КАФЕ ПАУЗА

Tag: вид

  • Научниците велат дека вашиот мозок нема да ги запомни овие бои. Ќе им покажете дека грешат?

    Научниците велат дека вашиот мозок нема да ги запомни овие бои. Ќе им покажете дека грешат?

    Што мислите, колку добро ги забележувате боите? Постојат многу тестови кои можат да го тестираат вашиот вид, па дури и да ви откријат тајни за вашиот карактер преку очите, но верувајте, доколку решите да го направите, ова е најтешкиот тест со кој некогаш ќе се сретнете.rnrnСпоред неодамнешна студија која била спроведена од научниците при Универзитетот Џон Хопкинс, нашиот мозок е одличен кога станува збор за разликување бои, но не е и толку добар при нивното запомнување. Па, наместо да ги запомни различните нијанси бои, тој едноставно само ги категоризира во основната категорија. Токму тоа може да ви го докаже и следниов тест.rnrnПогледнете ги следниве 3 фотографии и обидете се да ја запомните бојата на издвоените објекти во нив. Едноставно фокусирајте се на објектот кој е нагласен и потоа проучете ја неговата нијанса. Дали вашиот мозок ќе ја запомни точната боја? Кажете ни подолу во коментарите!rn

    Фокусирајте се на китот во оваа фотографија и обидете се да ја запомните неговата боја

    rn(1) Научниците велат дека вашиот мозок нема да ги запомни овие бои. Ќе им покажете дека грешат?rnrnПреминете на следната страна за да започнете со тестот…rnrn

  • За оние со око соколово: Колку животни гледате на сликата?

    За оние со око соколово: Колку животни гледате на сликата?

    На оваа слика има повеќе животни, но тие се добро камуфлирани и можат да ги забележат само оние со многу остар вид. Ако сметате дека сте еден од нив, споделете во коментарите колку животни сте успеале да видите.rnrnza-onie-so-oko-sokolovo-kolku-zhivotni-gledate-na-slikata-kafepauza.mk

  • 10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

    10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаеле

    Очите се неверојатно комплексен орган, така што нормално е до сега да не сте знаеле за овие десет работи поврзани со нив.rnrn10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаелеrn

    1. Од големината на окото зависи дали ќе бидете кратковид или далекувид

    rnКратковидите луѓе имаат подолги очи од оние кои се далекувиди. Разликата меѓу нив е неверојатен еден милиметар, а тој одлучува дали подобро ќе ги гледате работите кои се далеку или полиску до вас.rn

    2. Луѓето со сини очи имаат некој заеднички предок

    rnСпоред научници од Универзитетот Копенхаген сините очи се развиле како мутација кај еден човек која настанала пред илјадници години. Инаку до тогаш сите имале кафеави очи.rn

    3. Некои луѓе имаат страв од очи

    rnСтравот од очи се нарекува оматофобија. Луѓето кои страдаат од него се плашат своите очи да ги вперат во нечии туѓи очи.rn

    4. Очите сè гледаат наопаку

    rnОчите се така структурирани што целиот свет го гледаат наопаку, но мозокот ја процесира сликата и ја исправа како што треба. Тој процес е толку брз што ние не го ни забележуваме.rn

    5. Очите можат да добијат изгореници од сонцето

    rnИ очите можат да изгорат од сонцето, но не толку брзо како што тоа се случува со кожата. Ним им треба подолго време. Затоа треба очите да се заштитуваат со очила за сонце.rnrn10 неверојатни факти за вашите очи кои сигурно не сте ги знаелеrn

    6. И слепите луѓе сонуваат

    rnЛуѓето кои можеле да гледаат кога се родиле, но подоцна го загубиле видот, сè уште можат да сонуваат и да гледаат слики во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи не знаат како изгледаат работите и затоа не ги сонуваат.rn

    7. Трепкаме 28000 пати во текот на денот

    rnНе го чувствуваме тоа, но трепкаме по 15-20 пати во минута и до 28000 пати во текот на денот. Се претпоставува дека тоа го правиме за да му дадеме на мозокот краток одмор од процесирањето на сликите.rn

    8. Кучињата нè разбираат преку нашите очи

    rnКучињата го следат движењето на начите очи за да разберат каква порака сакаме да им пренесеме. И бебињата користат сличен метод.rn

    9. 6/6 видот е нормална појава и не ве прави натпросечни

    rnИмате 6/6 вид ако при правењето на тест каде што треба да препознаете буквите на бела табла пред вас можете на шест метри одалеченост да ги распознаете буквите со кои на нормален човек би му требале исто така шест метри. Најдобриот регистриран тест за вид е 6/3, односно некој од шест метри можел да го види тоа што за кое на некој друг му е потребна близина од три метри.rn

    10. Човечкото око може да разспознае над 10 милиони бои

    rnПоради овој неверојатен квалитет често пати не можеме да се согласиме околу тоа каква нијанса има некој предмет.

  • Тест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето тело

    Тест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето тело

    Годините кои ни ги пишува во крштеницата никогаш не се оние кои ние би сакале да ги имаме. Младите жени секогаш сакаат да бидат постари, додека пак после 40-от роденден сите би сакале да имаат барем неколку години помалку. Со разни методи на разубавување може да се предизвика телото да изгледа малку помладо, но не постои начин да се променат „годините“ кои ги носиме во нашите клетки. Биолошката старост покажува колку сме навистина стари. Нејзиниот часовник отчукува во клетките без можност да го вратиме наназад.rnrnТест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето телоrnrnЕдно истражување кое било направено во Холандија покажало дека нездравиот стил на живот влијае просечната биолошка старост да биде и до 15 години поголема од онаа која нашите родители и баби и дедовци ја имале на истите години. Тоа значи дека луѓето во 40-тите години можат биолошки да имаат и до 55 години. Постојат различни методи на кои можете да ја процените вашата биолошка старост, па ако сте љубопитни обидете се да ја откриете со помош на овој тест…rn

    Мускули

    rnЗастанете исправено, па кренете ја едната нога и свиткајте ја кај коленото. Рацете ставете ги на колковите или раширете ги и затворете ги очите. Бројте колку секунди ќе издржите да одржувате рамнотежа. Доколку сте издржале една минута, одземете 4 години од вашата возраст, а ако успеавте да се задржите околу 30 секунди одземете 2 години од вашата возраст. Но, доколку не успеавте да издржите ниту 5 секунди, додајте си уште 3 години.rn

    Пулс

    rnИзмерете го отчукувањето на срцето и потоа набрзина направете 30 клекнувања (чучњеви). Повторно измерете го вашиот пулс и пресметајте ја разликата. Доколку сте во 20-тите години, пулсот треба да ви се зголеми од 0 до 10 единици, доколку сте во 30-тите – од 10 до 20 единици, во 40-тите од 20 до 30, а над 50-тата година се зголемува од 30 до 40 единици.rn

    Вид

    rnПроверете го вашиот вид со помош на линијар и весник. Поставете го долгиот линијар на коската кај јаболчницата, веднаш под окото, земете весник и полека оддалечувајте сè додека буквите не ви станат матни. Измерете ја најблиската оддалеченост на која чисто ги гледате буквите. Доколку тоа е помалку од 15 сантиметри тогаш вашата биолошка старост се поклопува со вашите години. За оддалеченоста од 16 до 30 сантиметри додајте си една година и на сите дополнителни 30 сантиметри додавајте по една година плус…rn

    Гимнастика

    rnЗастанете и исправете се, свиткајте ги колената, спуштете се нанапред и обидете се со дланките да допрете до подот. Доколку целосно ги допревте дланките до подот, вашата биолошка старост е од 20 до 30 години, но ако само со прстите допирате, тогаш имате 40 години. Со 50 години веќе не можете да допрете подалеку од потколеницата, додека пак ако сте застанале на колената вашата биолошка возраст е 60 години.rn

    Броење

    rnЗемете стоперка и бројте наназад од 100 по 7 броеви. Помладите од 40 години би требало да стигнат до 2 за најмногу 20 секунди, додека пак оние од 40 до 60 годни би требало да завршат со броењето за 40 секунди. За резултатите побрзи од очекуваното време одземете по 2 години од вашата возраст, а за побавното завршување, додајте си 2 години.rn

    Кожа

    rnПоткренете ја кожата над дланката најмногу што можете, држете така половина минута и пуштете. Со помош на стоперка мерете за колку секунди таа ќе се врати во нормала. Доколку е помалку од 1 секунда, одземете си 3 години. Доколку ѝ се потребни две секунди биолошката и хронолошката возраст ви се поклопуваат. Но, ако ѝ се потребни 3 до 4 секунди додајте си една година, за 5 до 10 секунди додајте си 2 години, а за 10 до 30 секунди додајте си 3 години.rn

    Обем

    rnИзмерете го обемот на најширокиот дел од вашите колкови и струкот. Совршената мерка на струкот е 70% од обемот на колковите. Доколку сте добиле ваков резултат одземете си една година. За обемот на струкот кој изнесува од 80 до 90 проценти од колковите, додајте си 3 години. Доколку нивните димензии се исти или струкот е поширок од колковите, додајте 5 години на вашата возраст.rn

    Бели дробови

    rnДлабоко вдишете и целиот воздух од вашите бели дробови, во еден здив, издишете го во балон кој потоа ќе го заврзете. Со помош на линијар измерете ја ширината на балонот. Доколку сте издишале 0,5 литри воздух, ширината на балонот ќе биде од 7 до 9 сантиметри, 1 литар се однесува на ширина од 10 до 11 сантиметри, додека пак 1,5 литри изнесуваат 12 до 13 сантиметри. 2 до 3 литри воздух го шират балонот од 14 до 16 сантиметри, а со следните 2 литри му се додаваат уште 6 сантиметри ширина. Доколку вашиот резултат е помал од 1 литар воздух додајте 5 години, а ако во балонот има 1,5 литар додајте 3 години. За 2 до 3 литри се додаваат по 1 година, додека пак за 4 до 5 литри се одземаат 3 години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како да го сочувате добриот вид?

    Како да го сочувате добриот вид?

    За да го зачувате добриот вид треба малку да се потрудите. Најважно е да ги применувате советите за заштита на очите од штетните УВ-зраци, да не претерувате со капките кои ви даваат само чувство на привремено олеснување, редовно да ги одморате и да не ги игнорирате сомнителните симптоми кои се појавуваат за да ве потсетат да посетите офталмолог.rnrnКако да го сочувате добриот вид?rn

    Секогаш треба да носите очила за сонце со УВ-заштита

    rnИзложувањето на очите на УВ-зраци ја оштетува рожницата на окото и го зголемува ризикот од настанување на катаракта. Доколку не ги штитите очите, ја зголемувате опасноста да заболите од карцином на очните капаци. Дури и за време на облачни денови, УВ-зраците успеваат да го пронајдат својот пат низ облаците.rn

    Не треба претерано да користите капки за очи

    rnТие се одлични за повремено отстранување на заморот од очите, но не се трајно решение. Тие ги стеснуваат крвните садови, но воспалението се враќа после неколку часа и крвните садови повторно почнуваат да се шират. Тогаш вашите очи ќе станат поцрвени одошто биле претходно.rn

    Ако имате суви очи, користете вештачки солзи

    rnНо, и со нивната прекумерна употреба можете да ги иритирате очите. Сувите очи се често симптом на проблеми со видот. Ако користите капки за очи повеќе од 4 пати на ден, посоветувајте се со лекар. Што поретко тријте ги очите и користите навлажнувачи за воздух во просториите во кои најчесто седите.rn

    Отстранување на шминката

    rnЖените кои се шминкаат задолжително треба да го гледаат рокот на траење на козметичките производи кои ги користат. Треба да се придржуваат до зададениот рок, бидејќи бајатата шминка е штетна по здравјето на очите и кожата. Пред спиење, задолжително темелно отстранувајте ја шминката.rnrnКако да го сочувате добриот вид?rn

    Немојте предолго да гледате во монитор

    rnТрепкањето ги одржува очите влажни. Но, кога гледате во монитор, трепкате многу поретко од вообичаено. Би требало да трепкате 12-15 пати во минута. Ако тоа не го правите, видот ќе ви се замати, а очите ќе ви се изморат. Секои 10-тина минути погледувајте настрана во најдалечната точка која ви е достапна. На тој начин малку ќе ги одморите очите и ќе го спречите оштетувањето на нивниот вид.rn

    Ако носите леќи, не ставајте ги во уста и не мијте ги со вода

    rnКористете ја само специјалната течност за леќи. Немојте да ги носите леќите додека пливате или се туширате. Важно е и леќите да ви одговараат на очите, како и нежно да ги ставате и отстранувате за да не ја оштетите рожницата и со тоа да создадете погодно место за насобирање бактерии.rn

    Не треба да пушите од многу причини, а видот е една од нив

    rnПушењето го зголемува ризикот од настанување на катаракта и макуларна дегенерација. Тоа го намалува снабдувањето со кислород и хранливи материи на целото тело, вклучувајќи ги и очите.rn

    Не надевајте се дека болката во очите, матниот вид, црвенилото и чувствителноста на светлина сами ќе исчезнат

    rnАко сте забележале дека вашиот вид почнува да влијае на квалитетот на вашиот живот, не чекајте бидејќи сигурно нема да самиот да се подобри. Оштетувањето на видот треба соодветно да се третира за да спречите понатамошно оштетување и појава на очни болести.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Поголемиот дел од контактните леќи не се дизајнирани за континуирано носење. Најчесто, на крајот од денот, вие ги отстранувате леќите и ги оставате во раствор за да се дезинфицираат до наредното утро. Сигурни сме дека никогаш не сте ни помислиле да ги носите 6 месеци без прекин… Во случај да сте размислувале за тоа, веднаш ве предупредуваме да заборавите на таа идеја!rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnЗошто, би се запрашале? Студентката Лиан Као од Тајван го сторила токму тоа. Доколку контактните леќи останат врз вашите очи подолго време, тие ќе станат одлично место за криење на оние бактерии кои не сакаат кислород. Овие бактерии потоа ќе почнат да привлекуваат микроорганизми кои се хранат од нив, како на пример, акантамебата, како што се случило со Као.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnАкантамебата е еден вид амеба која најчесто не е штетна за луѓето. Но, што мислите, што ќе се случи доколку цела колонија на акантамеби се населат под контактните леќи каде што имаат неограничен извор на бактерии за исхрана? Во случајот на Као, докторите не се сигурни како таа стапила во контакт со овие амеби, но веруваат дека тоа се случило за време на пливање со леќите. Како што оваа колонија растела, така почнувала да навлегува во рожницата на Као, барајќи повеќе бактерии за храна. Токму тогаш се случило она што е познато како „Acanthamoeba keratitis“.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnОваа состојба знае да создава болка и црвенило, но не доволно за луѓето да побараат медицинска помош. Па, бидејќи не побарала помош на време, очите на Као денес изгледаат како на фотографијата подолу и таа е целосно слепа. Во некои ситуации видот може да се врати со помош на пресадување на рожница, но најчесто пациентите остануваат слепи поради неверојатно тешкиот начин да се отстрани оваа инфекција.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnНаравоучение: Никогаш не ги носете вашите леќи подолго од еден ден!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 навики кои им штетат на вашите очи

    11 навики кои им штетат на вашите очи

    Автор: Зорица ТодороваrnrnВо овој динамичен свет кој нѐ опкружува едноставно не постои можност да не ги оптоваруваме очите: компјутери на работа, кога сме излезени телефоните ни се постојано во рака, носење леќи, а понекогаш дури забораваме и да си ја исчистите маскарата! Време е да ги промените овие штетни навики.rnrn0-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    1. Постојано зјапате во телефон

    rnМожеби една од причините поради која сѐ почесто ве болат очите е постојаното напрегање да ги прочитате ситните букви од екранот на телефонот, особено ако ова го правите со часови. Ова може да доведе до замаглен вид, суви очи и вртоглавица.rnrnЗа да ги одморите очите оставете го телефонот на секои 20 минути, или уште подобро, зголемете го фонтот на самиот телефон за да не мора да се напрегате да го прочитате тој ситен Фејсбук статус.rnrn2-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    2. Гледате телевизија навечер

    rnВсушност, гледање во каков било екран пред спиење со изгасено светло – телефон, телевизор, лаптоп е лошо за вас. Светлината на екранот брзо се менува и затоа вашите очи напорно се трудат да ги процесираат сите тие промени што може да доведе до главоболка и црвенило на очите. Уште полошо, може да ви го наруши и распоредот на спиење.rnrnОд друга страна, не се препорачува ниту читање со пригушено светло. Ако веќе сакате да ја дочитате последната глава од книгата, вклучете ја ноќната ламба и завршете побрзо.rn

    3. Спиете со контактни леќи

    rnНормално, доцна е и изморени сте. Но тоа не е оправдување за да не ги извадите леќите пред спиење. Не само што се зголемува ризикот од инфекција, туку може да си направите трајни оштетувања. Затоа навечер вадете ги леќите од очите и осигурете се рацете да ви бидат чисти.rn

    4. Ги триете очите

    rnЕдноставно немојте. Премногу силното триење на очите може да ги оштети крвните садови под капаците. Наместо тоа, смирете ги иритираните очи со ладен притисок врз нив.rnrn3-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    5. Често употребувате капки за очи

    rnИако моментално им помагаат на очите, на долг рок капките може само уште повеќе да ги иритираат. Ако користите капки за очи на рецепт, тогаш внимателно следете ги упатствата од вашиот лекар, а ако ви предизвикаат некаква иритација веднаш престанете.rn

    6. Не се храните правилно

    rnДа, начинот на исхрана е многу важен. Одредено овошје и зеленчук е многу потребно за здравјето на вашите очи, особено она со витамините Ц и Е, цинк и омега-3 масни киселини. Консумирајте цитрусно овошје, растителни масла, јаткасти плодови, цели зрна, лиснат зеленчук и риба колку што можете повеќе.rn

    7. Не користите заштитни очила

    rnРечиси 45% од очните повреди се случуваат во домот. Најчестите ризици се изложеноста на хемикалиите од производите за чистење, прскање на врело масло за време на готвењето, работа во домот која вклучува употреба на шајки или косење на трева, како и употреба на жешки апарати за коса во близина на очите. Затоа е добра идеја да користите заштитни очила кога работите нешто дома, колку смешно и да изгледате со нив.rn

    8. Погрешна шминка

    rnСѐ што ставате во близина на очите е потенцијален ризик. Тоа вклучува маскара, туш за очи, сенка за очи и крема за очи. Затоа кога ставате шминка, гледајте да не ја допира линијата на трепките каде се наоѓаат масните жлезди. Нивното зачепување доведува до инфекции. Исто така, шминката која ја користите за очи фрлете ја на секои 3 месеци. Бактериите обожаваат да се размножуваат во темни, влажни места, а вашата маскара може да биде токму изворот на бројни инфекции.rnrnMake uprn

    9. Не спиете доволно

    rnНедостигот на сон може да доведе до голем број проблеми, меѓу кои и покачена тежина, депресија и опаднат имунитет. Дополнително, тоа им штети и на вашите очи (треперење, суви очи, замаглен вид, болка). Најдобро е да спиете минимум 7 часа навечер и запаметете, оставете го телефонот пред спиење.rn

    10. Не ги носите вашите очила (и оние за сонце)

    rnПостојаното мижуркање им создава напор и болка на вашите очи. За среќа, постои едноставно решение: носете ги очилата! А кога сте надвор, извадете ги очилата за сонце од чантата и заштитете се од штетните УВ зраци.rnrn1-11-naviki-koi-im-shtetat-na-vashite-ochi-kafepauza.mkrn

    11. Не го посетувате очниот лекар

    rnЛекарот не само што може да открие сериозни проблеми (како глауком) кои немаат симптоми, туку исто така може да види знаци и на други болести (како дијабетес и висок крвен притисок) со самото тоа што ќе ги погледне вашите очи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тестирајте го вашиот вид: Кого гледате на сликата?

    Тестирајте го вашиот вид: Кого гледате на сликата?

    Поставете го екранот на нормална оддалеченост и погледнете во сликата. Би требало да го видите лицето на големиот научник Алберт Ајнштајн. Сега благо замижете со очите или оддалечете се од мониторот продолжувајќи да гледате во сликата. Ја забележавте сега можеби холивудската дива Мерлин Монро?rnrn1-testirajte-go-vashiot-vid-kogo-gledate-na-slikata-kafepauza.mkrnrnМонро-Ајнштајн е хибридна, двојна слика, која е дело на д-р Ауд Олив од американскиот универзитет МИТ. На фотографијата би требало јасно да го видите Алберт Ајнштајн, но бидејќи се работи за оптичка илузија, кратковидните лица ќе ја видат и Мерлин Монро.rnrnАко го гледате Ајнштајн од нормална оддалеченост – имате нормален вид.rnrnАко при нормална оддалеченост ја гледате холивудската дива – вие сте кратковиди и веројатно ви требало да го коригирате видот со очила или со контактни леќи.rnrnАко пак сте кратковиди и веќе носите очила, можете да се забавувате со овој тест – тргнете ги очилата и ќе ја видите Мерлин, вратете ги назад, ќе го видите научникот.rnrn2-testirajte-go-vashiot-vid-kogo-gledate-na-slikata-kafepauza.mkrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да гледате добро и без очила?

    Како да гледате добро и без очила?

    Видот без сомнение е еден од најпривлечните човечки сетила. Кога станува збор за спознавање на светот, видот е оној кој навистина ни овозможува да веруваме во нештата кои постојат. Можеби токму затоа постојано се трудиме да го подобриме, па носиме очила, леќи или пак, одбираме ласерска операција. Но, она што сигурно не сте го знаеле досега е дека доколку поради кои било причини не можете да стигнете до вашите очила или леќи, доволно е само да направите мал отвор со вашата дланка и низ него светот повторно ќе ви стане кристално чист и јасен. Неверојатно, се согласувате?rnrnКако да гледате добро без очила?rnrnЗа да го сфатите овој трик, прво треба да се навратите на основите за тоа како функционираат очите. Светлината патува од одреден извор, се одбива од објектите на својот пат и поминува низ ретината во вашето око каде што формира слика. Ако вашето око нема леќа, тогаш светлината би ја удирала ретината на многу места, а со тоа сликата што ќе се создава би била замаглен хаос. Функцијата на леќата е да ја фокусира светлината кон една локација во вашата ретина и со тоа да создава јасна слика. Но, доколку леќата во вашето око не работи како што треба, тогаш мора да носите очила или леќи за да гледате појасно. И да се навратиме на нашиот трик. Леќите кои не работат како што треба имаат проблем со фокусирање на објектите од различни далечини. За разлика од леќата, малите отвори сами ја насочуваат светлината од сите страни кон едно место, а со тоа ви овозможуваат да гледате чисто и фокусирано. Обидете се и самите.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете го светот преку очи на мачка

    Погледнете го светот преку очи на мачка

    Се прашувате како изгледа светот погледнат преку очи на мачка? Базичната структура на мачкините очи е доста слична со онаа на луѓето, но видот на мачката се прилагодува за различни потреби, па иако светот што тие го гледаат е сличен на нашиот, сепак се разликува. Како предатори, тие мораат да бидат во можност да забележат движење дури и при минимална светлина.rnrnПогледнете го светот преку очи на мачкаrnrnАртистот Николај Лам во својот последен проект ни прикажува како изгледа светот, погледнат преку очи на мачка. Во консултација со офталмолози од ветеринарниот факултет на Универзитетот во Пенсилванија и други специјалисти од тоа поле, тој успеал да ги направи овие визуелизации, на кои е направена споредба како гледаат луѓето, а како мачките. На горните фотографии е прикажан видот на луѓето, спореден со видот на мачките на долната фотографија.rnrnПогледнете го светот преку очи на мачкаrnrnПри создавање на овие фотографии тој зел предвид многу факти. Матните рабови на сликата ја претставуваат нашата периферна визија. Луѓето имаат домет од 20 степени на периферна визија на двете очи, додека кај мачките тој домет изнесува 30 степени. Нивното визуелно поле во целост е поголемо од човековото. Тие гледаат под агол од 200 степени, додека ние под агол од 180.rnrnПогледнете го светот преку очи на мачка Погледнете го светот преку очи на мачкаrnrnНивниот поглед од далечина е ужасен. Тоа што ние луѓето можеме да го видиме од 30 метри, тие можат да го здогледаат од 6 метри. Истражувањата покажуваат дека мачките гледаат сини и жолти тонови, но не ги гледаат црвените, портокаловите и кафените. Затоа фотографиите со нивниот поглед делуваат како да се испрани. Сепак, за разлика од луѓето тие гледаат 8 пати подобро во темница.rnrnПогледнете го светот преку очи на мачкаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.