Сигурно не сакате да ги слушнете зборовите љубов и дисциплина во една реченица. Но ако ја знаете силата на вистинската љубов, не би сакале да ја уништите, а овде во игра влегува вашата дисциплина.rnrn
rnrnПотребна е дисциплина за да одберете партнер кој ќе ви ја понуди заслужената љубов, за да одберете партнер со кој можете заедно да созревате и за да ги преболите бившите партнери. Од голема важност е да не „заглавите“ во врска без иднина и да продолжите понатаму барајќи некој што може да ви го даде она што вие го нудите. Следниве 10 знаци се очигледен показател дека вашата врска, за жал, нема иднина.rn
1. Не сте во идните планови на партнерот
rnСекој има некаква замисла за тоа како сака да му изгледа иднината. Некој можеби сака да оди да патува, некој да отвори јога училиште, а некој да започне негов бизнис. Ако не можете да го замислите партнерот во вашата иднина, или ако не се наоѓате во неговата, јасно е дека вашата врска нема иднина и потребно е добро да размислите за врската.rn
2. Почесто сте спасител наместо партнер
rnВрската е партнерство помеѓу двајца еднакви луѓе. И двајцата даваат и добиваат исто љубов, поддршка и внимание. Но ако чувствувате дека само вие ги нудите овие нешта и повеќе сте како спасител наместо партнер, можеби треба да размислите за врската. Ако постојано се обидувате да го поправите или да го промените партнерот, ова е лош знак за вашата компатибилност. Јасно е дека не го сакате партнерот онаков каков што е. Можеби сакате да има различна кариера, да излегува повеќе, или сакате да биде поинтелектуален. Едноставно, не го сакате, туку ја сакате сликата за него или за неговиот потенцијал што се наоѓа во вашата глава.rnrnДодека никој од нас не е совршен и треба да го поддржувате партнерот во созревањето, ако не го сакате онаков каков што е сега, едноставно не сте компатибилни и треба да продолжите понатаму.rn
3. Не постои доверба во врската
rnДовербата е најважниот фактор во силната и долга врска. Некои луѓе имаат проблеми со довербата поради минатите врски, или поради нешто што се случило во сегашната. Но сè додека не се реши проблемот со самодовербата, тој ќе ја саботира врската.rnrnАко сметате дека вие или вашиот партнер не си верувате, дури и откако ќе разговарате за проблемот, запрашајте се дали сакате да бидете во врска без доверба.rn
4. Заедно сте повеќе време, а партнерот се двоуми за посветеноста
rnСекоја врска има различни фази. На почетокот и двајцата партнери се обидуваат да сфатат дали си одговараат и дали би сакале да го преземат следниот чекор во врската. Следната фаза може да биде што било во зависност од тоа каде сте со партнерот. Можеби следниот чекор е брак, вселување заедно или имање деца. Но ако сте поминале долго време со партнерот, а тој сè уште е неодлучен каде сака да се движи врската, тоа е знак дека врската можеби нема да трае уште долго.rn
5. Само вие се обидувате да ја поправите врската
rnКога сакате некого, тешко е да забележите дека не ја игра неговата улога во врската. Ова се случува почесто кај луѓето кои се трпеливи и кои лесно простуваат. Но ако вие сте единствената личност што се обидува да ја поправи врската, што планира состаноци и ги жртвувате вашите потреби за врската и партнерот, потребно е да направите промена.rnrnАко сте со партерот надевајќи се дека ќе се промени, веројатно врската нема иднина. Немојте да се помирувате бидејќи ви е страв да бидете сингл. Многу е подобро да бидете сами отколку со личност која не е овде за вас. Подобро е да бидете сами и да се фокусирате на целите и на соништата додека не најдете личност достојна за вашата љубов.rn
6. Вашите пријатели и родители не го сакаат партнерот
rnНе мора да значи дека сите ваши сакани личност ќе се согласуваат меѓу себе. Но ако родителите и пријателите воопшто не ја одобруваат вашата врска, можеби треба да слушнете што имаат да ви кажат. Обично овие луѓе ви го посакуваат најдоброто и често можат да ги видат предупредувачките знаци кои се невидливи за вас. Можеби јасно гледаат дека заслужувате подобро и дека партнерот не ви ги нуди љубовта и вниманието што ги заслужувате.rn
7. Се чувствувате несигурно со партнерот
rnНема потреба секојдневно да му кажувате на партнерот дека го сакате за да се чувствувате сигурно, но треба да има одредена поврзаност и разбирање помеѓу вас. Ако постојно се прашувате за чувствата на партнерот кон вас и не сте сигурни каде сте во неговиот живот, можеби ја немате потребната поврзаност со него. Нема смисла да останете во врска во којашто се чувствувате несигурно за себе и за вашата заедничка иднина.rn
8. Поврзаноста е повеќе физичка отколку ментална или емоционална
rnДобра врска е онаа во којашто можете да се поврзете со партнерот на сите нивоа – физички, ментално, емоционално и духовно. Но ако чувствувате дека помеѓу вас има само физичка хемија и речиси никаква емоционална или ментална компатибилност, големи се шансите вашата врска да не трае уште многу. Физичката привлечност избледува со текот на времето, па ако немате силна емоционална поврзаност, тоа е јасен знак дека врската нема иднина.rn
9. Не сте на истата страница
rnСите сме во различна фаза од животот и имаме различни приоритети. Можеби сте лудо вљубени еден во друг, но ако сакате различни нешта од животот, не се наоѓате на иста страница. Поради тоа важно е да откриете што бара партнерот од врската. Дали бара нешто колку да го помине времето или сака сериозна врска која има потенцијал? Ако барате нешто сериозно, а партнерот не е заинтересиран за тоа, едноставно не сте на истата страница без разлика колку се сакате.rn
10. Постојано раскинувате и се смирувате
rnАко се најдете во врска полна со проблеми и која изгледа како возење на луда железница, тогаш таа е далеку од стабилна. Потребно е да се запрашате дали ова е тоа што навистина го сакате. Ако сте во врска која постојано ја прекинувате, заедно сте некое време и сè ви изгледа волшебно, сè додека не започнат расправиите, токсичната енергија и раскинувањето, за потоа повторно да се смирите како ништо да не било. Ова изгледа како авантура, но ви ја троши целата енергија. Не треба да останете во врска која повеќе ве троши отколку што ве смирува.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека можеби не треба да ја прекинете вашата врска.


rnrnНо по неколку години возбудата може да избледи и на медениот период да му дојде крај. Во овој случај важно е да обрнете внимание на вашите потреби и на потребите на партнерот, без разлика дали треба да останете дома заедно или да му помогнете во нешто. Нема потреба да се плашите ако сте стигнале до ваква фаза во врската. Ако стабилноста и довербата постојат, ново ниво на удобност ќе почне да се појавува. Погледнете што имаат да кажат шест луѓе во долга врска за одржувањето на медената фаза во врските.rn
rnrnНа пример, можеби партнерот сака да си ги кажете лозинките, а вие не, и ова може да ве стави во тешка положба. Сепак, тоа е ваш телефон, ваш Инстаграм профил, ваш имејл и немате што да криете. Дали има потреба да ја споделите лозинката?rnrnАко воопшто не се согласувате со оваа идеја, а партнерот постојано ве притиска, може да биде тешко да најдете заеднички јазик. Добро е за почеток да се обидите да разберете зошто партнерот го сака тој чекор. Ова барање може да значи неколку нешта за кој било партнер, како на пример, симбол за близина и созревање во врската. Ако барањето е на оваа основа, најдете начин да ја создадете потребната близина така што ќе ви одговара и на двајцата.rnrnНо ова барање може да значи и недостаток на доверба и желба за „душкање“. Ако барањето потекнува од проблеми со довербата, потребно е да најдете што го предизвикало тоа и како одново да ја изградите. Во овој случај можеби и ќе треба да се согласите и да ја кажете вашата лозинка. Кога ќе ја разберете причината на партнерот, ќе знаете и што му е потребно за врската да функционира и дали тоа е нешто што можете да му го дадете.rnrnАко сметате дека партнерот ви бара лозинка затоа што не ви верува, мора да разговарате за тоа Наместо веднаш да се почувствувате повредено или навредено бидејќи партнерот не ви верува, обидете се да ја најдете причината. Можеби проблемот е посериозен отколку што мислите. Откако ќе го разберете партнерот, вам ви е редот да објасните зошто не сакате да си ги кажете лозинките. Можеби едноставно сте личност што ја сака својата приватност и не сакате да споделувате сè.rnrnНа крајот од краиштата, не сте должни никому да ја кажувате вашата лозинка. Ако вашиот партнер има големи проблеми со довербата во врската, тоа е сосема друг разговор. Но ако причината е желба за поврзаност, објаснете му колку ви значи вашата приватност.rnrnПогледнете и кои се 
rnrnФакт е дека имањето емоционална интелигенција може да направи голема разлика кога станува збор за здрава и среќна врска.rnrnЕмоционалната интелигенција можете да ја гледате како покомплексен начин на дефинирање на зрелоста, бидејќи е поврзана и со вашите и со емоциите на другите. Според психотерапевтот Џефри Рубин, емоционалната интелигенција е лична свесност.rn


rnrnТокму во овој момент ќе се соочите со реалноста и ќе можете да одлучите дали навистина ја сакате таа личност. За вистинската љубов се потребни труд и волја да ја покажете дури и кога не се чувствувате постојано така.rnrnУспешните парови го знаат фактот дека за врската е потребна напорна работа, и настојуваат да го прават токму тоа. Сите парови минуваат низ некои чести проблеми, а кога ќе научите како да се справите со нив на здрав начин, ќе уживате во среќна и долга врска што ќе ве исполнува.rnrnПогледнете кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат паровите, и некои едноставни решенија за нив.rn
rnrnНавистина е тешко да го спречите влијанието на анксиозноста во вашата врска. Кога едвај се справувате со состојбата, потребно е да ја искористите целата ваша сила да не направите нешто непромислено.rnrnБез разлика дали вие или вашиот партнер се справувате со анксиозност, важно е да ги знаете честите грешки што ги прават овие луѓе во врските. Ако ништо друго, ќе можете навреме да ја забележите грешката и да ја спречите пред да настане проблем. Ова се петте најчести грешки во врските што ги прават луѓето со анксиозност.rn
