„Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) е мега популарна ТВ серија која не може да не ве расположи, насмее до солзи и да ви го направи денот поубав. Сценариото е фантастичен склоп од едноставен но, уникатен и ултра смешен пристап кон секојдневните (но и оние поретките) ситуации во животот.rnrnЕдноставно кажано, ако сè уште не сте ја гледале, направете го тоа веднаш! Друштвото составено од Тед Моузби (Џош Реднер), Робин Шербатски (Коби Смолдерс), Маршал Ериксен (Џејсон Сигал), Лили Алдрин (Алисон Хениган) и Барни Стинсон (Ниел Патрик Херис) и нивните секојдневни комични ситуации, со сигурност ќе ви го продолжат животот. Сите оние кои со нетрпение ја очекувате наредната епизода од 6 сезона, во меѓувреме прочитајте 10 интересни факти за серијата и глумците во неа.rn
rn
- rn011
- Барни и Тед во серијата првпат се сретнаа во машкиот тоалет.
rn
rn
- rn011
- Интересно е тоа што во серијата никој никогаш не ја дознава работната позиција на Барни во банката во која што работи. Секогаш кога друштвото ќе го праша што всушност му е работа, тој саркастично одговара „Ве молам!
rn
rn
rn
- rn011
- Во текот на една епизода, Робин се вознемирува во ресторан кога и пристига чаша со шампањско во која на дното има веренички прстен, мислејќи дека Тед ќе ја побара за жена. Во моментот кога Тед и кажува „не е мој“, друг џентлмен станува од масата зад нив и вели „мој е“ и се враќа на неговата маса каде запросува една жена. Брачната понуда не е дел од сценариото, туку реална ситуација. Господинот ја испланирал целата сцена со продуцентите на ТВ серијата и и кажал на неговата девојка дека добиле награда на некој натпревар да учествуваат кратко во епизода од „Како ја запознав мајка ви“. Така тој ја побара девојката да биде негова сопруга и таа понуда за брак ќе „живее засекогаш“ снимена како дел од епизодата на популарната серија.
rn
rn
- rn011
- Алисон Хениган била бремена во текот на снимањето на многу епизоди од четвртата сезона, но извршните продуценти не биле заинтересирани и Лили да биде прикажана трудна. Во повеќето епизоди се користени разни ТВ трикови за да се сокрие бременоста на глумицата – носела вреќести блузи и огромни чанти. Сепак во епизодата „The Possimpible“ прикажано е трудното меше на Лили, каде што таа победува на натпревар во јадење хот-дог и е комично подуена потоа.
rn
rn
- rn011
- Откако Алисон Хениган (Лили) им кажала на продуцентите дека е трудна, Коби Смолдерс (Робин) открила дека е трудна исто така. Ниту Лили ниту Робин, не беа трудни во серијата, па костимографите имале доста работа да ја сокријат бременоста на двете главни женски улоги во серијата.
rn
rn
rn
- rn011
- Пред да започне снимањето на „Како ја запознав мајка ви“ во 2005 година, Ниел Патрик Херис (Барни) и Џош Реднер (Тед) веќе имале глумено заедно во филмот „Писмото од Париз“ (The Paris Letter) и тоа како љубовници.
rn
rn
- rn011
- Претходниот факт е интересен бидејќи Барни, непоправливиот женкар и срцекршач, е хомосексуалец во вистинскиот живот. На Ниел Патрик Херис и неговиот долгогодишен љубовен партнер Дејвид Буртка во октомври 2010, им се родија 2 близначиња, едно машко и едно женско, од сурогат мајка.
rn
rn
rn
- rn011
- Веб–сајтовите кои се спомнати во серијата: www.itwasthebestnightever.com, www.notafathersday.com, www.tedmosbyisajerk.com и www.swarley.com навистина постојат. Ѕирнете што се крие таму. 🙂
rn
rn
rn
- rn011
- Ко- креаторот на серијата Картер Бејс вели дека сцените во лимузина биле едни од најкомплицираните за снимање, бидејќи за да се сними дејствието внатре, потребно било да се расклопи лимузината.
rn
rn
- rn011
- Џош Реднер (Тед), Џејсон Сигал (Маршал) и Ниел Патрик Херис (Барни) се сите високи над 180 цм, а тоа ги прави највисоките главни машки улоги во хумористична серија.
rn
rn
rn
- rn011
- Во станот на Барни, на ѕидот е закачен врамен постер од насловната страна од новелата „Картер го победува ѓаволот“ од Глен Дејвид Голд. Во романот станува збор за магионичар од Сан Франциско, а дејствието се одвива во 1920-тите. Барни, е исто така талентиран магионичар во серијата, и во реалниот живот.
rn
rn


Режија:
Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна.
„Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.




rnrnВо пораките „А“ една по една ги открива тајните на секоја од девојките, кои што единствено Алисон ги знаела. Но, не е возможно таа да им ги праќа зошто е мртва. Или возможно е?rnrn
rnrnКој и да е нивниот демнач, по се изгледа ги знае сите нивни приватни работи и ги следи во секој нивни чекор. Девојките се повторно блиски и строго се придржуваат до нивниот договор да не откриваат ништо на никого, особено не на полицијата, но дали ќе се штитат и кога нивните најмрачни тајни ќе бидат откриени? Останува да видите сами.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
За делот со јадењето ќе мора да се погрижите сами, но ви нудиме листа на филмови кои одлично ќе ви се најдат на новогодишната листа. Станува збор за филмчиња кои можеби не ги преполнија веснициве изминатата 2010 година, но тоа не значи дека не се добри. За еден дел од нив можно е допрва да се слуша, а останатите едноставно вреди да се видат.rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn
rnrn rn




rn







Режија:
Базата е поставена, но градењето на целото дејство е невешто, филмско „дежа ву”. Решенијата од типот дека главниот лик нема да има име во смисла дека е „дух”, сенка на човекот на кого му ги пишува мемоарите, изгледа просто. Финишот пак на филмот, сцената која треба да нè стресе од корен и да ни расветли сè, повеќе или помалку се насетува уште од многу порано. Нема ништо лошо во тоа да направиш филм кој нема цел да ги преоптоварува гледачите, но не и кога нудиш разврски кои ни ја „навредуваат” интелигенцијата.
Но, во името на јин и јанг-филозофијата – во морето од црно мора да има по една точка бело, би кажала дека изведбата на најмалку познатата актерка во екипата, Оливија Вилијамс („Шесто сетило”), е вистинско освежување. Таа ја игра жената на поранешниот премиер и, искрено, убедливо портретира лик кој не е само жена зад успешен маж, туку многу многу повеќе од тоа.












Режија: Дејвид ФинчерrnrnСценарио: Арон СоркинrnrnГлавни улоги: Џеси Ајсенберг, Ендрју Гарфилд, Џастин ТимберлејкrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 1 октомври 2010rnrnЈазик: англискиrnrn








Кратка содржина: Приказната се одвива во едно средно училиште во Охајо, каде што учителот по шпански јазик, го презема клубот „Гли“. Неговата цел е да ја врати старата слава на клубот, па така и покрај критиките и незгодите кои ќе му се случуваат, тој успева да ја подобри програмата и да натера дел од учениците да се приклучат, меѓу кои се и некои од познатите фудбалери и мажуретки во училиштето.

