Никој не е безгрешен, па така ни познатите, а во овој случај зборуваме за нивниот избор на филмските улоги. Лошиот филм, исто како и добриот, е заеднички труд, но најчесто на актерите (понекогаш и на режисерите) најмногу им се „пишува“. Затоа, решивме да ја прочешламе листата на најлоши 100 филмови на International Movie Data Base (IMDB),која се креира врз основа на гласовите на публиката и да видиме кој каде „кикснал“.
Филмовите како Glitter со Мараја Кери и Gigly со Џенифер Лопез и Бен Афлек, иако се на листата, ги прескокнавме, пред сè, затоа што уште кога излегоа многу се плукаше по нив. Од остатокот одбравме некои од поинтересните филмски приказни каде некоја ѕвезда се „избламирала“ на големото платно.
rn rn
Парис Хилтон
rnАпсолутна кралица на пропаднатите филмови е Парис Хилтон. Да, не е баш некоја мистерија дека малата размазена богаташка е без талент за глума и за пеење и дека е позната само по тоа што е позната. Но, дури 4 филма во кои таа глумела некоја од главните улоги (The Hottie & the Nottie, Pledge This!, The Hillz и Nine Lives) се на листата на 100-те најлоши светски остварувања на IMDB. Тоа е премногу дури и за неа. Интересно е што дури и првиот филм каде што се појавила во занемарливата улогата на „девојка на плажата“, Wishman, е со оценка 1,5. Прашање е кога режисерите ќе почнат да бегаат од неа како од чума или пак некој повторно ќе биде доволно луд, храбар и глупав (во исто време) да и даде втора шанса.
rn
Џон Траволта
rnОткако ги сними мега-хитовите како Pulp Fiction („Евтини приказни“) и Grease („Брилијантин“), Џон Траволта се впушти во еден малце поинаков проект – научнофантастичниот Battlefield Earth: A Saga of the Year 3000. Филмот е направен по книга на Рон Хабард, водач на црквата на Скиентологијата во која и денес Траволта е член. Станува збор за вонземјани кои ја имаат поробено Земјава и нормално еден Американец одлучува да им се спротистави. А Џон Траволта е злобниот водач на вонземјаните. „Се околу овој филм не чини. Од несоодветната музика, сетовите во кои не може да се верува, ужасните дијалози, лошата глума и специјалните ефекти, почетокот, средината, а особено крајот”, пишуваа критичарите. Покрај него во филмот се појавуваат и актерите Форест Витакер и Шон Остин Грин.
rn
Џон Војт
rnНема шанси да не сте виделе барем еден филм во кој глуми Џон Војт, а за поновите генерации најчесто е препознатлив како „таткото на Анџелина Џоли“. Покрај филмовите како „Анаконда“ и „Државен непријател“, се појави и во „Супербебиња: бебиња-гении 2“, односно најлошиот филм според гласовите на IMDB. Може да се претпостави дека не размислувал трезвено кога го прифатил проектот затоа што приказната е повеќе од смешна – група паметни бебиња кои зборуваат, се наоѓаат во центарот на експеримент чија цел е да се пробие кодот на бебешкиот говор, па доенчињата тргнуваат во акција за доброто на сите бебиња.
rn
Мет Лебланк
rnДобро е што Мет Лебланк во своето резиме ја има серијата „Пријатели“ затоа што не смее да биде запаметен по „Ед“, филм за бејзбол играчот кој се спријателува со шимпанзо кое игра бејзбол. Снимен во 1996 година, овој филм доби и 3 номинации за наградата за најлош филм „Златна малина“ (пандан на Оскарот, но ги одбележува најлошите филмови во годината) – за најлош филм, најлошо сценарио и за најлоша филмска двојка (Мет Лебланк и механичкиот мајмун). Сепак, изгуби во сите категории од „Стриптиз“ со Деми Мур. Повеќе среќа следната година.
rn
Адам Сендлер
rnХуморот на Адам Сендлер или го сакате или не го сакате, но изгледа дека на никој не му се допаднал оној во Going Overboard. Еден од неговите први филмови снимен уште во 1989 година, моментално се наоѓа на 44 место на листата на 100 најлоши филмови на IMDB. Филмот комплетно е сниман на брод тргнат на крстарење од Њу Орлеанс до Канкун. Куриозитет е дека камерманите заборавиле да ја донесат кутијата со леќи, па директорот на фотографија бил приморан да го снима целиот филм со погрешни леќи.
rn
Куба Гудинг Џуниор
rnКуба Гудинг го доби Оскарот за споредна улога во филмот „Џери Мекгвајер“, но за комедијата Daddy Day Camp може да се каже дека беше бичуван. Режисерско деби на детската филмска ѕвезда, Фред Саваџ во кој Гудинг е во главната улога, е продолжеток на Daddy Day Care со Еди Марфи. За жал не и толку успешен. Филмот доби 5 номинации за Златна малина и ја освои наградата за најлош филмски продолжеток.
rn
Ерик Робертс
rnНе дека Ерик Робертс е најдобар актер на планетата Земја и нема направено ниту една филмска грешка (напротив попознат е по утките и филмовите од Б-категорија), но неговото остварување во Miss Cast Away мора да го ставиме, пред сè, поради неговото уникатно сценарио. Значи, филмот е комедија во која се комбинираат Cast Away и „Мис шарм“, „Планета на мајмуните“, „Шесто сетило“, „Паркот Јура“ итн. Што ќе се случи доколку авион полн со убавици на пат кон изборот за Мис универзум, се сруши на празен остров? Инаку во овој филм се појавува и Мајкл Џексон.


Главни ликови:
Валтер Бишоп изобилува со интелигенција која често ја комбинира со хумор. Но, како што знаеме дека „генијалноста се граничи со лудило“, и овој случај не е исклучок. Пред да почне да работи за дивизијата Fringe, тој неколку години поминал во ментална институција. Тоа е така бидејќи тој го натерал својот колега да му извади неколку мали, ситни делови од неговиот мозок, бидејќи знаел премногу информации за премногу работи. Но, тоа довело до свои последици и така завршил во ментална установа. Тој во своите млади години правел недоволно проучени експерименти врз луѓе, третирајќи ги со лек кој би им ја зголемил мозочната активност.
Стигнуваме до главниот лик во приказната, Оливија Данам. Таа е едно од неколкуте деца третирани со Кортексафан, па затоа нејзината способност да поминува низ универзуми и не е толку неочекувана. Таа е потајно заљубена во Питер, кој секако е тука за да помогне во каква било истрага. Кулминацијата во приказната за оваа чудна наука е моментот кога Оливија ќе дознае дека Питер е всушност од другиот универзум, па многу од понатамошното дејство во серијата, ќе се случува токму таму. Па така, пораката која ја носи овој дел од приказната е: „Малите избори кои ги правиш можат да те дефинираат тебе како личност и воедно, да ги променат настаните на твојот живот во огромна мера“.
rn
rn
Кога и како да ја гледате:



Можеби кој било фанатизам во животот – дали е тој математичкиот или пак оној на скинерите, не е добар. Сепак, понекогаш мора да одбираш помало зло од двете – што се чини дека во земјите од Балканот е повеќе практика отколку случајност.
Режисерот Стевановиќ прикажува една страна на Белград која и не сме имале можност да ја гледаме на филмското платно. Сепак за да биде „must see“ филм и во светските киносали, на „Шишање” му се потребни и неколку силни состојки – прво масовност на сцените кои вака на моменти изгледаат малку смешно; второ група на скинери која е поголема од 10 души, па да поверуваме дека се и навистина важен фактор во општеството (како што се третираат во филмот) и може да направат некои промени; и на крај малку повеќе навлегување во приказната и психологијата на Новица и тоа што го довело таму каде што е. 



Главни ликови: 
rnrn



Незаборавната сцена кога Роуз и Џек се прегрнати на клунот на бродот Титаник е историска и вонвременска. Ако ништо друго, песната на Селин Дион „My heart will go on“ ќе биде вечна инспирација за сочни бакнежи и топли прегратки. Убавината во оваа сцена е страсниот бакнеж помеѓу главните ликови, а сето тоа е уште поромантично кога ќе земеме предвид дека нивната љубов траеше многу кратко.rnrn
Дали тие некогаш ќе сфатат дека се еден за друг? Кога Хари конечно ќе ѝ изјави љубов на Сали (во вид на омаловажувачки говор, во кој меѓу другото ѝ кажува дека има брчки над нејзиниот нос), неговата лудост и симпатичност ќе направат цинизамот и неромантичноста кај гледачот да исчезнат.rnrnrn
Можеби никогаш не сте помислите дека аквариумот би можел да биде романтичен, но за Ромео и Јулија, љубовната двојка осудена на пропаст, тука беше првата и најромантична средба која им се случила. Дали е романтичноста на филмот во саундтракот „Kissing you“ или во неодоливата насмевка на Леонардо Дикаприо, останува на вас да одлучите.rnrn
Од моментот кога Ноа ќе се качи на панорамата за да ја покани Али да излезат, со цел да ѝ го привлече нејзиното внимание, па сè до моментите кога двајцата ликови ја осознаваат силата на нивната голема љубов во поодминатите години, ова е филм кој изобилува со љубов и романтика. Иако е навистина тешко да се избере само една сцена од овој прекрасен филм, сепак моментот кога Ноа ѝ вели на Али „Ако си ти птица и јас сум птица“ е еден од најромантичните, помеѓу многуте.rnrn
Гламурозната куртизана Сатин никогаш не ни замислуваше дека нејзиното срце може да му припадне на сиромашен поет од долната класа, сè до моментот кога Кристијан ќе ја освои со најромантичната песна некогаш напишана. Додадете ги музиката на Елтон Џон и U2, огнометот и небото во Париз и имате загарантирана романтика.rnrn
Ова е една од најубавите срцекршачки љубовни приказни досега, помеѓу Ингрид Бергман и Хемфри Богарт кога ќе се сретнат во Казабланка после многу години од нивната разделба.rnrn
Ако за миг заборавиме на моралноста во овој филм (таа е тазе мажена, а тој е најдобар пријател на нејзиниот маж), најромантичната сцена без двоумење е кога Марк ќе ѝ ја покаже на Јулија љубовта која ја чувствува кон неа, презентирајќи ѝ постери со текстуални пораки пред вратата од нејзината куќа, една снежна вечер, иако и двајцата знаат дека нема да бидат заедно.rnrn
Кој го гледал овој филм сигурно се сеќава на најромантичната сцена од него, кога прекрасното дуо Одри Хепберн и Џорџ Пепард ќе се прикрадат од продавницата за играчки, носејќи исти маски на себе и во тој момент двајцата ќе се изнасмеат. Тогаш секоја девојка би помислила: „Тој е тој магичен момент“.rnrn
Гледајќи го „лошото“ момче Хит Леџер како ја пее песната „Can’t Take My Eyes Off of You“ може да го стопи секое женско срце. Уште кога Леџер тоа го прави пред училиште, мудро избегнувајќи го обезбедувањето, сцената станува уште послатка.rnrnrn
Ова е една од приказните кога принцот доаѓа на белиот коњ. Кога Риџард Гир ќе се појави во бела униформа, ќе ја земе Дебра Вингер во прегратките и ќе ја изнесе надвор од фабриката каде што таа работи, веднаш ќе се сетите на прекрасните љубовни бајки во кои некогаш сте верувале како мали.rnrn
Иако Вилијам не може да биде со Виола, во која е многу заљубен, тој ѝ ја посветува претставата на неа со зборовите: „За онаа која е моја хероина, цело ова време и нејзиното име ќе биде… Виола“.rnrn
Ландон знае дека Џејми е болна од леукемија и сака да ѝ ги исполни сите желби кои ги има напишано таа на нејзината листа: тетоважи, преминување граници и најголемата – да се омажи во црквата во која тоа го направила нејзината мајка.rnrnrn
Иако тие никогаш не беа официјално заедно, Џуно сфаќа дека е заљубена во таткото на нејзиното бебе, Поли Бликер и тоа додека сè уште е бремена. Гестот со кој таа ја покажува љубовта спрема него е личен, сладок и шарен: Џуно му го полни поштенското сандаче на Бликер со неговите омилени тик-так портокалови бомбони.rnrn
Режија:
Важен е трнливиот пат низ кој младата Ри ќе помине за да си помогне себеси и на своето семејство, а единствен кој ќе и помогне е чичко ѝ Теардроп кој иако е ист како останатите, наоѓа трошка милост за својата внука. Но само трошка, не многу повеќе. И да, Ри на крајот од сè успева да го зачува својот дом, но како што камерата се оддалечува додека таа седи на скалите, не може а да не го составите во вашата глава крајот кој не ни го покажуваат, оној по одјавната шпица – трудна, силувана, тепана или во првите редови во војска.
„Зимска коска” е втор долгометражен филм на режисерката Дебра Граник, но недостатокот на филмско искуство воопшто не се забележува. Таа креира темен филм исполнет со мачно чувство на неизбежната состојба, а иако е жена и главната улога ја толкува жена – ова не е женски филм. Таа ја избегнува замката да направи мекушасто кинематографско парче кое тотално ќе ја одвлече машката публика. „Зимска коска” е пред сè филм со карактер. Се појавуваат актери кои не се толку познати, но воопшто нема утки. Единствена која можеби е препознатливо лице е Џенифер Лоренс (играше покрај Ким Бесинџер и Шарлиз Терон во Burning Plain) која за овој филм е номинирана за Оскар. Дали треба да ја добие статуетката оваа феноменална (само) 20-годишна девојка, одлучете вие. 

Кога и како да го гледате: 























Никол Кидман како и секогаш нежно и женствено, но и доволно драматично, темно и напатено ја претставува Бека. Нејзиниот начин на соочување со тагата можеби не е вообичаен, таа има кратки средби со тинејџерот кој случајно го прегазил нејзиниот син, но кој тука може да суди што е правилно, а што не. Нема точно време кога некој ќе престане да тагува, нема ни точно време кога некој повторно ќе посака секс, друго дете…
На маестралната Кидман (за среќа) сосема достојно и издржано ѝ парира Арон Екхарт, чиј лик Хауви е повеќе свртен кон игнорирањето на тоа што се случува и со опкружување на себеси со секојдневните случувања, со она што треба (а не сака) да се направи… Од друга страна, туку е и мајката на Бека, Нет која низ играта на одличната Даен Вест ја доживуваме како вистинска поддршка, доволно нежна и подготвена да ги прими сите твои „го*на” за да ти е подобро, но и доволно реална за понекогаш да ги каже работите в лице. Овој филм не е за обвинувањата на кого било, за потрага по правдата, за прашањата зошто и како, туку за тагата и за неоспорниот факт дека после некои настани тагата повеќе или помалку останува, независно што и да направиме.



Главни ликови:
Чарли пак, е еден интересен лик кој не знае да чита, а помалку да пишува и е заљубен во келнерката која работи во барот од спротивната страна на улицата 🙂
Тој работи како хигиеничар во барот. Меѓутоа зборот „работи“, кога е во прашање Бандата (Tthe gang), како што сами сакаат да си се нарекуваат, не треба да се земе здраво за готово. Не само што ниедна работа што ја започнале не ја завршиле, туку при самиот процес прават само невидени збрки и забуни кои често резултираат со емоционална и физичка болка, за нив и за сите во нивната околина.
Серијата во многу наврати доаѓа до границата на „лошиот вкус” ( понекогаш и ја преминува), но содржи доволно сатира за да се извлече од тоа. На пример: во една од епизодите Мек и Денис се вклучуваат на анти-абортус движењето, само за да се врткаат околу убавите девојки. Мек ја дава целосната поддршка во сите протести кои ги организираат, меѓутоа една вечер ќе заврши со една од девојките, која пак му вели дека останала бремена. А тој пак без многу размислување: „Мора да го абортираш!“ Ваков тип на иронија тече низ секоја епизода.
rn
Слични серии:
Режија:
За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… 


