Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за „неподносливата“ леснотија, но и за убавината на неверството, особено… кога не ти се случува тебе.rnrn
Режија: Рајко ГрлиќrnrnСценарио: Анте Томиќ и Рајко ГрлиќrnrnГлавни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnПремиера: 9 март 2010rnrnЈазик: хрватскиrnrnОфицијален веб-сајтrn
Наша оценка: 7/10rn___________________________________________________________________________________________rnДа бидеш неверен е неверојатно интересно. Одиш на пазар по салата, а веќе за некоја минутка имаш „брз“ секс со 20 години помлада студентка. Да направиш прељуба е неодоливо слатко. Заминуваш на службен пат, но всушност се селиш кај своето „паралелно“ семејство. А сексот со помлад е секогаш забавен. Наоѓаш момче, ја финансираш неговата пасија да се обложува на фудбалски натпревари, ама затоа во кревет е одличен. Сите ликови во новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ се повеќе или помалку тинејџери заробени во тело на возрасен човек, но и самите тие и сите нивни постапки се неодоливо симпатични. Нивните „злосторства“ одат и многу подлабоко од наивна прељуба, но во ниту еден филмски момент не се напушта атмосферата на леснотија, независно од тоа колку во реалноста настаните се тешки.rn___________________________________________________________________________________________rnrnВи препорачуваме да ги гледате и останатите трејлери и видео исечоци.rnrnrn
Приказна: Филмот е интересно осмислена сложувалка од приказните на петтемина, браќата Никола и Брацо, сопругите Анамарија и Марта и само една, но и најважна, љубовницата Латица. Тука секако се и децата на кои не им се знае таткото, но тоа се само луѓе – колатерална штета во безгрижната потрага по секс на главните протагонисти. Сепак, „Нека остане меѓу нас“ не е филм за тоа кој, како и колку бил повреден, туку за страстите. Кога од поранешните ЈУ-простори ќе излезе филм кој не носи воена приказна, чија тематика не е болка, тага, други лузни, е свежина. Не дека војната не е нашата приказна, но понекогаш нашата приказна се и сексот, и љубовта, и прељубата… Токму затоа „Нека остане меѓу нас“ е филм за нешто човечко, а не за нешто наше.
Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.

Кинематографија: Да не го знаевме јазикот, кадрите слободно ќе ги помешавме со, на пример, италијански филм. Загреб е прикажан како град каде што по улиците се пеат божиќни песни, каде што се возат убави коли (иако има и „ренолки“) и каде што не само воените профитери се дојдени до убави пари. Дури откако одлучив да ја пишувам рецензијата за овој филм, дознав дека католичката црква кренала бунт против еротските сцени во „Нека остане меѓу нас“, но вистината е дека секој просечен филмски гледач видел и многу, многу повеќе од она што е прикажано.

Кога и како да го гледате? Вакви филмови е секогаш подобро да се гледаат навечер, едноставно тематиката не „легнува“ на дневно светло. Можете и дома пред телевизор, можете и во кино – ниту една од ситуациите нема да му додаде, ниту да му одземе некој момент на филмот, така што, како ви одговара. Не правиме ограничување на полот, а во зависност во која „ментална состојба“ сте во моментот и од придружните животни случувања, може на филмот да гледате како на невина приказна или, од друга страна, како потврда дека жените се курви или дека мажите се свињи. Сè зависи од вас.
Фотографии: Никола Предовиќ













rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
Режисери: Дин Деблојс и Крис СандерсrnrnСценарист: Вил ДејвисrnrnГласови: Џерард Батлер, Џеј Барушел, Крег Фергусон, Америка ФерераrnrnПродукција: DreamWorks AnimationrnrnЖанр: авантура, акција, комедијаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 март 2010rnrnМузика: “Sticks and Stones” од Џон Тор Биргисонrnrn





Слични филмови:


rnrnНеговата ќерка Клер е презафатена мајка, која се труди правилно да ја воспита својата ќерка тинејџерка и да ги спречи останатите две помали деца да се убијат меѓусебно.rn
rn
rnrn
rnrn
Главни ликови: Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: 









Главни ликови: Тим Рут, Кели Вилијамс, Брендон Хајнс,rnМоника Рејманд, Меки Фајфер, Хејли Мекфарленд
Кал Лајтмен, како главен лик во серијата, минал низ тежок период од животот поради смртта на неговата мајка, која ненадејно се самоубила и токму нејзината смрт го натерува да се изгради како експерт во областа на читање на фацијални експресии и разбирање на говорот на телото.rn
Пилот епизодата во серијата започнува со расветлување на случај во едно локално училиште, каде што малолетен ученик самостојно се пријавува како извршител на деликтот, а само тимот на Лајтмен е убеден и цврсто решен да ја открие вистината. Дрскоста, прецизноста и перфектноста се главните особини на ликовите кои ќе ве натераат да се вљубите во нив.rn




Нема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rn
На моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.



rnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn



rnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.
rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn
rnrn