КАФЕ ПАУЗА

Tag: видови

  • Подготвени на сè: 4 видови жени кои најбрзо се согласуваат на секс

    Подготвени на сè: 4 видови жени кои најбрзо се согласуваат на секс

    Мажите дошле до заклучок дека постојат 4 видови жени кои најбрзо се согласуваат да имаат секс со нив. Тие велат дека ги знаат овие жени од нивното лично искуство. Но, дали нивните процени се точни? Вие што мислите?rnrnПодготвени на сè: 4 видови жени кои најбрзо се согласуваат на сексrn

    1. Кугар

    rnСтанува збор за постара жена која најверојатно веќе била во брак. Таа сака пари, а често излегува за да пронајде помлади момци за секс. Директна е и не ѝ е проблем да го каже токму она што го сака. Обично е средена од глава до пети, а често можете да ја видите со цигара во рака.rnrnКаде можете да ја пронајдете: Во барови, клубови или во канцеларија. Таа најверојатно има пријателки кои се слични на неа.rnrnКако да ја освоите: Бидете дотерани, во форма и успешни. Таа сака да се фали со својот дечко пред пријателките.rnrnШанси за успех: 9/10rn

    2. Чувствителна бивша

    rnСтанува збор за онаа која жена која поминала низ тешко раскинување и која во моментот е емоционално нестабилна. Таа често може да излегува и пијана, па немојте да се изненадите доколку почне да се однесува недолично.rnrnКаде можете да ја пронајдете: Во барови, клубови и приватни журки. Таа под итно сака да почне да се забавува.rnrnКако да ја освоите: Бидејќи ѝ е потребно зајакнување на самодовербата, доколку сте нежен кон неа и ѝ давате комплименти, таа за возврат ќе ви даде сè што ќе посакате.rnrnШанси за успех: 6/10rn

    3. Сексуална авантуристка

    rnТаа сака да експериментира и да ја открива својата сексуалност, па токму затоа и подготвена е на сè. Најчесто станува збор за љубопитна и сексуално возбудена студентка.rnrnКаде можете да ја пронајдете: Журки организирани од факултет, читална или во библиотека.rnrnКако да ја освоите: Дајте ѝ го токму она што го бара – див секс и ноќи без сон.rnrnШанси за успех: 7/10rn

    4. Девојка од моминска вечер

    rnБидејќи не станува збор за идната невеста, таа е само деверица која сака да се забавува, напие и по можност да има секс.rnrnКаде можете да ја пронајдете: Во ресторан или бар каде што на една маса седат група пијани жени.rnrnКако да ја освоите: Поздравете ја идната невеста, но кон неа бидете пољубезни и симпатични. Ако е доволно пијана, имате шанса за акција.rnrnШанси за успех: 6/10

  • 5 видови сексуални односи кои ги искусувате кога сте во долга врска

    5 видови сексуални односи кои ги искусувате кога сте во долга врска

    Дури и кога сте во долга врска, сексот често е различен. Тој расте и се менува паралелно со вас во вашата врска. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што постојано ве очекува нешто ново зад следниот агол. И покрај тоа што има големи шанси да имале безброј пати односи, погледнете ги следниве 5 видови секс кои ги искусуваат оние кои се во врска подолго време…rnrn5 видови сексуални односи кои ги искусувате кога сте во долга врскаrn

    1. Секс каков што сте немале никогаш порано

    rnИ секако, на почетокот, сте го немале. Барем не со оваа личност, на овој нов начин. Постои време кога сè ќе ви биде ново и сè ќе доживувате како најневеројатното нешто кое некогаш сте го искусиле. Но, тоа нема да се случува само првиот пат или првите неколку пати… Тоа ќе продолжи да се случува подолг временски период. Вие ќе го истражувате телото на вашиот партнер, сакајќи да ги откриете сите негови/нејзини делови, а истото ќе се случува и со него/неа.rn

    2. Секс со страст која сте ја заборавиле

    rnКога сте во долга врска, сексот нема секој пат да ви биде најдобриот кој некогаш сте го имале. Понекогаш тој ќе биде само во ред. Вие на некој начин почнувате да влегувате во една рутина и знаете точно што да очекувате од вашиот партнер за време на сексуалниот однос. Но, еден ден, сосема непланирано, вие ќе ја најдете страста повторно. Можеби ќе направите нешто будалесто или ќе го искористите моментот на зближување, па одеднаш без предупредување ќе се впуштите во еден од најдобрите сексуални односи кои некогаш сте ги имале.rn

    3. Мрзлив секс, кој трае подолго

    rnПонекогаш едноставно нема потреба од брзање. Вие знаете дека ќе бидете заедно цела ноќ, а можеби и целиот нареден ден па токму затоа и ќе се опуштите, оставајќи ги работите да се движат по природен тек. Предиграта ќе стане подолга, движењата побавни и емоциите ќе надвладеат. Ова може да трае со часови и мали паузи за јадење, дремки или мрзливи и поспани разговори. Има и денови кога едноставно нема да сакате да станете од вашиот кревет и ќе се обидете најдобро што можете да го искористите времето кое ќе го поминете помеѓу чаршафите заедно.rn

    4. Брз секс, наутро пред работа

    rnВие сте целосно облечени и подготвени за работа. Но, истиот момент кога ќе се бакнете пред да излезете од дома, меѓу вас се разгорува силна возбуда и пред да трепнете ќе се најдете во кревет, со вашата облека расфрлана насекаде по подот. Вие можеби ќе доцните на работа или ќе немате време за појадок, но не се грижите бидејќи тоа тотално вредеше. Исто така, секогаш можете да го обвинувате сообраќајот за доцнењето, па големи се шансите дека нема да западнете во голема неволја на работа.rn

    5. Секс кога немате потреба, туку само затоа што знаете дека можете

    rnВо долгите врски, често се случува да имате секс само затоа што вашиот партнер е покрај вас и затоа што знаете дека нема да ве одбие. Вие немате односи затоа што навистина копнеете по нив или затоа што сте немале подолго време. Можеби токму утрото сте имале секс, но кога знаете дека тој/таа ќе биде и цела вечер покрај вас, си викате зошто да не имате пак. Вие сакате да го цените сексот кој го имате во моментов, кој е неверојатно, исклучително, секогаш задоволително и понекогаш хаотично искуство за кое не ви се верува дека сте можеле претходно без него да живеете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за пеперутките

    Интересни факти за пеперутките

    Автор: Сара ТурановиќrnrnВи издвојуваме неколку интересни факти во врска со пеперутките.rnrn1-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mkrnrn1. Пеперутките може да ја видат црвената, жолтата и зелената боја. Покрај нив, тие може да гледаат и низа ултравиолетови зраци кои се невидливи за човечкото око.rnrn2. Најбрзите пеперутки може да летаат 5,4 метри во секунда, додека молците може да достигнат брзина и до 11 метри во секунда.rnrn3. Пеперутките не може да летаат ако нивната телесна температура падне под 30 степени Целзиусови.rnrn4. Пеперутките се насликани и на Египетските фрески кои се стари 3.500 години.rnrn5. Има околу 24.000 видови пеперутки, додека молците се многу побројни – околу 140.000 видови.rnrn6. Gonepteryx rhamni (Лимон пеперутка) е пеперутка која живее од 9 до 10 месеци, што е најдолг животен век за еден вид. Некои видови пеперутки живеат многу кратко, неколку недели, денови, па дури и неколку часови.rnrn2-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mkrnrn7. Некои видови пеперутки не јадат ништо кога ќе пораснат, бидејќи не им се развила устата. Дури и дигестивниот систем им закржлавел кога биле гасеници.rnrn8. Многу пеперутки можат да ја вкусат подлогата со своите нозе за да се уверат дали тој лист е вкусна храна за јајцата што ќе ги положат.rnrn9. Пеперутките всушност имаат четири крилја кои се проѕирни. Боите на нив доаѓаат од ситните лушпи (кои личат на прашина), а самите крилја се исклучително чувствителни и можат многу лесно да се оштетат.rnrn10. Некои видови пеперутки, како на пример Монарх, се преселници и тие во текот на зимата летаат во топлите краеви. Миграцијата изгледа апсолутно фантастично, а патот е долг илјадници километри.rnrn3-interesni-fakti-za-peperutkite-kafepauza.mkrnrn11. Во Перу живеат 3.700 видови пеперутки – најмногу од која и да било друга земја во светот.rnrn12. Пеперутките сè уште не се детално проучени и се претпоставува дека постојат уште 500 неоткриени видови.rnrn13. Просечната пеперутка е тешка колку две ливчиња од ружа.rnrn14. Одредени видови пеперутки произведуваат токсини кои го обесхрабруваат предаторот да се храни со нив.rnrn15. Пеперутките не можат да преживеат само со нектар. Тие пијат вода од барите кои се полни со неопходни минерали.rnrn16. Пеперутките се кратковиди. Обично не гледаат подалеку од три метри.rnrn17. Антарктик е единствен континент на кој не е пронајдена ниту една пеперутка.rnrn18. После пчелите, пеперутките се на второто место на опрашувачи.rnrn19. Еден од најдобрите индикатори за здрав и балансиран еко-систем е изобилството на пеперутки.rnrnButterflies, Key West Butterfly & Nature Conservancy, Key West, Florida Keys, Florida USArnrn20. Постојат четири фази во животниот циклус кај пеперутката: јајце, ларва, гасеница и пеперутка.rnrn21. Пеперутката може да положи од 100 до 4.000 јајца.rnrn22. Бонус факт: На секој 14 март се одбележува денот „Научи нешто за пеперутките“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 видови шефови со кои никој не би сакал да работи

    10 видови шефови со кои никој не би сакал да работи

    Сите имаат шеф, на еден или друг начин, дури и оние кои самите се шефови. Доколку токму вие сте шеф кој нема свој надреден, тогаш ве молиме да не продолжите со читање.rnrn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrnИсто како и снегулките, сите шефови се на свој начин различни. Секој од нив има свој метод на менаџирање, интеракција и разделување задачи на работното место. Но повторно, исто како снегулките, многу од овие разлики се толку суптилни, што без тренинг не би можеле ни да се забележат. Токму затоа, погледнете ги наредниве категории во кои горе долу можат да влезат сите видови на шефови…rn

    1. Шеф 24/7

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Што е тоа вон работно време?“rn

    2. Господин проблем со контролата на својот гнев

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Фотокопирот има катана во него, не прашувајте како се најде таму, само најдете некој да го поправи тоа!“rn

    3. Најдобриот пријател засекогаш

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Веднаш престани со тоа што го правиш и… Ајде да направиме селфи! Ха ха! Сите тука се забавуваме!“rn

    4. Шеф од типот „Не замислував дека животот вака ќе ми излезе“

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Не те бива, не те бива, не те бива, добро утро Џери, не те бива, не те бива!“rn

    5. Оној кој не знае ништо

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Што е тоа? На што работиш?“rn

    6. Оној кој бега од работа

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Мора да одам. Имам, хм, нешто. Треба да одам некаде. Поврзано е со работа, мислам.“rn

    7. Античкиот шеф

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Вие 40-годишниците сте навистина нешто посебно.“rn

    8. Оној кој ве мрази категорично

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Те молам престани да зборуваш и исто така да работиш тука.“rn

    9. Микроменаџерот

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Погрешно го хефташ тоа. Дај да ти покажам како треба да го захефташ.“rn

    10. Другиот шеф кој е исто како онаа професорката на замена која ви дојде на училиште и која сите ја засакаа, можеби дури потајно и повеќе од другата професорка.

    rn10 видови шефови со кои никој не би сакал да работиrnrn„Ќе сработите нешто денес? Не? Во ред.“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видови интелигенција: Која е вашиот адут?

    Видови интелигенција: Која е вашиот адут?

    Интелигенцијата по дефиниција е способност за снаоѓање во новонастанати ситуации. Самиот збор потекнува од латинскиот inteligere што да значи да се разбере, да се сфати. Но, во реалноста, не може едноставно да се одреди која личност е поинтелигентна од друга. Вообичаено се користи IQ број кој одредува колку една личност е интелигентна, односно колку е снаодлива во некои ситуации, но самата бројка не е доволна за успех во животот.rnrnvidovi-inteligencija-koja-e-vashiot-adut-kafepauza.mkrnrnНа тоа влијаат фактори како околината, карактерот и мотивацијата на личноста. Токму поради ова, американскиот професор по психологија Хауард Гарднер, наведува 9 видови интелигенција. За самите IQ тестови тој вели дека покриваат само два вида: лингвистичката и логичко-математичката.rn

    За да го прошириме знаењето за интелигенцијата, ги наведуваме сите способности кои ја опишуваат:

    rn

      rn011

    • Брзина на адаптација при постоечки и новонастанати услови
    • rn011

    • Брзина и леснотија при учење
    • rn011

    • Апстрактно мислење
    • rn011

    • Брзина на перцепција на зададен проблем
    • rn011

    • Сфаќање на математички проблеми
    • rn011

    • Способност за користење на зборови при говор и пишување, разбирање на идеи
    • rn011

    • Општа способност на личноста вклучувајќи ефикасна примена на сите горенаведени способности
    • rn

    rn

    1. Лингвистичка (јазична, вербална) интелигенција

    rnЛингвистичката интелигенција подразбира нагласен интерес за зборовите и начинот на кој зборовите се користат при читањето, пишувањето и говорот. Таа исто така вклучува уживање во игри со зборови, странски јазици, раскажување приказни, креативно пишување и читање. Лицата кои имаат развиена лингвистичка интелигенција сакаат да читаат книги, стрипови, весници, да пишуваат песни и приказни, воглавно немаат проблеми со јавни настапи и говорење, добри комуникатори се и сл.rn

    2. Музичка интелигенција

    rnЛичностите кои го имаат развиено овој вид интелигенција, освен што сакаат и уживаат во музиката, подобро ги разбираат ритамот, мелодијата и звучните мотиви, лесно паметат мелодии и чувствуваат разлика помеѓу различните инструменти кои свират во исто време. Исто така, уживаат во активности како што се пеење, свирење на некој инструмент, слушање музика и посетување концерти.rn

    3. Логичко-математичка интелигенција

    rnОвој вид интелигенција подразбира лесно разбирање и примена на броеви и математички поими, пронаоѓање шаблони и лесно воочување односи, причини и поседници во науката. Најмногу доаѓа до израз при решавање проблеми и загатки, математички задачи напамет, користење компјутери и учење компјутерски програми и јазици, претставување факти на мапа, како и пронаоѓање на решенија во детективските приказни. Она што ги поврзува сите овие различни активности, а е клучен елемент на оваа интелигенција, е логиката која се користи како средство за решавање проблеми.rn

    4. Просторна или спацијална интелигенција

    rnОна што е својствено за оваа интелигенција е дека во овој случај се работи за размислување во слики. Личностите кои имаат нагласена просторна интелигенција подобро паметат лица одошто имиња, сакаат да ги изразуваат своите идеи преку цртежи и скици, уживаат додека составуваат и расклопуваат предмети, ги забележуваат стилот на облекување, автомобилите и разни други работи од животот, често цртаат и чкрткаат, ги воочуваат облиците на светот околу себе и уживаат во гледањето филмови. Некои луѓе ја изразуваат оваа интелигенција низ активности како што се ликовната уметност, фотографијата, филмот или дизајнот, додека други се занимаваат со архитектура, градежништво, моделирање или инвентивност.rn

    5. Телесно-кинетичка интелигенција

    rnОваа интелигенција е застапена кај лица кои се изразуваат себеси користејќи го своето тело, што значи дека тие мислат и учат со телото. Станува збор за личности кои сакаат движење и физичка активност, лесно и брзо учат физички вештини, уживаат да учествуваат во скечеви и театарски претстави, успешни спортисти се, вешти се во применета уметност, скулпторство, плетење и шиење, градење модели, имаат добра координација на движеwata, танцуваат елегантно, изведуваат магионичарски трикови и сл.rn

    6. Интерперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција ја изразува способноста на личноста лесно да запознава луѓе и да склопува пријателства, таа ужива во посматрање и анализирање на луѓето и нивниот говор на телото, во групни активности и живи разговори, добро организира активности за себе и за другите, знае да побудува интерес кај останатите за некоја заедничка работа, се грижи за она што е исправно, а што погрешно, води сметка за чувствата на другите, се грижи за луѓето и пронаоѓа начини како да им помогне бидејќи токму овој вид интелигенција го овозможува разбирањето на другите.rn

    7. Интраперсонална интелигенција

    rnОвој вид интелигенција ја изразува тенденцијата на луѓето да се повеќе ориентирани кон себе, бидејќи добро се познаваат себеси и имаат добра идеја за тоа кои се и што можат. Личностите кај кои е развиена оваа интелигенција се свесни за своите чувства и можат подобро да се разберат себеси одошто би можеле другите. Способни се да зацртуваат одредени цели, размислуваат за своите искуства и учат од нив, поминуваат време длабоко размислувајќи за тоа што им е нив важно и размислуваат за својата иднина. Преферираат активности кои можат да ги изведуваат сами.rn

    8. Натуралистичка (природна) интелигенција

    rnОваа интелигенција е застапена кај лица кои ја сакаат природата и околината во која живеат, забележувајќи ја природата каде и да се, имаат добро помнење за детали поврзани со местата на кои биле, сакаат животни и растенија и лесно ги препознаваат, имаат способност за разбирање на различни ситуации и се снаоѓаат на различни места, водат сметка за својата природна околина, уживаат во пешачење и кампување во природа, покажуваат интерес за езера, реки, океани, астрономија и сè она што се однесува на природата.rn

    9. Егзистенцијалистичка (духовна) интелигенција

    rnОвој вид вклучува чувствителност и капацитет на личноста да се занимава со длабоки прашања за човековата егзистенција, за значењето на животот, за тоа кои сме ние, како сме настанале и зошто умираме.rnrnПа, која интелигенција доминира кај вас? Дали вашата професија ја користи вашата најзастапена интелигенција? Проверете!

  • Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Постојат 4 видови љубовни врски – откријте која е вашата!

    Не може сите врски да траат вечно, па и не треба. Некои врски се само мост кон нови искуства и созревање на личноста, додека други, штом се оформат се толку силни, што ќе траат до крајот на животот.rnrnСпоред брачната терапевтка и психолог д-р Кармен Хара, постојат 4 видови љубовни врски, но тоа не значи дека не може да ги искусите сите во животот. Тие зависат од волјата и судбината и не е лесно да ги препознаете. Но секој љубовен однос треба да се анализира и да се категоризира. Иако ова не звучи многу романтично, сепак помага за личниот развој и за подобрување на квалитетот на животот.rnrnHappy couple embracing and laughingrn

    Преодна љубовна врска

    rnТаа е своевиден мост помеѓу две фази од процесот на созревање. Може да поттикнува на промена или да го ублажи товарот од претходната врска. Кај младите може да биде совршена лекција за тоа каква треба да биде љубовта, а после развод може да помогне во брзото лечење на раните. За жал, како што и самото име сугерира, ваквите врски најчесто со краткотрајни, но сепак се и многу благодарни, бидејќи им помагаат на луѓето да дојдат до нов, подобар стадиум од животот.rn

    Кармичка љубовна врска

    rnКармата е спој на сето добро и сето лошо што сме го направиле во животот, а нејзината мана и нејзината предност истовремено, е во тоа што се повторува. Заради тоа ваквите врски се многу интензивни. Кармичките љубовни врски исполнуваат и збогатуваат, без разлика на траењето. Тие подразбираат одредена акција, било да е тоа прекинување на причината за одредено однесување или поновување на иста ситуација. Како на пример, прекинување на долгогодишна врска по запознавање на сродната душа. Врските со сродни души едноставно значат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува кон таа личност без оглед на сѐ.rn

    Компромисна врска

    rnОвој вид врски е најчест и претставува спој на луѓе кои ги поврзува емоционална или финансиска стабилност. Најчесто парот останува заедно заради децата и комфорот. Поединците во оваа врска не ја напуштаат сигурната зона бидејќи се плашат да бидат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се со постоечкиот, но не се потполно среќни. Сепак тоа не ги спречува да не го поминат целиот живот заедно.rn

    Врска со сродна душа

    rnОваа врска се протега надвор од психичките и физичките нивоа. Ретка е, но штом започне, ќе трае цел живот. Се карактеризира со интензивна поврзаност помеѓу партнерите. Тие толку многу се разбираат што буквално можат меѓусебно да си ги завршуваат речениците. Овие се и најдобри пријатели и веруваат дека заедно можат да ги победат сите незгоди. Тоа не значи дека немаат проблеми, само што полесно ги решаваат од другите парови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот

    4 видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот

    Во машко-женските љубовни односи, сѐ започнува со бакнувањето, па затоа треба да му се даде големо значење на овој акт. Можете да замислите врска во која нема бакнување? Тој сладок интимен момент дефинитивно е една од најважните алки во врските, како на почетокот во процесот на запознавање и забавување, така и потоа за одржување на врската и љубовта воопшто.rnrn4-vidovi-baknezhi-koi-mora-da-gi-sovladate-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали сте личност која сака повеќе или помалку да се бакнува, постојат неколку видови бакнежи кои мора да ги совладате во животот бидејќи без нив дефинитивно не би можеле нормално да функционирате.rn

    Првиот бакнеж

    rnОној најслаткиот, но и најнезгодниот. Премногу јазик, премалку јазик, несинхронизиран ритам… Понекогаш самиот страв од него создава трема која може да го уништи целиот момент. Наш совет е само да се опуштите. Само затоа што вам ви изгледа како да правите нешто погрешно, не значи дека тоа е навистина така. Ви гарантираме дека и личноста со која се бакнувате во моментот се чувствува исто.rn

    Бакнеж во јавност

    rnПостојат парови кои едноставно не знаат дека можат да се бакнуваат во јавност исто како што тоа го прават помеѓу 4 ѕида. Бакнежот во јавност може да биде страстен, но воедно и премногу „вкусен“ за туѓите очи. Во превод, ако случајните минувачи имаат чувство како да упаднале во еротски филм бидејќи гледаат јазици на сите страни, веројатно тоа го правите премногу страсно. Јавниот бакнеж, сепак, е малку посрамежлив од оној кој го практикувате дома.rn

    Бакнеж пред родителите

    rnВо овој случај дефинитивно важи правилото повеќе е помалку. Секако дека и вашите и родителите на вашиот партнер знаат дека вие се бакнувате, но тоа не значи дека мора да присуствуваат на 10-минутна размена на страсти, плунка и воздишки. Пред родителите бидете минималисти во бакнувањето, не затоа што треба нешто да глумите, туку затоа што едноставно така е пристојно.rn

    Милионитиот бакнеж

    rnКога некој пар е долго време заедно, бакнежите често паѓаат во втор план, што секако дека не е добро. Очекувано е милионитиот бакнеж да не биде ист како првиот, но мора да ја задржите навиката да се бакнувате, бидејќи бакнежите ги зближуваат луѓето. Ако заборавите да се бакнувате, ќе ги изгубите и пеперутките во стомакот, кои одвреме-навреме, е добро да ги имате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 неодоливи видови прегратки кои секоја девојка ги посакува од своето момче

    7 неодоливи видови прегратки кои секоја девојка ги посакува од своето момче

    Познато е дека прегратката има исклучително позитивно влијание како врз физичкото, така и врз психичкото здравје на човекот. Прегратка може да даде секој, а особено е лековита кога ни е тешко.rnrnПостојат неколку видови прегратки кои момците можат да им ги дадат на девојките и секоја од нив е посебна на различен начин.rnrn7-neodolivi-vidovi-pregratki-koi-sekoja-devojka-gi-posakuva-od-svoeto-momche-kafepauza.mkrn

    1. Фати ме

    rnПрегратката во која девојката му скока на партнерот во прегратка, а тој снажно ја опфаќа околу струкот е прва на листата. Девојката може да ги дигне нозете во воздух и да го опколи цврсто со нив. Ваквите прегратки најчесто ги практикуваме кога сме многу возбудени и среќни што конечно се гледаме со партнерот од кого сме биле разделени некое време. Можеби поминале неколку дена или повеќе, но на двајцата им е многу мило што се гледаат. Оваа прегратка е ретка, па од тие причини е и многу драгоцена и слатка.rn

    2. Вртење во воздух

    rnДевојката се втрчува кон своето момче во прегратка, а тој ја подигнува и снажно ја врти во воздух, пред да ја спушти на земја. Овој вид прегратка е многу разиграна и забавна и со сигурност ќе ве расположи и ќе ве насмее.rn

    3. Стисни ме силно

    rnЕдна од најдобрите видови прегратки е онаа кога машкото цврсто ја прегрнува девојката како доказ на неговата љубов. Ако момчето ѝ пружа почесто вакви прегратки на својата девојка, тоа значи дека навистина ја сака. Кога ќе добиете ваква прегратка, бидете благодарни и покажете колку го сакате и цените вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rn

    4. Подигнување во воздух

    rnПрво тој ве прегрнува, а потоа ве дига во воздух. Ова е забавен вид прегратка која ќе ве насмее обајцата, а исто така потврдува дека тој се грижи за неа. Освен тоа, покажува и дека тој има сила, а сите знаеме колку момците сакаат да се фалат со своите мускули. Овој вид прегратка е одличен начин тој да ѝ покаже колку е силен.rn

    5. Долга прегратка

    rnДолгата прегратка е онаа која просто сите ја обожаваме. Го знаете она чувство кога сакате да останете засекогаш во прегратките на некој кој ви се допаѓа? Епа таа е таа прегратка. Ваквата прегратка сакаме да трае цел живот.rn

    6. Очи во очи

    rnМомчето најпрво ја прегрнува девојката, а потоа малку се оддалечува и ја погледнува во очи. Оваа прегратка е една од најинтимните видови и покажува дека момчето навистина има чувства и се грижи за девојката која ја прегрнува. Кога тој ќе ја погледне во очи, таа треба да му покаже дека е среќна што го има. Прегратката „очи во очи“ можете да ја добиете само од момче кое е вистински маѓепсано од вас.rn

    7. На неговите гради

    rnАко момчето е малку повисоко од девојката, нејзината глава може да падне точно на неговите гради. Оваа прегратка е одлична за поврзување, а воедно е и многу романтична. Во неговата прегратка таа ќе се чувствува како да е заштитена од целиот зол свет.

  • Значењето на цвеќињата

    Значењето на цвеќињата

    Без разлика дали денес ќе подарите или ќе добиете цвет како осмомартовски подарок, убаво е да ја дознаете симболиката која се крие зад секој вид. Момци, пред да ја посетите цвеќарницата денес, проверете каква порака ќе ѝ испратите на вашата љубена со цветот кој планирате да ѝ го подарите.rn

    Роза

    rnРозата е најчест избор кога се работи за подарување цвеќе. Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство. Овој цвет може да биде доста скап, ако се знае дека цвеќарниците со месеци ги чуваат пупките на розите затворени, сè со цел да расцутат точно за 8 март.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гербер

    rnГерберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Лале

    rnЛалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата, и најчесто се поврзува со Холандија, каде што за прв пат процветал во 17-от век. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.Значењето на цвеќињатаrn

    Перуански лилјан

    rnОвој долготраен цвет, познат уште како Алстроемерија, бара постојано внимание и одржување. Симболиката на овој цвет е пријателство и посветеност. Како што кажува самото име, овој вид лилјан потекнува од Јужна Америка, а карактеристично за него е тоа што има повеќе цветови по стеблото, што овозможува лесно да се вклопи во секој цветен аранжман.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Бел крин

    rnБелиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Орхидеја

    rnОрхидејата е позната како редок цвет и е симбол за љубовта, убавината, луксузот и силата. Плус, со подарувањето орхидеја испраќате порака дека имате несекојдневен стил на заведување. Личноста која подарува една орхидеја има подив темперамент од личноста која подарува цел букет рози.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Каранфил

    rnКаранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Сончоглед

    rnКако што кажува самото име на цветот, сончогледот претставува топлина, среќа и верност. Иако сончогледот цвета во лето, тој е достапен низ целата година.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Ирис

    rnИрисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гарденија

    rnОвој елегантен цвет означува чистота и радост, но подразбира и старомодна длабока љубов. Мажот кој на жената ѝ подарува гарденија, значи дека има заедничко минато со неа. Гарденијата е доста скап цвет и се продава единствено на парче, а не како букет.rnrnЗначењето на цвеќињата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Според психологот Харолд Гарднер интелигенцијата има биопсихолошки потенцијал – што значи дека сите ние имаме потенцијал да вежбаме група интелектуални способности во различен период од нашиот живот. Но, сепак постојат некои области во кои сме природно подобри. Тоа е одредено од видот на интелигенција кој го поседуваме и најчесто токму тоа ни помага во изборот на нашата професионална кариера. Истражувањата покажале постоење на барем 7 интелигенции кои се релативно независни:rnrnИзбор на кариера според видот на интелигенцијатаrn

    Лингвистичка интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај писатели, поети, новинари, адвокати, политичари, преведувачи… Таа се базира на способноста да се сфати синтаксата, фонетиката и семантиката на јазикот. Доколку оваа интелигенција е на повисоко ниво, се зголемуваат способностите за јазично изразување, читање, јасно пишување, убедување.rn

    Логичко-математичка интелигенција

    rnОваа интелигенција се сретнува на повисоко ниво кај математичари, научници од природните науки, сметководители, програмери, правници, доктори… Таа е интелигенција за бројки, математички операции и логичко расудување. Оние кои ја поседуваат имаат високо развиена способност за рационално расудување, поставување хипотези, утврдување каузални односи, за категоризирање и класифицирање.rn

    Спацијална интелигенција

    rnОвој вид интелигенција во поголема мера ја поседуваат архитекти, уметници, пилоти, фотографи, машински инженери, ловци, кореографи, декоратори… Таа подразбира развиена сензитивност за бои и форми, осетливост за визуелни поединости, имагинативна трансформација во тродимензионален простор, креирање на визуелни светови, способност за цртање, просторна ориентација.rn

    Музичка интелигенција

    rnОваа интелигенција на повисоко ниво се наоѓа кај пејачи, изведувачи на музички инструменти, композитори, музички критичари… Се базира на способностите за перципирање, препознавање и продуцирање ритами и мелодии, разликување на висината на тоновите и трансформација во различни тонски скали.rn

    Телесно-кинестетичка интелигенција

    rnОвој вид интелигенција е високо развиена кај спортистите, скулпторите, артистите, танчарите, занаетчиите, хирурзите… Личностите кај кои е развиена оваа интелигенција се одликуваат со тактилна сензитивност, контрола на телесните движења и способност преку нив да ги изразат своите чувства и идеи. Исто така многу вешто ракуваат со предметите.rn

    Интерперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај политичките лидери, советници, едукатори, раководители, менаџери на големи фирми, социјални работници… Таа се заснова на способноста да се разберат другите луѓе, да се препознаат нивните расположенија, намери и желби и соодветно да се реагира на нив. Лицата кои ја поседуваат оваа интелигенција се социјално одговорни, емпатични и способни да го видат светот од аспектот на другите луѓе. Тие имаат и способност лесно да влијаат врз одредена група на луѓе.rn

    Интраперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е на повисоко ниво кај теолози, бизнисмени, психотерапевти… Оние кои ја поседуваат се одликуваат со точно развиена слика за своите доблести и слабости, свесни се за своите расположенија, интереси и желби. Можат лесно да стигнат до своите чувства, да прават дистинкција помеѓу нив. Најчесто се интровертни, интроспективни, уживаат во медитацијата и други форми на длабинско душевно испитување. Тие се независни личности кои преферираат да работат сами.rnПомалку или повеќе ние ги поседуваме сите овие видови интелигенции. Секоја од нив се јавува во одреден степен од нашето детство, го достигнува врвот во различни периоди од зрелоста и постепено опаѓа во староста. Може да се манифестира на различни начини, но најголема улога игра во изборот на нашата кариера.rnrnКоја интелигенција моментално преовладува кај вас?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.