Социјалната анксиозност може негативно да се одрази врз вашето секојдневие и да ви постави ограничувања кои пак можат да бидат пречка при остварување на вашите цели и идеи. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за справување со ова психолошко нарушување.rnrn
rn
Соочете се со вашите стравови
rnОва е еден од најчестите, но и најкорисните совети што можете да го добиете во врска со социјалната анксиозност или социјалната фобија. Доколку не се соочите со вашите стравови, тие секогаш ќе бидат присутни. Колку и да ви се чини невозможно или страшно ако самите се појавите на забава, сепак колку почесто го правите тоа, толку побрзо ќе се навикнете. Тоа е исто како и првиот ден на работа – по неколку недели ќе успеете да се вклопите во новата средина. Започнете така што ќе се соочите со најмалите стравови како на пример да се појавите сами во бар или да започнете разговор со непознат човек на автобуската станица.rn
Разговарајте за вашите стравови
rnДобра идеја би било да присуствувате на состаноци организирани токму за луѓе кои го делат вашиот проблем. Разговорот со нив може да ви помогне да го надминете вашиот страв, а можеби ќе откриете и дека сте помалку анксиозни од другите луѓе во групата.rn
Вежбајте медитација
rnМедитацијата може да биде одлична алатка за справување со секаков вид анксиозност, а едноминутната медитација можете да ја користите секогаш кога ќе се чувствувате вознемирени. Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето околу 60 секунди. На овој начин ќе го забавите дишењето, ќе се ослободите од негативните мисли и веднаш ќе се почувствувате помирно.rn
Пробајте нешто ново
rnМногумина се чувствуваат вознемирени секогаш кога испробуваат нови работи, но новото хоби може да биде добар начин за да се ослободите од срамежливоста и социјалната фобија. Правете ги работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите, но сте немале храброст за тоа. Почнете со часови по готвење или танцување – ќе имате можност да запознаете нови луѓе со кои ќе имате заедничка тема на разговор.rn
Водете дневник
rnСекогаш кога ќе се почувствувате вознемирено, опишете го чувството во вашиот дневник и обидете се да ја откриете која е причината за анксиозноста. На тој начин, пишувањето и споделувањето на вашите чувства на хартија ќе ви помогне да сфатите дека понекогаш вашата вознемиреност е ирационална – пример кога сте вознемирени пред да влезете во автобус бидејќи сметате дека останатите патници ќе зјапаат во вас. Дневникот може да ви помогне и да направите интроспекција и да увидите колкав напредок сте направиле во последно време.rn
Не заборавајте дека не сте сами
rnМногумина се справуваат со истите проблеми со кои и вие се соочувате, но секој го прави тоа на различен начин. Сепак, доколку почувствувате дека вашата социјална анксиозност е надвор од контрола, обидете се повторно да воспоставите контрола над вашиот живот и да уживате, макар и да се работи за мали чекори. На тој начин ќе добиете поголема самодоверба да се соочите со светот околу вас.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со социјална анксиозност, можеби ќе сакате да прочитате и за стриповите кои ни покажуваат како е да се живее со социјална анксиозност.rnrnИзвор: allwomenstalk.com


rn
rn
rn
rn
rnrnПогледнете кои 
rnrnПрвото нешто што треба да го направите е да останете смирени и да бидете сигурни дека не претерувате. Одете по заобиколен пат што никој не би го избрал случајно. На пример, свртете 4 пати десно за да завршите на истиот пат. Ако возите по автопат, излезете од автопатот, но наместо да продолжите да возите настрана, вратете се на автопатот.rnrnИсто така, можете да се префрлите на десната лента и да забавите. Автомобилите што се движат зад вас ќе мора да поминат. Ако истиот автомобил е сè уште зад вас, постои шанса дека некој навистина ве следи.rn
rnrnНајбезбедна опција за вас е да продолжите да возите. Не обидувајте се да излезете од вашиот автомобил бидејќи некој може да ве нападне. Заклучете ги вратите и затворете ги прозорците – потребни се само неколку секунди за некој да влезе во отклучен автомобил.rn
rnrnПостои можност личноста што ве следи да не знае многу за вас, а најверојатно не сакате да ѝ покажете каде живеете, па затоа останете на пат со голем сообраќај.rnrnНајдобрата опција би била да возите до полициската станица и да почекате во автомобилот додека полицаецот да дојде од зградата.rn
rnrnПолесно е да се оддалечите од некој што ве следи на пат со многу автомобили и знаци за застанување. Обидете се да свртите бидејќи тој што ве следи веројатно нема да може да ги прекрши правилата за возење, а ако го направи тоа, ќе привлече несакано внимание.rnrnКога застанувате на црвено, бидете подготвени за збунувачко маневрирање. Држете се на растојание од автомобилот пред вас за да можете брзо и лесно да менувате ленти и да се криете од личноста што ве следи.rn
rnrnОбидете се да не го предизвикувате гонителот и не откривајте дека знаете дека ве следат. Не гледајте многу во ретровизорот и однесувајте се и возете како и обично. Ќе биде подобро ако гонителот мисли дека не бил забележан.rn



rn

