КАФЕ ПАУЗА

Category: Арт и дизајн

  • 60 кул тинејџерски соби

    60 кул тинејџерски соби

    Навистина не е лесно да се направи кул и креативна тинејџерска соба. Затоа, решивме да собереме една колекција од 60 фантастични тинејџерски соби, кои можат да ви послужат како инспирација.rnrn(47) 60 кул тинејџерски собиrnrnИнаку, сите детски соби се дизајнирани со елементи од големиот италијански производител на мебел, Corazzin group. Најголемиот дел од нив се многу иновативни и стилски. Интересните дизајнерски решенија на мебелот дозволуваат создавање на ненатрупани делови од собата коишто тинејџерот може да ги искористи за учење, спиење или другарување.rnrn(12) кул тинејџерски собиrnrnОстатокот можете да го погледнете во галеријата подолу.rn

    rnrn rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живописната перспектива на Леонид Афремов

    Живописната перспектива на Леонид Афремов

    Белорускиот уметник Леонид Афремов е најверојатно еден од сликарите кој користи најмногу бои при неговата работа. Неговата техника со мрсни и пастелни бои, создава живописни слики и пејзажи, преполни со убавина и водени рефлексии.rnЖивописната перспектива на Леонид АфремовИнспирацијата за оваа колекција од прекрасни слики, ја добил при прошетката низ едно белоруско гратче, полно со шаренило на различни култури. Така решил да го претстави шаренилото од негова перспектива. Со неговата четка, успеал да внесе многу живот и емоции во сликите, кои претставуваат вистински празник за очите.rn

    rn

  • Стилски и уникатни прстени

    Стилски и уникатни прстени

    Ова е прекрасна колекција на единствени и несекојдневни парчиња накит, кои секого би воодушевиле. Создадени се од повеќе креатори кои искористиле максимум од својата енергија и имагинација, за да создадат нешто вредно и поинакво.rnОдличен склоп на модерно, луксузно и екстравагантно. Па момци, размислете! Може е време да ја изненадите вашата сакана и тоа на уникатен начин.rn

  • Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

    Дали и вие сте љубител на Ламборгини?

    Ламборгини е италијански производител на возила, основан на 30 октомври 1963 година. Основачот Феруцо Ламборгини бил голем љубител на спортски автомобили и затоа многу често ги купувал најновите модели на Ферари и Масерати, но секогаш нешто му пречело и не ги задоволувало неговите критериуми. Затоа ја отворил компанијата со цел да создаде свој совршен, отмен, супер брз автомобил. Доколку би ги погледнале сите модели на Ламборгини, заклучокот дека ја остварил својата цел ќе биде неизбежен. Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.rnrn1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини?2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија Ауди.rnrn3. Првиот модел на Ламборгини е направен во 1963 година и бил наречен 350 GTV и можел да развие брзина до 280 км/ч. Првиот модел кој можел да развие брзина над 300 км/ч бил конструиран во 1974 година и бил наречен Каунтач.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини? Дали и вие сте љубител на Ламборгини?4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.rnrnДали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?Дали и вие сте љубител на Ламборгини?5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.

  • Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања

    Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања

    Веќе подолго време размислувате за преуредување на вашата бања? Погледнете неколку предлог идеи кои можат да ви помогнат да се одлучите за вистинската варијанта. Јаките и специфични бои се тотално ин, како и шарените тапети и украси по ѕидовите.Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бањаrnrnАко сте склони да им подлегнувате на трендовите и вкусовите на другите, еве неколку бањи кои ќе ви бидат инспирација. И не заборавајте, просторот кој го имате на располагање не ве ограничува да бидете креативни и модерни.rnrn

  • Креативна реклама на Икеа: 100 слатки мачиња во потрага по место за одмор

    Креативна реклама на Икеа: 100 слатки мачиња во потрага по место за одмор

    Познатата шведска фирма за мебел и за разни предмети во домаќинството „Икеа“, направила интересен експеримент, пуштајќи 100 слатки мачиња низ една од нивните големи продавници во Велика Британија, секако после работното време.Креативна реклама на Икеа: 100 слатки мачиња во потрага по место за одморИдејата им била да видат каде мачињата ќе се движат и каде на крајот ќе решат да се протегнат во нивни стил. Оваа идеја е неслучаен избор на маркетинг агенцијата која се грижи за промоција на брендот, бидејќи е во согласност со нивниот слоган „Среќни внатре“… а зар некој знае да го бара сопствениот комфор подобро од мачињата?rnrnМногу храбар потег од страна на фирмата, со оглед на тоа што овие 100 мачиња не се ТВ ѕвезди тренирани за снимање и тие во секој момент можеле да направат беља врз прекрасниот мебел. За среќа, снимањето поминало без никакви проблеми, а колку сладок производ е добиен од овој експеримент, можете да видите од видеото подолу.rnrn

  • Куќа во форма на школка

    Куќа во форма на школка

    Сте посакувале ли некогаш да живеете во изолирана куќа лоцирана на некоја непозната плажа, каде ќе се чувствувате заштитени од целиот свет?rnrnКуќа во форма на школкаrnrnКуќата-школка не ви гарантира безбеден живот, ниту е на плажа, но бидете сигурни дека ќе направи да се чувствувате волшебно.rnrnКуќа во форма на школкаrnrnОваа фасцинантна куќа е изградена во 2006-та година, од фирмата Аркитекура Органика. Млад брачен пар со две деца од Мексико Сити, решиле да го напуштат својот конвенционален дом и да живеат во куќа, која личи како да е составен дел на природата. Инспирацијата за овој проект е станарите да се чувствуваат заштитено како школката во својата куќарка, а воедно и да уживаат во луксузниот и уникатен дизајн.rnrn

    rnrn

  • 10 брзи трикови за подобра фотографија

    10 брзи трикови за подобра фотографија

    Добрата фотографија зависи од многу нешта. Неколку работи на кои можете да се фокусирате при фотографирањето можат да направат значителни подобрувања во вашето фотографско искуство. Ќе се задржиме на планирањето и одлучувањето за време на фаќањето фотки, што по некое време ќе ви стане природно и воопшто нема ни да размислувате додека го правите. Додека да дојдете до овој степен, имајте ги следниве 10 трикови на ум:rn

    rn1. Размислувајте10 брзи трикови за подобра фотографија - РазмислувајтеПрвата важна работа е да размислувате за вашата фотографија, да ја замислите во вашата глава пред да ја фатите. Откако ќе ја замислите комплетно фотографијата што сакате да ја направите, почнете да одите чекор по чекор за да го постигнете замисленото. Бидете трпеливи. Некогаш може да се случи да чекате неколку недели додека ја фатите совршената фотографија. Но, чекањето секако вреди.

    rn 2. Користете широкоаголни леќи10 брзи трикови за подобра фотографија - Користете широкоаголни леќиОбидете се да користите широкоаголни леќи ако сакате да оставите впечаток со големината на она што го фотографирате. Иако можете да фотографирате пејзажи со различни леќи, перспективата ќе биде најдобра доколку користите што поширокоаголна леќа бидејќи таа ќе овозможи поголем агол на гледање.rnrn 3. Изострете ги објектите10 брзи трикови за подобра фотографија - Изострете ги објектитеОбјектот што го фаќате мора да биде остар, прецизен. Острите детали во сликата ги привлекуваат очите на гледачите точно кон предметот. За да направите остра фотографија во услови на слаба светлина користете статив. Користете ги и ефектите на изострување достапни во додатокот Adobe Camera RAW, кој може да ви заврши одлична работа, особено последната верзија која има значителни подобрувања во однос на претходните.rnrn 4. Чиста позадина10 брзи трикови за подобра фотографија - Чиста позадинаПозадината може или да ја направи или да ја уништи вашата фотографија, затоа внимавајте што ќе изберете како подлога за вашиот предмет. Позадината треба да биде чиста, едноставна и уредна. Мислете на тоа што треба да биде во фокусот на гледачот.rnrn 5. Никогаш не може да имате премногу облаци10 брзи трикови за подобра фотографија - Никогаш не може да имате премногу облациИскористувајте ги буцкастите облаци на сина позадина за да продуцирате драматични неба. Ваквото време е исто така совршено за да правите портрети или да фотографирате водопади и реки со ефект на замаглување во движење (motion blur).rnrn6. Зад секоја добра фотка стои сонцето10 брзи трикови за подобра фотографија - Зад секоја добра фотка стои сонцетоПозиционирајте се така за сонцето да ви биде одзади и сончевата светлина да паѓа врз вашиот субјект. Освен ако не се обидувате да направите уметничка фотографија од сонцето, тоа треба секогаш да биде зад вас.rnrn7. Светлосни траги10 брзи трикови за подобра фотографија - Светлосни трагиНаправете добри урбани фотографии во услови на рана зора или доцна навечер со оставање светлосни траги по нив. Користете ги возилата во движење или кој било извор на подвижна светлина за да додадете интересност, расположение и драматичност во вашите фотографии.rnrnЗа да направите ваква фотографија, потребно е да ја поставите камерата на статив, да наместите долга експозиција и по можност да користите далечински управувач за да постигнете попрецизен резултат. Ваквите фотографии им се омилени на многумина.rnrn8. Силуети10 брзи трикови за подобра фотографија - СилуетиКлучот за сликање силуети е во чистата и осветлена позадина. Едноставно поставете го вашиот субјект во преден план така што ќе добиете чисти и остри линии и чкрапнете.rnrn 9. Од горе до долу10 брзи трикови за подобра фотографија - Од горе до долуГледајте горе, потоа долу и на крајот истражете што сѐ се наоѓа помеѓу. Можат да се направат многу добри фотографии од секој агол, вклучително и од најнеочекуваниот. Некогаш се фокусираме премногу на она што е очигледно и го пропуштаме она што е толку посебно, а едноставно.rnrn 10. Апарат, а не митралез10 брзи трикови за подобра фотографија - Апарат, а не митралезОсвен ако не се обидувате да направите акциона фотка или серија од фотографии кои прикажуваат како некој објект се менува со текот на времето, обидувајте се да правите помалку фотографии. Не пукајте цело време, очекувајќи дека ќе излезе нешто добро што подоцна ќе може да се поправи со обработка. Размислете, наместете се и прилагодете ја рамката за вашата фотографија. Кога ќе бидете подготвени, притиснете на копчето. Вака, ќе развиете подобри инстинкти и ќе зачувате многу од своето време кое инаку го трошите за да обработите стотици несовршени фотографии.rnrnФотографија: www.digital-photography-school.com

  • Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Погледнете го овој ултрамодерен и уникатен базен, кој одлично се вклопил во просторот на едно аргентинско семејство, очигледно, со добар вкус.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnАрхитектите од „Andres Remy Architects“, за овој проект внимателно го анализирале движењето на сонцето и падот на светлината, за да можат идеално да го постават базенот во дворот.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnБазенот е издигнат над земјата и има стаклен ѕид, што овозможува глетка од двете страни. Опколен е со бродска палуба и делува како релаксирачко и забавно место. Одлична модерна комбинација за луѓе со урбан стил. Зар не би посакале и вие нешто вакво во вашиот двор?rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни карикатури

    Интересни карикатури

    Ова се вистински ремек дела од италијанскиот дизајнер Marco Calcinaro. Ги препознавате, нели?rnrnrnrn