на кафето и да почнете да живеете во реалниот свет.