КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #5

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #5

    Јако кафе, само што сварено, сервирано во шолја од кафе-зрна. За оваа работна недела ви предлагаме јака стимулација со позадина која ќе ве одржува будни во текот на целиот ден.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #5

  • Кафе на мексикански начин (Mexican-Style Coffee)

    Кафе на мексикански начин (Mexican-Style Coffee)

    Одличен мексикански микс од црно кафе, текила и ликер од кафе за ваше комплетно уживањеrnrnrnКафе на мексикански начин (Mexican-Style Coffee)rnrnПотребно време за подготовка: 5 минутиrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 115 ml варено црно кафе
    • rn011

    • 30 ml ликер од кафе
    • rn011

    • 30 ml текила
    • rn011

    • Шлаг (по избор)
    • rn011

    • Цимет за декорација (по избор)
    • rn011

    • Какао во прав за декорација (по избор)
    • rn

    rnНачин на подготовка: истурете го вареното црно кафе во висока чаша, а потоа сипете ги ликерот од кафе и текилата. Гарнирајте со високо издигнат шлаг, какао и цимет.rnrn

  • Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?

    Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?

    Некои истражувања покажуваат дека пиењето кафе пред вежбање, може да ја зголеми ефикасноста, особено при џогинг на подолги стази. Но, не сите истражувања го тврдат истото. Така, една неодамнешна студија објавена од Американскиот колеџ за кардиологија, тврди дека и пиењето кафе во умерени количини може да ги наруши атлетските перформанси.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnПротокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnОвој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnЕфектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #4

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #4

    Оваа недела, нашиот избор за десктоп позадина ќе им се допадне на љубителите на кафето кои преферираат овој магичен пијалак да го пијат во комбинација со малку млеко.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1080) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnКафе-позадина за вашиот десктоп #4

  • Калуа еспресо мартини (Kahlua Espresso Martini)

    Калуа еспресо мартини (Kahlua Espresso Martini)

    Интересен и несекојдневен пијалак за љубителите на кафеКалуа еспресо мартини (Kahlua Espresso Martini)Време на подготовка: 3 минути

    rnПотребни состојки: rn

      rn011

    • 30 милилитри калуа
    • rn011

    • 20 милилитри вотка
    • rn011

    • 15 милилитри еспресо
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите споменати состојки ставете ги во шејкер за коктели. Во него додадете неколку коцки мраз и силно протресете. Добиената смеса ставете ја во заледена чаша за мартини.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

    Нова работна недела, нови предизвици, нова потрага по инспирација. За сето ова, потребен е бистар ум и енергија. Не заборавајте да правите кафе пауза. Еве нешто што ќе ви помогне во тоа.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2560×1440) и за да ја преземете на вашиот компјутер.Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

  • Чоколадни бисквити со кафе

    Чоколадни бисквити со кафе

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnСите сакаме да грицнеме нешто пиејќи го утринско кафе, попладневниот чај или вечерното какао. Бисквит, колаче или мафин, изборот е ваш.Чоколадни бисквити со кафеОвој рецепт е за сите оние кои обожуваат чоколадо – брзи, лесни, вкусни и  крцкави чоколадни бисквити со кафе кои дефинитивно ќе ве освојат.rnrnСовет: Тестото е толку вкусно, што постои опасност да го изедете пред да ги направите бисквитите.Чоколадни бисквити со кафеПотребни состојки (за 20 бисквити):rn

      rn011

    • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
    • rn011

    • 1/2 шолја какао
    • rn011

    • 1 печиво
    • rn011

    • 3 супени лажици путер, омекнат
    • rn011

    • 1 шолја шеќер
    • rn011

    • 2 големи јајца
    • rn011

    • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
    • rn011

    • 2 супени лажица горко филтер кафе
    • rn

    rnНачин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.

  • Шејк од кафе (Coffee shake)

    Шејк од кафе (Coffee shake)

    Лесен за подготовка, уште полесен за пиењеrnrnШејк од кафе (Coffee shake)rnrn rnrnПотребно време за подготовка: 5 минутиrnrnПотребни состојки: rn

      rn011

    • 1 инстант кафе
    • rn011

    • 200 милилитри млеко
    • rn011

    • шеќер по вкус
    • rn011

    • млечен сладолед
    • rn011

    • 6 коцки мраз
    • rn011

    • 10 милилитри чоколаден прелив
    • rn011

    • 10 милилитри екстракт од ванила
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите споменати состојки ставете ги во блендер. Мешајте ги минута-две, а потоа смесата спиете ја во висока стаклена чаша и уживајте. Декорирањето е опционално по вкус.

  • Заблагодарете им на козите за кафето

    Заблагодарете им на козите за кафето

    Автор: Мирослава СимоновскаrnrnКој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?Заблагодарете им на козите за кафетоСпоред една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.Заблагодарете им на козите за кафетоОвчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.Заблагодарете им на козите за кафетоДенес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.Заблагодарете им на козите за кафетоЗаблагодарете им на козите за кафетоКафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?Заблагодарете им на козите за кафетоrnrn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #2

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #2

    Започнете ја оваа недела со нова десктоп позадина која ќе ве потсеќа на свежиот мирис на кафето, а истовремено ќе го освежи и вашиот монитор.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #2