КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • Направете природен антибиотик кој нема да ве чини повеќе од 30 денари

    Направете природен антибиотик кој нема да ве чини повеќе од 30 денари

    За време на зимскиот период помалку се движиме и повеќе јадеме, па така нашиот имунитет станува слаб и помалку отпорен на надворешните фактори. Токму овој природен антибиотик може да ви помогне да си го заштитите организмот во ладниот период кој следува. Петте состојки кои ви се потребни со сигурност ги имате дома, а доколку ги немате нема да ве чинат повеќе од 30 денари.rnrnНаправете природен антибиотик кој нема да ве чини повеќе од 30 денари rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • 2 лажици свежо рендан ѓумбир
    • rn011

    • ½ лажиче мелени чили пиперки
    • rn011

    • ½ лажиче цимет
    • rn011

    • 100 мл свежо цеден сок од лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исцедете го лимонот и во него ставете го лукот, кој претходно ќе го згмечите, ѓумбирот, чилито и циметот.rnrn2. Сите состојки убаво измешајте ги и на крај додадете го медот за да добиете погуста смеса.rnrn3. Смесата префрлете ја во стаклен сад со капаче и добро затворете ја. Оставете ја на собна температура три часа и потоа чувајте ја во ладилник.rn

    Совет:

    rnЗемајте едно лажиче дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да го зајакнете имунитетот. Доколку сте настинати или болни, тогаш земајте по три лажички дневно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто имаме веѓи?

    Зошто имаме веѓи?

    Веѓите се еден од најизразитите делови од нашите тела. Со нашите веѓи остваруваме невербална комуниција со другите луѓе, кога сакаме да покажеме дека сме збунети или лути. Но, дали тоа е нивната единствена цел? Во текот на милениумите, сме изгубиле многу од телесните влакна, па затоа е чудно зошто токму веѓите се задржале на нашите лица?rnrnКако што објаснуваат научниците од тимот на „Head Squeeze“ во видеото, основната работа на веѓите е нивната специјална форма на заштита на очите. Па така кога премногу се потиме или кога врне, а немаме чадор, веѓите со својот облик, ги насочуваат капките по слепоочниците и спречуваат да навлезат во очите. Всушност, нивната работа е толку важна што некои научниците веруваат дека доколку немавме веѓи, повеќе ќе ни се развиел некој друг фацијален дел, кој би ја вршел истата задача. Тоа би значело, дека ако не беа веѓите, ќе изгледавме многу чудно. Погледнете го интересното видео:rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Беспомошните принцези на 21-ви век

    Беспомошните принцези на 21-ви век

    Еднаш многу одамна, во дамнешно време, преку 7 реки, 7 планини и 7 мориња, си живеела една принцеза за која наречниците имале предвидено дека ќе се мажи со сиромав овчар. За да ја заштити од таквата судбина, нејзиниот татко ја заклучил на врвот на една кула. Така принцезата ја чешлала својата долга златно-руса коса застаната на малиот прозорец од кулата, чекајќи го принцот, или кој и да е на крајот на краиштата, да ја ослободи од животот како заробеник… Глупости.rnrnЕве да ви кажам зошто девојките се навикнати да бараат заштита во мажот и да го чекаат тој некој возвишен господин Совршен. Бидејќи такви сказни им раскажувале додека биле мали. Па така израснале во беспомошни нежни принцезички чекајќи заштита и издржување од тој некој кој ќе дојде за да ги „ослободи“. Затоа неретко девојките трпат најразлични сра*а верувајќи дека ќе мора да попуштат бидејќи тие се кревките половини во таа целина со витезот на бел коњ.rn

    Беспомошните принцези на 21-ви век

    rnЛуѓето се секаде и секогаш различни. Различни менталитети и сфаќања. Но од многуте муабети со многу дами, кога ќе направам ретроспектива, станувам по малку бесна. Не, јас не сум „хејтерски“ настроена кон припадниците на погрубиот пол, напротив, јас сум ревносна на глупави стереотипи и заостанати сфаќања, или уште поточно, на личности кои во денешно време им се покоруваат на таквите сфаќања.rnrnГлупаво сфаќање број еден, на пример, жената би требало да попушта и трпи. Неодамна разговарав со жена, за која слободно можам да кажам дека е прекрасна личност, па бидејќи ме почувствува блиска, ми ја отвори душата и ми призна дека во минатото била физички малтретирана од нејзиниот љубоморен дечко. Како изреагирала мајка ѝ на тоа? Попушти, женско си, утре тој лебот дома ќе го носи. А ти мислиш дека совршен ќе најдеш? Ајде, таков му бил денот. Таков му бил денот?!?! Молам? А да ја искршам јас металната шипка од неговата глава бидејќи едноставно, така се чувствувам денес? Тоа суштество наречено моја ќерка, која сум ја чувала како капка роса на дланка, да дозволам да биде психички и физички малтретирана од некој идиот само под изговор дека таков му бил денот, па попрво би се убила себеси. Јас сум млада, ама олку знам, дека ако кренал рака еднаш, ќе крене уште еднаш, ќе се постави супериорен над тебе и цел живот ќе живееш во негова сенка. Секоја девојка или жена која била или е малтретирана на каков било начин, мора да си дозволи себеси да се оддалечи од оној кој ѝ создава болка. Да, постојат прекрасни и грижливи мажи и заслужувате некој кој ќе ве штити и крева раце на оној кој ве повредува, а не на вас.rnrnГлупаво сфаќање број два, или да скратам, едно од многуте поврзани со оваа тема, е тоа дека на жената ѝ е неопходен маж и таа е беспомошна без него. Неодамна прочитав една иронична шега, која оди отприлика вака: „Добро јас те пратив во град за да најдеш маж, а ти ми се врати со диплома. Неспособна една!“ Е арно ама, не било шега, туку жива вистина. Моја блиска другарка ми раскажуваше за патешествијата низ кои поминала при нејзината последна посета на роднините во друг град. Девојчево има само 21 година и штотуку го положи и последниот испит на не баш толку лесен факултет. Првото нешто што ја прашале сите, од баба и тетка до братучетка, било, дали имаш дечко. Не? Ако, не ми се секирај, ќе си најдеш некој. И девојчево завршува цела во прашалници. Никој не ме праша за факултетот. И дали сум јас за жалење, дали ќе останам стара мома само бидејќи немам дечко во моите рани 20-ти? Леле, кој ќе ми го носи лебот дома? Хммм… на пример, јас самата?rnrnВо нашава мила државичка, со сожалување те гледаат ако немаш „врска за озбилно“, во некои земји за жалење си ако немаш кариера. Ама ете, што да ви кажам, различни сфаќања, да го наречеме тоа заостанатост или… како?rnrnНие не сме беспомошни суштества туку достојна половина од таа заедница меѓу двајца вљубени. Заслужувате почит, внимание, љубов… Мажот треба да ве штити, но бидејќи сте негова љубена, а не на принципот ти му пеглаш кошули, а тој за возврат ти дава покрив над глава. Браковите не се единство меѓу маж и негова слугинка, туку маж и негова жена. Во 21-ви век, крајно време е да се доведат до работ на истребување беспомошните принцези.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерни шешири за ова лето

    Модерни шешири за ова лето

    Ова лето, шеширите се аксесоар кој морате да го имате и кој ќе ви помогне да изгледате средено и тренди.Модерни шешири за ова летоШеширите се многу практичен моден додаток, особено во летните месеци во годината. Тие се незаменлив дел од секоја комбинација за на море и плажа, но и за во град. Не само што ќе ве заштитат од силното сонце, туку ќе ви помогнат да изгледате одлично. Можете да ги комбинирате со различен стил на облека, зависно од моделот кој ќе го одберете.Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето Модерни шешири за ова лето
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стилски шлемови за градски велосипедизам

    Стилски шлемови за градски велосипедизам

    Многумина одбираат да возат велосипед без заштита на главата. Најчесто изговорот е од естетски или од практични причини – како би изгледале со шлем возејќи се по градските патеки и каде да го ставиме кога ќе стигнеме на нашата дестинација?Стилски шлемови за градски велосипедизамУрбаните шлемови Closca ги надминуваат двата проблеми. Тие се дизајнирани за да можат да се склопат (сплескаат) и да се сместат во чанта. Дополнително, тие имаат стилски облик и ги има во неколку различни дезени. И згора на сè, ги имаат поминато тестовите за безбедност. Како што велат креаторите: „овие шлемови ги спојуваат модата и заштитата. Тие се избор на урбаните велосипедисти“.Стилски шлемови за градски велосипедизамЗасега се достапни 6 основни модели и 3 ексклузивни рачно изработени модели со принтови во леопард дизајн, црно животно и 100% волна со заштита за ушите. Исто така ќе биде возможно секој да си предложи и свој дизајн за кавер.Стилски шлемови за градски велосипедизамКреаторите на овој изум го претставија својот проект на веб-сајтот Kickstarter каде што побараа поддршка за финансиска помош и веќе ја остварија целта.Стилски шлемови за градски велосипедизамСтилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизам Стилски шлемови за градски велосипедизамСтилски шлемови за градски велосипедизамОстанува уште да почекаме да почнат онлајн-нарачките и дистрибуцијата.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 правила кои мора да ги почитуваш доколку излегуваш со мојата ќерка

    10 правила кои мора да ги почитуваш доколку излегуваш со мојата ќерка

    Кога станува збор за нивните ќерки, татковците се секогаш заштитнички настроени. Но, има и случаи кога некои се и премногу. За оние кои сакаат да му пренесат јасна порака на идниот потенцијален зет, оваа маица е совршена.rnrn10 правила кои мора да ги почитуваш доколку излегуваш со мојата ќеркаrnrn1. Најди си работа.rnrn2. Разбери дека не те сакам.rnrn3. Знај дека сум присутен насекаде.rnrn4. Доколку ја повредиш, јас ќе те повредам тебе.rnrn5. Враќај ја дома 30 минути порано.rnrn6. Најди си адвокат.rnrn7. Доколку ме излажеш, ќе дознам.rnrn8. Таа е мојата принцеза, не твој плен.rnrn9. Не ми пречи пак да одам во затвор.rnrn10. Што и да ѝ направиш, јас истото ќе ти го сторам тебе.

  • Направете домашно масло за сончање

    Направете домашно масло за сончање

    Овој рецепт се појавил во времето кога на пазарот не постоеле продукти за заштита од сончевите УВ зраци, а на луѓето им била потребна заштита.rnrnНаправете домашно масло за сончањеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • неколку моркови
    • rn011

    • неколку млади зелени ореви
    • rn011

    • неколку цветови лаванда
    • rn011

    • жалфија
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn

    rnВо мала тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани млади зелени ореви, неколку цветови од лаванда, а можете да додадете и жалфија. Околу 60-70% од теглата наполнете ја со овие работи, а потоа теглата до врв наполнете ја со маслиново масло. Теглата ставете ја на сонце да отстои 20-25 дена и секојдневно протресувајте ја. Откако ќе пројдат дваесетина дена, течноста исцедете ја низ неколку слоеви газа.rnrnМаслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење на сонцето, но поголем фактор имаат морковите и оревите, па одлично се надополнуваат, а покрај тоа ова масло ја негува кожата.rnrnМорковите се богати со бета-каротен и витамин А и се користат во сите модерни препарати за заштита при сончање, бидејќи ја обновуваат кожата и го успоруваат нејзиното стареење, а истовремено го забрзуваат потемнувањето.rnrnЛавандата и жалфијата исто така се одлични за негување на кожата, делуваат противвоспалително на акни, изгореници, рани, а жалфијата дополнително го намалува и целулитот. Покрај овие предности, тие на маслото му даваат и прекрасен мирис.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заштитете ги шишињата алкохол за никој да не ви ги испие

    Заштитете ги шишињата алкохол за никој да не ви ги испие

    Овој фантастичен изум ќе ви помогне да си ги заштитите шишињата алкохол по дома и никој освен вас да не може да ги отвори. Станува збор за многу интересни тапи со бројчаник, на кои само вие ќе им ја знаете точната комбинација за да го отворите шишето.Заштитете ги шишињата алкохол за никој да не ви ги испиеПрвично се измислени за да се заштитат шишињата од деца, кои љубопитно можат да пробаат нешто што не треба, но се одлична заштита и од тинејџери кои ги фатиле бубачките. Само треба да бидете внимателни, бидејќи доколку ја заборавите шифрата, нема начин како да го отворите шишето, освен да го скршите. Едена ваква сигурносна тапа ќе ве чини околу 20 американски долари.Заштитете ги шишињата алкохол за никој да не ви ги испие Заштитете ги шишињата алкохол за никој да не ви ги испие
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчести грешки при употреба на пегла за коса

    Најчести грешки при употреба на пегла за коса

    Иако повеќето девојки се свесни дека пеглањето на косата е штетно за влакното, во денешно време тоа е станато вообичаена секојдневна практика. Можеби се обидувате што помалку да ја оштетувате вашата коса при користењето на пеглата, но тоа не значи дека внимавате на сè. Ова се 6 најчести грешки кои жените ги прават при користење на пеглата за коса.rnrnНајчести грешки при користењето на пегла за косаrn

    Влажна коса

    rnИако постојат посебни пегли за коса за исправување на влажна коса, експертите со сигурност нема да ви го препорачаат ова. Уште полошо е кога користите обична пегла додека косата ви е сè уште влажна. Затоа, пред да се фатите за пеглата, убаво исушете ја косата и почекајте уште 10 минути, па потоа почнете со исправување.rn

    Заштитно средство

    rnПред користење на пегла, косата треба да ја заштитите со некој препарат кој ја штити косата од висока топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.rn

    Јачина на пеглата

    rnНа повеќето пегли постојат опции за прилагодување на топлината. Избегнувајте пеглата да ја пуштате до максимум, бидејќи на тој начин ќе го ослабете влакното, а како резултат ќе ви испукаат врвовите и ќе ја оштетите косата.rn

    Предолго пеглање

    rnНикако не смеете истиот прамен да го пеглате неколку пати со силна топлина. Обидете се пред пеглањето максимално да ја исправите косата при фенирањето, за потоа полесно да ја испеглате и да не се задржувате долго на еден прамен. Што повеќе пеглате на исто место, толку повеќе ја оштетувате косата.rn

    Предебели прамени

    rnДоколку праменот кој сте го фатиле за пеглање е преголем, топлината нема рамномерно да се распореди и нема убаво да го испеглате праменот. На тој начин ќе морате долго време да се задржите на еден прамен, што во никој случај не е препорачливо.rn

    Широка пегла за коса

    rnПеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакното. Најпрепорачливо е да користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Четири совети за здрави гради

    Четири совети за здрави гради

    Редовниот преглед и секојдневната грижа ќе ви помогнат, вашите гради да бидат во добра форма. Ова се четири совети кои морате редовно да ги практикувате.rnrnЧетири совети за здрави градиrn

    Дневно: Внимавајте на хигиената

    rnЛесната масажа за време на туширањето и убавото миење со благ хидратантен сапун ќе го спречи развојот на бактерии кои се создаваат на кожата со потењето.rn

    Месечно: Прегледајте ги градите сами

    rnНедела дена после менструалниот циклус (тогаш ткивото во градите е најмеко), со прстите пополека поминете преку градите до пазувите, во потрага по грутки и испакнатини. Потоа погледнете се во огледало за да видите да не случајно се појавиле некои флеки или црвенило кои укажуваат на инфекција, а во многу ретки случаи на рак на кожа.rn

    На секои шест месеци: Проверете ги вашите градници

    rnДоколку редовно носите некој градник подолг период, тој ја губи својата еластичност, што може да доведе до болка во градите и грбот.rn

    Годишно: Лекарски преглед

    rnКлиничкиот преглед на градите е стандарден и многу важен дел од гинеколошкиот преглед. Стручното лице најдобро може да изврши детален преглед, за навремено откривање на несаканите можни закани.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.