Еден учител му покажал три играчки на еден ученик и од него побарал да ги открие разликите помеѓу нив. Сите три играчки изгледале исти според нивната форма, големина и материјал. По длабоко набљудување, ученикот забележал дупки во играчките.rnrnrnrnПрвата имала дупки во ушите, втората дупка во едното уво и устата, а третата имала само една дупка во едното уво. Потоа, ученикот ставал игла во секоја играчка. Кај првата тој ја ставил од едното уво и таа излегла од другото, кај втората ја ставил во увото и таа излегла од устата, додека пак кај третата тој ја вметнал иглата во увото и таа не излегла од никаде.rnrnПрвата играчка ги прикажува оние луѓе околу вас кои оставаат впечаток дека ве слушаат и дека се грижат за вас. Но, вистината е дека тие само се преправаат. По слушањето, како што иглата излегува од другото уво, работите кои вие им ги кажувате, сметајќи на нив, исчезнуваат. Затоа, бидете внимателни додека зборувате со овој вид луѓе, кои воопшто не се грижат за вас.rnrnВтората играчка ги симболизира оние луѓе кои ве слушаат и оставаат впечаток дека се грижат за вас. Но, како што и кај втората играчка иглата излегува од устата, така овие луѓе ќе ги употребуваат вашите зборови против вас, кажувајќи им ги доверливите работи на другите.rnrnКај третата играчка иглата не излегува од никаде. Таа ги прикажува луѓето од доверба и токму овие се оние на кои можете да сметате.rnrnПоука:Секогаш бидете во друштво на верни и доверливи личности. Луѓето кои ве слушаат додека зборувате, не се секогаш оние на кои можете да сметате кога ќе ви бидат најпотребни!
Сигурно некогаш сте се запрашале како изгледате во очите на вашето домашно милениче. А сте помислиле ли како пчелите го гледаат светот? Видот на секое суштество на планетата Земја е посебен, а некои можат да го видат дури и она што ние не можеме. Во продолжение погледнете како изгледа светот низ очите на различни животни…rn
Кучиња
rnКако гледаат луѓетоrnrnКако гледаат кучињатаrnrnКучињата имаат лош вид, нивните очи не се чувствителни на многу бои и тие го гледаат светот во избледена верзија. Од друга страна, пак, многу добро гледаат навечер. Имаат добро развиено чувство за перспектива и длабочина и нивните очи добро ги забележуваат дури и најмалите движења.rn
Риби
rnКако гледаат луѓетоrnrnКако гледаат рибитеrnrnРибите гледаат во ултравиолетова варијанта и сѐ што им е во близина го гледаат зголемено. Веројатно затоа толку многу риби изгледаат изненадено цело време.rn
Птици
rnКако гледаат луѓетоrnrnКако гледаат птицитеrnrnОвие пердувести животинчиња имаат остро око. Ноќните птици гледаат многу добро кога нема светлина, а во текот на денот можат да видат нијанси на бои кои ние луѓето не можеме да ги забележиме. Тие исто така можат да ги видат и ултравиолетовите зраци.rn
Змии
rnКако гледаат луѓетоrnrnКако гледаат змиитеrnrnЗмиите имаат лош вид, но можат да ја видат термалната радијација навечер 10 пати подобро од која било модерна инфрацрвена технологија. Меѓутоа, во текот на денот реагираат само на движења. Доколку нивниот плен не се движи, нема да го фатат.rnrnЗа да дознаете како гледаат и други различни животни, преминете на следната страна…rnrn
Колку пати ви се случило да не можете да паркирате пред маркетот затоа што на тоа место стои количка за пазарување? Или пак, да не можете да излезете без претходно да морате вие да ја вратите на своето место? Колку пати сте забележале како некој само ја турка покрај патот, влегува во својот автомобил и си заминува, а таа полека се враќа наназад и потоа удира во друг автомобил? Следниве фотографии ги отсликуваат делата на најлошиот вид луѓе на светот – оние кои се премногу мрзливи да ја однесат количката онаму каде што припаѓа, без притоа да го отежнуваат животот на сите останати околу нив.rnrnrnrn
Иако ве учеле дека читањето во мрак или преблиското стоење покрај телевизискиот екран може да го оштети вашиот вид, сепак мораме да ви кажеме дека тие две работи воопшто не се точни. Доколку се запрашувате за кои секојдневни навики станува збор, тогаш е време да ги дознаете.rn
1. Читање книга додека се возите
rnrnrnИако е доста убаво во денешно време да видите личност која чита книга во автобусот, а да не сурфа на интернет, сепак таа личност ризикува да го оштети својот вид. Тоа е така, бидејќи нашите раце постојано се тресат додека се возиме, а со тоа и книгата се поместува, па така нашите очи постојано мора да се фокусираат и напрегнуваат за да го прочитаме убаво тоа што го пишува. Главоболките и ослабениот вид се појавуваат со преголемото напрегнување на очите.rn
2. Недостаток на сон
rnrnrnВо текот на ноќта, односно додека спиеме целиот наш организам се одмара и обновува, што значи дека и нашите очи се одмараат. Меѓутоа, доколку не спиете доволно, до касно лежите во креветот или воопшто не спиете, вие не им дозволувате на вашите очи да се одморат. Тоа предизвикува проблем на сувост и појава на испукани капилари во очите.rn
3. Гледање филмови на лаптоп или таблет
rnrnrnИако е доста полесно да гледате некој филм или серија на вашиот лаптоп, наместо да го ставате на УСБ, па потоа на телевизор, сепак таа рутина ги оптоварува очите поради екранот кој стои премногу близу да главата.rnrnrnrnНо сепак, некогаш мора да гледате нешто на вашиот лаптоп, а за да не ги напрегате очите, правите пауза одвреме-навреме така што ќе го тргнете погледот од екранот и ќе гледате некаде во далечина.rn
4. Недостаток на трепкања
rnrnrnВоглавно ова им се случува на децата, но може да им се случи и на возрасните. Кога ќе се загледате во нешто на вашиот компјутер, лаптоп или некој друг електронски уред, тогаш се намалува бројот на трепкања или пак воопшто не трепкате. Поради тоа се јавува иритација на очите, но и сувост. Доколку ви се случило ова, едноставно ставете капки за очи или користете 3% борна киселина (acidi borici), која се користи како раствор за миење на очите.rn
5. Заборавате да носите очила за сонце
rnrnrnСилната сончева светлина и УВ зраците им сметаат на нашите чувствителни очи и му штетат на видот. Задолжително носете очила за сонце, без разлика каде сте, па дури иако одите само до најблискиот маркет.
Правите вежби за вашите раце, нозе, стомачни мускули, па и за вашиот задник, но, дали некогаш сте помислиле да правите вежби за вашите очи? Секој лекар би ви кажал дека правењето вежби за очите е одличен начин за да го подобрите нивното здравје. Некои од тие вежби ќе ви помогнат да го подобрите видот, други ќе им помогнат на луѓето со уморни очи, замаглен вид и слично. Погледнете неколку едноставни вежби коишто можете да ги правите додека сте сместени удобно во вашиот дом или пак, кога сте на работа.rn
1. Затворете ги очите
rnЗа оваа вежба користете ги вашите прсти. Постапката е следнава:rn
rn011
Затворете ги очите
rn011
Поставете ги прстите врз очите
rn011
Притиснете нежно во време од две секунди
rn011
Повторете го ова од пет до десет пати
rn011
Откако ќе завршите со вежбата дозволете им на вашите очи повторно да се навикнат на светлината
rn
rnrn
2. Вртете ги очите
rnВртењето на очите е нешто што повеќето го прават кога се изнервирани, но ако го правите тоа правилно, можете да го подобрите вашиот вид.rn
rn011
Вртете ги очите во круг налево
rn011
Повторете го ова од пет до десет пати
rn011
Вртете ги очите во круг надесно
rn011
Повторете го ова од пет до десет пати
rn
rnrn
3. Погледнете настрана
rnПостојано се вртите налево или надесно, но сигурно повеќето пати ја вртите главата наместо само очите. Но, треба да знаете дека вртењето на очите на една страна може да биде одлична вежба за нив. Поточно, правете го следново:rn
rn011
Седнете или застанете во удобна положба
rn011
Погледнете на десно и држете го погледот од пет до десет секунди
rn011
Погледнете на лево и држете го погледот од пет до десет секунди
rn011
Погледнете во центарот една до две секунди
rn011
Повторете ја вежбата десет пати
rn
rnrn
4. Обидете се да гледате искривено
rnИако оваа вежба може да биде малку болна и прави на другите да им изгледате смешно, всушност со неа вие го подобрувате вашиот вид! Еве што да правите:rn
rn011
Изберете тенок предмет (на пример пенкало) на којшто ќе се фокусирате
rn011
Држете го пред вас со испружена рака
rn011
Доближувајте го полека до вашиот нос додека ги насочувате двете очи кон пенкалото
rn011
Откако ќе го доближите до носот, полека оддалечувајте го
rn011
Повторете го ова од пет до десет пати
rn
rnrn
5. Имитирајте израз на изненаденост
rnИзразот на изненаденост, односно широко отворените очи може да биде одличен кога е во прашање нивното здравје. Постапката за тоа е следнава:rn
rn011
Замижете со очите како да се обидувате да видите нешто подалеку
rn011
Држете го погледот така пет секунди
rn011
Отворете ги очите најшироко што можете
rn011
Држете ги отворени околу пет секунди
rn011
Повторете ја постапката десет пати
rn
rnrn
6. Затоплете ги очите со вашите раце
rnАко чувствувате дека сте изморени и тоа се одразува на вашиот вид, обидете се да им помогнете на вашите очи на следниов начин:rn
rn011
Тријте го долниот дел од вашите дланки за да се загреат
rn011
Ставете ги нежно на вашите очи
rn011
Држете ги пет секунди
rn011
Постапката повторете ја пет пати
rn
rnrn
7. Сменете го фокусот
rnДенес многумина работат на компјутер, а екраните може да бидат навистина штетни за видот. Ако ги чувствувате вашите очи уморни или пак сликата на екранот ви изгледа матно, тоа е знак дека треба да ја направите следнава вежба:rn
rn011
Погледнете подалеку од вашиот екран
rn011
Изберете објект на околу три метри подалеку од вас и друг објект осум до девет метри подалеку (само внимавајте да бидат во иста линија)
rn011
Ставете го палецот пред вас со испружена рака
rn011
Тргнете го палецот надолу и погледнете на објектот којшто е оддалечен три метри, а потоа префрлете се на другиот објект оддалечен осум или девет метри
rn011
Повторно префрлете се на објектот оддалечен три метри, па потоа повторно испружете ја раката и погледнете во палецот пред вас
rn011
Повторете ја оваа постапка пет до десет пати
rn
rnrn
8. Затворете ги очите вистински
rnДоколку вашата работа бара постојано гледање во екранот или пак ако не сте доволно наспиени, понекогаш најдобрата вежба за вашите очи е да ги држите затворени неколку минути. Дури и ако не сте во можност да заспиете, самиот чин на одмарање на очите ќе ви помогне да го подобрите нивното здравје. Потребно е да го направите следново:rn
rn011
Исклучете го мониторот и сместете се некаде каде што нема светла
Проблемите со видот се вообичаена појава и со нив се соочуваат сите генерации. Познато е дека тие доаѓаат и со годините, но освен природата и генетиката, влошувањето на видот се должи и на секојдневните навики како читањето и работата на компјутерот кои ги уморуваат очите. За среќа, постојат неколку трикови и вежби со кои можете да ја зачувате диоптријата и да го подобрите видот.rnrnrnrn1. Очите треба да ги одмарате од компјутерот и телевизорот околу 3 часа дневно, особено ако забележувате дека погледот ви се мати, а очите сѐ почесто ве болат.rnrn2. Кога ќе почувствувате умор во очите, затворете ги со прстите и нежно масирајте го капакот и делот околу нив.rnrn3. Кога ќе почувствувате умор од компјутерот, гледајте низ прозорецот 2 минути, а погледот упатете го во далечина.rnrn4. Кога ќе почувствувате умор и напнатост од напорната работа, пред спиење на затворени очи ставете млаки облоги од топла вода или чај од камилица.rnrn5.Кога и да можете, направете ги следниве вежби за очи кои докажано го поправаат видот и ги одмараат и зајакнуваат очните мускули. Со погледот следете го правецот на стрелките, полека и внимателно. За најдобар резултат, повторувајте ги вежбите 3-5 пати.rnrn
Џорџ Редхок не му дозволува на слепилото да го спречи да создава надреални гифови кои хипнотизираат. Тој започнал да го губи својот вид додека предавал медицина, но поради својата состојба морал да се откаже од оваа работа. Бидејќи тој страда од визуелни дисторзии создадени од неговиот ум кој се обидува да надополни за губењето на видот, решил да му покаже на светот како изгледаат нештата во неговите очи така што ја создал серијата „Светот низ моите очи“. Погледнете колку неверојатно изгледа светот во неговите очи…rnrn
Сигурно сите добро знаете дека доколку не користите одредени мускули подолго време, тие ќе станат послаби. На пример, доколку си ја повредите ногата и долго време седите во инвалидска количка, вие ќе почнете да ја губите мускулната маса на нозете. Истата приказна важи и за мускулите кои го опколуваат окото.rnrnrnrnДоколку носите очила и не правите вежби за очи, вашиот вид постепено ќе ослабува. Очните мускули, како и сите останати на телото, имаат потреба од активност. Па, доколку се придружувате до следниве неколку правила, брзо ќе забележите дека вашиот вид постепено ќе се подобрува…rnrn1.Избегнувајте силен притисок на очите и на секои 2 до 3 часа затворајте ги на неколку минути.rnrn2.Неопходно е секојдневно да правите „гимнастика“ за очи која е составена од следниве 16 вежби. Со очите пратете ги овие линии:rnrnrnrn3.Целосно откажете се од вашите очила.rnrn4.Правете секојдневни масажи на следниве точки од вашето лице. Со врвовите од средниот прст и показалецот, лесно притискајте ги очните јаболкници 8 пати. Правете го тоа така што масажата нема да ви предизвика непријатни чувства. Потоа, со врвовите од показалецот притиснете ги сите овие точки по 2 пати…rnrnrnrn5. Неопходно е за време на прошетките почесто да гледате во далечина.rnrn6.Секогаш пијте сок од моркови со неколку капки маслиново масло.rnrn7.Мијте ги очите со топла вода.rnrn8. Не гледајте во монитор 2 часа пред да легнете да спиете.rnrn9. Правете ја индиската вежба Тратака за подобрување на вашиот вид. Станува збор за еден вид медитација преку која го насочувате вашиот поглед кон една точка (мал објект, светло од свеќа или црна точка) со цел да го развиете фокусот, да го зајакнете видот и да го стимулирате „третото око“ кое се нарекува Тратака.rnrnВо првата фаза, фокусирајте се на еден симбол или објект и без престан гледајте во него. Додека го правите тоа обрнете внимание на сите ваши емоции и мисли, отпуштајќи ги полека со цел да го прочистите вашиот ум и да се насочите целосно кон симболот. Кога вашите очи ќе почнат да солзат, затворете ги и одморете. Целта на вежбата е да издржите што подолго пред тие да почнат да ви солзат. Во втората фаза треба да се фокусирате на светлината од свеќа. За повеќе информации, постојат неколку книги со детални упатства за овие вежби кои можете лесно да ги најдете онлајн.rnrn10. Избегнувајте тежок физички напор и стресrnrnОваа метода може да им помогне на многумина и не само за подобрување на видот туку и за целосно поправање на нарушениот вид. Не губете време и не занемарувајте го вашиот проблем. Почнете го процесот веднаш со цел што побрзо да ги видите резултатите.
Дали вашиот вид е добар или имате некаков проблем при гледањето? Со помош на овие неколку тестови вие би можеле брзо и едноставно да откриете дали имате какви било потенцијални проблеми со видот, како и дали гледате добро блиску и/или далеку. Подготвени сте?rnrnrn
Миопија
rnЗа да го направите овој тест успешно, мора да се поставите на соодветната оддалеченост од екранот…rn
rn011
2,20 метри за 20-инчен екран
rn011
1,50 метри за 17-инчен екран
rn011
1 метар за 15-инчен екран
rn011
75 сантиметри за 14-инчен екран
rn
rnПокријте го едното око со вашата рака, без да притискате врз капакот и почнете да ги набљудувате овие две нули и бои, а потоа сменете го другото око и направете го тестот одново. Како ви изгледаат тие? Дали ја гледате едната нула појасно или потемно отколку другата?rnrnrnrnВашиот вид е нарушен доколку ја видите нулата појасно или потемно во една од овие две бои. Генерално, ако ја гледате потемно и појасно во црвениот дел, вие најверојатно имате миопија или тенденција за миопија. Тоа значи дека вашето око не е способно да фокусира објект кој се наоѓа поделку од вас, но доколку тој објект е во близина, го гледате изострено.rnrnОд друга страна пак, ако ја гледате поцрно или појасно во зелениот дел, вие дефинитивно имате хиперопија. Тоа е спротивно на миопијата, односно можете да ги фокусирате објектите во далечина, но не и оние во ваша близина. Во секој случај, посетете офталмолог со цел да ви помогне да откриете дали навистина имате проблем или не.rn
Гледање на далеку
rnОвој тест може да се направи со или без очила. За да го направите најдобро, мора да се поставите на соодветната оддалеченост од мониторот.rn
rn011
2,20 метри за 20-инчен екран
rn011
1,50 метри за 17-инчен екран
rn011
1 метар за 15-инчен екран
rn011
75 сантиметри за 14-инчен екран
rn
rnПокријте го едното око со вашата рака, без притоа да притискате на капакот и обидете се да го прочитате следниот текст, буква по буква. Покријте го другото окото и повторете го тестот од почеток. Дали можете да ги видите сите букви со двете очи?rnrnrnrnДоколку успеавте да ги прочитате буквите и со десното и со левото око, вие најверојатно имате добра централна острина. Но, доколку не успеавте да ги прочитате сите букви, со едното или пак, со двете очи, тогаш потребно е да го посетите вашиот офталмолог.rn
Гледање од блиску
rnОвие проблеми во видот најчесто се појавуваат со годините и големи се шансите дека не ви е потребен тест за да откриете дали треба да носите очила. Но, доколку не сте забележале проблем додека читате, а сепак сакате да се проверите, тогаш погледнете го следниов тест.rnrnПоставете се на 30-40 сантиметри од екранот, покријте го едното око со дланката, без притоа да притиснете на капакот и обидете се да ги прочитате овие реченици. Откако ќе завршите, покријте го другото око и повторете го тестот.rnrnrnrnЦелта на овој краток тест е да го провери вашиот близок вид. Доколку имате потешкотии при читањето до крајот, тогаш би требало да се консултирате со офталмолог. Но, не грижете се, не е ништо страшно. Доколку имате над 40 години, тоа е веќе сосема нормално.rn
Астигматизам
rnОвој тест може да биде направен со или без очила. Поставете се отприлика на 1 метар од екранот и покријте го едното око со вашата рака, без да притискате на капакот и почнете да го набљудувате овој цртеж. Дали линиите ви делуваат исто или пак, некои од нив се поцрни, а некои побледи? Повторете го тестот и со другото око.rnrnrnrnДоколку некои линии ви делуваат посиво, а други поцрно, тогаш големи се шансите да имате астигматизам. Тоа значи дека постои оптички дефект поради кој вашиот вид е заматен. Поради овој дефект вашето око не е способно да се фокусира на објект и потоа да ја изостри неговата слика на ретината. Во секој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот офталмолог.rn
Далтонизам
rnОвој тест, познат и како Ишихара, најчесто се користи за да се откријат далтонистите (личности кои не се способни да ги разликуваат црвената, сината и зелената боја). Постојат неколку поделби помеѓу далтонистите, оние кои не ја гледаат црвената, протанопи, оние кои не ја гледаат зелената, деутранопи, и оние кои не гледаат ниту сина ниту жолта, тританопи.rnrnТританопите не можат да бидат идентификувани со овој тест, но можат лесно да бидат откриени со друг тест кој го имаат сите специјалисти за очи. Постојат и луѓе кои имаат целосно слепило за бои, па го гледаат светот во нијанси на сиво. Овие луѓе се верува дека страдаат од ахроматопсија.rnrnЗа да го направите тестот, поставете се на околу 1 метар оддалеченост од екранот. Што можете да видите во секој од овие кругови?rnrnrnrnДоколку не успеете да ги забележите броевите 8, 15 и 26 или пак, гледате други броеви, тогаш добро би било да го посетите вашиот офталмолог.
Овој тест е многу едноставен. Сè што треба да направите е во рок од 15 секунди да ги одбирате полињата кои имаат боја различна од останатите. Доколку направите грешка, од вашето време ќе бидат одземени 3 секунди.rnrnКликнете за да игратеrnrnРезултатите се групирани во 6 категории. Според бројот на поени, вашето разликување на боите може да биде како на лилјак (0-4), крт (5-9), куче (10-14), мачка (15-19), тигар (20-24) или сокол (25-29). Па ајде, решете го тестот и пишете ни колку добро ги препознавате боите.