Ако сте Бик во хороскоп постои голема веројатност дека сте неизмерни во давањето љубов, но исто така дека вашата поддршка и помош кои му ги давате на партнерот може да делуваат загушувачки. Научете како да постигнете баланс во врската, а започнете со тоа што подобро ќе се проанализирате себеси.rnrn
rnrnВие се однесувате ладно и формално со оние што пробуваат да ви се доближат, па дури и во случаите кога сте во подолга врска. Премногу се пазите и не дозволувате никому да влезе во вашиот внатрешен свет. Мислите дека ако го направите тоа, ќе му овозможите некому да ве повреди. Вистина е дека најдобро се поврзувате преку допир, но длабоко во себе сте безнадежен романтичар кој копнее да се поврзе со некого емотивно. Вашата врска нема да го достигне тоа ниво додека не ги срушите вашите лични ѕидови. Дозволете му на партнерот да ја види вашата нежна душа. Покажете му што има позади тој страв од емотивна интимност и ранливост. Имате големо срце, но лесно го затворате, па затоа може да ги пропуштите добрите работи.rnrnПотребно ви е многу време за да го дадете вашето срце некому, но кога ќе го направите тоа вие сте грижлив, дарежлив и пожртвуван партнер. Вие сте еден од најдоверливите партнери во Зодијакот. Премногу сакате да му помогнете на партнерот на кој било начин и да му овозможите сè што ќе посака. Го правите тоа без задршка, без разлика дали се работи за физичка или материјална помош или пак за емотивна поддршка, затоа што имате вродена потреба да бидете некому потребни. Но, гледајте вашата добрина да не биде сфатена како слабост затоа што може брзо да се почувствувате нелагодно и искористено. Може и да го одбиете партнерот со вашата добродушност (ако претходно не го загушите со вашето однесување).rnrnКако и да е, понекогаш очекувате нешто за возврат за вложениот труд и слатките романтични гестови. Дали вашата дарежливост произлегува од нескротливата потреба да давате? Или затоа што сакате нешто да добиете? Не ја давајте љубовта како нешто безначајно и не ризикувајте партнерот да се посомнева во искреноста на вашето срце во иднина.rnrnНајчесто манипулирате затоа што не можете да се одделите од вашата визија за себе дека сте совршени. Престанете да го контролирате секој аспект од вашата врска. Мислите дека на тој начин ќе ја зачувате, но грешите. Престанете да бидете толку доминантни заради стравот од загуба на емотивната стабилност која врската ви ја дава. На тој начин правите вашиот партнер да се чувствува контролирано и го оттурнувате од себе. Ако не олабавите, тоа ќе стане токсично. Оставете ги работите природно да течат. Вашата врска не е диктатура. Слушајте го вашиот партнер и разберете го него и неговите потреби. Престанете да размислувате за тоа што може да добиете од вашата врска и почнете да размислувате што ви треба на двајцата. Не се врзувајте со условите, на тој начин пропуштате прекрасно емотивно патување со вашиот сакан.rnrnНаучете да правите компромис и откажете се од тоа секогаш да биде по ваше. Вашиот партнер нема намера да ве навреди кога ќе ви се спротивстави. Навикнете се и на одбивање и признајте кога не сте во право. Силен Бик сте, па затоа искористете ја вашата сила да се извините за вашите грешки и простете ги тие на партнерот.rnrnПремногу сте љубоморни и го третирате партнерот како ваша сопственост или како награда што сте ја добиле. Вашата посесивност загушува, па затоа верувајте му повеќе. Оставете му простор и овозможете му и тој да донесува сопствени одлуки во и надвор од врската. Вашиот страв од напуштање е неоснован. Ако му оставите простор на партнерот за да му недостигате така и ќе биде. Тој нема нигде да замине и тоа треба да го прифатите.rnrnСе нервирате кога се чувствувате како да не ве слушаат, но тоа го криете. Трпите додека не избувнете или едноставно го напуштате партнерот. Не кажувајте навредливи зборови кога сте лути или повредени. Смирете се. Немојте да се оддалечувате или да го збунувате партнерот. Споделете ги чувствата пред да станат работите сериозни.rnrnИзлезете од вашата комфорна зона. Мразите промени, се држите до вашата рутина, но на вашата врска ѝ требаат нови искуства. Не заглавувајте во рутина и размрдајте ги нештата со тоа што нема да се сфаќате себеси премногу сериозно.rnrnОсудата на секого околу вас не е ваша работа, но некако вие тоа секогаш го правите. Престанете да му судите на вашиот сакан, бидете слободоумни и сфатете дека работите не се секогаш црно-бели. Прифаќајте ги неговите ставови и верувања дури и кога не се како вашите.rnrnВие сте проникливи и може да ги откриете тајните на другите. Подоцна тоа го користите во ваша одбрана ако затреба, дури и кога се работи за нешто што го повредува другиот. Не ја издавајте довербата на партнерот на тој начин затоа што така тој ќе се затвори и нема да ви кажува сè.rnrnАко себеанализита ви ги повреди чувствата, можеби ќе се разведрите ако продолжите со читање за 7-те причини поради кој е добро секој да има Бик во својот живот.
Tag: врски
-

Како Бикот може да стане подобар партнер во врската?
-

Зошто врските се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите?
Постојат многу причини зошто љубовните врски се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите години од животот. Меѓу останатото, партнерите се позрели и знаат што сакаат, па се одбегнуваат несакани кавги и непријатни моменти кои се секојдневни во врските за време на дваесеттите.rnrn
rnrnВо дваесеттите години имате повеќе слободни пријатели, поголема енергија, почесто излегувате и запознавате нови луѓе речиси секојдневно. Иако изгледа дека полесно може да се најде љубов во дваесеттите поради овие работи, мора да се признае дека врските најчесто се несериозни во овој период. Но, кога ќе влезете во третата деценија, за вас започнува нова фаза од животот во која може да очекувате многу поедноставни и посериозни врски. Зошто е тоа така?rn1. Подобро знаете што сакате
rnВо триесеттите години подобро се познавате. Многумина се чувствуваат изгубени во дваесеттите, па затоа прават грешки во љубовта кои не би ги направиле подоцна.rn
2. Полесно ви е да му поставувате какви било прашања на партнерот
rnСега не се срамите да бидете директни. Згора на тоа, сакате да му поставувате секакви прашања на партнерот бидејќи знаете дека е подобро порано да ги дознаете сите можни негативни детали.rn
3. Сте научиле многу од своите претходни грешки
rnСите претходни проблеми и грешки кои сте ги направиле во љубовните врски сега се исплатат. Сега знаете на што треба да внимавате и не ги повторувате истите грешки.rn
4. Знаете дека не треба да трошите време на нешто што од почетокот не ви изгледа сигурно
rnСекој од нас премолчил за одредени работи бидејќи сме одбивале да си признаеме дека треба да ставиме крај. Во триесеттите години, тоа се случува многу поретко.rn
5. Го цените сопственото време
rnСега знаете дека треба да посветувате време на себе, но го цените и времето на останатите. Тоа ве прави посреќни и влијае позитивно на вашите љубовни односи.rn
6. Знаете дека не треба да најдете партнер „само за да не бидете сами“
rnВеќе е застарено мислењето дека не треба да се биде сам во триесеттите. Досега научивте дека е подобро да се биде сам отколку да се биде несреќен.rn
7. Имате многу поголемо искуство за сѐ
rnСите претходни врски ве научија на многу работи кои ги применувате во сегашните врски.rn
8. На поранешните партнери гледате како на „научена лекција“ со која подобро се разбирате себеси
rnПовеќе не гледате на поранешните партнери како на „непријатели“ кои ви го уништиле животот, туку на луѓе со кои во тој момент сте се чувствувале добро и кои ви помогнале да созреете на одреден начин.rn
9. Не се плашите доколку врската напредува брзо бидејќи вие го одбирате темпото
rnМожеби разговорот за заеднички живот со партнерот во дваесеттите ве плашеше, но тој е вообичаен во триесеттите и тоа е добро. Впрочем, сега знаете дека некои чекори кои ви изгледале големи претходно всушност се потребни во некои врски.rnrnСледно, прочитајте кои се и какви се најсреќните врски?
-

Како да ги зацврстите односите со луѓето околу вас за само една минута?
Од нас се очекува да се социјализираме и да одржуваме здрави врски со различни индивидуи од нашето опкружување. Секој ден сме приморани од одиграме некоја социјална улога: ќерка или син, сестра или брат, сопруг, сопруга, колега, комшија, купувач во продавница, патник во средство за јавен превоз итн. И во секоја социјална ситуација се однесуваме поинаку: она што е природно за со едни луѓе е тотално неприфатливо за со други. Затоа е важно да одржуваме рамнотежа и да не поминуваме одредени граници. Сепак, одржувањето добри односи е работа.rnrnВи претставуваме неколку едноставни начини кои од вас нема да бараат нешто посебно да се заложите, но сепак во извесна мера ќе ви помогнат за кратко време да ги зајакнете вашите односи со саканите луѓе околу вас.rnrn
rnСо сопругот/сопругата
rnЈавете му се на вашиот партнер или испратете му порака без никаква причина. Со самото тоа што одеднаш сте посакале да ѝ напишете нешто на вашата драга личност покажувате колку таа ви значи или ви недостига. Само неколку секунди – и вашата сакана личност ќе почувствува дека не сте рамнодушни и мислите на неа. Од ова никогаш не е премногу.rnrnИницирајте смирување пред спиење. Ако сте се скарале со вашиот партнер, никогаш не легнувајте си лути и со чувство на огорченост. Меѓутоа, ако од некоја причина немате доволно време за да се разјасните, само бакнете го партнерот и тој ќе се сети дека недоразбирањата се нормална работа и тоа не значи дека љубовта меѓу вас згаснала. Само еден бакнеж – и бурата меѓу вас ќе се претвори во нежно пролетно ветре.rnrnЧесто допирајте го партнерот. Држете се за раце, допрете му го образот, провлечете ги вашите прсти низ неговата коса – контактот меѓу двајца луѓе кои се сакаат е многу важен.rn
Со најблиските од семејството
rnАко не живеете заедно, почесто посетувајте ги. Верувајте, тоа многу значи. Ако не е возможно често да ги посетувате, тогаш ѕвонете им да ги чуете барем 2-3 пати неделно. Прашајте ги за здравјето и понудете им помош ако им е потребна. Само краток разговор ќе ѝ донесе многу радост на личноста која ја сакате и ве сака.rnrnГледајте филм заедно. Можете многу да научите за внатрешниот свет на вашите родители, вклучително и за вашите баба и дедо, како и браќа и сестри, доколку се впуштите заедно во една ваква релаксирачка активност. Може да откриете некои сосема неочекувани страни на нивната личност.rnrnНе заборавајте секогаш да им честитате роденден и да им посакате среќни празници на значајните датуми. Дури и едноставна разгледница или само еден телефонски повик понекогаш може да биде одличен подарок.rnrn
rnСо пријателите
rnДури и ако сте многу зафатена личност со густ распоред, сепак имате време да стапите во контакт едни со други. Уште подобро – видете се лично, барем еднаш во месецот. Со секојдневниот стрес на кој сте изложени, многу е важно да знаете дека имате вистински пријатели, а не само аватари на социјалните мрежи.rnrnВо самата комуникација, присетувајте се на некои смешни случки од вашето минато и разгледувајте стари фотографии – така вие и вашиот пријател или пријателка ќе потонете во топло чувство на носталгија за некои убави минати времиња. Носталгијата е добра – таа обединува.rnrnСекогаш честитајте им ги родендените на вашите блиски пријатели. Ако заборавиле да ви честитаат Нова година или 8 Март, тоа можете да го прогледате низ прсти, но заборавената роденденска честитка се доживува како навреда.rn
Со колегите
rnДавајте им комплименти. Но, само природно и ненаметливо. Избегнувајте груби и претерано директни формулации, како и неприродни забелешки кои повеќе личат на исмевање или на очигледно ласкање. Смејте се на нивните шеги и позитивно коментирајте за нивните професионални вештини.rnrnОдвреме-навреме, бидете иницијатор на некои забавни активности: појдете заедно на културни настани, излезете во природа, учествувајте во тимски игри. Ова може да биде посебно значајно ако вашата компанија не практикува тим билдинг. Во тој случај, организирањето сопствен е одлична идеја. Неформалната комуникација ги обединува луѓето и помага подобро да се запознаеме со оние кои секој ден ги гледаме околу нас.rnrn
rnСо соседите
rnСамо речете им „Здраво“. Да, елементарниот поздрав може да направи чуда. Не поминувајте со скаменет поглед покрај нив, само насмејте се и упатете им поздрав.rnrnНе бидете мрзливи да ја придржите влезната врата од зградата за соседите или да ги причекате во лифтот. Ако видите сосетка која сама бутка количка или стара жена која носи тешка торба со намирници, не двоумете се и понудете помош. Не е тешко.rnrnАко само што сте се вселиле или пак некој друг неодамна се вселил на вашиот спрат, добра идеја би било да им однесете некое благо за добредојде. Така воедно и ќе се запознаете. Сигурно сте го виделе овој гест во американските филмови: насмеани комшии стојат на прагот на куќата на новодоселениците со домашен колач или лазањи во рацете. Земете пример од нив и ќе видите колку позитивно тоа може да влијае на вашите меѓусоседски односи.rnrnПогледнете ги и овие 20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи.
-

5 знаци кои покажуваат дека вие сте проблемот во врската
Кога имате проблеми во врската, не е виновен само вашиот партнер, туку и вие. Имено, проблемите во врската никогаш не се развиваат поради една личност. Доколку врската е добра, тоа е заслуга на двајцата партнери. Доколку е лоша, тогаш повторно се одговорни двајцата партнери. Во продолжение погледнете ги знаците кои покажуваат дека можеби вие сте проблемот во вашата врска.rnrn
rn1. Несреќни сте со самите себе
rnДоколку сте несреќни во вашиот живот и не се чувствувате добро во своја кожа, тоа ќе има влијание и врз вашата врска. Сите нешта зависат едни од други. Доколку сте нервозни или гневни поради вашиот живот, тоа ќе има негативно влијание врз врската.rnrnСовет: Обидете се да го промените вашиот живот заради себе и за да се чувствувате подобро. Исто така, добро е да размислите како му влијаете на партнерот со вашиот негативен став.rn
2. Умешно избегнувате разговор
rnМоже да биде навистина заморно да молчите долго време после расправијата. Најверојатно ова го правите бидејќи сте гневни и сакате да го казните партнерот. Но, треба да престанете со тоа.rnrnСовет: Најпрво обидете се да се смирите, па потоа најдете заедничко решение со партнерот. Сè е подобро отколку молчењето.rn
3. Му пререкувате на партнерот и за најмалите нешта
rnКога сте повредени, веројатно веднаш помислувате дека партнерот сакал да ве повреди. Но пред да го донесете овој заклучок, размислете за намерите на партнерот. Дали тој намерно ги повредил вашите чувства? Најчесто, одговорот е не. Проблемот најверојатно настапил поради непромисленост или поради тоа што партнерот не ги знае вашите очекувања.rnrnСовет: Доколку партнерот свесно ве повредува и навредува, тогаш треба да размислите и за прекинување на врската. Во љубовната врска нема простор за намерно повредување.rn
4. Не знаете да признаете дека не сте во право
rnСекој мора да преземе одговорност за своите грешки. Доколку често ги обвинувате другите, тоа е навистина лош знак. Во овој случај, вие најчесто верувате дека проблемот не е кај вас, но не заборавајте дека за конфликт секогаш се потребни двајца.rnrnСовет: Наместо да се фокусирате на тоа кој е во право, насочете го вниманието кон барање решение. На овој начин ќе бидете среќен пар, токму како и што треба.rn
5. Не се држите до темата
rnНеретко кога се расправаат, партнерите почнуваат да набројуваат и други проблеми од минатото кои не се поврзани со сегашниот. Доколку го правите ова, тоа е причината што никогаш не наоѓате решение.rnrnСовет: Дури и кога е навистина тешко, држете се до темата на разговор и најдете решение за сегашниот проблем. Минатото оставете го зад вас.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате проблем со довербата во врската.
-

Колкаво е влијанието на парите врз врските?
Финансиите можат да влијаат на врската многу повеќе отколку што мислите. Имено, несогласувањата околу парите се неизбежни и во најсреќните врски, особено кога едниот партнер заработува повеќе.rnrn
rnrnРазликата во платата може да предизвика чувство на безвредност кај едниот партнер и фрустрација, што може да резултира и со прекинување на врската. Според експертите, следниве правила можат да ви помогнат во овие ситуации.rn1. Планирање
rnПланирањето на долгорочните цели и штедењето ќе ви помогнат да се фокусирате на заедничките пари, а не на „мои“ или „твои“. Пробајте го ова со мали чекори. На пример, размислете да купите нешто заедничко со следните плати. Подоцна променете ја перспективата и почнете да штедите на месечно ниво, па така парите ќе се собираат со текот на времето. На овој начин и двајцата ќе се чувствувате задоволно и одговорно за вашето мало богатство.rn
2. Разговарајте за парите
rnНајважно е да бидете отворени. Едно истражување покажало дека најуспешни парови се оние кои ѝ даваат значење на меѓусебната финансиска ситуација. Среќните парови ја знаат сегашната и минатата финансиска ситуација. На овој начин подобро комуницираат и подобро се разбираат.rn
3. Тимска работа со јасни граници
rnЕкспертите предлагаат паровите кои само што се вселиле заедно, на почетокот да имаат јасно распределување на парите. Доколку купувате стан или куќа, договорете се сопственоста да го одржува и вашиот придонес. Овој пристап ја олеснува комуникацијата и решава многу потенцијални проблеми. Плаќањето на сметките е нешто за коешто морате да се договорите и најдобро е да ги прилагодите заработката и количината пари што можете да ја дадете.rn
4. Знаци на опасност
rnПарите сепак можат да предизвикаат сериозни проблеми, па важно е да ја препознаете границата. Чувството на горчина може да се појави кога едниот партнер премногу троши или кога другиот премногу контролира и ја нагласува неговата финансиска моќ. Имајте на ум дека и финансиското малтретирање е малтретирање и се случува кога едната личност се обидува да ја преземе целата контрола над финансиските средства.rnrnПогледнете и кои се најчестите проблеми во врските и како да се справите со нив.
-

5-те најчести лаги што жените им ги кажуваат на своите партнери
Веројатно понекогаш ви се случува да му го кажете на партнерот она што вам ви одговара. Се разбира, најчесто тоа го правите од љубов и бидејќи не сакате да го повредите или да се расправате со партнерот. Но, понекогаш се случува да ги излажеме саканите без воопшто да бидеме свесни за тоа. Па, во овие ситуации се поставува прашањето дали ова може да се смета за лажење? Или пак станува збор за нешто сосема различно, за разлика од ситуациите кога намерно ја прикривате вистината. Без разлика кој е одговорот, во продолжение погледнете ги најчестите вакви лаги што жените им ги кажуваат на своите партнери.rnrn
rn1. „Па така и реков“
rnОва се случува кога партнерот ќе сфати дека не му ја кажувате вистината. Имено, можеби навистина сте го мислеле тоа кога сте го кажале, но ретко кога ова одговара со вистината.rn
2. „Сè е во ред. Ако не беше ќе ти кажев“
rnСигурно ви е позната оваа лага. Дали вашата доверба во партнерот е толку голема што би му се отвориле буквално за сè? Можеби вашите пријателки ќе ви докажат дека не е така.rn
3. „Не сум љубоморна“
rnЈасно е дека љубомората значи слабост и несигурност, а сигурно не сакате да ве гледаат како такви. Поради ова, никогаш не сакате ни самите да си признаете дека сте љубоморни, не па на вашиот партнер. Сепак, речиси секој човек кој е вистински вљубен ќе почувствува љубомора, односно ќе забележи кога партнерот му обрнува внимание на некој друг. Поради тоа, оваа реченица речиси секогаш е лага.rn
4. „Засекогаш ќе те сакам“
rnМожеби можете да одлучите дали ќе сакате некого целиот ваш живот, но не можете да ја предвидите иднината. Никогаш не знаете што може да се случи што би ги променило вашите чувства кон партнерот.rn
5. „Во ред е, заборави“
rnИзгледа дека простувањето никогаш не е толку едноставно. Можете да се обидете да простите некому, но секогаш како да останува некоја горчина. Секоја навреда и секоја расправа оставаат траги кои често можат да ве мачат. Ова не треба да биде нешто големо, видливо или трауматично, но сепак не е толку едноставно да се заборави.rnrnПогледнете ги и најчестите машки лаги кои се дозволени или неприфатливи во врската.
-

4 знаци што покажуваат дека довербата во вашата врска е навистина силна
Довербата е можеби најтешкото нешто што треба да го постигнете во љубовната врска. Дури и ако длабоко во себе знаете дека партнерот се грижи за вас и ве почитува, довербата не е нешто што би го дале лесно, особено доколку сте биле повредени во минатото. Потребна е напорна работа за целосна доверба во врската, а веројатно се прашувате која е тајната на оние кои го постигнале ова.rnrn
rnrnНајпрво важно е да разберете што всушност претставува довербата. Таа е чувство кое ви помага да се ослободите од можеби најосновниот човечки страв – да бидете напуштени. Довербата значи дека можете да ја покажете вашата душа, вашите недостатоци и вашите несигурности, без да се грижите дека партнерот ќе ве напушти или изневери. Доколку довербата во вашата врска е силна, ќе ги забележите следниве 4 знаци.rn1. Вие и партнерот не се сомневате еден во друг
rnЕден од најголемите знаци на доверба е кога не постои сомнеж помеѓу вас. Вашиот партнер никогаш нема да ве испрашува или да се разочара доколку сте поминале време со некој друг. Дури и ако оваа друга личност е заинтересирана за вас, партнерот ви верува доволно и знае дека ќе се справите со ситуацијата.rn
2. Се чувствувате безбедно
rnМожеби е лесно да помислите дека партнерот е разочаран поради вас кога е со лошо расположение, но ова не се случува кога постои доверба. Кога е очигледно дека еден од партнерите има проблем, другиот нема веднаш да донесе заклучок дека причината е врската.rn
3. Во ред сте и кога сте разделени
rnВо која било врска е невозможно постојано да бидете заедно, а ова можеби е и добро. Кога постои доверба помеѓу вас, нема потреба секој миг да го минувате заедно и се чувствувате удобно дури и кога сте разделени. Ниту вие ниту партнерот не се грижите за изневерување или што било друго. Не можете да го гледате партнерот постојано, а во врска со доверба, немате ни потреба да го правите тоа.rn
4. Целосно се почитувате еден со друг
rnПаровите кои си веруваат истовремено и се почитуваат. Исто така тие си кажуваат дека ги ценат нивните мислења и желби.rnrnГрадењето на довербата во врската не секогаш е лесна задача. Довербата ќе функционира само кога и двајцата во врската се чувствуваат како мудро да го одбрале партнерот. Многу често, луѓето во среќни врски изјавуваат дека се чувствуваат среќно или благословено што се нашле еден со друг. Довербата е клучна, но истовремено е тешко да ја најдете и одржете. Доколку вие и партнерот веќе го имате ова, обидете се да го зачувате најдобро што можете.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате проблем со довербата во врската.
-

7 неочекувани факти за љубовта и врските што се откриени неодамна
Научниците кои си поставиле мисија да ги одговорат сите прашања поврзани со љубовта, дошле до навистина изненадувачки заклучоци. Многу од популарните митови се побиени, а ние научивме да прифаќаме повеќе и повеќе нови информации за врските. Понекогаш советите од научниците навистина можат да ја спасат врската. Па, погледнете ги овие релативно нови психолошки истражувања, кои ќе ви помогнат вистински да ја разберете љубовта.rnrn
rn1. Сè зависи од првиот бакнеж
rnЕдно истражување спроведено на Универзитетот Оксфорд, открило дека првиот бакнеж може да помогне во одредувањето на компатибилноста на потенцијалниот партнер. По правило, бакнежите се навистина важни кога станува збор за долгите врски, особено за жените. Резултатите покажале дека претпоставката дека бакнежите се само за зголемување на сексуалната возбуда е лажна.rn
2. Луѓето кои живееле заедно над 25 години почнуваат да развиваат исти лични карактеристики
rnНаучниците од Универзитетот во Мичиген ја проучувале физичката сличност на сопружниците. Резултатите покажале дека после 25 години заедно, се зголемува сличноста помеѓу партнерите. Покрај тоа, зголемената сличност била поврзана и со поголема среќа во бракот.rnrnПомеѓу објаснувањата за овој феномен e и теоријата заснована на емоционално копирање. Имено, емоционалните процеси предизвикуваат васкуларни промени, кои се регулирани од мускулите на лицето.rn
3. Возраста за време на првото сексуално искуство го предвидува романтичниот исход во иднина
rnНаучниците од Универзитетот Тексас во Остин заклучиле дека оние кои го имале првото сексуално искуство после 19 години, имале поголеми шанси за посреќни романтични врски подоцна во животот. Покрај тоа, овие луѓе поретко се венчаваат млади и имаат помалку сексуални партнери во текот на животот.rnrnЛуѓето кои подоцна го имале првиот секс се сметале за подостојни партнери за долги врски. Експериментот покажал дека овие луѓе подобро се справуваат со конфликтите и им покажуваат повеќе љубов и внимание на партнерите.rn
4. Романтичните филмови им помагаат на паровите да го спасат бракот
rnЕдно ново 3-годишно истражување покажало дека ризикот од развод се намалува доколку сопружниците гледаат романтични филмови и ги дискутираат. По гледањето на овие филмови, и двајцата партнери имаат подобро разбирање за што прават правилно, а што прават погрешно во заедничката интеракција. Како резултат, се намалува бројот на недоразбирања и конфликти.rn
5. Фотографија од саканата личност ја намалува болката
rnНово истражување покажало дека доволно е да гледате фотографија од саканата личност за да ја намалите болката. Држењето или допирањето на саканата личност го има истиот ефект. Во истражувањето учествувале жени кои биле во добра врска барем 6 месеци. За време на експериментот, тие кажувале колку болка чувствуваат додека гледаат фотографии од нивното момче, од странец и од стол. Фотографиите од партнерите навистина им помогнале на жените да ја надминат болката.rn
6. Модерните бракови бараат самореализирање
rnЕли Џ. Финкел, заедно со неговите колеги од Северозападниот Универзитет, ги проучувал главните причини за развод. Резултатите покажале дека во модерните врски, партнерите очекуваат повеќе психолошко задоволство, додека во минатото сакале да ги исполнат потребите за безбедност.rnrnЛуѓето сметаат дека бракот ќе им помогне да ја добијат потребната самодоверба и да се самореализираат. За да ги задоволат овие потреби, потребно е инвестирање во време и психолошки ресурси. Доколку нема доволно ресурси, или ако едниот партнер не сака да се потруди, настанува фрустрација. Во овој случај, другиот партнер треба да ги промени очекувањата од бракот за да не се разочара.rn
7. Мажите со повисок коефициент на интелигенција поретко изневеруваат
rnНаучниците од Универзитетот Сен Луис откриле дека мажите со висок коефициент на интелигенција, имаат помали шанси да ги изневерат партнерките. Авторите ги анализирале резултатите од анкета во која учествувале илјадници возрасни и тинејџери, и се покажало дека попаметните мажи ја ценат моногамијата.rnrnКога станува збор за жените, нивниот коефициент на интелигенција не бил поврзан со нивната верност.rnrnПрочитајте ги и овие факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа.
-

4-те најлојални хороскопски знаци во љубовта
Секоја личност се однесува различно во романтичните врски. Некои луѓе целосно им се посветуваат на партнерите, а некои не сакаат да се врзуваат. Понекогаш и хороскопскиот знак има влијание на тоа како некој ќе се однесува во врската и колкава е неговата лојалност. Па, погледнете кои се најлојалните хороскопски знаци, кои никогаш не би го повредиле или изневериле партнерот којшто вистински го сакаат.rnrn
rn1. Јарец
rnЈарците имаат лоша репутација кога станува збор за врските. Обично љубовта не им е приоритет бидејќи повеќе се фокусираат на кариерата и нивните цели. Тие навистина сакаат да успеат и едноставно немаат многу време за трошење. Но кога Јарците ќе се посветат на нешто, вклучувајќи ги и врските, тие се целосно посветени и лојални. Овие луѓе не ги одбираат партнерите лесно, а кога ќе се вљубат, ќе направат сè за врската и секогаш ќе бараат решение за проблемите и компликациите. Доколку забележат дека врската се распаѓа, едноставно ќе си заминат. Изневерувањето не е опција за нив и кога не се задоволни од партнерот, го напуштаат.rn
2. Рак
rnНе е тајна дека Раковите сакаат да ја пронајдат сродната душа и да живеат среќно со неа до крајот на животот. Тие се вљубуваат брзо и силно и ја планираат секоја можна иднина. Овие луѓе се грижливи партнери кои сакаат да ја покажат нивната љубов и не поставуваат никакви граници во врска со ова. Понекогаш можат да изгледаат како зависни од партнерот, но причината е тоа што навистина се грижат и за оваа личност, и за состојбата на врската. Штом ќе одберат партнер, Раковите се неверојатно лојални. Тие се надеваат дека ќе го поминат целиот живот со оваа личност и не сакаат да го ризикуваат тоа. Покрај тоа, доколку ја нашле сродната душа, зошто би барале некој друг?rn
3. Бик
rnКога станува збор за врските, на почетокот Биковите изгледаат навистина затворено. Но, причината е што не сакаат да трошат време со некој со кого не гледаат иднина. Прво сакаат добро да го запознаат партнерот, но не го одолговлекуваат ова. Ќе научат сè за оваа личност, а дури потоа ќе одлучат дали врската има некаква шанса. Штом ќе се вљубат, најчесто нема назад. Биковите имаат цели и знаат што сакаат од животот, а доколку партнерот се совпаѓа во оваа слика, ќе го чуваат најдобро што можат. Овие луѓе сакаат да бидат во нивната удобна зона, а размислувањето за неверство им предизвикува само стрес. Па, тоа никогаш нема да се случи.rn
4. Скорпија
rnСкорпиите се навистина интересен знак и често имаат неколку парадокси. Концептот за лојалност и доверба е еден од нив. Иако овие луѓе имаат репутација како заводници, Скорпиите се неверојатно лојални и посветени партнери доколку се вљубат. А кога ќе се вљубат, може да се однесуваат и посесивно. Иако имаат проблеми со довербата, секогаш ќе се обидат да бидат ранливи и отворени пред партнерот. За возврат, бараат лојалност и целосна посветеност од него. Понекогаш можеби се во искушение да го повредат партнерот пред тој да ги предаде, но кога знаат на што се, тие можат да бидат најдобрите партнери.rnrnПогледнете и кои хороскопски знаци се неверојатни во долги врски.
-

Нешта што мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаат
Понекогаш мажите не сакаат да разговараат за одредени теми со никого. Меѓутоа постојат многу работи кои би сакале да ги откријат, но само ако ги праша жената што навистина ја сакаат. Па, поставете му прашање на вашиот партнер за некои од следниве нешта и навистина ќе се изненадите.rnrn
rnСака силно да ве прегрне
rnВљубениот маж е подготвен да ја допира неговата сакана со денови. Зарем партнерот никогаш не ви кажал колку му е убаво кога спие во вашата прегратка? Слободно прашајте го за ова, а одговорот пријатно ќе ве изненади.rn
Страв му е дека ќе ве изгуби
rnТоа што мажите најмногу се обидуваат да го сокријат од другите е фактот дека и тие можат да бидат исплашени. Можеби партнерот нема директно да ви каже, но тој секогаш се плаши дека може да ве изгуби. Обидете се некогаш да го прашате како го замислува животот без вас.rn
Потреба за емоционална поддршка
rnМажите можат да направат сè за да не покажат дека им е потребна помош. Кога доволно добро ќе го познавате вашиот партнер, ќе знаете кога му е потребна поддршка, дури и без да ви каже. Но, најдобро е во овие ситуации директно да го прашате.rn
Сексуални фантазии
rnСексот и фантазирањето често се придружени со чувство на вина и срам. Па, вашиот партнер можеби многу добро ги крие неговите желби од вас. Слободно прашајте го за неговите сексуални фантазии, па можеби ќе пробате и нешто ново и забавно во кревет.rnrnДали знаете кои се најголемите тајни стравови на мажите?