Амстердам објави план според кој планира да ги забрани сите возила на бензин и плин до 2030-та година, со цел да го намали загадувањето.rnrn
rn
„Загадувањето често е тивок убиец и е едно од најголемите опасности за здравјето во Амстердам“, изјавила советничката за сообраќај Шерон Диџксма.
rnИ покрај културата со велосипеди, нивото на загаденоста на воздухот во Холандија ги надминува безбедносните граници на Европската Унија, најмногу поради сообраќајот во Амстердам и Ротердам. Шерон изјавила дека загадувањето на воздухот во градот го скратува животот за повеќе од една година.rnrnПланот ќе биде имплементиран во неколку фази:rnrn1. До 2020-та година, возилата на бензин постари од 15 години ќе бидат забранети во областа што го опкружува главниот град.rnrn2. До 2022-ра година, возилата за јавен превоз што емитуваат штетни гасови ќе бидат забранети во центарот на градот.rnrn3. До 2025-та година, бродовите што емитуваат гасови и мопедите исто така ќе бидат забранети.rnrn4. До 2030-та година, ниту едно возило нема да смее да емитува гасови.rnrnЗа планот да биде успешен, градот ќе мора да го зголеми бројот на станици за полнење на електрични возила, и тоа од 3.000 на 16.000, па на 23.000 до 2025-та година. Советот се надева дека ќе ги охрабри жителите да ги заменат возилата со електрични, така што ќе им нуди субвенции и дозволи за паркинг.rnrnНа активистите за климатски промени им се допаѓа планот поради неговата амбиција.rn
„Забранувањето на возилата и моторите со гориво може да се изведи бидејќи Амстердам го прави тоа. Кога тие можат да го направат, тогаш можете да го направите и вие“, објавиле од организација Extinction Rebellion.
rnСепак, не сите се задоволни со планот.rn
„Илјадници семејства кои немаат пари за електрични автомобили наскоро ќе бидат оставени надвор на студот. Ова го прави Амстердам град на богатите. Во 2030-та година, очекуваме околу третина од автомобилите да бидат електрични. Но ќе има многу луѓе кои нема да можат да си го дозволат тоа дотогаш“, изјавиле од автомобилското лоби Rai Association.
rnНо, професорот Маартин Стеинбуш од Универзитетот за технологија Ајндховен е оптимист и истакнал дека електричните автомобили поевтинуваат и дека веќе се поевтини за одржување од возилата на гориво.rn
„Сè уште имаме 11 години“, изјавил тој.
rnПланот треба да добие одобрение од целиот градски совет на Амстердам и прво треба да помине низ период на јавно коментирање.rnrnДознајте и колку е штетно загадувањето на воздухот и како да се заштитите.


rnrnВо 2012-та година, 84% од несаканата облека во САД завршила во депонија или инсинератор. Во депонијата, облеката го создава стакленичкиот гас метан додека се распаѓа. Покрај тоа маслата, боите и избелувачите на облеката завршуваат во природата испуштајќи токсини во воздухот и водата. Ова е проблем што Франција сака да го реши, барем на нивна територија. Со цел да се постигне ова, Франција предложила забрана за фрлање или уништување на непродадена облека.rnrnФранцускиот премиер Едуар Филип направил план за развој на економијата на државата. Еден од многуте предлози е да се забрани фрлањето на непродадениот текстил. До 2019-та година сакаат да се осигурат дека непродадената роба нема да биде фрлена или уништена. Не е направен одреден распоред, но се смета дека крајниот рок до 2019-та година ќе ѝ дозволи на власта да ја разгледа ситуацијата.rnrnПроблемот со отпадот од текстил се истакнал порано оваа година кога еден жител го снимил уништувањето на облеката од страна на компанијата Celio. Компанијата подоцна изјавила дека облеката бил уништена бидејќи не се носела и била оштетена. Но овој изговор не бил доволен. Неколку недели подоцна се изјавило дека H&M гори околу 12 тони облека секоја година од 2013-та.rnrnСе разбира, виновни се и граѓаните. Секоја година потрошувачите во Европа фрлаат 4 милиони тони облека. Истовремено на пазарот се појавуваат 5 милиони нови парчиња облека. Франција моментално го има еден од најголемите пазари во Европа. Од 700.000 тони облека што се фрлаат, рециклирани се само 160.000.rnrnЗа да се стави крај на отпадот од облека, француските власти се надеваат дека законот ќе стапи на сила до 2019-та година. Овој закон може да се однесува и на покуќнина, текстил хотели, електроника и храна.rnrnАко сакате и вие да престанете со фрлање облека, 
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 

rn
rn
rn
rn
rnrnА, доколку сте повикани на разговор за работа, тогаш 
rn
rnrnНаправен според новелата на Ентони Бурџис, филмот на Стенли Кјубрик од 1971 година речиси немало да биде пуштен во јавноста. Причината за ова е терапијата со мачење за која луѓето се плашеле дека ќе им даде идеи на некои криминалци. И биле во право! Неколку извештаи за злодела биле слични на оние во филмот.rn
rnrnОва можеби е најомразената комедија. Во филмот го гледаме Саша Барон Коен во улога на Борат кој од Казахстан оди во САД за да научи нешто за тамошниот живот. Дури и пред премиерата на филмот, лидерите на Казахстан биле гневни. Филмот исто така бил забранет и во сите арапски земји, освен во Либан.rn
rnrnФилмот прикажува професор кој се упатува кон Амазонската шума за да пронајде тим кој отпатувал таму со цел да ги снима канибалските племиња. Овој филм го прави Ханибал да изгледа како лик од Дизни. Режисерот бил обвинет за убиство бидејќи почнале да кружат гласини дека неколку актери биле убиени пред камерите. Подоцна, ова се покажало како лага. Филмот бил забранет во над 50 земји.rn
rnrnСтивен Спилберг напишал прекрасна приказна за Елиот кој сака да му помогне на својот пријател вонземјанец да се врати дома. Но изгледа филмот не им се допаднал на сите. Норвешка, Финска и Шведска го забраниле за деца под 12 години. Тие сметале дека возрасните во филмот биле негативно прикажани, а ова можело да има лошо влијание на децата.rn
rnrnВо овој филм гледаме 5 пријатели кои се во колиба во шумата и кои се соочуваат со некои демонски суштества. Помеѓу државите кои го забраниле филмот се Исланд, Ирска, Финска и Германија кои сметале дека сцената со силување е премногу за очите на јавноста.rn
rnrn13-годишната Реган е опседната од демон, а можеби и од самиот ѓавол. Филмот изобилува со погрдни зборови и повраќање, па публиката останала шокирана. Постоеле и гласини дека луѓето кои го гледале филмот имале потреба од медицинска нега.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rnrn