КАФЕ ПАУЗА

Category: Арт и дизајн

  • Кул архитектура: Куќа со скали наместо кров

    Кул архитектура: Куќа со скали наместо кров

    (1) Кул архитектура: Куќа со скали наместо кров

    rnНекои архитектонски чуда на денешницата навистина заслужуваат секаква и безусловна почит. Таква е и The Kaidannoie (Куќата со скали на кровот) направена од компанијата y+M design office.rnrnИмено, куќата е уникатен примерок во Шимане, Јапонија и како што може да се види од галеријата подолу, покривот и е направен од скали коишто можат да се користат секојдневно. Отворениот простор помеѓу скалите е покриен со проѕирно стакло, така што ја штити куќата од дожд.rnrnМора да признаеме дека дизајнот на куќата не може да се сретне во секојдневниот живот. Се надеваме дека со ова, дополнително ви ја проширивме креативната мисла и фантазија.rnrn

  • „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    Двајца германски режисери (Tim Hahne и Thomas Noesner), кои биле во Њујорк за да снимаат реклама, направиле и еден неверојатен краток филм насловен „Ритамот на Њујорк“, а како музичка подлога за видеото употребиле аудио од настапот на еден тапанар во градското метро. Уживајте во видеото, повеќе пати.rn.rnrnrnrn rnrn

  • Уметнички фигури од храна

    Уметнички фигури од храна

    Некои луѓе наоѓаат вистинско задоволство во храната. Други уживаат во мистичноста и симболиката на уметничките дела. Трети пак, умеат да ја претворат храната во вистинско парче уметност. Еве како последните ја претвораат својата имагинација и креативност во ремек дела.rnrn

    rnrn rnrn

  • Наместо на платно, слика на луѓе

    Наместо на платно, слика на луѓе

    Дали некогаш сте размислувале за тоа како ги интерпретираме просторните односи во светот околу нас и како ги земаме нашите интерпретации здраво за готово? Артистката Алекса Мид ја менува ваквата перцепција со примена на една тотално иновативна и необична техника. Таа, за разлика од повеќето уметници, акрилните бои, наместо на платното, ги нанесува директно врз луѓето и предметите околу нив, така креирајќи живи уметнички дела.rnrn

    Наместо на платно, слика на луѓе
    Сликање по човечкото тело (body paint) на еден малку поинаков, досега невиден начин кој создава зашеметувачки ефект
    rnrn

    Работата на оваа артистка е спој од инсталација, преформанс, сликарство и фотографија, а нејзините дела претставуваат компресија на тридимензионалниот простор во дводимензионален.rn

    rn

    Дали некогаш сте размислувале за тоа како ги интерпретираме просторните односи во светот околу нас и како ги земаме нашите интерпретации здраво за готово? Артистката Алекса Мид ја менува ваквата перцепција со примена на една тотално иновативна и необична техника. Таа, за разлика од повеќето уметници, акрилните бои, наместо на платното, ги нанесува директно на луѓето и предметите околу нив, така креирајќи живи уметнички дела.
  • Петте највисоки облакодери во светот

    Петте највисоки облакодери во светот

    Облакодери кои се издигнуваат над нивото на градот…rn
    rn

    1. Бурџ Халифа

    rn

      rn011

    • Локација: Дубаи, Обединети Арапски Емирати
    • rn011

    • Архитект: Адриан Смит
    • rn011

    • Година на отворање: 2010
    • rn011

    • Височина: 828 метри
    • rn011

    • Катови: 169
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотБурџ Халифа“ што во превод би значело „Кулата на калифот“ со своите 828 метри височина неприкосновено се наоѓа на врвот на оваа листа. Започна да се гради во 2004 година, а нејзиното официјално отворање се одржа на 4 јануари 2010 година. Објектот  има 169 ката (1044 стана) а може да се пофали и со два огромни  базени кои се наоѓаат  под отворено небо, џамија која се наоѓа на врвот на зградата и хотел кој го носи името на светски познатиот бренд „Армани“. За изградбата на овој објект беа потрошени 1,6 милијарди американски долари, а во неговата изградба учествуваа повеќе од 7.500 работника.rn
    rn

    2. Тајпеј 101

    rn

      rn011

    • Локација: Тајпеј, Тајван
    • rn011

    • Архитект: Чанг Јонг Ли
    • rn011

    • Година на отворање: 2004
    • rn011

    • Височина: 509 метри
    • rn011

    • Катови: 101
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светот„Тајпеј 101“ своето име го добива според бројот на катови и местото каде што се наоѓа. Конструирана е да издржи земјотрес посилен од 7 степени според Рихтеровата скала а архитектите велат дека би издржала и терористички напад сличен на оној од 2001 година во Њујорк над кулите „Близначки“. Започна да се гради во 1999 година а за нејзината изградба беа потрошени 1,8 милијарди американски долари. Зградата е предвидена како огромен деловен простор кој собира околу 13.000 луѓе и голем трговски центар. Интересно е тоа што во објектот се инсталирани 34 лифтови кои се движат со неверојатна брзина од 60 километри на час, што претставува апсолутен рекорд.rn
    rn

    3. Шангајскиот светски финансиски центар

    rn

      rn011

    • Локација: Шангај, Кина
    • rn011

    • Архитект: Минору Мори
    • rn011

    • Година на отворање: 2008
    • rn011

    • Височина: 492 метри
    • rn011

    • Катови: 101
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотШангајскиот светски финансиски центар започна да се гради во 1997 година, но поради финансиската криза која го зафати Азискиот континент кон крајот на минатиот век проектот беше неколку години во застој, при што претрпе и неколку измени на дизајнот на зградата. Првично било замислено на врвот да има голем кружен отвор кој би го намалувал притисокот од ветерот врз зградата а истовремено би асоцирал на кинескиот симбол за месечината. На ова голем број од населението протестирало, бидејќи симболиката била многу слична со сонцето на знамето на Јапонија, па кружниот отвор бил заменет со отвор во трапезоидна форма. Деловниот простор е доминантен дел од оваа зграда во која исто така има шопинг центар и хотел кој се наоѓа на последните 18 ката. За изградбата биле вложени 1,2 милијарди американски долари.rn
    rn

    4. Меѓународниот комерцијален центар

    rn

      rn011

    • Локација: Западен Коулун, Хонг Конг
    • rn011

    • Архитект: Коан Педерсен Фох
    • rn011

    • Година на отворање: 2010
    • rn011

    • Височина: 484 метри
    • rn011

    • Катови: 118
    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотМеѓународниот комерцијален центар започна со изградба во 2002 година. Првичната замисла била зградата да биде 102 ката и да биде висока 574 метри, со што би била втората највисока зграда во светот, но градењето било забрането поради кршење на законот според кој зградите не смеат да бидат повисоки од планините кои ја опкружуваат. На последните 17 ката отворен е луксузен хотел дел од синџирот „Риц-Карлто“ кој воедно е и највисокиот хотел во светот.  За изградбата на овој облакодер биле потрошени 1,4 милијарди американски долари.rn
    rn

    5. Кулите Петронас

    rn

      rn011

    • Локација: Куала Лумпур, Малезија
    • rn011

    • Архитект: Цезар Пели
    • rn011

    • Година на отворање: 1998
    • rn011

    • Кула 1rn
        rn011

      • Височина: 452 метри
      • rn011

      • Катови: 88
      • rn

      rn

    • rn011

    • Кула 2rn
        rn011

      • Височина: 452 метри
      • rn011

      • Катови: 88
      • rn

      rn

    • rn

    rnПетте највисоки облакодери во светотКулите Петронас иако се наоѓаат на 5-тото место на оваа листа, сепак мора да се напомене дека претставуваат највисоките кули близначки во светот. Двете кули започнале да се градат во 1992 година и според замислениот план тие се поврзани со мост, а целите згради се определени да претставуваат само деловен и канцелариски простор. Интересен факт за овие кули е тоа што се составени од 32.000 прозори, а на вработените им е потребен еден месец за да ги избришат сите барем еднаш. За изградбата на овие прекрасни кули близначки биле употребени 1,6 милијарди американски долари.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светлосни скулптури – уметност со која би сакале да си го декорирате просторот

    Светлосни скулптури – уметност со која би сакале да си го декорирате просторот

    Чилеанскиот уметник Иван Наваро креираше серија од скулптури изработени од флуоресцентни светла, огледала и други материјали. Низ неговите дела може да се забележи инспирацијата од човечките форми. Делата кои се рефлектираат пак, се бесконечни. Во нив, текстот и боите исчезнуваат кога стоите пред нив како пред огледало.rnrn

    rnrnЗа љубителите на ваквата уметност, делата на Наваро се достапни за купување од Артнет.rnrn

  • Креативни реклами за автомобили

    Креативни реклами за автомобили

    Производителите на автомобили годишно даваат милиони евра за промоција. Ова не е воопшто чудно, бидејќи добриот маркетинг оди во комбинација со успешниот бизнис, па затоа не треба да се штедат средства при искачувањето кон врвот.rnrnРекламите за автомобили, во последно време станаа филтри за искажување на креативноста на нивните производители, а воедно отворија и ново поле за натпреварување помеѓу нив.Креативни реклами за автомобили - Volkswagen Jetta Модерните реклами се навистина наелектризирани со фантазија и претставуваат уживање, некогаш поголемо и од самиот автомобил. Уживајте…

  • Порцелански предмети изработени со техниката оризово зрно

    Порцелански предмети изработени со техниката оризово зрно

    Повеќето луѓе кои се занимаваат со оваа техника веруваат дека таа за првпат се појавува во Кина, кон крајот на 18тиот век, иако слични предмети кои се ископани, се проценува дека се од времето на  Персиската империја од 900тата година.rnrnПредметите се прават од порцелан паста и мала количина на пепел од коски за да се зголеми нивната белина. Техниката се нарекува оризово зрно, бидејќи токму со зрно ориз се прават дупчиња по ѕидовите на предметите и потоа се  полнат со глазура, која по стопувањето изгледа како мало прозорче.rnrnОвие порцелански предмети ги изработува Ева Јокинен од Финска, а нејзините производи можат да се најдат и во САД, Швајцарија и Норвешка.

    rnrn

  • Совршено место за љубителите на пукањето

    Совршено место за љубителите на пукањето

    Градот Улм во Германија е домот на еден од најубавите стрелачки клубови во светот, комплексот МСЗУ. Тој привлекува уште при самото влегување со неговиот модерен дизајн, совршеното озвучување, безбедноста и врвната технологија, а е сочинет од продавница за пиштоли и пушки, кафе бар и ресторан со комплетна услуга.rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rnОвластените сопственици на пиштоли и пушки, ловџиите и полициските службеници се добредојдени да го посетат овој уникатен комплекс, за да вежбаат пукање со краток и долг дострел, да ги подобрат ловџиските техники, стрелање на глинени гулаби и друго.rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rnБез разлика дали имате дозвола за користење на оружје или не, не би можеле, а да не се заљубите во комплетното задоволство кое ви го пружа комплексот МСЗУ.rn.rnrnrnrn.rnКафе барот создава топли емоции и опуштена атмосфера, а ресторанот создава амбиент како да сте на ручек некаде надвор од градот.rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rnСтрелачките полигони се комплетно базирани на технологија, каде стрелачите ја имаат можноста на мониторите да го видат фидбекот од нивната стрелачка изведба.rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rnЗвучната изолација ги апсорбира дури и бомбастичните звуци, кои ги произведуваат најмоќните легални оружја во Германија. За ловците, полициските службеници или љубителите на пукањето, стрелачкиот клуб МСЗУ е меѓу светски најдобрите затворени дестинации за пукање, со кој градот Улм може да се стави на мапата на ловен туризам.rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

    rn

    Совршено место за љубителите на пукањето

  • Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со некое од овие навистина елегантни парчиња мебел.rn

    Гитара  која ќе ви го „причува“ кафето

    rnМожеби никогаш не сте имале музичка кариера, но отсекогаш сте биле вистински љубители на добра рок музика. Доколку вистински уживате во енергичниот звук кој го произведува електричната гитара, ова е најверојатно совршениот избор на кафе масичка за вас.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Кафе масичка и аквариум во едно

    rnОтсекогаш сте сонувале да поседувате еден уникатен аквариум, кој ќе говори за вашиот одличен вкус и ќе внесува свежина и раскош во домот. Желбата ви се чини неостварлива, бидејќи никогаш не успеавте да пронајдете аквариум, кој добро ќе се вклопува со останатиот мебел во дневната соба. Потрагата може да заврши! Ова е вистинското парче уметност за вас!rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    iPhone т.е. iCoffeetable

    rnВие сте просто заљубени во вашиот iPhone. Тоа е најдоброто парче технологија, кое ви нуди толку многу можности, а го собира во една дланка. За да биде задоволството уште поголемо, сега имате можност и да го пиете вашето утринско кафе на масичка, која изгледа идентично како вашиот омилен телефон. На неа можете дури и да додавате нови „апликации“.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотМасички за кафе од кои ќе ви застане здивотrn

    Дел од природата во вашиот дом

    rn

    Вистински знаете да уживате во убавините на природата. Уживате во свежината која ја носи утринската роса, мирисот на свежо искосената  трева и лулкањето на лисјата… Посакувате, просто да можевте да живеете во градина. Сега можете да „откинете“ дел од зеленилото кое никогаш не венее и да го сместите во вашата дневна соба. Дома ќе ви биде пролет, во текот на целата година.Масички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Мултимедијална масичка

    rn

    Никогаш не се разделувате од вашиот компјутер, така?  Не би ви замериле, затоа што ни е јасно дека ви е потребен за вашата работа, за да контактирате со пријателите или едноставно за да се релаксирате читајќи на Кафе пауза. Она што е ново, е дека сега за да го правите сето ова, не ви е потребен компјутер, туку маса. Да, да, добро прочитавте – маса на која ќе можете да проверувате имејл, да зачувувате фајлови, да користите блутут, да слушате музика, да играте видео игри и да јадете сладолед.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот

    rnrn

    Невидлива масичка

    rnДенес во продавница видовте одличен чаршав, но за жал тој не одговара со бојата на ногарките на вашата кафе масичка. А што ќе ви е масичка, кога можете да си купите чаршав над кој ќе „лебди“ вашата шолја со кафе? Доколку сакате да внесете футуристички изглед во вашиот дом, тоа ќе го постигнете со ова навистина елегантно парче мебел.rnМасички за кафе од кои ќе ви застане здивот