КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштита

  • Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните

    Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните

    Активистите за заштита на правата на животните „Animal Equality“, организирале спектакуларен протест пред црквата Санта Еулалија во Барселона, кој најверојатно набрзо нема да го заборави ниеден човек кој се нашол во близина.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеДемонстрантите ги симулирале пакувањата со сирово месо коишто се продаваат во супермаркетите, но во еден многу поголем облик, а во нив пикнале фотомоделки обоени со крв црвена боја и ги покриле со пластични фолии. Целта била да се подигне свеста за убивањето на животните и да се предизвикаат сѐ повеќе луѓе да престанат да јадат месо. Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните„Animal Equality“ е интернационална непрофитна организација за заштита на правата на животните, која настојува да го покрене вниманието и почитта кон животните и да се прекине ропството под кое се тие. Организацијата е позната по организирањето улични демонстрации за промоција на важноста на животните.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеВоедно „Animal Equality“ спроведува и директни акции и мерки против убивањето на животните, како на пример спасување на свињите од касапниците и пробивање во засолниште во кое се чувале 40.000 заробени животни. Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеПротест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеОвој необичен протест се случил на 20 март, 2013 година, во текот на интернационалниот ден без месо.Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животнитеrnrnДоколку ви беше интересна оваа содржина, веројатно ќе ви се допаднат и протестите со бакнежи во Чиле.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Во јужниот дел од африканската држава Буркина Фасо, се наоѓа мало село од околу 1.2 хектари, наречено Tiébélé. Тоа е дом на луѓето Касена, една од најстарите етнички групи, која се населила на територијата на Буркина Фасо уште во XV век. Tiébélé е познато по фантастичната традиционална архитектура и внимателно декорираните ѕидови од куќи.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnБуркина Фасо е сиромашна држава, дури и според западно-африканските стандарди. Можеби е и најсиромашната земја во светот. Но луѓето одовде се културно богати и декорирањето на фасадите од кал на куќите, е многу битен составен дел од нивното културно наследство. Декорирањето на ѕидовите претставува задача на заедницата и тоа секогаш го прават само жените. Процесот на изработка е всушност античка вештина, која датира од XVI век од нашата ера.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnЛуѓето Касена ги градат нивните куќи целосно од природни материјали: земја, дрво и слама. Земјата помешана со слама и кравји измет формира влажна смеса со совршена пластичност, со која може да се формираат речиси вертикални површини. Куќите во Tiébélé се градени имајќи ја предвид безбедноста на ум, без разлика дали станува збор за заштита од климатски непогоди или од потенцијални непријатели. Ѕидовите се дебели околу 30 см, а домовите се дизајнирани без прозорци, освен еден или два мали отвори, кои овозможуваат доволно продор на светлина. Влезните врати се само 60 см високи, а покривите се заштитени со дрвена конструкција. По дома, мештаните си пијат од локалното пиво (dolo).rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnПо изградбата на куќите, жените прават фрески, служејќи се со обоена кал и бела креда. Мотивите и симболите се преземени од секојдневниот живот, од религијата и од верата. Насликаните ѕидови потоа внимателно се полираат со камења, при што секоја боја посебно се полира, за да не се помешаат меѓусебно. На крајот, целата површина е обложена со природна глазура, добиена со варење мешунки од „néré“, африканско багремово дрво. Дизајните воедно служат и за заштита на ѕидовите. Декорирањето обично се завршува пред стартувањето на дождовната сезона и ја штити фасадата од дождот. Додавањето кравји измет, набивањето слоеви кал и полирањето со néré, ги прави дизајните отпорни на влажните климатски услови, овозможувајќи ѝ на структурата подолго да трае.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Не постои најдобар метод на заштита од несакана бременост бидејќи секој од нив има свои позитивни и негативни страни. Исто така, самиот избор на соодветна заштита на вашето тело не е воопшто едноставен. Постојат многу работи на кои треба да мислите. За почеток, разгледајте ги сите можности кои ви се на располагање, вам и на вашиот партнер. А потоа добро е да разговарате и со доктор на оваа тема.rnrnМетоди на контрацепција и заштита од несакана бременостrn

    Природен метод на заштита (методот на ритам)

    rnОвој метод вклучува немање секс во одредени денови од месецот (кога се најголеми шансите да останете бремени). Жената која има редовен менструален циклус има околу 9 „критични“ денови секој месец во кои може да остане бремена. Овие плодни денови се околу 5 дена пред и 3 дена по овулацијата, како и за време на самата овулација.rnrnЗа успешно да го употребувате овој метод, мора детално да го познавате вашиот менструален циклус. На тој начин ќе можете да предвидите кои денови сте плодни и тогаш избегнувајте да имате сексуални односи без дополнителна заштита. Но, не сите жени можат да се потпрат на овој метод. Оние кои имаат нередовен и непредвидлив циклус, подобро е да изберат друг начин на заштита.rn
    rn

    Метод на повлекување

    rnОвој метод на заштита подразбира повлекување на пенисот од вагината во моментите пред ејакулацијата. За да биде успешен потребна е огромна самоконтрола кај мажот. Доколку повлекувањето не е совршено темпирано, може дел од спермата да навлезе во телото на жената. Исто така, неодамнешните истражувања покажале дека предсемената течност може да содржи мал процент сперматозоиди, па поради тоа овој метод не се препорачува за време на оние неколку „критични“ денови од месецот.rn
    rn

    Контрацептивен сунѓер

    rnКонтрацептивниот сунѓер е мека и округла направа со врвка за вадење. Тој е направен од полиуретанска пена која содржи спермициди кои ги убиваат сперматозоидите.rnrnПред сексуалниот однос, треба да го намокрите сунѓерот и да го наместите во внатрешноста на вашата вагина така што ќе го покриете грлото на матката. Тој ќе ве заштитува во наредните 24 часа, но не смеете да го вадите барем 6 часа по односот. Исто така имајте на ум дека мора да го извадите во рок од максимум 30 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Дијафрагма, капа или штит на грлото на матката

    rnОвие три начини на заштита, исто како и сунѓерот, спаѓаат во методи на бариера, така што ги спречуваат сперматозоидите да стигнат до вашата матка.rn

      rn011

    • Дијафрагмата е плитка „чашка“ направена од латекс.
    • rn011

    • Капата има форма на напрсток која исто така е направена од латекс.
    • rn011

    • Штитот е силиконска „чашка“ која има отвор од едната страна што предизвикува вшмукување и на тој начин го штити грлото на матката.
    • rn

    rnДијафрагмата и капата можат да се најдат во различни големини и поради тоа потребно е да се консултирате со доктор за големината која ќе ви биде потребна. Што се однесува до штитот, тој доаѓа во само една големина и не ви е потребна консултација за употреба.rnrnПред вметнување на овие направи, мора да им додадете спермицид. Исто така, по сексуалниот однос тие мора да останат во вас од 6 до 8 часа за да се заштитите од бременост. Дијафрагмата треба да биде извадена во период од 24 часа, додека пак капата и штитот во период од 48 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Женски и машки презервативи

    rnЖенскиот презерватив се вметнува во внатрешноста на вагината. На тој начин се спречува спермата да навлезе во телото на жената. Тој е направен од тенка и флексибилна гума обложена со лубрикант. Овој презерватив може да биде нанесен и до 8 часа пред сексуалниот однос, но веднаш потоа мора да биде отстранет.rnrnМашките презервативи се тенки обвивки кои се местат врз пенисот за да спречат навлегување на спермата во женското тело. Тие се најбезбедни доколку се употребуваат во комбинација со вагинален спермицид. Исто како и во случајот со женските презервативи, потребно е да употребувате нов презерватив после секој сексуален однос.rnrnЧувајте ги презервативите на ладно и суво место, бидејќи во спротивно може да дојде до оштетување на латексот и до нивно кинење. Исто така, овие два начина на заштита не смеат да бидат употребувани во исто време.rn

  • Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот?

    Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот?

    Користејќи специјална технологија за мерење на електромагнетната радијација, истражувачите откриле дека радиофреквентното поле кое се создава од вашиот мобилен телефон, предизвикува загревање на мозочното ткиво. „Ова е доказ дека вашиот мозок апсорбира радијација од мобилниот телефон“, вели авторот на истражувањето, проф. д-р Дејвид Галчекин, од истражувачката институција за третирање на заболени од рак „Memorial Sloan-Kettering Cancer Center (MSKCC)“.rnrnДодека тој и неговите колеги не можат точно да кажат, колку е штетна или безбедна радијацијата од телефоните, Светската здравствена организација, ги класифицирала радиофреквентните зрачења како канцерогени, што значи дека изложувањето на овие зраци може да ве стави во ризик од заболување од рак на мозок.Дали мобилните телефони ни го „пржат“ мозокот? rn
    rn

    Знам дека луѓето нема да престанат да ги користат мобилните телефони, но постојат неколку мерки кои можат да ги преземат, за да ја намалат нивната изложеност на штетната радијација – вели Дејвис. Еве кои се тие:

    rn1. Далечината ви е пријател – постојано повторува Дејвис. Доколку проверите во упатството добиено со вашиот мобилен апарат, ќе забележите дека производителите како што се Епл и Моторола, ви препорачуваат да го држите вашиот мобилен телефон на најмалку 10мм оддалеченост од вашето тело, во секој момент, односно колку што е широко едно стандардно пенкало. Но, користењето хендсфри уред, е уште подобро.rnrn2. Внимавајте кога мрежата има слаб сигнал. Мобилните телефони испуштаат поголеми радиофреквентни зрачења, кога се обидуваат да пронајдат сигнал – објаснува Дејвис. Ова значи дека, руралните средини или кое било место, каде што има слаб сигнал, е лош избор на локација за остварување телефонски повик.rnrn3. Побезбедна е предната страна од апаратот. Доколку морате да го чувате мобилниот во вашиот џеб, тогаш ставете го со тастатурата свртена кон вашето тело. Електромагнетното поле шири радијација низ задниот дел од телефонскиот уред, така што штетното влијание ќе биде насочено подалеку од вашиот бут и другите сензитивни делови од телото.rnrn4. Менувајте ги рацете и ушите. Додека разговарате, честопати префрлувајте го телефонот од едната во другата рака и менувајте го увото на кое слушате, за да го ограничите изложувањето на штетната радијација кон едната страна од вашата глава – вели Дејвис.rnrn5. Кога повикувате број, пуштете ги звучниците. Радиофреквентното зрачење е најштетно, кога вашиот телефон се обидува да реализира повик, така што во тој момент е најважно да го држите подалеку од вашата глава, додека примачот не го прифати повикот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како остригите создаваат бисери?

    Како остригите создаваат бисери?

    Природниот бисер го започнува својот живот во школката на остригите кога некој натрапник, зрно песок или парче храна која плови ќе се протне во нивната внатрешност, односно во заштитната облога која ги прекрива нивните органи.Како остригите создаваат бисери?За да се заштити од иритација, остригата набрзина започнува да го прекрива непосакуваниот посетител со неколку слоеви минерална супстанца. И така, слој по слој, полека се обвиткува зрното песок сè додека не се формира иридисцентен бисер.rnrnВештачките бисери се направени на истиот начин. Единствената разлика е тоа што наместо случајни околности, „фармерот на бисери“ намерно вметнува зрно песок директно во заштитниот слој на мекотелите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најоткачените реклами за кондоми

    Најоткачените реклами за кондоми

    Не е неопходна реклама која ќе ве убедува да купите кондом, но затоа различните брендови на пазарот вложуваат многу креативност за да ги изберете токму нивните производи. Најоткачените реклами за кондомиПогледнете ги некои од најкреативните и најоткачените реклами од нив.rn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нови животни на работ на исчезнување

    10 нови животни на работ на исчезнување

    Како резултат на индустрискиот развој, сè почеста е злоупотребата на животните во производството. Иако денес постојат различни здруженија за нивна заштита, истребувањето на животинскиот свет продолжува. Според најголемата светска организација за зачувување на животните, оваа година загрозени животни се следниве:rn
    rn

    1. Суматранскиот орангутан

    rnОвој вид орангутан може да се најде само во Индонезија. Опстанокот на суматранскиот орангутан е доведен во прашање најмногу заради уништувањето на дрвјата, што претставува нивно природно живеалиште.rn

    2. Желка со мек оклоп (Leatherback Turtle)

    rnВаквиот вид желки наместо тврд оклоп, имаат мека обвивка со која е покриено нивното тело. Може да се видат во Карипското море, Атлантскиот и Индискиот океан. Бројот на овој вид желки е значително намален поради нивното прекумерно ловење заради користење на нивните коски и поради уништување на нивното живеалиште.rn

    3. Тигар

    rnНајновите истражувања посочуваат дека се останати само околу 3.200 тигри. Како најчеста причина за намалување на бројот на тигрите, се ловците и уништувањето на шумите.rn

    4. „Vaquita“ мал делфин

    rnСе работи за специфичен вид мали делфини. Проценето е дека се останати само 150 видови во Мексиканскиот Залив. Овој вид делфини се на работ на исчезнување поради тоа што најчесто завршуваат во мрежите на риболовците.rn

    5. Јавански носорог

    rnДенес јаванскиот носорог е критично загрозен, со 50 преживеани видови, иако во минатото бил најраспространетиот азиски носорог. Живеел од островите во Индонезија, преку југоисточна Азија, до Индија и Кина. Носорозите се убиваат најмногу заради нивните рогови.rn

    6. „Bluefin“ туна

    rnОвие туни се најскапоцените риби, бидејќи од нивното месо се подготвува познатиот специјалитет суши. Но, поради претераното ловење, нивниот број е значително намален.rn

    7. Снежниот леопард

    rnСнежниот леопард живее на Хималајските планини во Авганистан, Пакистан, Индија, Кина и Непал. Проценето е дека се останати од 4.000 до 65.00 леопарди.rn

    8. Планинската горила

    rnКако резултат на напорите за зачувување на овој вид, бројката на планинската горила е зголемена. Се смета дека овие горили ги има околу 790.rn

    9. Азискиот слон

    rnНајмногу заради недозволеното ловење, азискиот слон оваа година е сместен на листата на истребување.rn

    10. Делфинот „Irrawaddy“

    rnОвој вид делфин живее во Лаос. Се проценува дека се останати околу 85 делфини. Најголема закана за нивно истребување, како и кај повеќето загрозени видови, се уништување на нивната природна околина и неконтролираното ловење.
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто ги сакаме лошите момци?

    Зошто ги сакаме лошите момци?

    Секоја девојка си има свој тип момци кои ја привлекуваат и за вкусови не се расправа. Но, никоја од нас не може да одрече дека барем еднаш во животот била привлечена од некое лошо момче. Зошто ги сакаме лошите момци?rnrnТие го имаат оној шмек на лош фраер, остар поглед на заводник, оставаат впечаток со своите движења и преовладуваат во друштвото, со други зборови, го освојуваат просторот околу себе.rnrnКолку и да не признаваме, лошите момци шармираат, дури и истражувањата покажале дека се предизвик за девојките. Можеби во филмовите и приказните, девојките се вљубуваат во шармантните принцеви и добрите грижливи момци, но реалноста е поинаква. Девојките најчесто ги преферираат лошите и дрските момци. Кои се причините?rnrnЗошто ги сакаме лошите момци?rnrnОпасноста – Ваквите момци се опасни и зрачат со адреналин. Да се биде со лошо момче е предизвик за девојката и на некој начин значи зголемување на нејзиното его знаејќи дека може да се носи со опасноста и ризикот.rnrnЖелбата да го промени – Девојката верува дека би можела да го промени и да го зачува за себе. Всушност огромен дел од девојките сонуваат за момче кое ќе биде лошо кон сите останати, а неа ќе ја третира како принцеза… да, можеби, но само во првите неколку месеци. Не залажувајте се, ако човекот е темпераментен, таков е секогаш и со секого! Најголема грешка е помислата дека би можеле да го промените.rnrnУпорноста – Ваквите момци се навикнати да добиваат сè што сакаат. Можеби друго момче би се откажало откако еднаш ќе го одбиете или со денови ќе се мисли како да ви пријде, но за разлика од ваквите, лошите момци дејствуваат, ги користат сите свои тактики за освојување, самоуверено тргнуваат кон својата цел и не се откажуваат. Го хранат вашето его со нивната упорност да ве освојат сè додека не омекнете и станете кршливи.rnrnЗабранетоста – Најчесто врската со вакво момче спаѓа во оние забранети врски, тоа се оние момчиња кои не се прифатени од страна на родителите, особено од таткото на девојката. Тоа што врската не е одобрена, ја претвора во забрането овошје кое секогаш е послатко од дозволеното.rnrnЗаштитата – Девојките се чувствуваат сигурни и заштитени покрај вакво момче. Тој ѝ влева сигурност на девојката, па таа покрај него е безгрижна и безбедна.rnrnВпечатокот кој таа го остава – Девојката покрај него, има поинаква слика за себе. Има перцепција за тоа како другите ја гледаат кога се заедно. Тоа е нешто како: „Да, јас го освоив!“rnrnАвантури – Нивниот однос нема да е секојдневен и тој ќе ѝ пружи многу авантури. Дури и обичните работи со него ќе ги доживува поинаку, бидејќи тој е „фраер со диплома“, па ги знае сите трикови за тоа како да направи девојката да се чувствува посебно.rnrnЦврстиот став и самоувереноста – Девојките сакаат момците да им ги исполнуваат желбите, но сакаат и момци со цврст став. Лошите момци нема да имаат став на „папучар“, тие се самоуверени и секогаш ќе знаат одлучно да речат „не“. Така девојките се слатко изманипулирани и привлечени од цврстината и начинот на кој тие го кажуваат своето мислење.rnrnОд друга страна пак, лошото момче најчесто одбира покревки девојки на кои им е потребна заштитата која тој ја нуди. Така се чувствува помажествено и си го храни егото како мачо тип.rnrnИнтересно е тоа што најчесто, кога станува збор за сериозна врска или брак, најголем дел од девојките ги одбираат спротивните од тие лоши момци. Сакаат грижливи и верни сопрузи и добри татковци. Тогаш не им е примарност авантурата и опасноста, туку животната сигурност. Така што, колку и лошите момци да ги сметаат девојките за свои авантури, секоја девојка потајно во себе не го гледа лошото момче како потенцијален кандидат за сериозна врска или брак. Можеби она што секоја девојка го бара е некаков баланс помеѓу лошо и добро момче. Тој баланс не е тежок за постигнување, но не секој ќе се потруди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

    Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

    Пред одење на плажа секој човек убаво се мачка со крема со заштитен фактор од сонце по целото тело, за да не изгори од силните зраци. Но, никој не помислува дека има делови од телото кои можат да настрадаат поради тоа што несвесно забораваме да се погрижиме за нив. Затоа, следниот пат кога ќе излезете на сонце не заборавајте да нанесете заштитна крема и на следниве места.rnrnДелови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонцеrn

    Ушите

    rnНема ни да ви текне дека ушите можат да настрадаат од силното сонце, сè додека не ви изгорат. Доколку не сакате тоа да се случи, внимавајте на нив.rn

    Темето

    rnВрвот на главата е постојано изложен на силното сонце и најчесто прв се загрева. Внимавајте на овој дел од телото, носејќи шешир или капа.rn

    Внатрешниот дел од рацете

    rnДоколку случајно заспиете на плажа со рацете над глава, добар дел од вашата кожа која најверојатно не сте ја заштитиле со крема,  ќе ја изложите на силното сонце. Обрнете внимание убаво да ги намачкате целите раце, од сите страни.rn

    Стапалата

    rnСтапалата исто така се многу осетливи кога станува збор за изгореници од силно сонце. Доколку не ги мачкате, задолжително почнете да го правите тоа.rn

    Очните капаци

    rnСигурно внимавате на лицето пред да излезете на сонце, но ретко кому му текнува да ги намачка очните капаци. Кревката кожа на очните капаци, може да ви направи големи проблеми доколку не се погрижите за неа.rn

    Кожата под костимот за капење

    rnКостимот за капење заштитува, но не целосно. Затоа задолжително треба секогаш убаво да се намачкате и под него. Исто така, во текот на денот, вашиот костим постојано се поместува, па може да се случи да изгорите на тој дел од телото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изгледате убаво и без шминка?

    Како да изгледате убаво и без шминка?

    Автор: Горана КоневскаrnrnГолема благодарност до оној кој ја измислил шминката, бидејќи со неа секоја девојка може да изгледа свежо и одморено, дури и кога тоа не е така. Но, понекогаш едноставно сакате да го одморите вашето лице и да не користите никаква козметика, барем еден ден. За да може да успеете во истото, треба секојдневно да се грижите за своето лице и за квалитетот на вашата кожа. Се разбира, постојат случаи кога едноставно мора да носите шминка, но доколку „маните“ не се толку големи, можете со мали трикови да ѝ овозможите малку одмор на кожата на лицето, а истовремено и да ја пуштите својата природна убавина на виделина.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Отспијте се убаво

    rnИако ова е премногу зборувано и за истото е навистина премногу пишувано, сепак една од најважните работи за вашето тело и вашиот дух, е да им овозможите доволен и добар сон и одмор. Од истото ќе видите ефекти веднаш. На пример, за време на викендите кога спиете повеќе од вообичаено нели веднаш забележувате дека немате подочници, тенот ви е порумен и едноставно немате уморен поглед во очите?rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Мијте го лицето со студена вода

    rnМиењето на лицето со студена вода, како и користењето студени облоги помагаат да се забрза циркулацијата, истовремено давајќи ѝ свежина на кожата и убава природна боја.rn

    Чистете и навлажнувајте ја кожата

    rnСледно, но не помалку важно е да ја чистите и навлажнувате кожата доволно често. Со помош на специјална вода во форма на спреј за освежување, која можете да ја носите во чантата и многу други разни тоници и слични продукти, можете да постигнете долгорочни ефекти на кожа без пори, црнки и дури да спречите појава на акни. Запомнете само да користите лосион или млеко за лице откако ќе ѝ направите пилинг на кожата, за сосема да ги остраните мртвите клетки, инаку може да се соочите со поголеми проблеми т.е. порите да ви се наполнат со нечистотија и слично.rn

    Пијте доволно течности

    rnСекојдневното пиење течности овозможува баланс на телото, го забрзува метаболизмот, чисти од нечистотии и секако влијае и врз еластичноста на кожата.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Заштитете ја својата кожа од сончевите зраци

    rnКористете производи кои содржат фактор за заштита од Сонце. Добри се и за летно и за зимско време.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Грижете се за веѓите

    rnЗа да можете слободно да се лишите од шминката на некое време, задолжително треба да се грижите за веѓите и тоа секојдневно. Исто така, обидете се да го користите виткачот за трепки самостојно без притоа да ставате маскара. Ова ќе ви помогне да добиете помоќен изглед на вашите очи и поиздолжен изглед на трепките.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Не заборавајте на косата

    rnКосата е исто така од големо значење. Мрсната и неизмиена коса веднаш се забележува и ќе придонесе за ваш неатрактивен изглед. Затоа, одвојте малку време и посветете ѝ внимание на косата.rn

    Користете многу малку сјај или балсам за усни

    rnМалку сјај за усни или балсам нема воопшто да ви штети. Напротив, ако е со заштитен фактор ќе биде добро да го нанесете.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Носете очила за сонце

    rnОчилата за Сонце ќе ги сокријат малите мани, како подочници или слично, а и ќе го оттргнат вниманието од другите мали недостатоци на вашето лице.rnrnКако да изгледате убаво и без шминкаrn

    Што да прават оние кои не можат да излезат без шминка?

    rnДоколку не можете да излезете без да нанесете шминка на лицето, а сепак сакате да изгледате природно, потребна ви е шминка во природни нијанси.rnrnЗемете коректор и покријте сѐ што ви пречи на вашата кожа, како што се црвените дамки, флеките, темните подочници, црвенилото и слично. Врз тоа нанесете посветла течна пудра (онаа нијанса која ќе делува природно на вашиот тен). Земете светла сенка (светла беж или светло розова), нанесете ја од внатрешниот аголот на окото и повлечете под веѓата по целата нејзина должина. Овие сенки се добра подлога за шминка. Потоа можете да додадете малку светкава сенка од средината до крајот т.е. до надворешниот агол на окото.rn

    Дополнително:

    rn

      rn011

    • Исчешлајте ги веѓите со специјална четка
    • rn011

    • Ставете кафена или црна маскара (можете и да ги подвиткате трепките)
    • rn011

    • Земете руменило со боја на праска или бледо розова боја и нанесете на образите
    • rn011

    • Врз руменилото нанесете пудра во прав
    • rn011

    • Нанесете балсам, кармин или сјај за усни
    • rn

    rn

    Најважното што треба да го запомните кога се шминкате

    rnКрајниот ефект не смее да биде маска на лицето, туку лесна шминка која ќе има ефект, но истовремено нема да се познава дека ја носите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.