Исклучете се за момент од реалноста и замислете си свет во кој чекорите во чевли од авокадо, носите чанта од боровинки (или од броколи ако сакате да водите здрав живот), се дотерувате со алка од тестенини и ѓердан од сирење.rnrn
rnrnПонекогаш кога сите спијат, а вие сте сè уште будни и без друштво, сакате да се релаксирате слушајќи добра музика. Тогаш ги ставате јаболковите слушалки на уши и уживате во „сочните“ мелодии.rnrn
rnrnЗа оние моменти пак кога ќе се чувствувате сексапилно, можете да ја облечете вашата провокативна долна облека од зелена салата како предјадење, а да ги оставите чоколадните обетки за десерт. Звучи примамливо нели?!rnrn
rnrnПрофесионалниот фотограф Фулвио Бонавија е креатор на оваа „вкусна“ фото галерија, која ја употребил во неговата книга насловена „Прашање на вкус“, за да ја долови поврзаноста помеѓу графичкиот дизајн, уметноста и илустрацијата.rnrn
rnrnНавистина е штета што неговите генијални модни додатоци никогаш нема да се најдат на полиците во бутиците, бидејќи би било тешко да се одржат овошјето и зеленчукот свежи, а млечните производи да не мувлосаат. Како и да е, неговата креативност навистина заслужува признание, а идејата може да се преобликува и да се пренесе во некој елитен ресторан, каде за десерт ќе можете да нарачате шешир од малини.rnrn
Category: Арт и дизајн
-

Изедете ја вашата облека за десерт
-

Од црква во ноќен клуб
„Спирито-Мартини“ е ноќен клуб во Брисел, Белгија, а она што е интересно за него, е дека истиот објект претходно бил црква.

Бизнисменот Франсеко Раво, ја откупил црквата и најмил тим од архитекти и дизајнери, чија работа била да му дадат нов живот на објектот. Резултатот е фасцинантен спој од класичен Римски стил и модерен мебел, кој го прави елегантно место за незаборавно искуство..
И покрај тоа што некои ова го сметаат за сквернавење, мора да се признае дека ова е место од кое ќе ви подзастане здивот, особено поради фактот дека е спасена напуштената црква од уривање.

-

Скулптури во движење
Скулпторката Клер Морган од Белфаст, Ирска е креаторот на ова раскошно парче уметност. На прв поглед овие скулптури изгледаат како да паѓаат надоле во воздухот, особено „Прекривката од јагоди“.rn

rnЗа изработката на скулптурите се употребени природни материјали како пердуви, овошје и цвеќиња, кои се прикачени на рибарски конец. Инспирација за создавање на оваа визуелизација, авторката ја црпи од нејзината голема љубов кон органиката и животниот процес.rnrn
rnrn
-

Откачени нозе
Фотографот Томи Агриодимас ја создал оваа несекојдневна уметност, инспириран од сексапилноста на женското тело. Фокусот го ставил на привлечните женски нозе, кои „лебдат“ во воздухот и се наоѓаат во необична средина. Апстрактната уметност никогаш не била толку секси, каква што е оваа, зарем не?!rnrn
-

Елегантна софа инспирирана од коњот на Александар Македонски
Емануеле Канова е италијанска дизајнерка која неодамна ја претстави својата нова софа наречена Букефал, дел од колекцијата Меморандум. Инспирирана од легендарниот црн коњ на Александар Македонски, таа понуди едно несекојдневно решение за одмор со стил. Имено, софата претставува продолжена столица на која можете да седите, лежите и под која можете спастрено да си ги чувате книгите од вашата домашна библиотека.rnrn











































