КАФЕ ПАУЗА

Tag: воспитување

  • Ако децата ги воспитуваат родителите…

    Ако децата ги воспитуваат родителите…

    Од група ученици во прво одделение од САД било побарано да кажат што според нив родителите треба подобро да научат да прават и потоа да го нацртаат тоа.rnrnАко децата ги воспитуваат родителитеrnrnМожеби очекувате нивните одговори да бидат наивни и духовити, но ситуацијата е поинаква. Овие одговори и цртежи покажуваат поголема мудрост од таа што би се очекувала.rnrn

    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Мислам дека возрасните треба да научат како фотосинтезата им помага на дрвјата.“ – Брендон, 7 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Возрасните треба да научат да не им викаат на децата.“ – Саманта, 6 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Возасните треба да научат да речат ‘во ред е’ ако нешто ненамерно си згрешил.“
    – Метју, 7 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Треба да научат да ги контролираат своите реакции.“ – Илаја, 7 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Треба да знаат дека ако имаш сон, не е страшно ако не ти се оствари.“ – Михаела, 7 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Возрасните треба да научат повеќе да ги делат работите.“ – Џона, 7 години
    rnrn
    Ако децата ги воспитуваат родителите
    „Возрасните треба да научат да не се натажуваат и разлутуваат заради некои работи. Како на пример, заради глупави работи.“ – Стивен, 6 години

  • 10 клучни особини на добрите родители

    10 клучни особини на добрите родители

    Многу од проблемите со кои се соочуваме денес, се резултат на одредени пропусти во нашето воспитување, а тие пак настанале од проблемите во воспитувањето на нашите родители. Психологот Лион Селцер го воочил ова во неговата долгогодишна практика и издвоил 10 клучни особини кои треба да ги поседува секој родител, за да успее да го изведе детето на прав пат.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnВреме и внимание – Родителите се должни да го стават детето на прво место во животот. Со тоа што редовно ќе му го укажуваат потребното внимание, ќе му покажат дека тоа им е важно и дека е сакано.rnrnЕмпатија и разбирање – За да имаат среќно детство, а подоцна и среќни зрели години од животот, децата треба да се почувствуваат разбрани. Родителот треба постојано да се обидува да го разбере детето што тоа сака да му каже, дури и кога тоа има тешкотии со изразувањето на мислите и чувствата.rnrnПрифаќање – Добриот родител секогаш го прифаќа тоа што детето му го кажува, без разлика дали се сложува со тоа. Личноста на детето мора да биде почитувана. Родителот мора да прифати дека неговото дете има свои мисли, кои во неговиот детски свет имаат своја логика, иако од аспект на возрасен човек тоа може да изгледа поинаку.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnДоверба – На детето му е потребно да му биде укажана доверба да ги изврши задачите кои одговараат на неговата возраст. Кога родителот прекумерно се обидува да му угоди, така што тој за него ќе врши одредени задачи, детето ќе се почувствува неспособно и ќе има проблем со исполнување на задачите во зрелите години.rn

    Охрабрување – Кога детето ќе покаже знаци на страв од неуспех во одреденa задача која реално му е достижна, добриот родител ќе го охрабри детето да стигне до успехот.

    rn

    Признание и пофалба – Добриот родител секогаш ќе го пофали детето кога ќе успее во нешто и ќе му оддаде признание за искрените напори тогаш кога нема да успее.

    rnДопири и прегратки – Еден од најбинтите фактори за постигнување на топла емоционална клима во која детето ќе ја развива својата личност, е во квалитетниот физички контакт. Редовните прегратки му ја покажуваат љубовта и поддршката која му се нуди.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnПочит – Детето ќе се однесува и ќе размислува детски, затоа што тоа е соодветно на неговата зрелост и познавање на светот. Родителот не смее неговите чувства и мисли да не ги сфаќа сериозно, да ги исмејува или омаловажува. Тоа ќе нанесе тешки ненадоместливи последици.rnrnНасочување – Има многу родители кои грешат кога се обидуваат целосно да ги контролираат децата, со цел да им овозможат добра иднина. Така нанесуваат само штета. Тие треба да го насочуваат детето и да му го пренесат своето искуство во врска со она што тоа самото сака да го постигне.rnrnСлобода – Добриот родител овозможува физичка, ментална и емоционална слобода за своето дете. Мајката и таткото му овозможуваат да има сопствен простор и приватност и му дозволуваат слободно да си ги искаже мислите и чувствата. Детето не смее да се плаши од скратување на овие слободи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Богато детство за малку пари

    Богато детство за малку пари

    Ние што сме родени во осумдесеттите и деведесеттите години, сме израснале во период на мачна економска ситуација. Без разлика колку напорно и да работеле нашите родители, никако не можеле да стигнат до приход со кој било возможно да се задоволи и по некоја луксузна потреба.rnrnМногумина не одеа на море секое лето, малкумина знаат како изгледа зимување, автомобил или мотор како подарок за матура беше незамисливо, а немавме ниту скапи играчки на кои го симулиравме реалниот живот. Па сепак, постојат еден куп работи од нашето детство кои со задоволство ќе ги паметиме додека сме живи.rnrnБогато детство за малку париrnrnПовеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.rnrnНајубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.rnrnБогато детство за малку париrnrnСекако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.rnrnОвозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.rnrnЗапознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.rnrnЧитајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.rnrnБогато детство за малку париrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Главните фактори за интелектуалниот развој на децата

    Главните фактори за интелектуалниот развој на децата

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnЕднаш на три години, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) ги проверува математичките, јазичните и природнонаучните вештини на петнаесетгодишните ученици. Таквата класификација секогаш наидува на топол прием, а особено е добредојдена во побогатите држави. Зошто ученици од Финска или од Кореја, од Шангај или од Сингапур се справуваат многу подобро од тинејџерите од други, меѓу кои и некои високо развиени и економски стабилни држави?rnrnКако влијае социјалната припадност, кој успева да ги премости разликите, да ги премине границите и бариерите на скромното потекло, какви проблеми ги мачат децата на имигрантите – ова се прашањата кои ги поставуваат богатите земји како САД, Германија, Австрија и Велика Британија. Посиромашните земји, пак, како Македонија, како фактор најчесто го наведуваат недостатокот од средства.rnrnЕден од факторите кој е пресуден во интелектуалниот развој на детето е семејството. А токму најновите проучувања на ОЕСР се базираат на ваквите фактори. Истражувањето за тоа од какви семејства доаѓаат одличните ученици од ПИСА (Programme for International Student Assessment), даде изненадувачки, но сепак и очекувани резултати – од родителите зависи многу, а доколку тие повеќе се ангажираат и интересираат за образованието на своето дете, тоа може да се покаже дури и како посилен фактор од нивниот општествен статус.Главните фактори за интелектуалниот развој на децатаrn

    Моќта на читањето

    rnПетнаесетгодишните учесници кои биле дел од истражувањето на ПИСА во 2009 година, чии родители редовно им читале во првите години од основното образование, многу подобро се справувале на тестовите од учениците кои никогаш не го искусиле тоа. Оттука логично може да се претпостави дека во семејствата со повисок економски и образовен статус, комуникацијата на родителите со своите деца во раните години на школувањето е на повисоко ниво, па затоа и резултатите им се подобри.rnrnНо сепак, кога се споредуваат резултатите на средношколци од слични социјални средини, излегува дека повеќе бодови добивале оние ученици чии родители им читале книги додека биле првоодделенци. Онаму каде на децата не им било укажано таков тип внимание, резултатите се видливо послаби, независно од нивниот привилегиран статус.rnrnОпшто речено, не се толку важни „сребрените лажички“, колку што се важни книгите и читањето во раните години. Дури и во семејствата во кои родителите не се високообразовани, но ја разбираат важноста на книгите во развојот на младите, децата уште од рана возраст се здобиваат со навиката да обрнуваат внимание и учењето им оди полесно.rnrnДа, родителското залагање за децата создава уникатни основи. Очигледно децата не смеат да бидат оставени сами на себе, да гледаат неконтролирано телевизија, да го трошат неконструктивно времето и сами да си ги избираат занимациите. Неодамна, како во САД така и во Европа, се крена многу прашина околу книгата на Американката со кинеско потекло Ејми Чуа, која го доведе до јавна дискусија прашањето за построгиот родителски модел.rnrnПо внимателно разгледување на профилите на поуспешните средношколци, според тестовите на ПИСА, се доаѓа до заклучок кој го оправдува ставот на Чуа во врска со родителскиот модел. А ваквиот модел, едноставно мора да биде поврзан и со одредена принуда од страна на родителите.Главните фактори за интелектуалниот развој на децатаrn

    Постојано следење на развојот

    rnМногу ќе се излажете ако помислите дека само читањето книги на децата додека се првоодделенци ќе заврши работа. Според резултатите, во домот на успешните петнаесетгодишници, родителите постојано им го следат развојот. Иако тинејџерите се бунтуваат и се спротивставуваат, наивно е да се каже дека тие не сакаат и не бараат повеќе внимание од своите родители.rnrnУште една важна работа се темите на разговор во едно семејство. Учениците во чии семејствата се разговарало за општествено-политичкиот живот и каде што се живее во заедница, а не секој за себе пред својот компјутер, во својата соба, покажуваат видни резултати на тестовите.rnrnИстражувањата само ги потврдуваат оние народни вистини кои никој не може да ги смени, па дури ни интернет-ерата, социјалните мрежи или глобализацијата. Улогата на родителот во развојот на детето е огромна. Семејните вечери и приказните за добра ноќ не се само филмски сцени, туку огледалото во кое се одразува едно успешно родителство.Главните фактори за интелектуалниот развој на децата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.