КАФЕ ПАУЗА

Tag: зрелост

  • Никогаш не се откажуваат: Овие 4 хороскопски знаци стануваат успешни подоцна во животот

    Никогаш не се откажуваат: Овие 4 хороскопски знаци стануваат успешни подоцна во животот

    Успехот на деловен и на приватен план е нешто кон кое се стремиме сите. Сепак, некој го достигнува тоа брзо, буквално преку ноќ, додека на некои луѓе им треба многу време за да ја постигнат зацртаната цел. Поради нивните карактерни црти, припадниците на овие хороскопски знаци достигнуваат успех во зрелоста.rnrnНикогаш не се откажуваат: Овие 4 хороскопски знаци стануваат успешни подоцна во живототrn

    Бик

    rnБиковите се стремат кон рамнотежа помеѓу работата, одморот и забавата. Тие не сакаат да ризикуваат или да „прегорат“ од работата само за да станат успешни за многу кратко време.rnrnБиковите претпочитаат да одат чекор по чекор и да се радуваат на малите успеси. Дури и тоа да трае малку подолго, тие ќе изградат стабилна кариера.rn

    Рак

    rnОвој хороскопски знак се стреми кон рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот. Неговата амбиција е намерно „забавена“ – особено кога ќе најде партнер или ќе сака да создаде семејство.rnrnРаковите даваат сè од себе за да обезбедат сигурен живот за своите најблиски, па затоа внимателно се стремат кон независен бизнис, со цел да бидат сигурни дека нема да тргнат во погрешна насока.rn

    Скорпија

    rnОвој хороскопски знак планира сè до најситен детаљ во својата кариера. Скорпиите не носат деловни одлуки спонтано, туку максимално се концентрираат на работата.rn

    Риби

    rnРибите пробуваат различни работи пред да сфатат која е нивната цел. На нивната одлука влијае и мислењето на другите бидејќи им е тешко да веруваат во својата интуиција.rnrnМеѓутоа, кога ќе откријат што сакаат, тогаш никој не може да ги запре.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат многу среќа и успех во јуни.

  • 5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

    5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

    Сериите честопати се извор на инспирација, но и утеха што на сите понекогаш им е потребна во тешките и чудни периоди од животот. Ликовите со кои можете да се идентификувате и во кои можете да ги видите вашите сопствени пријатели, вашите проблеми и предизвиците со кои се соочувате во животот, секогаш се добар потсетник дека сè може да се реши. Ако ви треба некој што деновиве ќе ви каже дека сè ќе биде добро, со овие ликови можете да се смеете, да плачете и да се поврзете. Во нивните проблеми ќе ги пронајдете вашите, а нивните решенија и нивната снаодливост ќе ве охрабрат да направите промени во вашиот сопствен живот.rn

    „Утрото ќе промени сè“ („Jutro će promijeniti sve“)

    rnhttps://youtu.be/JDcjJAJanfwrnrnАко сакате да се потсетите на сопствените неуспеси, љубов, ситуации што ве болат и ситуации од кои сте научиле нешто, ова е вистинската серија за вас. Ако го сакате животот онаков каков што е навистина, со сите свои убавини и гадости, ова е серија за вас. Ако во моментот сте во период кога ви е тешко да ја препознаете личноста што ја гледате во огледало, оваа серија ќе ви каже дека животот понекогаш е страшно непредвидлив и тежок, но исто така ќе ви даде надеж за подобро утре бидејќи утрото навистина може да промени сè.rn

    „Широк град“ („Broad City“)

    rnhttps://youtu.be/iC_xGWSkRKcrnrnИлана и Аби се разликуваат од сите женски ликови што досега сте ги сретнале во сериите и во филмовите. Нивниот живот во Њујорк не е обоен со гламур, а нивните проблеми се необични и неверојатно смешни. Ова е малку поинаква серија за растењето, врските и пријателствата. Ако сакате да се смеете гласно и да го гледате светот од друга перспектива, оваа серија ќе ви го овозможи тоа.rn

    „Транспарентен“ („Transparent“)

    rnhttps://youtu.be/zeQ7WFpSmuUrnrn„Транспарентен“ е серија за растењето на цели семејства чии членови, иако се веќе возрасни, треба да започнат од нула. Причината за ова е признанието на таткото и главата на семејството за својата трансродовост. Откако Морт ќе стане Мури, целото семејство треба да се приспособи и да научи да живее со тоа.rn

    „Флибег“ („Fleabag“)

    rnhttps://youtu.be/FhZHv2id6SkrnrnНа моменти, оваа серија е многу болна за гледање. Нејзините херои се изгубени, несреќни и тажни. Главната хероина, Флибег, која се губи во времето и во просторот трагајќи по себе, ќе стане вашата најдобра пријателка. Целосно скршена, ги собира своите остатоци на погрешен начин. Се лекува со алкохол, со бесмислени врски што секогаш завршуваат трагично и со секс што никогаш не решава ништо. Нејзината приказна е многу тешка, а нејзините проблеми од минатото се огромни. Но, Флибег е дефинитивно лик со кој ќе можете да се поврзете. Иако се снимени само две сезони, вреди да се погледне оваа серија.rn

    „Ти си најлошото“ („You’re The Worst“)

    rnhttps://youtu.be/r63sh6IzgdwrnrnОваа серија ги прикажува љубовта и заедничкиот живот на две токсични, асоцијални личности кои одбиваат да се поврзат и кои имаат проблеми со себе и со своето ментално здравје. Серијата совршено ги покажува последиците што одредени психолошки проблеми ги имаат врз врската. Прифаќањето, растот, созревањето и борбата обоени со љубов и врвен хумор ќе ве импресионираат, а Гретчен и Џими ќе ви станат омилениот љубовен пар од малите екрани.rnrnПогледнете ги овие нови семејни филмови кои ќе можете да ги гледате оваа пролет.

  • Како да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?

    Како да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?

    Сигурно познавате некој маж што одбива да порасне или можеби сте во врска со некој таков. Неговото детско однесување може да биде прилично шармантно, но и исклучително фрустрирачко. Во продолжение откријте дали се состанувате со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак.rnrnКако да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnОвенот никогаш не признава дека згрешил.rnrnАко направи грешка или ако ве повреди, тој ја префрла вината на вас или се шегува за тоа. Овенот е импулсивен и прави многу грешки, па би било добро да ја признае вината, но тој никогаш не го прави тоа.rn

    Бик

    rnБикот нема да оди на лекар дури ни кога е сериозно повреден или кога е очигледно дека она што го измачува не исчезнува.rnrnМоже да ви биде тешко да закажете состанок, да направите договор или да одите на лекар, но тоа е нешто што го прават возрасните. Ако има мијалник полн со валкани садови, измијте ги. Не чекајте некој друг да го стори тоа.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците не се придржуваат до плановите и потоа ве лажат за тоа.rnrnНе е толку тешко да се бидете некаде што сте кажале дека ќе бидете, особено ако сте ветиле дека ќе бидете таму. Но, Близнаците сметаат дека тоа е практично невозможно. Потоа, кога ќе ги прашате за тоа, тие ќе ви кажуваат неубедливи изговори.rnrnАко не сакате да западнете во неволја, треба да бидете точни и да ги исполнувате своите ветувања. Можеби тогаш нема да имате потреба да лажете.rn

    Рак

    rnРакот не прави ништо за да ги оствари своите големи соништа.rnrnНавистина е тешко да поверувате дека барал работа кога ќе се вратите дома, кога до него има празна кутија за пица. Добрите работи не ве наоѓаат, вие треба да излезете и да ги барате.rnrnНе можете да не покажете реакција на лицето кога тој зборува за пензионирање на 40 години. Не треба да имате кариера пред да се пензионирате?rn

    Лав

    rnЛавот ќе ве спушти долу за тој да се издигне.rnrnВие напредувате во кариерата, но тој се обидува да ве натера да верувате дека вашата самодоверба е само претерано его. Наместо да ве фали за вашите достигнувања пред своите пријатели, тој зборува лошо за вас за да не се чувствува како губитник.rnrnАко не ви е најголема поддршка и не ве мотивира да ги остварите вашите соништа, тој само ќе ве спречува да напредувате.rn

    Девица

    rnНа Девицата ѝ треба цела вечност за да одговори на вашите пораки и повици. Очигледно е дека не сте приоритет.rnrnОсобено е тешко да добиете информации за нешто што го засега и него, како што е датумот на свадбата на неговата сестра или името на филмот што сака да го гледа. Кога сепак ќе ви се јави, разговорот се одвива во погрешна насока и може да ви спушти слушалка.rn

    Вага

    rnВагата никогаш нема целосно да ви се посвети и ќе флертува со други девојки пред вас. Овој човек сака да биде сигурен дека има повеќе опции отворени.rnrnТој понекогаш се преценува, а дел од вас посакува некоја девојка да одговори на неговиот флерт за вие да се ослободите од него.rn

    Скорпија

    rnНа вашите пријатели не им се допаѓа вашиот партнер. Очигледно е дека Скорпијата не сака да троши никаква енергија за да се запознае со вашите пријатели и со вашето семејство.rnrnТој се мурти кога имате гости или кога правите нешто со вашите пријатели без да го поканите. Зошто би го поканиле? Неговото однесување само ќе ги натера сите да го мразат.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот одбива да води сериозни разговори со вас.rnrnСекогаш кога ќе сакате да разговарате за нешто сериозно, тој се шегува. Се шегува дури и кога е на сосема несоодветно место, како во црква или на спомен.rnrnНа почетокот ви се допаѓаше неговата смисла за хумор, но сега се чувствувате како да сте со петгодишно дете, а тоа ве исцрпува.rn

    Јарец

    rnЈарецот очекува тој да не прави ништо, но вие да работите цел ден и на крајот да направите вечера и да ја послужите.rnrnОчигледно е дека неговата мајка никогаш не го натерала да помага во домашните обврски затоа што тој не знае дека треба да ги поделите обврските во куќата.rn

    Водолија

    rnВодолијата е опседната со видеоигри. Секој слободен момент, ќе го најдете како се бори со чудовишта и со непријатели. Во ред е да ужива во играњето видеоигри, но тој се однесува како тие да се најважната работа во неговиот живот.rnrnПроблемот е во тоа што не игра само еден час, туку 8 часа или повеќе, секој ден. Ако не игра видеоигри, гледа телевизија, обично научна фантастика. Се разбира дека има одлична координација на рацете и на очите, но не поседува никакви други вештини.rn

    Риби

    rnТој е возрасен човек и сè уште не знае како да ја користи машината за перење. Неговата мајка сè уште ги пере неговите алишта, но и таа му го купува поголемиот дел од облеката.rnrnВо ред е да биде близок со својата мајка, но некои работи треба да ги прави самостојно.rnrnПрочитајте кои се работите што секој хороскопски знак ги цени најмногу за време на средбите со партнерот.

  • Кога ќе ги направите овие 19 непријатни работи, ќе сфатите дека сте ментално зрели

    Кога ќе ги направите овие 19 непријатни работи, ќе сфатите дека сте ментално зрели

    Без разлика колку години имате, не сте возрасни сè додека не расчистите некои работи во главата и не направите некои работи што можат да бидат непријатни, да предизвикаат кавги и конфликти или да ги расипат односите. Ако навистина сакате да бидете ментално зрели, треба да поминете низ следниве 19 работи.rnrnКога ќе ги направите овие 19 непријатни работи, ќе сфатите дека сте ментално зрелиrnrn1. Да им кажете на родителите дека не се согласувате (особено ако тоа има врска со вашиот живот) и дека сте подготвени да се соочите со секој кој не ја почитува вашата одлука, без разлика како тоа ќе влијае на вашиот однос.rnrn2. Да се откажете од долгогодишните пријатели кои веќе не ви одговараат (пријателството станало токсично, луѓето се смениле на полошо итн.).rnrn3. Искрено да им кажете на тие пријатели зошто веќе не сакате да се дружите со нив.rnrn4. Да ги избришете телефонските броеви на луѓето кои никогаш не биле тука за вас.rnrn5. Да ѝ објасните на личноста на којашто ѝ се допаѓате дека не сте заинтересирани за неа, наместо да ја избегнувате.rnrn6. Да се преселите таму каде што ви одговара да живеете – од практични, од деловни или од други причини.rnrn7. Прифатете го фактот дека животот не е само забавен и поставете си приоритети. Одбијте ја поканата за забава ако имате нешто попаметно и поважно да направите или ако едноставно не сакате да го нарушите вашиот сон.rnrn8. Разберете дека луѓето понекогаш се премногу зафатени и немаат време за вас, исто како што понекогаш вие немате време за нив и дека едноставно не можете да бидете блиски како порано.rnrn9. Кога ќе видите дека некој си заминува, бидете свесни дека тој веројатно нема да се врати во вашиот живот.rnrn10. Разберете дека не можете да им помогнете на сите и не треба да се чувствувате виновни за тоа.rnrn11. Ако не ги погазите вашите зборови и принципи кога гледате голема сума пари која ви се чини лесно достапна, дефинитивно сте зрела и возрасна личност.rnrn12. Бидете свесни дека сте возрасни, иако можеби не се чувствувате така.rnrn13. Задолжете се. Научете да вратите. Во исто време, ќе научите да бидете одговорни и да трошите рационално.rnrn14. Бидете свесни дека генерацијата на вашите родители не ги разбира денешното време и денешното искуство.rnrn15. Сфатете дека не успеале сите луѓе кои учеле и работеле напорно.rnrn16. Прифатете дека и другите луѓе понекогаш се во право.rnrn17. Откажете се од ривалството со вашиот брат или сестра и започнете да го цените фактот дека сте способни да постигнете успех на различно поле. Не сме сите исти.rnrn18. Неизбежниот дел од растењето и созревањето е вљубувањето во личност која воопшто не е за вас. Кога ќе го преболите тоа, сте направиле голем чекор кон станувањето зрела личност.rnrn19. Согледајте ги сите одлуки што сте ги донеле во минатото, какви пречки поминавте, кој погрешен пат сте го одбрале, како сфативте дека е погрешен? Бидете личноста што сте одлучиле да бидете, дури и ако тоа значи дека мора да се вратите на 25-годишна возраст и да започнете од грешката што сте ја направиле тогаш.rnrnПрочитајте кои се 13-те нешта што вистински зрелите мажи никогаш не ги прават.

  • 6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе

    6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе

    За да станете успешни, потребна ви е емоционална интелигенција, a eмоционалната интелигенција ви нуди долгорочна стабилност. Сепак, многу често среќавате тешки и токсични личности кои се спротивставуваат на логиката и ја предизвикуваат вашата животна сила. Таквите луѓе ви предизвикуваат стрес и негативно расположение, а еве како емоционално интелигентните жени се справуваат со нив.rnrn6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓеrn

    1. Воспоставуваат граници

    rnВие не можете да им угодувате на сите или да ги исполните сите очекувања.rnrnОткако ќе го разберете и ќе го прифатите ова, ќе се ослободите од еден куп грижи, од несигурноста, од желбата за докажување и од грижата на совестa.rnrnЕмоционално интелигентните жени се издигнуваат над хаотичните ситуации и одржуваат дистанца со тешките луѓе.rn

    2. Се фокусираат на решенијата

    rnНаместо да се фокусираат на проблемите предизвикани од токсичните луѓе, тие се фокусираат на активностите што можат да ги подобрат околностите.rn

    3. Тие не забораваат

    rnНекои велат дека искуствата се најдобрите учители, а емоционално интелигентните жени го знаат тоа.rnrnТие знаат дека претходниот проблем со тешка личност обично раѓа нов проблем.rnrnДури и кога треба да ѝ дадат втора шанса на таквата личност, тие ќе се обидат да се заштитат себеси вооружени со знаењето што го стекнале од претходното искуство.rn

    4. Го прекинуваат негативниот разговор

    rnТешките луѓе се полни со негативност и со критики. Интелигентните жени одбиваат да го слушаат тоа и избегнуваат да се мешаат во разговори што создаваат напнатост и што стимулираат негативни емоции.rnrnТаквите разговори буквално ја трошат вашата енергија, ве вознемируваат и вие нема да ја постигнете вашата цел. Никогаш веќе не паѓајте во таа стапица!rn

    5. Тие се фокусирани на својата среќа

    rnЗрелите жени се среќни и сакаат да останат такви во она што го прават.rnrnТие ги извлекуваат задоволството и среќата однатре, а не од надворешни извори (како што се мислењата на другите луѓе).rn

    6. Се дружат со истомисленици за да имаат поддршка

    rnСоочувањето со тешки луѓе кога сте сами можеби не е најдоброто решение.rnrnЕмоционално интелигентните жени имаат поддршка од луѓето што ги почитуваат и што секогаш се тука за нив.rnrnПрочитајте кои 5 знаци покажуваат дека всушност вие сте токсичниот пријател.

  • 4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред

    4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред

    Луѓето честопати влегуваат во вашиот живот многу изненадувачки, но и толку брзо си одат. Поради некои ви е многу жал бидејќи сте мислеле дека нема да прекинете со дружење. Сепак не е крај на светот поради тоа што не се дел од вашиот живот. На тоа гледајте позитивно затоа што ако пријателството вредело – ќе траело.rnrnrn

    1. Помалку сте подготвени да поднесувате одредени работи

    rnКога сте млади, имате порив да бидете пријатели со сите. Премногу се грижите што ќе кажат другите за вас. Можеби сте правеле и некои нешта што во повозрасниот период не би се осмелиле да ги правите. Меѓутоа, тоа имало влијание врз остварување лоши пријателства. Тогаш не ги разбиравте знаците на предупредување или не можете да препознаете дека другите ве „газат“. Како што станувате позрели, толку помалку сте подготвени да трпите одредени работи. Немате време за незрели глупости дури иако тоа значи дека повеќе нема да се гледате со луѓето со кои сте поминувале доста заедничко време. Подраго ви е да го поминувате времето сами отколку со некој поради кој ќе се чувствувате осамено.rn

    2. Помалку ви е дојдено до остварување нови пријателства

    rnДојдовте до точката во која стекнувањето нови пријателства и остварувањето нови пријателства не се повеќе на вашата листа. Односно, променета ви е листата на приоритети. Досега веќе ви е јасно кои луѓе се секогаш тука за вас. Сепак, тоа не значи дека не сте дружељубива личност. Разговарате и се дружите со луѓето, правите различни забавни активности со нив, но не ги пуштате во вашиот живот. Не им доверувате тајни, не дозволувате да ве видат кога сте ранливи. Одамна ја поминавте точката кога ви беше потребна нова најдобра пријателка. Дури и ако не сте во најдобри односи со пријателката за која мислевте дека ви е најдобра пријателка, едноставно повеќе не ви е грижа. Не, не сте ниту песимистични, ниту депресивни. Едноставно немате време за тоа бидејќи вие така сте одлучиле и тоа е сосема во ред.rn

    3. Помалку им верувате на луѓето

    rnПонекогаш се чудите со каква леснотија ве напуштиле некои луѓе. Луѓе кои ги сметавте за квалитетни и за кои верувавте дека секогаш ќе ви бидат при рака. Тоа е воедно суров начин за да ги отворите очите. Поради тоа станувате посилни и затоа го имате тој дебел слој кожа за воопшто да не ви е важно што другите мислат за вас. Најдобрите луѓе и понатаму се покрај вас и нивното мислење го цените, како и тие вашето. Тие се важни, а сите останати поубаво што заминале.rn

    4. Помалку сте спремни да ги ставате другите пред себе

    rnКога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе почнете да се сакате себеси тогаш работите почнуваат да се менуваат на подобро. Престанувате да правите работи за да ги задоволите другите и се фокусирате на себе. Многу пријателства „пукнале“ поради овој едноставен факт. Кога еднаш ќе престанете да им дозволувате на другите да се однесуваат на лош начин кон вас (на пример, да се тука само кога ним им одговара) тогаш поголемиот дел од нив сфаќаат дека од вас повеќе немаат корист. Вие почнувате да станувате подобра верзија од себе – внатрешно. И на сите можни начини. Станувате личност која вистински знае што сака, а тоа не се луѓето кои ќе ве сопнуваат на секој чекор и ќе ве искористуваат на сите можни начини.rnrnДознајте и за кои работи зрелите жени не се грижат воопшто.

  • Тажната причина зошто траумата од детството ни влијае и во зрелоста

    Тажната причина зошто траумата од детството ни влијае и во зрелоста

    Доколку имате доживеано траума во детството, како злоупотреба или занемарување, тоа може да доведе до посттрауматско стресно растројство (PTSD) подоцна како возрасни.rnrnrn

    Зошто траумите во детството влијаат во зрелоста?

    rnОдговорот е едноставен: мозокот и нервниот систем ја создаваат меморијата. Но, како многу други видови трауми, самиот едноставен одговор е малку… комплициран. За да разберете зошто вашето трауматично искуство во минатото може да ви влијае на живот како возрасни, најпрво треба да разберете неколку работи за емоционалната болка.rnrnПрво, како мозокот и нервниот систем ја обработуваат меморијата. Второ, треба да ја разберете и самата природа на траумата.rn

    Мозокот и меморијата

    rnМеморијата во мозокот настанува кога глетките, мирисите, допирите и вкусовите ќе навлезат во вашиот нервен систем. Ова се случува преку сетилните органи како што се нашите очи, нос, кожа… Овие информации се канализираат во мозочната структура наречена таламус, чија задача е истовремено да ги пренесуваат информациите на две патеки: „брзиот“ пат до амигдалата (алармот на мозокот – замислете си го како детектор за чад) и „бавниот“ пат на предфронталниот кортекс (свесниот дел за размислување од мозокот).rnrnОвој „брз“ пат кон амигдалата е важен кога помислувате на траума. Тоа е затоа што амигдалата, како центар на стравот на телото (или детекторот за чад), прави неколку важни работи. Тој ги толкува сензорните информации, придава емоционално значење и му овозможува на вашиот систем да се подготви за потенцијална опасност, дури и пред да знаете точно која е опасноста.rnrnНа пример, замислете дека се шетате и одеднаш забележувате темен, долг и тенок предмет на патот. Амигдалата веќе утврдила можна опасност и испратила сигнали до хипоталамусот. За возврат, хипоталамусот испратил сигнали до вашиот автономен нервен систем за да се подготви за борба или за бегање. Ова го зголемува вашето срцебиење и дишење, и ги окупира мускулите на нозете при што го забавува вашето движење. Само малку подоцна, префронталниот кортекс („бавниот“ пат) се вклучил заедно со хипокампусот, мозочниот колектор на меморијата, и ви дал до знаење дека станува збор за стап, а не змија.rnrnПоследниот дел е особено важен кога станува збор за разбирање зошто детската траума влијае на зрелоста.rn

    Траума и меморија

    rnКога доживувате траума, мозочниот систем за меморија може да работи премногу добро.rnrnНа пример, 18-месечната Кејт гледа ново куче во паркот и среќно се затрчува кон него. Кучето, не е навикнато на мали деца, па ја напаѓа и ја каснува. Раните ѝ се сериозни и потребна ѝ е операција. Во чекалната соба во болницата, родителите на Кате нервозно го чекаат хирургот да излезе од операционата сала. Нејзината баба прозборува тивко „Среќа што Кејт е толку млада. Таа нема да се сеќава што се случило.“rnrnКако баба ѝ на Кејт, така и сите ние би сакале да веруваме дека таа нема да се сеќава на овој настан, и дека нема да ѝ влијае додека расте. За жал, тоа често не функционира на тој начин.rn

    Улогата на имплицитна и експлицитна меморија

    rnКејт не гледа опасност во кучето поради нејзините позитивни интеракции со семејното куче. Поточно, нејзината амигдала досега имала само добри искуства за менталната категорија „куче“. Кејт не помислува на можна закана од кучето во паркот. Ова е затоа што, по осумнаесет месеци, нејзиниот хипокампус почнува да ја следи, сортира и категоризира свесната меморија, вклучувајќи ја и мислата.rnrnОвие мисли кои содржат спомени, се нарекуваат експлицитни или декларативни спомени.rnrnБидејќи таа нема експлицитна меморија која ја вклучува и мислата „некои кучиња се опасни“, Кејт оди со среќен импулс кон кучето. Тоа значи дека таа делува само на процесната меморија (исто така наречена имплицитна меморија), која се потпира на инстиктивни и условни реакции, како и емоционална асоцијација („кученце!“).rnrnКако Кејт ќе реагира на непознати кучиња во иднина, зависи од тоа како нејзините родители и останатите возрасни околу неа, ќе му помогнат на нејзиниот нервен систем да го процесира овој настан. Ако оваа помош е недоволна или не одговара на нејзиниот нервен систем, таа најверојатно ќе има страв од непознати кучиња во иднина. Ова е водено од нејзината процесна меморија, иако таа нема да има свесни сеќавања од нападот на кучето.rnrnСега, хипокампусот на Кејт е вклучен и целосно функционира (што се случува понекогаш после осумнаесет месеци), па многу е веројатно дека мозокот ќе има експлицитни сеќавања кои ќе помогнат при информирањето на телото, како таа во иднина да реагира на опасности.rnrnКако телото на Кејт „треба“ да реагира, ќе биде водено од последната реакција кога дошла до некоја опасност. Со други зборови, во иднината, Кејт може да „замрзне“ кога ќе сретне куче – исто како што и нејзиниот систем замрзнал за време на нападот. Ова ќе се случи, иако сегашните околности можат да сугерираат дека борбата или бегањето може да биде посоодветен одговор.rnrnПа сега, кога имате претстава за тоа како мозокот и нервниот систем формираат меморија, што е тоа траума? Постојат многу начини да се дефинира траумата, но само два се истакнуваат.rn

    1. Когнитивната дефиниција

    rnВо оваа дефиниција, траумата е нешто што е ужасно, застрашувачко или заканувачко, така што едно лице нема соодветна референтна рамка со која може да се објасни.rnrnДобар пример е искуството од 11 септември 2001 година во САД. Додека координираниот напад врз Светскиот трговски центар и на Пентагон, како и поврзаниот пад на Обединетиот Лет 93 во областа во Пенсилванија беа навистина ужасни настани, тие не оставија психолошки трауми за огромното мнозинство на американскиот народ.rnrnЗошто? Бидејќи во деновите и неделите кои следуваа по нападот, луѓето од цела Америка, кои не беа директно засегнати од настаните зборуваа за тоа непрестајно и колективно создадоа референтна рамка за настанот. Комерцијалните авиони што се користат како проектили се тероризам. За да бидеме сигурни, треба да се браниме од оваа закана, која се нарекува тероризам.rnrnСега, да ја земеме природата на детството, особено раното детство. По дефиниција, детството е време да не се има соодветна референтна рамка за да се направи смисла на светот. Кога работите се движат природно, родителите, старателите и другите возрасни му помагаат на детето да го сфати своето искуство, создавајќи рамки од настани.rnrnНа пример, помислете на роденденската забава на 2 години. Тортата, дувањето на свеќите, пеењето на среќната роденденска песна, подароците – сите се придружени со насмевки и смеа, но и со објаснување.rnrn„Џек денес полни две години. Ура! Ајде да пееме са роденденското момче! Денеска е твојот специјален ден. Среќен роденден Џек!“rnrnСите овие искуства и објаснувања работат за да го сочуваат емотивното искуство. Тие, исто така, градат референтна рамка – ментална категорија на „роденден“ за детето.rnrnНо, во траумата, настанот не е среќен, баш напротив, тој е многу емоционален и заканувачки. И  оние критични сигнали и сите важни објаснувања не се таму или се несоодветни.rnrnНа пример, 8-годишната Рејчел ги слуша суровите звуци на нејзините родители кои се караат и покрај тоа што вратата од нејзината соба е затворена. Следниот ден по појадокот, родителите на Рејчел ѝ соопштуваат дека одлучиле да се разведат. Тие ѝ велат дека ништо нема да се промени, само што мајка ѝ ќе живее на ново место. Преплавени од своите емоции, тие не споделуваат многу. Рејчел се повлекува во својата соба, мислејќи дека разводот на незините родители е нејзина вина.rnrnОва болно искуство на Рејчел ја создава менталната категорија „брак“. Објаснувањата што ги дадоа нејзината мајка и татко, беа несоодветни за да ѝ помогнат на Рејчел да го разбере настанот. Со отсуство на соодветна референтна рамка, мозокот на Рејчел доаѓа до заклучок: „Тоа е моја вина.“rn

    2. Соматска (тело) дефиниција

    rnОваа дефиниција на траума се однесува од аспект на телото за време на траумата. Тука, траумата е дефинирана според тоа кога нешто заканувачко ја зафаќа способноста на телото да се справи или да се брани во моментот. Што и да е тоа, доаѓа премногу брзо, или доаѓа прерано, или е премногу…rnrnНа пример, се случува премногу брза сообраќајна несреќа и ги надвладува инстинктивните реакции на телото за да се одбрани и заштити. Телото сака да се извлече од заканата, но е заглавено. Како резултат на тоа, одбранбените и заштитните реакции на телото не се извршени.rnrnНаместо тоа, спреченоста на овие моторни модели за преживување останува заглавена во нервниот систем и според Питер Левин, пронаоѓач на Соматско Искуство, тогаш почнува развивањето на првите симптоми за посттрауматското стресно растројство.rnrnЗа да илустрираме, да се вратиме на примерот на малата Рејчел. Разводот претставува закана за светот на Рејчел, односно за нејзиното семејство и дом, кога се претвора во физиолошко преживување. Нејзините родители, преокупирани од нивните сопствени емоции, не успеваат да ѝ помогнат на Рејчел. Поточно, тие не му помагаат доволно на нејзиниот нервен систем да го сноси и процесира активирањето што е создадено од страна на заканата за опстанок.rnrnНедоволното процесирање на заканата за опстанок, енергијата на спречената борба, замрзнувањето или примените реакции, почнуваат да живеат како траума во нејзиниот нервен систем. Додека Рејчел станува возрасна и започнува нови врски, оваа преживеана енергија од детската траума сè уште неизлезена на површината, тивко влијае на нејзината зрелост. Таа честопати потсвесно е предупредувана кога врските почнуваат да стануваат интимни: „Бегај! Тоа не е безбедно!“rnrnСтудиите за несакани последици од детството и други истражувања покажуваат силна поврзаност помеѓу детската траума и болест во зрелоста. Одредени проблеми со менталното здравје во зрелоста, исто така се знаци на траума од детство. Според професионалците за ментално здравје, вообичаените симптоми кои често се поврзани со детска траума се:rn

      rn 011

    • Хронична анксиозност или депресија
    • rn 011

    • Симптоми на посттрауматско стресно растројство
    • rn 011

    • Нарушувања на личноста како што се граничното или нарцисоидното растројство
    • rn 011

    • Дисоцијативни нарушувања
    • rn 011

    • Злоупотреба или зависност од супстанции
    • rn 011

    • Зависности или компулсивности како што се нарушувања во исхраната, сексуална зависност…
    • rn 011

    • Автоимуни нарушувања
    • rn 011

    • Непостојани односи во некои аспекти од животот како што се врски, работа…
    • rn 011

    • Хронични нарушувања на спиењето
    • rn 011

    • Проблеми со управувањето со лутината
    • rn 011

    • Постојани чувства на срам
    • rn 011

    • Самоповредување, сечење..
    • rn

    rnАко сфативте дека сте биле погодени од влијанието од детска траума, кој е следниот чекор?rnrnСовладувањето на детската траума генерално не може да се направи самостојно, а игнорирањето само ќе ги зајакне симптомите. Детска траума не е нешто што многу добро реагира на редовна терапија за разговор.rnrnПронајдете терапевт кој е обучен за ваков вид траума:rn

      rn 011

    • EMDR (десензибилизација и преработка на движење на окото)
    • rn 011

    • Соматско доживување (елементот на допир на SE може да биде особено корисен за рана, невербална детска траума)
    • rn 011

    • Сензомоторна психотерапија
    • rn 011

    • Соматска траума терапија (работата на Бабет Ротсчајлд , MSW)
    • rn

    rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • 13 нешта што вистински зрелите мажи никогаш не ги прават

    13 нешта што вистински зрелите мажи никогаш не ги прават

    Иако обично се верува дека со стареењето се доживува зрелост, тоа не e секогаш вистина. Нашите дела се оние што покажуваат колку сме зрели, а кога станува збор за мажите – нема да ги видите овие однесувања кај оние што се навистина зрели!rnrnrnrn1. Тие не дозволуваат стравот да ги спречи да станат успешни и вистински среќниrnrn2. Тие не објавуваат нешта само за да ги задоволат другитеrnrn3. Тие не замислуваат лик на идеална женаrnrn4. Тие не се збунети од зборовите или делата на нивната партнеркаrnrn5. Тие не се злопамтилаrnrn6. Тие не се несигурни за својот изгледrnrn7. Тие не се дистанцираат од пријателите и семејството, без разлика на сèrnrn8. Тие не дозволуваат никој да ги малтретираrnrn9. Тие не се повлекуваат кога ќе се соочат со тешки ситуацииrnrn10. Тие на својата работа не гледаат како нешто досадно што мораат да го истрпатrnrn11. Тие не се плашат да делуваат и да носат тешки одлукиrnrn12. Тие не поставуваат нереални целиrnrn13. Тие не делуваат импулсивно и не си дозволуваат носење на какви било одлуки под влијание на своето егоrnrnСпоред познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор!

  • 9 работи за кои зрелите жени не треба никогаш да се грижат

    9 работи за кои зрелите жени не треба никогаш да се грижат

    Едно од најдобрите нешта што ќе ги сфатите додека стареете како жена е дека воопшто не ви е грижа што другите мислат за вас. Кога сте млади, го имате целото време на светот да се грижите за малите нешта. Но во светот на возрасните, ретко кој има време за тоа.rnrn9 работи за кои зрелите жени не треба никогаш да се грижатrnrnСо возраста доаѓа и разбирањето за нештата што ви се навистина важни. Можете да се фокусирате на тоа да го направите вашиот живот токму онаков каков што сакате. Погледнете кои се нештата за кои воопшто не треба да се грижите како зрела жена.rn

    1. Облека

    rnПовеќе не ви е важно кои се последните модни трендови. Зрелите жени знаат што им е удобно, а тоа е најважно. Ако на некој не му се допаѓа вашата блуза, тоа е негов проблем. Ќе сфатите дека личната мода е токму тоа, облека која ви се допаѓа и во која се чувствувате удобно.rn

    2. Озборување

    rnЗрелите жени немаат време за игри или за драма. Нив не им е грижа што другите зборуваат за нив или какви гласини шират. Озборувањето воопшто не треба да допира до вас бидејќи сте премногу кул и зафатени за да се грижите за тоа.rn

    3. Она што се случува во спалната, останува во спалната

    rnСите жени имаат сексуален живот и воопшто не треба да ви е грижа што некој мисли за тоа. Зрелите жени се возрасни кои можат сами да донесуваат одлука и немаат потреба од нечие признание. Можете да спиете со колку луѓе сакате и тоа не е ничија грижа, туку само ваша.rn

    4. Учтивост

    rnДодека младите дами имаат време да покажуваат добрина кон сите, дури и кон неучтивите луѓе, повозрасните жени немаат. Тие не можат да ги трошат нивните време и енергија на луѓе кои не им покажуваат почит. Ако некогаш им се насмевнувале на овие луѓе, сега ги игнорираат и продолжуваат понатаму.rn

    5. Совршена фигура

    rnЗрелите жени знаат дека совршеното тело е мит. Не постои за никого, дури ни за моделите што ги гледате во списанијата. Овие жени знаат дека сите имаат несигурности во врска со изгледот и само сакаат да се чувствуваат удобно во своја кожа, без разлика на нивната тежина или форма на тело. Зрелите жени знаат дека нивното тело е совршено за нив, токму онакво какво што е – полно со несовршености.rn

    6. Да се биде дел од толпата

    rnНајдоброто нешто за возрасните е тоа што повеќе не се во средно училиште. Нема потреба да импресионирате никого, па затоа и зрелите жени не се ни обидуваат да бидат сакани од сите. Тие не чувствуваат потреба да живеат според правилата на општеството. Луѓето или ќе ги сакаат онакви какви што се, или може да си заминат од нивниот живот.rn

    7. Брендови и етикети

    rnМожеби скапата брендирана облека ќе ги импресионира другите, но зрелите жени би купиле нешто вакво само ако им се допаѓа. Тие не купуваат работи само поради брендот и не им е грижа што мислат другите за тоа.rn

    8. Поранешниот партнер е поранешен

    rnЗрелите жени ги оставаат бившите партнери каде што им е местото – во минатото. Кога врската е завршена, тоа значи дека е навистина завршена и не им е грижа што прави бившиот или со кого се гледа. Тие немаат време да размислуваат за нешто што било неуспешно бидејќи знаат дека животот е премногу краток.rn

    9. Уметноста на безгрижноста

    rnЗрелите жени навистина се безгрижни. Тие се неверојатни и не се извинуваат никому за личноста којашто се. Се фокусираат на нештата што се навистина важни и ги игнорираат тривијалните работи. Нема да ја трошат нивната енергија преправајќи се дека се некој друг. Големи се шансите дека премногу се грижеле во младоста, но сега знаат дека не треба да се грижат за ништо и треба да го живеат животот токму онака како што сакаат.rnrnПогледнете и кои се љубовните грешки што зрелите жени никогаш не ги прават.

  • Што навистина значи да се биде зрела личност?

    Што навистина значи да се биде зрела личност?

    Зрелоста не е нешто што го постигнувате со возраста, ниту пак е некое признание за тоа што сте успеале долго да опстанете на оваа планета. Не станувате зрела личност со тоа што ви се појавуваат брчки на лицето и бели влакна во косата. Всушност, ако продолжувате да правите исти грешки дури и во возрасните години, тоа значи дека воопшто не сте созреале во животот.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnПонекогаш, не стануваме она што сме сакале да бидеме и дозволуваме животот и околностите да ни влијаат врз процесот на созревање. Вистинската зрелост може да се види од тоа како се носите со животните искуства, без разлика на возраста.rnrnКарактеристика на зрелите личности е дека умеат да ги надминуваат предизвиците и не се откажуваат уште на првата пречка при остварувањето на своите планови и цели. Знаат дека на почетокот секогаш е тешко, дека е потребно време, труд и упорност за да се постигне нешто и имаат трпение додека се движат во таа насока. Тоа може да се спореди со вежбањето, кога на почетокот ви е потребна поголема сила за да го поткренете тегот, но потоа станувате само подобри. Зрелите личности се способни да останат присебни, наместо да бегаат од проблемите. Тие се способни да ги прифатат и негативните емоции, а не само удобноста и среќата.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnЗрелата личност презема одговорност за своите акции и за нивните последици. Тие никогаш не обвинуваат други ако нешто е направено погрешно и се свесни дека преголемото его може да биде деструктивно. Емпатични се и навистина ценат кога некој има гледишта различни од нивните. Исто така, имаат и способност да предвидат што им е потребно на другите, но и да слушаат, за да можат полесно да научат вештини од поискусните. За нив, секоја личност е еднаква, без разлика на потеклото, бојата на кожата или религијата. Тие веруваат дека таму каде што се денес дошле поради комбинација на среќа, околности и талент и никогаш не сметаат дека им следува нешто повеќе отколку на другите.rnrnНо, во исто време, тие немаат натприродни моќи и нив не им се сите нешта во животот под контрола. Исто така, зрелата личност никогаш нема да почувствува задоволство од тоа што ќе понижи некој друг, ниту пак им суди на луѓето според нивниот физички изглед или финансиски статус. Тие се храбри и имаат почит и кон себе, но и кон останатите. Веќе имаат воспоставено систем на вредности и умеат да ги почитуваат без оглед на околностите.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnРазмислете и самите, кои се вашите вредности? Каква личност сте навистина и каква сакате да бидете во иднина? Дали се менувате на подобро или сте заробени во она што сте навикнати да го правите, без никакво разбирање за себе? Вистината е дека никогаш нема да бидете целосно зрели, но секогаш можете да си дозволите да растете уште повеќе. Изберете го патот на растењето и созревањето!