Дали хороскопскиот знак може да го одреди обликот на очите? Познавачите од оваа област велат дека може.rnrnrnrnОВЕН– најсамоуверени очи, кои знаат сèrnrnБИК – поглед кој пробиваrnrnБЛИЗНАЦИ – искрени пријателски очиrnrnРАК– срамежливи очи со јасно изразена белина на окотоrnrnЛАВ – разиграни очи кои како да велат „не сакате да си имате проблеми со мене, но ако го сторите тоа, нема да биде залудно губење на времето!“rnrnДЕВИЦА – љубопитни очи кои критички одмеруваатrnrnВАГА – вечната надеж и постојаното одмерување на опциите се чита и во нивните очиrnrnСКОРПИЈА – продорен поглед што ќе ве „закова во место“ и ги пробива сите оклопиrnrnСТРЕЛЕЦ – мудар, тежок поглед кој ве тера да се почувствувате неудобно дури и тогаш кога ништо не сте згрешилеrnrnЈАРЕЦ – забавен и харизматичен, но не го интересира ништо што се случува надвор од неговиот светrnrnВОДОЛИЈА – нивните очи искрат со добрина, а нивниот поглед постојано лута наоколу во потрага по нешто што ќе ги разбуди нивните уметнички склоностиrnrnРИБИ – влажен, сонлив поглед и очи кои како да гледаат во иднинатаrnrnОва слика е нацртана според хороскопот и според обликот и начинот на шминкање што е специфичен за секој од знаците. Цртежите се базирани на карактеристиките и бојата на очите кои традиционално се врзуваат за секој поединечен знак.rnrnШто мислите, дали цртежот за вашиот знак одговара на вашите очи? Дали практикувате да се шминкате на сличен начин?
Каква е вашата сексуална природа? Сакате луд и незаборавен секс или нежни допири и романтики? Сакате да бидете доминантни под чаршафите или му препуштате на партнерот да ја води играта? Дознајте што велат ѕвездите за вашата сексуална енергија.rnrnrnrnВо сексот најтешко се сложуваат огнените и земјените, но и воздушните и водените знаци во хороскопот. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, додека водените се потполно обземени од емоции.rn
rn011
Огнените знаци (овен, лав и стрелец) својата сексуалност ја изразуваат со голем ентузијазам. Кога се заинтересирани, тоа го покажуваат јасно и директно. Нивните односи се полни со страст, но најчесто не траат долго.
rn
rn
rn011
За воздушните знаци (близнаци, вага и водолија) најважна е добрата комуникација. Многу се љубопитни и сакат да експериментираат со различни партнери, па според тоа верноста не им е јака страна.
rn
rn
rn011
На водените знаци (рак, скорпија и риби) најважни им се емоциите. За да почувствуваат сексуалност, тие мораат да се чувствуваат потполно сигурно и заштитено во врската. Многу се верни и приврзани.
rn
rn
rn011
Земјените знаци (бик, девица и јарец) сакаат прво да се уверат во искреноста на партнерот и откако тоа ќе се случи, постепено му се предаваат и ги одложуваат сексуалните односи до извесно чувство на стабилност во врската. Кога ќе воспостават блискост со својот партнер, стануваат исклучително страсни и отворено ги покажуваат своите желби. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, туку секогаш чекаат другиот да го направи првиот чекор.
rn
rn
Овен – ловец кој не се плаши да експериментира
rnСексот за овните е како лов. Насочени се кон телесно уживање и имаат голема енергија. Во потрагата по потполно уживање, тие сакат да експериментираат, а тоа пак бара голема либералност од нивните партнери. Во сексот овните сакаат да доминираат, но од врската очекуваат нежност, ментална поврзаност и разбирање со партнерот. Кај овој огнен знак нема предигра. Ги возбудува допирање по косата и бакнување по челото и образите.rn
Бик – преку сексот се ослободува од секојдневието
rnБиковите физички се многу привлечни. Во првиот контакт се исклучително резервирани, но подоцна во сексот имаат големи очекувања. Во принцип предиграта за нив е најважна, што понекогаш може да го полуди нивниот нетрпелив партнер. Кога се сами со партнерот, биковите искажуваат силна сексуалност без ограничувања. Сексот им овозможува ослободување од досадното секојдневие. Допирањето и бакнувањето на вратот исклучително ги возбудува.rn
Близнаци – не им робуваат на шаблоните
rnЗа близнаците сексот е спој на умот и телото, без учество на она што го нарекуваме душа. Нивните партнери треба да бидат вешти во бакнувањето и спремни за постојано експериментирање. Близнаците не се робови на шаблони. Тие подеднакво ќе уживаат во брз секс на задното седиште од автомобилот, како и во класична целовечерна забава. Колку е поразлично, толку подобро. Ги возбудуваат еротски разговори и допирање на рацете и рамената.rn
Рак – нежен и страстен љубовник
rnСексот со раковите е како нежен танц. Ако ги погодите вистинските движења, сигурно ќе доживеете бескрајно уживање. За раковите сексот пред сè е емоционално искуство, па штом ќе им се разбудат чувствата се претвораат во страсни и посветени љубовници. Интуитивно ги погодуваат желбите на партнерот и многу се трудат да го усреќат. Ерогена зона им се градите, а се возбудуваат и од француски бакнеж.rn
Лав – секогаш е подготвен
rnСексот со лавовите е прилично интензивно и диво искуство, но воедно овозможува и голема забава. Тие секогаш се спремни за акција, па истото го очекуваат и од својот партнер. Сакаат да доминираат, но не ги отфрлаат интересните предлози. Лавовите уживаат во пофалбите за нивната сексуална изведба, па затоа даваат сè од себе да ги исполнат очекувањата. Тие исто така уживаат во предигра и заведување, а се возбудуваат од бакнување по грбот и еротска масажа.rn
Девица – перфекционист посветен на партнерот
rnЧувствителни се и нежни љубовници и за нив е многу важно да му пружат задоволство на својот партнер. Во душа се перфекционисти, кои се трудат целосно да ги исполнат своите сексуални фантазии. Припадниците на овој земјен знак, лесно можат да се најдат во улога на оној кој му помага на другиот да го оствари своето задоволство. Девиците се срамежливи и тешко ги покажуваат своите скриени желби. Чувствителна точка им е стомакот.rn
Вага – обожава предигра и заведување
rnКако и кај останатите воздушни знаци, така и кај вагите, центарот на нивната сексуалност се наоѓа во нивната глава. И покрај тоа што во јавност делуваат многу пристојно, сексот со нив може да биде навистина едно диво искуство. Сакаат вешти и уверливи партнери кои со сигурност ќе им овозможат задоволство. Вагите обожуваат заведување, а на предиграта ù посветуваат особено внимание. Најзадоволни се кога нежностите и прегратките се проследени и со многу нежни зборови. Ерогени зони им се долниот дел од грбот и задникот.rn
Скорпија – нејзиното либидо не познава граници
rnВо астрологијата, со тек на времето скорпијата станала синоним за квалитетен секс. Припадниците на овој знак се познати по своето хиперактивно либидо. Тие се спремни да пружат сексуално задоволство, но истовремено и да примат нежност. Тие обожаваат да имаат секс како во филмовите, секогаш проследен со различна кореографија која скорпиите ја осмислуваат. Едноставно кај нив мора сè да биде надпросечно. Нивните чувствителни точки се наоѓаат околу половите органи.rn
Стрелец – колковите најчувствителни
rnПомеѓу огнените знаци, стрелецот е предводник кога станува збор за сексуалноста. За него сексот е пред сè добра забава и многу страсно искуство, кое нема ама баш никаква врска со емоции. Стрелците се секогаш спремни за акција, не се ни малку срамежливи и не робуваат на шаблони. Најмногу ги возбудува допирање по колковите.rn
Јарец – страстен и верен
rnНа прв поглед делуваат срамежливо и студено, но всушност јарците спаѓаат во најстрасните и сексуално најактивните љубовници. Тие многу лесно се возбудуваат и притоа својата страст ја пренесуваат на оние со кои се во контакт. Јарците се многу стабилни, страсни и пред сè верни љубовници, кои се грижат да го задоволат својот партнер. Неверојатно ги возбудува допирање и бакнежи по колената.rn
Водолија – сексот е врска помеѓу умот и телото
rnЗа водолијата сексот не е само страст и забава, туку пред сè, начин за поврзување на умот и телото. Додека водат љубов сакаат да разговараат со партнерот. Водолиите се љубопитни, па затоа сакаат постојано да експериментираат. Се трудат да бидат искрени, па тоа го очекуваат и од партнерот. Кога се релаксирани умеат да бидат многу креативни љубовници. Ги возбудува допирање на потколеница.rn
Риби – сензуални и креативни
rnРибите се многу сензуални и креативни љубовници, на кои емоциите им се исклучително важни. Многу се трудат да го задоволат партнерот и да го направат среќен. Нивната срамежливост исчезнува кога ќе стапнат во спалната соба. Ерогените точки им се околу стапалата.rn
Добри комбинации:
rnДобар и експлозивен секс е можен во сите комбинации на хороскопските знаци, но кога тие не се компатибилни, постојат големи разлики во нивните желби. Најдобро се согласуваат знаците кои припаѓаат на ист елемент (оган, земја, вода, воздух). Добри сексуални комбинации се можни и со спојување на огнените (овен, лав, стрелец ) и воздушните (близнаци, вага, водолија) и помеѓу водените (рак, скорпија, риби ) и земјените (бик, девица, јарец) знаци. Многу страст може да има и помеѓу огнените и земјените знаци, како и помеѓу воздушните и водените, но нема да трае долго.rnrn rnrn
Сите астролошки знаци во принцип добро се сложуваат со повеќето миленичиња, но некои од нив повеќе им одговараат на претставниците на одреден хороскопски знак. Секако, тоа не треба да се сфати генерално, бидејќи сите ние сме комплексна мешавина од карактеристики, кои во многу нешта зависат од воспитувањето и животната средина, а не само од хороскопскиот знак. Според тоа, можно е предложеното животно да не ви одговара, но овде станува збор за избор на милениче, кое одговара на типичните карактеристики на некој знак.rnrnrn
Овен
rnНа храбрите и енергични Овни им е потребно домашно милениче кое може да држи чекор со нив, во сите нивни авантури. Ирскиот териер совршено им одговара, бидејќи тоа е активно и смело куче, кое бестрашно ќе ги следи во нивните авантуристички походи.rnrn
Бик
rnБиковите сакаат миленичиња кои се слатки и мазни, па затоа најмногу им одговара куче од видот померанец. Нивното меко и нежно крзно треба редовно да се чешла и негува, во што биковите особено ќе уживаат. Померанците се интелигентни кучиња кои лесно се тренираат, пријателски се настроени и многу се приврзуваат кон сопственикот – совршени особини за разумниот и тактичен Бик. Доколку станува збор за помрзелива варијанта од овој хороскопски знак, желката би била добра опција, бидејќи не бара толку нега и внимание.rnrn
Близнаци
rnБлизнаците се зборлести и интелигентни личности, па затоа најмногу ќе им одговара и ќе ги инспирира африканскиот сив папагал. Овие птици спаѓаат меѓу најинтелигентниот вид папагали и имаат способност да развијат голем вокабулар и активно да комуницираат со своите сопственици, па поради тоа ќе бидат совршено друштво за Близнаците.rnrn
Рак
rnНа Раковите им одговара секое милениче на кое му треба многу љубов и внимание. Емоционалните задоволства на Раковите им се многу важни, па поради тоа за кое животно и да се одлучат, тие за него ќе се грижат исто како што би се грижеле и за сопственото дете. Но, сепак на овој знак, можеби најмногу му одговара малиот сладок и влакнест хрчак. Кучињата се исто така добра опција, бидејќи се приврзуваат кон сопственикот. Мачките не се толку соодветни поради нивната самостојност.rnrn
Лав
rnПрипадниците на овој знак сакаат интересни работи и почитуваат екстравагантност, па поради тоа разиграни миленичиња, е тоа што им одговара. Мачките се одличен избор за Лавовите. Што се однесува до расата, колку е поспецифична и поретка, толку подобро. Сијамските мачки се добра опција за овој знак, бидејќи се темпераментни, забавни и сакаат да бидат во центарот на вниманието, па на Лавот никогаш нема да му биде досадно со нив.rnrn
Девица
rnДевиците се во принцип перфекционисти, пребирливи и педантни. Ваквите високи критериуми ги задоволува бернскиот планински пес, кој е исклучително чист, пријателски расположен, послушен и лесно се тренира. Ова куче насекаде ќе ја следи својата сопственичка, која што со задоволство ќе се дружи со овој симпатичен и верен пријател.rnrn
Вага
rnШармантни, сталожени и со префинет вкус, Вагите се најсреќни кога се опколени со исклучителна убавина и хармонија. Прекрасниот папагал од видот розенколис или Agapornis fischeri е одличен избор за Вагите, бидејќи освен тоа што се многу убави, тие се и интелигентни, ведри и динамични. Овие папагали лесно се припитомуваат и се приврзуваат кон сопственикот. Ако го изберете папагалот од видот розенколис, подобро е да земете две, машко и женско, бидејќи тие се вид птици кои ја сакаат љубовта. Нежноста и вниманието што овие птици си ја посветуваат меѓусебно е неверојатна.rnrn
Скорпија
rnЉубопитна и интензивна, Скорпијата сака интересни и нетрадиционални миленичиња. Таа ќе одбере нешто егзотично, како пајак, змија или некој друг рептил. Овие животни во принцип не бараат многу внимание што на Скорпиите сосема им одговара. Исто така, ќе им биде интересно што луѓето ќе се згрозуваат кога ќе им дојдат на гости. Од традиционалните животни, мачката е добар избор, бидејќи е сензуална, таинствена и непредвидлива, токму како и Скорпиите.rnrn
Стрелец
rnСтрелците се друштвени, весели и многу активни. Постојат две крајности кога станува збор за изборот на домашно милениче, во зависност од карактерот на стрелецот. Во едниот случај тоа би било милениче со слични карактеристики како нив, а за тоа најдобро одговараат дружељубиви кучиња на кои им е потребна активност, како лабрадор, боксер или ретривер. Од друга страна пак, некои претставници на овој знак не сакаат толку обврски и ограничувања, па за нив добар избор би биле рипчиња во аквариум или желка.rnrn
Јарец
rnПрактичниот и амбициозен Јарец за себе ќе одбере дисциплинирано милениче, а за тоа е најпогоден германскиот овчар. Овие кучиња се силни, интелигентни, верни и послушни, па според тоа ќе ги задоволат желбите и потребите на припадниците на овој хороскопски знак. Со својата спремност и желба да учи, германскиот овчар ќе процвета под стручното водство и цврстата рака на Јарецот и тој ќе стане незаменлив во неговиот живот.rnrn
Водолија
rnВодолиите исто како Скорпиите, сакаат необични и егзотични работи, а тоа се однесува и на милениците. На овој знак му одговара некое едноставно, но сепак интересно животно кое не бара премногу труд. Игуаната е совршена за нив, бидејќи изгледа интересно, самостојна е, забавна и јаде зеленчук и овошје кое не е тешко да се набави. Иако игуаните не бараат премногу, пожелно е да им се посвети повеќе внимание за да останат питоми и интересни.rnrn
Риби
rnНа Рибите, кои често живеат во светот на фантазијата, им е потребно нешто што ќе им го олесни преминувањето од реалниот живот во нивниот замислен свет. Голем аквариум со тропски риби се идеалните домашни миленичиња, што ќе им го овозможат тоа на Рибите. Тропските риби во разни бои и облици, водата што жубори и забавеното движење на овие водени суштества, сигурно ќе придонесат за мистичноста на животниот простор на Рибите.
Учењето пред испит може да биде застрашувачки за некои ученици/студенти. Родителите можат да им помогнат на своите деца да бидат поуспешни, ако ги поддржат на ефикасен начин, а околу одбирањето вистински метод на мотивација, ќе им помогне токму астрологијата.rnrnrnrn
Овен
rnОвенот сака да биде победник, така што неговите родители треба да смислат некоја награда која нивното дете ќе ја добие ако го положи тешкиот тест, за да го мотивираат. Овните брзо губат трпение, поради што за да останат фокусиранi, им се потребни почести паузи од учење, кои вклучуваат физичка активност.rnrn
Бик
rnБавниот и стабилен бик, може да се исфрустрира ако некој го форсира да биде побрз во завршувањето на задачите. На него му требаат многу часови за темелно да ја заврши започнатата работа, за што му е потребна тивка и мирна работна средина.rnrn
Близнаци
rnКако најсоцијален и најкомуникативен знак, близнаците најдобро ги завршуваат нивните задачи кога имаат со кого да си ги прераскажат лекциите. Приватен професор или пријател кој ја учи истата материја, е она што ним им е потребно за да останат фокусирани.rnrn
Рак
rnРакот може да потроши повеќе време мечтаејќи како ја завршува задачата, отколку што стварно работи на случајот. Нив им е потребна малку храброст и нежен поттик, за да им тргне работата. Претставниците на овој хороскопски знак се познати по тоа дека уживаат во храната, па некои здрави грицки и витамини добро ќе им дојдат, додека учат за тест.rnrn
Лав
rnПризнавање и почитување на талентот кој тој го поседува, ќе му помогне да остане мотивиран. Фокусирајќи се на своите успеси, на лавот може да му се зголеми желбата за создавање нов успех. На претставниците на овој знак би им годел систем на наградување, за добро завршената работа.rnrn
Девица
rnВнимателната, уредна и трудољубива девица сака совршено да си ги извршува своите обврски, така што таа може и воопшто да не го учи предметот, ако смета дека нешто не прави како што треба. Родителите треба да ја мотивираат, така што ќе ѝ дадат на знаење дека грешки секому му се случуваат и да ѝ влеат храброст и позитивна енергија за да може да ги реши сите проблеми.rnrn
Вага
rnНа дружељубивата вага ќе ѝ користи да биде во друштво додека учи. И покрај тоа што таа може да се дефокусира од учењето, правејќи си муабет, сепак доколку е опкружена со добар ученик/студент, голема е веројатноста да остане концентрирана на предметот.rnrn
Скорпија
rnСкорпијата сака да навлезе во суштината на материјата и да го разреши секој проблем или дилема која ја има. Таа не сака да работи на површни задачи, кои немаат никаква поента. За да останат фокусирани на тематиката, на скорпиите добро би им дошол квалитетен тутор, на кој тие му веруваат и го почитуваат.rnrn
Стрелец
rnНајдобриот наставник во зодијакот е токму стрелецот, па поради тоа тој останува мотивиран доколку паралелно додека учи, им помага и на други колеги/соученици да ја сфатат материјата. Објаснувајќи му ја проблематиката на некој друг, стрелецот си помага и себеси побрзо и поквалитетно да сфати за што станува збор.rnrn
Јарец
rnСериозниот јарец сака концизен план додека учи, па родителите можат да му помогнат на начин што ќе му одредат време и место кое ќе го посвети на учењето. Јасно поставени граници ќе му помогнат на овој знак да сфати што точно се очекува од него како студент/ученик.rnrn
Водолија
rnНа оригиналната водолија може да ѝ претставува проблем секојдневното седнување на маса пред отворената книга. За да не ѝ досади брзо, родителите треба да смислат разни начини на кои ќе ја наградат ако ги положи тестовите. На тој начин, на водолијата учењето ќе ѝ биде поинтересно и плус ќе биде помотивирана да научи сè што е потребно за да положи.rnrn
Риби
rnСензитивната риба можеби изгледа како повеќе да мечтае, отколку што реално ги завршува домашните задачи за на училиште/факултет. Но, ако ѝ дадете добар распоред на време, таа сè ќе научи во дадениот рок и ќе постигне успех на тестовите. На рибата исто така, може да ѝ годи слушањето музика додека се спрема за испит.rnrn
Конечно се почувствува доаѓањето на есента и како што сите полека се враќаме на работните обврски со полна пареа, температурите почнуваат да опаѓаат и полека почнуваме да ги сумираме впечатоците од изминатово лето, така и новите желби и планови за нашиот живот си дојдоа во пакет. Што очекувате да ви се случи во овој период од годината? Работење на добар проект, среќна љубовна врска, емоционална стабилност или добра забава? Видете што мислат ѕвездите околу ова прашање.Овните се со цело срце и ум насочени кон некој голем проект или нова идеја која може да им ги прошири хоризонтите. Тоа може да вклучува некое подолго патување во странство или започнување ново хоби, кое ќе им го одржува умот активен и ангажиран.rnrnБикот копнее по поголема интимна поврзаност со неговиот партнер, но за да го добие тоа што го сака, мора прво да направи промени кај себеси и сопствените чувства околу некои работи. Претставниците на овој хороскопски знак, исто така се надеваат на подобра финансиска ситуација во блиска иднина, а среќата ќе биде на нивна страна.rnrn Близнаците, како и вообичаено, постојано се премислуваат во врска со тоа дали сакаат нешто или не, но дефинитивно на врвот на нивната листа на желби е градењето цврста љубовна врска. Тие во моментов сакаат здрава, убава љубов, повеќе од сè друго на светот.rnrn Ракот сака да почне да работи нешто, за да почне да се чувствува корисно. Тој исто така, сака да го прошири кругот на пријатели, односно да запознае нови луѓе, кои ќе имаат потенцијал да му станат најдобри другари.rnrn Лавот копнее по забава, возбуда и многу внимание. Поточно кажано, тој сака љубов, љубов и само љубов оваа есен. Едно е сигурно – лавовите ќе ја добијат од луѓето потребната количина љубов, доколку се спремни и самите да ја споделат својата.rnrnДевиците сакаат да внесат среќа и комфор во нивниот дом. Тие ќе се восхитуваат на сè што е доволно елегантно и практично за нивното „гнездо“. Исто така, претставниците на овој знак планираат да започнат да работат на некој креативен проект, врз основа на кој ќе се обидат да ја „заработат“ почитта од луѓето во нивниот живот.rnrnВагата во овој период од годината ќе очекува малку повеќе нежност и дарежливост од универзумот. Доста ù е од скромни очекувања. Таа сака да почне да го живее животот на висока нога и под нејзини услови!rnrn Скорпијата копнее по чувство на независност и сигурност (финансиска, но и емоционална). Ако доволно се фокусира на својата листа на желби, постои голема веројатност да ги реализира истите.rnrnСтрелецот има многу едноставна и единствена желба – да биде онаков каков што вистински е. Тој едноставно сака да излезе од својот оклоп и да биде бестрашен, самоуверен и бесрамен. Ако се доволно храбри и уверени дека ќе успеат, на стрелците ќе им зачукаат правдата и среќата на врата.rnrnНа јарецот повеќе од сè на светот му е потребно време посветено само за себе. Тој чувствува потреба да се изолира од надворешниот свет и да се затвори во рамките на сопствениот, каде сака да спореди нешто од неговото минато, со сегашната состојба, за да добие подобра претстава за она што му се случува во животот во моментот.rnrn Водолијата во моментов сака да биде опкружена со поголем број пријатели кои ќе ù го освежат животот. Кога размислува на едно идеалистичко ниво, таа сака на некој начин да придонесе општеството во кое живее, да постане подобро место за живеење.rnrn Рибите се во потрага по храброст; потребно им нешто што ќе ги поттурне на патот кон покажување на нивниот вистински талент на виделина. Тие сакаат да добијат признание за вложениот труд и нема да дигнат раце додека тоа не се случи.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ако вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?rnrnrn
Овен
rnДоколку сте овен во подзнак, луѓето секогаш очекуваат од вас да ги започнувате работите, да бидете лидер и да кажувате нешта, кои никој друг не би се осмелил да ги каже. Вие на луѓето им делувате како многу самоуверена и директна личност, чиј карактер е како сложувалка која лесно може да се состави. Луѓето во вашиот живот, мислат дека ги сфаќаат вашите мотиви. Негативната страна на вашиот подзнак, е тоа што луѓето понекогаш може да мислат дека сте премногу напнати, наметливи и преокупирани сами со себе. Немојте да бидете изненадени доколку другите луѓе очекуваат од вас да бидете љубоморен љубовен партнер. Ова е начинот на кој се однесува овенот. За остатокот од светот, вие изгледате како прав овен!rn
Бик
rnАко сте бик во подзнак, вие на луѓето им оставате прв впечаток како да сте многу присебна, сталожена, самоуверена, амбициозна, а сепак скромна личност. Кој и да е вашиот хороскопски знак, ако сте во подзнак бик, луѓето честопати ќе се потпираат на вас секогаш кога ќе се најдат во тешка ситуација, бидејќи вие изгледате како многу стабилна и логична личност. Тие се позитивните карактерни особини на бикот. Ако немате многу среќа, на луѓето околу вас можеби ќе им оставите впечаток како малку тврдоглава и здодевна личност, која повеќе троши време напорно работејќи на некоја работа, отколку на фактичко реализирање на истата. Но, биковите се многу упорни и решителни личности, па така и вие со овој подзнак, ќе научите да ги искористите ваквите особини во ваша полза.rn
Близнаци
rnАко вашиот подзнак е близнаци, другите луѓе очекуваат од вас да бидете остроумниот шегаџија, кој секогаш ќе смислува интересни и по малку ѓаволести идеи. Едноставно, вие поседувате дел од таа фантастична харизма на близнаците, со која ги освојувате луѓето околу вас. Дури и кога се чувствувате тотално спокојни додека чекате долг ред пред шалтер, на луѓето околу вас им изгледате нетрпеливо. Внимавајте што зборувате – може да постојат гласини за вас, дека многу сакате да озборувате, дури и ако со вашите коментари немате воопшто никакви лоши намери. Сепак, најистакнати ваши особини се духовитоста и остроумноста и луѓето околу вас се секогаш подготвени да бидат импресионирани од сè што ќе изустите.rn
Рак
rnАко вашиот подзнак е рак, вие најверојатно сте првото рамо за плачење, на кое сите трчаат да се потпрат. Вие оставате впечаток на нежна личност, полна со разбирање за чувствата на другите и оваа ваша особина треба да ја искористите за да ги тешите оние на кои им недостасува чувство на сигурност. И покрај тоа што можеби немате многу трпение за тоа, вие можете да очекувате дека другите ќе ви се отвораат секогаш кога ќе им треба некој мајчински совет. Од друга страна, понекогаш делувате преемотивно, па дури и манипулативно.rn
Лав
rnАко сте лав во подзнак, вие однадвор изгледате многу самоуверено, гордо и многу сигурно во себе. Луѓето кога ќе ве видат очекуваат драма, и тие ќе бидат разочарани доколку не ја добијат енергичноста и духовитоста која ја очекуваат од еден лав. Вие сте индивидуалисти, имате оригинален карактер и на луѓето секогаш им „фаќате“ око, без разлика дали го сакате тоа или не. Ако другите ги забележуваат во вас, вашите „кралски“ лавовски карактеристики, тие можеби ќе забележат и некои негативни вибрации како самобендисаност и претерана суетност. И покрај очигледниот интерес за самите себе, вие сте популарни во какво друштво и да се најдете.rn
Девица
rnАко сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè.rn
Вага
rnДоколку во подзнак сте вага, тогаш на останатите сигурно им е многу тешко да ви кажат „не“. Вие изгледате многу шармантно и убедливо, па така на луѓето им е многу тешко да одбијат да ви помогнат некако. Вашиот изглед е секогаш среден, дури и кога одите до продавница. Надворешно изгледате неодлучно, а со тоа им оставате простор на другите да одлучуваат за вас, правејќи да изгледате уште понеодоливо. Намуртеноста и суетата се двете најслаби ваши квалитети. За среќа, вие секогаш избегнувате конфликт.rn
Скорпија
rnДоколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена страхопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексапил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексапилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.rn
Стрелец
rnДоколку во подзнак сте стрелец, луѓето ве гледаат како среќна личност. Не е важно дали сте лошо расположени, вие на светот му изгледате како оптимист, отворена личност, добар пријател и авантурист. Од друга страна, често сте немирни и пркосни. Брзо ви станува досадно и честопати почнувате кавги чисто поради забава. Вие оставате впечаток како да сте многу рамнодушни, па така другите понекогаш си дозволуваат да ви кажат некои луди, неочекувани, па дури и навредливи работи, очекувајќи дека нивните коментари нема да имаат никакво значење за вас. Но не можете против тоа, едноставно тоа е ваша карактеристика.rn
Јарец
rnАко во подзнак сте јарец, луѓето ќе се шокираат доколку видат дека се однесувате ексцентрично. Дури и да се чувствувате како централна личност на забавата, другите очекуваат вие да бидете смирени, стабилни и сталожени. Вие може да ги заплашите другите со вашата потреба да доминирате и да заповедувате, но сепак тие ќе ве побараат кога ќе биде потребно да воспоставите ред. Негативност ви е тоа што знаете да бидете песимистични и премногу критични. Доколку најдете начин да ја користите вашата способност за влијаење врз луѓето, можете да си ја олесните работата на секое поле.rn
Водолија
rnДоколку во подзнак сте водолија, може да изгледате како далечна, умствено отсутна личност од моменталното случување, која е по малку чудна и ја набљудува само својата внатрешност. Иако изгледате како незаинтересирани, вие паралелно оставате впечаток, како длабоко во себе да се грижите за човештвото во целост, но не и за поединци. Вие лесно придобивате пријатели, благодарение на вашето влијание врз луѓето, но сепак има и неколку негативности на кои треба да внимавате. Понекогаш знаете да бидете груби, нечувствителни и ексцентрични. Но и покрај овие карактеристики, вие сè уште сте лудо популарни во друштвото.rn
Риби
rnДоколку во подзнак сте риби, луѓето може поинаку да ве доживуваат, отколку што вие мислите. Она што за вас е обично размислување, останатите ќе го гледаат како сонување со отворени очи. Вие изгледате како изгубени во светот на илузиите. Дури и да се чувствувате комплетно сигурни во себе, останатите можат да почнат да газат внимателно околу вас, плашејќи се да не ви ја прекршат или повредат вашата сензибилност. Токму оваа карактеристика често може да ве доведува во неволји. Вие може да бидете лесна цел, за некој кој чека такви како вас. Исто така немојте да бидете изненадени доколку луѓето доаѓаат кај вас да си ги отворат своите срца и да си ги кажат своите маки. За тоа, обвинете ја вашата грижлива аура која ја ширите.rnrn rnrn
Некои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои.rnrnrnrnВодолијата знае дека нема ништо повредно во животот од независноста на умот и духот, па затоа бара партнер кој го дели истото мислење. Претставниците на овој хороскопски знак се доволно блиски со нивниот партнер, за да уживаат во интимната врска, но најзадоволни ќе се чувствуваат доколку имаат доволно простор да си ги остварат своите лични желби, но и потребите на нивниот партнер, без да мислат дека нешто ги попречува во тоа.rnrnСкорпијата смета дека патот за вистинско пронаоѓање на нејзиното свое јас, е преку цврста и страсна љубовна врска. Овие луѓе се способни да останат засекогаш приврзани за нивниот партнер, се разбира доколку станува збор за искрена љубовна врска.rnrnРакот е семеен хороскопски знак, кој како „глава“ на семејството внесува помеѓу неговите членови сила и самодоверба. Но, раковите имаат тенденција да го загубат својот идентитет, обидувајќи се постојано да се прилагодуваат на потребите на другите луѓе, поради што ќе треба да се потрудат малку повеќе за да овозможат и нивниот глас да биде чуен.rnrnОвенот, бикот и лавот се силни знаци, кои дефинитивно обожаваат да бидат во љубовна врска, но најчесто инсистираат нивните желби и потреби да дојдат на прво место. Тие го определуваат темпото по кое планираат да се движи нивната врска и очекуваат нивната „подобра половина“ да го следи со задоволство.rnrnЈарецот смета дека најдобриот начин да остане искрен спрема себеси е преку постигнување поголем успех во својата професија. И покрај тоа што претставниците на овој хороскопски знак ги ценат цврстите љубовни врски, нивниот партнер може да се чувствува како да е од второстепено значење за нивниот преамбициозен партнер.rnrn Рибите ризикуваат да ги заборават своите потреби, бидејќи постојано се трудат да го прават она што сметаат дека е потребно за одржување на нивната љубовна врска. За да си ги „наполнат“ батериите кои постојано ги користат за некој друг, тие бегаат во нивниот свет на фантазија и честопати избегнуваат или забораваат да се поврзат со партнерот во искрена и вистинска смисла на зборот.rnrn Девицата е толку независна и самостојна, што честопати одбива да стане дел од сериозна љубовна врска, бидејќи стравува дека ќе му даде на нејзиниот партнер премногу од себеси.rnrn Близнаците и покрај тоа што се многу флексибилни луѓе, нив брзо им здосадува. Ако партнерот премногу ги турка во насока, која е спротивна од она што тие го посакуваат за себе, ќе тргнат во потрага по нив сопствен начин на забава.rnrnВагата е социјална пеперутка. Обожава да биде во друштво, помеѓу пријателите и да биде дел од убава љубовна врска. Претставниците на овој хороскопски знак одлично се снаоѓаат и сами, но кога се во врска, сакаат да зависат од нивниот партнер и се спремни целосно да му се посветат и да се прилагодат на неговите/нејзините потреби. Тие се толерантни и флексибилни луѓе, сè до оној момент додека не сфатат дека партнерот тотално го менува нивниот карактер и начин на живот.rnrnСтрелецот не може да живее без својата независност. Тој копнее по возбуда и авантура и со раце ширум отворени, ги дочекува промените во животот. Слободата им е толку битна на стрелците, што тие ги носат сопствените одлуки врз база на количеството простор со кое располагаат. Тие можат да пропуштат добра љубовна врска, ако сметаат дека потенцијалниот партнер премногу ги гуши.
Интимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.rnrnrn
Овен
rnВие сакате да ги правите работите онака како што вас ви одговара. Имате силно чувство за независност, кое се плашите дека ќе го изгубите во врските со другите луѓе. Бидејќи сами можете да се справите со сите работи, вие може да избегнете да им покажувате на луѓето кои ви значат, колку во суштина ви се потребни во животот. Научете како да им дозволите на другите да се зближат со вас и истовремено да ја задржите вашата независност во одлучувањето и справувањето со животните ситуации. Исто така, немојте уште одма да почнете премногу да барате и очекувате од другите луѓе.rn
Бик
rnКога еднаш ќе решите да стапите во љубовна врска, тоа е нешто што ќе трае многу долго, ако не и засекогаш. Затоа, вам ви е потребно повеќе време додека да ја одберате вистинската личност. Кога еднаш сè ќе се среди, сакате работите да останат такви засекогаш и тврдоглаво одбивате да направите некаква промена. Најголемата бариера на вашата интимност, е стравот да ја напуштите вашата комфорна рутинска зона. Морате да почнете да верувате дека промените во животот се убава работа. Пречекувајте ги со раширени раце, за да ù дозволите на љубовта да почне да цвета.rn.rn
Близнаци
rnВие сте како птица в лет. Никогаш не можете да останете на едно место доволно долго, за да пуштите „корења“. Стравот дека набрзо ќе ви здодее од таа работа што во моментот ја правите, ве одржува секогаш на површината, не дозволувајќи ви да се чувствувате обврзани за некој или нешто. Воедно, во вас постои и страв дека љубовниот партнер еден ден ќе го види „мрачниот“ близнак во вас, кој вие толку многу се трудите да го сокриете. Дозволувањето на некоја драга личност да ја осветли таа ваша темна страна со љубовен жар, е вистинскиот пат кон целосна интимност.rn
Рак
rnВие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.rn
Лав
rnВас ви е проблем да се откажете од контролата врз работите. Потребата да ја играте главната улога во секоја ситуација, може да ги држи другите луѓе на дистанца од вас. Бидејќи делувате толку способни, луѓето со задоволство ви дозволуваат да го водите „шоуто“. Не гледајте го ова како добра работа. Споделувањето на моќта со другите луѓе, е клучот за градење искрена конекција. Доколку ги откриете областите во кои не сте компетенти да се натпреварувате, ќе им дозволите на луѓето кои ги сакате, да ве запознаат вистински, онакви какви што сте. Исто така, може да ги оддалечувате луѓето од вас со вашата избувливост, затоа почнете да си ја тренирате трпеливоста.rn
Девица
rnЧувството дека вашето постоење на овој свет не е доволно значајно, е коренот на вашите психолошки проблеми со другите луѓе. Вие се плашите дека ако ги откриете вашите несовршености, луѓето ќе избегаат од вас. Всушност никој не очекува од вас да бидете толку совршено прецизни и внимателни во сè што правите. Напротив, вашите пријатели повеќе би сакале да излезете надвор со нив и да се забавувате, наместо постојано да се грижите и да ги заштитувате. Не дозволувајте му на вашиот остар ум и аналитички способности да доминираат врз вашите чувства, во кои лежи магијата на вашата интимност.rn
Вага
rnВие секогаш се трудите да внесете хармонија и убавина во оние ситуации кои не се толку пријатни. Токму затоа вие се трудите проблемите во врската да ги сокриете под чергата, каде што тие ќе избледат и ќе се дистанцираат од вас. Интимноста е реално нешто, па токму затоа преправањето дека сè е во ред, кога не е, може да биде лоша работа. Исто така, вашиот вешт ум е способен да се справи со некои чувства без притоа воопшто да ги почувствува. Она што вас ве плаши е впуштањето во нерешлив хаос од чувства, но токму тоа е клучот за интимноста.rn
Скорпија
rnПонекогаш луѓето се чувствуваат загрозено од вас, што може да ви создава бариера кон зближувањето. Не е дека вие ја избегнувате интимноста. Вие секогаш успевате да нурнете длабоко во вашите чувства и да им се спротивставите на проблемите. Но, вашата жестина и сурова директна искреност, може да биде премногу за луѓето околу вас. Тие може да чувствуваат дека барате премногу од нив. Сепак, од друга страна, вие можете да ги сокриете вашите најдлабоки чувства, доколку се плашите дека ако се отворите некому, тој ќе ве предаде. Треба да научите повеќе да им верувате на луѓето.rn
Стрелец
rnВашиот знак симболизира вечно ергенство. Вие сакате да си ја заштитите вашата слобода и бегате кога луѓето сакаат да ви се доближат. Вашата најголема интимна бариера е мислењето дека приврзувањето со луѓето е права замка, која ќе ве одведе кон досада и едноличност. Решение за ваквиот проблем е партнер кои ќе ви дава поголема слобода, но за возврат ќе мора да бидете тука во „досадните“ моменти од врската.rn
Јарец
rnВие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.rn
Водолија
rnВие секогаш барате логика во секое ваше чувство. На вас сите гледаат како независен, дури и ладнокрвен човек кој има проблеми да си ги изрази чувствата. Но бидејќи вие имате побистар и побрз ум од другите, сметате дека треба да се грижите само за вашите потреби. Се плашите дека ќе ја загубите слободата доколку им дозволите на останатите да дознаат што ви се случува однатре. За да ја избегнете вербата во осаменост, потребно ќе ви биде поголемо отворање кон другите и истражување на она што го носите во вашето срце.rn
Риби
rnВашата најголема бариера кон интимноста, претставува недостатокот од себепознавање. Вие сте како камелеон, способни да бидете сè што останатите ќе побараат од вас да бидете, што понекогаш заборавате да се запрашате што вие сакате. Доколку поминете одреден период сами, настрана од чувствата и потребите на останатите, можете да создадете подобри граници и да ја изгубите потребата за спасување на сите што ги сакате или да дозволувате тие да ве искористуваат.rnrn rnrn
Секој знае да се справи со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rnrnrnrnОвенот никогаш не дозволува еден неуспех да го совлада. Неговата отпорност и необрнувањето внимание, му овозможува да ги остави проблемите во минатото и да продолжи да се обидува и да се обидува…rnrnБиковите секогаш ги игнорираат работите кои на сите други им личат дека се неуспех и продолжуваат да работат на тоа што почнале. Нивната истрајност често се покажува како одличен метод, но доколку нешто тргне наопаку, можат да се појават проблеми.rnrnБлизнаците се мајстори за опоравување од последиците од погрешна одлука, бидејќи тие често имаат неколку започнати работи одеднаш. Доколку една од нив не успее, тие едноставно вниманието го свртуваат кон некоја од останатите активности.rnrnРаковите имаат многу тешкотии да се соочат со реалноста и да ги остават работите да бидат такви какви што се. Сепак, тие поседуваат капацитет и секогаш пројавуваат иницијатива да создадат инспиративен план. Поради ваквиот начин на функционирање, тие секогаш се спремни да напредуваат самоуверено.rnrnСамоувереноста на лавот може да му опадне многу брзо доколку тој наиде на тешкотија или доколку почувствува дека ја изгубил поддршката од луѓето околу него. Неговата опадната самодоверба ќе го држи воздржан од повторно обидување, а за напредок ќе му биде потребно враќање на честа.rnrnДевиците се екстремно самокритични доколку нешто погрешиле. Сепак, тие веднаш штом сфатат дека направиле некој кикс, никогаш повеќе нема да им се случи да ја повторат истата грешка. Нивната зависност од работа ќе ги натера да ги прават работите како што треба.rnrnВагата може да се загрижи доколку нејзиниот углед е ставен во прашање, но истата оваа нејзина особина ја мотивира да го одржи притисокот во животот, кога нешто не е како што треба. Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.rnrnСкорпијата сака да биде многу почитувана во нејзината професија и веројатноста за соочување со некаков проблем или грешка ја потресува. После некое време ќе мора да се соочи со тоа, а понекогаш ќе има тешкотии низ тој процес.rnrnКога станува збор за работа, стрелецот секогаш гледа само во еден правец, а тоа е напред. Поседувањето позитивна мисла и беспоштедна надеж, секогаш е спасувач во неговата кариера.rnrnЈарецот знае да биде потиштен кога ќе направи некоја грешка на работа, но најчесто има повеќе алтернативи кои би го вратиле во ритам. Откако ќе се ослободи од негативната енергија, се однесува како ништо да не се случило.rnrnВодолијата не се грижи што мислат останатите, ниту пак слуша многу совети. Како резултат на ова,често знае да „заглави“. Кога ќе се реши да се справи со своите грешки, таа брзо се враќа на правиот пат.rnrnРибите имаат големи проблеми да се вратат во нормала кога ќе погрешат нешто, бидејќи многу им паѓа самодовербата. Сепак, откако ќе сфатат дека грешки се случуваат, колебливо одново се обидуваат.rnrn rnrn
Есента само што не ни зачукала на портите, па затоа мораме да бидеме спремни за посериозни обврски и враќање во реалноста, по долгото и мрзеливо лето. Оваа транзиција може за некого да биде многу тешка, па затоа погледнете што ви порачуваат ѕвездите, за да останете во вашиот природен баланс.rnrnrn
Воздушни знаци (близнаци, вага, водолија)
rnВоздушните знаци го обожаваат она чувство на есен, кога треба да се вратат на работните задачи, но може да им се случи да си зададат премногу обврски, кои потоа не можат да ги исполнат. Од аспект на здравјето, најповолно за нив би било да си создадат редовна рутина во извршувањето на секојдневните активности и на тој начин да си внесат ред и баланс во животот. Бидејќи воздухот во овој дел од годината има тенденција да биде многу сув, воздушните знаци треба редовно да користат масла и млека за тело, кои ќе ја одржат влажноста на нивната кожа. Исто така, медитацијата и јогата можат да помогнат за разбистрување на нивниот ум и за подобро фокусирање на задачите.rn
Огнени знаци (овен, лав, стрелец)
rnОгнените знаци може да имаат малку тешкотии да ги испратат мрзеливите летни денови, бидејќи тие попрво би си играле, отколку што би работеле. Тие можат да ја одржат забавата во животот доколку практикуваат вежби кои вклучуваат музика. Бидејќи во овој период од годината кај огнените знаци може да се појави чувство на исцрпеност, уметноста, музиката и часовите по глума, можат да бидат одличен начин за разгорување на нивната креативност, која ќе придонесе овие страсни знаци да се чувствуваат исполнето и среќно. Етеричните масла од лаванда и рози ќе им помогнат да се ослободат од стресот и да го подобрат расположението.rn
Водни знаци (рак, скорпија, риби)
rnВодените знаци многу посуштински гледаат на есента, бидејќи таа им дава време да ги процесираат и да размислат за сите настани кои се случиле во летото. Тие за време на есента сакаат да се сами и да имаат повеќе слободно време да пишуваат, сликаат или едноставно да мечтаат. Само ваквите активности ќе им помогнат да останат во нивниот природен баланс. Бањите, топлите извори и прошетките по плажа, се одличен начин да се соземат и да се ослободат од стресот.rn
Земјени знаци (бик, девица, јарец)
rnПрактичните земјени знаци ја обожуваат есента, бидејќи се враќаат на активностите, редовниот распоред и обврските, кои им даваат чувство дека се продуктивни. Овие знаци можеби ќе скокнат пребрзо во долгочасовна работа и преземање премногу обврски, кои потоа можат да имаат стресни последици. За да останат во природниот баланс, нив им е потребна физичка активност. Градинарството и прошетките помеѓу есенските златеникави лисја, се одличен начин за тие повторно да се поврзат со природата. Спа-третманите можат да им бидат од голема корист, бидејќи тие вистински уживаат во човечкиот допир.rnrn rnrn