Неверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците
Оваа приказна за една неверојатна наставничка која успеала да ги натера учениците да веруваат во себе ќе ве остави без зборови. Станува збор за инспиративна животна лекција која никого нема да остави рамнодушен.
Еден ден, наставничката по математика од едно училиште им кажала на учениците дека ќе добијат многу интересна задача. Таа побарала од нив на лист хартија да ги напишат имињата на сите ученици од класот. Потоа им рекла да се сетат на најубавата работа што би можеле да ја кажат за секој од нивните соученици и да го запишат тоа. На крајот од часот, учениците ги предале нивните листови. Било петок. Преку викендот, наставничката направила анализа на резултатите. Го напишала името на секое дете на посебен лист хартија и ги наброила сите убави мисли што биле кажани за него. Наредниот понеделник на секој ученик му ја дала соодветната листа со убави зборови.
Децата биле толку возбудени што во училницата одекнувале шепоти и коментари од типот „Дали ова е навистина за мене?“, „Не сум знаел дека некому толку му се допаѓам“. Не ги дискутирале резултатите за време на часот, но наставничката знаела дека ја постигнала нејзината цел. Нејзините ученици почнале да веруваат во себе.
По неколку години, Марк Еклунд, еден од учениците, загинал во Виетнам. Погребот се одржал во неговото родно место, така што повеќето негови соученици како и наставничката по математика отишле на погребот. По погребот, таткото на овој млад човек ѝ пришол на наставничката и ѝ кажал: „Сакам да Ви покажам нешто“. Го земал неговиот паричник и извадил старо парче хартија. Било очигледно дека листот бил свиткуван и одвиткуван повеќе пати. Ѝ го подал листот и ја прашал: „Го најдоа ова помеѓу работите на син ми. Знаете што е?“. Тоа било листата на убави мисли што соучениците на Марк ги напишале за него.
Мајката на младиот човек се заблагодарила и рекла: „Ви благодарам што сте го направиле тоа. На нашиот син многу му значеше“.
И потоа следувало огромно изненадување. Еден по еден, поранешните соученици на Марк почнале да ги вадат нивните листи. Многумина од нив ги чувале во нивните паричници. Некои дури и ги ставиле во нивните фото албуми. Еден човек кажал:
„Мислам дека сите ги имаме зачувано. Како би можеле да фрлиме нешто такво?“