КАФЕ ПАУЗА

Category: Тематски хороскоп

  • Африкански хороскоп

    Африкански хороскоп

    Потеклото на африканската астрологија може да се проследи наназад, почнувајќи од развојот на античката африканска цивилизација. Се верува дека Африканците се најпримитивната цивилизација кај која се појавиле науката за ѕвездите, имињата на планетите и интересот за астрологијата. Читањето на африканскиот хороскоп се состои од толкување на хороскопскиот знак според африканската култура, елементот кој одговара на знакот, среќниот ден, успешните месеци, деловите од телото и најважно, ги открива карактеристиките на личноста.Африкански хороскопrn

    Татко (4 јануари – 3 февруари)

    rnСреќен ден: четвртокrnУспешни месеци: јануари и мајrnЕлемент: воздухrnДрво: баобабrnБоја: зеленаrnrnЗнакот татко е поврзан со Сонцето и светлината. Тие се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Внимателни се. Другите имаат доверба во нив и затоа често им се обраќаат за совет. Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки.rnrnЉубов:Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер; од заедничко живеење, до заеднички патувања. Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат.rnrnРабота:Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети.rnrnЗдравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат тенис и пливање. Добри за нив се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот. Потребно е да се ослободат од токсините.rn

    Мајка (4 февруари – 5 март)

    rnСреќен ден: средаrnУспешни месеци: февруари и јуниrnЕлемент: воздухrnДрво: кокосrnБоја: сива и синаrnrnЗнакот мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед. Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде. Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе.rnrnЉубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна. Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската.rnrnРабота: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат. Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети.rnrnЗдравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови. Не го обожаваат спортот, но добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.rn

    Семејство (6 март – 4 април)

    rnСреќен ден: вторникrnУспешни месеци: март и јулиrnЕлемент: земјаrnДрво: палмаrnБоја: рубин-црвенаrnrnЗнакот семејство е поврзан со симболот на круг со точка во средината, што означува заедница и солидарност меѓу луѓето што се крвно поврзани или, едноставно, означува блиски пријатели. Родените во овој знак се топли и внимателни луѓе кои понекогаш се забораваат затоа што повеќе се загрижени како да ги задоволат другите. Често се дел од добротворни и хуманитарни акции што им помага на припадниците на овој знак да избегаат од секојдневието.rnrnЉубов: Пријателите, семејството и децата се најважни за родените во овој знак. За да бидат среќни, треба да се опкружени со оние кои ги сакаат. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живеење. Знаат како да шармираат и да заведат некого, но најчесто успеваат кога не се ни обидуваат да го направат тоа. Овие луѓе никогаш не се здодевни затоа што за нив постојано има нешто ново да се открива.rnrnРабота: Најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Чувствителни се и знаат да ги слушаат другите. Она што ќе го слушнат од другите, знаат да го преобразат во некој вид уметност. Богатството од емоции им помага да го развијат нивниот потенцијал за креативност.rnrnЗдравје: Сакаат јога, таи чи и боречки вештини. Себеси си обезбедуваат добар тренинг и ја следат виталната енергија. Треба да се опуштат и да се грижат за себе, дозволувајќи си масажи со етерични масла или да поминуваат повеќе време во тишина.rn

    Син (5 април – 4 мај)

    rnСреќен ден: саботаrnУспешни месеци: април и августrnЕлемент: земјаrnДрво: багремrnБоја: зеленаrnrnЗнакот син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот татко. Родените во знакот син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат. Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети. Другите ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат да им велат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.rnrnЉубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба. Другите можат да мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта ќе направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.rnrnРабота: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.rnrnЗдравје: Сакаат секаков вид спортување; велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.rn

    Ќерка (5 мај – 4 јуни)

    rnСреќен ден: неделаrnУспешни месеци: мај и септемвриrnЕлемент: оганrnДрво: гуаваrnБоја: кафеаваrnrnЗнакот ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот. Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.rnrnЉубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви. Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.rnrnРабота: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.rnrnЗдравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.rn

    Чичко (5 јуни – 4 јули)

    rnСреќен ден: понеделникrnУспешни месеци: јуни и октомвриrnЕлемент: водаrnДрво: тропски кактусrnБоја: жолтаrnrnЗнакот чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики. За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.rnrnЉубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период. Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.rnrnРабота: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите. Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.rnrnЗдравје: Енергијата никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.rn

    Вештерка (5 јули – 4 август)

    rnСреќен ден: вторникrnУспешни месеци: јули и ноемвриrnЕлемент: оганrnДрво: африкански кедарrnБоја: портокаловаrnrnЗнакот вештерка не означува ништо страшно, ниту опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Тоа се ведри и определени личности. Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Дарежливи се, но и нетрпеливи. Не го трошат времето жалејќи за минатото. Имаат многу силна интуиција. Работите ги предвидуваат пред да се случат и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе. Нивната мистериозност ги фасцинира другите.rnrnЉубов: Сакаат да го привлекуваат туѓото внимание и тоа го прават сосема природно, без ни малку напор. Често ги менуваат пријателите. Со партнерот развиваат силна и интензивна врска, базирана на необично партнерство и физичка интимност. Склони се кон љубов на прв поглед. Често знаат да го напуштат партнерот заради некој друг, за потоа повторно да ѝ се вратат на претходната личност.rnrnРабота: Амбициозни и интиутивни, родените во овој знак успешно се снаоѓаат во секоја работа. Среќни се кога работат во помали компании, на проекти што ги мотивираат. Се стремат кон разбирање со шефот и затоа повеќе им одговара индивидуална работа.rnrnЗдравје: Иако припадниците на овој знак се едноставни и прекрасни, сепак треба да вежбаат за да останат во форма, па дури и да се работи за обично пешачење. Од спортовите најмногу им одговара пливањето.rn

    Лав (5 август – 3 септември)

    rnСреќен ден: средаrnУспешни месеци: август и декемвриrnЕлемент: земјаrnДрво: колаrnБоја: црнаrnrnЗнакот лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите го сакаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило. Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт. Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тoа брзо им здосадува и бараат нов предизвик.rnrnЉубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот. Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти.rnrnРабота: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност.rnrnЗдравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги изведуваат вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба.rn

    Антилопа (4 септември – 3 октомври)

    rnСреќен ден: четвртокrnУспешни месеци: септември и јануариrnЕлемент: воздухrnДрво: савана-грмушкаrnБоја: бледа розоваrnrnЗнакот антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света. Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани сè од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки. Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите.rnrnЉубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода. Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни затоа што ги потсетуваат на нивното потекло.rnrnРабота: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата.rnrnЗдравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор, па од премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение.rn

    Мудрец (4 октомври – 3 ноември)

    rnСреќен ден: петокrnУспешни месеци: октомври и февруариrnЕлемент: водаrnДрво: аришrnБоја: белаrnrnЗнакот мудрец го симболизира слонот и ја означува мудроста на предците во Африка. Тие се топли и внимателни луѓе. Емотивни се, но сепак размислуваат пред да дејствуваат. Родените во овој знак се совршена слика за комплексноста и дволичноста. Еден ден се идеални поети, а другиот ден – манипулативни генијалци. Нивното расположение се менува, како што се менува времето. Самите себе најдобро си се разбираат. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Тие инстинктивно знаат дали другите имаат позитивно влијание врз нив.rnrnЉубов: Тие се среќни само кога се заљубени. Така се чувствуваат ценети. Иако се зафатени со различни нешта, не треба да забораваат дека сепак некој ги чека дома. Понекогаш не се верни ниту на самите себе. Нежни се и романтични и ги сакаат патувањата.rnrnРабота: Овие личности ја имаат сета креативност, имагинација, интуиција, писателски и сликарски вештини кои им се потребни за да ја изразат нивната убавина. Во тоа е нивната сила, освен ако не најдат работа која ја поттикнува нивната креативност на друг начин, како што е работењето со деца.rnrnЗдравје: Имаат неограничена енергија и затоа секогаш трчаат, се качуваат или скокаат наоколу. Тоа е добро за нивното здравје, но треба повеќе да го слушаат сопствениот организам. Потребно е повеќе да спијат.rn

    Тетка (4 ноември – 3 декември)

    rnСреќен ден: саботаrnУспешни месеци: ноември и мартrnЕлемент: оганrnДрво: еукалиптусrnБоја: бежrnrnЗнакот тетка е поврзан со дрвено стапче што го означува природниот авторитет во Африка. Родените во овој знак се дарежливи, простодушни и посветени. Шират позитивна, смирувачка енергија и така ги привлекуваат другите. Среќни и интуитивни, овие луѓе постојано се подобруваат материјално и духовно. Го гледаат доброто кај другите и затоа лесно се поврзуваат со нив. Не треба да бидат толку наивни. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат.rnrnЉубов: Често самите се прашуваат каква врска посакуваат, стабилна љубов или страсни искри? Не можејќи да одлучат, најчесто балансираат помеѓу двете опции, но само ако се сигурни дека нема никого да повредат, затоа што припадниците на овој знак се одговорни луѓе. Потребен им е секс и многу љубов и внимание, тоа ги прави среќни.rnrnРабота: Не се сигурни каква работа бараат и постојано се во чекор со настаните. Луѓето што ги запознаваат им помагаат да успеат во кариерата. Нивната можност за брзо и лесно приспособување им помага да се адаптираат на секоја непредвидена ситуација. Само така можат да напредуваат.rnrnЗдравје: Во одлична здравствена состојба се. Треба често да ги менуваат спортските активности за да не им здодеат брзо. Најмногу им одговараат сезонски спортови на отворено.rn

    Изобилство (4 декември – 3 јануари)

    rnСреќен ден: вторникrnУспешни месеци: декември и априлrnЕлемент: водаrnДрво: гинко билобаrnБоја: златнаrnrnЗнакот изобилство се поврзува со водопадот што означува голема способност, богатство и изобилство во секој сегмент од животот. Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите. Сакани сè од другите, но треба да ја заслужат нивната љубов, посветувајќи им повеќе време. Чувствуваат како да има премногу луѓе во нивниот круг и не секогаш тие се вистинските. Треба да одберат со кого ќе се дружат. Повеќе треба да ѝ веруваат на сопствената интуиција.rnrnЉубов: Не можат да одлучат што точно бараат во љубовта. Ако се решат за еден партнер, тогаш тоа мора да биде според нивните услови. Не смеат да заглават во рутината или да бидат на некој начин ограничени. Сакаат луксуз и неочекувани изненадувања. Партнерот ќе мора да се бори за да ги задржи.rnrnРабота: Во работата секогаш може да сметаат на нивната среќа. Треба да ги подобрат сопствените вештини и да се здобијат со поголемо искуство. Не треба да ги мешаат љубовта и работата. Сè што треба да направат е да си ја вршат својата работа, а не да ги прават другите среќни.rnrnЗдравје: Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работата. Најдобро се снаоѓаат во индивидуалните спортови кои им помагаат да се сконцентрираат, како што се голф или јавање коњи. Мора повеќе да се грижат за себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Месечината низ хороскопските знаци

    Месечината низ хороскопските знаци

    Автор: Тања ИлиевскаrnrnЗнакот во кој се наоѓа месечината при нашето раѓање открива многу за нашите навики, реакции и инстинкти. Тој покажува како ги искажуваме и како се справуваме со нашите емоции и ги открива нашите најдлабоки потреби. Овој знак можеме да го прочитаме од нашата натална карта или за таа цел да се послужиме со онлајн калкулатор. Она што следува не е детално толкување, туку општи карактеристики на месечината во хороскопските знаци.rnrnМесечината низ хороскопските знациrn

    Месечина во овен

    rnМесечината во овен во наталната карта укажува на брзоплето и избрзано донесување одлуки и на инстинктивни реакции. Покрај тоа оваа личност може често да го менува расположението и да биде нетрпелива. Кога месечината е во хармонична позиција, тогаш личноста јасно ги изразува своите желби и потреби, независна е и многу активна, па поради овие способности успева да оствари забележливи резултати во работата и отворен и искрен однос во љубовта. Лошите положби на месечината во овој знак, укажуваат на неосновано упатување негативна критика, слабост и егоистично однесување.rn

    Месечина во бик

    rnМесечината во бик во наталната карта укажува на личност која во емотивна врска се впушта со одредена доза на внимание, па и сомнителност. Оваа личност може бавно да реагира и потешко да остварува подлабок т.е. отворен однос во љубовта, ама кога еднаш се заинтересира за некого станува многу пријатна и достојна за доверба. Во суштина ова е личност која бара стабилност и тежнее кон сигурност во љубовниот однос, но не ги изразува најдобро своите чувства. Во тешките аспекти на месечината, личноста може да биде многу тврдоглава, тешко се прилагодува и не e подготвена на компромис.rn

    Месечина во близнаци

    rnМесечината во близнаци во наталната карта укажува на способност за изразување чувствата на мудар и интелигентен начин. Оваа личност може да биде многу енергична и принципиелна и во емотивната врска се поставува рационално, смирено и умее добро да се прилагодува и да воспоставува контрола над ситуацијата. Кога месечината во оваа положба е лошо поставена, личноста може да биде со непостојана природа и да има променливи чувства со што остава лош впечаток кај другите. При добрите положби на месечината, личноста може да биде многу аналитична, комуникативна и мудра.rn

    Месечина во рак

    rnМесечината во рак во наталната карта често укажува на многу емотивна личност, која многу лесно може да заплаче штом ќе ја совладаат силни емоции. Настаните од минатото можат многу силно да влијаат врз неа во сегашноста и врз нејзините одлуки поврзани со идните настани. За неа е карактеристично силното влијание на мајката во детството, посебно во поглед на сфаќањето на моралните вредности. Поради застапеноста на поголема количина на емоции кои личноста ги внесува во сè што работи, постои опасност таа да не може доволно рационално да ги согледа нештата, особено кога месечината е лошо поставена.rn

    Месечина во лав

    rnМесечината во лав во наталната карта укажува на сензитивна, пријатна и пожртвувана личност, која е полна со живот. Со други зборови ова е личност со јаки и интензивни чувства, која зрачи со позитивна енергија и поседува необична харизма. Поради тоа, прилично е сакана во друштвото, а во љубовта може да биде вистински магнет. Присуството на хармонични аспекти на месечината често укажува на прилично среќна личност, која може да биде многу ефикасна, самоуверена и истрајна. Лошите позиции на месечината можат да укажат на претерана своеглавост, конфузија на чувствата, претерана гордост и чувство на поголема вредност и надмоќност.rn

    Месечина во девица

    rnМесечината во девица во наталната карта често укажува на личност која побргу би ги потиснала своите чувства, отколку да ги искаже. Оваа личност е срамежлива и ненаметлива и често поради тоа може да го одвлече вниманието од себе. Многу внимателно и вредно работи за да постигне добри резултати, а кога постигнува успех не сака претерано да се фали со тоа и громогласно да го искажува своето воодушевување. Таа работи со стил и скромност. Во случај на лоши позиции, личноста може да биде склона кон песимистично размислување и да има проблеми со самодовербата.rn

    Месечина во вага

    rnМесечината во вага во наталната карта често укажува на изразена потреба за љубов која на оваа личност ù е од суштинско значење во животот. Овие личности не се воздржуваат на отворен начин да ги изразат своите чувства. Емоционалните реакции се често добро усогласени со разумот, така што личноста во сите прилики најчесто остава впечаток на некој кој е урамнотежен и емоционално интелигентен. Кај поволните положби на месечината во вага, личноста достигнува несебична смиреност и спокојство, така што полесно успева да дојде до благосостојба и до некои наизглед недостижни цели, токму поради својата разбраност и мудрост. Кај лошите положби на месечината, изразена е опасноста од склоност кон меланхолично однесување, особено доколку постојат проблеми на полето на љубовта.rn

    Месечина во скорпија

    rnМесечината во скорпија во наталната карта укажува на тешко искажување на емоциите. Оваа личност е истовремено и многу страсна и многу ранлива, така што повеќе гледа да ги искажува емоциите на скриен и индиректен начин за да се заштити од евентуално емотивно разочарување. Тврдоглава е, поради што може многупати да работи на своја штета. Кога месечината во оваа положба е лошо аспектирана, оваа личност може потсвесно во љубовните врски да тежнее кон доминација што никако нема да ù се допадне на другата страна. Меѓутоа при присуството на хармонични аспекти, личноста кон работите приоѓа со голема количина на љубов и страст, а во љубовта повеќе е свртена кон остварување на долготрајна врска, отколку кон кратки авантури.rn

    Месечина во стрелец

    rnМесечината во стрелец во наталната карта често укажува на отворен, филозофски и многу позитивно настроен тип личност, независна и оригинална во размислувањето, која исто така го цени и мислењето на другите луѓе. Во љубовта ги изразува своите најдлабоки чувства на по малку резервиран начин. Кога месечината во оваа положба е добро насочена, тоа укажува на личност со изразена самодоверба и способност на сите неволји и проблеми во животот да приоѓа на еден многу рационален и храбар начин. Исто така во овој случај е присутен и огромен оптимизам со чија помош личноста успева да реши и наизглед нерешливи проблеми.rn

    Месечина во јарец

    rnМесечината во јарец во наталната карта укажува на личност која е резервирана и која не сака претерано со зборови да ги искажува своите чувства. Вредна и дисциплинирана, оваа личност има многу озбилен и зрел пристап кон животот, поради што често може да делува позрело во однос на своите врсници. Свесна е за своите квалитети и ограничувања. При присуство на лошите аспекти на месечината во јарец може да се јави песимистички поглед на животот, додека во случај на хармонични аспекти постојат нагласени можности личноста да биде голем авторитет или на добро платена функција на работа.rn

    Месечина во водолија

    rnМесечината во водолија во наталната карта неретко укажува на личност која ја привлекува сè што е невообичаено и несекојдневно. Таа себеси се доживува како доброчинител и како некој кој има потреба да застане на страната на послабите. Дури и како возрасна личност, настроена е кон бунт и сака да направи сè што е во нејзина моќ да ги смени работите т.е. во некоја смисла да ги подобри. Кога месечината е добро поставена, укажува на голема принципиелност и традиционално всадени вредности. Лошо поставената месечина укажува на тоа дека личноста на другите може да им делува ладно и недостапно, најчесто поради тешкото изразување на внатрешните чувства. Причината за ваквото однесување може да се најде во тоа што при присуството на лошите положби може да биде обесхрабрена и без доволно самодоверба.rn

    Месечина во риби

    rnМесечината во риба во наталната карта укажува на многу сензитивна личност, која често се раководи според своите чувства. Поради силното влијание на емоциите, оваа личност може да биде недоволно објективна. Врз нејзиното расположение влијае околината, така што врз неa можат да се пренесат негативните и позитивните чувства од другите луѓе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Годишен хороскоп за 2012

    Годишен хороскоп за 2012

    Оваа година ќе донесе некои позитивни промени во животот на скоро сите знаци во Зодијакот. Тоа може да се однесува на кариерата, љубовта или на животот и животните ситуации воопшто, но важно е тоа што влијанието ќе биде позитивно во поголемиот број случаи. Погледнете каква ќе биде 2012 година за секој од хороскопските знаци.Годишен хороскоп за 2012rnrn

    Овен

    rnИзминатата година беше по малку хаотична и стресна за родените во знакот овен, но во 2012 г. се очекува подобрување на сите полиња. Оваа година ќе биде помалку стресна, а ќе се елиминираат и некои потешки проблеми и оптоварувања. Финансиските проблеми ќе се надминат, а за многумина се очекуваат и позитивни промени на овој план. На работното место може да се очекува унапредување или зголемување на платата, но исто така е можно и да ја пронајдете работата од соништата која ќе ја извршувате со задоволство.rn
    rn

    Бик

    rnБожицата на среќата и успехот, Фортуна ќе им се насмевнува на луѓето родени во знакот бик во оваа година поради присуството на планетата Јупитер во нивниот знак. Тоа ќе влијае на сите полиња во животот на биковите. Судбината ќе им биде многу наклонета на луѓето од овој знак, многу добри нешта наидуваат и им се нуди голем потенцијал. Биковите треба да ја искористат оваа година и максималната предност, бидејќи вакво нешто за нив се случува само еднаш во дванаесет години. Сите свои соништа можат да ги остварат во оваа година.rn
    rn

    Близнаци

    rnОсобено возбудлива година ги очекува родените во знакот близнаци. Многу нешта можат да се случат во нивниот живот. Ќе се појават нови луѓе, нови контакти, патувања во странство, а можна е промена и на работното место. Сите овие случувања и раздвиженост можат да доведат до потполна внатрешна и надворешна трансформација, што всушност ќе претставува фантастична промена на личноста на близнаците.rn
    rn

    Рак

    rnЛуѓето родени во знакот рак конечно можат да се смират, бидејќи 2012 г. ќе биде особено мирна и тивка за нив. Нема да има вознемиреност, загриженост и стрес. Сите актуелни прашања и проблеми ќе бидат организирани и решени, а нестабилноста во животот од минатата година ќе се врати во својот нормален тек. Не морате да се грижите поради некакви загуби, бидејќи во економска смисла работите среќно ќе се завршат, па дури е можно да се очекува поголема количина пари до крајот на годината.rn
    rn

    Лав

    rnЛавовите ќе имаат цела година пред себе во која ги очекува неверојатен бран на среќа. Токму кога ќе помислат да се откажат од својот сон, ќе дојде до неочекувани случувања, идеи или средби кои ќе ги доближат до реализирање на тој сон. На лавовите им претстои интересна и разнолика година, но можеби ќе биде потребно да се ослободат од некои стари нешта, за да ослободат простор за нешто сосема ново.rn
    rn

    Девица

    rnПочетокот на оваа година можеби ќе биде малку досаден за девиците, бидејќи нема да се случува ништо возбудливо, но кон средината на годината наеднаш сè ќе се смени. Ќе се случуваат толку промени што едвај ќе можете да ги следите. Можно е ново вработување или унапредување кое ќе ви овозможи нови предизвици, а некое признание кое сте го очекувале или промена на одредени околности ќе ве исполни со целосно задоволство.rn
    rn

    Вага

    rnЗа вагите 2012 година ќе биде година на тестирање. Многу е можно да дојде до провокативни ситуации кои ќе ги натераат да донесат одредени одлуки. Новата година ќе ги извлече од некои ситуации во кои се заглавени веќе некое време, што всушност може да претставува големо олеснување за нив. Оваа година, за вагите ќе биде година на донесување одлуки, при што ќе имаат чисти, јасни и недвосмислени ситуации. Тие не смеат да ги одложуваат работите ниту нивниот тек, туку треба да се посветат на следниот чекор.rn
    rn

    Скорпија

    rnОваа година е многу значајна за скорпиите, бидејќи ќе започнат некои големи и значајни нешта кои ќе го одредат понатамошниот тек на нивниот живот. Многу од припадниците на овој знак ќе почнат радикално поинаков живот од тој што го имале пред тоа. Тоа би можело да биде професионална промена, промена на начинот на живеење или ставовите, но важно е тоа што овие промени ќе имаат позитивен ефект.rn
    rn

    Стрелец

    rnГолемата желба за слобода кај стрелците се јавува истовремено со желбата и потребата да бидат во врска. Во исто време тие и работата и партнерството ќе ги сфатат сериозно. Среќни промени може да им се случат на работното место и на тој начин може да се очекува подобрување на финансиската ситуација. Кон средината на годината можни се некои егзотични патувања.rn
    rn

    Јарец

    rnВо оваа година се очекува финансиски успех и за јарците. Тешкотиите и проблемите од изминатите години ќе завршат и ќе дојде до видливи резултати на вложувањата. Јарците кои имаат сопствен бизнис ги очекува стабилна година со многу клиенти и големи порачки, а оние кои се вработени ги очекува унапредување. Оваа година ќе имате поголеми приходи, а и некои работи што сте морале да ги одложите на подолго време би можеле да се вратат во вашиот живот.rn
    rn

    Водолија

    rnВодолиите во 2012 г. ќе поминуваат низ големи внатрешни промени. Конечно ќе се пронајдат себеси и ќе успеат да ја пронајдат професијата која ќе ги усреќи, а воедно и ќе им обезбеди соодветен приход. Ова секако ќе бара и дополнително учење и развој, но тоа ќе биде успешно поради целосната посветеност. Новата професија ќе ги направи водолиите навистина среќни.rn
    rn

    Риби

    rnНа рибите ќе им се случуваат многу чуда во оваа година. Мистични случувања и искуства ќе ги следат во текот на целата година. Тоа кај нив ќе предизвика длабоки внатрешни промени кои можат да бидат позитивни во сите сфери на животот. На крајот ќе го пронајдат своето вистинско „јас“ и тоа ќе им даде доволно енергија и храброст за промени. Промените може да се однесуваат на работата или на врската, но секако рибите ќе имаат прилика да се ослободат од улогата на жртва.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и говорот на телото

    Астрологијата и говорот на телото

    Секој хороскопски знак можеме да го познаеме според изгледот и карактеристичното држење. Еве како се однесува секој од припадниците на зодијакот.rnrnАстрологијата и говорот на телотоrn

    Овен

    rnБез разлика на физичкиот изглед, настапот на овенот е секогаш сигурен и одлучен. Движењата му се разиграни, сигурни и вешти, кога разговара, соговорникот го гледа во очи, а кога самиот нешто сака да каже, без двоумење го прекинува соговорникот. Овните секогаш се туркаат пред другите, одат со  брзи и отсечни чекори, честопати со главата кон напред.rnrn

    Бик

    rnРечит поглед, муртење, ситни брчки околу устата и подигнати веѓи, сето тоа е говор на лицето кај бикот. Со движењата и гестовите, припадниците на овој знак, едвај дозволуваат да се насети нивната сензуалност и еротичност, но кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат поспонтани и поотворени.rnrn

    Близнаци

    rnСпоред говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.rnrn

    Рак

    rnПрипадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти.rnrn

    Лав

    rnЛавот се истакнува со својата способност за себе да создаде слика на возвишеност, особеност и авторитет. Неговата суетност и префинета смисла за убавина, се огледуваат во вродената страст за педантна грижа околу секој детаљ од сопственото тело, на која потполно ѝ се предава. Убавината на машките претставници кои скоро имаат манија постојано да бидат во одлична форма, е пропорционална на сензуалноста и префинетоста на жените кои се родени во овој хороскопски знак.rn

    Девица

    rnГестикулацијата и мимиките кај овој знак се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, доста зборува за нив. Колку и да се трудат, понекогаш не можат да ја скријат нервозата поради која тропаат со нозете или ја чепкаат косата, со што ја разбиваат извежбаната воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, емотивно постабилни и поздрави, толку движењата им се посигурни и смирени.rnrn

    Вага

    rnЖенските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.rnrn

    Скорпија

    rnГоворот на телото им е непосреден, но сепак по малку таинствен. Начинот на кој се движат и гестикулираат ја покажува нивната моментална состојба на духот, дури и тогаш кога сакаат тоа да го скријат. Во ситуации на напнатост, рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот насочен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека со поглед може да убие некого, тогаш тоа е скорпијата.rnrn

    Стрелец

    rnЛуѓето од овој знак можат да бидат особено убави, но понекогаш и однесувањето и изгледот можат да им бидат по малку агресивни. Имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу од стрелците се вистински протагонисти на љубовта на прв поглед, токму поради нивната неодолива привлечност и скоро животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за неговата близина, па дури и на јавно место.rnrn

    Јарец

    rnДвижењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.rnrn

    Водолија

    rnКако што се чувствуваат, така и се однесуваат, независно од тоа кој е покрај нив, но со текот на годините работите се менуваат. Сталожената ладнокрвност на повозрасните машки водолии, е резултат на нивната некогашна способност да ги изразуваат своите мисли и чувства со бурна и спонтана гестикулација. Жените водолии во зрелите години зрачат со благост и толеранција, како контраст на бунтот во младоста.rnrn

    Риби

    rnНивната динамичност и отвореност во контактите со другите луѓе, е поврзана со нивната неспособност да останат мирни и статични, дури и тогаш кога имаат прилика за тоа. Несигурноста и потребата да најдат сродна душа, ги тера да комуницираат и со сосема непознати личности. Гестикулацијата никогаш не им е претерана, туку најчесто пријатна и симпатична. Кога се расположени гестикулираат живо, но кога не се, ги мрзи дури и погледот да го свртат.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Секој понекогаш мора да се налути. Некои тоа го прават одвреме-навреме не криејќи ги чувствата, а други пак долго молчат и еден ден ќе експлодираат како вулкан. Здраво е да се покаже лутина, повремено да се скарате и искрено да кажете што мислите, но понекогаш е корисно да кажете и нешто со што ќе го смирите соговорникот и ќе спречите кавгата да ескалира. Дознајте како со кој знак можете да се скарате и што треба да му кажете за да го сочувате мирот.rnrnАстрологијата и смирувањето со партнерот после кавга rn

    Овен

    rnЗа да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата.rn

    Бик

    rnЛутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.rn

    Рак

    rnПричината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.rn

    Лав

    rnСилното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.rn

    Девица

    rnОва е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.rn

    Вага

    rnНа луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.rn

    Скорпија

    rnСо скорпиите е многу тешко да се смирите бидејќи имаат склоност да ги повредуваат другите луѓе, но сепак тие секогаш ќе реагираат на две работи, а тоа се пари и секс. Скорпиите ќе престанат да ве тероризираат ако некако можете да им покажете дека сте помоќни од нив во социјална смисла. Кажете ѝ на скорпијата дека е многу моќна и дека не може да згреши и на тој начин ќе ја преземете контролата во расправијата.rn

    Стрелец

    rnСтрелците обожуваат расправии и ако не сте внимателни можат да ве вовлечат во кавга, која може да потрае и неколку часа, при што ќе ви се чини дека логиката се врти во круг, на моменти дека воопшто ја нема и дека на крајот никој нема да победи. Според тоа најдобро нешто што можете да направите, е да побегнете од просторијата пред воопшто стрелецот да ве вовлече во вербална војна.rn

    Јарец

    rnЛуѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.rn

    Водолија

    rnВодолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.rn

    Риби

    rnРибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Причини поради кои раскинуваат хороскопските знаци

    Причини поради кои раскинуваат хороскопските знаци

    Секое прекинување на врска е поинакво и непредвидливо. Дознајте што не треба да правите во врската со секој од знаците во хороскопот, доколку сакате да ја сочувате, но и што може моментно да ги изнервира и да ги оддалечи од вас, ако повеќе ви одговара да бидете сами.

    rn

    Причини поради кои раскинуваат хороскопските знаци

    rnrn

    Овен

    rnПричина за прекинување на врската кај овенот се несогласувањата, па дури и оние ситните и безопасни, или досадата. Тие се немирни и љубопитни и имаат постојана потреба да освојуваат. Овенот бргу губи интерес за оние кои целосно се отвораат, па поради тоа, своето внимание честопати го поклонуваат на таинствени, а понекогаш и на неискрени личности. Повеќе ја почитуваат слободата отколку компромисот, особено кога се млади.rnrnТие не се флексибилни и за прекинување на врската се решаваат одеднаш, честопати и без зборови. Ограничувањата, надмудрувањето, недовербата и контролирањето на нивните постапки се причина за да стават крај на врската.rn

    Бик

    rnБиковите најчесто раскинуваат ако чувствуваат несигурност во врската или поради страв дека ќе бидат оставени. Тие имаат голема вродена издржливост, но кога некој ќе ја премине границата во нешто, се случува експлозија која дури ни самите бикови не ја очекувале. Љубомората им е одбивна и покрај тоа што и самите се љубоморни. Исто така, тие не сакаат да бидат ставени пред свршен чин.rnrnВрската ја прекинуваат после долго размислување, полека и со жалење, но кога еднаш ќе одлучат никој не може да ги натера да се премислат. Причини за прекинување на врската кај бикот се недовербата, гаснење на емоциите, недостаток на разговор и чувството дека блискоста е изгубена.rn

    Близнаци

    rnПричините поради кои раскинуваат близнаците можат да бидат нереални за другата страна, но ќе се зачудите колку добро тие умеат да ги образложат. Врската ја прекинуваат бидејќи им е досадно, од љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потреба од слобода или ако се намериле на некој друг.rnrnШармот ги спасува близнаците од бесот на оставениот партнер и тој најчесто ги памети со одредени симпатии. Но, ако добро се чувствуваат во врската и немаат намера да ја прекинат, партнерот може да прави што му е волја.rn

    Рак

    rnЗа да ја задржи љубовната врска, ракот е спремен да жртвува сè, па дури и тогаш кога врската е лоша и исцрпувачка. Раскинувањето е проследено со потоци од солзи и со спремност за компромис. Единствено што може да ги натера да заминат засекогаш, е лошиот однос на партнерот со семејството или одбивањето заеднички живот.rnrnКога врската ќе се прекине, без разлика на лутината и болката што ја чувствуваат, во сеќавање им остануваат само убавите спомени. Ретко се случува за својата врска да зборуваат многу, но ако нешто кажат, тоа ќе биде само она најдоброто.rn

    Лав

    rnВрската ја прекинуваат кога им е повредена гордоста и егото и честопати не дозволуваат да бидат оставени, бидејќи за нив тоа значи понижување. Кога врската е климава, за нив е важно први да го повлечат конечниот потег и во никој случај да не покажат чувства. Навикнати се да бидат во центарот на вниманието и нема да дозволат конечното „збогум“ да помине незабележано, па ако е потребно ќе направат цела претстава за да остават длабок и драматичен впечаток.rnrnВрската ја прекинуваат поради непочитување на нивните правила, неодобрување на постапките и неспособноста за секојдневно ласкање.rn

    Девица

    rnНајчесто девиците се оние кои се всушност оставени, но кога ќе се решат тие да ја прекинат врската, тоа е поради чувството на инфериорност. Не сакаат сцени пред други луѓе и ако е возможно претпочитаат мирно и разумно раскинување. Кога мораат да изберат помеѓу љубов и обврски, секогаш ќе се определат за обврски, бидејќи материјалната сигурност им е на прво место.rnrnВрската ја прекинуваат студено и конечно со задолжителна маска на рамнодушност на лицето како самоодбрана. Во љубовта се искрени, па се обидуваат да бидат такви и кога раскинуваат. Се повлекуваат без премногу зборови и дискусии.rnrnПричини за прекинување на врската се неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијалните проблеми.rn

    Вага

    rnВообичаени причини за завршување на врската се отсуство на привлечност, неусогласен животен ритам или некоја нова личност. Сепак, пред дефинитивниот крај, вагите често знаат да дадат уште една шанса и да се обидат да ги разрешат недоразбирањата. Најчесто тоа го прават за партнерот сам да сфати дека врската нема перспектива, па вагата да може да се ослободи од непријатната одговорност и објаснување.rnrnВрската ја прекинуваат тактично и фино, како што всушност и му доликува на овој знак, но со ризик тоа партнерот да не го доживее како искреност туку како извлекување.rnrnВагите раскинуваат поради лоша комуникација, непочитување на договор, форсирање и претерување во изразувањето на чувствата.rn

    Скорпија

    rnКога ја прекинуваат врската, скорпиите уништуваат сè зад себе. Причина за тоа е нивниот деструктивен дух, кој е пресуден во проблематични ситуации, па успеваат да ја разорат врската дури и тогаш кога не е потребно. Стравовите и траумите од детството, чувството на вина и неверојатната способност да ги повредат другите и себеси во секоја, па дури и безначајна прилика, неизбежно ги доведува до точка кога „љубовта пука“.rnrnТие тогаш имаат обичај едноставно да побегнат, бидејќи не умеат пристојно и трезвено да ја разјаснат целата ситуација и мирно да се разделат. Раскинуваат поради неверство или кога ситуацијата ќе им излезе од контрола.rn

    Стрелец

    rnСтрелците ја прекинуваат врската поради потребата постојано да истражуваат и освојуваат нови територии, а и бидејќи им е тешко да се врзат само за една личност на подолго време, особено во младоста. Тие себеси се сметаат за космополити и прават сè како би биле над сето тоа што е обично и секојдневно. Кога партнерот веќе не им е доволен предизвик, тие многу лесно одлучуваат да одат понатаму.rnrnЧестопати реагираат импулсивно и ја прекинуваат врската без многу објаснување, но кога малку ќе се средат работите, нивната коректност, сепак, доаѓа до израз. Тогаш тие се спремни мирно и разумно да разговараат, при што се многу шармантни и настојуваат да го задржат контактот, оставајќи ги сите врати отворени, понекогаш со телефонски повик или разгледница од кој било дел на светот.rnrnВрската ја прекинуваат поради ситничавост, компликување на односите, форсирање на врската или недостаток на предизвик.rn

    Јарец

    rnЗа прекинување на врската се решаваат исто толку тешко колку што им е тешко да одлучат да влезат во неа. Но, кога еднаш ќе се најдат во сериозна љубовна врска, сета своја енергија, трпение и чувства ги вложуваат во неа. И покрај тоа, тие се спремни да се откажат од неа, доколку им е неопходно да бидат сами, или кога мораат да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која сепак им е најважна.rnrnБидејќи не се наклонети да ги признаваат најдлабоките чувства, тие заминуваат тивко и без многу објаснување, но тоа не значи дека ќе исчезнат одеднаш. Своите намери, за кои понекогаш ни самите не се свесни, ќе ги покажуваат индиректно преку отсутност и нервоза. За тоа време ќе им стане јасно каква одлука треба да донесат, која и не мора секогаш да биде фатална по врската.rnrnНајчувствителни се кога е нивната работа во прашање, па затоа не толерираат мешање на приватниот и професионалниот живот. Одбивно им е озборувањето и изнесувањето на „валканата облека“ во јавност.rn

    Водолија

    rnЗа водолиите не мора да постои некоја посебна причина за да ја прекинат врската. Тие едноставно можат едно утро да се разбудат и да дојдат до сознание дека врската во која се наоѓаат веќе не им одговара. На тоа тие се решаваат тогаш, кога ќе почувствуваат притисок и тежина од обврските за кои не се спремни.rnrnВообичаено раскинуваат директно и без заобиколување, но се трудат разумно да ги објаснат своите намери, дури и тогаш кога ќе паднат тешки зборови од страна на партнерот, со цел да одржат пријателски контакт.rnrnЗа да ја прекинат врската може да ги наведе форсирањето за брак и обврски, критикувањето на нивните пријатели и роднини и непочитување на нивните соништа и идеи. Идеално завршување на врската за нив, е разговор после кој ништо нема да остане неразјаснето.rn

    Риби

    rnНивната вродена склоност кон мазохизам ги наведува целата ситуација да ја доживеат трагично и да патат дури и тогаш кога не би требало. Не знаат разумно да го прекинат незадоволството во врската, па подобро им е да патат сè додека партнерот не ги остави. Секое раскинување, тие го доживуваат како личен пораз. На почетокот на врската го идеализираат својот партнер, а потоа кога ќе се разочараат, тие остануваат без своите принципи и долго создаваната сигурност.rnrnБез разлика кои се причините и каква е ситуација, солзите се неизоставни, но колку и да патат, рибите бргу закрепнуваат и спремни се за нови трауми со некоја друга личност.rnrnРаскинуваат поради нетолерантност на нивната склоност за фантазирање, кога од нив се бара да се спуштат на земја и кога се потиснати во втор план, бидејќи за нив тоа се чувства кои се најважни на светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и помагањето на другите луѓе

    Астрологијата и помагањето на другите луѓе

    И покрај тоа што е исклучително важно да им бидете од помош на луѓето кои ви значат во животот, сепак понекогаш можете да се почувствувате како тие да ја искористуваат вашата дарежливост и љубезност. Дали во вашето опкружување има луѓе на кои постојано им треба нешто, а не прават ни најмал напор да си помогнат сами на себе? Научете како да го искористите вашиот хороскопски знак и да не му дозволувате на никој да ја узурпира вашата енергија.rnrnАстрологијата и помагањето на другите луѓеrn

    Овен

    rnОвенот најмалку од сите хороскопски знаци има тенденција да подлегне на искористување на неговата енергија од страна на други луѓе. Одвреме-навреме тој е во искушение да изигрува херој, спасувајќи некоја личност која глуми дека е жртва, но сепак поверојатно е дека ќе ја охрабри сама да си помогне на себе.rn

    Бик

    rnКако еден од најприземните знаци во Зодијакот, Бикот е „магнет“ за луѓе кои вечно се во некаква криза. Тој може да ја минимизира ваквата појава, на начин што ќе им помага на другите луѓе да научат како да си создадат баланс и стабилност во животот, наместо да ја бараат и очекуваат од него.rn

    Близнаци

    rnПретставниците на овој знак имаат тенденција да привлекуваат кон себе луѓе кои многу дрдорат или озборуваат, што може да ја исцица нивната енергија и да го потроши нивното време. За да го сопре ова, Близнакот треба да има чувство кога и како да прекине некој разговор и да постави граници на времето кое им го дава на другите луѓе.rn

    Рак

    rnКако најгрижлив знак во зодијакот, Ракот привлекува кон себе луѓе кои сакаат да го искористат вниманието и грижата кои тој им ги нуди. Раковите мораат прво да научат да се грижат за себеси и да ставаат акцент на нивните потреби, па дури потоа да им ја понудат својата поддршка на другите луѓе.rn

    Лав

    rnСо својот оптимистичен карактер, Лавот честопати привлекува луѓе кои имаат тенденција да бидат нерасположени и депресивни. Лавот е весела личност која нема проблем да ги разведрува луѓето околу себе, но во оној момент кога ќе почувствува дека тие му ја „цицаат“ енергијата, тој треба да се оттргне од нив и да помине малку време сам или со луѓе кои се забавни.rn

    Девица

    rnДевицата обожава да им биде од помош на другите, но таа има тенденција премногу да дава од својата енергија, па луѓето откако ќе ја научат каква е, почнуваат да ја третираат како черга за бришење чевли. Претставниците на овој знак мораат да научат да бараат услуга назад од оние на кои тие им помагаат и да престанат да се грижат за луѓе кои само ја злоупотребуваат нивната широкоградост.rn

    Вага

    rnСо нивната тенденција да ги задоволуваат луѓето околу себе, Вагите можат да ги привлечат кон себе оние кои имаат агресивно однесување. Доколку научат како да кажуваат „не“ на луѓето кои константно очекуваат нешто да добијат од нив, паралелно ќе научат да уживаат и да бидат задоволни.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите имате дарба да им помагаат на луѓето кога се наоѓаат во тежок период од својот живот. Но, кога станува збор за луѓе кои не можат да ја подобрат својата состојба, без разлика колку емоционална поддршка и да им даваат, Скорпиите треба да престанат да ја трошат нивната енергија и да се обидат да ги упатат кон професионалец.rn

    Стрелец

    rnНивниот слободоумен дух е вешт во избегнувањето на луѓе на кои им е потребно постојано помош. Сепак, Стрелците лесно можат да паднат во замка од луѓе кои чувствуваат потреба од нивниот адреналин и зависат од нивниот авантуристички карактер. За да не се чувствуваат искористено, Стрелците треба да ги предизвикуваат другите луѓе да смислуваат идеи за некои интересни активности, кои ќе можат да ги извршуваат заедно.rn

    Јарец

    rnЈарците се уморни од тоа секогаш да чувствуваат одговорност. Поради тоа, тие мораат да постават граници со оние луѓе, кои зависат од нив за финансиска и морална поддршка. Сепак, Јарците не се банкомат полн со пари, иако понекогаш другите се однесуваат со нив како да се.rn

    Водолија

    rnВо нивната природа е да чувствуваат потреба да помагаат за да го направат светот подобро место за сите, но се осетливи на луѓе кои чекаат на нивните хумани дела. Претставниците на овој знак треба да останат онакви какви што сте, но мораат да научат да се пазат од оние кои бараат премногу.rn

    Риби

    rnНивната чувствителност кога станува збор за страдање, ги тера постојано да се обидуваат да ги ослободат останатите од таква судбина. Рибите треба да се заштитат себеси преку почести прошетки во природа, особено во близина на вода, за да го ослободат емоционалниот товар кој го апсорбираат од другите луѓе.

  • Астрологијата, опростувањето и одмаздата

    Астрологијата, опростувањето и одмаздата

    Навредите и извинувањата се составен дел на меѓучовечките односи, како и желбата за одмазда, тврдоглавоста, но и опростувањето. Дознајте како на кој знак да му се извините, каква им е суетата, како да ги елиминирате недоразбирањата и замерките, но и како да се справите со одмаздата на поедини знаци.rnrnАстрологијата, опростувањето и одмаздатаrn

    Овен

    rnОвните многу лесно се навредуваат, но исто така се спремни брзо и да простат. Кај нив е најтешко да се поднесе периодот кога одбиваат да разговараат со вас, доколку ги повредите нивните чувства. Таа тишина ги пара ушите погласно од какво било врескање и во тие моменти се чини дека молчењето ќе трае засекогаш.rnrnОвните најмногу од сè ја ценат искреноста, самокритиката и длабокото каење. Директно признајте ја својата грешка, преземете ја вината и ќе ја олесните ситуацијата и за себе и за нив. Всушност, иако глумат дека се студени, тие длабоко во себе патат и се прашуваат зошто морало така да се случи. Раскажете ја својата страна на приказната, без да ги криете емоциите и ќе ви биде простено.rnrn

    Бик

    rnКараниците со биковите често пати се конфузни и двосмислени благодарение на нивната инаетлива природа. Понекогаш тие ќе се скараат онака рекреативно и јавно ќе ги застапуваат своите мислења и ставови во кои лично не веруваат. Тоа понекогаш им е интересно и забавно, а особено сакаат да се инаетат со личности кои не им се симпатични.rnrnСпорните теми и расправии, за вас може да изгледаат како крај на светот, но не и за нив. Биковите се во состојба да се караат сè додека имаат енергија за тоа, а веќе следниот ден се однесуваат како ништо да не се случило, бидејќи таа кавга всушност не ја сметале за ништо сериозно. Најдобро е „војната“ со нив да се прекине уште на почеток, со потенцирање на некои сентиментални детали што ве врзуваат за нив.rnrn

    Близнаци

    rnИако близнаците релативно лесно опростуваат, немојте да ја злоупотребувате нивната емотивност и добрина, бидејќи едно е нивната спремност да ви простат, а сосема нешто друго е нивната способност долго да паметат. Повеќето проблеми со нив се случуваат во конфликти со личности кои не знаат кога да замолчат. Близнаците се натпреварувачки настроени и во кавгите, па не им е проблем да одглумат дека застапуваат некој став и тоа онака од инает и за забава.rnrnВообичаено близнаците се многу чувствителни и добродушни и доколку сакате да им надоместите, најдобро е да им купите подарок или само да им се јавите и да ги прашате како се. Ако притоа им кажете дека ви недостасуваат и дека ви е жал поради тоа што се случило, постои веројатност да ви простат во истиот момент.rnrn

    Рак

    rnОва е знак чие мото е „памти па врати“. Овие знаци навистина нема да ја пропуштат приликата да ви вратат со иста мерка. Морате да внимавате да не се замерите со нив бидејќи тие се многу суптилни и во истиот момент ќе почнат да смислуваат план за одмазда против оние кои во моментот не им се во милост. Доколку ви се случи да се замерите, веројатно ќе морате да се извлечете на „стара слава“, потсетувајќи ги на вашите заслуги од минатото.rnrnНајпрефинет начин да се извините на еден рак, би бил ако му испратите подарок заедно со опширно писмо со извинување, но и дополнителен телефонски разговор не би бил излишен. Но и покрај сè, немојте да се зачудите ако не постигнете моментален ефект, бидејќи на многу припадници на овој знак им се потребни недели или месеци за потполно да се „оладат“.rnrn

    Лав

    rnЛавот е уште еден знак кој ужива во кавгите од чиста забава и вообичаено силно ќе се изненади, доколку со таквото однесување отиде предалеку и при тоа повреди некого. Многу е лесно да ги доведете лавовите во непријатна ситуација и затоа понекогаш изненадувачки, лесно се повлекуваат.rnrnОд овој знак не можете да очекувате лесно да го прифати вашето извинување, а уште помалку да го признаат својот дел од вината. Меѓутоа, нешто на што можете да „играте“, е да им предизвикате чувство на непријатност, бидејќи лавовите полесно е да ги засрамите отколку да ги натерате да кажат дека им е жал и дека згрешиле. Можеби од надвор не изгледа така, но грижата на совест кај овој знак е појака отколку нивната суета и одбранбениот механизам со кој се штитат себеси, негирајќи ја вината. Најлесно ќе ја вратите нивната наклоност, ако се правите дека ништо не се случило, но ако и тоа не помогне, обидете се целата работа да ја завртите на шега.rnrn

    Девица

    rnТврдоглавоста на девицата и нејзината упорност да го одржи интензитетот на кавгата е навистина за восхит. Тие се во состојба да бидат дури смешно убедени во својата непогрешливост и се одмаздољубиви до крајни граници. Ако се замерите со нив, ќе биде тешко да се извлечете. Најдобро е да им се обратите по писмен пат, но внимавајте, бидејќи вашето писмо во иднина би можело да послужи како писмен доказ дека девиците се непогрешливи и се секогаш во право. Особено бидете внимателни да не добијат впечаток дека зависите од нив, бидејќи тоа ќе ги направи арогантно моќни.rnrnНе обидувајте се да се извините со подарок, зашто најверојатно ќе го добиете назад и тоа заедно со темелна и злобна анализа на вашиот карактер, која сигурно нема да ви се допадне, бидејќи кога се бесни девиците погодуваат таму каде што најмногу боли.rnrn

    Вага

    rnИ покрај тоа што вагите не сакаат конфликтни ситуации, нивните кавги постепено добиваат сè поголеми размери, а понекогаш пак обична препирка може да се претвори во вистинска драма. Тие не се снаоѓаат најдобро во таква воинствена атмосфера, но не умеат да ја смират ситуацијата, бидејќи не знаат како да се однесуваат кога кавгата треба да приврши. Вообичаена реакција на вагите е да го завртат грбот и потполно да ја исклучат личноста со која се замериле, а тоа значително го отежнува смирувањето. Понекогаш се чини дека таквата ситуација ќе трае засекогаш, па најдобро е да се избегнуваат какви било конфронтации со нив, ако е  тоа некако можно.rnrnСо вагата најлесно ќе се смирите ако ù испратите честитка со трогателна содржина и мал, но оригинален подарок.rnrn

    Скорпија

    rnСо нив сте навистина во голема неволја, бидејќи скорпиите можат со мирна душа да го поминат остатокот од животот без да ви простат. Многу се одмаздољубиви и можат да прекинат пријателство или љубовна врска само врз основа на своите предрасуди. Тие сакаат себеси да се доживуваат како ангели на правдата, што од нивен аспект значи, дека за нанесената неправда треба десеткратно да ви се одмаздат и тоа на многу имагинативен начин.rnrnСкорпиите позитивно реагираат на подароци, пари или услуги кои ќе им помогнат да се издигнат на општественото скалило. Па, доколку ги повикате на некој собир и ги претставите на личности кои можат да бидат еден од факторите на нивниот успех, можеби и ќе ви простат во блиска иднина.rnrn

    Стрелец

    rnСтрелецот е хороскопски знак кој е најнаклонет да простува. Тој има вроден соломонски инстинкт и способност да ги толкува фактите и да ги анализира двете страни на приказната, без да дозволи емоциите да му го поматат паметот.rnrnАко  сакате да му се извините на припадник на овој знак, би требало да се подготвите како за настап на јавна дебата. Потенцирајте ги причините поради кои сметате дека треба да ви биде простено, а впечатокот надополнете го со мал подарок. Дополнително, како знак на убав гест, повикајте го на заедничко кратко патување кое повторно ќе ве зближи и без сомнение ќе ви биде простено во следните пет минути.rnrn

    Јарец

    rnЈарците се горделиви и одмаздољубиви знаци кои не простуваат лесно. Карактеристично за нив, е дека кога ќе се навредат, ќе се обидат да ве скараат со другите пријатели и ќе пласираат компромитирачки гласини за вас. Со тоа ќе ве доведат во незгодна ситуација во друштвото. Многумина се доведени во ситуација да сакаат да им се извинат, само за да не им биде уништен угледот и односот со другите луѓе.rnrnПо правило, извинувањето нема да помине едноставно. За да се олесни работата, неопходно е да се понуди мало мито, или да ставите на располагање некои свои услуги. Доколку постои јарец кој се обидува да го наруши вашиот углед, единственото што може да го сопре во таа злобна намера, е сознанието дека на тој начин создава полош впечаток за себе отколку за вас.rnrn

    Водолија

    rnНи случајно не е знак кој лесно простува. Водолиите себеси се доживуваат како пример на моралот и моралната етика на кои сите други треба да се угледуваат. Многу нивни постапки во меѓучовечките односи се создадени на ирационална основа. Мали се шансите една водолија да се извини, а уште помали да го прифати вашето извинување. Може да се случи да ви прости, онака од куртоазија, сметајќи дека тоа е добро за неговата/нејзината душа.rnrnАко ги уверите дека ја разбирате и прифаќате тежината на вашата вина, можеби ќе ви дозволат да се вратите во нивниот живот. Со овој знак треба да сте среќни ако добиете втора шанса. Трета најверојатно нема да добиете.rnrn

    Риби

    rnРибите се уште еден горделив знак, кој не простува лесно. Ако предизвикате бес кај овој знак ќе се чувствувате како да сте во пеколот. Доколку ви го прифатат вашето извинување, во воздухот ќе остане да лебди непријатна атмосфера, а вие секогаш ќе имате чувство дека недоразбирањата меѓу вас сè уште постојат. За да го избегнете ова ќе мора со вашиот пријател, пријателка или партнер во знак на риби да разговарате насамо и преку лукави прашања да дознаете што точно таа или тој има против вас.rnrnТие често својот став го темелат на интуиција, но ако имаат и „лошо чувство во врска со вас“, ќе биде тешко тоа да се смени и секогаш ќе им бидете трн во око. Слабост им се материјалните добра, па поради тоа, подароци или пари понекогаш можат да помогнат да се пробие мразот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и склоноста кон неверство

    Астрологијата и склоноста кон неверство

    И покрај тоа што ниеден астролошки знак не е склон кон неверство повеќе од кој било друг, сепак постојат навестувања за можни искушенија во животот на партнерот. Еве неколку корисни совети како да ги воочите и да ги елиминирате.rnrnАстрологијата и склоноста кон неверствоrn

    Овен

    rnАко енергичниот овен се одлучи за неверство, тоа ќе биде поради недостаток на возбуда во врската. Овните се спортски типови кои се секогаш спремни за акција и доколку не можете да го следите нивното темпо, може да се случи да продолжат да прават некои нешта без вас. Тие исто така имаат изразено его кое бара многу внимание, па ви препорачуваме постојано да им давате физичка нежност и редовно да ги обновувате чувствата на заљубеност.rn

    Бик

    rnБиковите се многу лојални знаци и ќе се одлучат за неверство само доколку мислат дека партнерот не им е доволно посветен. Тие исто така се многу сензуални, па е можно да ги одведете на погрешен пат, ако им ветите задоволство. Биковите ќе ги направите среќни ако им покажувате колку ги сакате. Пригответе им го омиленото јадење, пишувајте им љубовни пораки, создавајте интимни моменти, за да знаат колку ви значат.rn

    Близнаци

    rnЗа да останат поврзани со партнерот, на немирните близнаци им е потребна интелектуална поддршка. Најлесно е ако ги наведете на разговор. Ако се случи да ве изневерат, веројатно станува збор за занесеност, а не за физичка привлечност. Кај близнаците се можни интернет-неверства кои бараат користење на фантазијата. Можете да ги задржите покрај себе со работи кои ќе ги тераат на размислување и со разговори за секс.rn

    Рак

    rnНежните и чувствителни ракови не изневеруваат, освен кога се преосетливи. Една од најчестите причини за неверство е нивната мала самодоверба. Пречувствителните ракови кои не добиваат доволно љубов, ќе побараат нежност и потврда за сопствената вредност на некое друго место, па затоа е подобро своите ракови да ги уверите дека ги сакате и дека ви се навистина потребни.rn

    Лав

    rnЛавовите се страсни знаци кои тежнеат кон театралност и возбуда. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и најдобри во сè, па не е ни чудно што лесно можете да ги задоволите со неколку трикови во кревет и пофалба за нивните љубовни вештини. Ако лавот сепак ве изневери, не треба да ве изненади ако се работи за некоја помлада личност. Лавовите ги привлекува енергијата на младите, бидејќи стареењето им е слаба точка.rn

    Девица

    rnДевиците се сериозни личности и често можат да бидат премногу критични дури и кон себе, но како земјени знаци се многу верни. Тие можат да станат незадоволни во врската ако ги критикувате, или ако имаат чувство дека не им давате доволно. Ако сакате да спречите девицата да ве изневери, треба да ја прифатите таква каква што е.rn

    Вага

    rnОвој романтичен знак по својата природа е многу урамнотежен и неверството не е голема опасност, но вагите се дружељубиви и сакаат флерт, па е можно себеси да се доведат во непријатна ситуација. Ако сте во состојба со својата вага да развиете добро пријателство, тоа ќе ја зајакне вашата романтична врска. Добрата забава и многу нежност е тоа што ќе ја направи вагата среќна, но и верна.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се страсни знаци што често погрешно се толкува како неверство, а тоа пак, секако е неправедно. Овој знак е интензивен и преполн со тајни. Скорпиите се неверојатно верни, но имаат страсна телесна природа и силна желба за возбуда. Најдоброто што можете да го направите е да ги прифатите нивните чудни барања и да се припремите за долго уживање во кревет.rn

    Стрелец

    rnСтрасните стрелци се желни за акција и авантура, па дури и во спалната соба. Секогаш се во движење и во потрага по нови искуства. Треба да внимавате да не флертува премногу, бидејќи тоа може да му донесе само неволји. Уживајте во енергијата на својот стрелец и дајте му онолку слобода колку што можете.rn

    Јарец

    rnСмирени и студени, јарците се верни партнери. Дисциплината и контролата се особини кои го спречуваат да биде неверен. Од своите партнери бараат почит и обожување, па недостатокот на овие две работи може да го натера јарецот да заталка. Сепак се работи за чесни знаци, бидејќи тој побргу ќе ве остави отколку што ќе ве изневери.rn

    Водолија

    rnВодолиите не се најромантичниот знак, но имаат потреба да им бидат важни на своите партнери. Често се премногу занесени со своите идеи и откритија, па не забележуваат дека го занемаруваат својот партнер. Поради својата заборавлива природа и живеењето во сопствениот свет, водолиите почесто ќе бидат жртви на измама, отколку што ќе бидат самите неверни. Бидејќи станува  збор за еден од најнепредвидливите знаци, најдобар совет е и вие да бидете подеднакво непредвидливи.rn

    Риби

    rnРибите имаат бујна фантазија, па најчесто имаат и романтична идеја за вечна љубов што им ја носи судбината. Токму поради нивната бујна фантазија и страсната желба за магија во љубовта, рибите честопати можат да станат незадоволни кога врската ќе им дојде во стабилна и смирена фаза. Ако одвреме навреме ги обновите магичните љубовни моменти, вашата риба ќе биде сигурна дека вие сте навистина она што судбината им го одредила.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Понекогаш  не знаете што сака вашето бебе или зошто плаче. Тешко е да се разберат малите „човечиња“ бидејќи тие не знаат да зборуваат. Но, од нивниот хороскоп може да се научи нешто за нивните потреби и за карактерот.rnrnАстрологијата и карактерот на вашето бебеrn

    Овен

    rnОд ова бебе не очекувајте да седи мирно и да си игра со играчки, зашто тоа нема да се случи. Бидејќи ова малечко е родено во огнен знак, тоа секогаш ќе биде во движење, а веројатно е дека тешко ќе го научите да ги дели своите работи со друг. Бебињата родени во знакот на овен обожуваат да бидат во центарот на вниманието и скоро секогаш го остваруваат тоа што ќе го наумат, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Бик

    rnОва бебе има голема потреба од допир и нежност, па затоа треба да го галите и бакнувате што повеќе. Биковите сакаат удобност, па затоа на вашето малечко обезбедете му соба во која ќе има идеална температура, удобен кревет и интересни играчки. На овие бебиња треба сè да им биде стокмено. Не треба да се грижите ако вашето малечко не ги научило оние работи кои другите бебиња веќе ги знаат, бидејќи биковите новите работи ги прифаќаат полека и со свое темпо.rn

    Близнаци

    rnОвие бебиња уживаат во друштво, па веројатно ќе се обидат да комуницираат уште од првите денови. Љубопитни се и сакаат да истражуваат, па ако нема ништо интересно во моментот, веднаш им станува здодевно. Бебињата  близнаци треба да се вклучат во групни игри што е можно порано. Тие ќе уживаат во друштвото и многу бргу ќе станат омилени меѓу своите другари.rn

    Рак

    rnБебињата родени во знакот на рак се многу емотивни, па затоа немојте да се чудите ако се случува често да заплачат. Поради тоа треба да се трудите вашето бебе да се чувствува заштитено и да не дозволите негативни вибрации во негова близина. Домот и семејството се многу важни за малечките родени во знакот на рак. Понекогаш овие бебиња можат да бидат многу молчеливи, но тоа не треба да ве загрижува.rn

    Лав

    rnОва бебе е гласно колку и вистинскиот лав, па затоа заборавете на мирен сон. Тоа сака секогаш и во секој момент да му биде удобно и пријатно. Исто така сака да биде во центарот на вниманието, но му треба и публика. Со своите врсници брзо ќе се спријатели и ќе стане нивни „водач“.rn

    Девица

    rnБебињата родени во знакот на девица често можат да бидат нервозни и раздразливи, но како инаку очекувате да станат перфекционисти? Овие бебиња не поднесуваат отстапување од дневните навики. Можат да бидат пребирливи кога е храната во прашање, но освен тоа нема да имаат многу специјални барања. Овие бебиња со часови можат да играат сами и притоа немаат голема потреба за внимание од околината.rn

    Вага

    rnОва бебе ќе ужива во вниманието на другите и тоа без разлика каде се наоѓа, па затоа немојте да се изненадите ако во лекарската ординација се однесува како да е дома. Шармантна е, насмеана и неодолива. Бебињата во знакот на вага сакаат друштво и се вистински дипломати, па затоа често ќе бидат во улога на посредник во расправиите на своите другари. Удобноста е исто така важна за ова дете, а играњето и друштвото едноставно ги обожува.rn

    Скорпија

    rnБебињата родени во овој знак едноставно мора да бидат во центарот на вниманието. Ова дете е малку мистериозно, па поради тоа е тешко да се разбере што сака и зошто плаче. Децата од овој знак чуваат многу нешта во себе и тоа често пати е особено тешко да се извлече од нив. Од друга страна, бебињата скорпии знаат што сакаат и како да го добијат тоа, многу се паметни и моќни деца, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Стрелец

    rnОва безгрижно и среќно дете ќе прооди многу бргу. Независни се и со слободен дух, а сакаат и да истражуваат. Малите стрелци обожуваат отворен простор, па честопати ќе тропаат на вратата сè додека не ги однесете надвор. Овие бебиња не се плашливи и сакаат да ја истражат секоја нова работа што ќе ја видат, па затоа бидете внимателни, бидејќи вашето малечко може лесно да се изгуби. Бебињата стрелци се дружељубиви и уживаат да патуваат.rn

    Јарец

    rnОва е многу дисциплинирано, методично и организирано дете, а дали е навистина дете? Па и да и не. Јарците не се склони кон авантуризам, па однесувањето на бебето родено во овој знак може да биде скоро досадно. Кога е во прашање учењето не треба да се грижите, бидејќи бебето јарец има свое темпо со кое ги открива и запознава работите. Овие малечки се секогаш концентрирани и вредни без разлика што прават.rn

    Водолија

    rnБебињата во знакот на водолија можат да изгледаат осамено, но тие сакаат сами да го поминуваат времето. Дури и кога плачат, овие бебиња најчесто не сакаат поддршка. Можат да бидат вистински бунтовници, што за нивните родители нема да биде баш лесно. Со овие деца би требало доста да се работи на нивна социјализација.rn

    Риби

    rnКога овие бебиња плачат, може да изгледа дека плачат без причина, но тоа е дел од личноста на овие срамежливи деца и нивната особина своите емоции да ги држат во себе. Многу се грижливи и чувствителни на сè што се случува околу нив, па затоа не викајте и не карајте се пред нив. Овие бебиња се вистински сонувачи, па често можат да одлетаат со мислите далеку од реалноста.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.