КАФЕ ПАУЗА

Tag: зрелост

  • Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

    Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

    Врските се клучниот дел од животот, растењето и созревањето. Без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна врска, личните интеракции со луѓето има голем ефект врз вашите ставови и погледи. Па, што е тоа што ги одделува детинестата и зрелата љубовна врска?rnrnШто е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?rnrn1. Детинестите врски се за внимание, зрелите врски за намера.rnrn2. Детинестите врски започнуваат караници, зрелите врски ги надминуваат.rnrn3. Детинестите врски се за „мене“, зрелите врски се за „нас“.rnrn4. Детинестите врски се одржуваат преку пораки, зрелите врски преку вечера.rnrn5. Детинестите врски се празни, зрелите врски ве исполнуваат.rnrn6. Детинестите врски изобилуваат со игри, зрелите врски немаат време за нив.rnrn7. Детинестите врски имаат караници за ситници, зрелите врски имаат вредност за која вреди да се бори.rnrn8. Детинестите врски ја нагризуваат вашата душа, зрелите врски ја нахрануваат.rnrn9. Детинестите врски се за она што изгледа добро, зрелите врски се за она што се чувствува добро.rnrn10. Детинестите врски се евтини шотови во бар, зрелите врски се шише вино во вашиот дом.rnrn11. Детинестите врски се движат пребрзо, зрелите врски ве тераат да забавите.rnrn12. Детинестите врски се „Ми требаш“, зрелите врски се „Те посакувам.“rnrn13. Детинестите врски ја користат изјавата „Те сакам“ за да спречат караници, зрелите врски велат „Те сакам“ бидејќи гледаат иднина.rnrn14. Детинестите врски се за подароците, зрелите врски се за годишниците.rnrn15. Детинестите врски создаваат несигурности, зрелите врски ги ослободуваат.rnrn16. Детинестите врски се одвлекување на вниманието, зрелите врски се мотивација.rnrn17. Детинестите врски се исполнети со љубомора, зрелите врски се исполнети со доверба.rnrn18. Детинестите врски се само за секс, зрелите врски се за интимност.rnrn19. Детинестите врски се за мислењето на другите, зрелите врски се за вашето мислење.rnrn20. Детинестите врски се површни, зрелите врски ја кршат површината.rnrn21. Детинестите врски се фокусираат на негативното, зрелите се насочени кон позитивното.rnrn22. Детинестите врски се за пофалба на Фејсбук, зрелите врски не се изложуваат на социјални мрежи.rnrn23. Детинестите врски прават да се чувствувате слабо, зрелите врски ве прават моќни.rnrn24. Детинестите врски се за моментот, зрелите врски се за иднината.rnrn25. Детинестите врски прават да се двоумите во себе, зрелите врски ја надградуваат вашата самодоверба.rnrn26. Детинестите врски се за имиџот, зрелите врски не се грижат за изгледот.rnrn27. Детинестите врски се за она што другите луѓе го сакаат, зрелите врски се за она кое вие го сакате.rnrn28. Детинестите врски ве расплакуваат, зрелите врски ве расположуваат.rnrn29. Детинестите врски прават да се сомневате во себе, зрелите врски ви даваат одговор на сите прашања.rnrn30. Детинестите врски се за излегувањето, зрелите врски се за останувањето дома.rnrn31. Детинестите врски се за лична победа, зрелите врски се за заедничка победа.rnrn32. Детинестите врски пробуваат нови нешта, зрелите врски ги усовршуваат.rnrn33. Детинестите врски сакаат да бидат видени, зрелите врски сакаат да бидат слушнати.rnrn34. Детинестите врски имаат потреба од валидација, зрелите врски немаат потреба да се докажуваат.rnrn35. Детинестите врски се полни со тајни, зрелите врски ја говорат само вистината.

  • 35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојка

    35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојка

    Ако сте биле доволно среќни да најдете некоја од овие видови жени, тогаш обидете се да ја задржите покрај себе што е можно подолго. Овие девојки се навистина реткост во денешниот свет, а многу момци не го забележуваат тоа сè додека не ги изгубат. Токму затоа, ако ги забележувате овие 35 знаци кај вашата моментална девојка, тоа значи дека покрај вас имате зрела и некомплицирана личност која вреди за вашето внимание.rnrn35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојкаrnrn1. Таа никогаш не очекува било какви материјални подароци и бескрајно ги цени оние кои ги добива.rnrn2. Знаете дека можете да бидете искрени со неа без постојано да се грижите да не ѝ ги повредите чувствата.rnrn3. Таа нема скриена агенда.rnrn4. Таа ви верува и нема да се сомнева во секој ваш мотив.rnrn5. Разговорот со неа е значаен – никогаш само за да се пополни тишината.rnrn6. Покрај неа, ниту една тишина не е непријатна.rnrn7. Таа чувствува задоволство кога прави нешта за вас.rnrn8. Таа е проѕирна.rnrn9. За секое прашање кое можеби го имате, таа има одговор и никогаш не се чувствува непријатно да разговара за нешто кои можеби ве загрижуваат.rnrn10. Таа разбира дека врските функционираат како тим.rnrn11. Вие не чувствувате притисок да имате планови со неа, доволно е само да бидете заедно, без разлика каде ќе завршите.rnrn12. Ако дојде до тоа, таа ќе стави крај на вашата врска пред да го скрши вашето срце.rnrn13. Она што го гледате, тоа и го добивате.rnrn14. Таа е навистина фасцинирана од сите оние нешта кои вие сте.rnrn15. Таа пред сè, најмногу го цени вашето партнерство.rnrn16. Вам ви причинува задоволство да правите нешта за неа.rnrn17. Кога таа вели дека е „добро“, навистина го мисли тоа.rnrn18. Таа не чувствува потреба да изигрува жртва со цел да го добие она што го сака.rnrn19. Таа никогаш не се труди да биде смирена, тоа природно ѝ доаѓа.rnrn20. Таа не се нервира за ситниците и нема да се „казнува“ самата кога е под стрес.rnrn21. Нејзините цели не се само безнадежни соништа, таа знае како да ги оствари.rnrn22. Вие никогаш не чувствувате дека треба да се однесувате како друга личност покрај неа.rnrn23. На неа ѝ е ретко здодевно, но кога тоа се случува, таа нема да се обидува да создаде драма само за побрзо да ѝ помине времето.rnrn24. Таа знае дека животот е преполн со врвови и долини, па токму затоа го фокусира нејзиното внимание кон движење понатаму.rnrn25. Таа ја разбира важноста на времето посветено само за неа.rnrn26. Извинувањата не се толку големи нешта во нејзиниот ум.rnrn27. Таа исто така знае и дека извинувањата не секогаш значат дека некој не бил во право.rnrn28. Таа нема да заборави колку вреди додека истовремено е свесна и за вашата вредност.rnrn29. Таа нема да биде љубоморна кога сте во интеракција со други луѓе.rnrn30. Таа во вас гледа огромна поддршка, но и таа е вашата најголема поддршка.rnrn31. Таа има и други нејзини интереси. Вие не сте единственото нешто во нејзиниот живот.rnrn32. Не гледа поента во тоа да се има последниот збор.rnrn33. Таа разбира дека животот е непредвидлив и кога нешто лошо ќе се случи, таа не го користи тоа против вас.rnrn34. Таа нема задни намери. Вие знаете точно на што сте со неа.rnrn35. Таа се обидува најмногу што може да избегне судир и ја цени повеќе вашата среќа отколку да биде во право.

  • Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

    Разлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти години

    Иако не изгледа како голем временски период, сепак постојат огромни разлики помеѓу она што девојките го бараат од своето момче во раните 20-ти и она што им е потребно во доцните 20-ти години. Причината за овие разлики се наоѓа во зрелоста, искуството и познавањето на себе.rnrnРазлики помеѓу љубовните врски во раните 20-ти и оние во доцните 20-ти годиниrn

    Рани 20-ти: Вие сакате момче

    rnКарактеристиките на ова момче не се толку важни. Сè додека имате згоден дечко покрај вас кој ќе ве мотивира да одите во теретана, друго ништо не ви е важно.rn

    Доцни 20-ти: Вие го сакате вистинското момче

    rnПреку глава ви е од сите жешки лоши момци со кои врската не оди никаде и сакате да ја најдете вашата сродна душа. Вие повеќе не сакате да трошите време на момче кое нема да биде покрај вас засекогаш.rn

    Рани 20-ти: Вие сакате некој кој ќе се согласи со вашите правила

    rnНа почетокот на вашите 20-ти ни вие самите не знаете точно што барате, па токму затоа си поставувате најразлични правила кои понатаму ги тестирате со цел да откриете што ви одговара, а што не.rn

    Доцни 20-ти: Вие сакате некој со кој ќе бидете еднакви

    rnИграњето улога на опуштена и пасивна девојка веќе не ве интересира. Вие сте созреале и токму затоа сте повеќе сигурни во своите ставови и сакате личност која ќе ги цени исто толку колку што ги цените и вие.rn

    Рани 20-ти: Сакате да ги импресионирате луѓето

    rnАко тој изгледа добро, тогаш дефинитивно ќе изгледа подобро покрај вас. И тоа е всушност вашата крајна цел – сакате луѓето да зборуваат за вашиот добар избор.rn

    Доцни 20-ти: Сакате да бидете импресионирани

    rnВам ви е потребно момче кое ќе ги промени целосно вашите перспективи кон животот. Веќе не ви е важно дали тој ги импресионира другите, важно ви е тој да ве импресионира вам бидејќи не се грижите за мислењето на оние околу вас.rn

    Рани 20-ти: Сакате некој кој може да ве следи во секој чекор

    rnВие живеете брз живот и немате намера да успорувате за никого. Вие сакате момче кое ќе може да ве следи на сите журки до раните утрински часови, на сите социјални настани како и во сите други идеи кои ќе ви паднат на памет.rn

    Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе ве успори

    rnВие сакате момче кое ќе ве потсети да ги цените дури и најмалите нешта во животот, бидејќи сте преморени од брзото темпо на живот кое до неодамна сте го практикувале.rn

    Рани 20-ти: Сакате некој кој вашите пријатели ќе го сакаат

    rnЗарем би можеле да бидете со личност која вашите најблиски пријатели не ја одобруваат? Понекогаш вие повеќе верувате во нивната проценка отколку во вашата.rn

    Доцни 20-ти: Сакате некој кој ќе биде вашиот најдобар пријател

    rnКако што сè повеќе ваши пријатели наоѓаат свои партнери, вие почнувате да барате личност која ќе го замени нивното 24-часовно присуство во текот на денот. Вие сакате личност која ќе ги чува вашите тајни, како и вашето срце.rn

    Рани 20-ти: Сакате да се однесувате како деца

    rnВие сè уште се сметате за недораснато дете кое го има целиот живот пред себе, па токму и тоа е еден од вашите изговори зошто секогаш заедно со вашиот партнер запаѓате во неволја.rn

    Доцни 20-ти: Вие размислувате за деца

    rnДоволно сте зрели и одговорни да се грижите и за некој друг освен за себе, па токму затоа мислата да имате ваши деца почнува сè почесто да ви прелетува низ вашиот мозок. Особено ако сте во врска со партнер кој можете да го замислите како татко.rn

    Рани 20-ти: Вие копнеете по драма

    rnПостои нешто чудесно пријатно во драмата, бидејќи за вас тоа е знак дека другата личност инвестира исто толку во оваа врска како и вас. Во овој момент, драмата во врската е најинтересниот дел од вашиот живот. Многу често ја поврзувате и со страст.rn

    Доцни 20-ти: Вие бегате од драма

    rnВие се чувствувате удобно во вашата кожа, немате ништо што би сакале да го скриете, па токму затоа истото го барате и од вашиот партнер. Вие сте уморни од сите оние игри кои досега сте ги играле и сакате сигурна и стабилна врска во која ќе гледате иднина.rn

    Рани 20-ти: Барате некој покрај кој ќе заспиете

    rnУбаво е чувството кога имате некоја личност која би дошла во кое било време доколку вие ја повикате. Токму тоа и ве прави да се чувствувате како да не сте сами.rn

    Доцни 20-ти: Барате некој покрај кој ќе се разбудите

    rnВеќе не сакате момчето само да го пополнува празното место на вашиот кревет, вие сакате да се разбудите покрај него и да изградите заеднички живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ѕрррр…. ѕвони за зрелост. На следниот час вратете се со детскиот жар!

    Ѕрррр…. ѕвони за зрелост. На следниот час вратете се со детскиот жар!

    Се сеќавате ли на вашето детство, на тоа какво дете бевте, какви сништа и желби имавте? Дали и сега доследно ги следите? Дали напуштајќи го детското тело го напуштаме и детето, па тој детски дух повеќе не се вклопува со веќе одраснатото тело?rnrnДетето во нас го оставаме низ годините и не се вртиме кон него, го забораваме. Како бесчувствителни ѕверови го оставаме во преполна железничка станица, да се изгуби помеѓу телата, не можејќи да види ништо освен забрзани чекори на некои занесени луѓе кои ги бараат патиштата до своите цели.rnrn0-Koga-zrelost-kje-stane-alarm-za-vashiotrnrnИ тие некогаш го направиле истото, тие одамна се приклучиле во толпата на возрасниот свет, каде хартиите се најважниот ресурс, каде познаваат само неколку симболи и многу бројки. Се претопиле во механизам и нив машината ги собрала и ги ставила на центрифуга. Соочени сме со фактот дека вака функционира овој свет: исклучете ги сите сетила, затворете ги очите, навијте се одзади и движете се само право следејќи ја линијата и слободно газете преку мртви лешови.rnrnНишто ново. Научивме да газиме со ѓон по земјава и по соништата, ладнокрвно да поминуваме покрај чувствата, да лапнеме трипати поголем залак отколку што можеме и без да го соџвакаме да го проголтаме. Овој свет повеќе личи на ринг со гладијатори, отколку на живеалиште за сите нас.rnНо, некаде околу нас сè уште живеат луѓе. Тие имаат способност да ги гледаат боите и нивните нијанси, не си ги осакатиле сетилата и можат да ги почувствуваат природните задоволства на своја кожа. Од нив блика детскиот живот и неокованиот младешки дух, независно од годините, свесни дека телото е само форма, белег за препознавање. Тие луѓе многу безбедно го чуваат своето дете, ослободено од старомодните и досадни принципи на возрасниот свет. Детето во нас не осудува според боите и не прави таква поделба, на црни, жолти и бели, па за него тоа е само дел од спектарот кој го нуди природата, здодевно би било кога сите би биле исти. Тоа ја има моќта да те соголи со искреност. Додека оперираните од чувства не само што ја прават таа поделба, туку имаат и поделба на партиски бои, на ваши, наши и на мои и ничии! Тука не можам, а да не ја споменам трката по парите, моќта и високиот углед во општеството. На оваа патека за трчање на 200 метри сите се подготвени и личниот опис да си го сменат само да стигнат до трофејот. Па не ме ни чуди, зарем имаат нешто да изгубат на таа коцка освен нивната толку избрусена душа што не можат ниту самите да си ја пронајдат. И токму така, парите го вртат светот, затоа што сме такви и цело време трчаме во круг. А најинтересно од сè e што само луѓето ги плаќаат оние основни придобивки кои природата ги дава бесплатно за сите други жители на планетата.rnrnГи замислувам сите луѓе, како егоистично под својот килим, чуваат едно парче шагринска кожа, како и сите нечистотии што се кријат под него. Го стискаат под пазувите, роботски и механички поставуваат цели, што за жал не се нивни желби, и итаат да ги достигнат, заборавајќи да функционираат со срцето – функционираат само со разум. Но, и шагринската кожа има своја цена, брзајќи кон остварување на најбизарните и непродуктивни цели, тие забораваат на вистинската животна суштина и на нејзините најмоќни алатки како љубовта, насмевките, енергијата, пријателите и радоста и си го дозволуваат луксузот да живеат без нив и се задоволни со беден живот кој се заснова само на материјални добра. И во оваа бескрајна дискусија теориите се безбројни, ставовите се спротивставени, а јас се одлучив да чекорам по работ на генијалноста и лудоста, бранејќи го детскиот дух, кој ми овозможува да се чувствувам жива.rnrnНе напуштајте го и вие детето на таа кобна железничка станица, не плашете се и осмелете се да дишете со полни гради, не хендикепирајте се и не ставајте го панцирот на вас за да ги избегнете чувствата кои хаотично летајќи се обидуваат да ве штипнат за срцето. Од тоа штипкање нема ништо посовршено во универзумот, тоа ви прави да ви се придвижи крвта во вените и конечно да почнете да живеете.rnrnДо читање!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како безболно да ја изгубите невиноста и да уживате во првото сексуално искуство?

    Како безболно да ја изгубите невиноста и да уживате во првото сексуално искуство?

    Губењето на невиноста е една од најважните настани во животот на секоја девојка. Вистина е дека првиот сексуален однос може да боли, но постојат некои работи кои ќе ви помогнат сепак сè да помине во најдобар ред.rnrnkako-bezbolno-da-ja-izgubite-nevinosta-i-da-uzhivate-vo-prvoto-seksualno-iskustvo-kafepauza.mkrnrnЗа жал, не постои универзален рецепт, бидејќи првото сексуално искуство секој го доживува на различен начин. Но, основното нешто што секоја девојка мора да го знае за да се чувствува добро е дека го прави тоа со вистинскиот партнер, а не со кого било.rnrnИако првиот пат најчесто не е физички пријатен за девојките, бидејќи се чувствува блага болка при пенетрацијата, низ овие совети ќе си овозможите пријатни сеќавања за тоа искуство.rn

    1. Емотивна зрелост

    rnЕдна од најважните работи пред да се одлучите на тој чекор е да бидете емотивно зрели, а тоа доаѓа со годините. Затоа, ова не е нешто со што треба да се избрзува.rn

    2. Истражете го своето тело

    rnШто подобро го познавате своето тело, толку полесно ќе можете да му кажете и покажете на партнерот што ви годи, а што не. Со други зборови, немојте да се плашите да си го истражите телото и да ја изучите сопствената анатомија. За ова може од корист да ви биде едно огледалце, бидејќи само на тој начин можете да видите како всушност изгледа вашиот полов орган. Можеби ви звучи чудно и глупаво, но ова е еден од најдобрите начини за самозапознавње со своето тело.rn

    3. Договорете се да одите полека

    rnМожеби мислите дека ова е како отстранување фластер – ќе го тргнам брзо, ќе преживеам, па после ќе ми биде лесно. Но, ова е еден од ретките моменти кои засекогаш ќе ги паметите, па би требало да се потрудите да биде добар. Ова би требало да биде романтичен и емотивен настан, а вашиот партнер мора да биде свесен дека може да ве повреди со нагли потези и дека мора да навлегува нежно и бавно. Иако болката се разликува од девојка до девојка, сепак воглавно се работи за краткотрајна болка, па ова не треба премногу да ве загрижува.rn

    4. Не плашете се од крвта

    rnОва е уште еден мит кој заразно се шири. Вистина е дека доаѓа до благо крварење при првата пенетрација, но не се работи за литри крв. Оваа мала количина сигурно нема никако да ви наштети.rn

    5. Не заборавајте на заштитата

    rnМожете да останете бремени секој пат кога имате односи во текот на плодните денови, па дури и ако е во прашање првиот пат. Тоа значи дека сите теории за тоа дека не ви е потребна заштита при првиот однос паѓаат во вода. За да не ви остане ова искуство како лошо сеќавање со лоши последици, бидете заштитени. Тоа е уште еден фактор кој ќе ви помогне да се опуштите бидејќи ќе знаете дека сте безбедни.rn

    6. Не експериментирајте со пози

    rnПрвиот пат би требало да биде нормален, значи без претерани експерименти, бидејќи така може да настанат некои проблеми. Од вас зависи која поза ќе ја одберете, дали вие ќе го контролирате темпото или тој, но важно е да не испробувате пози кои мислите дека се кул затоа што сте ги виделе на интернет. Барем не првиот пат.rn

    7. Заборавете на очекувањата

    rnПрвото сексуално искуство во најголем број случаи е комично, нешто на што вие и вашиот партнер подоцна слатко ќе се смеете. Никој не очекува да бидете порно ѕвезда во кревет, а ова важи и за женските и за машките. Заради стравот, но и заради очекувањата, често се случува девојките да не можат да се опуштат, а кај момците може да дојде до изоставување на ерекцијата. И гинеколозите и уролозите велат дека се работи за психолошки проблем, а првиот чекор е очекувањата да си ги оставите пред врата.rn

    8. Посетете гинеколог пред првиот пат, но и потоа

    rnИако можеби мислите дека вашата најдобра другарка ќе ви го даде најдобриот совет, вистината е дека во вакви ситуации сепак најдобро е да се обратите кај стручњак. Нема потреба да се срамите, бидејќи докторите веќе имале многу искуство со оваа тема. Посетете гинеколог пред да се одлучите на овој чекор и распрашајте се за заштитата, но и за тоа што и како треба да правите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

    11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!

    Дали сте на прагот на вашите 30-ти? Време е да ја почнете новата декада од вашиот живот полни со позитивна енергија и подготвени вашите 30-ти навистина да ги живеете како новите 20-ти. Дали се сомневате во тоа дали сте постигнале доволно до сега? Немојте. Ова се 11 знаци дека вашите 30-ти ќе бидат одлични.rnrn11 знаци дека 30-тите години од вашиот живот ќе бидат одлични!rn

    1. Не се грижите што другите мислат за вас

    rnАко пред 10 години не можевте да излезете од дома ненашминкани и без совршено чиста и уредна облека, сега веќе не го носите тој товар. Кој што сака нека мисли. Вие знаете дека сте одлични, успешни и убави. До сега животот ве научил дека луѓето секако ќе зборуваат, па можеби е подобро да не се преоптоварувате со тоа. Знаете дека има голема вистина во изреката „Големите умови зборуваат за идеи, просечните за настани, а малите за други луѓе.“rn

    2. Сте откриле која е вашата работа од соништата

    rnИ целосно сте ѝ посветени. Среќни сте што знаете дека нема да го минете животот заглавени во работа која не ја сакате, туку преокупирани со нешто кон што ве води страста и желбата. Среќни сте бидејќи знаете дека го работите она што го сакате, па иако ќе има и лоши денови, вие секогаш ги броите добрите моменти. Свесни сте дека доколку некој одбере кариера која ја сака, нема да мора да мине ни ден од животот работејќи.rn

    3. Имате финансиски план

    rnНе сте веќе оние старите – излези, купи сè што сакаш и врати се со празен џеб. Вие сте горди на вашиот финансиски план и заштеда, макар и ако е скромна. Така, имате доволно пари за уживање и патување. Можеби нема да си дозволувате луксузи, но ќе креирате убави спомени и сеќавања.rn

    4. Сте престанале да се однесувате незрело, но детето во вас не ве напушта целосно

    rnНе се будите секое второ утро мамурни и речиси никогаш не доцните на работа. Сега сте сериозни личности. Но, одвреме-навреме знаете да се однесувате по малку детски. Знаете да се смеете гласно, да се напиете, да играте и уживате. Совршениот баланс на зрелост и детска радост е она што ќе ги направи овие години од вашите животи неверојатни.rn

    5. Се грижите за вашето здравје

    rnЗнаете да се облечете убаво кога студи, да се негувате кога сте болни, да внимавате на вашата исхрана и да ги одбегнувате нештата кои ви штетат. Честитки, вие сте возрасни! Слободно уживајте во 30-тите кои ќе ви донесат уште многу среќа и уште подобро здравје.rn

    6. Вашиот ум е истрениран да работи умно и продуктивно

    rnОдамна престанавте да губите непотребно време. Знаете какви одлуки да донесете и во најголем дел од времето тие се остроумни и цврсти. За некој да ви го промени мислењето мора добро да се потруди бидејќи вашите ставови се добро издржани. Ни на крај памет не ви е да го земате предвид она во што некој сака да ве натера да верувате или да потпаднете под влијание.rn

    7. Му посветувате внимание на вашето хоби

    rnЗнаете дека доколку правилно го распоредите времето, ќе имате време и за вашата кариера и за вашето хоби. Хобито ве опушта и релаксира, а вие сте се истренирале од вашето хоби да бидете продуктивни. Уште подобро ако вашето хоби сте го насочиле кон вашата кариера. Сега сте кралеви во она што го работите, честитки!rn

    8. Сфаќате дека животот е онаков каков што сам ќе го направиш

    rnНикој друг не ви стои на патот до среќата освен самите вие. Или ќе си дозволите да бидете среќни или не. Сè зависи од начинот на кој ги гледате нештата, и вие сте го научиле тоа. Затоа не очекувате ништо од никого и свесни сте дека сами сте задолжени за сопствената среќа, успех и благосостојба.rn

    9. Секојдневно ги добивате наградите од вашето добро пријателство

    rnВие сте добри пријатели, негувате долги и искрени пријателства и не ги сфаќате здраво за готово. Затоа сте наградени со прекрасни пријатели кои се тука за вас. Кога и да сте тажни ви го разубавуваат денот, а кога сте среќни ви го прават уште поубав.rn

    10. Секојдневно го збогатувате својот живот со нови искуства

    rnПатувате, запознавате нови личности, ги ширите вашите погледи кон животот. Секој ден учите по нешто ново и секогаш сте отворени за нови искуства. Читате и сте сфатиле дека човек навистина учи додека е жив. За вас секој ден е нова лекција.rn

    11. Сте се помириле и ослободиле од минатото

    rnСфаќате дека секој си има товар од минатото, но вие сте го оставиле таму кај што му е местото – во минатото. Сте им простиле на оние кои ви згрешиле, ослободувајќи се од тежината. Она на што се фокусирате е сегашноста и иднината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 карактеристики на зрелите мажи

    13 карактеристики на зрелите мажи

    Жалосно е што 30-годишни мажи знаат да се однесуваат како размазени тинејџери, што резултира со пропаднати љубовни врски, изгубени пријателства и работни места. Вистината е дека кога ќе влезете во 20-тите години од вашиот живот би требало да знаете да се однесувате како возрасни, зрели мажи.rnrnЗрелите мажи зрачат со самодоверба, сила и искуство. Ова се дел од карактеристиките на зрелите мажи.rnrn13 карактеристики на зрелите мажиrn

    1. Не дозволуваат стравот да им го попречи патот до успехот

    rnЗрелите мажи нема да останат во безбедната зона поради стравот од неуспех или одбивање. Зрелите мажи преземаат ризици и се водени од нивната нескротлива желба за успех и унапредување. Ќе аплицираат за работното место иако им се чини дека некој од нив бара да имаат натприродни моќи, ќе се ангажираат да направат нешто иако тоа од нив ќе бара непроспиени ноќи. Може целиот труд да биде залуден, може да не го добијат признанието кое го заслужуваат, но стравот од неуспех нема да им биде примарна мисла.rn

    2. Не прават нешто само за да ги импресионираат другите

    rnПреземањето акции само за да се импресионира некој, е типична карактеристика на мало дете кое сака да го привлече вниманието на својата симпатија. Зрелите момци сè што прават, прават за себе, а не со цел да ги импресионираат оние околу себе.rn

    3. Не креираат совршена слика за жените во нивните умови

    rnНе ја замислуваат својата идна жена како излезена од филм, со големи гради, плава коса и малу мозок. Напротив, тие за себе ќе сакаат жена која има маани како и тие самите, жена со која заедно ќе поминат низ сите проблеми во животот. Нивната девојка/жена треба да се мери со нив на интелектуално ниво и паралелно со него да ја гради својата кариера.rn

    4. Не дозволуваат другите да ги газат како черги

    rnНема да заборават на своите желби и потреби, како и на своето време, само за да ги задоволат желбите и интересите на другите. Зрелите мажи знаат кога да кажат „не“ и нема да дозволат игрите со зборови и чувства што манипулативните луѓе ги користат, да влијаат на нив.rn

    5. Не чуваат гнев

    rn

    „Чувањето гнев во себе е како да пиеш отров за да чекаш другиот да умре.“ – Буда

    rnЗрелите мажи се емоционално интелигентни. Секако дека ќе се соочат со кавги и несогласувања, но знаат како да постапат и како да не дозволат гневот да надвладее со нивните размислувања и постапки. Тие нема да чуваат гнев и омраза во себе, кроејќи план за одмазда бидејќи знаат дека нема фајде од тоа и не им доликува на возрасните.rn

    6. Не чувствуваат несигурност за својот надворешен изглед

    rnСекако, на моменти може да бидат доста свесни за своите маани, но нема да се фокусираат на таквите размислувања. Напротив, тие ќе ги претворат своите маани во позитивности и фокусот ќе го стават на своите јаки страни.rn

    7. Не се оддалечуваат од своите семејства

    rnСекогаш се тука во неволја и знаат дека семејството е на прво место. Исто така ќе се постават со своите жени и деца во иднина.rn

    8. Не дозволуваат да бидат злоупотребени и искористени

    rnНема да дозволат вербално или физичко малтретирање во друштво или на работното место. Знаат кога да повлечат граница и да го одбранат своето достоинство.rn

    9. Не се жалат за условите во кои се наоѓаат

    rnНема да го озборуваат својот шеф кој не им дава унапредување и нема да цимолат за тешките околности во кои се наоѓаат во моментот. Ќе се борат и ќе работат дури да направат тешкото да мине.rn

    10. Џентлмени се

    rnЗнаат како да се однесуваат со девојки и жени, но и со луѓето општо. Нема да употребуваат џентлменски гестови само за да „ќарат“ женска, туку џентлменството е нивна општа карактеристика.rn

    11. Не се плашат да преземат акција и да донесат тешки одлуки

    rnНапротив, знаат дека ако се соочуваат со тешка ситуација значи дека вреди да се трудат а доколку треба да донесат тешка одлука ќе се стават себеси на тест и со задоволство ќе го прифатат предизвикот.rn

    12. Не поставуваат нереални цели

    rnНема да ги чуете како по цели денови седат на кафе и фантазираат како ќе бидат идни светски познати милијардери. Зрелите мажи се силни на дела, не на зборови, знаат да сонуваат но и знаат да работат за да го остварат својот сон.rn

    13. Не се постојано фокусирани на задоволување на сопственото его

    rnНема да ги редат девојките како трофеи туку ќе се фокусираат на зрела љубовна врска. Нема да трагаат по комплименти и признанија за да се чувствуваат подобро за себе и со сигурност нема да се однесуваат како газди само за да си ги излечат комплексите. Егото не им е примарен фокус на зрелите мажи.

  • 15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст

    15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст

    Сите растеме и созреваме, некој брза да порасне, некој пак доцни со созревањето. Не дека има нешто лошо во тоа да се однесуваш позрело за своите години, напротив и тоа може да биде забавно, сè додека знаете како на моменти да „одлепите“. Ова се 15 знаци дека сте позрели од повеќето ваши врсници.rnrn15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возрастrnrn1. Ви се случило некој од колегите/познаниците да ве праша колку години имате и кога ќе му одговорите да се изненади бидејќи мислел дека сте макар 5 години постари од вашата вистинска возраст.rnrn2. Имате макар еден близок пријател кој е 5-10 години постар од вас.rnrn3. Имате навика да ги држите нештата под контрола, а тоа најмногу важи за вашето однесување. Ни на крај памет не ви паѓа да излезете, да се испијаните и да повраќате по пат. Кога ќе им го кажете ова на вашите врсници тие се на некој начин шокирани.rnrn4. Таткото на вашата најдобра пријателка или најдобар пријател мисли дека сте неколку години постари од неговата ќерка, или неговиот син. Подоцна, кога сте имале ваков разговор сфатил дека всушност сте врсници, а вие не знаете дали треба да бидете почестени или навредени што сите тие години ве сметале за повозрасни од она што сте.rnrn5. Може да се дружите, зборувате или пиете кафе со мајката на вашата другарка без да ви биде чудно или непријатно.rnrn6. Ретко кога се облекувате кежуал за надвор од дома. Дури и да е семејна средба или кафе со пријателите, вие додавате макар ронка отменост, елеганција и професионалност во вашиот изглед.rnrn7. Пријателите често ви се обраќаат за совет и понекогаш се чувствувате како родител кој минал низ сето тоа и може да го посоветува своето дете.rnrn8. Обично излегувате со личности кои се неколку години постари од вас, па кога ќе се најдете во нивното друштво, сфаќате дека сте во просек неколку години помлади од сите луѓе на масата, но не ви пречи, напротив, ви се чини како да сте врсници.rnrn9. Пријателите ви се обраќаат за финансиски совети и слични важни животни прашања, бидејќи ви веруваат и знаат дека сте стабилни личности на кои можат да се потпрат.rnrn10. Сфаќате дека она што сте се обидувале да им го докажете на вашите пријатели пред некоја година, тие сега почнуваат да го сфаќаат и да го применуваат во животот. Сепак, нема да им речете ништо бидејќи тоа би било безобразно од ваша страна.rnrn11. Полека чувствувате дека нема потреба да криете многу работи од вашите родители, всушност, кога ќе размислите добро, сте кажале само неколку „бели“ лаги измината година. Браво, бидете горди на себеси.rnrn12. Ви се случило во неколку наврати вашите пријатели да раскажуваат за лудата саботна вечер, но вашата приказна е следна: бевте дома, ја расчистивте собата, појдовте до продавница па гледавте филм.rnrn13. Не чувствувате потреба да купувате сè по најнов тренд, многу повеќе обрнувате внимание на квалитетот и цената, како и на тоа колку навистина ви е потребно ново парче облека.rnrn14. Веќе долго време не ви се случило да испратите „пијана“ порака или „пијан“ повик во 2 по полноќ, ниту пак ви паѓа на памет да одговорите на телефонски повици по 10 навечер.rnrn15. Не се преоптоварувате со туѓото мислење, и за разлика од порано, не чувствувате потреба да им се објаснувате себеси на другите.

  • Како да изберете слатка зрела лубеница?

    Како да изберете слатка зрела лубеница?

    Секоја лубеница не е подеднакво сочна и зрела, а тоа обично се должи на долгите дождови во текот на летото. Не дозволувајте да ве излажат продавачите, пред ги извадите парите од паричникот, обрнете внимание на квалитетот на бостанот. Во изборот многу ќе ви помогнат овие совети:rnrnkako-da-izberete-slatka-zrela-lubenica-kafepauza.mkrn

    1. Најпрво добро анализирајте ја кората

    rn

      rn011

    • Боја. Правилото е дека зад темнозелената боја се крие слатка лубеница, а ако таа е дополнително обележана со природен „белег“, нема грешка, лубеницата треба да биде ваша.
    • rn011

    • Форма. Лубеницата треба да има симетричен облик, овален или кружен.
    • rn011

    • Цврстина. Кората треба да биде цврста и без оштетувања, иако површинските бразди не значат ништо. Ако наидете на меки делови, тоа значи дека лубеницата почнала да скапува.
    • rn011

    • Дршка. Дополнително ќе ви помогне и мирисот на дршката. Добро е кога во овој дел лубеницата мириса на трева. Свежината можете да ја утврдите и доколку кога ќе се исече дршката, од неа потекува леплив сок. Исто така, завиената дршка може да биде знак на зрела и свежа содржина.
    • rn

    rn

    2. Подигнете ја во воздух и процените ѝ ја тежината

    rnСо оглед на тоа дека 90% од лубеницата е вода, зрелата лубеница би требала да биде тешка колку што е голема. Ако е премногу лесна, значи дека не собрала доволно вода и дека не е вкусна и здрава.rn

    3. Погледнете ја страната на која лежела лубеницата

    rnТаа може многу да ви открие. Доколку е нејзината површина со бела или светлозелена боја, знајте дека е прерано набрана и не купувајте ја. Зрелата лубеница има „белег“ во крем или жолта боја, кој сведочи дека доволно долго се „излежувала“ на сонце. Немојте да се двоумите, веднаш купете ја и разладете се со сочниот летен плод богат со витамини и минерали.rn

    4. Чукнете

    rnИако многумина се задржуваат само на овој метод на проверка при купувањето, ние го препорачуваме за последен. Удрете ја лубеницата, ако звукот е длабок, таа е спремна за јадење, доколку е остар и краток (не одѕвонува) значи дека не е зрела. Доколку е тап (шуплив), лубеницата е презреана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

    30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

    Дваесеттите се луди и незаборавни, но неизбежен е фактот дека созреваме и колку и да е прекрасна таа декада од нашиот живот, сепак се движиме кон 30-тите. Тоа не значи дека животот ќе престане да ни биде забавен, напротив. Сите ние се менуваме со тек на време и лошите навики треба да ги оставиме зад себе. Еве на што треба да престанете да трошите време во вашите 20-ти и воедно што треба да престанете да правите.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    1. Да се однесувате како домот на вашите родители да е хотел

    rnВие сте возрасни и имате обврски во домот и иако секогаш ќе останете нивни „деца“, вашите родители не се должни да се грижат за вас кога сте возрасни. Во текот на оваа декада најверојатно ќе се иселите од нивниот дом и треба да покажете колку сте созреале.rn

    2. Да продолжите да одите кај лош фризер

    rnВо неколку наврати се покажало дека вашата фризерка знае како да ви ја утне фризурата, но вие сепак продолжувате да одите кај неа. Доколку седите на столчето молејќи се во себе дека овој пат ќе излезе на добро, значи дека е време да го смените фризерот. Животот е премногу краток за да имате лоша фризура.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    3. Да купувате тинејџерска облека

    rnНе значи дека треба да почнете да се облекувате како баби, но премногу разголени и провокативни парчиња веќе не ви прилегаат. Секако дека ќе покажете дека сте секси, но на софистициран и женствен начин. Престанете да се облекувате како тинејџерка доколку наближувате 30.rn

    4. Да носите здодевни патики

    rnСекако, белите и црните патики се супер бидејќи одговараат со сè и нема да направите утка. Но, охрабрете се и купете ги тие дреч розови патики кои веќе подолго време ги гледате во излог. Тоа што станувате дел од светот на возрасните не значи дека треба да станете здодевни.rn

    5. Да се преоптоварувате со броење калории

    rnУживајте во храната наместо да се преокупирате со калории и да кукате за накаченото кило. Верувајте, така сте им здодевни на сите околу вас. Сите ние понекогаш знаеме да претераме со храната, но тоа не е грев. Секогаш можете да истрчате неколку круга и да се чувствувате повторно фит.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    6. Да трошите пари на неквалитетни парчиња облека

    rn„Не сум толку богат за да купувам евтино.“ Ставете им крај на крпчињата кои ги купувате на распродажба само затоа што се евтини, а ако размислите подобро сте ги облекле само еднаш или ни еднаш. Паметно раководете со вашите финансии и купувајте квалитетни парчиња. Се сеќавате како вашата мајка секогаш го проверуваше квалитетот на секое парче пред да ви дозволи да го пробате и купите? Време е да бидете зрели и паметни исто како вашите мајки. Покрај цената забележете го и квалитетот и секако, реално размислете дали тоа парче ви е потребно и дали ќе го облечете повеќе од еднаш.rnrn

    7. Да ги обвинувате другите за сè што не ви одговара

    rnСте чуле ли дека кога покажувате со прст кон некој друг, другите три прста се свртени накај вас? Кога ќе научите прво себеси да се преиспитувате и реално да размислите што е тоа што вие можевте да го направите подобро, ќе почнете повеќе да успевате и да не си ги повторувате грешките. Не сте веќе деца и не може да цимолите за секој ваш неуспех обвинувајќи некој друг. Време е да преземете одговорност.rn

    8. Да не почитувате договори

    rnНе заборавајте што сте ветиле и каков договор сте направиле. На вашите пријатели им треба човек на кој може да се потпрат. Доколку вашата пријателка зела слободен ден и организирала одење негде, не смеете да ѝ откажете во последен момент со некој беден изговор.rn

    9. Да се срамите од она што ве прави среќни

    rnНе е грев тоа што во сабота навечер сакате да останете со семејството и да гледате филм. Тоа ве прави среќни и тоа ви е потребно во моментот.rnrn30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30rn

    10. Да носите стари, големи пижами

    rnСлободно бидете секси и не одете на спиење како да сте во вреќа. Малку чипка не е на одмет.rnrn