КАФЕ ПАУЗА

Tag: воспитување

  • Мајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!

    Мајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!

    Оваа мајка ќе ви даде неколку совети како вашите деца да учат, иако се во домашни услови поради коронавирусот.rnrnХјули Шнајдер е мајка на 4 деца и таа изведува настава од дома уште од 2018 година, па одлучи да им олесни родителите преку неколку совети. Нејзините поголеми деца имаат 7 и 2 години, додека нејзиното најмало дете има 9 месеци. Таа и нејзиниот сопруг го отпишале најстарото дете од приватно училиште до 2028 година.rnrnМајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!rnrnТаа вели дека домашното образование е слично и на самото одгледување на децата, некои денови ќе бидат одлични, а некои денови ќе се прашувате дали можете да издржите. Според неа треба да имаме на ум дека децата се чувствуваат на ист начин како во училиштето.rnrnОва семејство се решило на ваков чекор затоа што сметало дека 80% од учењето е градење карактер, а 20% е делот со основни работи што треба да ги знаат. Мајката смета дека домашно образование нуди многу можности и ја овозможува радоста што недостасува во јавните училишта.rnrnХјули го направила овој список со врвни совети за едукација во домашни услови, бидејќи се надева дека тој ќе им помогне на другите, особено на оние кои одеднаш се нашле во ваква ситуација заради коронавирусот.rn

    1. Социјални мрежи

    rnОграничете го времето што вашите деца го поминуваат пред екранот и бидете сигурни дека тие ги завршиле своите задачи пред да седнат зад екранот. Обидете се колку што е можно повеќе да креирате игри и да ги насочите кон некое хоби со фокус на некои едукативни и креативни активности.rn

    2. Активности

    rnСо нив градете замоци, играјте друштвени игри или читајте им гласно, дајте им да сликаат или да редат лего-коцки.rn

    3. Нивното расположение

    rnБидете сигурни дека децата обаќаат внимание на нивното расположение и не ги принудувајте да прават нешто што не сакаат. Ако се нервираат, променете го вашиот пристап.rnrnПодгответе им ужинка, направете им го омилениот напиток.rnrnОбидете се да се ставите на нивно место зашто така решението ќе го најдете полесно.rn

    4. Вашето расположение

    rnАко чувствувате дека нервозно реагирате на вашите деца, запрашајте се зошто сте такви. Ставете се на нивно место и размислете како би сакале некој да ве третира.rn

    5. Слободно време

    rnПронајдете некакво задоволство додека го поминувате времето со своите деца. Бидете тука за нив во секое време, особено сега кога не сте во канцеларија и имате повеќе време за нив.rn

    6. Меѓусебни односи

    rnАко имате повеќе деца, научете ги да изградат добри меѓусебни односи. Сега е вистинската можност да се збижат уште повеќе.rn

    7. Слушајте ги

    rnАко ви поставуваат прашања за работите околу нив, истражете ги заеднички и одговорите им. На пример, како да изградат мост, како сами да создадат некој предмет, како да ги истражуваат растенијата што ги имате дома… Сфатете ги сериозно и едуцирајте ги.rn

    8. Бонтон

    rnСега кога децата се со вас 24/7, имате можност да ги воспитате и да ги научите на бонтон уште подобро. Не дозволувајте им да се прекинуваат меѓусебно и поставете им јасни граници, рутини и распоред. Ако се доволно возрасни, дајте им задолженија – нека ги измијат садовите, нека ги наредат алиштата, или нека ги соберат играчките.rn

    9. Издржете

    rnДецата често ќе плачат и ќе се жалат, бидете подготвени на тоа. Во никој случај не им одговарајте нервозно и не ширете негативна енергија, туку дајте сè од себе за да им помогнете и да го решите проблемот што се појавил. Хјули, исто така, препорачува да се користи Јутјуб со видеа со вежби за деца, аудио книги и други материјали. Таа додава дека треба да танцувате, да се шегувате и да си играте со децата.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 16-те паметни деца кои разговараат подобро од возрасните.

  • Наместо да им викате на вашите деца, направете ги овие 4 работи

    Наместо да им викате на вашите деца, направете ги овие 4 работи

    Многу истражувања потврдија дека тепањето на децата е лошо за нив, а сега се покажа дека и викањето не е најдобриот начин за воспитување. Американската академија за педијатрија тврди дека тоа го зголемува стресот кај децата и доведува до промени во структурата на нивниот мозок и ништо добро не се постигнува со тоа. Имено, викањето може да ги предизвика токму оние однесувања што се обидувате да ги спречите. Поради тоа, експертите издвоија четири работи до кои треба да се придржувате и со кои треба да го замените викањето ако сакате да го одгледате вашето дете на најдобар начин.rnrnНаместо да им викате на вашите деца, направете ги овие 4 работиrn

    1. Треба да ја знаете разликата помеѓу викањето во лутина и викањето заради заштита

    rnЛутината е емоција чија цел е да го промени однесувањето. Понекогаш викате за да го заштитите детето и тоа е друг вид викање, односно тоа е аларм. Во тој случај, вие го повишувате тонот за да го предупредите детето за опасноста, како на пример при преминување на улица или кога се обидува да допре нешто жешко. Ваша работа е да го заштитите, а викањето понекогаш може да биде корисно во таков случај.rn

    2. Кога ќе почувствувате потреба да викате, удрете се по челото

    rnРационалниот дел од мозокот се наоѓа во предниот дел на главата каде што е челото и е одговорен за донесувањето одлуки, па удрете се по челото секогаш кога ќе се налутите или само ставете ја раката на него. Вдишете длабоко неколкупати и запрашајте се „Што навистина сакам да направам?“ или „Зошто се лутам?“, па ќе можете да дојдете до поразумно решение.rn

    3. Користете го вашиот „глас на наставник“

    rnТоа што не им викате на вашите деца не мора да значи дека треба да им дозволите да прават нешто што не го одобрувате. Треба да ги критикувате, но смирено и строго. Ако реагирате насилно и бурно и вашето дете ќе реагира насилно и бурно и повеќе ќе мисли на вашиот гнев отколку на својата грешка, а на овој начин ќе му покажете дека сте авторитетни. Обратете му се со тон со којшто би му се обратил наставникот во училницата и ќе видите дека ќе го постигнете посакуваниот ефект.rn

    4. Тоа што постојано ги повторувате истите работи не значи дека сте погрешиле како родител

    rnТоа значи дека вие само си ја работите својата работа. Родителите се должни на сите начини да влијаат на децата чии вредносни системи не се целосно формирани до дваесеттата година. Некои работи треба да им се повторуваат безброј пати додека не разберат зошто се важни.rnrnСепак, и ако викнете понекогаш, не обвинувајте се себеси. Тоа им се случува на сите. Добро е децата понекогаш да слушнат повисок тон затоа што со него често ќе се среќаваат во животот. Ќе им викаат врсниците, тренерот, шефот и многу други луѓе, па затоа треба да бидат подготвени за оваа форма на критика.rnrnАко се чувствувате лошо поради начинот на кој се однесувавте со своето дете, извинете се и објаснете му на поубав начин зошто сте реагирале така и каква грешка направило детето. Така ќе изградите посилна врска со него и тоа ќе ве слуша повеќе затоа што ќе знае дека го почитувате како личност.rnrnПрочитајте кои активности ќе ви помогнат да се поврзете со вашите деца подобро и посилно.

  • Секое дете доаѓа на овој свет со мисија: Родителите добиваат дете според нивната заслуга!

    Секое дете доаѓа на овој свет со мисија: Родителите добиваат дете според нивната заслуга!

    Секој пар добива онолку деца колку што посакува. Ако имате син, тогаш вам ви треба лекција на која тој ќе ве научи.rnrnСекое дете доаѓа на овој свет со мисија: Родителите добиваат дете според нивната заслуга!rnrnМолчалива ќерка, немирен син или зборлива ќерка, тивок син – Секој добива дете по заслуга, а сепак, секое од нив има своја мисија.rnrnДобро познатиот научник Шалва Амонашвили, автор во областа хумана педагогија на Универзитетот во Невелски во Русија навел неколку важни работи од „образовниот процес“:rn

    Кое е детето, а кои сме ние возрасните? Како да комуницираме со него?

    rnСпоред него, детето не се раѓа случајно и не е само желба на родителите, туку е манифестација на нашите животи. Децата доаѓаат на овој свет со своја мисија: секој човек по малку го менува светот. Луѓето се раѓаат за да си помогнат едни на други.rnrnЗатоа, задачата на родителот и учителот е да му помогне на детето да го најде патот до својата судбина. Кои методи ќе се користат зависи од него.rnrnВрз основа на филозофските погледи на кои се потпира овој автор, неговите тврдења се дека човекот не доаѓа на овој свет со лоши намери. Тој се раѓа невин, но попатно се случува нешто друго: некој не го кажал вистинскиот збор во вистинско време, некој не помогнал кога требало и личноста скршнала од својот пат. Затоа, многумина во текот на животот посакуваат да се искупат за своите гревови. Тие трошат милиони на добротворни цели за да имаат душевен мир.rnrnДали секој родител треба да му пристапи на детето со претпоставка дека тоа дошло на овој свет со мисија?rnrnОвој антрополог кажал една клучна работа: ако родителите сакаат да го подобрат воспитниот процес во рамки на семејството, мора пред сè да ја укинат казната! Детето не треба да се казнува.rnrnАко детето е немирно и направи нешто лошо, што треба да направите? Постојат различни пристапи, но сите тие изискуваат многу напор од страна на родителите. Ако имате дете – дајте му време! Едуцирајте го постојано!rnrnАко детето е немирно и постојано прави проблеми – не тепајте го и не навредувајте го, туку одвојте малку повеќе време да го научите како треба и да разговарате со него.rnrnАко ја вложите вашата душа при воспитувањето на децата, нема да ви биде потребен методот на казнување!rnrnКога дете ќе направи нешто лошо, седнете до него и кажете му: „Слушај, ајде следниот пат направи го тоа поинаку, затоа што сега згреши…“ – и ќе го убедите.rnrnВеднаш штом тоа ве разбере, ќе почне да се однесува подобро, охрабрете го ако забележите дека тоа се обидува да направи нешто правилно: пофалете го, восхитувајте му се затоа што на децата им требаат пофалби. Треба да ја поткренете самодовербата кај нив.rnrnНа пример, проблем е ако вашето дете-тинејџер почне да пуши. Ако вие како родител сте го „фатиле на дело“, еве како да постапите:rnrnНајдобриот пристап на еден татко е да го едуцира својот син со братски пристап и да му рече: „Слушај, сине, веќе растеш… Знаеш дека пушењето не е здраво, а и јас го знам тоа, затоа ајде да се откажеме од оваа лоша навика заедно…“.rnrnЌотекот не го превоспитува детето, туку го запира неговиот развој. Затоа бидете добри родители и разговарајте со своите деца. Тие не случајно се појавиле во вашите животи.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и одликите на вистинскиот татко: Прави сè за семејството и за децата и секогаш ги става на прво место.

  • Восхитувајте ѝ се на вашата ќерка, пофалете го вашиот син: Едукативен метод што 100% функционира!

    Восхитувајте ѝ се на вашата ќерка, пофалете го вашиот син: Едукативен метод што 100% функционира!

    Ниту едно дете во светот не се раѓа исто или слично со претходното, така што на секое од нив му треба различен метод на воспитување. Ова е особено точно ако истовремено воспитувате син и ќерка.rnrnВосхитувајте ѝ се на вашата ќерка, пофалете го вашиот син: Едукативен метод што 100% функционира!rnrnАко го фалите девојчето за она што го сторило, тоа секогаш ќе прави сè за да добие пофалби, што доведува до уништувањето на идната жена.rnrnДевојчињата и момчињата треба да се одгледуваат на различен начин.rnrnДевојчињата никогаш не треба да се пофалуваат за она што го направиле. Тоа само придонесува за нивно назадување.rnrnЗдрава состојба е онаа во која девојчето мисли – „Јас сум достојна за љубов затоа што сум тоа што сум“. Ова е единствениот правилен метод за воспитување на женско дете. Затоа секогаш восхитувате му се на девојчето.rnrnМомчињата се целосна спротивност. Мајките сакаат да кажат – „Колку добро го направи тоа, ти си толку умно момче“. Со ова тие придонесуваат само за негова деградација, затоа што тогаш се покажува дека идниот маж е добар само кога нешто ќе постигне.rnrnДа го охрабрите момчето за тоа да се подобри и да се чувствува среќно, треба да му зборувате за заслугите: „Многу добро направено“, „Многу си вешт“, итн. На момчињата им требаат сите овие симпатични зборови, затоа што тогаш нивната природа се развива во таа насока. Му требаат пофалби за тоа што го постигнува.rnrnНаместо да кажете: „Одлично, душо!“ – на сите покажете им го неговиот авион направен од лего коцки. Ова е поважно од сите зборови од типот: сонце, среќо, душо…rnrnЌе ги охрабрите момчињата велејќи им:rnrn„Погодете кој го направи овој авион? Да, тоа е мојот син, секоја чест!”rnrnДодека синот бара восхит (но искрен), на девојчето мора да му всадите верба. Тоа мора да сфати дека е убаво и дека не треба да ја бара љубовта од другите. Восхитувајте му се и сакајте го токму такво какво што е.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 5-те проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца.

  • Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

    Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

    Да се биде родител е голем предизвик, но и најтешката работа на која треба да ѝ пристапите одговорно и совесно. Додека ги одгледувате своите деца, можеби некогаш ќе им го повишите тонот или ќе направите некои грешки за кои не сте свесни. Поради тоа, прочитајте како да си ја олесните улогата на родител.rnrnНикогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работиrn

    1. Не терајте го детето да јаде, освен ако не е гладно

    rnЛекарите советуваат три големи оброци на ден и пет помали, но треба да се има предвид дека секое дете е различно. Нашето тело нè предупредува кога треба да јадеме и кога да пиеме.rnrnРазмислете дали некогаш сте виделе дете кое нема гласно да стави до знаење ако е многу гладно.rn

    2. Не присилувајте го да биде тоа што не е

    rnАко вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа особина и не ја менувајте. Немојте да го терате да се дружи со многу деца ако тоа сака да игра само со еден најдобар пријател.rn

    3. Не треба да се извинува ако не знае што згрешило

    rnМногу често на игралиште ќе ги слушнете родителите како им наредуваат на своите деца да се извинат за одредени работи. Децата ќе се извинат, но нема да знаат што направиле погрешно. Затоа, објаснете им што направиле погрешно.rn

    4. Не инсистирајте детето да го поздравува секој минувач што ќе му се насмевне

    rnПравилото „не разговарај со странци“ помага да ги заштитите децата од оние луѓе што немаат добри намери.rn

    5. Немојте да го терате да спие во посебен кревет против своја волја

    rnСекој родител има свое мислење, но генерално не треба да ги принудувате вашите деца да направат нешто за што не се подготвени.rnrnОставете ги самите да одлучат кога ќе бидат подготвени да спијат во својот кревет и во својата соба.rn

    6. Немојте да го ставате детето на диета затоа што е дебело

    rnИако некои деца се подебели од своите врсници и треба да ја намалат тежината поради здравјето, тоа не значи дека треба да им воведете ригорозна диета.rnrnДавајте му на детето здрава храна, зеленчук и овошје, а не слатки и сокови и тогаш нема да има потреба за диета.rn

    7. Не присилувајте го детето да прави активности што не ги сака

    rnАко вашето дете сè уште не ги совладало основните вештини по неколкумесечното тренирање фудбал, можеби тој спорт не го привлекува доволно. Дозволете му само да избере друга активност што ќе го интересира.rnrnДа прави нешто во коешто е добро е одлично искуство што влијае на самодовербата.rn

    8. Не дозволувајте вашето дете да спие кај други ако не сака

    rnНекои деца едноставно не сакаат да спијат кај својот другар затоа што ја сакаат својата соба и појадокот на мајката.rnrnАко вашето дете ви каже дека не сака да спие кај некој друг, не оставајте го таму без оглед на тоа какви обврски или планови имате. Најважно е детето да се чувствува безбедно и заштитено.rnrnПрочитајте и дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив.

  • 9 воспитни методи со кои децата растат во успешни личности

    9 воспитни методи со кои децата растат во успешни личности

    Научниците од Медицинскиот факултет во Њујорк откриле дека децата чии родители им читале секој ден имаат побогат речник и се писмени уште пред да тргнат во училиште. Кои други воспитни методи се препорачуваат за детето да израсне во успешна личност?rnrn9 воспитни методи со кои децата растат во успешни личностиrn

    1. Не им кажувајте дека можат да бидат сѐ што сакаат

    rnСпоред истражувањата спроведени на 400 американски тинејџери, тие не се заинтересирани за професиите кои доминираат на пазарот. Наместо тоа, сакаат да бидат спортисти, музичари или дизајнери на апликации и видеоигри – работи кои претставуваат само еден процент од бараните професии. Се предвидува дека во наредните децении ќе се бараат вработени во здравството и градежништвото, па зошто да не го посочите детето кон добро платена професија?rn

    2. Вечерајте заедно како семејство

    rnСпоред истражување спроведено на Харвард, децата кои приближно пет дена во неделата јадат заедно со семејството се помалку насилни, имаат помалку потешкотии за време на пубертетот и се помалку депресивни. Исто така, овие деца имаат висок просек на оценките во училиште, побогат речник и поголема самодоверба.rn

    3. Што помалку време пред екраните за сите во семејството

    rnКај малите деца кои премногу време поминуваат користејќи телефон или таблет може да се јави промена на мозокот. Односно се спречува нормалниот развој на некои способности, како на пример фокусирањето, говорот и социјализацијата. За децата на возраст од две до пет години се препорачува користење електронски уреди само еден час дневно.rn

    4. Не работете од дома

    rnСекако дека семејството има корист доколку мајката работи од дома, но научниците тврдат дека ќерките чии мајки работат надвор од домот имаат поголеми шанси да ја унапредат својата кариера и да бидат повлијателни и побогати.rn

    5. Пуштете ги децата да помагаат по дома

    rnИстражувањата велат дека сите кои постигнале успех на професионално поле како деца имале многу домашни работи и помагале при чистење и средување на домот.rn

    6. Одложување на задоволствата

    rnЕден експеримент што бил направен во 1972 бил се состоел од следното: На едно мало дете му било дадено маршмелоу и му било ветено уште едно доколку се воздржи да не го изеде првото откако истражувачот ќе излезе од собата на 15 минути.rnrnОвој експеримент открил дека децата кои можеле да се воздржат да не го изедат, пораснале во луѓе со подобри социјални вештини, подобри резултати при разни испитувања и биле помалку агресивни. За да можат вашите деца да ги стекнат овие вештини, вежбајте ги да стекнат навика која мора да ја исполнуваат секој ден, иако не им се допаѓа.rn

    7. Читајте им

    rnРодителите кои им читаат на децата им помагаат да имаат подобар речник и да можат полесно да учат. Децата кои сакаат книги ќе пораснат во луѓе кои читаат од забава, а тоа има низа предности. Читањето од задоволство е поврзано со подобро разбирање на правописот и математиката.rn

    8. Поттикнувајте ги што повеќе да патуваат

    rnСпоред истражувањата, луѓето кои патуваат имаат поголема толеранција кон другите култури и етнички заедници, поголема самодоверба и поголема почит. Тие, исто така, можат полесно да се изразат и имаат поголема желба за учење нови работи.rn

    9. Пуштете ги да паднат

    rnЕдна од најдобрите работи што можете да ги направите за детето е да го пуштите да падне. Кога ќе доживее неуспех, детето учи како да се соочи со последиците од сопствените постапки. Исто така, тоа е искуство потребно за да изгради отпорност.rnrnВо воспитувањето на детето играат улога и други фактори, како името на детето, што всушност е побитно отколку што мислите.

  • Зошто е штетна претераната заштитничка настроеност кон децата?

    Зошто е штетна претераната заштитничка настроеност кон децата?

    Ако сте родители сигурно знаете дека децата растат пребрзо иако не ви изгледа така. Уживате во заедничките моменти додека се мали, но кога ќе станат поголеми сфаќате дека тоа мало бебе кое до вчера носеше пелени веќе не е толку малку и станува човек. Децата мора да пораснат иако некогаш родителите не се целосно свесни за ова. Дали спаѓате во онаа категорија луѓе којашто премногу ги штити своите малечки не дозволувајќи им да ги сносат последиците за нивното однесување? Ако одговорот е потврден тогаш вистинско време е тоа да го поправите бидејќи со тоа не им правите никаква услуга.rnrnrnrnЕлен Роуз, авторка на неколку книги за воспитување деца, предупредува дека ако вашето дете е премногу заштитено, нема да ги исполнува обврските бидејќи вие секогаш го чувате неговиот грб, па тоа нема да научи да биде одговорно ниту ќе развие чувство за тоа што е важно во животот. Децата мора да ја видат вашата разочараност кога нема да направат нешто добро и важно е да знаат дека очекувате од нив тоа да го поправат.rn

    „Многу родители не дозволуваат децата да пораснат. Не дозволуваат тие да преземат одговорност за нивното однесување и не учат што значи да се биде самостоен и да се има самоконтрола. Кога имате дете од 8 или 9 години со кое не можете да излезете на крај кога секогаш не е сè по негово и кога нема да го добие тоа што го сака, мора да разберете дека вие како родители сте виновни за тоа однесување“.

    rnПретераната заштитничка настроеност од децата прави паразити кои потешко ќе се снаоѓаат во животот. Тие мора да научат да бидат самостојни и полни со самодоверба, а тоа ќе им ги овозможите преку љубов, грижа, топлина, нежност и внимание со кои треба да го градите вашиот однос. Авторитетот и пријателската насоченост треба да бидат во баланс. На децата треба да им дадете почит за да ве почитуваат, а кога ќе го прават тоа, ќе треба и да ве чувствуваат за доволно блиски за да можат да ви се отворат. Кога ќе ја тргнете настрана заштитничката настроеност тие ќе мора да научат сами да се грижат за себе.rnrnКако родители вие најдобро знаете како да постапувате со вашите деца бидејќи вие ги познавате најдобро и со нив поминувате најмногу време. Секое дете има различен карактер и според тоа самите ќе треба да процените на каков начин ќе го воспитате. Бидејќи домашното воспитување е темелот за неговиот понатамошен развој бидете особено внимателни со сè што ќе изјавувате пред него, што му ветувате, дали криете нешто од него или сте целосно искрени, дали користите казни и награди, кои вредности ќе му ги пренесете. Секогаш имајте на ум дека од тоа мало дете кое до вчера било бебе вие треба да направите човек кој еден ден ќе го напушти вашиот дом и ќе почне да создава свое семејство.rnrnПрочитајте го советот од педагог кој порачува децата да се сакаат такви какви што се.

  • 7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

    7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родител

    Сите ние сме го преживеале детството, но често забораваме на тоа. Длабоко во себе знаеме како да постапуваме со децата, но во секојдневието ни недостига трпеливост и мудрост за да го изведеме тоа правилно. Во продолжение прочитајте кои се 7–те важни работи кои можат да помогнат, како во формирањето на личноста на детето, така и во процесот на воспитување од страна на родителите:rnrn7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родителrnrn1. Обичниот родител е убеден дека своето слободно време треба да биде целосно посветено на детето, а притоа своите интереси ги става во втор план.rnrn– Мудриот родител е способен да се грижи сам за себе, а на тој начин ги учи и своите деца за тоа.rnrn2. Обичниот родител ги поминува вечерните часови во помагање на детето со домашните задачи.rnrn– Во воспитувањето на детето, мудриот родител се придржува кон следнава стратегија: детето е одговорно за својата домашна задача, без разлика дали таа ќе биде уредно или неуредно сработена.rnrn3. Обичниот родител се обидува да се ослободи од чувството на вина со давање подароци и пари.rnrn– Мудриот родител му дава џепарлак на своето дете, кое самото треба да го распореди за да си купува работи или играчки, кои не се вклучени во семејниот буџет.rnrn7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родителrnrn4. Обичниот родител не се обидува да сфати зошто неговото дете се однесува лошо. Во таквите моменти тој како да не го слуша детето.rnrn– Мудриот родител со целата своја снага се обидува да го сослуша детето, за да може да сфати што се крие под неговото лошо однесување, и така да пронајде начин да му помогне.rnrn7 разлики помеѓу мудриот и обичниот родителrnrn5. При воспитувањето, обичниот родител има за цел да направи пристоен човек од детето.rnrn– Мудриот родител прави сè за да изгради близок однос со своето дете.rnrn6. Обичниот човек често го разгалува своето дете, дозволувајќи му понекогаш да му се „качи“ на главата.rnrn– Мудриот родител знае дека има право на личен простор, хоби и време поминато без своето дете. Тој ги почитува своите граници, како и оние на детето.rnrn7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето чедо од сите животни тешкотии, правејќи го и она што не е потребно.rnrn– Мудриот родител му дозволува на своето дете да прави грешки, а потоа заедно со него дискутира за лекциите кои детето може да ги извлече од дадената ситуација.rnrnПрочитајте ги и овие 5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца.

  • Педагог советува: Сакајте ги вашите деца какви што се!

    Педагог советува: Сакајте ги вашите деца какви што се!

    Децата се најскапоцениот дар кој животот го подарува. Вам некој ви дарил живот, а вие сте ги создале со љубов и желба да имате наследници. Тие се многу искрени, невини, чисти и најверојатно се најблескавите ѕвезди во вашите животи коишто со ништо не би можеле да ги замените. Ги сакате безусловно иако некогаш знаат да ве изнервираат, но лутината многу брзо ви поминува…rnrnrnrnЈануш Корчак е познат полски педагог, педијатар, лекар, социјален работник и писател, кој 3 пати одбил себеси да си го спаси животот. Бил посветен на грижата за деца и ги сакал неизмерно, а за тоа говори и фактот дека пишувал книги за деца. Педагогот многу добро знаел како да постапува со деца, а неговата пожртвуваност за нив е еден вид херојски акт.rnrnПрвпат одбил да биде спасен кога одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за да не го препушти на волјата на судбината домот за сирачиња каде што бил директор поради страшните случувања.rnrnВториот пат одбил да избега од варшавското гето.rnrnТретиот пат кога избегнал да се спаси изгледало вака… кога сите штитеници на домот за сирачиња веќе биле во возот за да тргнат кон логорот, на Корчак му пристапил еден офицер и го прашал:rnrn„Вие ја напишавте ‘Кралот Матиуш’? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша книгата. Слободен сте.“rnrn„А, децата?“, прашал тој.rnrn„Децата остануваат, а вие можете да го напуштите вагонот“, потврдил офицерот.rnrn„Грешите. Не можам. Не се сите луѓе бесчувствителни.“rnrnНе е потребно ништо повеќе да се каже после овие зборови на Јануш Корчак. Ни останува само да ви ги пренесеме неговите 10 принципи на воспитување:rnrn1. Не очекувајте од детето да биде како вас или како што вие би сакале да биде. Помогнете му да не стане како вас, туку како него.rnrn2. Не барајте од децата да ви надоместат за сè што им овозможувате. Сте им дале живот, како би можело тоа да се врати? Тие ќе дадат живот на некој друг, тој некој друг ќе даде на трет – тоа е неповратен закон за заблагодарување.rnrn3. Не ја истурајте лутината на децата, за во староста да не ви биде горко парчето леб. Бидејќи тоа што ќе се посее, тоа и никнува.rnrn4. Не гледајте на нивните проблеми како да се занемарливи. Животот секому е даден според неговата сила и затоа верувајте дека ним им е полесно отколку вам, а можеби им е потешко бидејќи немаат искуство.rnrn5. Не ги понижувајте!rnrn6. Не заборавајте дека најважните средби на еден човек се средбите со децата. Посветете повеќе внимание на нив – никогаш не знаете кого ќе сретнете во вашите деца.rnrn7. Не се измачувајте себеси ако не можете да направите нешто за нив, само сетете се дека за децата не е направено доволно ако не е направено сè што може да се направи.rnrn8. Децата не се тирани кои владеат со вашиот живот, не се само плод од крв и тело туку скапоцен пехар кој животот ви го доверил да го чувате и во него да го одржувате творечкиот пламен. Тие се ослободувачка љубов на мајката и таткото чијашто задача е да израснат душа која им е дадена за чување.rnrn9. Научете да ги сакате туѓите деца. Никогаш не правете им го она на туѓите деца што не би сакале други да им го прават на вашите.rnrn10. Сакајте ги вашите деца какви што се – неталентирани, несреќни и кога ќе пораснат. Радувајте ѝ се комуникацијата со нив бидејќи децата се празник додека се со вас.rnrnПрочитајте за дадилката што работела со 100 семејства и која ги открива најголемите грешки на родителите.

  • Како да направите гениј од вашето дете?

    Како да направите гениј од вашето дете?

    Развојот на децата е одреден од многу фактори, а најважно е во какво семејство тие растат. Бидејќи семејството е најважен и основен агенс на социјализација, многу е важно колку е тоа хармонично и какви се односите помеѓу членовите.rnrnКако да направите од вашето дете гениј?rnrnПедагозите од целиот свет се согласуваат дека за развојот на менталните способности кај децата неопходна е постојана комуникација со нив, различни игри и урамнотежена исхрана.rnrnОсвен тоа, докторите по медицински науки од Америка, Ројзен и Оз им ги нудат на родителите следниве правила кои ќе помогнат нивните деца да го развијат умот до генијалност:rn

      rn 011

    • Поттикнување преку игра (заедничките игри се многу корисни, особено оние во кои секој има своја улога).
    • rn 011

    • Време за читање (обидете се да му читате).
    • rn 011

    • Разговарајте со детето како да е возрасен човек, нека биде главен соговорник, а зборовите изговарајте ги колку што е можно појасно и без гестикулација.
    • rn 011

    • Ослободете се од изворите на бука (исклучете ги телевизорот, компјутерите и телефоните.)
    • rn 011

    • Пуштајте му музика.
    • rn 011

    • Претворете ја обичната прошетка во вистински излет (покажете му на детето што се случува наоколу, нека обрне внимание на некои растенија или цветови, од каде е водата на асфалтот или од каде доаѓа дождот.)
    • rn 011

    • Бидете пример кој треба да се следи (детето ќе сака да прави сè што прават неговите родители.)
    • rn 011

    • Секогаш поддржете го детето во неговите хобија.
    • rn

    rn Напомена: За да израсне во гениј треба да му обезбедите урамнотежена исхрана, правилно и редовно спиење, како и физичка активност. Во дневното мени на детето мора да има маслиново масло, спанаќ, ленено семе, риба.rnrnСекое дете е различно и со секое е потребен различен пристап. Децата се уникатни, љубопитни, искрени, постојано активни и сакаат да истражуваат. Вие треба само правилно да ги насочувате и воспитате за еден ден да станат самостојни, одговорни и успешни млади луѓе.rnrnПрочитајте ги и овие совети кои ќе ви помогнат да ги научите децата на убаво однесување.