КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • 10 важни родителски совети од полскиот писател Јануш Корчак

    10 важни родителски совети од полскиот писател Јануш Корчак

    Истакнатиот полски едукатор, автор за деца, доктор и активист за граѓански права, Јануш Корчак бил навистина неверојатен човек – херој кој три пати одбил да го спаси својот живот за доброто на другите. Пред Полска да биде нападната од нацистите, Јануш Корчак планирал да се пресели во Палестина. Во тоа време работел како директор на сиропиталиште и едноставно не можел да се натера себеси да ги напушти сите деца кои биле под негова закрила и да ги остави сами во Варшава. Тој решил да остане со децата и да се соочи со ужасните настани кои следувале.rnrn10 важни родителски совети од Јануш КоржакrnrnВо 1942, кога нацистите почнале да ги убиваат Евреите што живееле во гетото во Варшава, тој имал втора шанса да го спаси својот живот. Но, кога му се пружила можност за бегство, тој одбил. Приказната за него вели дека тој уште еднаш одбил да ги остави сирачињата кога дошло времето за депортација во смртоносните логори. Еден од офицерите на СС го препознал писателот за деца и започнал разговор со него:rn

    Дали сте вие авторот на книгата ‘Кралот Мат Први’? Ја читав таа книга уште како дете. Одлична е. Слободен сте.“rnrn„Но, што е со децата?“rnrn„Децата мора да дојдат, но вие можете да си одите.“rnrn„Грешите. Не можам да си заминам. Не се сите луѓе лоши.

    rnНикој од сведоците на овој разговор не е меѓу живите. Ниту тие кои ги слушале неговите приказни на пат кон Треблинка, еден од најужасните концентрациони логори на нацистите, приказни со кои им го одвлекувал вниманието на преплашените деца од несреќните мисли и стравот.rnrnНевозможно е некој да се сомнева во вистинитоста на овие приказни за Јануш Коржак. Секоја мала епизода од неговиот живот открива многу за неговата големина како човек кој би реагирал токму како што зборуваат овие приказни. Тој бил силна личност и одличен професор кој одлучил да остане со неговите деца дури и кога се соочил со гасна комора. Денот кога ја жртвувал сопствената слобода и живот за да остане заедно со неговите ученици до самиот крај.rnrnВеруваме дека овие три приказни се доволни за да знаете сѐ за овој чесен и благороден човек со големо срце. Но покрај ова, за да го дополниме портретот на Јануш Коржак, ќе ги споделиме овие десет длабоки мисли од неговите педагошки книги, „Како да сакате дете“ и „Сакајте го секое дете“.rnrn1. Не очекувајте вашите деца да ги исполнат вашите амбиции. Помогнете им да станат она што навистина се, а не она што вие сакате да бидат.rnrn2. Не очекувајте дека вашето дете ќе врати сѐ што сте инвестирале во него. Вие му го дадовте животот, како тоа може да ви возврати со иста мера? Тоа ќе му подари живот на своето дете и ова е неповратен акт на благодарност.rnrn3. Никогаш не ја истурајте вашата огорченост на вашите деца и ќе ги одбегнете разочарувањата понатака во животот. Ќе жнеете она што сте посеале.rnrn4. Не потценувајте ги проблемите на вашите деца. Сѐ во животот ни е дадено во согласност со она што можеме да го издржиме. Не заборавајте, животот на детето е полн со предизвици исто како вашиот, па дури и поголеми, бидејќи детето нема животно искуство.rnrn5. Никогаш не го омаловажувајте вашето дете!rnrn6. Не заборавајте дека најважните средби во животот се средбите со деца. Обратете им повеќе внимание, бидејќи никогаш не знаеме кого носи во себе тоа дете.rnrn7. Не бидете строги кон себе ако не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, никогаш ништо не е доволно, ако не сте направиле сѐ што можете.rnrn8. Детето не е тиранин кој го презема вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо. Тоа е драгоцен пехар на животот кој ви бил даден вас за да го запалите нивниот креативен оган. Тоа е декларација на љубовта која двајца луѓе ја делат меѓусебно, и од моментот на неговото раѓање, родителите не одгледуваат само дете, туку жива душа.rnrn9. Научете да ги сакате и туѓите деца. Никогаш не однесувајте се кон другите деца, онака како што не би сакале да се однесуваат со вашето.rnrn10. Сакајте ги вашите деца без разлика што се или кои се, дури и ако израснат во неталентирани и неуспешни луѓе. Уживајте во комуникацијата со нив, бидејќи децата се славење на животот.

  • 15 знаци дека секогаш ќе доцните

    15 знаци дека секогаш ќе доцните

    Ги миете забите додека ги облекувате пантолоните и јадете додека со едната рака ги врзувате чевлите. Вашиот телефон ѕвони непрекинато во изминатите дваесет минути, а сѐ уште не сте избрале ни која кошула ќе ја облечете за излегувањето. Вашето доцнење станува хроничен проблем во друштвото, па решавате еден ден да ги изненадите и да пристигнете пред закажаното време. И од никаде, сосема случајно, пред вас се појавува Јутјуб и заглавувате таму гледајќи смешни видеа со мачки, па повторно ве чекаат повеќе од половина час. Да, вие нема да стигнете точно на време, никогаш и никаде во животот и следниве знаци го покажуваат токму тоа!rnrn15 знаци дека всушност секогаш ќе доцнитеrnrn1. Дел од вашата рутина на подготвување вклучува и извинување, кое објаснува зошто ќе доцните 15 минути.rnrn2. И веќе го смислувате изговорот во вашата глава, дури и пред да бидете сигурни дека ќе доцните.rnrn3. Исто така издвојувате 2 часа за да ја наместите косата или да изберете облека, најчесто поради тоа што поминувате час и четириесет и пет минути од тоа време во лежење на креветот и буквално безделничење.rnrn4. Бројот на случаи кога сте испратиле порака „Доаѓам!“ додека сѐ уште не сте ги облекле ниту пантолоните е навистина голем.rnrn5. Доцните дури и кога сте се договориле вашиот колега да ве собере со автомобил. Некако пред да излезете од дома ви излегуваат уште 3 други нешта кои го бараат вашето внимание.rnrn6. Кога доцнењето е апсолутно исклучено, во ситуации кога се работи за интервју за работа, свадба или авионски лет, тогаш се откажувате од барем 1 до 2 часа спиење, кои ги додавате на нормалното време потребно за подготовка. И сепак на крај трчате и стигнувате во последна минута.rnrn7. Бројот на пати кога го притискате копчето за снуз на вашиот телефон секое утро е навистина навредлив. Тоа е главната причина поради која секојдневно на работа доаѓате испотени и без здив затоа што трчале.rnrn8. И кога другите луѓе се шегуваат дека наутро го исклучуваат алармот два или три пати пред да станат, вие си размислувате „Ох, колку слатко“.rnrn9. Кога правите планови во групна порака, секогаш вас ве прашуваат во кое време точно да се сретнете.rnrn10. Вообичаено е другите да изберат време и потоа да додадат дваесет минути, до половина час гратис период за вашето пристигнување.rnrn11. Секогаш правите планови во вашата глава дека ќе стигнете порано овој пат за да им покажете дека можете. Но потоа навлегувате во црна дупка од бескорисни нешта, како гледање видеа на Јутјуб, читање артикли на Википедија за нешта кои воопшто не ви е грижа и бескрајно „шетање“ на по ѕидовите на Фејсбук и Инстаграм. И следното нешто кое го правите е пишување порака со изговор зошто доцните.rnrn12. Кога немате никаков притисок од време, никогаш нема сообраќаен метеж и секогаш ги фаќате зелените светла на семафорот. Но кога веќе доцните 15-тина минути, сѐ што може дополнително да придонесе кон вашето време на доцнење, ќе тргне наопаку.rnrn13. И потоа кога на вашите пријатели ќе им објаснете за сите овие луди причини зошто доцните повеќе од вообичаеното, тие само незаинтересирано ќе се насмевнат затоа што многу добро ги знаат вашите изговори.rnrn14. Не сте сигурни како изгледа некаде да одите лежерно и без брзање бидејќи вие секогаш сте личноста која ги заобиколува лежерните личности затоа што веќе доцните.rnrn15. Луѓето често велат дека доцнењето е знак на ароганција, како вашето време да е поважно од времето на другите. И дефинитивно разбирате зошто би го рекле тоа и зошто се чувствуваат така. Но во реалноста, вашето доцнење е само знак дека сте премногу оптимистични неранимајковци.

  • 25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

    25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

    Сигурни сме дека денот кога го доведовте вашето куче дома, сѐ уште ви се чини како да беше вчера. И веројатно го имате документирано секој момент од неговиот живот. Од моментот кога било мало кученце, до денес кога израснало во големо куче кое конечно научило да мокри надвор. Добро, најчесто надвор. Прочитајте ги следниве 25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn1. Нема подобар партнер за спиење од вашето куче.rnrn2. Иако кучето зафаќа половина од вашиот кревет.rnrn3. Будилник? Откако кучето влегло во вашиот дом, сигурно не спиете подоцна од 6 часот наутро.rnrn4. Соседите од вашето соседство кои ги шетаат своите кучиња се вашиот утрински информативен сервис.rnrn5. И добро е што ги имате околу вас бидејќи немате повеќе кеси за собирање измет.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn6. Нема поголемо задоволство од моментот кога вашето куче ќе ја наведне главата на страна и со погледот ќе продре длабоко во вашата душа.rnrn7. Добро, можеби го прави тоа затоа што во раката држите сланина.rnrn8. Моментот кога ќе почувствувате дека вие сте господар на универзумот затоа што ја чувате храната.rnrn9. И дека рутинските наредби кои ги научило вашето куче ви се најголемото достигнување во животот.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn10. Факт е дека Инстаграм профилот на вашето куче има повеќе следбеници од вашиот личен профил.rnrn11. И дека во вашиот телефон има повеќе фотографии од кучето отколку од вашето семејство.rnrn12. И големи се шансите дека можеби секој ден размислувате да ја напуштите работата и да се посветите целосно на вашето куче.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn13. Купувате облека за вашето куче.rnrn14. Вашето куче освоило награда за најдобар костум на Ноќта на вештерките.rnrn15. Вашето куче е најпопуларно во паркот во кој шетате секој викенд.rnrn16. И тоа никогаш не е виновно кога ќе се случи некаква незгода во паркот.rnrn17. Бидејќи практично е совршено, освен што изгледа смешно по последниот ваш обид да му направите фризура.rnrn18. Кога сме на ова прашање: Никогаш повеќе нема да го пострижувате сами вашето куче!rnrn19. Бидејќи, господе, колку влакна се собраа во кадата.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn20. Не обрнувате внимание кога вашето куче обележува територија на дрвјата низ паркот.rnrn21. Чистењето на пердувите од перниците ви станало навика.rnrn22. И морате да ја заштитите вратата од шпајзот, најверојатно до крајот на својот живот.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn23. Но, ништо не е тешко споредено со радоста на вашето куче кога ве поздравува кога се враќате дома.rnrn24. Фразата „морам да одам дома и да го прошетам кучето“ е таен код за „само сакам да ја гледам мојата омилена серија без да ме вознемируваат“ – токму оваа изјава ве извлекла од многу незгодни ситуации.rnrn26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучињаrnrn25. Но, најдобрата причина зошто го сакате вашето куче е фактот што тоа е секогаш расположено да се гушка со вас на каучот, дури и ако држите чинија со сланина во вашите раце.

  • Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Драматичниот раст на популарноста на Хрватска како туристичка дестинација се должи на раскошното Далматинско крајбрежје, прекрасниот национален парк Плитвички Езера и сцените од малото телевизиско шоу за кое веројатно сте слушнале – „Игра на тронови“. Како и да е, остатоците од римските градби во Хрватска и сами се доволна причина да го посетите Јадранското море.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Арената во Пула е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри
    rnrnРимската империја владеела со територијата на денешна Хрватска повеќе од 5 века, а сепак некој ќе се изненади од фактот дека шестиот најголем римски амфитеатар и еден од најдобро сочуваните, се наоѓа во Хрватска, а не во Италија.rnrn
    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Меѓународниот филмски фестивал се одржува во арената во Пула
    rn

    Пула

    rnАрената во Пула, која некогаш собирала и до 20.000 гледачи, денес сѐ уште се користи како место за организирање настани како Филмскиот фестивал во Пула и натпревари во хокеј на мраз.rnrnХрамот на Август во Пула, лоциран во Форумот, во центарот на Стариот град, бил уништен од бомбардирањето во 1944 година, но бил реставриран во неговиот стар сјај и сега во него има антички бронзени и камени статуи.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Храмот на Август во Пула
    rn

    Сплит

    rnСтариот град во Сплит бил изграден помеѓу 3-от и 4-от век и е поставен околу Палатата на Диоклецијан. Таа е направена од песочен камен донесен од блискиот остров Брач, истиот камен кој подоцна се користел во изградбата на Белата Куќа. Тие што ја гледаат, ќе се сетат на ова место од ТВ серијата „Игра на тронови“.rnrnГрадбата која е заштитена како дел од светското културно наследство на УНЕСКО вклучува 220 згради во рамки на палатата, кои денес се претворени во кафе барови, ресторани и хотели. Исто така денес во овие згради живеат околу 3.000 луѓе. Кој не би сакал да помине една вечер во античка римска палата?rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Диоклецијановата палата во Сплит
    rn

    Салона

    rnАнтичкиот град Салона е сместен во малото село Солин, оддалечено само 5 километри од Сплит. Градот некогаш претставувал политички центар за време на владеењето на императорот Диоклецијан. Посетителите можат да уживаат во убавините на покриениот акведукт и манастирот од 1-от век. Ова е прекрасно место за пикник во природа, а кога сте веќе таму побарајте див аспарагус.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Остатоци од античкиот град Салона

  • 10 талентирани актери кои станале славни после 40-тата година

    10 талентирани актери кои станале славни после 40-тата година

    Успехот не доаѓа преку ноќ. Трпението, храброста и упорноста се клучните фактори на патот кон успехот. Додека некои се двоумат дали да го направат првиот чекор, другите се стекнуваат со светска слава на возраст која не е вообичаена за холивудските стандарди.rnrnПогледнете ја листата од актери кои ја започнале кариерата во нивните 40-ти години.rn

    1. Морган Фриман (50 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnМорган Фриман навистина требало да се потруди пред да се здобие со светска слава и признание. Тој дебитирал на филмското платно на 34 години, а потоа исчезнал од екраните на подолго време, но станал популарен кога ја добил првата номинација за Оскар за филмот „Возејќи ја госпоѓа Дејзи“ на возраст од 50 години.rn

    2. Томи Ли Џонс (47 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИ покрај неговиот вроден талент за спортови, а конкретно за американски фудбал, Томи Ли Џонс го посветил неговиот живот на театарот и филмот. Но, на возраст од 47 години, тој добил вистинско признание и бил награден со Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Бегалецот“.rn

    3. Мелиса Ен МекКарти (41 година)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnМекКарти доживеала најголем успех и слава со филмот „Деверици“ во 2011 година. Таа беше номинирана за многубројни награди, вклучувајќи ја и номинацијата за Оскар за најдобра споредна женска улога и на светот му покажа дека животот не завршува во 40-тите години.rn

    4. Семјуел Л. Џексон (44 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnСемјуел Л. Џексон играл во повеќе од 100 филмови до својата 40-та година. Но, дури подоцна тој конечно бил забележан и добил голем број признанија за улогата во „Евтини Приказни“ на Квентин Тарантино. За овој филм, Џексон добил номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.rn

    5. Лесли Нилсен (54 години)

    rn(3)-10-talentirani-akteri-koi-stanale-slavni-posle-40-ta-godina-kafepauza.mkrnrnНилсен се стекнал со светска слава на возраст од 54 години, откако прифатил улога во комедијата „Има ли пилот во авионот?“ Овој филм беше пресвртница во неговата кариера како актер и му овозможил голема репутација како комичар.rn

    6. Кејти Бејтс (42 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnКејти Бејтс се разминувала со својата слава како бродови во океан. Таа се појавила во неколку мали улоги во филмови кои добија високи признанија. Но, конечно прославила кога го освоила Оскарот за најдобра актерка на 42 години, играјќи ја главната улога во „Мизерија“.rn

    7. Пјер Ричард (42 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИ покрај бројните дружби со значајни и славни луѓе, напорите на Пјер Ричард да се стекне со слава биле залудни подолго време. Конечно, тој стекнал светска слава со улогите на несмасен мал човек во многу комедии, на возраст од 42 години.rn

    8. Стив Карел (43 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnСтив Карел работел многу чудни работи. Настапувал со ансамбли, работел како соработник на телевизиско шоу и правел уште многу други нешта. Неговиот талент за комедија бил откриен откако ја добил главната улога во филмот „40-годишна девица“ кога имал 43 години.rn

    9. Ким Катрал (41 година)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnКим Катрал е најпозната по својата улога во светски познатиот серијал „Сексот и градот“, која ѝ донесе бројни признанија и награди. Само малкумина се свесни дека таа долги години неуспешно учествувала на аудиции и различни кастинзи.rn

    10. Жан Рено (46 години)

    rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИако му беа потребни многу години за да стане славен во филмската индустрија, Жан Рено никогаш не се откажувал и одел само напред. Средбата со Лук Бесон на возраст од 46 години го променила неговиот живот. Двајцата добија меѓународно признание за филмот „Метро“.

  • Забавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денот

    Забавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денот

    Виното е стар пијалак со фасцинантна историја и значење. Токму затоа нашло пат до срцата, а секако и до умовите на големите светски писатели, научници, филозофи и пред сè боеми кои со восхит ја опишуваат својата врска со виното. Црно како болка, а истовремено слатко како мед. На здравје.rnrnЗабавни цитати за виното кои совршено ја објаснуваат потребата од една чаша во денотrn

    Јас готвам со вино, а некогаш дури и го додавам во храната.“ – В. Ц. Филдс

    rn

    Или дајте ми уште вино, или оставете ме на мир.“ – Руми

    rn

    Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише.“ – Паоло Коелјо

    rn

    Човекот секогаш треба да биде пијан. Тоа е најважно. Но, од што? Од вино, од поезија, од доблести, изборот е ваш. Но, бидете пијани.“ – Шарл Бодлер

    rn

    Виното е едно од најцивилизираните нешта во светот и едно од најприродните нешта во светот кое било доведено до најголемо совршенство и нуди голем опсег на уживања и ценења за разлика од, најверојатно, сите други чисто сензорни нешта.“ – Ернест Хемингвеј

    rn

    Неговите усни пијат вода, но неговото срце пие вино.“ – Е. Е. Камингс

    rn

    Во црква, за време на службата, даваат бесплатно вино. Зборувајте ми за одлични места за пиење и запознавање жени.“ – Џерод Кинц

    rn

    Ако зборовите можеа да ја ублажат болката, никој немаше да се мачи да гмечи зрна од грозје.“ – Скот Линч

    rn

    Сувото грозје на земјата е полно со надеж дека ако продолжи да старее, ќе се претвори во вино и ќе се опијани од себеси.“ – Џерод Кинц

    rn

    Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак.“ – Луј Пастер

    rn

    Пивото е направено од човек, виното од Господ.“ – Мартин Лутер

    rn

    Кое вино оди најдобро со житарки?“ – Џорџ Карлин

    rn

    Дајте ми вино да ги измијам дамките на време.“ – Ралф Волдо Емерсон

    rn

    Виното ги прави сите нешта возможни.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

    rn

    Шишето вино моли да биде споделено. Никогаш не сум сретнал алчен љубител на вино.“ – Клифтон Федимен

    rn

    Виното секој ручек го прави значаен и свечен, секоја маса поелегантна, а секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон

    rn

    Првиот бакнеж и првата чаша вино се најдобри.“ – Марти Рубин

    rn

    Мојата љубов е како празно шише вино. Ако се прашувате, мојата поранешна жена го испи цело.“ – Џерод Кинц

    rn

    Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни.“ – Бенџамин Френклин

    rn

    Вино! Бидејќи овие проблеми нема да се заборават сами од себе!“ – Тања Масе

  • 5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова лето

    5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова лето

    Како што се наближува летото, така треба да почнете да размислувате за вашите планови за патување и одмор. Во светот има толку многу неверојатни дестинации кои веројатно не се во вашиот радар на места кои би сакале да ги посетите, но дефинитивно нема да ве разочараат. Земјите кои ќе ги најдете на оваа листа не се баш конвенционални дестинации за одмор и вообичаено нема да ги видите во просечен водич за патување. Но, посетата на овие дестинации ќе ви остави многу спомени и приказни за споделување во иднина.rn

    1. Филипини

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnФилипини е магична земја со дури 7.106 острови. Едноставно нема да ви биде доста од нивната љубезност, ниски цени, пријателски настроени луѓе и прекрасни плажи. Дали можете да замислите како пиете свеж кокос на плажа, додека ве масираат и ги слушате звуците на брановите кои се удираат од брегот? Овој опис накратко ги објаснува убавините на оваа земја. Ако некогаш планирате патување во овој дел од светот, тогаш мора да ги посетите Филипините.rn

    2. Украина

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМожеби природно сте исплашени кога ќе го чуете зборот „Украина“, знаејќи ги последните политички превирања, но не е сè како што изгледа во вестите и безбедноста во Украина е на нивото како во секоја нормална земја. Главниот град, Киев, е прекрасно место за истражување. Таму нема многу туристи, па ќе доживеете интересно искуство. Ќе бидете импресионирани од необичната архитектура на црквите и замоците. Ноќниот живот во Киев е енергичен, а цените се многу пониски од кој било друг главен град низ Европа.rn

    3. Мјанмар

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМјанмар (Бурма) е земја која од неодамна ги отвори своите граници за туристите, па можете да добиете виза веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром во Јангон. Но, најдобро е да ја посетите оваа земја што поскоро, додека е автентична, а цените не се астрономски. Се очекува Мјанмар да стане новиот Тајланд со наездата на туристите, да ја изгуби автентичноста и секако, да се комерцијализира.rn

    4. Јужна Кореја

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnШтета е што Јужна Кореја често е засенета од нејзиниот сосед, Јапонија, како атрактивна туристичка дестинација. Технолошки развиениот, футуристички и урбан стил на живот во Сеул комплетно ќе ги помести вашите сфаќања и верувања. Кореја е една од најбезбедните земји во светот бидејќи корејската култура главно се темели на почитта кон другиот. Корејската храна е евтина и вкусна, а ноќниот живот во Сеул е најдобар во целиот свет.rn

    5. Боцвана

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnПоследна, но не и најмалку важна на листата е Боцвана. Во оваа мирна земја живеат пријателски настроени луѓе, а најпозната е поради дивиот свет што живее таму и прекрасните пејзажи. Тргнете на сафари низ Боцвана за да видите нилски коњи, крокодили, лавови, леопарди, носорози, зебри и многу други егзотични животни. Ќе се изненадите од фактот дека 17% од територијата на Боцвана опфаќа национални паркови кои се дом на најголемите стада од слонови на Земјата.

  • Фасцинантни теории за поврзаноста на ликовите во Дизниевите цртани филмови

    Фасцинантни теории за поврзаноста на ликовите во Дизниевите цртани филмови

    Дизниевите цртани филмови се како измислени светови во кои секој карактер има своја неверојатна приказна полна со авантури и магија. Не можете ни да замислите дека многу од овие приказни се неразделно поврзани меѓусебно на интересен начин. Погледнете ги следниве теории за поврзаноста помеѓу одредени ликови од светот на Дизни.rn

    1. Херкулес и Ариел се први братучеди

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnСпоред приказната на овие цртани филмови, Ариел е ќерка на кралот Тритон, а Херкулес е син на Зевс. Кралот Тритон е син на Посејдон, кој според грчката митологија е брат на Зевс. Тоа ги прави Ариел и Херкулес први братучеди.rn

    2. Омилената книга на Бел е „Аладин“

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrn„Па, тоа ми е омилено: Далечни места, храбри борби со мечеви, магии и принц со скриен идентитет. Таму таа ќе го сретне шармантниот принц, но нема да дознае дека е тој сè до третото поглавје“, пееше Бел. Ова е слично на описот за Аладин: Најпрво тој ја спасува принцезата Јасмин од стражарот, а потоа со помош на магија, го крие своето сиромашно потекло преправајќи се дека е принц.rn

    3. Мајката на Енди е вистинскиот сопственик на Џеси

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnКапата на Енди од првиот филм изгледа исто како капата од Џеси, каубојката од второто продолжение на „Приказна за играчките“. Уште повеќе, првиот сопственик на Џеси имал иста таква капа. Но, како Енди ја наоѓа оваа капа? Се чини дека мајката на Енди му ја дала на својот син. Тоа значи дека мајката на Енди е првиот сопственик на Џеси.rn

    4. Капетан Кука ја убил мајката на Ариел

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnЕдна од сирените, пријателка на Петар Пан, изгледа како мајката на Ариел, Атена, која имала иста црвена коса и смарагдна опашка. Сирените во приказната за Петар Пан најмногу се плашеле од Капетан Кука. Во вториот филм за Ариел дознаваме дека токму злобниот пират ја убил Атена.rn

    5. Џејн е бабата на убавицата од „Убавицата и ѕверот“

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnТие личат една на друга, двете сакаат жолта боја и можат да се снајдат покрај мажи без манири. Џејн му се заканува на Тарзан со истата љубезност и трпеливост која Бел ја покажува кон Ѕверот. Во експедицијата во џунглата, Џејн го имала истиот прибор за чај како тој од „Убавицата и ѕверот“.rn

    6. Родителите на Елса и Ана починале кога оделе на свадбата на Рапанзел

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnРежисерот на „Ледено кралство“, Џенифер Ли, објавил дека кралот и кралицата од Арендел оделе на свадба во соседното царство. Рапанзел и нејзиниот сопруг Флин можат да се видат на денот на крунисувањето на Елса. Најверојатно владетелите на Арендел починале во бродолом на својот пат кон свадбата на Рапанзел.rn

    7. Малата сирена го истражува бродот на кралот и кралицата од Арендел

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnКралството од Арендел, каде што бродот го започнал своето патување, е сместено во Норвешка. Кралството од Корона е некаде во Германија. Приказната за „Малата сирена“ е сместена на брегот од Данска, а тоа е на патот по кој бродот сигурно поминал.rn

    8. Тарзан е брат на Ана и Елса

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnСпоред режисерот на „Тарзан“, кралот и кралицата на Арендел доживеале бродолом. Тие биле исфрлени на тропски остров. Таму изградиле куќа на дрво, а кралицата родила машко дете. Но, семејството било нападнато од леопард и само бебето преживеало. Што значи дека Елса и Ана имале брат, а тоа е Тарзан.rn

    9. Карл умира на почетокот на филмот „Нагоре“

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnПрвите пет минути од филмот ни ја раскажуваат љубовната приказна за Карл и неговата жена, која не само што е трогателна, туку и реалистична. Токму затоа е чудно што остатокот од филмот е исполнет со магични елементи како кучиња кои зборуваат и куќа која лета. Во секој случај, ако претпоставиме дека дејството се случува во задгробниот живот, каде што Карл се обидува да ја најде својата сопруга, сѐ добива друга смисла.rn

    10. Приказната за Аладин била измислена од продавачот кој само сакал да ја продаде својата ламба

    rn10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмовиrnrnИтриот продавач зборува со вас на почетокот од цртаниот филм и очаен е да ви продаде нешто. Вие сакате да си заминете, но тој го извлекува последниот адут за да ве привлече и ја покажува магичната ламба. Тој вели дека тоа не е обична ламба и почнува да ја раскажува приказната за Аладин.

  • 15 нешта кои ќе ги разберат само децата родени во деведесеттите години (од 19-от век)

    15 нешта кои ќе ги разберат само децата родени во деведесеттите години (од 19-от век)

    Само децата родени во деведесеттите години од 19-от век ќе знаат за што зборуваме. Безгрижноста на тие убави времиња кога по цели денови можевте да трчате по ширните ливади и да дишете чист воздух од изгрејсонце до зајдисонце. Телефоните и интернетот беа непознати поими, а вистинската дружба се случуваше на калливите улици пред домовите.rnrn15 нешта кои ќе ги разберат само децата родени во деведесеттите години (од 19-от век)rnrn1. Ќе се скршите под стресот кој го чувствувате кога нема да можете да најдете гулаб за да испратите писмо до вашата симпатија.rnrn2. Или уште полошо, анксиозноста која ќе ја почувствувате кога ѝ испраќате долго писмо на вашата симпатија, напишано со вашиот најдобар ракопис, а таа по 5 работни денови само ви одговара „добро“.rnrn3. Барем еднаш сте излажале дека имате жолта треска за да не одите во училиште.rnrn4. Со вашите другари и роднини сте вртеле хулахоп со часови. Ако сте биле авантуристи, сте оделе до најблиската шума да барате злато. Сепак, најмногу од времето сте фрлале камења.rnrn5. Афионот бил решение за сите ваши заболувања.rnrn6. Повеќето ваши соученици се викале Трајче, Стојан, Гоце или Неда.rnrn7. Отсекогаш сте сонувале да се омажите со Трајче кога двајцата ќе наполните 15 години.rnrn8. Активностите после училиште вклучувале бескрајна дружба со другарите по зелените ливади и често не сте одговарале на повиците од вашиот татко кој ве барал откако ќе се стемнело. Тие што имале, по цел ден слушале гласна музика на грамофон.rnrn9. Но, понекогаш сте мислеле дека сте родени во погрешен век затоа што сѐ би дале да го слушнете Бетовен во живо.rnrn10. На 12 години сте почнале официјално да работите.rnrn11. Револуционерите од почетокот на 20-от век сте ги знаеле пред да станат познати.rnrn12. Сте се радувале кога немирните деца од класот биле казнувани да седат во аголот, свртени кон ѕидот.rnrn13. Немате фотографии од вашето детство од ниту еден роденден или нова година, затоа што единствениот фотоапарат бил оддалечен од вас неколку светлосни години.rnrn14. За шеснаесеттиот роденден сте посакувале ждребе.rnrn15. Се сеќавате на подготовките за Илинденското востание.

  • Најдобрите реплики на Фиби Буфе од ТВ серијата „Пријатели“

    Најдобрите реплики на Фиби Буфе од ТВ серијата „Пријатели“

    Без сомнение, Фиби Буфе е најексцентричниот карактер од култната хумористична серија „Пријатели“. Сите се заљубивме во карактерот кој го играше Лиса Кудроу поради нејзината неодолива лудост и големо срце. Таа се однесува детски, невино и во групата сите ја сметаат за „чудна“, но токму ова ја прави симпатична и специјална. Прочитајте ги следниве добро познати реплики од Фиби кои ќе ве расположат и насмеат.rnrn

    Џои: Па, дали му кажа како се чувствуваш? rnФиби: Да. Ама не гласно.
    rnrn
    Њујорк повеќе нема моќ А млекото станува кисело Но ова за мене не е страшно Бидејќи јас се држам настрана од млеко.
    Њујорк повеќе нема моќ
    А млекото станува кисело
    Но, ова за мене не е страшно
    Бидејќи јас се држам настрана од млеко.
    rnrn
    Џои: Еј Фиби, сака да помогнеш? Фиби: Би сакала да можев, но не сакам.
    Џои: Еј Фиби, ќе можеш да помогнеш?
    Фиби: Би сакала да можев, но не сакам.
    rnrn
    Фиби: Ако сакате да добивате известување преку електронска пошта за моите следни настапи, тогаш ве молам дајте ми пари за да купам компјутер.
    Фиби: Ако сакате да добивате известување преку електронска пошта за моите следни настапи, тогаш ве молам дајте ми пари за да купам компјутер.
    rnrn
    Луиса: Во ред, дали сте свесни дека поседувањето на нелегално егзотично животно е казниво со две години затвор и конфискација на животното? Фиби: Ох боже, ќе го пикнат тоа кутро животно во затвор?
    Луиса: Во ред, дали сте свесни дека поседувањето на нелегално егзотично животно е казниво со две години затвор и конфискација на животното?
    Фиби: Ох боже, ќе го пикнат тоа кутро животно во затвор?
    rnrn
    Фиби: Ох, види што ќе заборавевме за малку. Моника: Не, тоа не е мое. Фиби: Ох, во ред. Ох, види што ќе земевме за малку.
    Фиби: Ох, види што ќе заборавевме за малку.
    Моника: Не, тоа не е мое.
    Фиби: Ох, во ред. Ох, види што ќе земевме за малку.
    rnrn
    Фиби: Ох, оваа недела имам најдобра карма. Рос: Да? А што е со поштарот на велосипед кој го удри? Фиби: Ох, ама не зборував за неговата карма.
    Фиби: Ох, оваа недела имам најдобра карма.
    Рос: Да? А што е со поштарот на велосипед кој го удри?
    Фиби: Ох, ама не зборував за неговата карма.
    rnrn
    Фиби: Ох, ох, ама знаеш, често ги гледаш тие навистина убави жени со тие никакви мажи. Ти можеш да бидеш еден од тие мажи.
    Фиби: Ох, ох, ама знаеш, често ги гледаш тие навистина убави жени со тие никакви мажи. Ти можеш да бидеш еден од тие мажи.
    rnrn
    Моника: И дали те бакна? Фиби: Моника, јас сум дама, јас не се бакнувам и потоа да зборувам наоколу. Но оваа шливка говори сама за себе.
    Моника: И дали те бакна?
    Фиби: Моника, јас сум дама, јас не се бакнувам и потоа да зборувам наоколу. Но, оваа шливка говори сама за себе.
    rnrn