КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 3-те хороскопски знаци кои се вљубуваат само еднаш во животот

    3-те хороскопски знаци кои се вљубуваат само еднаш во животот

    Иако можеби ви изгледа како да се вљубувате барем десет пати во животот, некои луѓе ја искусуваат вистинската љубов само еднаш и само кон една личност. Вашиот хороскопски знак може да ви каже колку често ќе се вљубите, а доколку спаѓате во следниве три, најверојатно ќе се вљубите само еднаш во животот.rnrn3-те хороскопски знаци кои се вљубуваат само еднаш во живототrn

    1. Риби

    rnЕмотивните Риби поголемиот дел од нивниот живот го минуваат барајќи ја нивната друга половина. Штом ќе ја пронајдат, ќе направат сè за да ја задржат. Тие не обрнуваат внимание на маните на нивните сродни души, бидејќи за нив љубовта е поважна од сè. Рибите ќе престанат да ја сакаат оваа личност само ако им направи нешто навистина лошо.rn

    2. Бик

    rnБиковите не се луѓе кои лесно се вљубуваат и потребно им е време за да почувствуваат нешто. Но штом вистински ќе се вљубат, тие се навистина посветени на нивните партнери и воопшто не им е тешко да работат на врската ако сметаат дека вреди.rn

    3. Рак

    rnНајверните партнери од сите се вистински пример за личност која љуби само еднаш. Раковите не го даваат нивното срце лесно, а кога сепак ќе го направат тоа, го прават засекогаш, дури и ако им се разделат патиштата со саканата личност. Тие се грижливи и подготвени се да направат сè за нивниот партнер да се чувствува сакано.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци кои најмногу се вљубуваат.

  • Предноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваат

    Предноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваат

    Наоѓањето партнер и вистинска љубов е инспирација за многу филмови и книги. Ако не сте во врска, веројатно постојано ве прашуваат кога ќе најдете момче или девојка, а родителите дури ви зборуваат и за внуци. Покрај сето ова, навистина е тешко да не размислувате за целиот напор што треба да го вложите за да го пронајдете „вистинскиот“.rnrnПредноста на сингл девојките којашто многумина ја забораваатrnrnНо многу истражувања покажале дека жените кои не се во врска се многу посреќни отколку што другите мислат. Едно истражување од Велика Британија од оваа година покажало дека врската за хетеросексуална жена е навистина напорна, најмногу бидејќи покрај еднаквоста на половите што сакаме да ја постигнеме, од жената сепак се очекува да ја преземе одговорноста за повеќето домашни обврски. Па кога жените се сами, тие имаат поголема слобода.rnrnИстото истражување покажало дека на жените полесно им е да ги одржуваат пријателствата за разлика од мажите, што значи дека кога се сингл можат да уживаат во квалитетни пријателски односи и се опкружени со луѓе кои навистина ги сакаат и можат да им помогнат.rnrnИсто така сингл девојките се независни и самостојни, а нивната среќа не зависи од љубовната врска. Жените кои се сингл стануваат посигурни во себе и настојуваат да учат и да созреваат во секоја смисла. Луѓето често го занемаруваат креативниот, интелектуалниот и емоционалниот потенцијал на самотијата.rnrnСе разбира, ова не значи дека луѓето кои се во среќни врски се мизерни во споредба со слободните. Сепак, врската не е она што би требало да влијае на среќата на поединецот. Ако сте несреќни, немојте да мислите дека бракот или врската ќе го променат тоа. Ако сте среќни, немојте да очекувате дека бракот или врската ќе ве направат посреќни. Ако сте сингл и среќни, немојте да мислите дека ќе станете очајни ако се одлучите да останете сами.rnrnПогледнете и зошто понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи.

  • Што навистина се случува кога сте 5 години во врска?

    Што навистина се случува кога сте 5 години во врска?

    Пеперутките во стомакот денес се сметаат за класичен симптом на вљубеност. Но многу луѓе во долги врски се разочаруваат кога ќе исчезнат. Ова го истакнала една корисничка на Тамблр која опишала како изгледа нејзината врска после 5 години. Во нејзината објава, таа на одличен начин покажала како заедничкиот живот ја трансформира љубовта.rnrnШто навистина се случува кога сте 5 години во врска?rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnИма веќе 5 години откако сум во врска. Секој ден на социјалните мрежи гледам објави за тоа како да се биде во врска со човекот на вашиот живот значи постојано да имате пеперутки во стомакот.rnrnМногу луѓе веруваат дека љубовта е вистинска само ако секогаш кога таа личност ќе влезе во просторијата срцето ви чука забрзано, ако секоја вечер се галите, поминувате време испреплетени во креветот и секоја вечер спиете прегрнати.rnrnМожам да ви кажам дека ова воопшто не е така. Барем не за мене…rnrnШтом ќе почнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Срцето повеќе не ви забрзува секој пат кога ќе погледнете во него. Наместо тоа, сè се смирува. Кога сте во иста просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно. Кога се галите со него, вашето срце чука бавно, а звукот на неговото дишење ве теши и ве заспива. Повеќе не сте на луда железница од чувства, туку сте дома.rnrnПовеќе не спиете прегрнати и испреплетени. Наместо тоа спиете удобно еден покрај друг, многу често свртени на спротивни страни. Сепак секоја вечер забележувате како се вгнездувате во близина на неговите раце, или му ја галите косата додека спие. Има ноќи кога моето заспано момче во сонот ја пушта раката кон мојата страна од креветот, или само ме повлекува кон него како дете што повлекува кадифена играчка. Јас сум сега неговата утеха, сигурност и мир.rnrnРано наутро, кога целиот свет е заспан, се вгнездувам на неговите гради, го вдишувам неговиот мирис пред повторно да заминам во светот на соништата.rnrnБакнежите повеќе не се страсни и романтични како некогаш. Но сега ги има повеќе. Тоа се студени бакнежи од сладолед, лепливи бакнежи од џемот за време на појадокот. Тоа се бакнежи „одам на работа“ и „само уште еден бакнеж за по пат“. Тоа се поспани утрински бакнежи кои подобро ве будат од секој будилник. Има ли подобар начин да се започне денот од усни на усни?rnrnТоа се бакнежи за добра ноќ, бакнежи кои велат „мило ми е што те љубам тебе, а не некој друг“ или „колку си добар со животните“. Тоа се кратки бакнежи помеѓу полиците во продавницата. Кога сè околу вас е забрзано и гласно, се вртите еден кон друг, се барате, се наоѓате.rnrnКога наместо да ја цените вашата слобода и нему да му ги дадете неговите слобода и простор, вие сте слободни еден со друг и најубаво ви е кога ќе се доближете и ќе го поминете просторот што ве разделува.rnrnПовеќе не си испраќате пораки секој час во кои ја изјавувате или потврдувате вашата љубов. Сега љубовта се подразбира. Од романтичните изливи на љубов сега сте напреднале на ниво на внатрешни шеги во врска со животот што го градите заедно. Ги разбирате вашите зачудени погледи, негодувања, воодушевувања во јавноста – имате ваш мал свет наспроти оној надворешниот.rnrnВрската не е бајка. Не е огномети. Престанува да биде тоа после почетокот.rnrnНаместо тоа врската е тивок ритам на љубов и грижа. Таа не е оган што ја гори вашата душа, туку пламен што ве грее додека удобно сместени потонувате во сон.rnrnИ јас го сакам тоа.rnrn[/message_box]rnrnДали знаете кои се врските што се најцврсти и што траат најдолго?

  • Дали е време да ставите крај на вашата врска?

    Дали е време да ставите крај на вашата врска?

    Дали сте во врска којашто ве први несреќни и ве тера да се прашувате дали можеби е време за крај? Дали ви е страв за иднината и се прашувате дали раскинувањето е вистинскиот чекор? Раскинувањата се навистина тешки. Сите врски започнуваат со надеж дека ќе траат и навистина е тешко кога ќе сфатите дека реалноста е друга. Доколку се прашувате дали е време да се збогувате со партнерот, обрнете внимание на овие знаци.rnrnДали е време да ставите крај на вашата врска?rn

    1. Не се чувствувате добро во врска со себе

    rnЗа секоја врска е клучно да се чувствувате добро во врска со себе. Ако мислите дека ви е потребен некој за да ве дополни и ако ви е страв да бидете сами, тогаш не сте на добро место и добрата врска е нешто невозможно. Луѓето кои имаат премногу потреба од партнерот или имаат проблем со несигурноста не се добри партнери. Ако се чувствувате така, вашата врска не е здрава и можеби е време за крај.rn

    2. Не можете да разговарате со партнерот

    rnЧесто врските завршуваат бидејќи партнерите не можат да комуницираат меѓу себе. Не можат да разговараат за нивните чувства, ниту пак да слушнат за чувствата на партнерот. Врските можат да бидат навистина интензивни и лични, па за да се справите со нив комуникацијата е од голема важност. Кога ќе настане проблем, потребно е да се соочите и да најдете заедничко решение. Важно е да добивате, но и да давате, така што во врската ќе постои рамнотежа. Во спротивно ќе почнете да го барате она што ви е потребно надвор од врската, а тоа е сигурен знак за крај.rn

    3. Опсесивни сте

    rnДали целиот ден го минувате размислувајќи за вашиот партнер? Дали постојано го следите на социјалните мрежи и размислувате каде би го сретнале? Доколку се пронајдовте, најверојатно станува збор за опсесивна љубов. Во овој случај вие имате потреба да го поседувате партнерот и не можете да прифатите одбивање. Љубовта е прекрасна емоција, додека опсесијата е деструктивна. Па ако она што го чувствувате за партнерот е опсесија, најдобро е да ставите крај на врската. Овој однос не е здрав ни за партнерот, ни за вас.rn

    4. Немате ваш живот

    rnВажно е партнерите да не зависат еден од друг за нивната среќа. Кога сте во врска важно е да имате живот и надвор од неа. Имајте работа, хоби или каква било обврска што ќе ја правите сами и ќе ја сакате. Важно е да имате и други пријатели освен партнерот. Исто така поминувајте време сами за да ви биде удобно во ваше друштво. Ако целосно се потпирате на партнерот за вашата среќа, можеби е време за збогување.rn

    5. Партнерот ви испраќа измешани пораки

    rnДали понекогаш партнерот е совршен, а следниот ден се оддалечува од вас? Никој не заслужува такво однесување. Ако тој навистина ве сака, ќе биде подготвен да направи сè за вас. Доколку ве сака само некои денови, а другите не сака ни да ве види, тогаш не ви е потребен во вашиот живот.rn

    6. Не ја добивате потребната љубов

    rnНајважното нешто што го бараме во врските е љубовта. За жал многу луѓе се со партнери кои не им го овозможуваат тоа. Дали партнерот повеќе не се грижи за вашите чувства? Дали не ви обрнува внимание како порано? Дали не слуша кога му зборувате? Овој партнер повеќе нема што да ви понуди и голема е веројатноста да не е вљубен во вас. Па, добро размислете за вашата врска. Што направил партнерот за вас во последно време? Ако не можете да се сетите на ништо, можеби е време за крај.rn

    7. Минатото се повторува

    rnДали вие и партнерот сте заглавени во циклус од добри и лоши денови? Дали ви изгледа како овие денови да се повторуваат? Дали раскинувате, а по неколку недели партнерот ви се јавува да ви каже дека му недостасувате? Ако ви е позната оваа шема каде што врската не е постојано добра, тогаш е време да продолжите понатаму.rnrnДали знаете кои се 4-те фази на раскинувањето?

  • 14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врски

    14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врски

    Понекогаш и покрај вашиот труд и најдобрите намери, врската завршува, а вие останувате со неудобни емоции како очај, гнев и тага. Но наместо да мислите зошто ви се случува тоа, почнете да размислувате што можете да научите од тоа искуство. Скршеното срце може да ве научи на многу мудри лекции. Ова се 14-те лекции што сите можеме да ги научиме од неуспешните врски.rnrn14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врскиrn

    1. Не ги поседувате луѓето

    rnКога сме вљубени, понекогаш свесно или несвесно мислиме дека го поседуваме партнерот. Но факт е дека ова не е вистина. Вашиот партнер има право сам да донесува одлуки за неговиот живот, без разлика дали ви се допаѓаат или не. Не можете да контролирате каде ќе оди, како ќе се однесува или што било слично, без разлика колку долго сте заедно. Најдоброто нешто што можете да го направите е да имате отворен разговор за вашите избори, но потребно е да ја цените неговата индивидуалност.rn

    2. Љубовта не е зависност

    rnЉубовта не значи дека не можете да преживеете еден без друг, како што гледаме во холивудските филмови. Во овој случај станува збор за зависност. Љубовта е слободна вежба на избор. Двајца луѓе се сакаат само кога можат да живеат одвоено, но одбираат да живеат заедно.rn

    3. Љубовта е одделување

    rnЉубовта е дружба помеѓу двајца кои се спојуваат за да си помагаат и да се поддржуваат, без да го изгубат нивниот идентитет во процесот. Љубовниците треба да си остават простор да ги следат своите страсти и да се развиваат. И двајцата партнери треба да поминуваат време насамо за да ја исполнат нивната животна цел, а потоа да се вратат кај партнерот за да ги споделат даровите.rn

    4. Вашиот партнер не е проект што треба да се поправи

    rnАко сакате да промените нечиј изглед или неговите основни карактеристики, тогаш не го цените онаков каков што е. Луѓето созреваат кога се инспирирани и кога сакаат да се променат, тоа доаѓа од нив. Притисокот за промена можеби ќе работи некој период, но на долгорочен план ќе заврши лошо. Ако имате огромна листа со нешта што сакате да ги промените кај вашиот партнер, добро размислете за врската.rn

    5. Страста не останува засекогаш

    rnКога на почетокот сме привлечени од некого, чувствуваме доток на неколку хемикалии во нашиот мозок. Поради ова чувствуваме пеперутки во стомакот и сакаме секој миг да го поминеме со таа личност. Но оваа фаза не трае долго. Дури откако ќе помине ќе знаете дали навистина ја сакате личноста. Ако се грижите за неа и после оваа фаза, тогаш навистина сте вљубени.rn

    6. Некои врски се само лекции, а некои ќе траат засекогаш

    rnЦелта на некои лекции е да ве научат да простувате и грациозно да заборавате. Тие ви помагаат да еволуирате и да станете подобра верзија од себе. Кога ќе ја научите лекцијата, ќе се подготвите и емоционално и духовно за подобра врска во иднината.rn

    7. Врските во кои влегувате се директен показател на вашата вредност за себе

    rnВрските што ги започнувате рефлектираат каде се наоѓате во животот. Ако создавате премногу проблеми, тоа значи дека имате рани кои не заздравиле целосно. Проблемите со кои се соочувате во врските можат да ви покажат на што треба да работите. Некои луѓе доаѓаат во вашиот живот за да ве направат подобра личност и си одат кога нивната улога ќе заврши.rn

    8. Врските се само дел од убавиот живот

    rnВрските се само дел од животот. Постојат многу нешта што треба да ве исполнуваат – пријатели, страст, работа, забава… Не треба да чекате да бидете во врска за да го живеете вашиот најдобар живот.rn

    9. Вашиот капацитет да бидете сами го одредува вашиот капацитет за љубење

    rnЉубовта кон себе е најважниот вид на љубов. Не можете да им го дадете на другите она што го немате за себе. Покажете си безусловна љубов и сочувство. Грижете се за себеси и приоритет нека ви бидат активностите што прават да се чувствувате живо и исполнето.rn

    10. Имајте партнер кој ви е и најдобар пријател

    rnКако што споменавме, фазата исполнета со страст не трае долго. Па ако сакате вашата врска да трае, потребно е да се поврзете на подлабоко ниво со партнерот. Ако партнерот ви е и најдобар пријател, тогаш имате врска која е многу повеќе од само физичка и ментална компатибилност.rn

    11. Компромисот е улица со две насоки

    rnЉубовта значи да направите нешто за доброто на другиот. Но компромисот е улица со две насоки, а вие и партнерот треба да се најдете на средината од патот. Ако само едниот партнер се жртвува и прави компромиси, ова не е љубов, туку саможртвување.rn

    12. Бидете свои

    rnТреба да ви биде доволно удобно за да бидете целосно свои пред партнерот. Ако сметате дека треба да глумите за да го импресионирате, ова е голем предупредувачки знак. Не можете да лажете дека сте некој друг целиот ваш живот. Ако партнерот не ве прифаќа онакви какви што сте, тогаш тој не е вистинската личност за вас.rn

    13. Компатибилноста е клучна

    rnБез разлика колку сте вљубени, ако не сте компатибилни со партнерот, вашата врска нема да трае. Иако нема двајца луѓе кои се согласуваат за сè, потребно е да имате неколку заеднички нешта. Потребно е да бидете компатибилни кога станува збор за животните избори и вредности. Ако вашиот партнер не сака деца, а вие сакате, или ако вие сакате да патувате, а партнерот не, може да настанат многу проблеми.rn

    14. Љубовта нема обврска да направи да се чувствувате целосно исполнети

    rnНе треба да барате љубов и одобрување надвор од вас. Кога барате некој друг да ве дополни, само ќе си создадете проблеми со зависност. Ако не се чувствувате среќно и исполнето кога сте сами, речиси неверојатно е да го чувствувате тоа кога сте во врска.rnrnПогледнете и кои се љубовните лекции кои треба да ги научите во вашите 20-ти.

  • Не ве заслужува оној којшто никогаш нема време за вас

    Не ве заслужува оној којшто никогаш нема време за вас

    Постојат некои луѓе кои од вас не земаат ништо, но ви даваат сè што имаат. Но постојат и такви кои земаат сè, а не ви даваат ништо. Ова е огромна разлика и што побрзо станете свесни, толку побрзо ќе одредите кој вреди да остане во вашиот живот.rnrnrnrnТака ќе одредите каде ќе бидете за пет или десет години. Ќе одредете дали некоја личност ќе ви предизвикува само жалење, лутање од повреда до повреда, или ќе прави да се чувствувате прекрасно и ќе ве натера да сфатите дека животот е прекрасна авантура.rnrnШтом ќе го дознаете тоа, ќе ја донесете најдобрата одлука за себе и ќе го живеете животот што го заслужувате.rnrnНе ве заслужува личноста којашто никогаш нема време, која секогаш наоѓа изговор или оправдување или која го игнорира секој ваш повик и се прави дека е премногу зафатена.rnrnНе ве заслужува оној кој цело време ве изневерува, а потоа се преправа дека е овде за вас, а овде е поради други интереси.rnrnНе ве заслужува оној чија маска на лицето можете да ја забележите од авион, но му верувате поради слатките зборови.rnrnАко му недостасувате на некого, тој секогаш ќе го најде патот до вас. Нема да му биде важно дали е ден или ноќ или какви обврски има. Доколку навистина му значите, ќе го надмине секој предизвик и ќе најде начин да биде со вас.rnrnПа немојте да направите грешка и да ги отфрлате овие луѓе за оние кои ве лажат и се преправаат. Цената на нивната искреност и грижа кон вас е незаменлива.rnrnПостојат луѓе кои не земаат ништо, а ви даваат сè. Постојат и луѓе кои ви земаат сè, а не ви даваат ништо. Ова е патот кој сите треба да го поминеме, испреплетеноста на нашите судбини каде што не знаеме што нè чека.rnrnНо што и да се случи, мора да останете верни на себе, да не им се покорувате на оние кои се поставуваат над вас, но и да не се поставувате над никого. Тајната на добриот однос е рамнотежа – тоа што го давате, тоа и да го добивате. Со малку работа и со малку среќа, ќе ја откриете тајната на исполнетиот живот.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека тој навистина ги заслужува вашите внимание и љубов.

  • Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

    Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

    Понекогаш може да биде навистина тешко да го преболите бившиот партнер. Како светот на состанувањето да не е веќе доволно комплициран, понекогаш ќе се прашувате дали новиот партнер навистина е подобар од бившиот. Дали мислите дека сè уште сте вљубени во поранешниот партнер? Важно е да знаете дека не сте единствени. Прочитајте ги искуствата на 6 жени кои сфатиле дека сè уште имаат чувства за бившиот партнер.rn

    1. Повеќе од пријатели

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Откако раскинавме пред околу една година, продолживме постојано да се дружиме како пријатели бидејќи навистина се грижевме за пријателството. Ниту еден од нас не се гледаше со некој друг додека бевме разделени и со текот на времето сфативме дека ако можеме да бидеме најдобри пријатели и сè уште сакаме постојано да се дружиме, едноставно би требало да бидеме заедно.“ – Хели, 25

    rn

    2. Совпаѓање

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Го најдов бившиот партнер на Тиндер и продолжив со разгледување бидејќи ми беше тешко да замислам дека тој се состанува со други, иако и јас го правев тоа. Неколку месеци подоцна повторно го видов на Тиндер и решив да го прифатам. Се совпаднавме и си пишувавме пораки на апликацијата пред да одлучиме повторно да се сретнеме. Мислам дека цело време знаев дека сè уште сум вљубена во него.“ – Брена, 26

    rn

    3. Отследете го вашето срце

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Не се отследивме на социјалните мрежи откако раскинавме и секојдневно ги проверував неговите Инстаграм и Фејсбук профили. Мојата цимерка знаеше дека го правам ова и по некое време ми рече: ‘Сè уште го сакаш!’ Беше во право. Не можев да го преболам и не знам дали некогаш ќе се случи тоа. Го сакам, но досега сум немала храброст повторно да му пријдам.“ – Ана, 27

    rn

    4. Фотографии

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Моментот кога знаев дека сè уште сум вљубена во бившиот беше кога гледав наши заеднички фотографии по неколку пијачки. Мислев дека сум го преболела и дека сум подготвена да се гледам со нови луѓе, но не сум. Тој ми беше најдобар пријател. Никогаш не сум бил поблиска со некој друг и сакам да успееме.“ – Клара, 25

    rn

    5. Љубомора

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Знаев дека сум вљубена во бившиот кога една пријателка ми кажа дека го видела на состанок со некој друг. Никогаш не сум се почувствувала толку тажно и со толку завист. Сè уште немам одлучено дали ќе го побарам или не.“ – Кристен, 25

    rn

    6. Нов партнер

    rnДали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоаrn

    „Знаев дека сè уште сум вљубена во бившиот кога за прв пат бакнав некој друг. Изгледаше сосема погрешно и воопшто не ми се допадна. Толку долго бевме заедно што помислив дека би било добро да излезам и да се гледам со други. Но кога конечно го направив тоа, сфатив дека сакам да бидам само со него и да го бакнувам само него засекогаш.“ – Алисија, 27

    rnПа како да дознаете дали сè уште сте вљубени во бившиот, или само ви недостасува идејата за него? Ова зависи од вас. Врските можат да бидат навистина збунувачки, особено кога станува збор за бившите партнери. Понекогаш е навистина тешко да одлучите дали вреди да ѝ дадете на врската втора шанса. Пред да му признаете на бившиот дека уште имате чувства за него, запрашајте се што сакате да се случи. Како и да е, сигурно ќе доживеете повторно да љубите.rnrnДоколку сте вљубени во бившиот но не сакате да ја обновите вашата врска, овие совети од експертите ќе ви помогнат да го заборавите.

  • 14 начини на кои старите души љубат поразлично

    14 начини на кои старите души љубат поразлично

    Секој има различни мислења и верувања за врските и секој различно ја искажува љубовта. Некои луѓе сакаат скапи подароци, а некои повеќе го ценат гестот. Некои сакаат внимание, а на некои им е потребен простор. Старите души пак љубат на нивен, уникатен начин. Доколку сте во врска со ваква личност, дефинитивно ве очекуваат прекрасни моменти. Погледнете на кои начин старите души љубат поразлично од другите луѓе.rnrn14 начини на кои старите души љубат поразличноrnrn1. Нивниот филозофски поглед влијае на нивното мислење за врските. Тие не ги гледаат само како физички, случајни или безначајни. Старите души ги гледаат врските како медиуми за самоистражување, па ѝ приоѓаат на љубовта со намера да созреат, а не да добијат нешто.rnrn2. За нив комуникацијата е интимност. Овие луѓе навистина сакаат да запознаат некој длабоко и да го разберат целосно. Физичката интимност без ментална поврзаност прави да се чувствуваат празно.rnrn3. Имаат многу контрадикторни особини – иако сакаат љубов и внимание, потребни им се простор и независност. Овие луѓе се романтичари, но и реалисти. На почетокот може да биде чудно да се спојат овие особини, но благодарение на нив секогаш имаат рамнотежа во животот.rnrn4. Сакаат да се посветат на врската, но се скептични за тоа дали ќе трае. Овие луѓе секогаш имаат надеж за врската, но истовремено претерано размислуваат за случајните настани и бараат суптилни знаци дека партнерот не е заинтересиран, или го очекуваат најлошото.rnrn5. Нивната интуитивност може да биде најголем проблем. Овие луѓе често предвидуваат што би се случило, наместо да живеат во моментот и да откријат што навистина ќе се случи. Често потребно е да ги потсетите дека не секој збор има скриено значење.rnrn6. Знаат дека љубовта е во едноставните нешта. Помалку би ги израдувал скап подарок, наместо слатка порака или поглед. Всушност, тие сакаат што било што може да си поигра со нивните емоции.rnrn7. Сакаат да разговараат за сè, па ако вашиот одбранбен механизам е избегнувањето, нема да се справите со стара душа. Овие луѓе не сакаат проблемите да останат нерешени и веруваат дека секогаш има решение, сè додека се направи отворен и искрен разговор.rnrn8. Тие сакаат холистичка љубов. Сакаат да го познаваат партнерот ментално, емоционално, духовно и сексуално. Нема да се задоволат само со едно.rnrn9. Старите души простуваат навистина лесно. Овие луѓе лесно ги игнорираат лошите карактеристики на партнерот и ретко не даваат втора шанса. Веруваат дека нештата се менуваат и луѓето созреваат, без разлика колку невозможно изгледа тоа.rnrn10. Очекуваат многу, бидејќи го гледаат најдоброто во луѓето. Не само што се почитуваат доволно за да бараат одредени стандарди, туку тие го гледаат најдоброто кај луѓето. Поради ова од другите очекуваат барем да се обидат да станат подобри личности.rnrn11. Сакаат старомодни состаноци. Овие луѓе сакаат да бидат однесени негде и да бидат третирани добро, без разлика на нивниот пол. Повеќе сакаат да одат на вечера, наместо да се „дружат“ дома.rnrn12. Тие се природни негуватели, а го очекуваат истото и од партнерот.rnrn13. Не трошат премногу време на врската доколку сфатат дека нема иднина, но ова не значи дека не го гледаат состанувањето за забава како нешто лошо. На некои луѓе не им е проблем да бидат со некого и покрај тоа што знаат дека врската ја чека крај. Старите души ги напуштаат овие врски и го бараат вистинскиот.rnrn14. Тие љубат целосно. Без разлика колку долго сте во нивниот живот, тие ќе ве љубат најмногу и најдобро што можат.rnrnПрочитајте и зошто на старите души им е тешко да пронајдат љубов.

  • 4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска

    4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска

    Луѓето сакаат да кажуваат дека љубовта е слепа, а ова е особено вистина кога станува збор за жена во токсична врска со маж кој има нарцисоидни одлики. Многу жртви на малтретирање живеат во постојана заблуда и можат да се фокусираат само на времињата кога партнерот се покажувал како грижлив и добар.rnrn4 штетни лаги што си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врскаrnrnЗа жал, лагите што си ги кажуваат овие жени се опасна форма на самопотврдување. Овие лаги се со цел да си ја задржат илузијата дека се безбедни и дека врската е во ред. Погледнете кои се најчестите.rn

    1. „Ако му покажам колку го сакам, ќе се промени“

    rnДлабоко во себе верувате дека сите проблеми можат да се решат со вашата безусловна љубов. Ако се држите за идеалот дека ќе ја спасите врската и ќе му помогнете на партнерот со моќта на љубовта, размислете повторно. Она што навистина го правите е давање постојано внимание кое ја храни токсичноста на партнерот.rnrnТој ве држи зафатени со неговите игри и трикови. Го консумира вашиот ум. Ви влегува под кожа и му штети на вашето физичко и ментално здравје. Вашата љубов само го поддржува ова.rn

    2. „Минува низ тежок период. Наскоро нештата ќе станат подобри“

    rnЛуѓето кои минуваат низ тежок период можно е да доживеат кратки промени во однесувањето. Но кога ова однесување трае, знаете дека тогаш станува збор за малтретирање.rn

    3. „Тој не е оваа личност. Никогаш не бил ваков“

    rnОна што навистина се случува е тоа што не можете да се ослободите од сликата за личноста којашто сте мислеле дека е вашиот партнер. Всушност, тој отсекогаш бил ваков. Одговорите на овие прашања ќе ве убедат во тоа:rn

      rn 011

    • Дали е заинтересиран за вашите чувства?
    • rn 011

    • Дали одговара со грижа кога ќе му кажете колку сте повредени по расправија?
    • rn 011

    • Дали го цени вашето мислење кога кажувате што ви пречи во врската?
    • rn

    rnИли, ги игнорира вашите чувства и ви кажува дека само си замислувате работи?rn

    4. „Не можам да се откажам од него“

    rnПостои разлика помеѓу тоа да се откажете и тоа конечно да ви е доволно. Важно е да знаете кога веќе ви е премногу за да можете да поставите граници. Ова може да биде проблематично ако сте личност која тешко си заминува. Верувате дека нема никаква причина да се откажете, бидејќи ако сте го направите тоа сте се поразиле самите. Овој начин на размислување дополнително ве заглавува.rnrnНе дозволувајте ова да ве убие. Не можете да ја спасите врската. Доколку партнерот навистина има проблем со неговото однесување и ве малтретира, вашите љубов, посветеност и сочувство не можат да го променат или да му помогнат.rnrnДознајте кои се неочекуваните нешта што ќе се случат кога ќе се ослободите од токсичната врска.

  • Психолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врската

    Психолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врската

    Психологот Џон Готман може да предвиди дали некоја врска ќе заврши со точност од 91%. Неговата прогноза е заснована на набљудувањата од расправиите на парот. Откако го посветил неговиот живот на проучување на паровите, доктор Готман открил дека оние кои раскинуваат настојуваат да се расправаат на 4 одредени начини.rn

    1. Критикување

    rnПсихолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врскатаrnrnКритикувањето е начин на справување со проблем кој вклучува напаѓање и обвинување на другата личност. Кога го критикувате вашиот партнер, укажувате дека со него има нешто погрешно и непоправливо, особено бидејќи критикувањето често е придружено со зборовите „секогаш“ и „никогаш“. Ова прави вашиот партнер да се чувствува нападнато и одбиено. Нема како да одговори освен да се одбрани.rnrnАко сакате да го промените тоа однесување, пробајте ги следниве совети:rn

      rn 011

    • Опишете ја ситуацијата без да судите. Избегнете ја употребата на „секогаш“ и „никогаш“.
    • rn 011

    • Што е можно појасно кажете како се чувствувате за ситуацијата.
    • rn 011

    • На позитивен начин кажете што ви е потребно.
    • rn

    rnИмајте на ум дека ова не е знак за раскинување, но сепак претставува опасност за вашата врска.rn

    2. Презир

    rnПсихолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врскатаrnrnПрезирот е можеби најсилниот сигнал за развод. Кога комуницирате со презир, вие сте навистина злобни кон партнерот и целта ви е да покажете непочитување. Ако сте навикнати на потценување, сарказам, навредување и превртување на очите, тогаш често користите презир. Ова е навистина штетно бидејќи прави партнерот да се чувствува безвредно.rnrnЗа да се спречи ова однесување, потребни се и двајцата партнери:rn

      rn 011

    • Следниот пат кога ќе се расправате, вие и вашиот партнер треба да ја намалите толеранцијата за лоши коментари и однесување.
    • rn 011

    • Работете на тоа да почнете да се цените. Презирот се појавува кога личноста се фокусира на недостатоците на партнерот, па потребно ви е спротивното. Фокусирајте се на нештата што ги сакате кај вашиот партнер и секој ден запишувајте по едно нешто за коешто сте благодарни во вашата врска.
    • rn

    rn

    3. Одбрана

    rnПсихолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врскатаrnrnОдбраната често е одговор на критикувањето. Тоа значи дека измислувате изговори и играте жртва, а понекогаш дури и го обвинувате партнерот за да се повлече. Сепак, ова не ви е од помош бидејќи изговорите само покажуваат дека не ги сфаќате сериозно грижите на партнерот и дека не сакате да преземете одговорност за вашите постапки.rnrnАко обично кажувате работи како „Не направив ништо погрешно“ или „Не е моја вина“, можеби често користите одбрана. Постојат неколку начини што ќе ви помогнат да го промените тоа:rn

      rn 011

    • Одвојте време и активно слушајте го партнерот.
    • rn 011

    • Преземете одговорност кога треба.
    • rn 011

    • Искрено извинувајте се.
    • rn

    rn

    4. Затворање

    rnПсихолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врскатаrnrnЗатворањето може да се појави кога ќе се собере негативноста од претходните 3 грешки и веќе станува неподнослива. Кога се затворате, вие градите ѕид помеѓу вас и партнерот, се повлекувате од расправата, не се обидувате да го започнете разговорот и се оддалечувате физички и емоционално.rnrnЗатворањето е деструктивно бидејќи прави вашиот партнер да се чувствува одбиено и напуштено. Ако во текот на расправата си заминувате или воопшто не разговарате со партнерот, тогаш вие сте совршен пример за затворање. За среќа, можете да пробате една техника.rnrnАко ви е потребно време да размислите за проблемот, вдишете неколку пати и средете ги мислите. Кажете му на партнерот дека ви е потребен момент и продолжете со разговорот кога ќе бидете подготвени. Само на овој начин партнерот ќе фати дека се грижите за себе и вашата врска и не се обидувате да го одбиете.rnrnДоколку постојано ги правите истите грешки во љубовта, поставете си ги овие 5 прашања.