КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • Доколку ги правите овие нешта, никогаш нема да завршите во несреќна врска

    Доколку ги правите овие нешта, никогаш нема да завршите во несреќна врска

    Речиси сите познаваат барем една личност што едноставно знае како да ги одбира партнерите. Секоја врска на оваа личност е прекрасна, а партнерот се однесува кон неа навистина добро. Па, веројатно се прашувате која е тајната на овие луѓе. Овие луѓе знаат како да се однесуваат и имаат неколку правила што не ги прекршуваат. Доколку и вие ги правите следниве нешта, најверојатно никогаш нема да се најдете во лоша врска.rnrnДоколку ги правите овие нешта, никогаш нема да завршите во несреќна врскаrnrn1. Избегнуваат луѓе со ниска самодоверба.rnrn2. Не прифаќаат лошо однесување.rnrn3. Не ги слушаат зборовите, туку ги гледаат делата.rnrn4. Уште на почетокот му даваат до знаење на партнерот дека очекуваат почитување од него.rnrn5. Знаат што заслужуваат и не прифаќаат ништо помалку од тоа.rnrn6.Очекуваат партнерот да се труди околу нив.rnrn7. Кажуваат кога нешто не им одговара.rnrn8. Не брзаат со сексот.rnrn9. Не им е страв да бидат сами.rnrnПогледнете кои се карактеристиките на здравата и среќна врска.

  • 3-те најчести токсични навики во врските и како да се ослободите од нив

    3-те најчести токсични навики во врските и како да се ослободите од нив

    Сите знаеме дека врските не се лесни. Многу луѓе страдаат во нивните врски поради токсичните навики кои одново и одново ги повторуваат. Дури и оние најсвесните имаат проблеми со ова, бидејќи често овие навики се стекнати уште од детството. Погледнете ги 3-те најчести токсични навики во врските, но и како да се ослободите од нив.rnrn3-те најчести токсични навики во врските и како да се ослободите од нивrn

    1. Претерана желба за внимание

    rnВо овој случај едниот од партнерите чувствува дека не поминува доволно квалитетно време со партнерот, додека на другиот му е потребен простор. Поради човечката природа, кога едниот партнер се обидува да се оддалечи, другиот уште повеќе сака внимание. Кога партнерот што сака внимание ќе почне да го искажува тоа, другиот само ќе сака да побегне.rnrnВажно е да знаете дека ова е заеднички проблем. Дали можеби се плашите од емоционално поврзување? Или пак сакате премногу внимание од партнерот бидејќи ви е страв дека ќе ве напушти? Најдоброто нешто што можете да го направите е да престанете да реагирате. Доколку партнерот сака време за себе, овозможете му го тоа. Доколку сака да поминувате повеќе време заедно, испланирајте да се видите. Врските цутат само кога и двајцата партнери покажуваат разбирање за нивните меѓусебни потреби, без разлика како им изгледаат.rn

    2. Родител и дете

    rnАко ги делите трошоците, домот и децата со вашиот партнер, а неговото однесување го сметате за неодговорно, многу лесно може да настане проблем. Можеби не ви се допаѓаат навиките за трошење на партнерот, или пак не ви се допаѓа тоа што го запоставува своето здравје, па често сте присилени да се однесувате како родител.rnrnОд друга страна, можеби сте забележале дека партнерот почнал да ве третира како дете. Без разлика која е ситуацијата, најверојатно ќе страда интимноста во врската. Најдоброто нешто што можете да го направите е да се обидете да воспоставите еднаквост. Наместо да се однесувате како родител и дете, гледајте се како цимери. Кога ќе настане проблем, решавајте го со партнерот, а не самите, бидејќи и двајцата учествувате во врската.rn

    3. Зависност

    rnЗависноста од врската често е карактеризирана со еднострана, емоционално деструктивна динамика. Иако е во ред да ги исполнувате желбите и да ги задоволувате потребите на партнерот, може да почнете да чувствувате дека ви недостига вашето старо јас.rnrnГолема е веројатноста и вашиот партнер да направил некои нездрави жртви во име на вашата врска. Проблемот е што одбивноста се зголемува кога не ги задоволувате и вашите потреби и желби. Најдобар начин да се справите со ова е да одберете едно нешто што сакате да го правите и да го правите еднаш неделно, и притоа да му кажете на партнерот за тоа. Во најдобар случај, одново ќе се откриете себеси и вашата врска, и тоа на многу поискрен и поубав начин.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска ве прави депресивни.

  • 7 видови мажи со кои никогаш нема да бидете среќни во врска

    7 видови мажи со кои никогаш нема да бидете среќни во врска

    Потрагата по вистинскиот партнер може да биде навистина напорна. Бидејќи навидум изборот е голем, навистина е тешко да го одберете правилниот и да откриете дали овој пат станува збор за вистинската љубов. Постојат некои видови мажи на кои воопшто не треба да го трошите вашето време. Најчесто тие нема да се променат, а вие воопшто нема да бидете среќни со нив.rnrn7 видови мажи со кои никогаш нема да бидете среќни во врскаrn

    1. Повредени

    rnОва се мажи на кои во минатото им се случило нешто лошо. На секој од нас му се случуваат лоши работи, но разликата е што овие мажи не го преболeле тоа. Поради ова, никогаш немаат доверба во другите и постојано се огорчени. Речиси е невозможно да ги натерате да се помират со минатото, а тоа не е ни ваша задача. Среќната врска со овие мажи е речиси невозможна.rnrnРеченица што често ја користат: „Сите жени се исти.“rn

    2. Детинести

    rnОвие мажи можат да бидат особено напорни, бидејќи постојано одбиваат да преземат одговорност за нивните постапки и нивниот живот. Во врската со ваков маж ќе треба да се справувате со две личност – маж и дете. Ќе треба да го подготвувате, да внимавате на термините и да ги завршувате сите важни задачи. Можеби на почетокот тоа ќе ви изгледа неважно, но со текот на времето ќе ве измори и ќе ви ја уништи врската.rnrnРеченица што често ја користат: „Ќе можеш ли да ме потсетиш утре дека имам закажано преглед?“rn

    3. Мажи кои не сакаат да се врзат

    rnОвие мажи имаат успешна кариера, добар животен стандард и знаат што сакаат. Проблемот е што најчесто вие не сте тоа што го сакаат. Овој вид мажи не сакаат да се врзуваат за една жена, па прават сè за да го направат тоа. Зборот „брак“ не постои во нивниот речник. Овие мажи постојано се во лов на жени, но бараат само кратки авантури.rnrnРеченица што често ја користат: „Ќе ти се јавам.“rn

    4. Вљубени во себе

    rnЗа овие мажи важи едно нешто – сакаат сите да им се восхитуваат, особено жените. Тие се сакаат себеси повеќе отколку што можат да сакат некоја жена. Тие бараат партнерка која секојдневно ќе им кажува колку се неверојатни, односно партнерка што ќе им го храни егото. Поради тоа, овие мажи најчесто бараат жени со ниска самодоверба, коишто можат да ги манипулираат.rnrnРеченица што често ја користат: Сè што започнува со „Јас“.rn

    5. Играчи

    rnКај овие мажи постои опасност да ви го скршат срцето бидејќи навистина знаат да глумат. Тие се шармантни, користат слатки зборови, внимателни се и се вистински професионалци за давање комплименти. Но ова е сè додека не завршите во неговиот кревет. Тогаш ќе се покаже и неговото друго лице – ќе стане недостапен, нема да ви се јавува и нема да покажува интерес. Проблемот е што веќе сте се вљубиле во него.rnrnРеченица што често ја користат: „Сега не сум подготвен за врска.“rn

    6. Користољубиви

    rnОвие мажи се особено опасни бидејќи покрај срцето, можат да ви ги украдат и парите. Најчесто тие се движат околу жени кои имаат пари, кои лесно веруваат или кои се осамени. Овие мажи се навистина шармантни и слаткоречиви. Поради ова, релативно брзо постигнуваат успех. Штом еднаш ќе западнете во неговата стапица, тој ќе почне да бара финансиска помош од вас, секогаш со ветување дека ќе ви врати. Се разбира, тоа никогаш нема да се случи.rnrnРеченица што често ја користат: „Ако ме сакаш, ќе ми помогнеш.“rn

    7. Мажи што бараат изговори

    rnЗа овие мажи сè е возможно – деца, венчавка, големи патувања… Проблемот е што колку повеќе зборуваат за големи планови, толку побрзо наоѓаат изговори да не ги направат. Овие мажи никогаш не ги исполнуваат нивните ветувања.rnrnРеченица што често ја користат: „Ќе има подобра прилика.“rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во врска со маж кој сака да ве направи среќни.

  • 10 интересни факти за врските што би требало да ги знаете

    10 интересни факти за врските што би требало да ги знаете

    Речиси секој бил во врска, а можеби и повеќе, и научил некои работи од искуствата. Но понекогаш имаме погрешни верувања и мислења за тоа како треба да изгледа некоја врска, а ова незнаење често може да биде штетно за односот со партнерот. Па затоа погледнете ги 10-те факти за врските коишто би требало да ги знаете.rnrn10 интересни факти за врските што би требало да ги знаетеrn

    1. Не можете да гледате низ очите на партнерот бидејќи сте различни

    rnВие и вашиот партнер сте различни и тоа генетски, физички, психолошки и лично. И покрај вашите разлики, потребно е да се прилагодите на вашите начини на размислување и делување.rn

    2. Љубовта не е исто со вљубувањето

    rnМногу луѓе не можат да одредат колку е успешна нивната врска бидејќи не им е јасно чувството на вљубување. Вљубувањето е првата фаза од љубовта. После него, дивата страст станува длабока и долготрајна посветеност. Ова е возбудливо, но не е секогаш толку драстично.rn

    2. Во добра врска, партнерите ги прифаќаат нивните разни погледи

    rnПостојат нешта за кои ќе имате несогласувања со партнерот и никогаш нема да ги решите. Па, треба да прифатите дека едноставно нема да се согласувате во сè. Дури и ако не можете да го решите проблемот, сепак можете да најдете решение на емоционално ниво.rn

    4. На партнерите не им се неопходни заеднички активности

    rnДобро е да имате интересно хоби, но не треба да присилувате некое за да ја направите врската подобра. Сигурно имате многу заеднички нешта со партнерот, а за некои не сте ни свесни. Правете ги овие работи заедно и живејте го заедничкиот живот.rn

    5. Несогласувањата им припаѓаат на добрите врски

    rnНесогласувањата во врските не се толку лоши доколку следите неколку заеднички правила. Не грижете се за тоа колку често се расправате, бидејќи тоа не е показател за стабилноста и квалитетот на врската. Споровите всушност можат да го подобрат квалитетот на врската. Проблемите најчесто настануваат кога ги потиснувате вашите мислења и ставови.rn

    6. Не можете да му кажете што било на партнерот

    rnВо врската од голема важност е да размислите за нешто пред да го кажете на глас. Доколку го повредите партнерот со зборови, може да направите непоправлива штета. Ако се сомневате дека она што ќе го кажете може да ја сруши довербата на партнерот во вас, најдобро е да размислите пред да преземете нешто.rn

    7. Добриот секс е еден од столбовите на врската

    rnВо повеќето ситуации водењето љубов е симбол на заемно давање, примање и доверба. Кога љубите, вие сте најчувствителни и му дозволувате на партнерот да ви се приближи. Потребно е помеѓу вас да постои хемија што прави да се чувствувате повеќе од пријатели.rn

    8. Во совршената врска и двајцата партнери имаат недостатоци

    rnЧесто се мисли дека ако некоја особина на личноста значително се разликува од вообичаеното, тоа мора да биде лошо за партнерот. Но ако недостатоците на партнерот не ве навредуваат или повредуваат, можете или да имате влијание врз нив, или едноставно да научите да живеете со нив.rn

    9. Совршената врска може да се постигне на многу начини

    rnНе постои ниту еден правилен начин за тоа како треба да изгледа врската. Исто така постојат безброј начини за справување со проблемите и нивно решавање. Постојат и многу начини за покажување поддршка и љубов. Најважното е да го најдете вашиот начин и да го применувате. Функционалноста значи да ги постигнете посакуваните резултати на ваш начин.rn

    10. Менувањето на врската започнува со вас

    rnЉубовта не значи да најдете личност која ќе ви го направи остатокот од животот среќен. Дали некогаш сте помислиле дека ако можете да ги промените размислувањата, чувствата и однесувањето на партнерот, вашата врска би бил подобра? Најважната личност на којашто можете да влијаете сте вие самите. Најдете ја вашата вредност. Не можете да го контролирате партнерот и неговата задача не е да ви го направи животот подобар, вие самите сте одговорни за тоа.rnrnПрочитајте ги и овие факти за љубовта од кои ќе научите многу.

  • Зошто е добро да поставувате цели во врската?

    Зошто е добро да поставувате цели во врската?

    Љубовта е романтична, топла и забавна, но тоа што обично не го поврзуваме со романтичните врски е достигнувањето.rnrnЗошто е добро да поставувате цели во врската?rnrnИма нешто во комбинирањето на целите, напредокот и достигнувањето со врските што им е одбивно на луѓето. Во овој случај се чувствуваме како да сме прекршиле некој свет закон за зачувување на чистата љубов.rnrnОва размислување ве тера и да верувате дека врските треба да бидат како совршено попладне поминато на плажа. Вистината е дека врските се како луда железница и понекогаш не можете да се задржите на шините. Потребно е напорно работење за здрава врска, а колку повеќе работите, толку посилна станува врската.rn

    Зошто поставувањето цели во врската може да биде нешто добро?

    rnЦелите во врската се заеднички цели што ги споделуваат партнерите со цел да подобрат некој аспект од нивната врска, како на пример:rn

      rn 011

    • Подобрување на комуникацијата така што и двајцата се чувствуваат слушнати и сакани.
    • rn 011

    • Безусловна поддршка.
    • rn 011

    • Спречување на расправите за одредено нешто што постојано поттикнува конфликт.
    • rn 011

    • Градење подобра врска со родителите на партнерот.
    • rn 011

    • Станување поздрави или поактивни заедно.
    • rn

    rnПоставувањето цели во врската ќе ви помогне да се фокусирате на напредокот на врската, наместо на крајната цел. Многу врски слабеат откако партнерите ќе стапат во брак, бидејќи постои нереално верување за тоа што треба да се случува во бракот. Често партнерите веруваат дека бракот бил некоја неверојатна крајна цел којашто ќе трансформира сè и ќе ги направи совршено среќни.rnrnНо, врските се исто како и животот – бараат постојан и долгорочен труд за да останат здрави и цврсти. Целите во врската не само што постојано ќе ја подобруваат врската, туку го насочуваат вниманието кон самиот напредок. Ова е важно бидејќи се чувствуваме среќно кога напредуваме. Колку сме среќни во даден момент зависи директно од тоа колку мислиме дека напредуваме. Доколку имаме чувство дека постои напредок во приватниот и во професионалниот живот, речиси секогаш сме среќни.rn

    Како да се поддржувате еден со друг и како да ги постигнете целите во врската?

    rnАко сакате да им дадете шанса на целите во врската, добро е да знаете како да се поддржувате еден со друг додека работите на тоа.rn

      rn 011

    • Осигурете се дека сте усогласени: И двајцата треба да ги знаете вашите лични цели, покрај оние во врската и да ги поставувате заедничките според нив.
    • rn 011

    • Направете систем за одговорност: Потребно е да бидете одговорни кон себе и еден кон друг, бидејќи во спротивно нема да ги исполните вашите цели. Секогаш треба да го оценувате вашиот перформанс и напредок и да ги правите потребните промени.
    • rn 011

    • Осигурете се дека целите ве прават среќни: Вашите цели треба да прават да се чувствувате подобро и посреќно со себе и со врската. Ако не ве прават посреќни, тогаш која е целта?
    • rn 011

    • Направете ги целите остварливи и мерливи: Вашите цели треба да бидат мерливи, односно јасно да знаете кога сте ги постигнале и кога не сте ги постигнале. Исто така треба да бидат и остварливи. Потребно е да напредувате, но не и да се обесхрабрите поради некоја недостижна цел.
    • rn 011

    • Славете ги достигнувањата: Доколку сте направиле големо достигнување или сте забележале некаков напредок, прославете го за да се охрабрите да продолжите со напорната работа.
    • rn

    rnВрските бараат многу работа. Но ако го сакате вашиот партнер и ако сакате да го поминете животот со него, потребно е да ги преземете потребните мерки за да ја направите врската силна. Поставувањето цели во врската е одлична алатка за тоа.rnrnПогледнете и кои се значајните цели во врските кои не се поврзани со веридба или свадба.

  • 4 јасни знаци дека вашата врска е далеку од совршена

    4 јасни знаци дека вашата врска е далеку од совршена

    Без разлика колку компромис и попустливост бара љубовта кон некои навики на партнерот, постојат работи кои едноставно не треба да ги толерирате. Се разбира, не сте само вие личноста која трпи нешто бидејќи и вие сте склони кон грешки кои партнерот можеби ви ги простува. Но доколку некои ситуации постојано се повторуваат, не треба да живеете во заблуда дека вашата врска е совршена. Ова се знаците што покажуваат дека помеѓу вас и вашиот партнер постојат многу проблеми.rnrn4 јасни знаци дека вашата врска е далеку од совршенаrn

    1. Вашите потреби ви се подеднакво важни

    rnЗдравата врска подразбира и на двајцата да ви биде убаво и заедно да уживате во неа. Па, немојте да ги ставате потребите на партнерот пред вашите, односно немојте постојано да го правите тоа. Врската е терен на кој и двете страни треба подеднакво да уживаат. Доколку партнерот е вашиот приоритет, треба и вие да бидете негов. Во спротивно не би требало да бидете пар, бидејќи кога сте сами, секој си е свој приоритет.rn

    2. Партнерот не стои зад неговите зборови

    rnМожеби ги решавате сите проблеми со мирен разговор. Кога ќе му кажете на партнерот каде погрешил, тој можеби ви ветува дека тоа нема да се повтори, но ова секогаш се само празни ветувања. Ова е ситуација којашто ќе ви помогне да сфатите дека вашиот партнер не е личност којашто си стои на зборот. Со него не можете да ја планирате заедничката иднина.rn

    3. Секогаш имате оправдување за постапките на партнерот

    rnНаместо постојано да барате оправдување за неговото сè почесто несоодветно однесување, време е да кажете доста и да му дадете до знаење каде греши. Ако партнерот не е подготвен да се обиде да ги промени лошите навики со цел да ја подобри врската, тоа значи дека не му е многу грижа за вас и дека смета дека тој е најважен.rn

    4. Повеќе немате самодоверба

    rnКога сте во здрава и среќна врска ќе блескате со самодоверба. Но, лошата врска има целосно спротивно влијание на вас. Доколку врската во којашто сте не ви одговара, потребно е за вашата, но и за среќата на партнерот да ставите крај.rnrnНема потреба да се лажете дека сте во среќна врска кога всушност не сте. Најважно е да се почитувате и да се сакате себеси. Што побрзо свртите нова страница, толку побрзо ќе ви се пружат нови можности за среќа.rnrnПогледнете и кои се проблемите во врската што едноставно не можете да ги решите.

  • 13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската

    13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската

    Дали сите ваши врски почнуваат среќно и со ентузијазам, но секогаш се претвораат во токсични? Дали постојано го одбирате погрешниот партнер? Доколку се пронајдовте, можеби треба да размислите за вашето однесување со цел да го прекинете овој циклус. На овој начин можеби ќе откриете дека всушност вие имате нездрави навики кои ја влошуваат секоја ваша врска. Погледнете ги знаците кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врските.rnrn13 знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врскатаrn

    1. Сакате да контролирате

    rnПостои разлика помеѓу тоа да имате самодоверба и да сакате да контролирате. Во вториот случај вие се однесувате како супериорна личност во врската и се обидувате да го доминирате партнерот. На овој начин ја претворате динамиката на врската во игра за моќ, наместо да ја направите место за споделување љубов и грижа. Вие ја гледате врската како начин да го нахраните вашето его и да ја зголемите вашата самодоверба.rn

    2. Сакате работите да се одвиваат по ваше

    rnОваа стратегија нема да функционира доколку сакате среќна и долга врска. Секој има нешта што ги сака и што не ги сака, но доколку не можете да направите компромис со партнерот и сакате да бидат исполнети само вашите желби, партнерот ќе почне да се оддалечува од вас. За здрава врска се потребни двајца кои ќе работат како тим.rn

    3. Немате граници или не ги почитувате границите на партнерот

    rnДоколку не можете да си поставите и граници и не можете да ги почитувате оние на партнерот, врската брзо ќе се претвори во токсична. Еден пример за ова е преминување на сексуалните граници – доколку не ги почитувате желбите на партнерот за тоа дали сака или не сака интимен однос, вие ја преминувате неговата граница.rn

    4. Премногу се обидувате да го промените партнерот

    rnМожете да му понудите совети на партнерот за неговите животни одлуки, но не можете да го присилите да го прави она што вие го сакате. Ако се обидувате да ги оформите мислите, емоциите и однесувањето на партнерот според вашите желби, вие сте навистина манипулативна личност. Само барате начин да се чувствувате подобро, а тоа нема никаква врска со љубов или интимност.rn

    5. Се грижите само за вашите потреби

    rnАко сте опседнати само со себе и не ви е грижа за ништо друго освен за вашите потреби, тогаш вие сте токсичниот партнер во врската. Мислите дека вашите желби се најважни и дека целиот свет се врти околу вас. Немате време и енергија за да го прашате партнерот што всушност сака. Во љубовта не треба да мислите само на себе и на вашето добро, туку и на доброто на партнерот.rn

    6. Се воздржувате емоционално

    rnКога на партнерот му е потребна утеха или поддршка, дали се воздржувате? Ако го правите ова за моќ или бидејќи не сте во допир со вашите чувства, мора да работите на себе. Оваа одлика воопшто не ви е од корист и може да го натера партнерот да се повлече и со текот на времето да ѝ стави крај на врската.rn

    7. Ги минимализирате чувствата и емоциите на партнерот

    rnОва е навистина токсичен вид манипулација. Вашиот партнер има право да ги покаже неговите чувства, без разлика колку непотребни и незначајни ви изгледаат. Ако ви е неудобно да се справите со интензивните емоции на партнерот, подобро дајте му простор наместо да го убедувате дека неговите чувства не се важни.rn

    8. Користите техники за манипулација за да го добиете она што го сакате

    rnДоколку користите техники за манипулација како наметнување вина или слично, вие сте токсичниот партнер. Доколку го навредувате партнерот или го повредувате физички во текот на расправа, добро размислете за вашето однесување. Тоа е неприфатливо во секоја врска.rn

    9. Предизвикувате страв кај вашиот партнерот

    rnДали партнерот ви кажал дека сте непредвидливи или дека не знае како да се справи со вас? Дали ви кажал дека вашите испади и повлекувања го плашат? Дали сметате дека ова е само негово мислење и дека сте навистина добра личност? Во овој случај вашиот партнер веројатно е во право. Секој од нас има одлики за коишто не е ни свесен, но другите ги забележуваат. Па доколку партерот ви каже дека сте нечувствителни и понекогаш злобни, можеби треба да размислите за вашето однесување.rn

    10. Не знаете како и кога да признаете дека грешите

    rnНикој не е совршен и сите правиме грешки. Но, доколку немате храброст да ја признаете вашата грешка и да ја преземете одговорноста, вие ја правите врската токсична. Доколку сте слепи кон вашите грешки и го обвинувате само партнерот, врската се претвора во борба за моќ.rn

    11. Несигурни сте и зависни од партнерот

    rnДали целиот ваш живот се врти околу партнерот? Дали постојано го проверувате? Дали постојано мислите каде е и со кого е? Несигурноста и зависноста од партнерот кога-тогаш ќе ве стигнат. Партнерот ќе почне да се чувствува згушено во врската и ќе побара начин да излезе од неа.rn

    12. Не можете да ја контролирате љубомората

    rnДоколку постојано барате внимание од партнерот или сте љубоморни кога е излезен со некој друг, тогаш му ја крадете слободата. Во врската ниту еден од партнерите не треба да се чувствува како затвореник.rn

    13. Барате премногу внимание и признание

    rnДоколку сте несигурни и барате признание од партнерот дури и за најмалите нешта, вие сте токсичен и зависен партнер, а не зрела и независна личност. Во здравата и зрела врска има двајца возрасни кои треба да преземаат одговорност за нивните чувства и постапки и да не очекуваат партнерот да завршува сè за нив.rnrnПогледнете ги и знаците кои укажуваат на токсична врска.

  • 6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врска

    6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врска

    Можеби барате начин да го оправдате незадоволството во вашата врска. Можеби се држите подалеку од партнерот бидејќи ви е страв од интимност или предавство. Без разлика која е причината, доколку сте незадоволни од врската голема е веројатноста да делите некое од следниве мислења. Овие мисли нема да ги слушнете од луѓе кои се задоволни и среќни во нивната врска.rnrn6 нешта што никогаш нема да ги кажете доколку сте задоволни од вашата врскаrn

    1. Нормално е да престане возбудата

    rnПочетната страст брзо минува и треба да помине. Но нереално е и да очекувате нештата да останат удобни, да се воспостави рутина и да нема никакви драми и конфликти. Ако сакате однос без проблеми, нереални сте. Ако сметате дека страста и чувствата кон партнерот носат проблеми кои сакате да ги избегнете, тогаш чувствувате страв.rn

    2. Поважно е да бидете практични наместо среќни

    rnДоколку верувате во ова, тоа значи дека ги жртвувате чувствата и останувате во врска поради некој интерес. Можеби немате за што да му замерите на партнерот – тој е добар, вреден, ве сака… Но проблемот е што не ви се допаѓа, досадно ви е со него, немате заеднички интереси и само го трпите интимниот однос. Причината за којашто сте во врска е сосема практична, но ако целиот живот верувате дека не треба да го слушате вашето срце и ако не размислувате дали партнерот заслужува некој што вистински ќе го сака, животот ќе ве тера одново и одново да се обидете да сфатите што е навистина важно.rn

    3. И двајцата работите многу

    rnНормално е, возрасни сте и имате работа. Но ако не наоѓате време еден за друг, тогаш не само што сте изложени на повеќе стрес, туку и вашата работа ви е поважна од партнерот. Можеби и на двајцата ви одговара тоа – имате некого, не сте сами и можете да кажете дека водите нормален живот. Но ако во врската не ја вложувате истата енергија како и во работата, понекогаш ќе заборавате дека сте во врска и ќе живеете како да сте сами. Врската нема самата да се одржува и наскоро ќе се распадне. Со текот на времето некој од вас ќе почувствува потреба за подлабок однос и ќе си замине.rn

    4. Не сакате да го вознемирувате партнерот со вашите проблеми

    rnНе е добро да бидете зависни од партнерот и да не можете сами да ги решите проблемите. Но исто така не е добро ни кога од него ги криете вашите грижи и проблеми. Можеби не очекувате поддршка бидејќи имате лошо искуство и мислите дека самите треба да водите сметка за себе. Но доколку не можете да му ги доверите проблемите на партнерот, најверојатно вашиот однос не е во ред.rn

    5. Му верувате на партнерот, но не и на другите покрај него

    rnОва најчесто го мислат љубоморните и несигурните личности кои мислат дека нивниот партнер е во нивна сопственост и треба да го бранат и да го чуваат. Најчесто веруваат дека нивниот партнер не може самиот да се грижи за себе. Можеби вашиот партнер навистина е привлечен, но ако не можете да му верувате само ќе го влошите вашиот однос. Важно е да знаете дека неговиот избор сте вие, исто како што и вие сте го избрале него. Како што вам никој не може да ве украде од него, истото важи и за партнерот.rn

    6. Понекогаш мора да бидете себични

    rnОва е само оправдување за сопствената себичност која инаку не би ја толерирале кај партнерот. Навистина е тешко да се поднесе себичноста, па во врската треба да научите да правите компромис, а не да мислите само на себе. Кога од партнерот очекувате и барате да ве стави на прво место, а вие не го правите истото за него, можеби во прашање е некоја несигурност и потреба од туѓо признание. Ова никогаш нема да ви донесе задоволство во врската.rnrnПогледнете и како да препознаете дали караниците во врската се знак дека треба да раскинете.

  • Зошто не треба постојано да им удоволувате на другите?

    Зошто не треба постојано да им удоволувате на другите?

    Секој од нас сака да биде безбеден, сакан и прифатен. Некои луѓе сметаат дека најдобриот начин да го постигнат ова е да ги тргнат на страна нивните чувства и да дозволат чувствата и потребите на некој друг да им бидат приоритет. Ова можеби функционира некој период и има помалку надворешни конфликти, но она што се зголемува е внатрешниот конфликт.rnrnЗошто не треба постојано да им удоволувате на другите?rnrnОваа стратегија може да создаде многу проблеми. Можеби ќе работите понапорно со цел да го задоволите шефот, но тој воопшто да не го забележи тоа, или пак да сфатите дека работите нешто што не го сакате. Можеби постојано сте достапни за вашите семејство и пријатели и да не ви се допаѓа што само вам ве викаат кога е потребна помош.rnrnМоже да страда и љубовниот живот. Можеби постојано му давате сè на партнерот, но сепак се чувствувате неважно и вашите потреби никогаш не се задоволени. Можеби помислувате да ставите крај на ова однесување, но понекогаш се чувствувате дека мора да изберете дали ќе се жртвувате себеси или врската.rn

    Полесно е само да го прифатите тоа

    rnВеројатно често се чувствувате заробено, но веќе сте навикнати на тоа. Ако погледнете наоколу ќе забележите дека сепак постојат луѓе кои се сакани, а не ги задоволуваат сите. Можеби знаете и некој кој може да одбива покани и понуди, а сепак да е добар и сакан. Кога ќе го забележите ова, сигурно ќе се запрашате како сте се нашле сред овој неред.rnrnИако постојат луѓе кои одбираат да соработуваат и да бидат добри, вие се чувствувате како да немате избор. Вам ви е страв дека доколку одбиете некого, ќе страда врската, а вината и стравот од одбивање ќе ве преплават. И секој пат ви станува полесно само да се согласите и да прифатите, наместо да истапите за себе.rn

    Започнува од детството

    rnНекои деца сметаат дека безусловното исполнување на родителските желби е најбезбеден начин да преживеат во светот на моќните возрасни и најдобриот начин да ги добијат потребните љубов и прифаќање од родителите. Можеби родителите имаат високи очекувања, премногу критикуваат, имаат строги правила, не ја покажуваат нивната љубов, или ги казнуваат децата за нивните „грешки“. Кога родителската дисциплина е нефер и непредвидлива, децата учат да бидат внимателни за да ја избегнат.rn

    Доколку постојано ги задоволувате другите, ќе платите

    rnЗа жал ова однесување само прави да се оддалечите од себеси. Главното верување што го имате е дека вие сте личност што другите не ја сакаат. Па според вас, вашата вредност зависи од тоа колку некој ве сака. Имате потреба да бидете прифатени, разбрани, потребни и сакани. За вас најважно е да ги зачувате врските и ги отстранувате карактеристиките што не ѝ служат на таа цел. Го потиснувате гневот, секогаш се согласувате со другите и едноставно немате ваше јас. И најмалиот поглед со разочарување може целосно да ве обесхрабри.rnrnМожно е дури да верувате и дека немате никакви права. Се чувствувате виновно кога ќе покажете некоја потреба. Сметате дека е себично да направите нешто за себе. Можеби сте биле наречени себични од себичен родител или партнер. Вашиот страв од напуштање е толку силен што повеќе сакате да останете во лоша врска наместо да си заминете.rnrnНе сте свесни дека секој пат кога криете кои сте за да задоволите некој друг, се откажувате од почитта кон себе. Во процесот сè повеќе и повеќе се губи вашето вистинско лице. Сте ги жртвувале вашите потреби и желби толку долго што веќе не знаете ни кои се.rn

    Можете да се промените

    rnМожно е да се промените и да го најдете вашиот глас, вашата моќ и вашата страст. Можете да ги откриете вашите чувства и потреби и да ризикувате да ги задоволите. Тогаш ќе станете свесни за вашата вредност и ќе се ослободите од срамот кој не ни знаете дека го чувствувате.rnrnПогледнете и како да се ставите на прво место.

  • Според науката, партнерите кои се шегуваат едни со други имаат подобри врски

    Според науката, партнерите кои се шегуваат едни со други имаат подобри врски

    Замислете си дека сте во врска со личност која има сè што сте посакувале – грижлива е, добра е со вашите пријатели и семејство, има добра работа, одговорна е и изгледа одлично. Но, оваа личност воопшто не може да поднесе доколку направите шега на нејзина сметка. Можеби мислите дека ова не е проблем, но истражувањата покажале дека најсреќните парови се оние кои се шегуваат меѓу себе и кои можат да прифатат шега на нивна сметка.rnrnСпоред науката, партнерите кои се шегуваат едни со други имаат подобри врскиrnrnИстражувачот Џефри Хол од Универзитетот во Канзас спровел 39 различни истражувања во рок од 30 години, во кои учествувале 15.000 луѓе. Цели три децении тој ги анализирал врските со цел да открие што го одредува нивниот успех или неуспех.rnrnСпоред Џефри, не е доволно да барате партнер само со смисла за хумор, бидејќи тоа е премногу субјективно. Потребно е да најдете личност која има иста смисла за хумор како и вашата.rn

    „Луѓето велат дека сакаат смисла за хумор кај нивниот партнер, но тоа е широк концепт. Тоа што луѓето мислат дека сте смешни или што можете да направите шега од сè, не е силно поврзано со задоволството во врската. Она што е силно поврзано со задоволството во врската е хуморот што парот го создава заедно.“

    rnКлучното нешто во неговите истражувања е токму тоа – хуморот што парот го создаваат заедно. Креирањето нешто и внатрешните шеги се она што е потребно за силна врска.rn

    „Замислете си дека вие и вашиот партнер имате чудна смисла за хумор, но романтичните комедии и сериите не ви мамат реакција… Тоа не значи дека некој стил или смисла за хумор е подобар или полош. Она што е важно е тоа и двајцата да го сметате чудниот хумор за смешен. Ако ги споделувате нештата што ви се смешни, вие ја потврдувате врската преку смеа.“

    rnЏефри исто така истакнал дека паровите кои можат да се смеат едни на други градат одредена безбедност помеѓу нив. Ако на пример вашиот партнер ви каже слатка шега за нешто за коешто сте несигурни, ќе знаете дека тој е свесен за вашите несигурности, но и дека ги прифаќа.rn

    „Игривоста помеѓу романтичните партнери е клучен дел во поврзувањето и воспоставувањето на сигурноста во врската. Заедничкото смеење е особено важен индикатор на романтична поврзаност помеѓу двајца потенцијални партнери.“

    rnДоколку мислите дека шегувањето може да биде прикривање на вербално малтретирање, Џефри има совет и за тоа.rn

    „Имањето агресивна смисла за хумор е воглавно лош знак за врската, но полошо е ако стилот е користен во врската. Ако мислите дека вашиот партнер кажува злобни шеги, веројатно сте го виделе тоа од прва рака во вашата врска.“

    rnДобрите шеги се совршеното нешто за вашата врска. Па ако најдете некој кој ја има истата смисла за хумор со вас и може да ги прифати шегите на негова сметка, веројатно ве очекува неверојатна врска.rnrnПогледнете ги и причините зошто будалестите парови имаат најцврста љубовна врска.