КАФЕ ПАУЗА

Tag: воспитување

  • Едноставни совети кои ќе ви помогнат да ги научите децата на убаво однесување

    Едноставни совети кои ќе ви помогнат да ги научите децата на убаво однесување

    Добрите манири се одлика на културните луѓе. Децата го учат убавото однесување од родителите, па затоа е многу важно мајката и таткото посебно да внимаваат како ги подучуваат своите деца. Секој ќе се согласи дека нема ништо послатко од учтиво мало дете кое знае како да се однесува.rnrnЕдноставни совети како да ги научите децата на убаво однесувањеrn

    Бидете добар пример

    rnНајдобриот начин да ги научите децата на добро однесување е да им бидете добар пример. Дури и да не сте свесни, децата постојано ги следат своите родители и нивните постапки.rn

    Дајте им повеќе шанси

    rnНегативното искуство треба да се искористи како прилика за учење. На пример, ако последното излегување со детето во ресторан било вистинска катастрофа, не се обесхрабрувајте. Разговарајте за тоа што не било во ред и обидете се повторно.rn

    Фокусирајте се на она што е позитивно

    rnЕдна од најдобрите работи кои можете да ги направите кога ги учите децата на разликата меѓу доброто и лошото однесување е да се сконцентрирате на тоа што е позитивно кај детето. Сосема е нормално ако вашето дете згреши и секако дека треба да му укажете на грешката, но спомнете му ги и сите оние учтиви работи кои ги прави за да го мотивирате.rn

    Почнете рано

    rnКако и за многу други работи во животот, најдобро е рано да се усвојат добрите манири. Веднаш штом вашето дете ќе почне да зборува, научете го на едноставните зборови „молам“ и „благодарам“. Тоа можеби нема да го знае значењето на тие зборови на почетокот, но ќе почне да ги разбира контекстите во кои тие се користат и ќе почне и самото да ги употребува.rn

    Бидете доследни

    rnКако и секоја друга вештина која детето треба да ја совлада, учењето на добрите манири бара доследност. Немојте да бидете попустливи дома, а строги во јавност. На овој начин само ќе го збуните вашето дете. Исто така, многу е важно и двата родители да бидат на иста бранова должина. Ако едниот родител забранува нешто, а другиот родител го допушта тоа, сето ова може да биде збунувачки за детето.rn

    Играње со другите деца

    rnТоа што децата го учат во интеракцијата со своите врсници станува темел на градењето односи со луѓето кога ќе пораснат. На крајот од играњето, потсетете го вашето дете да ги поздрави родителите на неговото другарче во чиј дом си играле.rn

    Запомнете зошто убавото однесување е важно

    rnИако сите знаеме дека е важно, често забораваме зошто е тоа така. Една позната учителка за бонтон рекла дека „убавото однесување значи да се има чувство за другите“.rn

    Однесување за време на оброкот

    rnВремето кое го поминувате со своите деца на маса е идеално за учење. Ако си играат со храната, јадат со отворена уста и не велат „молам“ и „благодарам“, наместо да го игнорирате нивното однесување, потсетете ги дека тоа не е убаво. Со тек на време ќе им влезе во навика правилно да се однесуваат за време на оброкот.rn

    Пофалете ги

    rnВажно е да ги пофалите децата за нивното учтиво однесување со цел да ги мотивирате да се однесуваат така и понатаму.rn

    Бидете стрпливи

    rnНикој не е совршен – ниту вие, ниту вашите деца. Сето ова е процес во кој учите заедно. Но, ако останете доследни, резултатите нема да изостанат, а децата еден ден ќе ви бидат благодарни за вниманието кое сте им го посветиле кога биле малечки.rnrnДополнително, дознајте кои се најважните вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години.

  • Непосакуваното однесување на децата е нормална реакција на ненормални услови за живот

    Непосакуваното однесување на децата е нормална реакција на ненормални услови за живот

    Да се одгледува дете не е воопшто лесна работа и за тоа често треба трпение и постојано учење. Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер го посветила нејзиниот живот во проучување на односите помеѓу родителите и децата. Нејзините книги за воспитување на деца се преведени на многу светски јазици, а ние ви ги пренесуваме најинтересните тврдења на овој психолог.rnrnrnrn1. Непослушност – единствена работа која децата можат да ја развијат кога неправилно им се обраќате. Секогаш кога се непослушни и безобразни прашајте се што вие сте направиле погрешно пред да одлучите да ги казните.rnrn2. „Проблематични“, „тешки“ деца, како и деца „со комплекси“ и „расеани“ се секогаш резултат на погрешно утврдените односи во семејството.rnrn3. Кога безусловно ги сакате децата тоа не значи дека ги сакате затоа што се убави, паметни, способни, успешни, дека помагаат во домот и слично, туку поради тоа што се такви какви што се.rnrn4. Колку полошо се однесувате кон, толку полоши стануваат и тие. Зошто е тоа така? Затоа што воспитувањето на децата не е дресирање. Родителите не треба да развиваат условни рефлекси кај децата.rnrn5. Дисциплина – не претходно, туку после воспоставување добри односи со децата. Не можете да ги дисциплинирате ако со нив не воспоставите комуникација.rnrn6. Не им помагајте освен ако не побараат помош. Кога не се мешате всушност им кажувате дека сè прават добро. Помогнете им само доколку наидат на големи препреки кои не можат да ги надминат. Тогаш е добро да се мешате за да не дојде до непосакувана штета.rnrn7. Ако им е тешко и сакаат да ја прифатат вашата помош, задолжително помогнете им. Притоа, правете го само она што тие не можат да го прават сами. Кога ќе почнат да ги развиваат своите способности, дозволувајте им сè постепено.rnrn8. Личноста и способноста на децата се развиваат само кога се ангажирани во некоја активност што ќе им биде интересна и која сакаат да ја прават.rnrn9. Тинејџерскиот период е сличен како и сипаниците – постојат повеќе облици, поблаги или погорки, но сите мора да се прележат. Тешко им е на родителите кои во оваа развојна фаза влегуваат во сериозни конфликти со нивните деца.rnrn10. Дозволете им на децата да ги почувствуваат негативните последици од нивните постапки (или пропусти). Тек тогаш ќе пораснат и ќе станат „свесни“.rnrn11. Сееш навика, жнееш навика – собираш карактер, сееш карактер – одбираш судбина!rnrn12. Можете да го истражувате незадоволството на поедини постапки од децата, но не и нив во целина. Можете да ги осудувате нивните дела, но не и нивните чувства. Незадоволството од делата не треба да биде систематично зошто во спротивно ќе се претворат во неуспех.rnrn13. Непосакуваното однесување на децата е нормална реакција на ненормалните услови за живот.rnrn14. Строгата мајка е емотивно оддалечена од своите деца, а тие го чувствуваат тоа.rnrn15. Дозволете им да имаат приватност. Не им држете предавања и не се мешајте во сè во секое време.rnrn16. Со своите активности влијаете на однесувањето на децата.rnrn17. Себеспознавањето и образованието се првата должност на родителите и наставниците, а не само воспитување на децата. Во спротивно тие ќе станат окупирани со проблемите на родителите.rnrn18. Секогаш кога децата се вознемирени, навредени, повредени, засрамени, уплашени, кога некој е груб спрема нив или неправедно ги третирал, па дури и кога се многу уморни, вистинската работа што треба да ја направите е да дознаете што им се случува и да ги сослушате.rnrn19. Не барајте од нив нешто невозможно или нешто што тешко се постигнува. Наместо тоа, погледнете што можете да промените во опкружувањето.rnrnПрочитајте и за проблемите во модерното воспитување што ги прават родителите „робови“ на нивните деца.

  • 5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца

    5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните деца

    Денес нештата постепено излегуваат од контрола кога станува збор за воспитувањето на децата. Ова е мислењето на британската авторка и искусна беби-ситерка Ема Џенер. Ема работела со деца и родители во текот на две децении и сериозно се загрижила за начинот на којшто се воспитуваат денешните деца. Според неа, следниве пет проблеми се најсериозни.rnrn5 проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на нивните децаrn

    1. Родителите се плашат од нивните деца

    rnНаводно децата имаат преголема контрола над нивните родители, а тоа е покажано со еден едноставен тест: Ако мајката му стави млеко на детето во сина шолја, а тоа сака да пие од друга, мајката веднаш оди да ја смени шолјата пред детето да се налути.rn

    2. Не очекуваат многу од децата

    rnКога децата се однесуваат лошо, без разлика дали дома или на јавно место, родителите често кажуваат: „Такви се децата“. Но, според Ема децата не мора да бидат такви. Тие се многу поспособни отколку што мислат нивните родители, без разлика дали станува збор за манири, почит, домашни обврски или самоконтрола. Доколку мислите дека детето не може да седи само за време на вечера во ресторан, грешите. Ако мислите дека не може да си го собере нередот, и тогаш грешите. Единствената причина што децата не се однесуваат како што треба е бидејќи родителите не го бараат тоа од нив. Подигнете ги вашите стандарди и децата ќе се прилагодат.rn

    3. Родителите не прифаќаат мислење и совети од другите

    rnНекогаш возачите на автобус, наставниците и продавачите имале „право“ да ги прекорат децата со лошо однесување. Тие биле очите и ушите на отсутните родители и сите имале иста цел – одгледување пристојни личности. Денес кога некој друг освен родителот ќе го опомени детето, мајката и таткото полудуваат. Сите родители сметаат дека нивното дете е совршено и не го прифаќаат мислењето на другите.rnrnЧесто се случува наставниците да кажат дека некое дете не е пристојно на час. Тоа што родителите си судат едни на други наместо да се поддржуваат воопшто не ја подобрува состојбата.rn

    4. Се потпираат на технологијата

    rnДенес е одлично што родителите имаат разни електронски направи што ќе им помогнат да го издржат долгото патување или посетата на лекарот. Исто така и родителите се позафатени од кога било претходно, па технологијата им помага да се справат со децата. Но овие помагала се искушение за родителите кои пак, почнуваат да ги користат многу често, и децата забораваат како да се забавуваат самите.rn

    5. На прво место секогаш се потребите на детето

    rnДобро е што децата им се приоритет на родителите, но според Ема, ова отишло предалеку. Родителите го занемаруваат нивното психичко и физичко здравје за децата. Таа често била сведок како родителите веднаш брзаат да ја исполнат секоја желба на детето. Одвреме-навреме не е лошо да ги одбиете вашите деца. Исто така во ред е да го оставите самото да си игра кога ви е потребно време за вас.rnrnПогледнете и кои се проблемите во однесувањето на децата за кои се виновни родителите.

  • 5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

    5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги примените

    Јапонските деца се неверојатни. По правило тие се учтиви, пријателски настроени и не им дозволуваат на чувствата да ги контролираат. Во Јапонија ретко ќе сретнете дете кое плаче во супермаркет. Па сигурно ве интересира како се воспитани овие деца. Јапонските родители имаат неколку трикови, а од денес можете да ги примените и вие.rn

    1. Врската помеѓу мајката и детето е силна

    rn5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги применитеrnrnВо Јапонија, врската помеѓу мајката и детето е навистина силна. Тие спијат заедно и мајките секогаш ги носат нивните деца со нив. Нивната врска е длабоко емоционална – мајките прифаќаат сè што прават нивните деца бидејќи тие се совршени во нивните очи. Кај нив постои правило според кое на децата им се дозволува да го прават тоа што го сакаат до нивната петта година. Можеби ова ви изгледа како премногу слобода, но грешите. Овој принцип им покажува на децата дека се добри.rnrnБило спроведено истражување од страна на јапонски и американски научници. Се покажало дека постои поврзаност помеѓу ова охрабрување на децата и нивното однесување. Научниците тврдат дека позитивниот став на децата го намалил ризикот од проблематично однесување и го подобрил однесувањето на децата со нарушувања во развојот.rn

    2. Јапонскиот систем на воспитување

    rn5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги применитеrnrnСите луѓе се создадени еднакви. На фотографијата можете да ја забележите јапонската принцеза Аико (втора од десно) како настапува за време на спортски натпревар во Токио.rnrnСпоред јапонскиот систем на воспитување, децата се совршени до 5-годишна возраст, од 5 до 15 години се слуги, а после 15-тата година се сметаат за еднакви на нивните родители и другите луѓе. Целта на оваа филозофија е да се создаде член на колективно општество, каде што личните интереси не се најважното нешто.rn

      rn 011

    • Во првата фаза родителите им даваат бескрајна љубов на нивните деца.
    • rn 011

    • Во втората фаза нивната љубов не исчезнува, туку децата учат да живеат според правилата на општеството и се обидуваат да ја најдат нивната цел. Бидејќи децата се навистина поврзани со мајките, тие се обидуваат да ја разочаруваат што е можно помалку.
    • rn 011

    • Во третата фаза детето веќе станува активен член на општеството.
    • rn

    rn

    3. Семејството е едно од најзначајните нешта

    rn5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги применитеrnrnПо правило, мајките се оние кои ги одгледуваат децата. Јапонците сметаат дека децата не би требало да се испраќаат во градинка пред да наполнат 3 години. Родителите ретко ги замолуваат бабите и дедовците да се грижат за децата, а речиси и да не најмуваат дадилки. Сепак, децата минуваат многу време со бабите и дедовците и со другите роднини. Семејните врски се топли и грижливи, а членовите секогаш се поддржуваат и се грижат едни за други.rn

    4. Родителите им се идоли на децата

    rn5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги применитеrnrnБил направен експеримент во кој учествувале мајки од Јапонија и од Европа. Биле замолени да направат пирамида со нивните деца. Јапонските мајки сами ја граделе пирамидата, а потоа ги замолувале децата да го повторат тоа што го направиле. Ако децата не успеале, одново почнувале со изградбата. Мајките од Европа им објаснувале на децата како да ја направат пирамидата и потоа ги замолувале да пробаат. Значи, Јапонките воделе со пример, додека Европејките им дале на децата сè што им е потребно, но не и пример. Јапонските мајки не ги терале децата да направат нешто како што ќе им кажат. Тие им поставиле пример и им покажале.rn

    5. Обрнување внимание на емоциите

    rn5 правила од јапонските родители што сигурно ќе сакате да ги применитеrnrnЗа да го научите детето да живее во колективно општество, важно е да го научите да ги „гледа“ и почитува туѓите чувства и интереси. Јапонките ги почитуваат чувствата на нивните деца – никогаш не ги притискаат или засрамуваат. Ги учат да ги разберат емоциите на другите луѓе, па дури и на неживите предмети. На пример, ако детето ја скрши неговата играчка автомобил, мајка му ќе му рече „Кутриот автомобил, сега ќе плаче“. Кај нас пак, од друга страна, најверојатно би го искарале детето и би му рекле дека направило нешто лошо.rnrnЈапонците не тврдат дека нивните методи се најдобри. Денес вредностите од Западот имаат влијание и на нивните традиции. Но најважните концепти во Јапонија, како смиреното однесување со децата, е непроменливо.rnrnПогледнете ги и советите и триковите што ќе ви помогнат да се справите со немирните деца.

  • 10 вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години

    10 вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години

    Според мислењето на психолозите, тинејџерските години започнуваат кога децата се на возраст од 9 до 13 години. Ова е период на транзиција, во кој родителите треба да престанат да прават сè за нивните деца и да започнат да ги учат да станат понезависни. За да биде оваа транзиција поедноставна, родителите треба да им помогнат на нивните деца да ги научат овие 10 клучни животни вештини, пред 13-годишна возраст, за да станат успешни индивидуалисти во иднина.rn

    1. Треба да научат како да заработуваат и управуваат со пари

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnМожете да започнете да ги учите вашите деца на некои основни финансиски вештини, од моментот кога ќе научат како да бројат. До нивната 13-годишна возраст, тие треба да бидат способни да заштедат пари од нивниот неделен џепарлак, да бидат свесни колкави се основните трошоци во едно домаќинство, да прават разлика помеѓу дебитни и кредитни картички и да знаат да носат разумни одлуки во однос на трошењето и заштедата на пари.rn

    2. Треба да научат да ги извршуваат основните домаќински обврски

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnСпоред експертите по психологија, децата можат да научат да извршуваат многу обврски уште од рана возраст, како што е раздигувањето на масата после вечера или издвојувањето на алиштата што им се за перење. Додека да наполнат 13 години, тие треба да знаат да си ги пеглаат алиштата, да ја испразнат машината за миење садови, да си ја сменат постелата на којашто спијат, да исперат автомобил, да го исчистат тоалетот и да ја средат кујната. Родителите треба да бидат упорни и конкретни во нивните побарувања и да ги охрабруваат децата.rn

    3. Треба да научат да подготвуваат оброци

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnГотвењето е многу важна вештина, којашто ќе им биде неопходна на децата кога ќе станат возрасни личности. Во денешно време, имаме пристап до безброј едноставни рецепти за салати, сендвичи, пржени јајца, тестенини и супи. До својата 13-годишна возраст, децата треба да бидат способни да го испланираат семејниот ручек, да ги следат инструкциите на едноставните рецепти и да умеат да се снајдат со кујнската опрема. Исто така, немојте да заборавате да ги научите вашите деца на хигиена и безбедност во кујната.rn

    4. Треба да научат да пазарат во маркет

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnДоколку ги носите децата со вас додека пазарите продукти за дома, ќе им помогнете да развијат разни неопходни вештини, како што се: пишување листа со потребни продукти, смислување идеи за оброци и трошење во согласност со определениот буџет. Научете ги како да ги читаат состојките на амбалажите на продуктите и како да одберат квалитетни и поевтини производи.rnrnВоедно, немојте да заборавите да им поставите граници. Едно истражување спроведено во Универзитетот Канзас, покажало дека 50% од децата, коишто одат заедно со нивните родители на пазарење во супермаркетите, бараат од нив да купат уште нешто што не е на пазарната листа и само 50% од родителите, успеваат да му одолеат на искушението.rn

    5. Треба да научат да се грижат за нивната лична хигиена

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnЕкспертите велат дека многу родители сметаат дека нивните деца на возраст од 10 или 11 години, сами ќе научат да се грижат за личната хигиена, по природен пат. Но, реалноста е дека постојат многу нешта коишто родителите треба да ги дискутираат со нивните деца, пред да биде предоцна. Такви работи се: секојдневното туширање, користењето деодоранс, менувањето на облеката, бричењето, оралната хигиена и сл. Запомнете, дека многу е важно самите да бидете добар пример и секогаш објаснувајте им на вашите деца, зошто е неопходно да се грижат за самите себе.rn

    6. Треба да научат да користат основна опрема за прва помош

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnУчењето како да користат опрема за прва помош, ќе им овозможи на децата сами да си помогнат ако се повредат, а нема никој возрасен во близина. Црвениот крст во Велика Британија, укажува на тоа колку е важно основната медицинска помош, да се вклучи како дел од образовниот систем. Некои истражувања откриваат дека децата уште на 4-5 години, се способни да го запомнат телефонскиот број за прва помош, правилно да го проценат ритамот на дишење кај луѓето и да ги запомнат правилните позиции за закрепнување. Постарите деца, треба да научат и како да го сопрат крвавењето и да третираат изгореници и убоди од оса.rn

    7. Треба да научат да го менаџираат своето време

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnВештините за управување со време, се основно нешто во животот, па затоа тинејџерите треба да бидат способни да прават планови, да одредуваат приоритетни обврски и да работат продуктивно. Посочете им на вашите деца некои корисни алатки, коишто можат да ги направат попродуктивни, како што се известувањата на телефонот, разни апликации за организација и специјални календари. Укажете им дека одлучувањето што да направите и кога да го направите, станува многу полесно, кога ќе го запишете некаде. Подарете им рачен часовник за да бидат точни, помогнете им да се справат со работите коишто им го одвлекуваат вниманието и како и за сè друго, бидете добар пример за нив.rn

    8. Треба да ги совладаат социјалните вештини и манири на однесување

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnМногу е важно да ги научите вашите деца да имаат добри манири на однесување и тоа да го направите што е можно порано. Додека се помлади, охрабрете ги да бидат љубезни, да научат да споделуваат работи со другите и да ги почитуваат постарите. Разните забави во вашиот дом, се добра прилика да ги научите вашите деца како да бидат добри домаќини и да им ги објасните манирите за однесување на маса. Исто така, немојте да заборавате дека во модерново време, многу се важни и манирите на однесување во интернет – комуникацијата.rnrnДоколку ги научите вашите деца како да ги следат основните манири на однесување, тоа ќе им помогне полесно да се справат со секојдневието кога ќе станат тинејџери, да напредуваат во кариерата и подобро да се вклопат во друштвото на нивните врсници.rn

    9. Треба да научат да користат навигација до местата што се во близина

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnГолема е веројатноста дека вашите тинејџери ќе патуваат сами или ќе возат автомобил, во наредните неколку години. Поради тоа, многу е важно да научат како да ги користат алатките за навигација и како да гледаат на мапа. Додека да наполнат 13 години, децата треба да бидат способни да ги запомнат насоките, да ги препознаваат симболите на мапите и да се ориентираат во простор. Постојат многу ресурси онлајн, коишто можат да го претворат гледањето на мапи, во забавна активност за вашите деца.rn

    10. Децата треба да научат како да ги контролираат своите емоции

    rn10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возрастrnrnНе само тинејџерите, туку и многу возрасни личности, немаат способност да ги прифатат и контролираат нивните емоции, како што се стресот, гневот и нервозата. Учењето како да се справат со истите, вклучува способност за идентификување на емоциите коишто ги чувствуваат, разбирање и прифаќање на ситуацијата таква каква што е, справување со емоциите и барање помош кога им е неопходна. Важно е да им воочите на вашите деца, дека тагата не е знак на слабост во карактерот, туку дека напротив и позитивните и негативните емоции, ќе им помогнат подобро да се справуваат со ситуациите во понатамошниот живот.rnrnМоже да ве интересира и Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

  • Правила за воспитување деца на кралското семејство што секој родител треба да ги знае

    Правила за воспитување деца на кралското семејство што секој родител треба да ги знае

    Ако судиме според бајките или часовите по историја, кралските деца спијат на свилени перници, јадат од златни чинии и цел ден се забавуваат. Сепак, има ли вистина во тоа? Ние одлучивме да провериме како растат најпознатите принц и принцеза на светот, Џорџ и Шарлот, децата на војводата и војвотката од Кембриџ. Можете ли да замислите дека тие мораат сами да ги чистат своите соби?rnrnThe Duke and Duchess of Cambridge Enjoy Skiing Holidayrn

    Титулата не е причина за водење раскошен живот

    rnВо семејството на војводата и војвотката од Кембриџ, само една дадилка им помага со децата. Сите должности кои се однесуваат на хранењето, капењето и шетањето со децата ги извршуваат родителите. Исто така, Вилијам работи како пилот на хеликоптер за итни медицински случаи и децата се свесни за тоа.rn

    Почитување на работата на другите луѓе

    rnПравнуците на кралицата Елизабета уште во раната доба научиле дека треба да се цени секоја работа, без разлика дали станува збор за нивната мајка која подготвува ручек или за собарката која ја чисти куќата. Поради тоа Џорџ и Шарлот не пребираат храна и мораат да ја соберат расфрлената облека.rn

    Семејството е најважниот приоритет во животот

    rnУште сега 4-годишниот Џорџ се грижи за својата сестра и војвотката вели дека тие стануваат најдобри пријатели. Иако се мали, тие веќе ја знаат историјата на своето семејство и често го посетуваат гробот на својата баба, принцезата Дијана. Кејт и Вилијам се обидуваат да поминат повеќе време со своите деца. Џорџ, на пример, ужива во разговорите со својот татко, додека Шарлот сака да готви со мама. За време на вечерата, децата седат заедно со возрасните.rn

    Секој има право да ги искаже своите мисли и чувства слободно

    rnЗа разлика од порано, кога се негувала тајност и затвореност, Кејт и Вилијам активно ја развиваат емотивната интелигенција на своите деца.rn

    „Кога ќе ги видам моите деца како комуницираат со останатите деца во училиштето, сфаќам дека живееме во сосема различно време. Нè заменија генерации кои не се плашат да кажат што ги мачи“, вели принцот Вилијам.

    rn

    Образованието е на прво место

    rnЧитањето книги е омилената активност на принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Кејт често ги води децата на изложби и музеи. Нивниот омилен музеј е Музејот на природната историја во Лондон.rn

    „Децата обожаваат да доаѓаат овде и верувајте ми, тоа не е само заради диносаурусите“, вели таа.

    rn

    Важно е да се сака спортот

    rnВојводата и војвотката се познати како обожаватели на спортот. Кејт сака хокеј на трева, а Вилијам игра фудбал, кошарка и поло. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот сѐ уште не покажуваат некој посебен интерес за спортот, но родителите се сигурни дека тие ќе тргнат по нивните чекори во иднина.rn

    Добрите манири и почитувањето на бонтонот не зависат од годините

    rnТие се свесни дека ќе бидат тргнати од јавните настани и места ако се однесуваат лошо и разгалено. Постојат строги правила на однесување, дури и за кралските деца. Ако принцот и принцезата се непослушни, ќе останат дома за време на свечените прилики.rn

    Опуштањето е дозволено во рамките на домот

    rn

    „Сѐ уште немаат скршено некоја коска, но се обидуваат да го направат тоа. Џорџ трча по домот, ги турка работите и скока. Ве молам, кажете ми дека после некое време работите стануваат полесни“, се шегува Вилијам.

    rn

    Физичкото казнување е целосно исклучено

    rnБез разлика колку лошо се однесуваат децата, војводата и војвотката од Кембриџ не применуваат физички казни. Родителите имаат сопствени методи со кои влијаат на децата. Ако Џорџ е непослушен, неговата мајка се обидува да му го сврти вниманието, на пример, со гласно пеење.rn

    Таблетите и компјутерите се играчки за возрасни

    rnЏорџ и Шарлот минуваат многу време надвор, возејќи велосипеди и скокајќи по барички. Строго им е забрането користење електронски уреди. Кејт и Вилијам сметаат дека овие направи се наменети за постарите, додека топките, прескокнувањето јаже и играњето надвор се најдобри за развивање на нивната фантазија и интелигенција.rn

    Цртаните филмови се дозволени

    rnГледањето цртани филмови е дозволено во семејството. Меѓутоа, постои одредено време за тоа. Кралските деца имаат омилени цртани филмови: Шарлот го сака прасето Пепа, а Џорџ го обожава пожарникарот Сем.rn

    Разумно трошење како начин на живот

    rnКејт и Вилјам се залагаат за разумно трошење. Тоа првенствено се одразува во изборот за купување нови парчиња облека. Често може да се видат Џорџ и Шарлот во облека на своите родители или дури во облека од детството на својот вујко Хари. Ако е потребно да се купи нешто ново, војвотката купува облека од економични брендови, игнорирајќи ги луксузните модели.rnrnПрочитајте ги и овие 10 урнебесни цитати кои докажуваат дека кралското семејство има одлична смисла за хумор!

  • Како да го воспитате вашето девојче во добата на Кардашијан?

    Како да го воспитате вашето девојче во добата на Кардашијан?

    Поголемиот дел од тинејџерките отсекогаш се споредувале со своите идоли, а бидејќи децата во денешно време се опкружени со дигитални медиуми и социјални мрежи, популарните личности многу лесно пронаоѓаат пат до нивното срце. Децата едноставно го впиваат она што го гледаат на екранот и тоа станува нивна реалност.rnrn1-samo-svoja-kako-da-go-vospitate-vasheto-devojche-vo-samosvesna-lichnost-vo-dobata-na-kardashijan-www.kafepauza.mk_rnrnПознатите актери, спортисти, пејачи или модели барем извесно време имаат важна улога во животот на секој тинејџер, додека во некои случаи почетната одушевеност од сјајот и гламурот на ѕвездите кои изгледаат многу поубави и поинтересни од нивниот живот, прераснуваат во опсесија. Наметнатите идеали за убавина и совршен изглед понекогаш може да ја искриват сликата која девојчињата ја имаат за својот физички изглед. Медиумските фотографии за тоа како би требало да изгледаме може да влијаат врз самодовербата, а понекогаш поттикнуваат размислување за започнување на диета или естетски зафати. rnrnНа такви влијанија се подложни девојчињата кои сѐ уште целосно не развиле јасна и здрава слика за сопственото тело и сопствениот идентитет. Бидејќи живееме во „добата на Кардашијан“ каде што повеќе од кога било се користат виртуелните медиуми и каде што надворешната убавина се истакнува како еден од главните критериуми за успех, многу е важно да воспитате и израснете самосвесно девојче.rnrn2-samo-svoja-kako-da-go-vospitate-vasheto-devojche-vo-samosvesna-lichnost-vo-dobata-na-kardashijan-www.kafepauza.mk_rn

    Идолите не треба да бидат ноќна мора

    rnВо бјути светот секојдневно работи и шминкерката Михаела Додиќ која е запознаена со трендот на фотографирање без шминка и споделување на таквите фотографии на социјалните мрежи. Но, трендот на „природна убавина“ изгледа дека не е целосно природен.rn

    „Лицата на многу насловни страници не се целосно без шминка. Иако не изгледа така, тие носат многу шминка и нивните лица се средувани во Фотошоп. Зад тоа се крие една цела машинерија, луѓе кои заработуваат пари“, изјавила Михаела Додиќ.

    rnТаа во тоа не гледа ништо лошо. Од друга страна пак, истакнува и дека е многу поважно колку ние ги „пумпаме“ децата со самодоверба. Но, идолите не треба да бидат ноќна мора за родителите. Ако разговарате со децата, помогнете им да погледнат околу себе и укажете им на некои други работи. Така многу ќе им помогнете и ќе влијаете врз нивниот правилен развој. Исто така имајте ум дека акцентот треба да биде на разговорот, а не наметнувањето мислења и забрани.rnrnТокму ова го знаат и неколку мајки. Тие се согласија со еден важен став.rnrn3-samo-svoja-kako-da-go-vospitate-vasheto-devojche-vo-samosvesna-lichnost-vo-dobata-na-kardashijan-www.kafepauza.mk_rn

    Комуникацијата е важна

    rn

    „Звучи како клише, но потребно е да разговарате со децата и да ги прашате што ги интересира, да разговарате за тоа што смеат да објавуваат на социјалните мрежи, а што не. Моите девојчиња немаат Фејсбук профил, бидејќи сѐ уште немаат 15 години, но имаат Инстаграм и ‘висат’ на Јутјуб од утро до мрак. Затоа важно е после тоа да разговарам со нив што гледале, бидејќи комуникацијата е многу важна“, изјавува Ивана, мајка на две девојчиња.

    rnТоа е еден од начините на кои родителите може да добијат увид во тоа кои особини и вредности ги ценат нивните деца. Важно е да им укажете на децата дека треба да ги ценат своите особини, квалитети и таленти, односно дека треба да се чувствуваат добро во сопствената кожа. Ако воспитате самоуверено дете тешко дека идолите во толкава мера ќе влијаат врз нивниот живот. Подеднакво смета и друга мајка на три ќерки, Сузана. Таа истакнува дека не треба да се плашиме од социјалните мрежи, бидејќи живееме во 21 век. Иако имаме целосен пристап до животите на славните личности, поважен е начинот на кој ние самите го насочуваме детето.rn

    „Во детето треба да се вложува, но заради брзање и недостаток на време поголемиот дел од родителите не стигаат да го направат тоа, па често медиумите ги одгледуваат. Бидејќи воспитувањето е пресудна работа, децата уште од најмладите денови треба да почнат да се богатат со објаснувања. Нив им се потребни добри совети и правилни животни вредности. Ние мораме да знаеме да ги насочиме со сопствен пример и да не ги држиме под стаклено ѕвоно“, заклучува Сузана.

    rnРодители, време е да ги послушате психолозите од Харвард и да ги прочитате овие совети да воспитате добро дете.

  • Сакате да одгледате посреќни деца? Прочитајте ги советите на Данците

    Сакате да одгледате посреќни деца? Прочитајте ги советите на Данците

    Бебињата плачат. Тие преку солзите се обидуваат да им кажат на родителите дека се гладни, уморни или дека им треба мајчинска прегратка. На тој начин тие ги искажуваат нивните потреби што треба да им се исполнат за да преживеат. Мајките обично ја прифаќаат реалноста дека нивните ноќи ќе бидат исполнети со плачење и немир по доаѓањето на бебето, но тоа не значи дека не би ги намалиле детските солзи кога би знаеле како да го сторат тоа.rnrnСакате да одгледате посреќни деца? Прочитајте ги советите на ДанцитеrnrnСите родители сакаат нивните деца да бидат посреќни, но ова полесно е да се каже отколку да се направи. Кога бебето ќе почне да плаче, сите мајки почнуваат да се прашуваат што не е во ред со него. Дали сака да јаде? Дали е уморно или му е неудобно? Дали треба да му се променат пелените? Дали му е здодевно? Понекогаш дури и откако ќе ги отфрлат сите можности, сѐ уште не знаат зошто бебето продолжува да плаче и не знаат како да ја смират неговата фрустрација.rnrnМеѓутоа, постојат луѓе кои наводно откриле како да ги смират нивните бебиња. Според истражувањето објавено во „Списанието на педијатрите“ (The Journal of Pediatrics), родителите од Данска дознале како да одгледаат бебиња кои помалку плачат и растат во посреќни деца.rnrnИстражувањето спровело анализа на изјавите од страна на родителите поврзани со вознемиреноста и плачењето на нивните новороденчиња и собрале податоци од 8.690 бебиња. Резултатите покажале дека децата на Данците плачат значително помалку за разлика од децата од другите земји што биле вклучени во истражувањето.rnrnИако тешко е да се одреди точната причина зошто родителите од Данска имаат предност во однос на родителите од другите земји ширум светот, авторите на истражувањето дошле до неколку фактори што би можеле да имаат влијание на ваквата ситуација.rnrnНа пример, има шанси дека еконимските фактори влијаат на родителите во Данска и родителите обрнуваат повеќе внимание на потребите на нивните новороденчиња. Истражувачите исто така претпоставиле дека и генетиката може да игра улога во сето ова, бидејќи децата ги наследуваат гените од родителите што влијаат на нивниот темперамент.rnrnЏесика Џоел Александар, автор на „Данскиот начин на воспитување“ (The Danish Way of Parenting) изјавила дека платеното породилно отсуство е директно поврзано со оваа појава. Данска е една од земјите со најдобри услови за породилно отсуство, со тоа што им дава на мајките еден месец одмор пред да се роди бебето и потоа цела една слободна година за да бидат дома со детето по неговото раѓање. Има логика тоа што бебињата од Данска се посреќни, бидејќи нивните родители не се толку нервозни и можат да ги исполнат сите нивни потреби во текот на првата година.rnrnСакате да одгледате посреќни деца? Прочитајте ги советите на Данцитеrn

    Бебињата од Данска стануваат посреќни деца

    rnПореткото плачење не е единственото нешто што ги издвојува данските бебиња од останатите деца ширум светот. И постарите деца од Данска се посреќни од децата од другите земји на планетава. Секоја година се спроведуваат истражувања на глобално ниво и се докажува дека Данците се најсреќните луѓе во светот. Постојат неколку фактори што влијаат на оваа појава. На пример, нееднаквоста помеѓу луѓето е поголема во државите коишто покажале пониски резултати не тестот за среќа.rnrnЕдна од најпопуларните теории е дека среќата е директно поврзана со начинот на кој Данците ги воспитуваат децата. Од начинот на кој ги дисциплинираат децата до времето што им го дозволуваат да го поминуваат надвор, постојат многу работи што можете да ги научите од родителите од Данска.rn

    Што можете да научите од Данците?

    rnРодителите во нашето поднебје најчесто практикуваат построги воспитни мерки како што се карањето, казните, па дури и ќотекот. Од друга страна, пак, Данците ја покажуваат нивната емпатија за да се поврзат со децата поставувајќи им јасни граници, но одбегнувајќи ултиматуми или барање послушност по секоја цена. Наместо тоа, родителите во Данска развиваат заемна почит со децата, им даваат објаснување за поставените правила и мирно реагираат на нивното лошо однесување.rnrnНо, правилното воспитување не игра улога само во ситуации кога децата се нервозни и го тестираат вашето трпение. Многу е важно како се однесувате со нив и тогаш кога се среќни и добро расположени. Данците гледаат да поминуваат што е можно повеќе време со нивните деца и да бидат заедно. Времето што го издвојуваат за семејството не претставува тредн за нив, туку начин на живот. Без разлика дали станува збор за семејни ручеци, прошетка или некаков проект, децата кои редовно поминуваат време со нивните родители се посигурни и посреќни.rnrnСакате да одгледате посреќни деца? Прочитајте ги советите на ДанцитеrnrnОсвен тоа, родителите од Данска им даваат огромна независност на нивните деца. Тие сметаат дека слободната игра е клучот за среќното детство. Во денешно време, современите родители им наметнуваат многу напорен распоред на нивните деца. Уште од најрана возраст ги запишуваат на англиски и уште некој јазик, ги форсираат да спортуваат и да се занимаваат со други слични активности што сметаат дека ќе им помогнат во развојот. Дури и децата што имаат повеќе слободно време, немаат многу можности да си играат без родителски надзор бидејќи повеќето родители во Македонија и на Балканот веруваат дека децата треба да имаат барем 8 години за да можат да си играат сами надвор без присуство на родител.rnrnНесомнено е тоа дека Данците применуваат воспитни мерки што се многу поразлични од оние на коишто сме навикнати. Оваа разлика е сосема логична со оглед на тоа што немаме никакво влијание на одредени фактори како што е платеното породилно отсуство.rnrnНо, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри доколку сакате да воведете некои промени. Почнете постепено, со тоа што ќе си поставите неколку достижни цели. На пример, ограничете го времето што децата го поминуваат пред телевизор, поттикнете ги почесто да излегуваат надвор, не им дозволувајте да отсуствуваат од семејните ручеци најмалку 3 пати неделно и на нивното лошо однесување реагирајте со емпатија, а не со лутина. Дури и најмалата промена може да направи огромна разлика во детскиот развој и благосостојба.rnrnПрочитајте ги и следниве 9 чудни начини за воспитување деца ширум светот.

  • Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

    Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

    Родителите во Индија веруваат дека викањето нема да им помогне при воспитување на децата. Комбинацијата од Хиндуизам, Будизам и Ислам го извлекува најдоброто од секоја религија и традиција. Дури и најпроблематичните деца не претрпуваат казни и постои голема причина за постоењето на таквиот пристап. Дознајте како да бидете добри родители според индиските семејства…rnrnЗошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?rn

    Метод на добрина

    rnУште од самото раѓање, децата во Индија учат дека треба да бидат добри кон сите живи суштества. Трпението е од голема важност и се смета за доблест, додека, пак, покажувањето емоции и нервозата се сметаат за гревови.rn

    Контролирани информации

    rnРодителите не им дозволуваат на децата да гледаат ТВ канали што не се посветени на уметност и образование. Овој пристап е многу важен во денешно време, бидејќи Интернетот и телевизијата може да имаат негативно влијание на карактерот, па дури и да бидат опасни.rn

    Манирите се на прво место

    rnИндијките многу внимаваат на однесувањето и ги учат нивните деца како да стекнат добри манири. На децата на 2-годишна возраст им се простува ако си играат со храната, но за 10-годишниците таквото однесување не се толерира.rn

    Поставување добар пример

    rnРодителите во Индија се сигурни дека нивните навики ќе се преточат во идните карактерни особини на нивните деца. Токму затоа, тие не ги караат туку им покажуваат како треба да ги прават работите, водејќи се од нивниот сопствен пример. И постарите генерации учествуваат во ова, бидејќи најчесто повеќе фамилии живеат под еден покрив.rn

    Блиска поврзаност

    rnДокторите во Индија им препорачуваат на мајките и децата да спијат заедно, бидејќи така можат да се почувствуваат и да останат смирени. Ако бебето стане нервозно, мајката веднаш го зема во раце.rnrnЗошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?rn

    Размислување на глас

    rnУчилишното образование е поврзано со духовноста и толеранцијата. Децата учат како да ги искажуваат мислите и да дискутираат за нив. Тие имаат лекции по јога, сеќавања и насмевки. Самиот образовен систем ги поттикнува да го откријат сопствениот потенцијал.rn

    Однесувањето на наставниците

    rnНаставниците во Индија мора да бидат многу толерантни. Тие не смеат да покажат незадоволство или да бараат нешто што не го прават самите. Најчесто се организираат собири за да се дискутираат правилата за однесувањето на наставниците, а не на децата.rn

    Стремеж кон личен напредок

    rnГлавната задача на учениците е да стануваат сѐ подобри и подобри. Секој месец, најдобрите ученици добиваат специјални честитки. Децата во Индија се стремат да бидат подобри од самите себе, а не од другите.rn

    Неформално однесување

    rnНаставниците не се двоумат дали да ја покажат нивната љубов кон учениците. Тие смеат да ги прегрнуваат децата и да им покажуваат нежност. Сепак, не смеат да имаат миленици, бидејќи секое дете треба да биде подеднакво прифатено.rnrnКако и во секоја земја, воспитните и образовните принципи во Индија се засноваат на менталитетот на луѓето. Нема ништо лошо во тоа доколку научите нешто од нив и станете потрпеливи и понежни кон вашите деца.rnrnВо продолжение прочитајте ги овие 9 чудни начини за воспитување деца ширум светот.

  • 10 знаци кои покажуваат дека вашите родители многу добро ве воспитале

    10 знаци кои покажуваат дека вашите родители многу добро ве воспитале

    Доброто воспитување на детето е сложен процес на кој секој родител мора да му посвети многу внимание. Дали вашите родители биле успешни во тоа? Дознајте кои се десетте сигурни знаци кои откриваат дека сте добро воспитани.rnrn1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_rnrn

    1. Знаете дека трпението е предност

    rnНе мора да добиете сѐ сега и веднаш. Свесни сте колку изреката „трпение-спасение“ е вистинита. Возрасните кои своите родители не ги научиле на трпение во јавноста може да се однесуваат полошо и од добро воспитано тригодишно дете. На пример, кога мораат да го чекаат својот ред во продавницата, па се обидуваат да се туркаат пред оние што стигнале први.rn

    2. Секогаш мислите на другите

    rnДодека разговарате со другите во круг, секогаш се поместувате за личноста која стои зад вас да може да се вклучи во него и да разговара. Притоа, не ги прекинувате другите додека разговараат и не зборувате без пауза подолго од две минути.rn

    3. Свесни сте за вашата околина

    rnКога излегувате од паркингот и ќе забележите дека некој чека за вашето паркинг место, побрзувате за таа личност да чека помалку.rnrn3-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_rn

    4. Велите „те молам“ и „благодарам“

    rnЗа ниту едно дете не постои изговор за неучтивоста. Експертите истакнуваат дека родителите мора да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и непријатноста и да престанат да смислуваат извинувања за непристојноста на своите деца. Детето мора да научи да каже „те молам“ и „благодарам“ без родителите да го потсетуваат на тоа.rn

    5. Не барате од другите луѓе потврда за сопствените вредности

    rnЛошо воспитаните луѓе прават добри работи само за да се фалат со нив. Добро воспитаните луѓе ќе помогнат некому и на никого нема да кажат за тоа. Нивната желба е да помогнат, а не да добијат внимание.rn

    6. Секогаш го отстапувате вашето место на некоја постара личност или трудница

    rnВо јавниот превоз или чекалната вие знаете дека е пристојно вашето седиште да го понудите на постара личност или на трудница. И секогаш го правите тоа.rn

    7. Не им ја отежнувате работата на другите

    rnВо продавница сте и сте одлучиле дека нешто што сте ставиле во корпата, сепак не ви е потребно? Ќе го вратите тој производ на своето место, а не некаде по пат, каде што ќе ви биде најзгодно.rnrn2-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-vashite-roditeli-mnogu-dobro-ve-vospitale-www.kafepauza.mk_rn

    8. Емпатични сте

    rnТоа значи дека знаете да се замислите во кожата на другите, што денес станува реткост. За емпатија потребни се и имагинација и морална цврстина која на личноста ѝ даваат способност за самоиспитување и проценување на сопствените улоги во одредена ситуација.rn

    9. Ги почитувате постарите

    rnНа постарите од себе им се обраќате со Вие, односно со господин или госпоѓа. Тоа би требало да биде дел од основниот бонтон, но на многумина тој им недостига.rn

    10. Знаете да ја признаете сопствената грешка

    rnИ знаете кога не сте во право. И знаете да се сложите со другите дека не се согласувате со нешто, без хистерија, расправија, викање или поголема караница. Ќе ја признаете сопствената грешка и ќе се насмеете на тоа.