КАФЕ ПАУЗА

Tag: задача

  • Изберете ја најпривлечната кристална форма и таа ќе ја открие вашата нерешена судбинска задача

    Изберете ја најпривлечната кристална форма и таа ќе ја открие вашата нерешена судбинска задача

    Изберете ја кристалната форма што најмногу ве привлекува, а таа ќе ја открие вашата нерешена карма од претходните животи.rnrnИзберете ја најпривлечната кристална форма и таа ќе ја открие вашата нерешена судбинска задачаrn

    1. Неможност да им верувате на другите луѓе

    rnВо изминатиот живот сте биле жртва на лукавство и на потсмев, па затоа денес често сте претпазливи. Понекогаш не сте сигурни кому можете да му верувате и заради таа збунетост, можеби сте им дале шанса и на оние кои на крајот ве изневериле.rnrnВо овој живот ќе привлечете личности кои ќе ја тестираат вашата верба и доверба во нив. Клучот е да обрнете внимание на интуицијата бидејќи знаците се тука секогаш.rnrnНа крајот на краиштата, најдобро е да се отворите пред луѓето откако ќе изградите односи со нив. По некое време, ќе можете да им верувате на нивниот интегритет, а потоа ќе можете да донесете своја одлука за тоа дали тие се достојни да бидат во вашиот поблизок круг.rn

    2. Се сомневате во себе, се саботирате себеси и вашите цели

    rnВо минатиот живот не се плашевте да верувате, но честопати бевте невнимателни, што ви донесе лоши резултати. Преку вашите одлуки, вие самите, а и другите, ги доведувавте во опасност, како финансиски така и физички. Поради овие грешки, почнавте да се сомневате во себе во текот на претходниот живот, а сенката сè уште ве следи.rnrnПостојат неколку начини на кои можете да се справите со овој проблем, немојте да донесувате невнимателни одлуки и признајте ја заслугата за сите успешни и мудри одлуки што сте ги донеле и за делата што неодамна сте ги направиле.rnrnДруг совет е да не барате мислења и совети од другите луѓе. Понекогаш, насоките од другите, колку и да се добронамерни, ќе ви предизвикаат само уште поголема забуна.rn

    3. Напуштање на нездравите односи

    rnВо минатиот живот, често бевте изолирани и сами и се чувствувате напуштени од другите луѓе. Затоа, ценете ги вашите односи и сторете сè што можете за да го спречите распадот на врските.rnrnПонекогаш ги гледате само позитивната страна или потенцијалот на една личност, па тешко ви е да прифатите дека тој идеал не е реален кога врската започнува да се распаѓа и за жал, понекогаш станува токсична. Кога ќе доживеете такво искуство, имате тенденција долго да се борите за врската, но тоа не е здраво. Тоа е резултат на вознемиреноста поради фактот дека сте сами или поради недостигот на почит од другите.rnrnКога ќе научите да ги препознавате предупредувачките знаци, ќе се спасите од повредувања и од разочарувања. Овој предизвик може да се појави во секој ваш однос, без разлика дали станува збор за семејството, за пријателите, за партнерот или за колегите.rnrn[message_box title=”Изберете ангелски симбол за да ја откриете вашата порака.” color=”yellow”]Изберете ја најпривлечната кристална форма и таа ќе ја открие вашата нерешена судбинска задача[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Математичката равенка која изгледа едноставна, но ретко кој може да ја реши!

    Математичката равенка која изгледа едноставна, но ретко кој може да ја реши!

    Сакате математика? Луѓето често се плашат од неа, но доколку се обидете да ја научите, ќе сфатите дека е интересна и забавна. Освен што може да биде забавна, процесот на решавање математички проблеми е добар и за вашето здравје. Решавањето сложувалки може да ви го подобри логичното размислување и да ја развие креативноста.rnrnМатематичката равенка која изгледа едноставна, но е тешко да се решиrnrnЕве една математичка равенка која изгледа дека ретко кој може да реши. Дали вие ќе успеете?rn

    5+7 (2+1)=?

    rnИако изгледа едноставно, многу луѓе не успеваат да го најдат точното решение. Кое решение избравте од долу наведените?rn

    А) 26

    rn

    Б) 36

    rn

    В) 13

    rnМатематичката равенка која изгледа едноставна, но е тешко да се решиrnrnДоколку одговоривте со 26, во право сте! Браво! Еве како се доби одговорот.rnrnТреба да запаметите некои математички правила пред да го решите ова. Множењето и делењето секогаш се пресметува пред собирањето и одземањето. Заградите, исто така, имаат предност. Па затоа, прво се собираат тие. Потоа множиме 7х3, добиваме 21 и потоа додаваме 5. 5+21=26.rnrnЛесно беше? Дали брзо го најдовте решението? Не заборавајте да решавате уште повеќе математички равенки за да ја подобрите логиката. Споделете ја оваа равенка со вашите пријатели и најблиски за да ги проверат своите математички вештини.rnrnДоколку сакате поголем предизвик, еве уште една едноставна математичка задача која е сепак тешко да се реши.

  • Мистериозниот број кој ги воодушевува математичарите

    Мистериозниот број кој ги воодушевува математичарите

    Мистериозната поврзаност на бројот 6174 со сите четирицифрени броеви била откриена од страна на индискиот математичар Дататреа Рамчандра Капрекар на средината на минатиот век. Досега, сѐ уште нема теорија која ја објаснува специфичноста на овој број.rnrnМистериозниот број кој ги воодушевува математичаритеrnrnБројот 6174 се нарекува Капрекарова константа, според неговиот пронаоѓач. Капрекар го претставил своето откритие на математичка конференција одржана во индискиот град Мадрас во 1949 година. За какво откритие станува збор?rnrnНа прв поглед, бројот не делува посебно. Но, самите уверете се во спротивното.rnrnОдберете кој било четирицифрен број со најмалку две различни цифри (вклучувајќи ја и нулата). Како пример ќе го искористиме бројот 1234. Распоредете ги цифрите од најголема до најмала: 4321. Сега, распоредете ги од најмала до најголема: 1234. Одземете го помалиот број од поголемиот: 4321 – 1234 = 3087.rnrnСега повторете ги чекорите со бројот кој го добивте. Значи, се распоредуваат цифрите од најмала до најголема: 8730. Потоа се распоредуваат од најмала до најголема: 0378. Се одзема помалиот број од поголемиот: 8730 – 0378 = 8352.rnrnПостапката се повторува уште еднаш. Значи, се работи со бројот 8352. Се добива равенката: 8532 – 2358 = 6174.rnrnГо добивте мистериозниот број 6174. Доколку продолжите со истите чекори користејќи го овој број, секогаш ќе го добивате истиот резултат.rnrnМистериозниот број кој ги воодушевува математичаритеrnrnДа се обидеме со нов број. Како пример, овој пат ќе го земеме бројот 2005. Постапката би одела вака:rnrn5200 – 0025 = 5175rnrn7551 – 1557 = 5994rnrn9954 – 4599 = 5355rnrn5553 – 3555 = 1998rnrn9981 – 1899 = 8082rnrn8820 – 0288 = 8532rnrn8532 – 2358 = 6174rnrn7641 – 1467 = 6174rnrnПовторно го добивме истиот број 6174.rn

    Колку други мистериозни броеви постојат?

    rnНикој не го знае одговорот на ова прашање. Но, може да се обидеме да откриеме. Да започнеме со кој било троцифрен број, како што е бројот 574.rnrn754 – 457 = 297rnrn972 – 279 = 693rnrn963 – 369 = 594rnrn954 – 459 = 495rnrn954 – 459 = 495rnrnЕте го „магичниот“ број 495.rnrnМатематичарите велат дека ваквите константи се јавуваат само со троцифрени и четирицифрени броеви, но досега биле пресметувани броеви со 2 до 10 цифри.rnrnЗа оние кои бараат повеќе математички задачи, погледнете ги овие 4 кои ќе го разбудат вашиот мозок.rn

  • Забавен предизвик: Едноставна математичка задача која е сепак тешко да се реши

    Забавен предизвик: Едноставна математичка задача која е сепак тешко да се реши

    За некого математиката е забавна и е одличен начин за релаксација. Други пак, сметаат дека е тешка и ја мразат. Во секој случај, едно е точно – математиката е корисна за мозокот, а може и да ви се најде во разни ситуации во секојдневниот живот.rnrnНекои математички задачи се многу тешки и бараат мислење и „мозгање“, понекогаш и со часови, но денес имаме една едноставна задача за чие решение сепак луѓето не можат да се согласат.rnrnЗабавен предизвик: Едноставна математичка задача која е сепак тешко да се решиrnrnОваа задача на Интернет предизвикува контроверзии веќе подолго време. Луѓето најчесто доаѓаат до одговорите 1 и 9, а има и такви кои некако успеале да дојдат до 6, 3 или 0.rnrnАко вашето решение е 1 или 9, вие спаѓате во мнозинството луѓе, но дали сте дошле до вистинскиот одговор или не, зависи од тоа како ве научиле да пресметувате, а не од вашите логички односно математички вештини.rnrnЗапомнете, оваа задача нема две решенија. Само едно е возможно и точно. Па, кое е тоа?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Точен одговор:” active=”false”]rnrn9 – Не е спорно дека прво треба да го пресметате она што е во заградата. Проблемот настанува кога редоследот на останатите операции (множење и делење) се изведува од десно кон лево наместо обратно, по ред.rnrnАко ја впишете задачата во Гугл или во други алатки кои имаат вградени компјутерски алгоритми за пресметка, ќе се уверите во точниот резултат. Начинот на кој нѐ учеле во училиште е едноставно застарен и погрешен.rnrnПодетално објаснување има во видеото.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=URcUvFIUIhQrnrnПа, што мислите? Го прифаќате ли овој начин на пресметување во математиката? Дали ова сосема ги менува нештата во област која мислевме дека почива на толку прецизни дефиниции, правила и формули, што никогаш не би можела да се промени?[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnСакате уште еден математички предизвик? Само 1 човек на секои 1.000 може да ја реши оваа математичка задача!

  • Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?

    Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?

    Ако се сметате за експерти за логички задачи, сигурно ќе сакате да ја решите оваа загатка. Предупредување: Потешка е одошто изгледа! Сепак, не се откажувајте по првиот обид и одвојте малку време. Подготвени сте да почнете?rnrnПостои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?rnrnАглите на деловите од оваа сложувалка можат да допираат други слики само ако се од истиот тип. Бубамарата оди со бубамара, чадорот оди со чадор, печурката оди со печурка и така натаму. Ваша работа е да ги сместите деловите кои се тргнати на страна во празните простори на сложувалката. Симболите мора да бидат наредени точно, вклучувајќи ги и новите делови што сте ги наместиле во сложувалката. Исто така, не смеете да ги повторувате деловите. Не треба да ги искористите сите делови, така што водете сметка за оние кои ќе ви останат.rnrnЗадачата е едноставна, но само вистинските генијалци можат да ја решат точно оваа загатка. Ќе ви треба солидна меморија, голема фантазија и силна смисла за логика. Најтешкиот дел ќе ви биде да запомните кое делче веќе сте го одбрале и како изгледа сложувалката откако сте го наместиле. Но, ние имаме верба во вас! Ви треба само малку концентрација и ќе дојдете до вистинскиот одговор.rnrnУспеавте да ја решите? Не се откажувајте! Ако навистина не можете да ја решите, нацртајте ја сложувалката или буквално исечете ги делчињата за да можете да добиете појасна слика. Кога ќе бидете сигурни дека го имате вистинскиот одговор, ѕирнете во решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! Можете ли да ја решите?[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку успеавте да ја решите точно, честитки! Вие сте вистински генијалци! Сега обидете се да ја решите и оваа загатка и откријте дали размислувате логички.

  • Најтешката загатка според еден универзитетски професор: Ќе можете ли да ја решите?

    Најтешката загатка според еден универзитетски професор: Ќе можете ли да ја решите?

    Дали сте расположени да ја тестирате вашата интелигенција? Иако оваа загатка прв пат се појавила во 1996 година, луѓето сѐ уште не можат да ја решат. Автор на загатката е математичарот Ричард Смалјан кој е познат под прекарот „неоспорливиот експерт за логички задачи“. Професорот по логика, Џорџ Булос од Институтот за технологија во Масачусетс ја нарекол „најтешката загатка што постои во светот“, а и самите ќе видите зошто е тоа така.rnrnНајтешката загатка според еден универзитетски професор: Ќе можете ли да ја решите?rnrnПрочитајте ја загатката на мудриот математичар:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Биле повикани три богови А, Б и В кои се викале Вистина, Лага и Случајност. Не знаете кој бог е Вистина, Лага или Случајност. Вистината секогаш ја кажува вистината, Лагата секогаш кажува лаги, а дали Случајноста ќе каже вистина или лага е сосема случајно. Треба да ги откриете идентитетите на А, Б и В со тоа што ќе им поставите 3 да/не прашања и секое прашање мора да биде поставено само на еден бог. Боговите разбираат македонски, но ќе одговараат на прашањата на нивниот јазик. Во нивниот непознат јазик, зборовите за „Да“ и „Не“ се „Та“ и „Ја“, но не знаете кој збор точно што значи. [/message_box]rnrnПа, кои прашања би ги поставиле за да го дознаете идентитетот на секој бог? Не станува збор за трик прашање! Постојат многу начини на коишто можете да дојдете до точниот одговор. Немате идеја ниту од каде да почнете? Размислете уште малку, па погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rnrnОва се 3-те прашања што би требало да ги поставите:rnrn1. На богот А: „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако ти си Вистина и ако и само ако Б е Случајност?“ (Претпоставуваме дека А одговорил ’ја’, што значи дека Б е или Вистина или Лага)rnrn2. На богот Б: „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако Плутон е џуџеста планета? (Претпоставуваме дека Б одговорил ’та’ што значи дека Б е Вистина)rnrn3. И повторно на богот Б (Вистина): „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако А е случајност?“ Со оглед на тоа што Б е Вистина, мора да каже „Да“, што значи дека А е Случајност, а В е Лага.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnНе грижете се доколку сѐ уште сте збунети. Станува збор за навистина тешка задача што и најдобрите логичари не можат да ја решат. Не се откажувајте и вратете се на оваа загатка откако ќе ги решите овие 10 мистериозни загатки.

  • Можете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?

    Можете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?

    Сигурно понекогаш посакувате да се вратите во времето кога сте оделе во основно училиште и единствените проблеми ви биле дружењето со другарчињата и петките на тестовите. Но, колку и да ви делува едноставен тој период од животот, мора да признаете дека некои од математичките задачи навистина знаеле да ви предизвикуваат проблеми.rnrnМожете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?rnrnЕден од нив е и следниов математички проблем што ги збуни учениците, родителите и целиот виртуелен свет. Можете ли да го решите вие? Проблемот гласи вака:rnrn„Јана има 15 џамлии. Изгубила неколку. Колку џамлии има Јана сега?“rnrnЗбунетите ученици најчесто не ја решаваат оваа задача, а најверојатно и вие не би знаеле што да одговорите. Лесно би било кога задачата би гласела: „Јана има 5 списанија. Сестра ѝ земала 2. Колку списанија има Јана сега?“.rnrnПа, што значи ова „неколку“? Како би ја решиле вие оваа задача? Размислете и обидете се да дојдете до вистинскиот одговор. Доколку не можете да се сетите, погледнете го решението кое е многу поедноставно одошто мислите.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Одговорот гласи „Јана сега има помалку од 15 џамлии“.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnУспеавте да ја решите задача? Доколку успеавте, честитки! Тоа е навистина импресивно! Но, не очајувајте доколку не се сетивте на одговорот, бидејќи не сте единствени. Сите ние понекогаш непотребно ги комплицираме работите и така се оддалечуваме од вистинското решение на проблемот. Зошто да биде просто, кога може да биде сложено, се согласувате?rnrnПодготвени сте за уште еден предизвик? Обидете се да го решите и овој математички проблем кој зачуди илјадници.

  • Пронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!

    Пронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!

    Понекогаш најочигледните работи се невидливи. Следнава задача ќе ви го разубави денот, но и ќе ви помогне да проверите колкава е вашата моќ за забележување детали. Идејата е многу едноставна: На сите овие фотографии има по еден „натрапник“ кој не припаѓа таму и вашата мисија е да го најдете! Што чекате? Извадете ја вашата лупа и сетете се што сте научиле од детективските книги и серии. Погледнете ги следниве необични фотографии и обидете се да откриете што не е во ред со нив…rn

    Експерт за маскирање

    rnПронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!rn

    Трети ден: Никој не се сомнева во ништо!

    rnПронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!rn

    Најдете го натрапникот

    rnПронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!rn

    Нешто не е во ред со оваа фотографија…

    rnПронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!rn

    33-ти ден: Никој не се сомнева во нешто. Асимилацијата е успешна

    rnПронајдете го натрапникот на овие урнебесни фотографии!rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • Само 1 човек на секои 1.000 може да ја реши оваа математичка задача

    Само 1 човек на секои 1.000 може да ја реши оваа математичка задача

    Оваа задача може да изгледа слична како оние што сте ги решавале на училиште, но многу брзо ќе сфатите дека станува збор за нешто што не е толку едноставно. За да ја решите оваа задача, потребно е да размислувате на уникатен и необичен начни. Уште поважно, постојат 2 можни решенија!rnrnСамо 1 човек на секои 1.000 може да ја реши оваа математичка задачаrnrnЕпа ајде, наместете се удобно во вашето столче, земете парче хартија и пенкало и фрлете се на работа. Но, дајте си доволно време пред да ѕирнете во одговорите. Ако сами го пронајдете одговорот ќе се почувствувате одлично во својот ум и ќе можете да се пофалите дека сте еден од ретките победници.rnrnПроверете го вашето решение во продолжение.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Прво решение” active=”false”]rnrnНа збирот од секоја претходна равенка, додајте го збирот од претходната:rnrn1 + 4 = 5rnrn5 + 2 + 5 = 12rnrn12 + 3 + 6 = 21rnrn21 + 8 + 11 = 40rnrnНа овој начин ќе пронајдете еден од точните одговори: 40.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Второ решение” active=”false”]rnrnКористете ја формулата: a + b = a + a(b).rnrn1 + (4 × 1) = 5rnrn2 + (5 × 2) = 12rnrn3 + (6 × 3) = 21rnrn8 + (8 × 11) = 96rnrnНа овој начин ќе дојдете до вториот точен одговор: 96.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Неверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците

    Неверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на учениците

    Оваа приказна за една неверојатна наставничка која успеала да ги натера учениците да веруваат во себе ќе ве остави без зборови. Станува збор за инспиративна животна лекција која никого нема да остави рамнодушен.rnrnНеверојатна училишна задача која засекогаш останала во сеќавањето на ученицитеrnrnЕден ден, наставничката по математика од едно училиште им кажала на учениците дека ќе добијат многу интересна задача. Таа побарала од нив на лист хартија да ги напишат имињата на сите ученици од класот. Потоа им рекла да се сетат на најубавата работа што би можеле да ја кажат за секој од нивните соученици и да го запишат тоа. На крајот од часот, учениците ги предале нивните листови. Било петок. Преку викендот, наставничката направила анализа на резултатите. Го напишала името на секое дете на посебен лист хартија и ги наброила сите убави мисли што биле кажани за него. Наредниот понеделник на секој ученик му ја дала соодветната листа со убави зборови.rnrnДецата биле толку возбудени што во училницата одекнувале шепоти и коментари од типот „Дали ова е навистина за мене?“, „Не сум знаел дека некому толку му се допаѓам“. Не ги дискутирале резултатите за време на часот, но наставничката знаела дека ја постигнала нејзината цел. Нејзините ученици почнале да веруваат во себе.rnrnПо неколку години, Марк Еклунд, еден од учениците, загинал во Виетнам. Погребот се одржал во неговото родно место, така што повеќето негови соученици како и наставничката по математика отишле на погребот. По погребот, таткото на овој млад човек ѝ пришол на наставничката и ѝ кажал: „Сакам да Ви покажам нешто“. Го земал неговиот паричник и извадил старо парче хартија. Било очигледно дека листот бил свиткуван и одвиткуван повеќе пати. Ѝ го подал листот и ја прашал: „Го најдоа ова помеѓу работите на син ми. Знаете што е?“. Тоа било листата на убави мисли што соучениците на Марк ги напишале за него.rnrnМајката на младиот човек се заблагодарила и рекла: „Ви благодарам што сте го направиле тоа. На нашиот син многу му значеше“.rnrnИ потоа следувало огромно изненадување. Еден по еден, поранешните соученици на Марк почнале да ги вадат нивните листи. Многумина од нив ги чувале во нивните паричници. Некои дури и ги ставиле во нивните фото албуми. Еден човек кажал:rnrn„Мислам дека сите ги имаме зачувано. Како би можеле да фрлиме нешто такво?“