КАФЕ ПАУЗА

Tag: вознемиреност

  • Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика открива што ве вознемирува во моментов

    Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика открива што ве вознемирува во моментов

    Ако сакате да знаете во каква состојба е моментално вашата психа и што ве вознемирува, тогаш погледнете ја оваа слика на 10-тина секунди и запомнете го тоа што прво ви паднало во очи. Откако ќе го идентификувате тоа што ви го привлекло вниманието, пронајдете ги резултатите во продолжение…rnrnrn

    1. Пештера

    rnЧеститки, вие немате немири во моментов! Исто така, многу е тешко некој да ве исфрли од рамнотежа. Вие сте смирена и приземјена личност што ја гледа добрата страна на секоја ситуација и во секој човек. Благодарение на вашата внатрешна сила и високиот оптимизам, негативните ситуации не допираат до вас. Токму затоа и луѓето често ве бараат кога имаат потреба од помош или совети. Вие ги поддржувате блиските личности и им пренесувате позитивна енергија.rnrnrn

    2. Летечки чинии

    rnПонекогаш ви изгледа како сè да ве нервира, и како постојано да сте на работ пред експлозија. Дури и секојдневно се борите со здравствени проблеми само затоа што немате скоро никаква толеранција на стрес. Можеби дури и патите од несоница или од кошмари. Време е да научите како да ги исфрлате негативните емоции и мисли од вас и да престанете да се нервирате дури и за најмалите ситници.rnrnrn

    3. Вонземјанин

    rnВие имате тенденција во сè да наоѓате проблеми. Поради навиката да се возбудите дури и за најмалите нешта, многу сте чувствителни на стрес. Токму затоа и треба да научите како да престанете да трошите енергија на непотребни грижи. Кога ќе се соочите со тешка ситуација, едноставно обидете се да ја погледнете од друга перспектива. Со цел да се изборите полесно со стресот, почнете да правите вежби за дишење бидејќи тие навистина можат да ви помогнат.rnrn

  • 6 знаци дека сте зависни од нешто

    6 знаци дека сте зависни од нешто

    Нема ништо лошо во тоа да се ужива во нешто, но било тоа да е играње видео игри, јадење или гледање телевизија, постои тенка линија помеѓу здравото уживање во нешто и зависноста. Овие шест знаци ќе ви помогнат да сфатите на која страна од линијата се наоѓате.rnrn6 знаци дека сте зависни од нештоrn

    1. Важност

    rnКолку она што го правите ви е важно во животот? Ако тоа е играње видео игри, дали трошите повеќе време на играње видео игри отколку на други активности како дружење или спорт? Зависниците придаваат апсолутен приоритет на помалку важни работи во споредба со оние кои носат најголема радост во животот.rn

    2. Реакција на активноста

    rnДали вашата активност прави да се чувствувате подобро и ви носи олеснување, додека нејзиното одложување и неправење ве фрустрира? Исто како што алкохоличарите се фрустрирани кога немаат алкохол на дофат?rn

    3. Опседнатост

    rnАко вашата активност секогаш трае подолго отколку што првично сте планирале, можеби станува збор за зависност. Секогаш велите „само уште малку“ и завршувате јадејќи и играјќи видео игри со часови, чувствувајќи потреба никогаш да не престанете со тоа. Во таков случај не сте на добар пат.rnrn6 знаци дека сте зависни од нештоrn

    4. Немир при престанувањето

    rnЗависниците се чувствуваат непријатно кога се спречени во правењето на она што сакаат да го прават. Како што пушачите се вознемирени кога не можат да запалат цигара, така и оние што се зависни од гледање телевизија не се чувствуваат убаво кога далечинското не им е на дофат.rn

    5. Запоставување на обврските

    rnЗависниците обично се во ситуација во која поради својата „страст“ не се во можност да одговорат на секојдневните обврски во животот. На пример, човек кој е зависен од играње видео игри може да ги запостави врските со партнерот и пријателите, послабо да ги извршува домашните обврски, па дури и да спие помалку.rn

    6. Постојано враќање кон истата навика

    rnЗависникот може некако да согледа дека тоа што го прави му нарушува некои работи во животот, но пак завршува правејќи ги истите работи. Тие велат дека „од утре завршуваат со ова“, но до утре секако ќе се појават причини зошто тоа да не биде така. Сите тие причини се поврзани со зависноста.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемират

    6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемират

    Европската филмска продукција располага со хорор филмови кои можат да бидат многу страшни и вознемирувачки за публиката без да се потпираат на евтините холивудски финти. Ви предлагаме шест од нив кои се излезени од 2000 година па наваму.rnrn

    1. Сиропиталиште (El Orphanato)

    rn6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемиратГлавни улоги: Белен Руеда, Фернандо Кајо, Рохер ПринсепrnrnГодина: 2008rnrnЈазик: шпанскиrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnКратка содржина: Лаура организира забава по повод повторното отворање на сиропиталиштето каде што таа пораснала, но тоа се претвора во кошмар откако нејзиниот син мистериозно исчезнува истата вечер кога почнува да зборува за замислен другар. Режисер на филмот е Гилермо Дел Торо.rnrnrnrn

  • Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

    Научно потврдено: не легнувајте си на спиење вознемирени

    Старата добро позната анегдота дека не треба да се легнува на спиење доколку сме лути или вознемирени, конечно доби и научно потврдување благодарение на невролозите од Универзитетот Амхерст во Масачусетс, САД.rnrnНаучно потврдено: Не си легнувајте на спиење вознемирениrnrnНивното истражување покажува дека доколку имате негативен излив на емоции, тоа можете да го средите само доколку останете будни, а не доколку си легнете да спиете. Доколку вие веднаш после некоја вознемиреност легнете на спиење, ги потиснувате длабоко во себе негативностите, кои повторно можат многу лесно да испливаат на површина и да влијаат исто толку лошо во друга ситуација.rnrnНаучниците ги посочуваат оние лица кои страдаат од пост-трауматско стресно растројство или сведоците на некоја несреќа, како примери за објаснување на нивните заклучоци во пракса. Па така, тие велат дека доколку еден сведок  на грозоморна несреќа остане буден после таквото случување, следниот пат кога ќе види слика или снимка од истото случување, неговата реакција ќе биде далеку помирна, за разлика од случај кога веднаш потоа би заспал. Научниците велат дека мозокот не дозволува лицето да заспие, како еден вид одбранбен механизам.rnrnСекако за ова истражување е земен тежок пример, кој не го доживеале многу лица. Сепак, ова се однесува на каква било негативна емоција, како на пример кавга со партнерот или недоразбирање на работното место кое предизвикало лоши чувства кај вас. Истражувањето потврдува дека е подобро ваквите негативни чувства да се разрешат пред легнување, за да имате порационална реакција за проблемот наредното утро.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Позитивните или негативните влијанија од кафето врз нашето здравје е постојан предмет на истражување на универзитетите ширум светот. Повеќето од добиените резултати велат дека кафето не е штетно по нашето здравје, туку напротив може и да го подобри, борејќи се против заболување од некои болести. Сепак, некои доктори на науки имаат поделено мислење околу оваа тема. Погледнете кој е одговорот на двајца професори на прашањето: дали треба да пиеме помалку кафе?rnrnДали треба да пиеме помалку кафе?rn

    НЕ

    rnСпоред проф. д-р Роб Ван Дам, доцент по здрава исхрана на харвардскиот факултет за јавно здравје, не треба да пиеме помалку кафе, бидејќи од него имаме големи здравствени придобивки. Еве што вели тој на оваа тема:rn

    За повеќето од нас, кафето не е штетно

    rnТочно е дека кафето може да го покачи крвниот притисок, така што ако имате хипертензија, паметно е да се префрлите на кафе без кофеин. Кофеинот исто така може да ви го наруши спиењето. Ако забележите дека од кафето сте вознемирени навечер кога ќе си легнете и не можете да спиете, намалете ја количината кафе која ја пиете на дневна база.rn

    Кафето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес

    rnСекоја шолја кафе која ќе ја испиете, го намалува ризикот од заболување од дијабетес. Според истражувањето на архивите од интернационалната интерна медицина, откриено е дека после 3-4 испиени шолји дневно, го намалуваме заболувањето од дијабетес за 25%. Друго истражување покажало дека кафето без кофеин може исто така да го намали ризикот од заболување од дијабетес, што сугерира на тоа дека не е кофеинот тој кој што се бори против оваа болест, туку нешто друго во кафето, најверојатно антиоксидансот таканаречен хлорогенска киселина. Консументите на кафе, исто така поретко заболуваат од цироза и рак на црниот дроб.rn

    Кофеинот има свои предности

    rnКофеинот може да го намали ризикот од заболување од Паркинсонова болест, а најверојатно и од Алцхaјмерова болест. Тоа не е причина да почнете да пиете кафе доколку тоа не го правите сега, но е добра вест за оние кои уживаат во овој пијалак.rn

    ДА

    rnСпоред Џејмс Д. Лејн, професор, д-р на науки и директор на универзитетскиот медицински центар „Дјук“ во лабораторијата за психофизиологија, кафето е штетно и треба помалку да се консумира. Тој смета дека:rn

    Истражувањата поврзани со бенефициите од кафе се слаби

    rnГлавниот проблем во многубројните истражувања, е тоа што во нив се компарираат групи луѓе кои редовно пијат кафе и оние кои не пијат воопшто. Консументите на кафе можеби имаат нешто друго заедничко покрај пиењето кафе, што е вистинската причина зад која стојат овие здравствени придобивки. Само затоа што две нешта се доведени во корелација, не значи дека едното го предизвикува другото.rn

    Кафето може да ја влоши здравствената состојба

    rnКофеинот во кафето има негативни последици, особено кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес. Во едно истражување, хипертензичниот крвен притисок бил намален кај пациентите кои не пиеле кафе една седмица. Во друго истражување, откривме дека кај дијабетичарите на кои им се даде кофеин пред да им се направи гликоза толеранс тест (ОГТТ) им бил повеќе покачен шеќерот, отколку кога не им се даваше кофеин. Со други зборови, кај луѓето кои веќе имаат дијабетес, по сè изгледа дека кофеинот само им ја влошува состојбата. Кафето без кофеин пак, е сосема безбедно за овие пациенти.rn

    Кафето може да ви го зголеми стресот

    rnМоите истражувања имаат покажано дека адреналинот ќе влијае повеќе на стресот доколку сте се напиле кафе, отколку ако не сте пиеле. Тоа може да ве направи да се чувствувате напнато, вознемирено и нервозно и да ви направи проблеми со спиењето.rn

    Заклучок:

    rnДоколку немате дијабетес или висок крвен притисок, навиката за коснумирање кафе најверојатно нема да ви наштети, а може дури и да го подобри вашето здравје. Додека некои истражувања сугерираат на тоа дека некои луѓе се почувствителни на кофеин во однос на други, сепак немате причина да ја намалувате количината кафе која ја внесувате на дневна база, освен доколку сметате дека тоа ви создава несоница или чувство на вознемиреност. Ако тоа е случај, можеби треба да се префрлите на кафе без кофеин. Од друга страна, ако не пиете кафе воопшто, немате ни причина допрва да почнувате. Додавањето повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во вашата секојдневна исхрана, е посигурен начин за намалување на ризикот од заболување од некоја болест.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.