Секој кој нормално ги распознава боите би се согласил дека крвта има отприлика иста боја како јагодите, одредени ружи и планетата Марс. Тоа значи дека сите тие се црвени. Но, дали е можно тоа што вие го нарекувате „црвено“ за некој друг да значи „сино“?
„Ова прашање сите ние го поставуваме уште од основно училиште,“ вели Џеј Нитс, научник од Универзитетот во Вашингтон. Во минатото многу научници би одговориле така што ќе објаснеле дека секоја личност со нормален вид би требало да гледа исто на боите. Тие сметале дека нашите мозоци имаат стандарден начин за процесирање на светлината низ клетките во нашите очи и дека перцепцијата на бојата на светлината е поврзана со универзални емоционални одговори. Но, неодамна, нивниот одговор се променил.
rn„Можам слободно да кажам дека неодамнешните експерименти нè натераа да ја земеме предвид идејата дека ние навистина не ги гледаме истите бои,“ вели Нитс. Џозеф Керол од Медицинскиот Колеџ во Висконсин го одвел ова размислување еден чекор понапред тврдејќи дека луѓето навистина не ги гледаат боите на ист начин.rnrnrnЦрвената боја за една личност, може да е сина боја за некој друг, или обратно. Вие можеби ја гледате крвта во боја која некој друг ја нарекува сина, додека пак вашето небо за некој друг е црвено. Но, сепак нашите индивидуални перцепции не влијаат на начинот на кој бојата на крвта или пак, на небото нè прави да се чувствуваме.rnrn Одредени истражувања покажале дека не постои предодредена перцепција припишана за секоја бранова должина на боите. Способноста да се разликуваат одредени бранови должини буквално се појавува од никаде. На пример, со додавањето на нов ген во експериментите со мајмуни, нивниот мозок едноставно почнува да ги разбира новите информации и ги претвора во одредена перцепција за бои кои нивниот мозок не е способен да ги распознава. Кога ние се раѓаме, нашиот мозок го прави истото. Нашите неврони не се конфигурирани да реагираат на боите на единствен начин, па поради тоа секој од нас развива уникатна перцепција на бојата. „Доживувањето на боите е приватно чувство,“ вели Керол.rnrnДруги истражувања сугерираат дека разликите во начинот на кој ние ги перцепираме боите не го менуваат универзалниот одговор кој ние го имаме на нив. Без разлика која боја ја гледаме кога го набљудуваме небото, таа е со пократка бранова должина (сината) која има смирувачко дејство врз нас, додека пак оние со подолги бранови должини (жолта, портокалова и црвена) нè прават да бидеме повеќе на „штрек“. Овие одговори, кои не се присутни само кај луѓето, се смета дека еволуирале како начин за одредување на дневниот и ноќниот циклус на сите живи нешта.rnrnПоради начинот на кој атмосферата ја распрскува сончевата светлина во текот на денот, сината светлина доминира за време на ноќта, како и во средината на денот кога сите живи нешта мируваат, за да ја избегнат темнината или силната УВ светлина. Додека пак, жолтата светлина доминира за време на изгрејсонцето и зајдисонцето, кога животот на Земјата е најактивен.rnrnСè уште не може со сигурност да се потврди дали навистина некои луѓе различно ги гледаат боите, но сепак интересно е да се замисли каков би бил светот доколку боите не се онакви на кои ние сме навикнати. Пробајте да замислите како би изгледало зајдисонцето доколку е сино, или пак чистото попладневно небо да е црвено? Би ви се допаѓал ли тој свет?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnСо неодамнешен огромен преглед на литературата, се заклучило дека во повеќето случаи жените се посензитивни и подобро ги разликуваат и категоризираат миризбите за разлика од мажите.rnrn
rnrnИстражувачите исто така им покажувале на испитаниците слики кои биле составени од светли и темни линии кои се разликувале во ширината и во боите за да изгледаат како да трепкаат, со коишто ја мереле нивната сензитивност за контраст. Во споредба со жените, мажите биле многу подобри во идентификување на боите од сликите кои побрзо се менувале и кои биле направени од потенки линии. Абрамов објаснил дека овие елементи на видот се поврзани со специфични делови од таламичните неврони во примарниот визуелен кортекс од мозокот. Развивањето на овие неврони е контролирано од машките хормони наречени андрогени кога ембрионот се развива во фетус.rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrnНо, не мора целосно да ги исклучите дигиталните уреди околу вас за да се заштитите од овој несакан ефект. Можете да ја прилагодите вашата средина за да им ги создадете најдобрите услови на вашите очи.rn
Ова дуо е неразделно веќе неколку години, но сега тие си бараат нов дом, бидејќи нивниот сопственик не можел повеќе да се грижи за нив. Тие, од месец јули, чекаат вдомување во центарот за згрижување на бездомни кучиња „Dogs Trust“ во Шрузбери, Англија. Замката за сите оние кои се заинтересирани за вдомување куче, е тоа што овие две германски доги доаѓаат во пакет.rn



rnrnНа нашите очи им се потребни посебни витамини и минерали за да функционираат нормално: витамините А, Ц и Е, како и минералите цинк и бакар.rnrnАнтиоксидансите, заедно со бета каротенот и лутеинот ги штитат очите од силните сончеви зраци. Се препорачуваат следниве продукти:
rnrnОвие лесни вежби практикувајте ги секое утро, пред спиење и секогаш кога ќе почувствувате дека очите ви се уморни.rn
rnrnНадворешните фактори најмногу влијаат на оштетување на видот. Еве што влијае негативно на вашите очи: флуоресцентни светла, зрачењето од монитор, хлорот во базените, читање во затемнето светло и постојано триење на очите со рацете.rn
rnrn
rnrnСпанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен пријател на мажите. Спанаќот е билдер на бицепсите и е богат со омега 3 и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, срцев удар и остеопороза. Бонус: фолната киселина, исто така, го зголемува протокот на крв во пенисот. Лутеинот кој се содржи во спанаќот, се бори против старечкото слепило. Дневната препорачлива доза на свеж спанаќ е 200 г.rnrn
rnrnМногу различни култури тврдат дека тие го измислиле јогуртот, но здравите придобивки од 2000-годишниот пијалак не се тема на расправа. Ферментацијата размножува стотици милиони пробиотски организми, кои служат како засилување на корисните бактерии во вашето тело, го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против заболување од рак. Не е секој јогурт органски пробиотски, па затоа осигурајте се дека на амбалажата пишува „живи и активни бактериски култури“. Препорачливо е секојдневно да внесувате по една чаша јогурт богат со калциум и протеини.rnrn
Има две работи кои треба да ги знаете за доматите. Прво, црвените се најдобри бидејќи изобилуваат со ликопен (јак антиоксиданс од групата каротеноиди) кој многу поволно делува на работата на срцето. Второ, обработените домати се исто толку моќни како и свежите, бидејќи преку нивното консумирање му е полесно на организмот да го апсорбира ликопенот. Истражувањата покажале дека диетата богата со ликопен може да го намали ризикот од рак на бешика, бели дробови, простата, кожа и стомак, а го намалува и ризикот од појава на коронарна артериска болест (болест на срцето поради затнување на артерии). Препорачливо е секој ден да консумирате по 2 домати или една чаша џус од домати.
Повеќето црвени, жолти и портокалови зеленчуци и овошја се богати со каротеноиди – соединенија растворливи во масти, кои помагаат во борбата против заболување од разни видови рак, а го намалуваат ризикот и сериозноста на воспалителните состојби, како што се астмата и ревматоиден артритис. Препорачлива дневна доза на морков е 100 грама.
rnrnВо однос на другите овошја, боровинките содржат најмногу антиоксиданси и помагаат во спречување на заболувањето од рак, дијабетес и губење на помнењето со текот на стареењето. Истражувањата покажале дека боровинките, кои се богати со растителни влакна и витамини А и Ц, го подобруваат кардиоваскуларното здравје. Препорачливо е дневно да се консумираат околу 250 грама свежи боровинки.rnrn
rnrnСекоја врста грав е добра за здравјето, но ниту една не може да ја покрене моќноста на мозокот како црниот грав. Тоа е така, бидејќи зрната се полни со антоцијани, антиоксидантни соединенија кои покажале дека ги подобруваат функциите на мозокот. Препорачлива дневна доза за консумирање е 125 грама, со која ќе внесете 8 грама протеини и 7,5 грама растителни влакна. Исто така црното гравче е ниско калорично и не содржи заситени масти.rnrn
rnrnПобогати се со омега 3 (кој е добар за срцето) дури и од лососот, имаат повеќе анти-воспалителни полифеноли од црвеното вино и содржат половина од протеините кои ги има во пилешкото место. Повеќето јаткасти плодови, содржат една или две од овие карактеристики, но ниедна не ги содржи сите 3 како оревите. Препорачливо е да се јаде порција од 30 грама во кое било време, особено после вежбање.rnrn
rnrnЕден од главните пропагатори на здравата храна содржи растворливи влакна кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Овесот е полн со јаглехидрати, но ослободувањето на шеќерите е забавено токму од растворливите влакна. Во порција од 100 грама, овесот содржи 10 грама протеини, што го прави одлична храна за енергија при вежбање.rnrn